You are on page 1of 2

Физиологија на системот за варење

Варење или дигестија претставува сложен физиолошки процес, каде што хранливите материи, под
влијание на физичката и хемиската обработка се претвораат во форми погодни за ресорпција и
транспорт преку крвта и лимфата. Механичка преработка на храната се состои во ситнењето,
влажнењето, мешањето и растворање на нејзините состојки. Хемиска преработка се состои од
сложен низ последователни процеси, до разложување на сложените молекули на јаглехидратите,
мастите и протеините до попрости хемиски соединенија погодни за ресорпција и транспорт преку
крвта и лимфата.

Дигестивни ферменти

Јагленихидраттите се распаѓаат на моносахариди,протини,аминокиселини,а мастите на глицерол


и масни киселини.Ваквото лесно разградување на хранливите материи се должи на присуството
на специфични материи во дигестивни сокови,наречени ферменти.Ферментите претставуваат
протеински материи со специфична улога.Ферментите од дигестивниот тракт се делат на три
групи.Едната група од ферментите учествува во разградба на јагленихидратите (амилази),втората
учествува во разградбата на протеините-(протеази).а третата на мастите-(липази).

Варење во усната празнина

Најголем дел од плунката отпаѓа на вода (98-5,99 %).Остатокот го сочинуваат органските и


неорганските материи.Неорганските материи се состојат од солите на натриум,калиум,калциум и
др.Во плунката се наоѓа протеинска,лесно леплива материја-муцин.Улогата на муцинот е
голема.Во процесот на џвакањето храната се натопува со плунка и се формира залак
(болус).Површината на залакот се обложува со плунка,а присуството на муцинот во залакот му
овозможува лесно лизгање низ голтникот и хранопроводот.Плунковите жлезди лачат фермент
амилаза.Во присуство на овој фермент скробот (амилум) се разглага до дисахаридот малтоза.Во
усната празнина се разградува само 5 % од внесениот скроб.Плунковите жлезди лачат околу 1-1,5
литри плунка.Лачењето на плунката се остварува по рефлексен пат.Присуството на храна во усната
празнина ја дразни лигавицата и по пат на безусловен рефлекс доведува до лач ење на
плунката.Лачењето на плунка остварува и по пат на условен рефлекс.

Голтање

Голтањето е сложен физиолошки акт и може да се подели на следниве три фази


букална,фарингеална и езофагеална.Оралната (букалната) фаза е волева (под контрола на нашата
волја ) и неа можеме свесно да ја контролираме,додека фарингеалната и езофагеалната се
рефлексни.
Варење во желудникот

Желудникот претставува дел од дигестивниот тракт сместен меѓу хранопроводот и тенкото црево.
Тој служи како резервоар за храна, а во исто време и како место каде што храната се меша со
желудочниот сокВо желудникот се врши и разложување на некои хранливи материи под дејство
на ензими. Храната во желудникот се задржува 4-10 часа.Желудечен сок. Жлездите на
желудочната лигавица дневно лачат околу 1 - 1,5 литри сок.Желудочен сок е бистра, безбојна
течност со силно кисел вкус. Главните состојки на желудочниот сок се: вода, минерални материи,
хлороводородна киселина, ферменти и муцин.Таа има повеќе улоги,а една од најважните е
зодавањето на кисела средина ( 1-1.5).Создавањето на кисела средина во желудникот е нужно за
оптимално дејствување на желудочните ферменти.Во присуство на хлороводородната к-на
протеините набабруваат.Исто така во присуство на хлороводородната к-на.-бактериско
дејствување.Желудочниот сок содрќи три ферменти : пепсин,лабфермент (химозин) и липаза.

Цефаличната фаза претставува сложена,рефлексна фазањ на секреторната активност на


желудникот.Оваа фаза е безусловна,па оттаму говориме за безусловен реглекс на лачење на
желудочниот сок.

Желудочна или хемиска фаза.Со навлегување на храната во желудникот,таа по пат на


механичкото дразнење на желудочната лигавица ја засилува нејзината секреција.Освен тоа некои
материи од храната или продукти на нејзиното разградување,дејствуваат врз лигавицата на
желудникот што доведува до продукција и ослободување на хормонт гастрин.

Цревна фаза.Храната и продуктите од нејзиното варење,навлегуваат во тенкото црево и влијаат


врз лачењето на желудочниот сок,било по нервен или хуморален пат.

Составот и количеството на излачениот желудочен сок зависи од видот на храната и од режимот


на исхраната.При јадење месо се лачи најголема количина на желудочен сок.Лачењето на сокот
зависи од видот на храната,па затоа времетраењто е различно.По внесување на месото,сокот ќе
се лачи во времетраење од 7 часа,за лебот 10 часа и за млекото 6 часа.

You might also like