You are on page 1of 19

Ацо Шопов е роден во Штип на 20

декември 1923 година, во семејството


на Ѓорѓи Зафиров-Шопов и
Костадинка Русева.
А по долгогодишно боледување, тој
починал во Скопје, на 20 април 1982
година.

Тој важи за еден од


основоположниците на современата
македонска поезија, кој се вбројува
во редот на најеминентните поети на
југо-источна Европа во 20-от век.
Објавил повеќе збирки поезија, но и
активно преведувал, претежно од
југословенски автори, но и дела од
Шекспир, Корнеј, Крилов и др.

За време на својот живот, Ацо


Шопов има објавено тринаесет
збирки поезија и исто толку
избори од поезијата на македонски
јазик, како и петнаесетина избори
препеани на странски јазици.

.
Оваа книга брои сè на сè
триесет страници на кои се
распослани вкупно девет песни.
Тоа се песни изникнати во
времето на
партизанствувањето на Ацо
Шопов кој
од есента 1943 активно се
борел, прво во Шарскиот одред,
а потоа во редовите на
Третата македонска ударна
бригада.
Пруга на младоста е херојско дело. Ова дело е
заедничката збирка стихови од Славко
Јаневски
и Ацо Шопов.

Инспирација за творењето на делово ја


добиле од илјадниците младинци од сите
краишта на нашата татковина. Збирката
се состои од десетина песни коисе поделени
во два циклуса: „Огнена младост” од Славко
Јаневски и „За пругата наша” од Ацо
Шопов.
„Со наши раце” претставува социјална
лирика
од исповеден вид. Се состои од
единаесет песни, меѓу кои фигурира и “
Очи” (која за првпат се појавува во една
збирка од Шопов, а претходно била
објавена во списанието Нов ден).
Преку песните се добива чувство за
иднината на Шопов всушност на некој
начин се чувствувал настапот на
идниот голем лиричар.
Поемата „На Грамос” е инспирирана од
граѓанската војна во Грција (1946-1949).
Низ песните се гледа како Шопов слегува и
навлегува во тажната долина на својот
живот, која кај младиот дваесет и
петгодишник брзо ќе израсне во долина на
тешкиот човечки очај и болка. Таа
трагична болка ce наѕира во поемата ‘Ha
Грамос’, во финалето на првиот дел од
поемата каде ги среќаваме стиховите:
‘Во нивните сковани усни
проклетство уште слушам…
О, cè е така мртво
и cè е така пусто
како во мојата душа!’
Стихови за маката и радоста од
Ацо Шопов важи за првата збирка
„интимистичка” поезија во
Македонија, којашто предизвикала
бурни и долготрајни полемики во
македонските книжевни кругови.
Оваа збирка го најавила пресвртот
кон потиснатите интимни мотиви,
низ кои потоа, во периодот на
интимната лирика, се разгрнале
многу поетски светови и лирски
настроенија.
Оваа книга содржи голем број песни
што и денес важат меѓу најуспешните,
иако за неа Ацо Шопов ќе ја добие
наградата „Кочо Рацин”, иако таа ќе
биде првата збирка од македонски
автор препеана на словенечки јазик (
Zlij se s tišino), и за неа словенечкиот
литературен критичар Фран Петрé ќе
рече дека го одбележува
раѓањето на вистинската лирика кај
нас…
Нејзиното објаување ќе ја распламти
уште повеќе полемиката помеѓу
„модернистите” и „реалистите” која
била започната три години предходно,
„Ветрот носи убаво време, не
распнувајќи се да биде емоционална,
таа е тоа во секој стих; не
претендирајќи да биде филозофија,
таа е тоа со многу филозофски зрнца
во себе, филозофија која носи
меланхоличен потсмев на еден поет („
Чудак“ „Здравица“, „Добра ноќ“) –
еден необичен, по малку темен хумор,
сосем непознат во нашата поезија”,
пишува Славко Јаневски на
внатрешната страница на корицата
од оваа книга, пред да заклучи дека
поезијата во оваа збирка кажува сè
што сакала да каже, а секоја песна до
заокруженосте завршена, вонредно
јасна во својата смисла, дурии кога е
Во „Небиднина“ Шопов ги
остварил своите
најавтохтони поетски
творби, а збирката
претставувала голема
новост на македонската
поетска сцена и извршила
големо влијание врз
развојот на современата
македонска поезија.
Во неа, на високо
креативен начин, Шопов
го возвишува симболот на
небиднината како
кованица за трагизмот на
„Сатирата е сушта спротивност на
конформизмот и конформистичката
литература, ‘опасна’ и ‘лизгава’ земја,
рушител на ‘мирот’ и ‘редот’. Од
сите уметнички ризици таа е
најголем ризик”, вели Ацо Шопов во
едно интервју.
Оваа е негова единствена збирка
сатирична поезија, којашто содржи
22 песни, објавувани во сатиричното
месечно списание Остен, од
септември 1966 година до октомври
1967.
Јус-универзум е воедно и првата
македонска книга сатирична поезија.
Ниту во една своја книга
стихови Ацо Шопов не
настапил со една таква
интелектуална
сериозност како во оваа.
`Гледач во
пепелта`претставува
книга која не само што
навлегува во длабинските
димензии на нашата
внатрешност, па во таа
смисла отворено го
соочува човекот со
самиот себеси, со пеколот
во него и со оние вистини
Песна на црната жена е збирка
инспирирана од
престојот на Ацо Шопов во Сенегал
(1971-1975). За неа тој ја доби
наградата Браќа Миладоновци, на
Струшките вечери на поезијата во
1976 год.
Во ова дело Ацо Шопов покажува
дека поезијата е голема човечка
можност, затоа што во неа
човечката мисла ги прави
најсилните продири во новото и
преку неа човекот е постојано во
својата иднина.
Дрво на ридот е последната
оригинална збирка на Ацо Шопов,
објавена две години пред неговата
смрт. Во оваа книга е присутен еден
вид на автобиографски лиризам, кој
меѓутоа на интимното му дава
една суптилна универзална
прекција.
Во Дрво на ридот се развива
симултано темата на интимата,
жената и татковината што има
автобиографска потка, но пред се
преку темата на телото.
„Песните од стихозбирката Раѓање на
зборот се избор од творештвото на
Ацо Шопов.Оваа поезија има свое име и
презиме, свое зацврстено јас на страниците
на нашата книжевна историја.
Оваа книга во која се внесени песни од
претходните збирки на Шопов, а особено од
Небиднина, содржи 10 необјавени песни: „
Езеро”, „Езеро крај манастирот”, „
Ноќ над езерото крај манастирот”, „
Повлекување на огнот”, „Ноќта на огнот”, „
Љубовта на огнот”, „Август”,„Грозомор”, „
Златен круг на времето” и „
Тажачка од онаа страна на животот”.
Златен круг на времето, избор од
поезијата на Шопов објавен во 1969
год.
Книгата содржи 6 нови песни:
“Грозомор”, “Златен круг на
времето“, “Тажачка од онаа страна
на животот”, “Долго доаѓање на
огнот“, “Љубовта на огнот”,
“Август“.
Првото издание е со предговор на
Миодраг Друговац (“Ацо Шопов или
уметник на песната”) а второто,
објавено истата година, со преговор
на Димитар Митрев (“Ацо Шопов
или поезија на трајни вредности”).
Пред крајот на животот, Ацо Шопов
прави личен избор на својата поезија
што ќе биде објавен во Мисла во 1981
година, со
предговор на Ефтим Клетников. Во 1994
год., овој избор (со многу мали промени)
ќе излезе на француски во колекцијата
Во личен избор (Anthologie personnelle)
на издавачката куќа Actes Sud, а во
рамките на колекцијата на
Репрезентативните дела на УНЕСКО.

You might also like