You are on page 1of 1

Анализа на песната „Т`га за југ“

    Поетот со силни споредби си ја доловува саканата


татковина, која добива една натприродна светлина и
убавина, за разлика од суровата и мрачна московска
средина.
     На почетокот, како народниот поет тој бара
нешто невозможно за тоа време – крилја – за да
летне и да се најде во родната земја и да провери
дали и таму е мрачно како во Русија. Но, ако и дома
не е сончево и топло, тој и понатаму ќе бара такво
место и со то се потенцира носталгијата на поетот
кон својата натковина.
    Песна Т`га за југ     Осамениот поет, со многу густи бои и тешки
Т`га за југ тонови ни ја прикажува мос-
ковската природа и своето срце полно со студови,
не само заради студената клима, туку и заради
студениот прием на руските дејци кои не сакале да
го отпечатат „Зборникот“ и само кажувале празни
зборови и ветувања (ветришта и вијулици). Затоа тој
цврсто решава и извикнува: Не, ја не можам овде да
седам!
    Очаен, болен и несреќен, поетот се бори да се
ослободи од тешката атмосфера и крилјата му се
единствениот спас за да може да долета до родниот
крај. Таму го влече се`. И спомените и природата и
роднините. За него тоа е најубавото катче на земјата
што така топло и со јаки бои го слика.
На крајот поетот ја искажува својата последна
желба: да умре дома, покрај езерото. За жал,
желбата нема да му се исполни, тој не успева да се
врати во татковината, зашто умира во темните
зандани на Цариград каде отишол за да му помогне
на брата си.

You might also like