You are on page 1of 24

Проект по македонски јазик и

литература
Изработил: Ментор:
Филип Довлев Проф.Грета Пипиле

Март , 2020
Современа македонска поезија
• Во НОБ и Народната револуција активно учество зеле голем број културни
работници, меѓу кои и млади поети. По завршувањето на војната тие целосно се
посветиле на книжевна и културна дејност. Се појавила првата поетска
генерација, што ја сочинуваа: Ацо Шопов, Славко Јаневски, Блаже Конески, 
Гого Ивановски и Гане Тодоровски.
• Во педесетите години се појавила втората, или средната генерација поети: 
Србо Ивановски, Матеја Матевски, Цане Андреевски и Анте Поповски.
• Кон крајот на педесетите настапи и третата млада генерација чии најистакнати
претставници се: Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски, Јован Котески, 
Петар Бошковски, Богомил Ѓузел, Радован Павловски и Михо Атанасовски.
• Во понатамошниот период поетски, прозни и драмски дела создаваат низа
автори: Бранко Варошлија, Ката Мисиркова-Руменова, Горан Стефановски, 
Ташко Георгиевски, Борис Вишински, Благоја Иванов, Радован Павловски и други.
Со нив и завршува периодот на современата македонска книжевност во XX век.
Во XXI век започнува нов период од развојот на македонската книжевност.
Јован Котески
• Рано детство

• Роден е на 14 јануари 1932 година во селото Присовјани, Струшко, како


четврто од петте деца на Петкана и Васил Котески. Татко му бил
печалбар-шеќерџија во Братислава, Словачка, а Котески го сретнал татко
си дури во 1939, кога имал седум години во родното село (а вторпат
кога имал 26 години во Скопје). Во периодот на Информбирото, писмата
на татко му затаиле, а неговото семејство подоцна дознало дека татко
му паднал во немилост на словачките власти, откако словачките агенти
во неговиот стан во Братислава пронашле слика од Тито. Тешко е да се
реконструира колку долго татко му бил во затвор, но една година пред
смртта, во разговорот со Санде Стојчевски, Котески ја сумира печалбата
на татко му во следната реченица „Десет години очајнички измачувања
и две хируршки интервенции, ете - тоа беше неговата печалба“.[1]
• Образование
• Во 1946 го напушта родното село Присовјани и се запишува
во Охридската гимназија. Иако вброен во материјално
најбедните деца, адолесцентските години во интернатот во
Охрид ги помни како години на задоволството од учењето и
од откривањето на еповите на Хомер, „Метаморфозите“ на
Овидиј, „Божествената комедија“ на Данте, драмите на
Шекспир, „Фауст“ од Гете, романите на Толстој и Достоевски.
По завршувањето на Охридската гимназија, во 1954 се
доселува во Скопје, каде запишува студии по книжевност на
тогашниот Филозофскиот факултет, а подоцна ги напушта, не
завршувајќи ги. Работи како новинар во Радио Скопје.
• Поезија
• Во 1958, на 26-годишна возраст вторпат го среќава татко му во Скопје. Подоцна, таа
средба ја опишува како тегобно искуство на син кој не го препознава татко си: „При
враќање, се јавил кај една моја тетка, а таа го довела во мојот ќумез, кајшто
престојував под кирија како студент. Приквечер, кога се вратив од факултетот, во
собата гледам - гостин. И еве една прегратка на еден опустен, тегобен живот.“[2]
• Истата година ги објавува своите први две збирки песни: „Земја и страст“ (1958) и
„Насмевка пред зорите“ (1958). Во луцидниот текст „Поет на митемата за
самоникнатиот човек“, наспрема претходните толкувања на раната поезија на Котески
како амбиентална и патриотска, Венко Андоновски за првпат нуди читање на
поезијата на Котески од „Насмевка пред зорите“ како поезија на митемата за
самоникнатиот, автохтон човек, кој ја живее двојната трагика: неприфаќањето дека е
настанат од два родитела, скриената мисла дека е „никнат“ од земјата наспрема
трагичното чекорење низ светот („како Едип со дупнатите стапала, но и како селаните
на Котески, кои често се сопињаат на камења“[3] како што пишува Андоновски). Татко
му умира во 1961, а во 1963 ја објавува збирката песни „Злодоба“.
• Го одбира Скопје за место на постојано живеење, се вработува како новинар во националното радио, каде
подготвува прилози од областа на литературата и работи како соработник на различни весници и
списанија. За сето време е опседнат со магијата на зборот, па во текот на животот прави скици, цртежи и
гравури за зборовите од Речникот на македонскиот литературен јазик, со цел да ја дофати смислата на
зборот. Овој фонд „идеи за песни, составен од неколку илјади ’тестирани’ зборови, пред смртта го
подарува во Универзитетската библиотека „Климент Охридски“ во Скопје.
• Тоа се години кога, како дел од генерацијата на Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, 
Влада Урошевиќ, Петар Т. Бошковски, Зоран М. Јовановиќ и други, експериментира со модерните текови на
современата македонска лирика, а поезијата од Зборникот на Браќата Миладиновци, ја смета за врвен
изблик на народниот гениј и ја препрочитува до крајот на животот. Паралелно ги чита, и во годините што
следат, постојано им се навраќа на Кавалканти, Сафо, Хомер, Паунд, Хајне, Евтушенко, Блок, Елиот, 
Унгарети.
• Меѓу 1964 и 1965 го служи воениот рок во Белград, а во 1965 ја објавува збирката песни „Тежина“.
Следната, 1966, се жени со Катерина Котеска, родена Шолдова, со која останува во брак до крајот на својот
живот. Истата година се раѓа синот Васил и ја објавува збирката песни „Пеплосија“. Таа година ја помни
преку настапот на грчкиот поет Никифорос Вретакос, на романскиот поет Никита Станеску и на рускиот
поет Евгениј Ефтушенко во катедралната црква „Света Софија“ на Струшките вечери на поезијата. За таа ноќ
подоцна пишува „Сум присуствувал на многу поетски манифестации, кај нас и во светот, сум бил и дел од
учесниците, но оваа вечер ми остана во трајно сеќавање... Она што е голема поезија, како впрочем и
големата музика, допира до слушателот преку звукот, преку невидливите знаци на убавото.“ Во 1970 се
раѓа ќерката Јасна, а во 1972 ја објавува збирката песни „Сенки“.
• Во 1975 ја објавува збирката песни „Зелени порти“, а истата година од печат излегува
избор од неговата поезија на српскохрватски јазик. Во 1977 умира мајка му, а во
1978 ја објавува збирката песни „Хераклеја“. Во годините меѓу 1966 и 1984 патува во 
Франција, Италија, Русија, Полска и Романија, а во 1990-тите и во Унгарија. Најголем
впечаток му остава познанството со романскиот поет Никита Станеску, како и
средбите со Пабло Неруда, Иво Андриќ и Јанис Рицос. Ги чита Фројд, Јунг и Адлер.
Живеејќи во некогашната Југословенска федерација, во која „поетските кланови не
беа наивна работа, а ’дресираните’ поети насекаде беа присутни, вреднувани,
наградувани“, се одлучува целосно да и’ се посвети на поезијата. Единствената
општествена функција што ја презема во текот на својот живот е
претседателствувањето со меѓународниот фестивал за поезија, 
Струшки вечери на поезијата, во 1981 и 1982.
• Во 1981 ја објавува збирката песни „Поморија“, а истата година излегува од печат
избор од неговата поезија на романски јазик „Љубов и смрт“. Во 1982 ја објавува
збирката песни „Бденија и сновиденија“. Во 1983 ги објавува збирките песни
„Полилеј“ и „Зрзе“, а во 1984 збирката песни „Плодови“. Во 1984 од печат излегува
избор од неговата поезија на српски јазик „Страв и душа“.
• Апсење, робија
• Во 1985 ја објавува збирката песни „Тапија“. На 2 септември истата година, во
ситуација што подоцна ја опишува како Кафкинска, е уапсен во својот дом во
Скопје и осуден на петгодишна робија. Обвинувањето го товари за илегално
работење на уривањето на Југословенската Федерација и за создавањето
независна македонска држава. За време на судењето, еден од обвинителите, за
Котески бара казна затвор од 20 години. Припаѓа на последната група политички
затвореници-интелектуалци во поранешната Југословенска федерација. Додека
во затвор, сите збирки поезија на Котески се повлечени од книжарниците и од
библиотеките.
• По 1990 и по прогласувањето на независната македонска држава, темата на
робијата станува атрактивна за новинарите, но до крајот на животот Котески ја
избегнува темата на робијата и никогаш не се вклучува во политичкиот живот. За
време на двегодишната робија, ги пишува збирките песни „Морници“ и „Ралица“,
кои се сведоштва за душевните и телесните страдања во скопскиот затвор 
Идризово.
• Во затворот ги чита Хомер и Евтушенко, изработува шаховски фигури и го приготвува локалниот
затворски весник. За робијата подоцна вели: „Тие две години на моето робување во Идризово,
научив многу нешта, што инаку би ми биле недостапни. Научив да ги почитувам мислењата на
другите, научив до кои граници може да се „растегне“ човековата болка, научив дека
душевната болка е многу подлабока од физичката, научив дека треба да се зачува присебноста,
да се биде трпелив, да се одгледува надеж.... Она што најмногу ме боли е дека што носорози
обвинители и панташи судии, затскриени зад ѕидиштата на просторот кадешто не’ пуштаа да
земеме воздух, како крапови извадени на суво, преку полицајците, ме тераа да рецитирам
стихови...“[4]
• Наспроти очигледното молчење заради затворањето на Котески кај неговите колеги-поети од
Македонија, за неговата судбина во 1985 најмногу се интересира американскиот поет 
Ален Гинзберг[5], тогашен претседател на Комисијата за заштита на правата на писателите и
новинарите во Светскиот ПЕН центар. Гинзберг, како добитник на Златниот венец на 
Струшките вечери на поезијата, во Македонија неуспешно се обидува да организира протест на
македонските поети за негово ослободување од затворот.
• Јован Котески е ослободен со залагање на хрватскиот писател и филозоф, Предраг Матвеевиќ,
кој во својство на тогашен потпретседател на меѓународната асоцијација на ПЕН центарот со
седиште во Њујорк организира петиција со потписи на познати светски писатели до тогашното
Претседателство на СФРЈ.
• По затворот. Поезија.
• По две години робија, Котески е пуштен на слобода во јули 1987. Во 1989 добива место на
помошник-библиотекар во локалната библиотека „Другарче“ во делот од Скопје каде што
живее, и на тоа работно место останува сѐ до пензионирањето. Последната деценија од
животот ја поминува во релативна изолација во својот дом во Скопје.
• Во 1990 ги објавува збирките песни „Живожарица“ и „Сончева белегија“. Истата година
патува во Загреб и се среќава со Предраг Матвеевиќ. Во 1991 ја објавува збирката песни
„Морници“, која е настаната во текот на робијата. Истата година ја објавува збирката песни
за деца „Гувче со двоглед“. Во 1992 ја објавува збирката песни „Ралица“. Таа година од печат
излегува избор од неговата поезија на македонски, англиски, француски и руски јазик со
наслов „Поезија“. Во 1994 ги објавува збирките песни “Лелејка“ (за која ја добива наградата
„Ацо Шопов“) и „Самотија“ (за која ја добива наградата „Нарциса“). Во 1995 изгледува од
печат избор од неговата поезија со наслов „Празник“. Истата година за поемата „Трагач“
добива прва награда на анонимниот конкурс за поема на издавачката куќа Детска радост од
Скопје, која излегува од печат во 1996. Во 1996 ја објавува збирката песни „Решетки“ со
мотиви од затворот. Во 1997 ја објавува збирката песни „Приќе“, а во 1998 збирката песни
„Одрон“. Во 1999 ја објавува збирката песни „Разор“, а истата година оболува од рак.
• Дела
• Ги објавил збирките песни:
• „Земја и страст“ (1958),
• „Насмевка пред зорите“ (1958),
• „Злодоба“ (1963),
• „Тежина“ (1965),
• „Пеплосија“ (1966),
• „Сенки“ (1972),
• „Зелени порти“ (1975),
• „Хераклеја“ (1978),
• „Поморија“ (1981),
• „Бденија и сновиденија“ (1982),
• „Полилеј“ (1983),
• „Плодови“ (1985),
• „Тапија“ (1985),
• „Живожарица“ (1990),
• „Сончева белегија“ (1990),
• „Морници“ (1991),
• „Глувчето со двоглед“ (поезија за деца, 1991),
• „Ралица“ (1992),
• „Злодоба“ (1992),
• „Лелејка“ (1994),
• „Самотија“ (1994),
• „Празник“ (библиофилско издание во ракопис, 1995),
• „Трагач“ (поема, 1995),
• „Решетки“ (1996),
• „Приќе“ (1997),
• „Одрон“ (1998),
• „Разор“ (1999),
• „Кртечина“ (2000).[9]
Задоцнет славеј

• Чистата варијанта на гласот на славејот


е минато.
Сега гласот на славејот е раскапан
(како кога паѓа лапавица),
лапа невкусни слогови
и истура шаржери – преквачени акорди!
Гласот на славејот е
дословна цавкутница,
(разлабавена иронија на природата),
се’ повеќе мекнее,
но за споредба со ѕвездените полилеи
веќе не е.
Гласот на задоцнетиот славеј е
за во некое складиште
натрупано старудии,
тој е распарчено сино камче
фрлено среде ружопрсто отворање на зората
брилијант со музејска вредност!
Жарче
• Она што гори горе, Сонцето,
е јајце со црни дамки
снесено од мала белузлава птица
што квачи некаде меѓу измаглини.

Тоа што му го плука отворот на полжавот


со светлина,
што му го остави подотворено прозорчето од слуз
е колку уше од игла!

Јас ви зборувам за взаумна далга,


за вретено завртено во круг,
за снопче виделина зад решетки.

- Блазеси му на Паскал Сотировски


што гледа напрсток од црна дупка,
фурија што ја продолжува линијата
низ светлите прсти од Бога!-

Легнат на грб
ми иде да запеам од убавина,
но едно зажарено бубаче од страст
ми полазува слепо по рамо.
Кртечина

• И еве се престорив ровка земја


избраздена со кртечина,
весла кртица со топло крзно,
со бело драскаво нокте
чепка кај што ме боли.
Една кртечина се затина,
друга се отина со матечина
од пресна, засирена крв.
Шикнува млаз вода оттаму,
одваму веќе несопирно тече…
Се престорив ровка земја
низ чии лавиринти одекнува
крикот на моето детство.
Наслушувам с'ска влекачка
одмотана од под студен камен;
белким е дојден часот
да се испорамнат сметките
меѓу небото и земјава
преку моево отворено тело.
Радован Павлоски
• Биографија
• Павловски потекнува од гостиварското село 
Железна Река. Студирал право и литература на 
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), во 
Белград, Србија (1982 - 1985), а во 1985 година се
преселил во Скопје. Член е на 
Друштвото на писателите на Македонија [1], на МАНУ и
на Сојузите на писатели на Хрватска и на Србија. Од 
1985 година бил во брак со македонската сликарка 
Јулијана Поповска - Павловска († 2011).
Творештво

• Павловски е автор е на книгите: Суша, свадба и селидби (поезија, 1961), Корабија (поезија, 1964), Високо
пладне (поезија, 1966), Боемија на Природата (1969), Низ проѕирката на мечот (поезија, 1971), Сонце за кое
змијата не знае (поезија, 1972), Пир (поезија, 1973), Зрна (поезија, 1975), Молњи (поезија, 1978), Стражи
(поезија, 1980), Чума (поезија, 1984), Отклучување на патиштата (патопис, 1986), Клучеви (поезија, 1986),
Марена (поезија, 1986), Избрани дела во три тома (1986), Темелник (поезија, 1988), Зрна, Молњи и Клучеви
(трилогија, 1989), Бог на утрото (поезија, 1991), Што може поезијата (есеи, 1993), Вселенски деца (поезија за
деца, 1993), Демократска џунгла (политички есеи, 1994), Јавач на звукот (поезија, 1995), Порака на поетот до
сите поети на светот - Струшки вечери на поезијата (1995), Синот на Сонцето (поезија, 1999), На едно око
(поезија, 2002), Се случува вечност (поезија, 2014).
• Исто така, тој е автор на манифестите: Епското на гласање (коавтор, 1960) и Манифест на Поетска Република
Железна Река (1990).
• За своето творештво, Павловски е добитник на наградите: „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „
Кочо Рацин“, „Повелба на печалбарите“, „Гоцева повелба“, „Ацо Шопов“,[2] на странските награди: „Младост“,
„Златна струна“, „24 Дисова пролет“, „Ристо Ратковиќ“, стихозбирката „Зрна“ е прогласена за најдобра книга
од Југословенската радио телевизија (ЈРТ, 1975), ракописот „Пир“ е награден за неговите високи уметнички
вредности (Хрватска, 1972). Добитник е на светското признание за животно дело АБН-САД (1998), во
Тринаесетата едиција на меѓународното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ (1999) на Меѓународниот
биографски центар (Кембриџ, Англија) се објавени неговата биографија и библиографија.
• Посебни поетски книги му се објавени на повеќе јазици: англиски (две), француски, шведски, руски, чешки, 
романски, турски (три), српски (десет), словенечки и албански јазик. Неговата поезија е застапена во голем
број антологии на македонската поезија.
• Зрно
 
• Во мене живее житието на народот
• А со мене
• И судбини по светот се пребројуваат
• Да не ми остане семето во темнина
• Земјата да не ми огрубее, овенее
• И низ камен отварам пат
• Породот кон сонце го водам
• Во невреме јас знам химна да запеам
• Потоа кон ѕвездите да се оддалечам
• и да бидам вечна светлина
• Над шари од жита и народи.
• Железна река
• Да седнам да здивнам на тој спржен рид
Злато древно да откопам и со одежда
Царска на времиња стари да се јавам и викнам
Да ја симнам месечината на земја
И целивки и рожби нејзини да најдам
Се само на пат кон Река каде што
На навраќање од Вселената мене пак ме има
Во топлината на првите зборови и зрели капинки
Meѓy девојчињата и струите на Река.
Каменот фрлен од Бога тука на прагот
Да згазам
Да се прекрстам
И в сон да си го најдам -Сонцето
Тоа постојано нешто
Што го гледам
И што ме гледа.
•Пат за в планина
• Ќе го пронајдам црвениот камен на громот
О исушено билје
ќе те завиткам во цигара
и ќе те запалам од молњата
Лош знак ми дава небесната mица
Не пиј ноќна вода
коњу мој бос
Не ќе ме однесеш дома
Маtија закопале во темелот на мојата куќа
Подземен ветер ми ги исече нозете
Ќе легнам во ѕвездените бавчи на ридот
на постела од ружи
Ај свеќа нека ми запалат на челото
и град нека ме испокрши
Се готвев да пуштам корен
а дојде мојата кртица
Коњу мој бос ќе цркнеш од тежина
Добитокот ми го преградува патот
Небото го изгорела молња
Полетај ми в глава плачно камење
Ни во петлени доби не ќе стигнам дома.
Значењето и борбата за творење на македонска
современа поезија на Радован Павлоски и Јован
Котески
• Јован Котески   е македонски поет и новинар. Завршил средно образование. Работел како
новинар во Радио Скопје, а соработувал со различни весници и списанија.Јован Котески
припаѓа на т.н трета генерација македонски писатели од педесетите години на која му
припаѓаат Петре М. Андреевски, Живко Чинго, Богомил Ѓузел, Петар Т. Бошковски, Радован
Павловскии др. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата, член на
Македонскиот ПЕН центар и член на ДПМ од 1958 година. Јован Котески припаѓа на
последната група политички затвореници - интелектуалци во поранешна Југославија, на
кого му се суди без присуство на јавноста, за илегална активност за уривање на СФРЈ и
создавање на независна македонска држава. За време на својот живот Опседнат со
магијата на зборот Котески е автор е на повеќе збирки песни („Земја и страст“ (1958),
„Злодоба“ (1963),„Раздор“ (1999), „Крточина“(2000) и др) и добитник е на повеќе награди.
Радован Павловски (1937 - ) е поет, есеист и патеписец, еден од најзначајните поети од
средната македонска поетска генерација. Студирал право и литература на Универзитетот
„Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб (Хрватска), Белград (Србија)
и членувал во Сојузот на писателите на Хрватска и на Србија. Од 1985 повторно живее во 
Скопје. Член на Друштвото на писателите на Македонија, Македонскиот ПЕН центар и на
МАНУ. Од самиот почеток па се до денес, во творештво на Павловски, полно со метафори,
преставена е македонската земја, народ, култура и историја.
• Радован Павловски е роден на 23 ноември 1937 година во Ниш, Србија. Неговите родители, таткото Павле и
мајката Достана, кои потекнуваат од македонското село Железна Река, Гостиварско, се враќаат во родното
место, каде Радован го поминува своето детство. Таму завршува основно образование, а средното
образование во Гостивар. Потоа студирал право и литература на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во
Скопје. Јован Котески во меѓувреме во 1946 година го напуштил своето село и се запишал во Охридската
гимназија. Иако сиромашко, времето поминато во интернатот беше еден од најсреќните периоди на Јован.
Средбите со еповите на Хомер, „Метаморфозите“ на Овидиј, „Боженствената комедија“ на Данте, драмите
на Шекспир, романите на Толстој и Достоевски, ќе ја задоволат душата на поетот и ќе ја зголемат љубовта
кон убавиот пишан македонски збор. Големата љубов кон литературата, ќе го одведе Котески по
завршувањето на гимназијата во Скопје. Во 1954 година се запишува на студии по книжевност на
тогашниот Филозовски факултет. За време на студиите во 1958 година, во неговиот студентски „ќумез“
повторно ќе се сретне со неговиот татко. Тоа била средба во која синот не го препознава својот татко, тоа
била средба на„една прегратка на еден опустен и тегобен живот“.
• Котески студиите никогаш не ги завршува. Се вработува како новинар во Радио Скопје каде ќе подготвува
емисии од областа на литературата. Во меѓувреме соработува со повеќе весници и списанија. Вечито
трагајќи по смислата на зборот, посебно во поезијата од Зборникот на Браќата Миладиновци, како врвен
дострел на народниот гениј, Котески експериментира со модерните текови на современата македонската
лирика. Првите две збирки песни ги објавува на 26 години.  Во 1958 година,  годината кога повторно ќе се
сретне со својот татко, тој ќе ги објави збирките „Земја на страст“ и „Насмевка пред зорите“. Две години по
смрта на татко му(1961), Котески во 1963 година ќе ја објави и третата збирка песни „Злодоба“.
• Во 1961 година, Павловски во својата дебитантска збирка „Суша, свадба и селидби“, се откажува од формите на
традиционалниот стих, а својата песна ја сведе само на метафоричноста. Се смета дека толкаво богатство на фигуративност не
познава ниту една друга поезија во македонската книжевност. Оваа почетна збирка произлезена од македонскиот
цивилизациски извор, Железна Река, има длабок корен во личните и вековните македонски преселби, но, ги отсликува и
вековните преселби на народите и цивилизациите.
• Секоја песна на Павловски, длабоко произлегува од неговиот живот, од неговата врска со сите времиња на сопствениот народ и
неговото битие. Движејќи се по своите патишта, тој во творештвото не само што се открива себеси, туку и македонскиот народ,
кој како вечен мит од најдревните времиња до денес, па и во иднина ќе биде светла точка на светската историја. Во својата
збирка песни „Корабија“ (1964), со голема креативна моќ на македонскиот збор, Павловски плови низ брановите на
македонското духовно пространство. Ослободен од идеолошките стеги, создава поезија единствена и неповторлива во
времето и просторот. Со дел од песните создадени додека плови по Медитеранските земји, Сирија, Либан, Кипар и Египет, тој
чекори подалеку од историјата, влегувајќи во историјата на светската поезија.
• Од 1964 до 1982 година Павловски живее и твори во Загреб, а потоа три години во Белград. Но, како што се што ќе никне и се
бори да израсне, да живее на својата почва, каде плодовите се свети и кога се горчливи, така и Павловски повторно се враќа во
Македонија. Од 1985 година, тој живее и твори во Скопје, хранејќи се со лебот од зрната на житата на македонската земја.
• Во кратката содржина на специфично военото-полициско досие, исполнето со дезинформации, било напишано дека тој
„произлегува од монархистичко... ориентирано семејство.“ Потоа таму се вели дека „Перспективата ја гледал во капитализмот,
бидејќи во комунизмот не ќе имало што да се пишува. Се сложувал со истапи на националистичко-шовинистичка основа против
други народи на СФРЈ. Се носел со мисла да емигрира..“ и т.н. За жал, како и многупати досега, „меѓу луѓето кои давале изјави
за досието, биле колеги и писатели“.
• Меѓутоа, додека Радован Павловски бил следен од службите, тој продолжил да и дарува на македонската литература значајни
остварувања, кои секогаш внесувале свежина во македонското поетско творештво. Неговите стихови исполнети со
неочекувани, спонтани и оргинални метафори ја пееја дамно зачнатата песна која никогаш не завршила. Загледан во
историјата, во минатото, Павловски открива блиски патишта на поврзување со сегашноста.
• Во овој период, кога Јован Котески целосно и се посветува на поезијата, единствена општествена функција која
ја превзема епретседателствувањето со меѓународниот фестивал за поезија, Струшките вечери на поезијата, во
1981 и 1982. Сепак неговиот творечки поетски опус ќе боде прекинат во период од 1985 до 1990 година. Во
периодот кога поетскиот збор не е наивна работа, по објавувањето на збирката песни „Тапија“ (1985), на 2
септември истатгодина, Јован Котески е уапсен во неговиот дом во Скопје и осуден на петогодишна робија.
Обвинет е за илегална активност против Уставниот поредок на СФРЈ и за создавање на независна македонска
држава. За време на судењето, еден од обвинителите бара казна затвор од 20 години. Додека Котески се наоѓа
во затвор, сите поетски збирки се повлечени од книжарниците и библиотеките. Во 1999 година оболува од рак.
За време на своето боледување, во 2000 година има прилика да го види своето досие под кодно име
„Интимист“. Од досието испишано на повеќе стотина страници, може да се види дека повеќе од 42 години,
Јован Котески бил предмет на иследување на Управата за државна безбедност.Сето започнало уште во времето
додека бил во Охридската гимназаија кога за првпат бил приведен на 16 годишна возраст заради апсењето на
неговиот татко од страна на словачките агенти. Според полициското досие, како најупорни кодоши во текот на
неговиот живот се појавуваат неговите колеги, македонските писатели и поети. Затоа Котески во шега но и
болно ќе забележи дека неговото полициско досие е „биографија на пријателите“. Истата година ќе ја ја објави
последната збирка песни „Кртечина“. Умира во кругот на своите најблиски на 12 јули 2001 година. Поезијата на
Радован Павловски е преведувана на околу 50 јазици, меѓу кои на англиски, арапски, грчки, германски,
италијански, кинески, руски, француски и шпански јазик, а е застапен во многу антологии на современата
македонска, европска и светска поезија.
• Во 2006 година Радован Павловски е избран за редовен член на МАНУ.
• Иако ја помина седмата деценија од својот живот Радован Павловски продолжува да твори. Тој ја живее
Македонија и творечки пак ја создава Македонија, а нивното величие е взаемно.
• Користена литература:
• http://jovankoteski.blogspot.com/
• https://mk.wikipedia.org
• http://www.mn.mk/makedonski-legendi/3232
• http://manu.edu.mk/teams/radovan-pavlovski
/
• http://www.mn.mk/makedonski-legendi/6470

You might also like