You are on page 1of 9

ХЕЛЕНИСТИЧКА ЕПОХА

Од смртта на Александар/Аристотел во 322/321 пред н.е. до 323 од н.е. кога Константин


ја преместил престолнината во Византион-Цариград / 529 од н.е. кога Јустинијан ја укинал
атинската Академија.

Ника (божица на победата) Лаокоон и неговите синови


од Самотракија

Во хеленистичката епоха се живее со раширени врски меѓу народите; се развиваат


занаетчиството, рударството, земјоделството, сообраќајот и трговијата; се менуваат стилот
и културните вредности, сé повеќе има влијание и ориенталната раскошност и уметност;
се машаат расите и во светската историја настапуваат нови народи; се развиваат општото
образование и писменоста; се создаваат библиотеки и се основаат и се развиваат нови
научни центри и школи.
Хеленистичката епоха е слична на современата епоха на раздвиженост на луѓето, на нови
сознанија, техники и технологии, на општа поврзаност меѓу народите и на широчината на
масовната култура.
На север од Грција се раѓало Македонското Царство кое ќе биде најсилен политички
фактор сé до уништувањето од страна на Римјаните во 148 година пред н.е. Филип
Македонски е еден од најзначајните владетели на сите времиња, а неговиот син
Александар е најпознатиот светски војсководец, освојувач и млад цар. Александар
Македонски ги зазел сите познати краишта во Европа, Азија и во Северна Африка, сé до
Индија.

Македонското царство во својот врв

Битката кај Ис

Александар бил исклучителна личност. Бил научно образован од Аристотел и соработувал


со Ликејот во набавувањето вредни научни материјали од целиот свет, го освоил Египет и
се запознал со нивните древни учења, а за себе верувал дека е син на врвното египетско
божество Озирис. Го победил и го зазел престолот на шахот на Персија. Стигнал до
Индија каде разговарал со индиските мудреци – јогини. Свој центар воспоставил во
Вавилон каде се зборувале сите јазици во светот. Александар почнал да се облекува како
човек од Исток, заповедал свадба меѓу 10.000 Македонци и Персијки и насекаде
подигнувал нови градови, меѓу кои и Александрија која ќе стане еден од најважните
центри во стариот свет ( овој град ќе остане главен град на македонската династија
Птоломеј сé до смртта на последната негова наследничка Клеопатра во 30 година пред
н.е.)
Меѓу филозофските школи на хеленистичката епоха се истакнувале
Платоновата Академија, Перипатетичката школа и школите на Скептиците,
Епикурејците и Стоиците.
Во првите две школи се филозофирало во духот на нивните основачи, Платон
и Аристотел соодветно. Основно било да се чуваат и препишуваат нивните
дела, да се коментираат и толкуваат.
Во другите школи – скептичката, епикурејската и стоичката оригиналноста
се заменува со заемки од еден или повеќе поранешни оригинални творци.
Како цел на филозофијата се појавува желбата да се стане мудрец.
СКЕПТИЦИЗАМ

Основач на скептичката филозофија е Пирон (360 – 270) од Елида. Тој не


пишувал, туку само усно предавал.
Пирон тврдел дека ние не можеме да ги осознаеме нештата и затоа треба да
се воздржиме од искажување на било каков суд, зашто во него ништо не е
вистинито.

Пирон учел дека ништо не е ниту убаво ниту грдо, ниту справедливо ниту
несправедливо. Исто е точно дека ништо не е вистинито, како и тоа дека
луѓето постапуваат само врз основа на претпоставка и навика, бидејќи
ништо нема повеќе право да биде вакво отколку поинакво.

Д. Лаерќанецот: Животот и мислењата на истакнатите филозофи, кн. 9

Затоа треба да се воздржиме од теоретска активност и да се ограничиме само


на животното дејстување. Така нема да се разочараме. А тоа е потребно,
според Пирон, за да станеме мудреци, односно кон сé да останеме
рамнодушни, што ќе ни донесе внатрешно спокојство, духовна
невозбуденост (атараксија).
Негов ученик е Тимон (325 – 235). Тој пишувал против догматските
филозофи и докажувал дека само Пироновата филозофија е точна.

Тимон учел дека оној кој ја бара среќата мора да внимава на три прашања:
Какви се нештата? Како треба да се однесуваме кон нив? Што произлегува од
нашите постапки?
Нештата не можат да Нашите мислења не се ниту вистинити Треба да се воздржиме
од искажување
се сознаат и вистински ниту лажни, и не треба да им на судови со што ќе
заработиме
да се оценат. се верува. атараксија –
внатрешно спокојство,
душевна непоматеност,
рамнодушност.
Покрај во Пироновата школа, скепса постоела и
во Платоновата Академија во која се познати Аркесилај (кој бил управник
од 265 – 240) и Карнеад (213 – 129) од Кирена во Африка.

Аркесилај – Нема вистина која трајно останува таква и треба да се


воздржуваме од донесување свој суд. Правилно е она дејство кое по
неговото извршување може да се одбрани со добри причини.

Карнеад бил најпознат скептик во Академијата; го нарекуваат основач на


Новата Академија. Бил многу образован и вешт беседник, со многу ученици.
Во 156 година Атињаните го пратиле во Рим на дипломатска мисија. Таму
отворил школа каде Римјаните за прв пат се запознале со филозофијата.
Според Карнеад, нас сé нé мами, и разумот и сетилата. Лажните претстави не
можат да се разликуваат од вистинските и нема мерило на вистината.
Бидејќи нема сигурно сознание, останува само веројатноста. Правдината е
само релативна, бидејќи неа ја поставуваат луѓето според своите интереси.
Исто така, нема апсолутно добро и апсолутно зло и.т.н.
Од покасните скептичари познат е Енесидем од Кносос на Крит ( живеел во
почетокот на новата ера ), и лекарот Секс-Емпирик ( крај на 2 век од н.е.).

Енесидем дава критика на сетилното познание во духот


на Пироновата филозофија во своите 10 тропи (начини на засновување на
сомневањето):
1. Различни се живите суштества, имаат различни начини на сознавање
2. Различни се луѓето, сите немаат исти способности за сознавање
3. Различни се сетилните органи кај ист човек и различни се сведоштвата за исти
нешта.
4.Различни се состојбите во кои се наоѓа човекот, па има различни претстави за
истите предмети.
5. Различна е позицијата на оној кој искажува некој суд
6.Измешани се предметите на сознанието со другите елементи
7.
8.
9.
10.
Секст е последниот голем антички скептик. Го нарекле
Емпирик заради придонесот во одбраната на скептицизмот. Познати се две
негови книги: Против догматичарите (во која ги напаѓа логичарите,
физичарите и етичарите) и Против математичарите ( во кое ги напаѓа
математичарите, астрономите, геометричарите и музичарите). Негов метод е
да ги побива нивните ставови. Целта е да се достигне духовно спокојство, а
тоа се постигнува со сомневање. Со воздржувањето од донесување на судови
ние се ослободуваме од заблудите, кои носат само збрканост и немир.
Ниедно докажување од оние кои се борат меѓусебно не е поверојатно од
спротивното. Воздржувањето е пауза во размислувањето со која ние ниту
нешто негираме ниту потврдуваме

Која е задачата на скептицизмот?


Скептиларите сакале да покажат дека на секое мислење (про) треба да му се
спротивстави противмислење (контра), бидејќи само на таков начин
мислењето станува целосно, и баш таа целовитост му оневозможува да се
определи, бидејќи стои во рамнотежа.
Постојаната потреба за рамнотежа на умот е всушност негирање, и задачата
на нивната филозофија се состои во таа да покажат дека дотогашната
филозофија била еднострана или догматска.
Така тие сакале да го уништат догматизмот, т.е. секое одредено тврдење или
суд за нешто.

You might also like