You are on page 1of 20

Универзитет „Св.

Кирил и Методиј“

Градежен факултет-Скопје

Семинарски труд
на тема:

Бетонски брани

Ментор: Изработила:
Надица Атанасовска
Проф. Д-р Грозде Алексовски
Бр. на индекс 9733

Скопје, 2018
Содржина:
1. Вовед .................................................................................................................... 3 стр.
2. Поим и значење на браните ............................................................................... 5 стр.
2.1. Основни делови на браната ........................................................................ 5
стр.
2.2. Елементи на браните и акумулациите ........................................................ 6
стр.
3. Видови на брани ................................................................................................. 7 стр.
3.1. Гравитациони бетонски брани .................................................................... 8
стр.
3.1.1. Почетен избор на димензии за гравитационата браната .............. 9 стр.
3.2. Контрафорни брани ................................................................................... 10
стр.
3.3. Лачни брани ................................................................................................ 11
стр.
4. Најпознатите бетонски брани во светот ......................................................... 13 стр.
5. Заклучок ............................................................................................................. 19 стр.
6. Користена литература ...................................................................................... 20 стр.
7.
1. Вовед

Градежништвото, или подобро кажано, градежните достигнувања се дел од


нашиот секојдневен живот. Градежништвото претставува уметност и наука за
проектирање и издигнување на градби и други материјални објекти. Овој термин
најчесто секојдневно се користи за да се опишат изградбите на зградите, станични
згради, аеродромски згради, патишта, железнички пруги, мостови, тунели, брани и
други структури.

Градежен објект е секоја одвоена, самостојна функционална целина (подземна,


надземна и водоградба), чија намена е однапред одредена и е трајно лоцирана на
одредена територија.Според видот, градежните објекти како дел од градежната дејност
се делат на објкети од високоградба и објекти од нискоградба. Високоградбата е
градежна работа што опфаќа изградба на објекти кои со својот поголем дел се наоѓаат
над површината на земјата, односно одат во висина а додека нискоградбата е градежна
работа што опфаќа изградба на објекти коишто претежно, односно со својот главен дел
се наоѓаат на површината на земјата или во земјата.

Уште 5000 години пред нашата ера на реките Еуфрат, Тигар, Нил почнале да ја
задржуваат вода за наводнување со помош на канали, бунари со насипи. Во Египет,
Персија, Јемен, Индија и Кина биле изградени првите столбови и ѕидарски брани.
Најстарата позната брана е браната Саад ел Кафара која што била изградена во Египет
во 2700 година. п.н.е., била виока 15 m, со цел да се заштитат од поплави и за да имаат
поголема контрола. Во северниот дел на Јемен, браната Мариб била изградена од лава,
вар и песок во VIII пред нашата ера, со цел за полесно и подобро наводнување. тоа
беше обновено во 1986 година. Најстарата брана била во Кина, која што е наречена
Гукова брана. Таа била висока 30 метри, а биле изградена 240 години пред нашата ера.

Најголем број на стари брани кои постој и ден денес се изградени во периодот
од 500-1300 п.н.е. Но со текот на години обликот на браните се променил низ
историјата. Денес со развојот на технологијата и новите достигнати технолошки
иновации за градење внесени се големи позитивни промени во проектирањето, а
воеедно и градењето на браните. Денес иновативноста и големата способност на
градежниците со големи имиња ширум светот создаваат се повеќе привлечни брани,
кои што не само што помагаат за да се генерира електрична енергија илнаводнување на
околното земјиште, туку привлекуваат и голем број туристи.

Во овој семинарски труд, ќе се задржиме на бетонски брани, нивната поделба како и


примери за најинтересните и најпосетуваните брани на нашата планета.
2. Поим и значење на браните

Браните се водопотпорни хидротехнички објекти кои се градат нормално на


речното корито и треба да овозможат формирање на акумулационен простор со кој ќе
се постигне просторна и временска прераспределба на расположливите водни ресурси.
Со издигнување на нивото на водата се појавува денивелација помеѓу горната и
долната вода и тој пад може да се користи за да се произведува електрична енергија

Браната претставува градба подигната преку корито на природен или вештачки


водотек со цел да се подигне првобитното ниво на водата спротиводно од браната.
Подигањето се врши за да се добие пад за искористување на водната снага, да се
зголеми длабочината на водата во водотекот заради олеснување на пловноста или за
собирање на поголеми количини вода, потребни за регулација и истекување на водните
количини во водотекот низводно од браната, за производство на електрична енергија
или за наводнување на поголеми подрачја. Кај планинските потоци, браните служат за
зацврстување и осигурување на поточното корито.

2.1. Основни делови на браната

Основни делови на браната се: тело, прелив, испусти и слапови.

Телото на браната го презема притисокот на водата и другите сили кои делуваат


на браната и ги пренесува преку темелната површина на дното и страните на речната
долина или корито. Горниот дел на телото се завршува со круна на браната, а тоа е
највисоката површина на браната, која обично се користи за пат за одржување или
пешачка патека. Долните и страничните делови на телото се прицврстени во дното и
страните на речната долина или корито, а завршуваат со темелната површина што е
најниска точка на браната.

Преливите се сместени на највисоката точка на вештачкото езеро и служат за


одвод (евакуација) на поплавните води од езерото во речното корито. Така круната на
браната се штити од прелевање. Водата преку преливот може да се прелива слободно
или пак прелевањето да биде контролирано со капии. Преливите со отворено одводно
корито се сместуваат на телото на браната или на страната на вештачкото езеро, а
преливите со вертикално преливно окно и водорамен одводен тунел се сместуваат во
вештачкото езеро.
Испустите служат за празнење на вештачкото езеро, за искористување на
водите од езерото, а низ нив може да се плакни наталожениот нанос. За контрола на
испуштањето на водата низ испустите служат капии. Испустите поминуваат низ телото
на браната или страничниот дел на преградното место на браната.

Слаповите служат за распрснување на водениот млаз кој преминува преку


преливот или низ испустот, со што го спречува разорувањето на речното корито и
поткопувањето на темелите на браната. Тоа се базени со кои одводните корита на
преливите и испустите се споени со природното корито на реката. По потреба, со
браните се градат исто така и корита за пропуштање дрва, рибји патеки, бродски
преводници и други градби, чија цел е да ги овозможат оние корисни дејности на
реката што браната со пресекување на водениот тек ги оневозможила. За преземање на
можни мерки за спречување на оштетување или рушење на браната, состојбата на
браната постојано се следи, се посматраат сите настани во врска со браната и нејзината
околина (поместувања и напрегања) на браната и на тлото на нејзиниот темел,
метеоролошки и хидролошки прилики, сеизмолошки делувања, мерење на
деформациите.

2.2. Елементи на браните и акумулациите

Кај сите типови на брани се разликуваат три карактеристични коти на водата во


акумулацијата:

- кота на мртвиот простор (КМП),


- кота на нормално ниво (КНН) и
- кота на максимално ниво (КМН).

Трите карактеристични коти на водата ја делат акумулацијата на три дела и тоа:

- мртов простор кој не се користи, а се очекува во текот на експлоатацијата на


акумулацијата да се засипе со нанос,
- кристен простор кој е дел од акумулацијата и чија зафатнина на вода се користи
за наменетите цели и
- ретензионен простор, расположен меѓу нормалното и максималното ниво,
служи за задржување или ублажување (трансформација) на поплавни бранови.
На Сликата 1 се означени основните елементи на браната: круна на браната која е
највисока хоризонтална површина на браната издигната над максималното ниво на
водата за височина, спротиводна страна на браната, низводна страна на браната, кота
на долна вода (КДВ), односно кота на водата во речното корито низводно од браната и
основа или темел на браната.

Слика 1. Елементи на браната

3. Видови на брани

Според големината и сложеноста на градењето, браните се делат на големи и


останати. Големи брани се оние кои се повисоки од 15 метри (мерено од најниската
точка на темелната површина до круната на браната) и брани со висина меѓу 10 и 15
метри, кои задоволуваат барем еден од следниве услови: круната да биде подолга од
500 метри, зафатнината на вештачкото езеро добиена со градење на браната да биде
поголема под милион m³, најголемата поплавна вода која се пропушта преку преливот
на браната да биде поголема од 2 000 m³/s, особено сложени услови на темелење на
браната, брана со нетипично решение.

Според начинот на градење и материјалот, браните се делат на насипани,


бетонски и ѕидани со камен, кои денес се многу ретки. Браните најчесто се градат од
локални материјали: глина, иловица, песок, чакал, кршен камен, потоа од бетон,
армиран бетон, а за одделни конструктивни елементи уште се употребува и асфалт,
челик, дрво, пластична маса и друго. Најчести се насипните брани, кои се изведуваат
со насипување на локални замјани и камени материјали, а потоа доаѓаат разни типови
на бетонски брани.

Бетонските брани се делат на:

- гравитациони ( масивни ) брани,


- контрафорни брани и,
- лачни брани

Овие брани може да бидат непреливни и преливни. Бетонските брани, исто како и
насипните брани, хоризонталните сили ги примаат со својата сопствена тежина. Сите
видови на брани, уште можат да бидат и проодни и непроодни, односно преку круната
на браната да се одвива или пак да не се одвива сообраќајот.

Фактори кои што влијаат при изборот на видот на браната се:

- Материјалот за градење
- влијанието врз животната средина и пејзажот
- легислативата
- економијата
- влијанието врз населението
- теренот ( основа, отпорност на вода )
- количината на водата
- топографијата ( V, H и дипозицијата )
- и др.

3.1. Гравитациони бетонски брани

Гравитационите бетонски брани имаат голема примена во праксата како во


минатато така и денес. Покрај бетонот кој служел како материјал, порано исто така
браните се граделе од камен и тула во малтер. Во конструктивен поглед се делат на
непреливни и преливни, a најчесто се градат во комбинација односно еден дел е
преливен, а другиот е непреливен.

Во однос на начинот на вградување на бетонот, гравитационите бетонски брани


може да бидат од конвенционален масивен бетон, кој што е вградуван во блокови со
внатрешно вибрирање или од валјан бетон, вградуван во тенки хоризонтални слоеви,
збивани со вибрации на виброваљци.

Овие брани се делат и во однос на основата на која е темелена браната и можат


да бидат: гравитациона брана на карпеста и на некарпеста основа. Основниот облик на
напреченот пресек на гравитационата брана е во форма на триаголник.

Преливните гравитациони брани може да бидат со безвакумски и вакумски


напречен профил. Најчесто на преливниот дел на браната се поставуваат подвижни
затворачи, кои при појава на големи поплавни води се отвараат за да ги пропуштаат
големите води.

Гравитационите бетонски брани може да се градат и како олеснети гравитациони


брани. Гравитационите бетонски брани се спротивставуваат на надворешните сили
според сопствената тежина.

Најважно за овие брани е почвата на која се изградени да ги имаат следните


битни елементи:

- Да има доволно носивост за да ги прими тежината на браната и товарот кој е


потрепен на темелите,
- Да има ниска пропустливост на вода
- Да има монолитна структура ( без пукнатини ).

Гравитационите бетонски брани не се погодни за земјотреси.

3.1.1. Почетен избор на димензии за гравитационата брана

Браната е цврсто тело кое во принцип не е подложено на свиткување. Исклучок


е слабеење на телото на браната ( галерии, дренажни прозорци, итн. ), кои посебно се
пресметани и соодветно засилени. Сите пресеци на браната, по правило, треба да бидат
цврсто притиснати. Сепак, поради латентната топлина во бетонот, конкретните брани
треба да бидат конструктивно засилени со околу 100 kg / m3 просторно засилување

Под браната, притисокот на истегнување не е дозволен во земјата, а притисокот


мора да биде помал од дозволените граници. Оваа состојба е задоволена ако
резултирачката ( R ) од сите сили поминува низ јадрото на делот на браната.
Границата е кога резултирачот поминува низ водниот раб на јадрото и одговара
на најмалиот дел од браната, односно најмалата ширина на браната на браната ( b ).

3.2. Контрафорни брани

Контрафорните бетонски брани преставуваат прегради кои се потпираат на


вертикални ѕидови - контрафори. Според конструкцијата на преградата се разликуваат
три основни видови на контрафорни брани:

- со масивна глава,
- со тенка рамна плоча и
- со тенка закривена плоча.

Се градат на преградни места со различни форми, но особено се добри кај широки


долини. Контрафорните бетонски брани треба да се градат на карпеста основа, но и
при помали височини се градат успешно, како и на полукарпести и некарпести основи.
Контрафорна бетонска брана кај нас, во Република Македонија е Прилепската брана.

Слика 2. Контрафорна брана со масивна глава


Слика 3. Контрафорна брана со рамна плоча и фундаментна плоча со дренажни
отвори
Слика 4. Контрафорна брана со закривена ( повеќелачна ) плоча

3.3. Лачни брани

Лачната брана е многу потенка од гравитациската бетонска брана. Градена е


како закривена витка плоча прицврстена на околниот терен, така што поголемиот дел
од оптоварувањето од акумулациската вода се пренесува на страниците на долината,
каде браната е наслонета и врзана за цврсти карпи. Со лачни брани се преградуваат
тесни долини со добри услови на темелење.

На основа на односот на дебелината на браната и нејзината висина се


разликуваат тенкостена ( помалку од 0,2 ), дебелостена ( од 0,2 до 0,4 ) и лачно-
гравитациска брана ( од 0,4 до 0,6 ).

Тенкостените лачни брани се градат од армиран, а останатите од обичен бетон


кој се армира само во ослабените пресеци (прелив, испусти, галерии и слично). Заради
следење на состојбата на браната и можност за дополнително инјектирање, се
изведуваат контролни галерии како и кај гравитациските брани. Преливот и испустите
најчесто се изведуваат на самата брана, односно во телото на браната. Ако имаат и
некои елементи на гравитациски брани, тогаш се нарекуваат лачно-гравитациски
брани.

Лачните брани настанале со идејата да се заштеди на трошоци на материјал и време


на изведба. Заради смалените мерки имаат многу поголеми деформации, па за нив од
големо значење и прашање е тврдоста на бетонот.

Во напречениот пресек лачните брани претставуваат конзоли кои може да имаат


различни форми ( слика 5. ). Основни параметри кај лачните брани се радиусот на
закривеност на лакот во основата, централниот агол, односот на ширината на
преградното место со височината на браната. Исто како и гравитационите бетонски
брани и овие брани се преливни и непреливни, преодни и непреодни за сообраќај.
Се градат на карпести основи и брегови, бараат тесни и високи долини, а
најчесто се изведуваат од бетон, армиран бетон и пренапрегнат бетон.
Слика 5. Лачни бетонски брани во пресек и основа

4. Најпознатите бетонски брани во светот


  Браната Хoвер

Еден од највпечатлив примери за бетонските брани е браната Хoвер која се наоѓа во


близина на Лас Вегас, воедно е и една од најголемите во светот.

Браната се наоѓа 48 километри од Лас Вегас, во САД. Туристите можат да ја


поседуваат слободно, со купување на билет по цела од 9 до 11 долари. Оваа брана
годинишно добива најмалку 9 милиони гости.

Слика 6. Hoover Dam

Изградбата на објектот започнал во 1931 година, а свечено бил отворена во 1935


година, две цели години подоцна од предвиденото . Направена е на реката Колорадо
во Црниот кањон и е граница помеѓу сојузните американски држави Аризона и Невада.
Наречена е едно од седумте светски чуда на модерниот свет и историски градежен
симбол од American Society of Civil Engineers. Центаралата Хoвер дава четири билиони
kWh струја секоја година. Преградувајќи ја реката Колорадо, браната го прави езерото
Мид ( Mead ), најголемото вештачко езеро на западната хемисфера. Се наоѓа близу
градот Булдер ( Boulder ), па ја нарекуваат и браната Булдер. Проектирана е од
инженерот Џон Л. Саваж ( John L. Savage ). Во темелите е широка 200 метри, а на
завршетокот се стеснува на 14 метри.
Во најгорниот дел на браната изградени се два часоцниви кои ги покажуваат
временските зони на државите Невада и Колорадо. Браната Хoвер е толку позната што
честопати е вклучена во снимањето на едни од најпознатите филмови
“Трансформаторите” и во “Универзалниот војник”.

Слика 7. Clocks at Hoover Dam

Еден од забавните експерименти за браната Хoвер е тоа што доколку се истура вода
од шише, водата нема да паѓа надолу, туку ќе се движи нагоре. Причина за ова „чудо“
е силниот ветар што се создава од огромното количество на вода што паѓа од браната.

 Браната Три Клисури

Ѕидовите на оваа брана, чија изградба започна во 1994 година, високи се 185 метри,
долги се 2.335 метри и се со широчина од 115 метри. Покрај тоа што е импресивена од
сите нејзини параметри, изградбата на оваа брана влијаеше врз животот на луѓето што
живееа во околината, бидејќи биле преселени над 1.300.000 жители.
Слика 8. Three Gorges Dam

Браната првпат беше ставена во погон во 2003 година, а кога работи со својата
целосна моќност, генерира 22,5 милиони киловати електрична енергија, што е исто
колку производството на 15 нуклеарни реактори.

Огромната и контроверзна брана Three Gorges (Три Клисури) изградена во


кинеската провинција Хубеи на реката Јанг Це, ги активираше и последните 32
генератори, со што оваа брана стана најмоќната во светот.

Слика 9. Three Gorges Dam in China

Во моментот низ неа минуваат 43.000 кубни метри вода во секоја секунда, а
браната е дизајнирана за да го намали ризикот од поплави во текот на сезоната на
дождови, и да ја слкадира и дистрибуира водата за време на сушната сезона.
„Кога браната работи со полн капацитет, таа е најмоќната брана во светот и најголем
производител на чиста енергија“ - вели Занг Ченг, главниот менаџер на браната.

 Браната Итаипу

Браната Итаипу се наоѓа на реката Парана на границата


помеѓу Бразил и Парагвај. Браната е двонационален потфат на Бразил и Парагвај на
границата меѓу двете земји на 15 km северно од Мостот на пријателство.

Оваа брана е најголемиот функционален хидроелектричен објект во поглед на


годишен капацитет за производство, произведувајќи 94.7 TWh (терават часови) во 2008
г. и 91.6 TWh во 2009 г., во споредба со капацитетот на браната Три Клисури кој во
2008 г. изнесуваше 80.8 TWh, а во 2009 г. 79.4 TWh.

Слика 10. Itaipu Dam

Браната Итаипу е долга 7,700 метри, висока 196 метри, а во мај оваа година
достигна 34 години од нејзиното отворање. Проточниот канал е со должина од 483 m.
Количеството на бетон употребено за изградба на електричната централа Итаипу би
било доволно да се изградат 210 фудбалски стадиони со големина како онаа на
Маракана. Количината на ископани земја и камења во Итаипу е 8.5 пати поголема од
копањето на Ла Манш, а, пак, количината на бетон е 15 пати поголема. Исто така,
железото и челикот кои биле употребени би биле доволни за изградба на 380 Ајфелови
кули.

 Браната Св. Андреја во Р.Македонија


Свети Андреја e лачна бетонска брана и таа претставува прва брана изградена
во Македонија, односно изградена e во 1938година. Лоцирана е на излезот на
реката Треска од тесната клисура, блиску до Скопје.

Слика 10. Поглед кон браната Св. Андреја

Браната Свети Андреја е функционално и естетски одлично е вклопена во теренот и е


проектирана од страна на архитектот Миладин Пеќинар. Градежните работи поврзани
со нејзината изградба целосно завршиле во 1938 година кога всушност бил изграден
патот кој денес води од браната до манастирската црква Св.Андреја и планинарскиот
дом. Дотогаш патот до Св.Андреја бил исклучително тежок и тешко достапен. Висока
е 29,5 m, долга 64 m, со волумен од 3.000 m³. Конструирана е со 10 хоризонтални лака,
со челен прелив со тунелски одвод во десниот брег. Наменета е за производство на
електрична енергија, односно за акумулирање на водите, кои потоа поминуваат низ
турбините на ХЕ Матка и ХЕ Св. Петка.

Браната е единствента ваква брана во светот. Таа е во облик на лак, а прстените во неа
се независни еден од друг така што ако тие пукнат не може да се случи хаварија. Св.
Андреја е училиштен тип централа бидејќи во неа се е видливо, до работното коло, за
разлика од поновите брани, во кои сите делови се блиндирани. Браната намерно не е
повисока од 30 метри за да не се случи ако надојдат водите, да се поплави
Андреашкиот манастир.

Браната преживеала две поплави. Првата поплава, која шест месеци ја блокирала
нејзината работа, била во 1962 година. Езерото тогаш било блокирано од нанос на
дрва. Втората поплава, се случила во 1979 година, каде што вработените успеале за
седум дена да го средат хаосот и да ја стават браната во функција.

5. Заклучок:
Градежништвото е уникатна длабока професија. Градежната форма е одраз на
идејата која настанува со планот каде што се развиваат новите технолошки решенија,
се комбинираат потребите и соништата со нова естетика.

Секоја генерација сонува за иднината, гради структури во согласност со тоа


каква ја замислува иднината. Се прават нови и се задржуваат постоечките естетски и
историски квалитети на сите објектите, како и на браните и истите се ставаат во нови
функции кои најповолно ќе го оживеат просторот со потполно нов сјај.
Градежништвото е образование, култура, информација, комуникација и слично.

Иднината на браните каде што воедно беше ставен и акцентот на оваа


семинарска работа е предмет на многу дебати. Секоја година над 100.000 животи се
изгубени во поплави, а контролата на поплави е главна причина за изградба на брани.
Животите на луѓето се подобрени со браните, бидејќи тие обезбедуваат снабдување со
вода за пиење но, и вода за наводнување. Но сепак, покрај сите предности што ги
имаат браните, тие исто така, можат да бидат и штетни за животната средина. Тие
можат да ги променат еко системите, да го променат квалитетот на водата, да
предизвикаат губење на земјоделкото земјиште и плодната почва, и дури можат да
влијаат на климата.

Користена литература:
[1] Concrete Dams, - J. Laginha Serafim

[2] Concrete dams (Publication) - H. D. Sharma

[3] Design and Analysis of Concrete Gravity Dams – Dr. Bakenaz A. Zeidan

[4] Gravity Dam Design and Construction [Paperback] – Ben She Yi Ming

https://www.cement.org/cement-concrete-applications/water-resources/dams

https://esub.com/how-to-build-a-dam/

You might also like