You are on page 1of 5

Наставен предмет: Биологија

1 година гимназиско образование, класови-1-2,3,4


Наставна тема 4: Еволуција
Професор: Емилија К.Тасева
Наставна единица: Настанување на Земјата и Коацерватна теорија
Цели на часот:
• Да ги објаснувате процесите и фазите низ кои поминала Земјата.
• Да објаснувате какви биле првичните услови на Земјата.
• Да ја објаснувате Коацерватната теорија.
Како настанала Земјата?

Научницте сметаат дека Земјата настанала заедно со другите


планети на Сончевиот систем пред 5-7 милијарди години.

Земјата првобитно била мало небесно тело, кое се зголемувало со


концентрација на новите честички на првобитната небула.

Овие честички се судирале, поради што Земјата станала вжештена маса.


Подоцна Земјата почнала да се лади и потешките материи се наталожиле и
го формирале Земјиното јадро,
а полесните материи се задржале
на површината и ја создале
Земјината кора.
Првобитната атмосфера на Земјата
била составена од метан, азот, водена
пареа, водород и сулфур водород.

Ултравиолетовите зраци лесно


допирале до Земјата затоа што немало
кислород и озонска обвивка.

Ултравиолетовите зраци, електричните


празнења и радиоактивните зрачења
овозможиле да настанат различни
органски соединенија.

Земјината кора почнала да се лади,


водената пареа кондензирала и
паѓала во вид на врнежи кои ја
формирале првобитната
хидросфера.
Коацерватна теорија

Настанувањето на живите организми се објаснува со


Коацерватната теорија, која ја застапувал рускиот научник
Александар Опарин (02.03.1894- 21.04.1980).

Во својата теорија тој објаснува дека првите организми настанале од


коацерват, а коацерват се капки кои настанале од сложени органски и
неогански материи. н
Опарин тргнал од фактот дека белковинските
соединенија можат да формираат колоидни
раствори во вид на густи капки. Овие капки се
наречени коацерватни капки. Од првобитните
капки се развиле коацерватни капки со
особинини на отворен систем.
Тие можеле од околниот раствор селективно да
примаат различни соединенија и да стапуваат
во различни реакции со истите.
Подоцна во коацерватните капки навлегле соединенија кои
имале катализаторски својства. Еволуцијата на катализаторите се
одвивала во насока на синтеза на посложени белковини-ензими.
На овој начин коацерватните капки станале динамичен систем.

Коацерватните капки синтетизирале поголемо количество на материја


и почнале да се зголемуваат и да растат. Капките нараснувале толку многу, при
што се делеле на две идентични капки.

Коацерватите се уште не биле живи суштества. Тие само имале некои особини
на живи суштества како што се способноста за растење и за размена на
материите со надворешната средина.

Развојот на коацерватните капки во насока на нивно преобразување во


првобитни живи суштества се уште не е докажан.

Коацерватните капки претставуваат преодни органски системи, од прости


органски системи до првобитни живи организми.

You might also like