You are on page 1of 6

Хемијата како

природна наука
изработила Тилија Тодоровиќ
Што е хемија?

 Хемијата е природна наука, која ги изучува составот, својствата и градбата на


супстанците. Таа ги изучува промените што настануваат со супстанците,
како и законитостите по кои се вршат тие промени.
Хемијата како природна наука

 Хемијата е природна наука.


 Секоја од природните науки е самостојна наука и секоја има свое подрачје,
предмет и содржина на изучување на природата. Но сепак, сите тие се тесно
поврзани меѓу себе, имаат многу допирни точки, се дополнуваат и нема меѓу
нив изразити граници.
 Хемијата, заедно со биологијата и физиката, спаѓа во фундаменталните,
базичните, природни науки. Достигнувањата и законитостите на овие науки
претставуваат појдовност во изучувањето и примената на другите природни
науки.
Експерименталниот карактер на
хемијата
 Набљудувањето во хемијата е поинакво од секојдневното незаинтересирано
гледање на нештата. Кога во хемијата се зборува за набљудување се мисли на
планирана активност која има за цел да се согледаат својствата на
супстанците или да се регистрираат промените што настануваат во
изучуваниот систем и сето тоа да се забележи за да може подоцна да се
анализира. И својствата и промените се набљудуваат или онакви какви што
се самите по себе или во системите свесно се предизвикуваат промени и се
набљудува што се случува кога ќе се изменат условите (температура,
притисок и слично) или кога намерно ќе се предизвикаат хемиски промени.
Експерименталниот карактер на
хемијата
 Ако се постапува на вториот начин, зборуваме за изведување на
експеримент, односно експерименти.
 Од друга страна, мерењето е исто така експериментално по својот карактер.
Така, и набљудувањето и мерењето во хемијата се експериментални
активности.
 Мерењето и дава на хемијата егзактен (точен) карактер. Без мерење, се би
било замаглено и приближно, но тогаш хемијата не би била вистинска наука.
 Запомни, хемијата е експериментална и егзактна наука!
Примена на хемијата

 Достигнувањата на хемијата стануваат основа за многу други научни


области, како: медицината, фармацијата, воената индустрија, агрономијата,
енергетиката, индустриското производство на голем број синтетички
производи (синтетички горива, синтетички каучук, пластични маси,
вештачки влакна, бои итн.).
 Хемијата станува неопходна за животот и работата на современиот човек.

You might also like