You are on page 1of 14

ВАРЕЊЕ НА

ХРАНАТА
Изработила: Валентина Маневска II9
Ментор: Славица Караникиќ
Дигестивен систем
• Дигестивен систем е системот за варење на
храната.
Тој се состои од:
Дигестивен тракт. Тоа се органите низ кои
поминува храната. 
Дополнителни органи. Тоа се жлезди кои
лачат сокови што го помагаат варењето на
храната.
Дигестија е процес на Абсорпција е процес на
варење,дробење,разло впивање на хранливите
жување на храната материи
Во дигестивниот систем за варење на
храната се обавуваат три основни функции:
• Mеханичка обработка на храната представува ситнење
на храната на поситни делови. Во ѕидовите на
дигестивниот систем се сместени мискулни влакна кои
со нивна контракција предизвикуваат брановидни
движења.
• Хемиска обработка на храната представува
разградување на храната на помали молекули со
помош на супстанци наречени ензими.
• Ресорпција - откако храната ќе се дигестира- разложи
на најпрости молекули, истата се ресорбира- преминува
од ѕидот на дигестивниот тракт во крвта.
​Патот кој го минува храната низ
нашиот организам е следниот:
Усна празнина
• Во усната празнина се случува  механичка обработка на храната со
помош на забите и хемиска обработка на храната со плунката.
• Забите секачи ја раскинуваат храната, а исто така и кучешките заби ја
имаат истата улога. Предкатниците и катниците пак ја гмечат (дробат)
храната на уште поситни делови. Со плунката се навлажнува, а јазикот
учествува во мешање.
• Плунката која се излачува во усната празнина има улога и во дигестија на
храната така што хемиски ги разложува шеќерите на попрост шеќер
глукоза кој може да се ресорбира во крвта.
Голтка и хранопроводот
• Изџваканата храна од усната
празнина јазикот ја турка кон
голтката и така ја
пренесуваме храната на
хранопроводот, а
храноповодот ја пренесува
храната до желудникот.
Желудник
• Желудникот е мускулест орган сместен во левиот дел од
стомачната празнина. Тој со своите три вида на мускули кои се
контрахираат врши гмечење и мешање на храната. Со оваа
механичка обработка храната е дополнително исистнета. Во
желудникот се извршува и хемиска обработка на храната со
помош на желудечната киселина која содржи хлороводородна
киселина и пепсин. Хлороводородната киселина го разградува
сврзното ткиво во месото што го јадеме, а пепсинот ги
разградува протеините.
​Во желудникот се врши и ресорпција на алкохолот и отровите
во крвта.
Тенкото црево
• Претходно сварената храна од желудникот
преку тенкото црево се ресорбира во крвта
преку која се носи до сите органи во телото.
Нив хранливите материи им се потребни,
бидејќи од нив се создава енергија со помош
на која функционираат. Во почетниот дел од
тенкото црево односно во дванаесетпалечното
црево своите сокови ги излачуваат црниот
дроб и панкреасот. Тенкото црево има голем
број прстовидни продолжетоци кои ја
зголемуваат внатрешната површина на тенкото
црево. Овие цревни ресички вршат ресороција
на хранливите материи кои од тука одат во
крвта.
Дебело црево
• Дебелото црево е мускулно лигавичен цевчест орган и
претставува завршен дел од системот за варење.
Започнувајќи од десната бедрена јама дебелото црево
формира рамка околу витките од тенкото црево. На дебелото
црево се разликуваат три дела: слепо црево, сито црево и
право црево. Дебелото црево врши ресорпција на вода и
минерални соли. Исто така дебелото црево ја исфрла
несварената храна преку правото црево, т.е. преку аналниот
отвор во вид на измет.
Дополнителни органи во Дигестивниот
систем се жлездите: црн дроб и панкреас.
​Тие се помошни органи кои излачуваат
сокови со кои го помагаат варењето на
храната.
Црн дроб
• Црниот дроб во жолчно ќесе ја создава жолчката за варење
на мастите, помага во одржувањето на нивото на шеќерот
во крвта, создава крвни белковини, го помага
згрутчувањето на крвта, го контролира создавањето и
размножувањето на крвните зрнца, ги складира
витамините, ги отстранува отровите, ја складира
енергијата, создава топлина и уништува микроорганизми
во системот за варење. Исто така претходно ресорбираните
отрови и алкохол од желудникот одат во црниот дроб икој
ги преработува и неутрализира па поради тоа се нарекува
мала лабараторија во нашиот организам.
Панкреас
Панкреасот е жлезда која има две функции. Таа
лачи хормон инсулин кој го разградува шеќерот
во крвта и лачи панкреасен сок кој содржи:
амилаза, липаза и трипсин.
• амилазата ги разложува шеќерите на глукоза
• липазата ги разложува мастите на глицерол и
масни киселини
• трипсинот ги разложува протеините на
аминокиселини.
Совети за подобро варење на храната
• Не пијте течности на секоја голтка
• Бавно џвакајте
• Јадете порано, не пред спиење
• Не го прескокнувај појадокот
• Не јадете кога сте под стрес
• Јадете повеќе ферментирана храна
• Зачинувајте ја салатата со јаболкова киселина
• Пијте чај од нане
• Внесувајте пробиотици
• Внесувајте ензими за варење

You might also like