You are on page 1of 2

МАКЕДОНИЈА ВО XIII ВЕК

1.Македонија пред осамостојувањето на одредени феудалци

Кон крајот на 12 ти век,византиската власт на Балканот ослабнала.норманите од кралството на


Сицилија во 1185 год со бродови се упатиле кон Драч и Солун.По освојувањето на Драч,ги освоиле
Охрид,Лерин и Воден и стигнале пред Солун,каде по едномесечна опсада од копно и море,го
освоиле градот.Потоа продолжиле кон источна Македонија и Цариград,нововизантиската војска
на чело со царот Исак 2 Ангел ги запрела и поразила кај местото Димитрица во ноември 1185.По
протерувањето на Норманите,Византија војувала и со Србите и Бугарите,кои ја отфрлиле
византиската власт.Во 1204 во Крстоносните војни(4та ) крстоносците ограбуваат низа од
Македонија.Во 1204-1224,го создале Латинското царство со седиште во Солун на чело со
Бонафацие Монфератски, а во 1204,центар на Латинското царство станал Цариград.

2.Добромир Хрс

Имало обиди за осамостојување на одредени феудалци на Македонија заради слабеење на


Византија.Најбогат феудалец во Македонија бил Добромир Хрс од Струмица.Во 1185 дошло до
осамостојување на струмица со помош на 500 војници.Византија била зафатена со војување со
крстоносците од 3 Крстоносен поход.Така дошло до отфрлање на византиската власти до
префрлање на седиштето во старата тврдина Просек.

Во 1190/1191,Исак 2 Ангел,Византиски владетел,ги победил Србите и Бугарите, а Хрс попатно бил


заробен.Во 1195-1203,новиот византиски владетел Алексиј 3 Ангел,го ослободил и го поставил за
управник во Струмица.Во 1199 неуспех за завземање на неговата територија од византиската
војска.Дошло до династички брак со една византиска принцеза,ќерка на Мануил Камица,така го
освоиле Прилеп и Битола со помош на Камица.Во 1202 нов брак со внуката на Алексиј 3 Ангел.По
1202 му се губи секаква трага.

3.Македонското кнежевство на Стрез(1207-1214)

Во 1204,по освојувањето на Цариград одкрстоносците,Бугарскиот цар Калојан освоил голем дел


од Македонија.Латините со центар во Солун го создале солунското кралство.Во 1207,по смртта на
бугарскиот цар Калојан,Бугарија била зафатена со борби за престолот,така се појавила можност за
осамостојување на Стрез во Просек.Во 1207 со помош на српскиот крал Стефан Првовенчани,Стрез
се осамостојува во Просек.Напади на Солунското кралство заедно со Стефан Првовенчани.Во 1211
има почеток на превртливата политика на Стрез,така тој го напуштил сојузот со Србија.Нов сојуз со
Епирскиот деспот Михаил 1 ангел против Солунското кралство.Во 1214 сојуз со Латините,Бугарите
и Епирците против претходниот сојузник Србија.Преговори со Сава Немања.Во 1214 заговор и
убиство на Стрез од Србите.

Во составот на независното владеење на Стрез влегувале териториите од Скопје и Бер на југ, а на


исток териториите до планините Огражден и Беласица.
4.Кнежевството на Алексеј Слав во Мелник(1207-1229)

Во источниот дел на Македонија,во Родопската област по средниот тек на реката Струма,Алексиј


Слав,македонски благородник,создал свое кнежевство,со центар во тврдината Цепена,а потоа во
Мелник.Тој најчесто војувал со Бугарите и за да се одбрани од нив склучил сојуз со латинскиот цар
Хенрих и се оженил со неговата ќерка.По смртта на Хенрих,Алексиј Слав го отфрлил вазалството
од Хенрих и почнал да владее повторно како самостоен кнез.Подоцна дошол во судир со
Епирското деспотство и со Солунското царство.Последен пат е спомнат во 1229 год.

You might also like