You are on page 1of 9

∞ Роден е во Струга, во

семејството на
грнчарот Ристе
Миладинов и неговата
сопруга Султана
Миладинова.

∞ Најмалото, седмото дете


во семејството, родено
неколку месеци по смртта
на таткото.

∞ Имал полесни услови за


школување поради брат му
Димитрија кој го зел под
своја закрила.
ШКОЛУВАЊЕ

Основно училиште Студирал на


завршил кај брат Филозофски
му Димитрија факултет во Атина
Учел во гимназија
во Јанина

По завршувањето на Сакајќи да се
студиите престојувал школува на
во манастирот По враќањето во словенски јазик оди
„Зограф“ на Света Струга, станал во Москва каде
Гора. учител во студира Словенска
битолското село филологија.
Магарево
∞Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока
осаменост и жал по родниот крај.

∞Суровата руска зима и бедниот живот штетно се


одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година
тој заболел од туберкулоза.

∞Покрај подмолната и тешка болест, Константин го


разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати
Зборникот од народни умотворби.

∞Основната причина за непечатењето на Зборникот во


Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската
патријаршија во екот на преродбенската борба.
∞ Во јуни 1860 година, не
довршувајќи ги студиите,
Константин Миладинов ја
напуштил Москва.

∞ На пат за дома, во Виена, се


сретнал со хрватскиот
бискуп Јосип Јурај Штросмаер,
поглаварот на Хрватската
католичка црква, со кого
контактирал уште од Москва,
пишувајќи му за намерите за
печатење на Зборникот.

∞ При оваа средба, бискупот


Штросмаер прифатил да го
финансира печатењето на
Зборникот.
∞ На 24 јуни 1861 година, од печатницата
на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од
печат Зборникот од народни
умотворби на браќата Миладиновци -
„Бугарски народни песни, собрани од
браќа Миладиновци“, дело со речиси
600 македонски народни песни и точно
77 бугарски (отстапени од бугарскиот
фолклорист Васили Чолаков).

∞ Константин, пресреќен што


животната цел, негова и на
неговиот брат, е исполнета, зел
неколку примероци од Зборникот
и во средината на јули 1861 година
го напуштил Загреб, тргнувајќи
за родниот крај.
∞ Се задржал во Белград каде дознал дека неговиот
брат Димитар веќе половина година е во турските
затвори.

∞ Надевајќи се дека ќе успее да го ослободи својот брат,


наместо за Струга, тргнал директно за Цариград и
никогаш повеќе не го видел родниот крај.

∞ Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин


бил фатен и фрлен во цариградските зандани.

∞ Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на


официјалните турски власти, се подготвува судски
процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските
затвори, во 1862 година, под досега неразјаснети
околности.
ТВОРЕШТВО
∞ Познати се 15 песни кои со сигурност се знае дека се на
Константин. Две од нив имаат публицистичко-пропагандистичка
тенденција, а останатите се со уметничка вредност.

∞ Особености на Константиновата поезија:

 Карактеристично за Константин е тоа што во Русија, во туѓа


словенска средина, опкружен со многу бугарски и руски
студенти, тој своите песни ги напишал на македонски јазик,
струшки говор.
 Многу често поетските средства ги преземеал од народната
поезија. Употребувал народни епитети
 Во поглед на метриката, Константин најчесто ги користи
осмерецот и десетерецот, карактеристични за народното
творештво.
 Покрај сите овие народни елементи, Константин има свој, личен
тон, свој сопствен израз.
Поделба на Константиновата поезија

Интимна
лирика
Поетски текстови
• Бисера
• Желание
Социјална • Голапче
лирика • Шупељка
• Не - непијам
Рефлексивна • Клетва
лирика • Скрсти
• Грк владика на
Б’лгарите
• Побратимство
• Думание
Љубовна • Сираче
лирика • На сâнцето
• Т’га за југ

You might also like