You are on page 1of 13

Што е филозофија

• Филозофија— хуманистичка дисциплина чија цел е стекнување на знаење или 


мудрост за општи начела како стварноста, знаењето, значењето, вредноста, 
постоењето и вистината. Не постои договор за употреба на правилниот пристап
за ова занимање, а оттаму прашањето дали на филозофијата и е нужен
античкиот дијалектички, т.е. дијалошки пристап. Навистина, филозофијата во
текот на историјата се толкува најразлично од разновидни филозофи и
мислители. Мета-филозофијата се јавува како соодветен алат за точно
разграничување на границите на предметот на проучување и пристапот во
истражувањата.
• Зборот филозофија честопати се однесува и на збирот на делата на големите 
филозофи. Може да означува и академски истражувања на различни прашања
поставени од различни филозофи, исто така може да означува и определен
критички, креативен начин на размислување. Современата западна филозофија
 има две главни традиции: аналитичкa и континентална традиција. 
Источната филозофија претставува различна традиција поради географските, но
и идејни одредници.
Правци во филозофијата

•- филозофиите помеѓу себе се разликуваат според изворот на проблемите, интересот и


начинот на којшто одговараат на прашањата, затоа изделуваме различни правци во
филозофијата.
•- приврзаниците на објективниот идеализам сметаат дека духот е даден пред материјата и
постои објективно, независно од човековото познание.
•- субјективните идеалисти сметаат дека надвор од познанието нема ништо .
•- во однос на прашањето дали светот може да се познае или не разликуваме:
догматизам(вистина во која нема сомнение), агностицизам(светот не може да се познае) и
скептицизам(сомнение во можноста и неможноста да се познае светот).
•- во однос на познанието разликуваме: релативизам(светот може да се познае само во
однос на субјектот што познава), конвенционализам(договор), фикционализам(измислено)
•- според одговорот на прашањето што е извор на познание разликуваме:
сензуализам(осети), емпиризам(искуство), рационализам(разум) и ирационализам(надвор
од разумот пр.волунтаризам).
•- кога е во прашање онтолошкиот проблем т.е дали стварноста се толкува од еден или
повеќе принципи разликуваме: монизам(од еден предмет), дуализам и плурализам.
Дисциплини на филозофијата

• -онтологија е наука за битието,постојното. се нарекува уште и метафизика. може да се приклучат и


космологијата и филозофија на природата.
• - гносеологија е наука за сознанието. ги испитува изворите,можностите, форми на сознанието и
значењето и користењето на сознанието. во гносеологија спаѓа епистемологија(наука за
знаењето),методологија е наука за примена на научните методи, кибернетика, информатика е
наука за комуникации.
• - логика е наука за логичките форми и следства или втемелување и аргументирање на ставовите.
• - блиска до логиката е филозофија на јазикот.
• - антропологија е наука за човекот.
• - аксиологија е наука за вредностите.
• - етика е наука за моралот и вредноста на живеење.
• - економија е наука за произведување и рационално користење на ресурсите и заработеното.
• - политика е наука за организација и успешно водење на заедницата.
• - естетика е наука за творештвото и убавите доживувања.
• - педагогија е наука за образованието и воспитувањето.
• - историја на филозофијата е приказ на развитокот на идеите онака како што се јавувале во
општеството со нивните карактеристики, оригиналност како и нивното значење и влијанието врз
животот и науките.
Појава на филозофијата

• - како определувачки фактори таа да се развие потребна е материјална подлога и духовна


раздвиженост.
• - претпоставките за појава на филозофијата се: развиен начин на производство, култура, религија,
јазик и уметност.
• - како и науките, и филозофијата нема локално значење.
• - ги носи белезите на соодветната култура, ги изразува мислењата на нејзините луѓе, но
искажувањата се општи.
• - се открива универзалната поврзаност: погледите од другите краеви на светот имаат значење за
нас, а идеите од нашиот свет се шират низ целиот свет.
• *со што се занимава:
• - одделните природни нуаки се занимаваат со фактите, главна работа на филозофијата се идеите.
• - идејата или филозофијата е значајна и вистинита ако е целосна(зафаќа голем обем на
прашања), доследна(во себе не содржи противречни тврдења), збиена и цврста( неможе лесно
да се негира).
• - познанијата во науката се асимптотски(се приближуваат кон вистината) во филозофијата се во
центарот на вниманието дури и кога се надминати.
• - извесен период за определени идеи може да биде намалено интересирањето, за покасно
повторно да се актуелизираат.
Историја на филозофијата

• -прашањата поврзани со светот,животот и човекот низ сите епохи се разгледуваат без разлика дали некои идеи се
подржуваат, критикуваат или формираат нови,се тргнува од старите познати учења.
• - така во разликите на филозофијата се развила посебна дисциплина која се интересира за филозофските сфаќања на
минатото.
• - во таа смисла Аристотел им дава големо значење на испитувањата и анализата, начинот на кој претходните
филозофи ги решаваат поединечните филозофски проблеми.
• - за разлика од другите науки, во филозофијата нема едногласност што е предмет на филозофијата.
• - филозофијата не е иста кај сите мислители, во неа може да се сретнеме со најразлични пристапи и тематики, дури и
многу повеќе:
• * иако многу филозофи поставуваат исти прашања, решенијата на проблемите се различни.
• * филозофијата пројавува плурализами во односна епохалните и културните извори на човековото мислење.
• * филозофијата ги решава животните прашања на луѓето кои зависат од начинот на живеење, од претходните и
современите сознанија, од владеечките духовни и етички вредности, од релациите меѓу луѓето.
• - при своето образложување, филозофијата не се служи со обични искази туку комплицирани: заради самата природа
на прашањата и духот на човекот кој е развиен.
• - карактеристики на филозофското мислење е да има една целина непротивречност на тврдењата со што се образува
филозофски систем.
• - целината по правило треба да биде складна, да се тргнува од исти појдовни позиции и ставови во сите области, да
се изгради систематски.
• - систематичноста значи филозофијата да се изгради според некои правила,принципи.
• - систематичното мислење се смета за квалитет на филозофирањето.
Раѓање на филозофијата

• -раѓањето на филозофијата се поврзува со грижата на човекот за опстанокот и потребата за осмислување на


животот. изворите на филозофијата се во човекот.
• - филозофијата претставува продолжување на поедноставните мисли и желба да се разберат во нивната суштина.
• - произволните толкувања, човекот ги заменил со рационални објаснувања.
• - почетокот на филозофијата во Индија се поврзува со толкувањето на Ведите и Упанишадите како завршни делови,
луѓето се прашувале за принципот кој не одржува нас и целиот свет во живот.
• - го нарекле Брахман, а поимот Атмане поврзан со човекот кој е дел и исто со Брахман.
• - создавањето на филозофијата во Персија се поврзува со Заратустра.
• - во светот се борат две сили-добро и зло за на крајот да победи доброто.
• - Кина најпознато е учењето за Тао кое се употребува во значење на смисла на живеење, редот во вселената и
обврзната добродетел.
• - заедничка основа која ги поврзува сите толкувања, сите епохи и култури е разумот.
• - филозофијата која настанала во Античка Грција има најсилно влијание на Западниот свет зошто таа се темели врз
рационалното толкувае на светот.
• - основа да се развие античката филозофија се митологија, еп и трагичката уметност.
• - во митологијата, боговите се мешаат и владеат со животот на обичниот човек со што ги поттикнале луѓето да
размислуваат за нивната местоположба во светот и судбината.
• - во еповите е прикажана слика на античката религија.
• - во трагедиите, стремежите, борбите и страдањата на луѓето.
Антиката-темел и столб на светската култура и цивилизација

• -поимот антика асоцира на старост и вредност.


• - човекот го интересира она што доаѓа од далечните времиња а имаат значење и во нашата
епоха.
• - за антиката е значаен големиот подем на живеењето, зголемување на знаењето, а со тоа
појава и развој на науката и филозофијата.
• - зајакнуваат градовите, занаетите се унапредуваат, трговијата е во пораст, се создаваат
културни богатства.
• - филозофијата е во центарот на античкото живеење.
• - човекот прави напори, размислува за структурата на космосот, за редот по севкупнотот
постоење, ја бара законитоста, се прашува за вредностите во животот и односите кои
владеат во заедницата.
• - целта на човекот е да дојде до непосредно, објективно, принципиелно, употребливо
знаење.
• - знаењето расте и се шири, а тежината која произлегува од него е практичен израз на се
посилната човечка, сознајна моќ и дострели.
• - античката филозофија има 4 карактеристични фази:
• 1. Космолошка 2. Антрополошка 3. Систематска 4. Хеленистичка.
Седумте мудреци

• СОЛОН
• ХИЛОН
• ПИТАК
• ПЕРИЈАНДАР
• БИЈАС
• КЛЕОБУЛ
• ТАЛЕС
Милетска школа

• -во градот Милет е создадена првата филозофска школа која ја претставуваат тројца мислители: Талес, Анаксимандар и Анаксимејн.
• - на почетокот на 6-тиот век размислувале за суштината на природата затоа и овој период е наречен космолошки.
• - тие го проучувале светот со целотот негово многуобразие, ред и хармонија.
• - поставуваат прашања: што е она суштинското на бескрајниот и вечен свет кој се гради сам од себе?
• Што е основата, каква е праосновата, кој е праелементот на се постоечко?
• -го вовеле првиот филозофски поим архе, во значење на потекло, далечно минато, извор.
• ●Талес
• -прв филозоф на запад, еден од седумте мудреци, државник, морепловец и трговец, За него архе е водата, Праоснова и прапочеток на
се она што се раѓа и враќа е водата, Светот е еден, вечен, бескраен, во движење, се гради и разградува и е жива целина, Во природата
сите нешта имаат душа, природата(водата) е хилозоистичка( сите нешта имаат душа).
• ●Анаксимандар
• -ученик на Талес, Прв составил географска карта на небото, Го измислил сончевиот часовник и повеќе инструменти во градежништвото,
Автор е на првата филозофска книга за природата, Праоснова и прапричина на светот е Аперјон, по значење на
бесконечно,неопределено,безгранично.
• ●Анаксимејн
• -Праоснова и прапричина на се е воздухот, Предметите и појавите настануваат со разредување и згуснување на воздухот, Тој ја
разработил теоријата на температурните промени како причина за промените кај телата, Милетските мислители се рационалисти и
монисти, Иако претставуваат исти прашања и следат еден принцип,во филозофијата може да се даваат различни одговори, Автор е на
првата филозофска книга на природата, Праоснова и прапричина на светот е Апејрон,по значење на бесконечно/неопределено.
• ●Апејрон
• - квалитативно неопредерлив,а квантитативно безграничен, Тој е вечен,несоздаден и во постојано движење, Содржи два пара
спротивности:топло и студено, суво и влажно, Овие спротивности се изделуваат од неопределениот праелемент кој со тоа почнува да се
определува од безквалитативно станува различно и со многу квалитети, Од Апејрон сите светови настануваат и се враќаат во него,
Вечното движење,настанување и исчезнување има законитост, Промените во светот не зависат од волјата на човекот, Работите
настануваат и исчезнуваат според редот на времето.
Хераклит

• - Хераклит е роден во Ефес. Од неговото дело за природата сочувани се околу 130 фрагменти.
• - пишува во стегнат,афористички стил тежок за разбирање и затоа го нарекувале темниот.
• - за Хераклит движењетое суштина на светот, огнот како праелемент го симболизира вечното движење.
• - неговата визија е дадена во фрагментот.
• - “овој свет ист за сите не го уреди никој од боговите,ниту од луѓето,туку беше од секогаш,е,и ќе биде,жив оган кој
со мера се пали и со мера гасне”.
• - огнот симболички ја изразува промената.
• - се смета дека е негова изреката “pantarei” (се тече,се се менува).
• - настаните во светот се неповторливи.
• - менувањето е незапирливо заради силите што меѓусебно се спротиставени и взаемно се обусловуваат.
• - спротиставените сили ја определуваат промената.
• - фрагмент: “војната е татко на се,крал на се! Едни ги направила робови,други богови”.
• - настаните во светот не се случајни,туку се одвиваат според определен закон(логос).
• - настанувањето и исчезнувањето се промена на состојбите од една во друга.
• - правецот на преобразба е кружен-оган,воздух,вода,земја и обратно.
• - луѓето треба да живеат во хармонија со природата, да ја разберат и да живеат според логосот.
• - за Хераклит сетилното сознание не е сигурен извор за знаењето и вистината.
• - со разумот се открива правата вистина.
• - индивидуалната бесмртност е непоимлива,излишна е секаква приказна за задгробниот живот зошто светот не го
создале никакви богови.
Питагора
 

•  
• - Питагора како математичар и филозоф, поради недостаток на докази, тешко е да се утврди што во
питагоризмот е од Питагора, а што од неговите ученици.
• - роден е во Самос каде бил учител по филозофија, па често патувал низ целиот тогашен познат свет за да се
пресели во Кротон каде го основал својот сојуз.
• - овој сојуз на истомисленици има научна и филозофска дејност.
• - Питагорејците се занимавале со филозофија, математика, астрономија и музика.
• - математиката и геометријата ги сметале за основни орудија на знаењето.
• - за Питагора, праосновата не е материјата, туку бројот кој е вечен, неменлив и основа на се што постои.
• - да ги сознаеме стварите и појавите значи да го знаеме нивниот број.
• - законитоста во светот се изразува во бројни односи и пропорции.
• - броевите растат од 1 до 10, а после 10 е додавање и повторување/ се извршува како една целина.
• - со бројот 10 во областа на математиката, општеството, космосот, во музиката, открива сооднос меѓу
должината на жицата и висината на тонот кој ги изразил во пропорции 12:8:6.
• - учеле за селба на душата(метемсихоза).
• - душата се усовршува со етичко поведение и може да достигне совршенство.
• - секој човек треба да се определи каков живот ќе живее: теоретски, практичен или оној за уживање.
• - најдобро е да се живее за сознание умерено и разумно.
• - познати се неговите златни стихови.
Елејска школа

• - Во Елеја се јавува уште една филозофска школа која ги третира проблемите на битието и познанието.
• - основач на елејската школа е Ксенофан.
• - познат е како забавувач, народен пејач и прв мислител кој пишува во поетска форма.
• - битието го сфаќа како едно цело, совршено, вечно несоздадено, непроменливо и има форма на топка.
• - ги критикува луѓето што за боговите мислат според себе.
• - Ксенофан се сомнева дека луѓето ја знаат вистинската природа на стварноста.
• ●Парменид
• - својата филозофија ја пренесол во делото за природата , Oсновна филозофска теза е Битието е/ Небитието не е,
Битието постои отсекогаш и е исто, Нема настанување(ако треба да настане, тогаш тоа не постоело пред
настанувањето што значи дека пред битието има небитие), Нема исчезнување(битието не се загубува, по
исчезнувањето би требало да биде небитие), Неменливо е( менувањето претпоставува испрекинатост, празнина),
Нема движење(привид, менливост, сетилност), Разумот не може да го мисли тоа што го нема, Парменид разликува
два вида познание:сетилно(кое не води во заблуди) и разумно(кое ја покажува вистината), Не може да се спознае она
што го нема.
• ●Зенон
• - доказите на Елејската школа понатаму ги разработил Зенон, ученикот на Парменид, Увидел дека на елејските
основни ставови им недостигаат докази и затоа барал и наоѓал рационални елементи за да го оправда учењето, Поаѓа
од ставот на противникот како од вистина, разгледувајќи го и доведувајќи до крајни консеквенции, доаѓа до заклучок
дека тие тврдења се погрешни т.е противречни, Духот на дијалектиката го присилува противникот да се откаже од
својата теза и да го признае учењето на Парменид, Познати се Зеноновите апории(безизлезни ситуации), Постојат 4
Зенонови апории :
• 1. дихотомија-двочлена поделба 2. Ахил и желката 3. стрела во лет 4. стадион
Антички атомизам

• - Од Левкип, учителот на Демокрит, не ни се останати пишани записи.


• - учењето за атомите како најситни делови на материјата ги обработил Демокрит.
• - неговото најпознато дело е “Систем на светот”, од кој се зачувани околу 300 фрагменти.
• - за Демокрит роден е во Абдера постои и битието и небитието “Битието е, и небитието е”.
• - атомите се битието, а небитието е празниот простор, Атомите меѓу себе се исти зошто се вечни, постојани, неменливи, цврсти,непробојни, Атомите
меѓу себе се разликуваатспоред форма, положба, ред, големина, тежина и квалитет, Движејќи се во празниот простор, атомите се судираат, одбиваат
или спојуваат, Така настануваат нештата во светот, Раѓањето е собирање на атомите, умирањето, растурање, Атомите се поврзуваат на различни
начини и затоа постојат разни светови, Вечните, неуништливи атоми се во вечно движење , Космосот настанува кога има збир на атоми и во
космичкиот виор, потешките атоми одат кон средината, а лесните кон периферијата.
• - живите суштества настануваат а сличен начин.
• - во светот постојат суштества што владеат(боговите), суштества со кои се владее и самите владеат(луѓето) и суштества над кое се владее(животните).
• - сите ствари во светот се составени од атоми(материја).
• - душата е составена од атоми кои се пофини(тркалезни) и поподвижни.
• - сознанието започнува со восприемањето на силите.
• - од предметите се одделуваат еидоли(сликички) кои ние ги восприемаме преку сетилата за да се создаде претстава и мисла.
• - Демокрит разликува:темно познание кое е сетилно, јасно, вистинско сознание кое го дава разумот.
• - најголема добродетел, основна етичка вредност е Ефтилија(непоматеност, внатрешна ведрина).
• - таа се постигнува кога човекот ќе се стреми да го усовршѕва умот, а ќе ги избегнува минливите задоволства.
• - методот со кој може да се постигне Естилија е мера.
• - за Демокрит се зборува дека има два прекари:мудриот и насмеаниот.
• - животниот идеал на Демокрит е да биде автономен и слободен како атомите.
• - слично учење за атомите развил и Епикур.
• - Демокрит смета дека атомите се движат праволиниски.
• - додека Епикур смета дека постои можност атомите да скршнат од својата патека.
• - со тоа ја возбудува случајноста како значаен елемент на случувањата.

You might also like