You are on page 1of 8

Македонската повоена книжевност

СЛАВКО ЈАНЕВСКИ
Во текот на две децении повоениот развиток
на македонската современа поезија помина
низ неколку фази,првата фаза 1944-1950 се
карактеризира со создаванје борбено-
патриотска лирика со мотиви од НОБ.Втората
фаза се карактеризира со појава на нова
творечка преокупација кај
поетите.Свртуванјето кон интимната поезија
беше првиот чекор кон усвојуванје на богати
и пошироки поетски хоризонти .Прозата во
македонската литереатура, со мали
исклучоци е настаната по војната . Во 50-тите
години се појавуваат првите поголеми прозни
дела.Како и во поезијата така и во прозата
преовладуваат истите системи.
Славко Јаневски - Биографија
 Славко Јаневски (Скопје, 11 јануари 1920 - Скопје, 20 јануари 2000)
бил истакнат македонски раскажувач, романсиер, поет, филмски
сценарист, есеист и сликар.

 Во Скопје завршил основно и стручно-техничко училиште. Од 1945


година е уредник на првиот македонски весник за деца „Пионер“, а
потоа бил главен уредник на повеќе книжевни списанија, како што се:
списанието за деца „Титовче“, списанијата за литература и уметност
„Нов ден“ и „Современост“, литературниот весник „Хоризонт“ и
хумористично-сатиричниот весник „Остен“. Во меѓувреме работел како
уредник во издавачките куќи „Кочо Рацин“, „Наша книга“ и „Македонска
книга“.
 Јаневски е автор на многуброjни книги за деца, патеписна проза,
збирки раскази, романи и поезија. Неговиот роман "Селото зад седумте
јасени" 1952 е првиот роман објавен на македонски јазик. Тој припаѓа
на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна,
која ги постави темелите на современата македонска книжевност. Во
спомен на неговото дело, на 29.1.2010 во паркот „Жена-борец“ во
Скопје бил откриен споменик на Јаневски, дело на академикот Томе
Серафимовски.
 Јаневски оставил трага и во македонската кинематографија, како автор на
неколку филмски сценарија: во 1967 година, тој ја адаптирал класичната
историска драма на Војдан Чернодрински "Македонска крвава свадба", во
режија на Трајче Попов; соработувал со Панде Ташковски на филмската
адаптација на епскиот воен роман "Доследни на заветот", пренасловен во
"Македонскиот дел од пеколот", во режија на Ватрослав Мимица; и ја
адаптирал сопствената хуманистичка новела "Две Марии" за филмот со
наслов "Јазол", во режија на Кирил Ценевски.

 Славко Јаневски e добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои се:


„АВНОЈ“ (1968); „11 Октомври“; наградата на СВП „Браќа Миладиновци“;
наградата на градот Скопје „13 Ноември“; „Кочо Рацин“; „Македонско
слово“; наградата за книжевен опус на ИРО „Мисла“ и „Мирослав
Крлежа“.Исто така, тој е добитник на две златни арени за сценарио на
филмскиот фестивал во Пула, за филмовите „Волчја ноќ“ (1955) и
"Македонскиот дел од пеколот" (1974).

 Во 1946 година, во Скопје, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ацо Шопов,


Владо Малески и Коле Чашуле го формирале Друштвото на писателите на
Македонија, кое тогаш броело 7 члена. Потоа, Јаневски бил и претседател
на Друштвото. Исто така, тој бил член на Македонскиот ПЕН центар,
претседател на Советот на СВП, како и член на МАНУ од нејзиното
основање во 1967 година.
 Творештво

 Со објавените 15 романи, 11 книги поезија, 6 книги раскази, 8 книги


за деца и голем број препеви, есеи и полемики, Славко Јаневски е
можеби најплодниот писател во современата македонска литература,
чии дела се преведени на многу јазици.Пишувал за деца и возрасни.
Неговиот опус го сочинуваат над четириесет книги. Неговото
творештво ги опфаќа следниве дела:

 Крвава низа (поезија, 1945)


 Пруга на младоста (со Ацо Шопов, поезија, 1946)
 Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки (поезија за деца, 1946)
 Распеани букви (поезија за деца, 1946)
 Милиони маченици (поема за деца, 1948)
 Егејска барутна бајка (поезија, 1949)
 Песни (1950)
 Улица (повест, 1950)
 Лирика (1951)
 Село зад седумте јасени (роман, 1952)
 Шеќерна приказна (сказна за деца, 1952)
 Кловнови и луѓе (раскази, 1956)
 Две Марии (роман, 1956)
Цветови
 В Тиквешко негде , в некое село ,  Цветови е меѓу првите поетски
 Кај слана тивко венеше цвете, текстови на Славко Јаневски со
 Убија дете мотив од војната.Оваа песна
авторот ја нарекол „литературно
 Последна солза од око капна... обвинение против
злосторството„.
 Кога на ридот есента стапна-
Таа е порака против војната
 В крви се изми утрото бело.
упатена од мртвите детски очи
 И кога в зраци челикот светна-
до војникот што треба да се
 Последна мисла ко птица летна:
одмаздува.Во потресни стихови е
 „мајка ми сама остана в село„
 О,детски очи
дадено убиството – последната
 Криевте в себе небесно катче
солза , последната мисла
 Румено крвје течеше в жили упатена кон мајката која
 в радост без почин ... останува сама. Утрото се мие со
 Кај око детско натопи земја крвта на безимено дете, едно од
 Гороцвет никна, разлиста пролет, многуте, прекината е радоста без
 Кај крвта врела растопи слана почин. Од пролеаната крв
 црвена роза закити поле ... никнува цвет кое го шепоти
заветот на мртвото дете – да се
бранат другите деца .
Село зад седумте јасени
 Тоа е прв роман на македонски јазик, објавен во 1952 година.
Во него авторот Славко Јаневски го слика македонското село
по војната.Дејството се случува во селото Јасенско , под
пазувите на Беласица. Времето е повоено,збркано,со нови
општествени односи,промени и колективизација.Дотогашниот
селски живот авторот го опишува како „бескрајна темница на
маки и несреќи со ретки искри на радост,но често,многу
често,искрата се гаснела пред да ја видат селаните„ .
 Јаневски на оваа тема напишал течен и разбирлив реалистичен
роман.Тој не се движи само на површината на животот. Во
романот е даден и еден смешен судир,па не ги опишува како
безгрешни ниту носителите на новите идеи .

 Новата верзија на овој роман Јаневски ја издал во 1965


година,во нов наслов „Стебла„ .
 Други претставници на македонската повоена
книжевност се :

 Стале Попов - „Крпен Живот„ - битов роман ; „Толе Паша„ ;


„Калеш Анѓа„ ; „Дилбер Стана„ ...

 Блаже Конески - „Тешкото„ - поема од десет строфи ; „Чешмите„


; „Црква„ ; „Сеизмограф„ ...

Ацо Шопов - „ Очи„ ; „Небиднина„ ; „Гледач во пепелта„ ;


„Во тишината„ ...

Матеја Матевски - „Залез„ - сбирки песни

Коле Чашуле - „Црнила„ - драма

You might also like