You are on page 1of 6

ФИЛОСОФИЈАТА НА ПЛАТОН И НЕЈЗИНИОТ КОНЦЕПТ

ЗА НАДАРЕНИТЕ И ТАЛЕНТИРАНИТЕ

Валентина Гулевска
Универзитет Св. Климент Охридски
Педагошки факултет - Битола
v.gulevska@pfbt.uklo.edu.mk
valentina_gulevska@freemail.com.mk

ФИЛОСОФИЈАТА НА ПЛАТОН И НЕЈЗИНИОТ КОНЦЕПТ


ЗА НАДАРЕНИТЕ И ТАЛЕНТИРАНИТЕ

Во историјата на педагошката мисла, прв обид за систематско откривање на надарените и


талентираните и нивно ангажирање во креирањето на општествената заедница среќаваме во
философијата на Платон. Неговиот концепт за воспитување и образование бил осмислен за потребите на
идеалната држава (kaliopolis),која требало да биде управувана од доблесни и мудри водачи, избрани од редот
на најспособните граѓани. Платон сметал дека за воспитувањето и образованието на децата треба да се
грижи самото општество. Во негова надлежност ја става селекцијата за диференцирањето на улогите на
општествените субјекти. Иако усвоил некои принципи на кастинска поделба и хиерархија во државното
уредување, сепак, не ги сфаќал сталежите како затворени системи кои меѓусебно се разликуваат според
потеклото на луѓето и според некои надворешни фактори, туку допуштал можност да се преминува од еден
сталеж во друг, доколку тоа го дозволувале природните способности на поединецот и неговиот талент. Во
таа смисла, Платон истакнувал дека главна придобивка од доброто воспитување и образование на децата ќе
биде создавањето на етичка свесност ( засилено чувство за правда и емпатија) и уникатно искуство за секој
поединец во општеството кое се манифестира со извршување на она што најдобро се знае и она што
најдобро се практикува.

Клучни зборови: талент, дарба, држава, праведност

Во историјата на човечката мисла забележани се безброј обиди за создавање


на концепт за идеална заедница, во која сите луѓе би живееле среќно. Биле замислувани
среќни градови, блажени острови, праведни држави и сл. Посебно место, меѓу нив
зазема Платоновиот kaliopolis, убавиот и добар град (држава), кој требало да биде
управуван од надарени и талентирани луѓе, избрани од редот на најспособните граѓани.
Својот идеал за државно уредување Платон го моделирал според државните
уредувања кои биле актуелни во негово време 1, но, внатрешната осмисленост на
државата и функционирањето на нејзините составни делови го извајал сосема
автентично и оригинално. Гледано низ призмата на философијата, во идејата за
kaliopolis, Платон ги сублимирал своите политички, етички и психолошко-педагошки
размисли.
Според него, устројството на државата треба да биде функционално. Во
звисност од тоа кој какви таленти има, таква функција треба и да извршува. Државата,
пак, има ингеренции кај секој поединец да ја утврди таа надареност и да ја развива
понатаму. Ваква идеална држава можела да се создаде само ако секој го работел она за
1
Вистинскиот прогрес на античкото општество започнал со Солон (околу 600 г. пред Хр.), кој не бил само
голем државник и реформатор, туку бил и еден од славните и легендарни седум мудреци. Забрзаната
колонизација на бреговите од Средоземното море, во негово време, го иницирала развојот на
производството и трговијата. На тој начин започнало подигањето на нови, моќни градови за кои требало
да се осмислат правни закони и да се изнајде адекватно уредување на граѓанскиот живот.
што имал најмногу талент. 2 Поради тоа, Платон се залагал за воспитување и образување
на децата под покровителство на државата. Воспитувањето требало да биде заедничко и
под исти услови за сите деца. Начинот на воспитување и образование не смеел да биде
насилен: „Слободен човек ниедна наука не смее да ја изучува ропски. Телесните напори,
дури и кога се вршат насилно, го јакнат телото. Во душата, пак, не се задржува
наметнато знаење“.3
Образовниот процес Платон го поделил на неколку етапи. Од најмала возраст
децата треба да се воспитуваат со музика и приказни, а потоа и со гимнастика. На тој
начин, кај нив требало да се развие чувство за хармонија и за нега на сопствената душа и
тело.4 На ваквата основа Платон ја додава математиката, која во неговиот концепт за
образование е застапена со аритметика и со геометрија. Тој смета дека учењето на
математиката претставува гимнастика за духот и добра подготовка за философијата. За
движењето во природата, пак, најмногу можело да се научи од астрономијата, која
требало да дојде како природно продолжение на претходното образование. 5 Со овие
содржини кај децата требало да се развие љубов спрема работењето. Во ваквото идејно
решение за изградба на праведна држава, подеднакво право на образование имале и
машките и женските деца.
Во потрага по најдобрите, тој предвидел неколку селекции во животниот пат
на граѓаните. Првата селекција на талентираните и надарени момчиња и девојки Платон
ја поставува во периодот кога тие ќе имаат околу дваесетина години. Според телесните и
духовните особини што ги покажале децата, државата ја извршува и првата определба на
нивните задачи. Децата што покажале способност за учење и памтење, храброст и
великодушност, го заслужуваат посебното внимание на државата. Платон вели дека:
„Едноставни и умерени желби со кои управува разумот се наоѓаат кај мал број луѓе, и
тоа кај оние кои по природа и по воспитување се најдобри“.6
Втората селекција се извршува во триесеттата година од животот на
воспитаниците. Прнцип на издвојување тогаш требало да бидат покажаните резултати во
воените обуки и вештини (од кои не биле исклучени и жените). Оние кои покажале
најголема храброст и презир спрема стравот и смртта, требало да се издвојат од
останатите и да се упатат на натамошно воспитување и образование. За нив Платон
понатаму предвидува проучување на дијалектиката.7
Третата и последна селекција требало да се изведе околу педесеттата година.
За овој избор Платон вели: „Оној меѓу избраните, кој бил одгледан на таков начин и кој
од сите испитувања излегол беспрекорен, може да биде владетел“. 8
Под беспрекорност, Платон подразбирал три доблесни особини кај човекот:
умереност, храброст и мудрост. Сите тие ги синтетизирал во една заедничка особина,
која требало да ги краси сите граѓани, но најмногу оние кои ќе управуваат со државата.
Станува збор за ПРАВЕДНОСТА. При последниот избор Платон вешто го оцртува ликот на

2
„Секој поединец во државата треба да го работи она што на неговата природа најмногу ќе и одговара“.
Види кај: Platon, Država, Beograd 1996, 131
3
исто, 256
4
Станува збор за познатиот антички идеал за нега и единство на психофизичкото битие на човекот кој,
старите Римјани го изразиле во поговорката: Mens sana in corpore sano.
5
Питагорејците, на пр., сметале дека музиката, астрономијата и математиката ја сочинуваат основата на
науките. Небото го сметале за огромен инструмент, хептакорд, во кој седумте планети ги претставувале
жиците на инструментот од кои одекнувала музиката на сферите.
6
Platon, исто, 129
7
Содржината на оваа наука, во времето на Платон, се состоела во точно определување на поимите, нивно
разграничување и точно поврзување. Малку подоцна, поимот дијалектика се сметал како синоним на
поимот философија.
8
Platon, исто, 109
мудрецот-владетел.9 Според него, најважна особина на личноста на владетелот, покрај
мудроста и знаењето, треба да биде чувството за правда.

ТРЕТА СЕЛЕКЦИЈА

ДИЈАЛЕКТИКА

ВТОРА СЕЛЕКЦИЈА

ВОЕНА ОБУКА

ПРВА СЕЛЕКЦИЈА

АСТРОНОМИЈА

МАТЕМАТИКА

МУЗИКА+ГИМНАСТИКА+ПРИКАЗНИ

Во своето дело Држава, Платон се обидува да даде едно поинакво видување


за улогата на надарените и талентираните во општеството. Имено, најталентираните,
честопати на луѓето им изгледаат сосем непотребни. 10 Платон тоа го објаснува на свој
начин. Според него, поради засиленото чувство за праведност и емпатија што го
поседуваат талентираните, тие не можат да ја поднесат неправдата пред која замижуваат
обичните луѓе. Нивните обиди за спротивставување завршуваат без успех, бидејќи
настапуваат сами (индивидуално). Тоа претставува повод и причина за нивно
повлекување во осаменост. Се задоволуваат со сознанието дека барем самите тие можат
да останат неизвалкани од неправда, ако веќе не можат да ги променат другите. Платон
смета дека вината за таквата ситуација лежи во организационата поставеност на
државата. Само тогаш кога овие надарени луѓе ќе се здружат и ќе застанат на чело на
државата, човечкиот род ќе може да се ослободи од неволјите 11 и државата ќе може да
биде среќна.

9
Интимна политичка определба на Платон е монархиското или аристократското државно уредување.
10
Platon, исто, 199
11
исто, 20
И покрај тоа што лично ги искусил тешкотиите при воспоставувањето на
владеењето на најдобрите12, тој, во својата политичка концепција, се залага за
софократија. Добриот владетел го споредува со добар ткајач, кој со испреплетување на
теориското и практичното искуство може да направи добро проценување на нештата и
да донесе вистински одлуки. Во таа смисла, најважна карактеристика на надарените и
талентираните е способноста на нивниот дух да ја открива суштината на нештата и да
тежнее кон познание на непроменливото и вечното.
Според Платон, за управување со таква држава не е меродавен полот, туку
талентираноста: „Немој да мислиш дека кога зборував за ликот на владетелот повеќе
мислев на мажите отколку на жените. Истото важи и за нив, доколку меѓу нив се најдат
такви кои се по природа надарени “. 13 Владетелот не смее да управува со државата
раководен од мотиви за лична корист. Негова единствена цел треба да биде праведно
владеење, а негова највисока задача, да создаде среќна држава. Поради тоа, тој мора да
бдее над децата и над она што се наоѓа во нивните души.
Дефинирајќи ја праведноста како состојба на хармонија и во државата и во
човечката душа, Платон го истакнал значењето од поделбата на трудот. Имено,
праведност е кога секој поединец си ја врши чесно својата работа, т.е. го работи она за
што има најмногу талент и најмногу дарби.14 Со оглед на ваквата замисла, неминовно
било да се дојде до класно уредување на државата. Сепак, Платон бил уверен дека трите
сталежи на неговата држава нема да работат еден против друг, ниту еден ќе сака да биде
среќен на сметка на другиот, поради тоа што граѓаните биле воспитувани во духот на
праведноста. Освен тоа, најзначајно е дека припадниците на секој од трите сталежи се
избираат врз основа на нивните дарби и таленти, а не наследно.

ПРАВЕДНОСТ

ВЛАДЕТЕЛИ
(МУДРОСТ)

ЧУВАРИ
(ХРАБРОСТ)

Човечката душа, државата и вселената имаат иста структура.

12
После легендарната смрт на својот учител Сократ и краткото учителствување во Атина, разочараниот
Платон им се придружил на питагорејците во Тарент, на Сицилија. Таму се запознал со математичарот-
државник Архит, кој го воодушевил бидејќи бил олицетворение на неговиот идеал за државник-философ.
Обидувајќи се и од тиранинот на Сиракуза, Дионисиј, да направи државник-философ, Платон три пати
патувал на Сицилија. Последниот пат, својот просветителски обид за малку ќе го плател и со својот живот.
Дионисиј, несудениот философ-владетел го испратил на продажба како роб во Егина.
13
Platon, исто, 389
14
Според поговорката на нашиот народ: „Секој нека се труди таму кај што преде најтенко!“
Ставот на Платон е јасен: задача на државата е да создаде луѓе со врвен ум,
беспрекорен карактер и здраво тело. Тоа може да се постигне само со откривање и
развивање на талентите и дарбите кај децата. Воспитно-образовниот процес, пак, од
своја страна, треба да ја овозможи филтрацијата на најдобрите.15
Рецепцијата на философијата на Платон во денешно време наидува на низа
потешкотии, како во однос на методите, така и во однос на изворите преку кои се
проучува неговата мисла.16 Сепак, постојат доволно елементи да може да се насети
големината на контурите на идејата за kaliopolis. Во оваа философска визија е направен
обид социјалниот живот да се обмисли според урнекот на вечните вистини: убавина и
добрина, сплотени во едно. Платон жилаво верува дека со љубовта кон вистината и со
моќта на својот разум, човекот може да стигне до среќата која се состои во неговото
лично усовршување.17 Токму поради тоа, можеме да заклучиме дека неговата идеална
држава не претставува само една голема утопија, туку е вистинска апологија на дарбите
и талентите во луѓето, кои треба да го овозможат прогресот на човечката заедница.

PLATO’S PHILOSOPHY AND ITS CONCEPT FOR GIFTED AND TALANTED CHILDREN

In the history of pedagogical idea, the first try of systematic discovery of gifted and talented children and
their engagement in the social community is found in Plato’s philosophy. His concept for education was based on the
needs for an ideal state (kaliopolis), which should be governed by honest and wise liders, chosen from the most
capable citizens. Plato thought that the society is responsible for the education of children.He puts the selection of
differentiation of the roles of social subjects in its competence. Although he adopted some principles of the caste
division and hierarchy, he however did not understand the castes as closed systems which differ between each other
only by hereditary characteristics and some external appearance (for ex. the origin), but he allowed a possibility of
transferring from one to another caste, if that’s possible from a person’s naturale abilities and his talent. According to
it, Plato emphasized that the main achievement of children’s good education will be creating an ethical consciousness
(a strong feeling for justice and empathy) and an unique experience for every individual in the society which is
manifested in performing of what one knows the best and what is practiced the best.

БИБЛИОГРАФИЈА
15
Треба да се истакне дека надареноста и талентираноста се однесуваат на целокупноста на човечкото
битие. Според Платон, како што постојат дарби во интелектуалната и разумната сфера на човекот, така
постојат и во неговата емоционална и афективна сфера. Целта на Платоновата идеја е реализација на
единството меѓу разумот и срцето во човекот, односно, реализација на единство меѓу оние што владеат и
поданиците во државата.
16
Vieillard-Baron J. L. Platonisme et interpretation de Platon a l'epoque moderne, Paris, 1988, 11
17
Мухиќ Ф. Смислата и доблеста, Битола,1997, 81
- Brisson L., Fronterotta.F., Lire Platon, Paris, 2006
- Dixsaut M., Platon, Le desir de comprendre, Paris, 2003
- Vieillard-Baron J. L. , Platonisme et interpretation de Platon a l'epoque moderne, Paris, 1988
- Platon, Država, Beograd 1996
- Мухиќ Ф., Смислата и доблеста, Битола 1997

You might also like