You are on page 1of 1

Поезијата на Константин Миладинов со посебен осврт кон песната „Т‘га 

за југ“ 

Преродбата во Македонија е еден од најважните делови од историјата на


македонскиот народ. Борбата за зачувување на идентитетот на сите македонци преку
истакнатите македонски преродбеници кои го поттикнале гласот на народот, преку
раскажувањето песни на народен јазик, разни пословици, умотворби, народни обичаи
и др. Секој од нив успеал да се истакне на различен начин, да придонесе за зачувување
на македонското народно творештво. Секој од нив имал силна желба и силна љубов
кон својата земја.
Двајцата браќа тоа несомнено го покажуваат преку нивниот зборник и
нивните песни кои испраќаат силна порака, кои допираат во душата на секој од нас,
бидејќи се со душа напишани, бидејќи се почувствувани на своја кожа. Миладиновци,
едни од најсилните двигатели на преродбата во Македонија. Луѓе кои ги поттикнале и
следните нивни генерации, кои им дале мотив дека ако се борат секогаш ќе успеат,
дека ако сакаат секогаш ќе придонесат повеќе за својата татковина. Луѓе кои ја чувале
својата земја и оддалеку како што тоа ни го покажува Константин Миладинов во
неговата песна ,,Тга за југ’’. Во песната поетот со силни споредби си ја доловува својата
татковина давајќи и силна светлина и убавина за разлика од студената и мрачна
Москва. На почетокот тој бара нешто невозможно “крилја” за да летне и да појде во
родната земја, да ги види Стамбол и Кукуш за да види дали и таму е мрачно и ладно
како во Москва. Ако е и таму мрачно тој ќе продолжи да бара место каде што има
силна светлина и божева убавина преку ова тој ја искажува носталгија кон својата
татковина.
“Ако как овде с’нце ме сретит,
ако пак мрачно с’нцето светит,
на п’т далечни ја ќе се стегнам
и в други с’трни ке си побегнам...”
Очајниот поет со многу бои ја прикажува Москва и своето замрзнато срце, не само
заради студената клима туку и заради студениот прием на руските дејци кои не сакале
да го отпечатат зборникот.
Мразој и снегој и пепелници,
Силни ветришча и вијулици;
затоа тој гласно извикува:
Не, ја не можам овде да седам,
Не, ја не можам мразој да гледам!
Понатаму во песната тој ја повторно ја изразува желбата да си оди во својата
татковина со што изразува кулминација на својот копнеж по родниот крај.
“Тамо зората греит душата
и с‘нце светло зајдвит в гората...”
Во оваа строфа Миладинов ја претставуваа татковината со светли бои, тука
преовладува чувството на патриотизам, среќа и радост. А пак својата последна желба
со која упште еднаш ја потврдува безграничната љубов кон татковината ја кажува во
послените два стиха:
“Тамо по срце в кавал да свирам
с’нце да зајдвит ја да уморам.”
Песната “Тга за југ” е многу значајна бидејќи има силна порака и опис на тоа
колку силни можат да бидат чувствата посебно на еден поет кон својата татковина.
Преку искажаната љубов тој покажува колку е силен неговиот копнеж. Тој се навраќа на
минатото на мирисот и убавината на неговата татковина, на тоа дека дури и сонцето му
е темно кога не е дома. Миладинов со неговата песна “ Тга за југ” е инспирација на сите
нас како треба да се опишува и да се чувствува љубовта кон нашата татковина-
Македонија.

You might also like