You are on page 1of 1

УМЕРЕНОСТ

1. Етички школи
• многу етичари инсистираат луѓето да бидат воздржани во своите дејствувања, да
бидат скромни и умерени во барањата, да ги контролират своите нагони
• една од најпознатите етички школи стоичката, чии идеи се актуелни повеќе од
2000 години, учи дека луѓето треба да ги смират страстите, да ги намалат своите
потреби и да владеат со совието однесување. Тогаш ќе достигнат најдобра состојба
на душата и на телото и може да се сметаат за мудреци
• киниците сметале дека луѓето треба да си ги намалат потребите на најмала можна
мера. Најпрочуениот од нив Диоген живеел во буре, а чашата си ја скршил како
непотребен луксуз кога видел дете како со рака пие вода од извор
• филозофот Фридрих Ниче ја критикувал тенденцијата кон скромност како притисок
врз луѓето да не ги развиваат своите сили. Тој ги обвинувал учителите на
воздржаноста што од човекот, кој има многу потенцијали, бараат да не ги
манифестира своите нагони и да ги ограничува желбите
• најголемиот филозоф Аристотел во најпознатата етичка книга во историјата
„Никомахова етика“ покажува дека луѓето природно се стремат кон среќа. За да ја
постигнат треба да постапуваат правилно, а тоа значи да ги следат добродетелите.
Тие добри вредности и постапки се средина меѓу крајностите. Најдобра е мерата
2. Умереноста во моралот
 умереноста е раширена во моралот
 денес е доблест да се биде умерен

You might also like