You are on page 1of 1

Константин Миладинов (1830-1862) е основоположник на македонската уметничка поезија,

живее во средината на IX век во времето на преродбата.


     Константин е најмалото, седмото дете во семејството, родено неколку месеци по смртта на
таткото. Сепак, имал полесни услови за школување поради брат му Димитрија кој го зел под своја
закрила. Кај него го завршил основното училиште, гимназија завршил во Јанина, а на студии се
запишал на Филозофскиот факултет во Атина (3 години). Сакајќи да се школува на словенски јазик
оди во Москва каде студира Словенска филологија. Таму се разболел од туберкулоза и тргнал кон
дома. Патем се среќава со Јосип Јурај Штросмаер и во Загреб го отпечатува ”Зборникот“. Дознава
дека брат му е затворен и наместо дома, заминува во Цариград за да му помогне, но и него го
затвараат. Во јануари 1862 починува во затворот во Цариград, а два дена по него и брат му
Димитрија.
   Константин го напишал Предговорот на „Зборникот“ кој претставува прв обид за научен труд од
областа на народната литература.
    Познати се 15 песни кои со сигурност се знае дека се на Константин. Две од нив имаат
публицистичко-пропагандистичка тенденција, а останатите се со уметничка вредност. Некои од
нив се: „Бисера“, „Скрсти“, „Побратимство“, „Шупељка“, „На чужина“, „Голапче“, „Думание“,
„Сираче“, „Т`га за југ“ и др.

You might also like