You are on page 1of 9

Кочо Рацин

Мост на епохите
Кратка биографија
Коста Апостолов Солев е роден на 22 декември 1908 година во Велес, во
семејството на сиромашниот грнчар Апостол Солев. Имал гладно и
сиромашно детство во кое многу работел и учел. Рано го сфатил ропскиот
живот на македонскиот народ и затоа уште во детството кај него се јавила
омраза кон експлоататорите. Поради сиромаштија го прекинал школувањето
во II година нижа гимназија и му се посветил на татковиот, грнчарски занает.
Но, секој слободен момент го користел за читање, повлекувајќи се на таванот
и учејќи на свеќа. Ги читал делата на најистакнатите марксисти, социолози,
писатели и мислители.
Фазите на неговото творештво
Кај Рацин јасно се издвојуваат две фази во неговото творештво. Првата фаза опфаќа песни
напишани на српски (и бугарски) јазик, а втората, на македонски.
Првата фаза ги опфаќа песните посветени на невозвратената љубов што тој ја чувствувал кон
Рахилка Фирфова-Раца. Тој ѝ пишувал картички со љубовни изливи, а некои од нив ги напишал
со сопствена крв.
Во втората фаза, Рацин ќе биде преокупиран со животот и експлоатацијата на македонскиот
народ и ќе пишува на македонски јазик.
Ќе ја напише и објави стихозбирката „Бели мугри“, како и неколку есеи, критики и историски
осврти.
Творештво (Фаза I)
Песните од првата фаза, вкупно 24 (19 на српски и 5 на бугарски јазик) како и 31 картичка го
сочинуваат поетскиот ракопис „Антологија на болката“.
Во картичката од 6.10.1928 година, тој ќе напише:

„Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по
тебе. Антологија на болката… и мое портре ако побараш… Капка крв од моето тело и
душа — ја имаш веќе… Моето идно име — ме врзува засекогаш со тебе….
… Прости ми или проколнувај — сеедно.
А јас се љубам, се проштевам, и се заборавам…
Едно само жалам: што не ја чув Смислата преку звукот на твоите зборови… или барем
нивната трага со мастило…”
Творештво (Фаза II)
Во 1926 станува дописник на весникот „Организовани радник“, орган на Независните работнички
синдикати на Југославија, кој е под влијание на КПЈ. Своите први песни ги пишува во 1928 година. Од
таа година датира неговата младешка љубов кон Рахилка Фирфова која го инспирира да ги напише
своите љубовни стихови со крв и мастило на 31 дописна картичка и стихозбирката „Антологија на
болката” останата во ракопис. Есента истата година во загрепското списание „Критика“ ги објавува и
своите први книжевни прилози, расказот „Резултат” и песната „Синови на градот”. Следните свои
песни ги објавува во 1930 година во сараевското списание „Снага” каде што ги објавил „Од
фабриката”, „Во предвечерието”, „Да се биде човек“ и „На челичната машина“. Во 1931 година во
загрепската „Литература” го објавува есејот „Хегел”, а во периодот околу 1931 година го започнува
својот роман „Опиум“ („Афион”) од кого се сочувани само фрагменти. Во 1932 година заедно со
скопскиот графичар од галичко потекло Јован Ѓорѓевиќ и кумановскиот монополец Александар Аксиќ
ја издава стихозбирката „1932“, во која е објавена една од Рациновите најсилни песни „Огномет”.
Антологија на болката
 Антологија на болката (1928-1929) е првата стихозбирка на Рацин напишана во
неговата младост и останала во ракопис. Таа е составена од 24 песни, од кои 19
песни се напишани на српско-хрватски и пет песни се напишани на бугарски.
Антологија на Болката е напишана во времето помеѓу февруари и јули 1928 година
под псевдонимот Рацин како што ќе напише во една своја картичка 1928 година „Го
земам твоето име како мое, и за тоа ти подарувам бесмртност“- така и ќе остане до
денеска. Дваесетгодишникот од Велес, кој од 1928 па сè до својата смрт ќе го носи
своето презиме Рацин, а истовремено ќе ја носи болката на една невозвратена љубов
од Рахилка Фирфова – девојката на која се посветени стиховите. Меѓу другото,
Антологија на болката се состои од пренагласена емоција и вербална ерупција низ
кревки лирски кажувања, коишто содржат голема интимност.
Бели мугри
Во 1939 година, во Самобор, до Загреб, била отпечатена на македонски јазик
стихозбирката „Бели мугри“. Книгата била забранета, но сепак брзо се
раширила меѓу македонското население. Најпознатото дело на Кочо Рацин е
стихозбирката „Бели мугри“ која содржи 12 песни (во седум циклуси), а била
објавена во Самобор, мало гратче блиску до Загреб, Хрватска во 1939 год. Со
оваа стихозбирка Рацин се докажал на поетската литературна сцена како
вистински социјален и револуционерен поет кој направил обид да создаде
уметничка поезија на македонски јазик.
Седумте циклуси
I. Аргатски: „Денови”, „Печал”, „Селска Мака”и„Тутуноберачите”
II. Балади: „Ленка” и „Балада за непознатиот”
III. За пропаднатите занаети: ,,На Струга дуќан да имам“
IV. Печалбарски: „Проштевање”
V. Исповедно-патриотска: „Татунчо”
VI. За татковината: „Елегии за тебе” и „Утрото над нас”
VII.Револуционерна: „Копачите”
Изработиле:
• Зекир Џемаили
• Маријан Зафироски
• Амир Бељури

You might also like