You are on page 1of 7

Коацерватна теорија

Коацерватна теорија
• Коацерватната теорија е една од најпознатите теории за
настанување на живите организми.

• Автор на коацерватната теорија е рускит биохемичар


Александар Иванович Опарин.

• Според оваа теорија првите живи организми настанале во


праокеанот од првобитните капки од органска материја, кои
биле наречени коацервати.
• Според Опарин белковинските соединенија формирале
колоидни раствори, а од тие раствори се формирале
коацерватните капки.
Особини на коацерватни капки
1 Коацерватните капки се одликувале со следниве особини:
• Имале свој хемиски состав
• Покажувале постојаност во средината (во водата)
• Од првобитни затворени системи преминале во отворени системи-
можеле од околниот раствор селективно да примаат различни
соединенија и со нив да стапуваат во реакции
• Стапувале во реакции
• Синтетизирале ензими
• Имале моќ за апсорција (впивање) на материи од средината и моќ за
лачење
• Претставувале динамични системи
• Можеле да растат, во поволни услови
• Можеле да се делат на две идентични капки
Што претставуваат коацерватните капки?

• Коацерватните капки претставуваат преодни органски


системи од прости органски системи до мошне сложени
првобитни живи организми.
• Особини кои се заеднички меѓу живите организми и
коацерватните капки се:
- Способноста за растење и
- Размена на материи со надворешната средина
• Во формирањето на коацерватите важна улога имало
природното одбирање.
Кога коацерватните капки преминале во живи
системи?
• Коацерватите преминале во првобитни живи системи кога
се здобиле со моќ за саморепродукција, односно развиле
наследен механизам.
• Процес на здобивање на својство на размножување,
наследување и променливост е најважно за живите
организми.
• Овој процес се смета дека траел доста долго , околу 3,5
милиони години.
1 Која е најпознатата теорија за настанување на живите
организми?
2 Кој е автор на коацерватната теорија?
3 Според коацерватната теорија како биле наречени првите
капки на органска материја?
4 Од што се создале првите живи организми според
коацерватната теорија?
5 Кои се особини на коацерватните капки?
6 Што претставуваат коацерватните капки?
7 Кои се заеднички особини на коацерватите и живите
организми?
8 Кога коацерватите преминале во првобитни живи системи?

You might also like