You are on page 1of 2

Платон

Платон е роден во Атина во едно од најпознатите Аристократски семејства. Се викал


Аристокле но го викале Платон бидејќи бил широк во рамењата и широк во челото или
опширен кога зборувал. Бил добро образуван и и рано пројавил уметничка дарба. На
20год им се придружил на учениците на Сократ кој го следеле насекаде и дискутирале за
неговите нови филозофски и етички идеи. Платон му останал верен на Сократ целиот
живот.

"Апологија (Одбраната на Сократ пред атинскиот суд)


"Критон", каде што се опишани последните денови на Сократ
- го направил главен херој во неговите филозофски дијалози е претставен во дискусија со
разни мислители или обични луѓе.
Во делото “Ијон” опишал како работел Сократ терајќи ги сами да дојдат до знаење .
"Гозба" -покажува зошто младите и другите биле вљубени во Сократ .
Во делата "Држава", "Федон", "Федар"-Платон го користи Сократ како главен лик
“Парменид”, “Протагора”, “Гозба” (Каков учител бил Сократ)

Платон овие дела ги посветил на учителот со што развил метод на филозофски дијалог.
Ф.Д е инспириран од работата на Сократ, а е развиен од Платон. Насловот во дијалозите
било обично нечије име а се додавал и поднослов со кој се објаснува темата

ОСНОВАЊЕ НА АКАДЕМИЈАТА

Платон пишувал целиот живот, сакал да работи и имаат желба неговите идеи да ги
претвори во реалност па така тој патувал во други краишта со цел да ги увери другите да
ги применат неговите учења . Неговиот опус бил еден од најголемите во историјата.
Тој е основач на Академијата( така била наречена бидејќи се наоѓала во парковот
посветен на божеството Академос) во Атина, првиот вистински универзитет каде учел и
Аристотел и траела 9 векови .
Платон многу ја сакал математиката сметајќи ја за совршено знаење и идеален производ
на човечкиот дух. Таа љубов ја споделувал со питагорејците.
На самиот влез на Академијата пишувало “нека не влегува никој кој не знае геометрија”.
По неговата смрт академијата ја презеле негови роднини и соработници но била
затворена со декрет на Царот Јустинијан во 529гпд.

ФИЛОЗОВСКИ СИСТЕМ

Системот се викал и објективен идеализам бидејќи тој верувал во два света. Платон
зборува за бегство од менливиот свет и свртување кон идеалниот свет или усовршување
на овој во кој сме .

НАЈДОБРА ДРЖАВА

Најпозната книга на Платон е Држава во кое зборува за тоа како треба да изгледа една
идеална и праведна држава.
Според Платон во идеалната држава(полис) треба да постојат три сталежи:
-филозофи владетели-главен е умот,разумот и вредноста
-војници-срцето и храброста
-работници,земјоделци,трговци-телесна сила и умереност

Образованието е важно бидејќи тие што имаат дарба за учење ќе се подготвуваат за


владеење со државата или за научни-филозофски студии а тие што се храбри и силни ќе
се учат на напори и воени вештини

За да може една држава да функционира и да нема пропаст потребно е сталежите да


имаат добар сооднос и да нема лошо организирање и нивно мешање

УЧЕЊЕТО ЗА ИДЕИТЕ

Платон правел разлика помеѓу идеалното и минливото, и постојаното и она што се


менува. Вистинското сознание ја зафаќа вистинската реалност. За Платон вистински се
идеите и се совршени(идеални),трајни и единствени. Тој идеите ги сместил во
посебен свет, кој е апсолутна реалност .Идеите се вечни а нештата се минливи и
менливи.
Пр.Некој предмет е убав само ако ја одразува идејата на убавината но нема да биде убав
ако не ја одразува таа идеја повеќе.

Тој си поставил систем за идеите.


- На врвот е идејата која ги опфаќа сите остани идеи или кон која се стремат сите идеи и
нешта . Во делото Држава тоа е идејата на доброто . Се сѐ стреми кон добрината
-Идеите се причина за секое постоење. Околу идеално се врти и е насочено сѐ, секое
сознание , идеал,намера ,постапка…

За да бидат дофатени идеите потребно е вистинско сознание. Ова е прикажано преку


Пештерската Алегорија (Мит). Преку митот , Платон се обидува да објасни како човекот ги
достигнува највисоките нивоа на знаење колку што е поблиску до вистинскиот извор на
светлина, во овој случај, Сонцето.

За Платон цел на животот е само доброто. Доброто ни ја покажува правата насока до


вистинскиот животен живот. Задоволстовото и доброто не се исти.
Пр. Во политичкиот живот вистинско добро е правдината а не моќта.
-Основните добродетели се : разумност,храброст и умереност

Целта на етиката ја прикажува преку слика за животот. Животот е кочија кога ја вози
човек. Напред има бели( добри намери ) и црни коњи(лошите намери). Колата оди по
тесен планински пат па едниот коњ сака да остане на една страна а да другиот на друг с
кочијашот треба со цврсто стегање на уздите да помогне кочијата да остане на патеката
и да не изгуби рамнотежа. Кочијата е животот .

You might also like