You are on page 1of 2

НАИЗМЕНИЧНА СТРУЈА

Струјата која во текот на времето периодично ги менува своите вредности ( насока и големина ), и тоа најчесто по
синусен закон се вика наизменична струја.
Појавата елекромагнетна индукција наоѓа најголема примена при генерирањето на наизменичната струја.
Генератори за наизменична струја се уреди во кои настанува претворање на механичката енергија во електрична.
Генераторот е составен од : индуктор ( статор ),подвижна рамка (ротор) и контактен дел со комплет на четкици
Ако во формулата за флукс Ф=BScosα за аголот ја замениме формулата α=ωt каде ω-е аголна брзина на
рамката, тогаш се добива Ф=BScosωt.
Од законот за електромагнетна индукција следува : ќе се индуцира електромоторна сила која е еднаква на : εi=-
ΔФ/Δt
Бидејќи рамката се движи по кружница со дијаметар d , линиската брзина ќе биде: V= ωR= ωd/2
Теоретски е покажано дека индуцираната електромоторна сила е : εi=BLVsinα за еден проводник со должина L
За двата проводници вкупната индуцирана струја ќе биде: εi=2BL( ωd/2) sinα εi=BLωdsinα бидејќи dL=S
εi=BSωsinα BSω= εmax ( амплитудна вредност)
𝞪=ωt

Струјно коло со омскиот отпор


Далноводите користат висок напон за пренос на електричната енергија
Ефективна вредност на наизменичната струја е вредноста на онаа постојана струја која за исто време низ исто
коло ослободува исто количество топлина како и наизменичната струја.
Инструментите ги покажуваат ефективните вредности на наизменичната струја.
Ефективен напон и ефективна вредност на јачината на струјата

При течење на наизменичната струја низ чисто омски отпор ,целата електрична енергија се претвара во
топлотна енергија која се пресметува како:

ПОВРЗУВАЊЕ ПОТРОШУВАЧИ ВО ЕЛЕКТРИЧНО КОЛО СО НАИЗМЕНИЧНА СТРИЈА

1.Поврзување потрошувач со омоски отпор


Поромените на е.м.с. на изворот, напонот на краевите на потрошувачот и јачината на струјата што тече низ
потрошувачот, се дадени со изразите

Заклучок: Кога во колото е вклучен омски отпор, проментите на јачината на струјата и напонот се во фаза.
Векторско претсавување на јачината на стријата и напонот
2.Поврзување на потрошувач со индуктиван отпор
Индуктивен отпор е отпор што се јавува онаму кадешто постои индуктивитет.

Векторски дијаграм на напоните


Вкупниот напон може да се добие како збир од векторите на омскиот и индуктивниот напон.

Графичкиот приказ на промената на омскиот и индуктивниот приказ и јачината на струјата со времето покажува
дека индуктивниот напон им предходи на и на омскиот напон и на јазината на струјата.

3. Поврзување потрошувач со капацитивен отпор

You might also like