You are on page 1of 38

Универзитет “Св.

Кирил и Методиј”
Економски факултет – Скопје

Дипломски труд
на тема:

Анализа на финанската состојба и работењето на


Пивара Скопје АД

Студент: Ментор:
Божица Јованоскa Проф. Зоран Миновски
Индекс: 58102

Скопје, 2020
СОДРЖИНА

1. Вовед...................................................................................3
2. Примена на финансиските извештаи во анализа на
работењето на компаниите....................................................4
2.1. Кратка историја од почетокот па се до најуспешна
компанија со врвен квалитет – Пивара Скопје АД..........5
2.2. Финансиски извештаи – содржина и анализа.............6
3. Основи на финансиските извештаи (поим, содржина
и показатели и вредување).....................................................8
3.1. Биланс на состојба.........................................................8
3.2 Биланс на успех............................................................10
3.3 Извештај за паричните текови..................................13
3.4 Извешај за промени на капиталот............................16
4. Анализа на финансиските извештаи..........................18
4.1. Поим за финансиска анализа.......................................18
4.2. Хоризонтална анализа...................................................19
4.3. Вертикална анализа.......................................................23
5. Користење на финансиските показатели во
анализана работењето на компаниите..............................25
Заклучок..................................................................................35
Користена литература..........................................................37

2
1. Вовед

Зошто е потребна анализата на финансиските извештаи? - Одговорот се наоѓа во


несовршеноста на системот на финансиското известување, изразена преку: несовпаѓањето
помеѓу случувањето на деловните настани и нивното сметководствено признавање;
различниот сметководствен третман на исти деловни трансакции во различни земји,
дејности или компании; постоењето на значајни информации надвор од финансиските
извештаи кои се значајни за формулирање на оценка за работењето на компаниите и
слично. Анализата на финансиските извештаи претставува употреба на сметководствените
податоци во процесот на донесување деловни и инвестициони одлуки.

Зошто се корисни финансиските извештаи? Бидејќи, тие им помагаат на


инвеститорите и доверителите во донесувањето подобри економски одлуки. Целта на
финансиските извештаи е да се обезбеди подобро разбирање на финансиските извештаи
од самите корисници, со цел да се олесни процесот на одлучување.

Финансиските извештаи претставуваат прриближување до економската реалност,


поради селективното известување за финансиские настани од сметководствениот систем,
придружено со алтернативни сметководствени методи и процени. Тенденцијата на
задоцнето сметководствено признавање на некои трансакции и промените во
вреднувањето, укажуваат дека финансиските извештаи до одреден степен, не ја
прикажуваат најдобро реалноста.

Финансиската анализа претставува исцрпно истражување, квантифицирање,


дескрипција и оценка на финансискиот статус и успешност на работењето на
претпријатието.

Предмет на анализата на финансиските извештаи, конкретно, е годишниот извештај на


претпријатието кој содржи биланс на состојба, биланс на успех, извештај за паричните
текови, извештај за промените во капиталот, белешки и ревизорски извештај.

3
2. Примена на финансиските извештаи во анализа на работењето на
компаниите

 ПИВАРА СКОПЈЕ АД

Самата примена на финансиските извештаи ќе ја увидиме во анализата на


работењето на компанијата Пивара Скопје АД1.
Приказната на Пивара Скопје, повеќе од 90 години се создава со многу труд,
знаење, искуство и визија, на тим од високомотивирани, лојални и способни поединци,
извонредно добро обучени, почитувани и наградени. Пивара Скопје е производител на
меѓународно признаените брендови на пијалаци Coca-Cola и HEINEKEN, кои се
произведуваат локално во Македонија, во голема мера користејќи материјали и услуги од
локалниот пазар. Резултатите од работењето на Пивара Скопје, кои се движат од
производство до продажба на нејзините производи, далеку ги надминуваат резултатите
видливи за купувачите и за инвеститорите.
Освен што создава локално вработување и личен доход во нејзините производни
погони, Пивара Скопје ги поддржува вработеноста, личните примања и даночните
приходи во Македонија преку набавка на добра и услуги од разни добавувачи и продажба
на нејзините производи преку широко распространета продажна мрежа чии приходи
зависат од потрошувачката на производите на Пивара Скопје.
Успесите се вредни само ако се споделуваат. Пивара Скопје е компанија која гради
силни и позитивни релации со заедницата и вложува време и ресурси во поддршката на
општествените вредности во целина.

1
www.polnacasa.mk
4
2.1. Кратка историја од почетокот па се до најуспешна компанија со врвен
квалитет – Пивара Скопје АД

Парната пиварница во Скопје настанала, најмногу поради тоа што јужно од Јагодина
воопшто немало пиварници. Истовремено се отворила и Пиварница во Ниш, која била
помала и со помал капацитет од онаа во Скопје.
Во 1922 година било купено земјиште од 32.347 м2, покрај железничката линија
Скопје – Ниш, два километра источно од Скопје и почнала изградбата на фабриката.
Истата година е основано индустриското претпријатие Парна пиварница во Скопје.
Основачи биле двајца Чеси, инженерот Виктор Цајс и банкарот Карел Хусник. Тие
инвестирале сума од три милиони тогашни динари, која веќе наредната година била
удвоена, а во 1924 година изнесувала девет милиони динари.
Во наредните години компанијата се развива со континуиран успех со одлични стапки
на пораст на нето добивата и одличен пласман на производите кои биле со врвен квалитет
кој бил потврден од страна на потрошувачите. 19 мај 2003 година ќе биде запаметен во
историјата на Компанијата како датум на кој беа пуштени новите супермодерни постројки
за производство на пиво, безалкохолни пијалаци и вода, во што беа инвестирани 55
милиони долари. Со ова, Пивара Скопје го зголеми производството на своите пивски
брендови СКОПСКО и Горско и на безалкохолните пијалаци од палетата на Coca-Cola за
дополнителни 100 милиони литри.
Во изминатата деценија, па сè до денес Пивара Скопје континуирано го унапредува
своето работење во сите сегменти при тоа одржувајќи највисоко ниво на квалитет на
своите брендови.
Пивара Скопје одбележаа четврт век континуирани највисоки признанија на Monde
Selection за квалитетот на СКОПСКО, највисоки признанија за најдобар индекс на
квалитет за Coca-Cola, иновирање на портфолиото со збогатување на нови брендови,
вкусови и пакувања.
И понатаму остануваат посветени на одржувањето на највисоките позиции на нивните
брендови на домашниот пазар.
Она што ги чини посебно горди е значајното позитивно влијание кое го имаат на
социоекономските прилики во земјата преку креирање на работни места, на директен и

5
индиректен начин, креирањето дополнителна вредност за националната економија и
значајниот придонес во вкупниот прилив од даноци и акцизи во буџетот на Република
Северна Македонија.
Нивниот успех е заокружен преку нивната лидерска позиција во Одржливиот
развој, првенствено преку нивната посветеност на одржување на неприкосновениот
квалитет на нивните производи и услуги.
Во продолжение опис за тоа што всушност се финансиски извештаи, нивната содржина и
како се анализираат.

2.2. Финансиски извештаи – содржина и анализа

Финансиската анализа претставува помошна „алатка“ на финансискиот менаџмент,


која опфаќа евалуација на финансиската состојба и оперативните перформанси на
компанијата, индустријата, дури и целокупната економија, како и предвидување на идната
состојба и перформанси.
Финансиските извештаи претставуваат „слика“ за работењето на компанијата во
одреден временски период. Сè што работи една компанија се отсликува во финансиските
извештаи кои пак од друга страна не претставуваат цел сами за себе. Со нивната детална
анализа може да се добие вистинската претстава за местото и улогата на конкретната
компанија во однос на поширокото опкружување.
Во процесот на анализа на финансиските извештаи најчесто се користат информациите
содржани во Билансот на состојба, Билансот на успех и Извештајот за парични текови, а
поретко информациите содржани во Извештајот за промени во главнината.
 Билансот на состојба (The Balance Sheet) ја покажува состојбата на средствата,
обврските и капиталот на компанијата во точно определен временски момент. Тој
претставува фотографска снимка на состојбата на компанијата во тој момент.
 Во Билансот на успех 2(Income Statement) се прикажани промените кои настанале
во компанијата во определен временски период како резултат на деловната
активност на истата во тој период, односно се опфатени приходите и расходите. Тој

2
www.investopedia.com
6
помага да се разбере како настанале промените во Билансот на состојба на
компанијата. Особено промените во структурата на капиталот.
 Извештајот за парични текови го покажува движењето на парите во компанијата
во периодот за кој се изготвува. Остварениот финансиски резултат на еден деловен
субјект речиси никогаш не е еднаков со паричните средства прикажани во
Билансот на состојба. Како е можно една компанија која континуирано работи со
загуба да има високи износи на парични средства или од друга страна компанија
која остварила висок износ на добивка да има помалку парични средства?
Одговорот на овие прашања се наоѓа токму во прегледот за паричните текови.
 Извештајот за промените во капиталот, како што кажува и самиот назив, се
концентрира конкретно на промените кои настанале во структурата на главнината
на компанијата. Во него е прикажана структурата на капиталот на компанијата на
почетокот на годината, промените кои настанале во тек на годината (распределба
на финансискиот резултат, исплата на дивиденди, зголемување на капиталот и сл.)
и структурата на капиталот на крајот од годината.

Раководството на компанијата е одговорно за веродостојно и објективно презентирање


на финансиската состојба и успешното работење на компанијата, но тие не се
единствените корисници на информациите содржани во нејзините финансиски извештаи.
Корисниците на финансиските извештаи ги вклучуваат постојните и потенцијалните
инвеститори, вработените, кредиторите, добавувачите и другите доверители, купувачите,
Владата и нејзините агенции, јавноста со еден збор наречени стеикхолдери.
На финансиските аналитичари им стојат на располагање бројни методи и техники за
анализа на состојбата, успешноста и перспективите на компаниите. Како најзначајни и
најчесто применувани методи се јавуваат: хоризонтална, вертикална, анализа на трендот,
финансиска рацио анализа и Dupont анализа. Нивна заедничка карактеристика е изворот
на информации – вкупниот сет на финансиски извештаи на компаниите. Во зависност од
целта и аспектите од работењето кои се предмет на анализа, како извор на информации
може да се користат еден или повеќе финансиските извештаи (Биланс на состојба, Биланс
на успех, Преглед на паричните текови, Преглед на промени во капиталот, Објаснувачки
белешки и сметководствени политики).

7
Финансиските извештаи не можат да ги обезбедат сите информации потребни за
донесување на одлуките. Тие се однесуваат на минатото, а не и на идното работење на
компанијата. Тие, исто така, обезбедуваат само ограничен обем на нефинансиски
информации. Но и покрај тоа, финансиските извештаи од општ вид содржат информации
кои се заеднички за сите корисници.
Од тука произлегува и основната цел на финансиските извештаи кои се дефинирани и
во Меѓународните стандарди за финансиско известување, според кои: финансиските
извештаи даваат информации за општа намена, што понатаму значи дека една компанија
не може да изготвува различни финансиски извештаи за различни корисници, согласно
нивните специфични потреби и барања.

3. Основи на финансиските извештаи (поим, содржина и показатели и


вредување)

Како и што кажавме погоре финансиските извештаи претставуваат основа со цел да се


согледа финансиската состојба, односно резултатот од работењето на компанијата. Затоа
во прилог подетално ќе ги објасниме консолидираните финансиски извештаи, коишто се
објавени во консолидираниот годишен извештај за работењето на “Пивара Скопје АД” со
состојба за годината што завршува на 31 декември 2019 година, во однос на 2018 год.

3.1. Биланс на состојба

Билансот на состојба 3ги прикажува сите средства и сите извори на средства на една
компанија во определен момент. Билансот на состојба се составува во вид на двостран
преглед, во кој средствата (активата) се искажуваат на левата, а капиталот и обврските
(пасивата) на десната страна (двострана форма, која не се користи во практиката) или во
вид на извештајна форма, во која средствата (активата) и претходат на капиталот и
обврските (пасивата) на компанијата.

3
Financial Statement Analysis: A Practitioner's Guide - Fernando Alvarez and Martin Fridson
8
Тука и основната сметководствена равенка која ја покажува билансната рамнотежа:

СРЕДСТВА = ОБВРСКИ + КАПИТАЛ

Билансот на состојба покажува колку деловниот субјект има и колку должи. Што има
се гледа на страната на средствата, а што должи се гледа на страната на изворите на
средствата. Средствата и обврските можат да се разграничат како тековни и нетековни.

 Во продолжение е прикажан извештајот Биланс на состојба изготвен според


Меѓународните стандарди за финансиско известување на Пивара Скопје АД;

( во илјади )

Белешки 2019 2018


СРЕДСТВА
Нетековни средства
Недвижноста, постројки и опрема 13 3,191,389 2.990.100
Нематеријални средства 14 82.808 92.442
Вложени средства расположливи за
Продажба 15 14.209 18.706
Одложени даночни средства 724

Вкупни нетековни средства 3.289.130 3.101.248

Тековни средства
Залихи 16 265,907 253,623
Побарувања од купувачи 17 389,084 426,795
Останати тековни средства 18 41,089 21,287
Пари и парични еквиваленти 19 130,500 93,327
Вкупни тековни средства 826,580 795,032

ВКУПНИ СРЕДСТВА 4,115,710 3,896,280

КАПИТАЛ И ОБВРСКИ
Капитал
Акционерски капитал 2,086,572 2,086,572
Резерви 208,657 208,658
Акумулирана добивка 981,443 961,859

9
Сопствени акции (226,951) (226,951)
Вкупно капитал 20 3,049,721 3,030,138

Долгорочни резервации 21 3,524 1,828

Тековни обврски
Обврски кон добавувачи 22 702,210 551,308
Обврски за данок од добивка 23 21,479 25,463
Останати тековни обврски 24 338,776 287,543
Вкупно обврски 1,062,465 864,314

ВКУПНО КАПИТАЛ И
ОБВРСКИ 4,115,710 3,896,280

3.2 Биланс на успех

Субјектот ги утврдува приходите, расходите и резултатот од работењето (добивка


или загуба) во образец БИЛАНС НА УСПЕХ (ИЗВЕШТАЈ ЗА СЕОПФАТНА ДОБИВКА).
Билансот на успех го покажува успехот или неуспехот во работењето на деловниот
субјект за одреден временски период (најчесто една календарска година). Елементите кои
се директно поврзани со мерењето на успешноста при работењето во Билансот на успех се
приходите и расходите.

ПРИХОДИ - РАСХОДИ = ДОБИВКА / ЗАГУБА

Приход 4 е зголемување на економската корист во текот на пресметковниот период


во вид на приливи - зголемувања на средствата, или намалување на обврските, кои
резултираат во зголемување на главнината, освен оние кои се однесуваат на придонесите
од учесниците во главнината.

Расход е намалување на економската корист во текот на пресметковниот период, во


вид на одливи - намалување на средства, или правење на обврски кои резултираат во
намалување на главнината, освен оние кои се однесуваат на учесниците во главнината.

4
Economics: A Citizen's Guide to the Economy - Thomas Sowell
10
Добивка/загуба е резултат од работењето, пресметан врз основа на остварените
приходи и расходи во извештајниот период.

Деловниот субјект треба да презентира, било во рамките на Билансот на успех или во


белешките кон Билансот на успех, анализа на приходите и расходите, користејќи
класификација заснована или од природата на приходите и расходите или на нивната
функција во рамките на деловниот субјект

 Во продолжение е прикажан извештајот Биланс на успех изготвен според


Меѓународните стандарди за финансиско известување;

( во илјади )

Белешки 2019 2018


Приходи од продажба 5 5,320,599 4,178,362
Производни трошоци содржани во
продадени производи и набавна
вредност на продадени трг.стоки 6 (2,900,169) (2,030,627)
2,420,430 2,147,736

Маркетинг и продажни трошоци 7 (752,909) (674,558)


Трошоци за складирање и дистрибуција 8 (276,890) (196,481)
Адинистративни трошоци 9 (279,649) (196,372)
Добивка од редовното работење 1,110,982 1,080,325

Финансиски приходи (нето) 11 1,190 2,625

ДОБИВКА ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ 1,112,172 1,082,950

Данок на добивка 12 (130,729) (121,091)

ДОБИВКА ЗА ГОДИНАТА 981,443 961,859

 Можеме да согледаме дека нето добивката која се добива од кога сите камати и
данок на добивка ќе се одземе значително се зголемила во однос на минатата

11
година. Тоа значи дека претпријатието значително ги искоординирало своите
ресурси во остварување на поголема успешност и зголемување на самата добивка.

3.3 Извештај за паричните текови

12
Извештајот за парични текови (cash flow statement), како еден од позначајните
финансиски извештаи од понова природа, претставува преглед на сите парични приливи и
одливи за одреден временски период, кои произлегуваат од оперативните, финансиските и
инвестиционите активности на компанијата.

Со овој извештај всушност се дообјаснуваат настанатите промени во Билансот на


состојба и се надополнуваат податоците и информациите од Билансот на успех.
Извештајот за паричните текови (cashflowstatement) - приливи и одливи на пари и парични
еквиваленти, е регулиран со МСФИ 7, кој не пропишува образец или задолжителни
компоненти во него, туку го пропишува методот на изработка (директен или индиректен)
и класификацијата на активностите како;

 парични текови од оперативни (деловни) активности се главни кои му


генерираат приходи на деловниот субјект и од други кои не се инвестициони или
финансиски;

 парични текови од инвестициони (вложувачки) активности се стекнувања и


отуѓувања на нетековни средства и други вложувања кои не се вклучени во
паричните еквиваленти;

 парични текови од финансиски активности резултираат во промени на


големината и структурата на сопствениот капитал и позајмувањата на компанијата.

Паричните еквиваленти се чуваат со цел да се излезе во пресрет на краткорочните


парични обврски. За да се квалификува еден паричен еквивалент за вложување тој треба
брзо да се конвертира во познат износ на пари и да биде предмет на незначителен ризик од
промена на неговата вредност. Според тоа, едно вложување обично се квалификува како
паричен еквивалент само кога има краткорочно доспевање од да речеме, три или повеќе
месеци од датумот на стекнувањето.
Вложувањата во главнината се исклучуваат од парични еквиваленти, освен во случаи
кога тие се во суштина парични еквиваленти, како на пример, приоритетни акции
стекнати во краткиот период на нивното доспевање и со специфициран датум за
откупување. Информациите за паричните текови, корисниците на финанските извештаиги

13
користаткако за процена на можноста на деловниот субјект да генерира пари и парични
еквиваленти, така и за процена на потребите на истиот да ги користи тие парични
средства.

Единствено Извештајот за паричните текови се изготвува врз основа на


принципот на наплатена реализација, а не врз основа на принципот на фактурирана
реализација.

Паричните средства ги опфаќаат средства во денарската и девизната благајна како


и паричните средства на жиро-сметките и на девизните сметки на компанијата.

На следната страна е прикажан Извештај за паричниот тек, изготвен според


Меѓународните стандарди за финансиско известување.

( во илјади )

14
2019 2018

15
ПАРИЧНИ ТЕКОВИ ОД ОПЕРАТИВНИ
АКТИВНОСТИ
Добивка пред оданочување 981,443 961,859
Непарични прилагодувања:
Амортизација 248,866 162,904
Приход од вложувања (25) (338)
Финански приходи (1,165) (2,287)
Отпис/обезвреднување а вредноста на основни с-ва 25,422 8,019
Исправка на вредноста на сомнителни испортни 3,498 3,385
побарувања и останати резервации
Добивка од продажба на основни средства (4,406) (4,203)
Добивка од продажба на финансиски инструменти (3,954)
Данок на добивка 131,453 121,091
Одложени даночни расходи (724) -

Паричен тек од редовните активности 1,380,407 1,250,430


Пред промените во работниот капитал

Зголемување на побарувања од купувачи (7,321) (132,596)


Зголемување на залихи (12,286) (127,727)
Зголемување на обврски кон добавувачи 150,901 232,906
Зголемување на останати тековни обврски 42,823 33,061
Зголемување на останати тековни средства 25,651 10,831
Паричен тек од работење 1.580.175 1.266.905

Примени камати 724 1,538


Платени камати (189) (3)
Намалено за платен данок на добивка (135,437) (128,412)
Нето паричен тек од редовни активности 1,445,273 1,140,028

ПАРИЧНИ ТЕКОВИ ОД ИНВЕСТИЦИОНИ


АКТИВНОСТИ
Нето пораст на основните средства и
инвестиции во тек (457,168) (424,309)
Приходи од продажба на основни средства 2,450 10,655
Примени дивиденди 25 25
Нето паричен тек од инвестициони активности (454,693) (413,316)

16
ПАРИЧНИ ТЕКОВИ ОД ФИНАНСИСКИ
АКТИВНОСТИ
Платени дивиденди на акционерите (961,859) (808,956)
Приходи од продажба на финансиски инструменти 8,452
Заеми кон поврзани субјекти - (491,982)
Заеми вратени од поврзани субјекти - 491,982
Намалување на уплатени резерување - (134,023)

Нето паричен тек од финансиски активности (953,407) (924,979)

Намалување на паричните средства и паричните 37,173 (216,267)


еквиваленти во текот на годината

ПАРИЧНИ СРЕДСТВА
На почетокот на годината 93,327 309,594
На крајот на годината 130,500 93,32

3.4 Извешај за промени на капиталот

Извештајот за промени во капиталот 5, кој уште е познат и како Извештај за


промени во главнината, е востановен како компонента на финансиските извештаи од 1999
година. Во него се прикажани сите промени во капиталот на една компанија, вклучувајќи
ги и оние кои не се опфатени во другите финансиски извештаи.

Ентитетот треба да презентира извештај за промени во главнината во кој ги покажува:

 Вкупната сеопфатна добивка за периодот, прикажувајќи ги одвоено


 Вкупните износи кои им се припишуваат на сопствениците на матичното друштво
и на неконтролираното учество. За секоја компонента на главнината, ефектите на
ретроспективната.

5
Statement of Changes in Equity: Statement of Changes in Equity: Judith Pope (Author)
17
 Примена или ретроспективното повторно прикажување - признаени во согласност
со МСС 8.
 За секоја компонента на главнината, усогласувањето помеѓу сметководствената
вредност на почетокот и на крајот на периодот, одвоено ги обелоденува промените
кои се резултат на:
 добивката или загубата;
 секоја ставка на останата сеопфатна добивка;
 трансакции со сопствениците во нивното својство на сопственици,
покажувајќи одделно уплати од и распределби на сопственици и промени
во сопственичкото учество во подружници кои не резултираат во губење на
контролата.

Ентитетот треба да го прикаже (во Извештајот за промени во главнината или во


белешките), износот на дивиденди признаени како распределба на сопствениците во текот
на периодот, како и износот по акција.
Акционерски Законски Сопствени Задржана Вкупно
капитал резерви акции добивка

Состојба на 1 јануари 2,086,572 342,680 (226,951) 808,957 3,011,258


2018
Добивка за 2018 - - - 961,859 961,859
Намалување на законск - (134,023) - - (134,023)
резерви
Состојба на 31 2,086,572 208,657 (226,951) 981,443 3,049,721
декември 2018

Сеопфатна добивка
Добивка за 2019 - - - 981,443 981,443
Дивиденди - - - (961,853) (961,859)
Состојба на 31 2,086,572 208,657 (226,951) 981,443 3,049,721
декември 2019
Вкупниот број на обични акции на 31 декември 2019 година е 179,970 со
номинална вредност од МКД 11,594 еднакво на УСД 200 по акција ( 31 декември 2018 со
номинална вредност од МКД 11,594 еднакв на УСД по акција).

18
Во текот на 2019 година, Пивара Скопје АД има исплатено дивиденда во вкупен износ од
961,859 илјади денари, кои што се ондесуваат на добивката од 2018 година.

4. Анализа на финансиските извештаи

4.1. Поим за финансиска анализа

Финансиската анализа на извештаи 6се занимава со одредување и истражување на


односите и врските кои постојат помеѓу позициите на Билансот на состојба, Билансот на
успех и Извештајот за парични текови, на начин на кој се овозможува правилна процена
на финансиската состојба, перформанситеи ликвидностана бизнисот. За да се исполни
оваа задача,на финансиските аналитичари на располагање им стојат поголем бројалатки и
техники за анализа.
Во анализата на финансиските извештаи се користат следните методи (инструменти):

 хоризонтална анализа
 вертикална анализа
 анализа на основни финансиски показатели ( индикатори )
 анализа на нето обртен капитал и
 “ левериџ“ анализа.

Во продолжение се обработени дел (најчесто користените) од горенаведените методи


(инструменти).

4.2. Хоризонтална анализа

6
Agarwal Prashad Narain, “Analysis of Financial statements”, National
19
Генерално прифатените сметководствени принципи бараат презентација на
компаративни финансиски извештаи за секоја компанија, од кои се добиваат податоци за
тековната и претходната година. Појдовна точка во проучување на таквите извештаи
претставува хоризонталната анализа.

Хоризонталната анализа на финансиските извештаи се среќава и под поимот


компаративна анализа. Таа се врши со споредување на последователните биланси на
состојба, биланси на успех и извештаи за парични текови за две или повеќе години, со цел
за согледување на промените во индивидуалните категории кои настанале во тек на
анализираниот период. Најважниот елемент кој се открива преку оваа компаративна
финансиска анализа е трендот на движење на одделните ставки од финансиските
извештаи. Споредбата на финансиските извештаи во тек на неколку години го открива
правецот, брзината и обемот на промена на елементите на финансиските извештаи.

Хоризонталната анализа на финансиските извештаи се врши со повторно


изразување на вредноста на секоја ставка или група на ставки од финансиските извештаи
во проценти. Калкулацијата на процентите се врши на тој начин што се избира една
базична година и вредноста на сите ставки од таа година се изразува како 100%. Потоа,
вредноста на истите ставки или групи на ставки во претходните и следните години кои се
анализираат, се изразуваат како проценти од вредностите на ставките од базичната година.
Добиените резултати со ваквата пресметка се нарекуваат индексни броеви или стапки на
трендот.

Во спроведувањето на анализата, финансиските аналитичари настојуваат да ги


пронајдат варијаблите или ставките кои означуваат подобрување или влошување на
трендот на појавите и претставуваат предизвик за акционерите во донесувањето на
нивните деловни одлуки. Како пример, врз основа на одредена анализа на финансиските
извештаи аналитичарот може да ги постави следните прашања:

- Зошто постои пораст на залихите во компанијата? Дали настанала промена на


политиката на залихи?
- Зошто постои промена на висината на даноците? Дали постои промена во
даночната политика или зголемување на продажбата и профитот?

20
- Зошто се јавува зголемување на вредноста на постојаните средства, а во исто
време намалување на долгорочниот долг?
- Како се вршело финансирање на порастот на овие средства?

Ова се само неколку примери на прашања кои можат да бидат предмет на анализа од
страна на менаџментот и предмет на дискусија. Во практиката на работењето на
компанијата може да се јават безброј останати прашања кои може да произлезат од
компаративната анализа на финансиските извештаи и кои се предмет на детална анализа
за согледување на трендот во развојот на работењето на компанијата.

Главни карактеристики на хоризонталната анализа се:

- ги следи промените на поодделните елементи на финансиските извештаи во тек на


повеќе последователни временски периоди;
- се воочува тенденцијата и динамиката на промените на поодделните елементи во
финансиските извештаи во тек на повеќе последователни временски периоди,
- клучна варијабла е времето,бидејќи со споредба на вредностите на
- поединечните ставкиод финансиските извештаи во различни временскипериоди се
донесува заклучок за движењето на појавите во периодот кој е предмет на
анализата, при што може да се утврдат проблематичните точки во работењето.

На следниот приказ е прикажан практичен пример за Хориозналната анализа којашто е


прикажана низ Билансот на состојба на Пивара Скопје АД.

21
2019 2018 Разлика Процент
СРЕДСТВА 4,115,710 3,896,280 219430 5.36%
Нетековни средства 3.289.130 3.101.248 187882 6.06%
Недвижноста, постројки и опрема 3,191,389 2.990.100 201289 6.73%
Нематеријални средства 82.808 92.442 (9634) (10.42%)
Вложени средства расположливи за (4497) (24.04%)
Продажба 14.209 18.706
Одложени даночни средства 724 724 100%
-
3.97%
Тековни средства 826,580 795,032 31548
Залихи 265,907 253,623 12284 8%
Побарувања од купувачи 389,084 426,795 (37711) 8.83%
Останати тековни средства 41,089 21,287 19802 93.02%
Пари и парични еквиваленти 130,500 93,327 37173 39.83%
Капитал и обврски 4,115,710 3,896,280 219430 5.63%
Капитал 3,049,721 3,030,138 19583 0.64%
Акционерски капитал 2,086,572 2,086,572 - -
Резерви 208,657 208,658 (1)
Акумулирана добивка 981,443 961,859 19584 2.03%
Сопствени акции (226,951) (226,951) - -
22.92%
Тековни обврски 1,062,465 864,314 198151
Обврски кон добавувачи 702,210 551,308 150902 27.37%
Обврски за данок од добивка 21,479 25,463 (3984) 15.64%
Останати тековни обврски 338,776 287,543 51233 17.81%

Како што може да видиме од прегледот, настаната процентуална промена која што
настанала како разлика помеѓу вредноста на средствата, капиталот и обврските во 2019
година и вредноста во 2018 година можеме да заклучиме дека промената е негативна и ако
таа не е во големи проценти во однос на 2018 година, односно може да се забележи дека
иако капиталот се зголемил за 0,64%, обврските се зголемиле за 22,92%. Залихите во
однос на минатата година се зголемиле за 8% што значи дека политика која што е
воведена во тековната година резултира со недостатоци и негативни резултати.

22
Ова се само неколку примери кои можат да бидат предмет на анализа и дискусија
од страна на менаџментот и може да се јават безброј прашања кои произлегуваат од
компаративната анализа на финансиските извештаи и кои се предмет на детална анализа
за согледување на трендот во развојот на работењето на компанијата. И ако
хоризонталната анализа се прави за период од 2 или повеќе последователни периоди, за
целосно согледување на развојот на трендовите потребен е подолг временски период,од
најмалку 4 до 5 години.

4.3. Вертикална анализа

23
Вертикалната анализа на финансиските извештаи ја открива врската, која постои
помеѓу секоја поединечна ставка од финансиските извештаи и одредена специфична
ставка која претставува основа и се означува со 100%.

Во продолжение е прикажан пример за Вертикална анализа на Биланс на успех;

2019 2019 (%) 2018 2018(%)

Приходи од продажба 5,320,599 100% 4,178,362 100%


Производни трошоци содржани во (2,900,169) 54,508% (2,030,627) 48,59%
продадени производи и набавна
вредност на продадени трг.стоки
(752,909) 14,15% (674,558) 16,14%
Маркетинг и продажни трошоци
Трошоци за складирање и (276,890) 5,20% (196,481) 4,70%
дистрибуција
Адинистративни трошоци (279,649) 5,25% (196,372) 4,69%
Добивка од редовното работење 1,110,982 20,88% 1,080,325 25,85%
Финансиски приходи (нето) 1,190 0,22% 2,625 0,062%
ДОБИВКА ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ 1,112,172 20,90% 1,082,950 25,91%
Данок на добивка (130,729) 2,45% (121,091) 2,89%

ДОБИВКА ЗА ГОДИНАТА 981,443 18,44% 961,859 23,02%

Во Билансот на состојба како основа најчесто се зема вредноста на вкупните


средстваи се означува со 100, додека останатите позиции се изразуваат како проценти од
вкупните средства.
Во Билансот на успех на Пивара Скопје како основа најчесто се земаат приходите од
продажбата (кои се означуваат со 100), додека останатите позиции се изразуваат како
проценти на приходите од продажбата.

24
 Како што кажавме и погоре како база се земени приходите од продажба и
процентуално се изразени останатите позиции во билансот на успех. Врз основа на
Вертикалната анализа можеме да утврдиме дека бидејќи двете години не се со
негативен предзнак, можеме да заклучиме дека добивката од тековната година на
Пивара Скопје значително се зголемила од минатата година за 4,58% како што и
погоре констатиравме додека го анализиравме самиот Биланс на Успех дека самата
добивка во апсолутен износ значително се разликува во однос на претходната
година.

Финансискиот извештај во кој секоја ставка се изразува во проценти од одредена базна


големина е познат под називот „common-size statement“. Подготовката на ваквите
извештаи е многу корисна за понатамошната споредба на остварувањата на компанијата
со просекот во дејноста и со другите компании, но и со остварувањата на самата
компанија во различни временски периоди. Исклучително важна предност при ваквиот
начин на вертикална анализа е што се исклучува влијанието на инфлацијата, кој се
рефлектира во финансиските извештаи, доколку истите се набљудуваат во апсолутна
големина, наместо како процентуални износи.

5. Користење на финансиските показатели во анализана


работењето на компаниите

25
Донесување ефикасни економски одлуки од страна на корисниците на
финансиските извештаи бара проценка на способноста на деловниот субјект да генерира
пари и парични еквиваленти, како и на навременоста и извесноста на нивното генерирање.
Корисниците подобро можат да ја проценат оваа способност за генерирање на пари и
парични еквиваленти, доколку им се обезбедени информации кои се концентрирани на
финансиската состојба, успешноста во работењето и промените во финансиската состојба
на деловниот субјект.
Финансиската состојба на даден деловен субјект е под влијание на економските
ресурси кои ги контролира, неговата финансиска структура, неговата ликвидност и
солвентност и неговата способност да се прилагоди на промените во опкружувањето во
коешто дејствува.
Информациите за финансиската структура се корисни за предвидување на идните
потреби за позајмувања на субјектот и за тоа како идните добивки и парични текови ќе
бидат распределени на оние кои имаат учество во деловниот субјект.
Информациите за ликвидноста и солвентноста се корисни за предвидување на
способноста на деловниот субјект да ги исполнува своите финансиските обврски кога
доспеваат. Ликвидноста се однесува на расположливоста на паричните средства, во блиска
иднина, откако ќе бидат земени предвид финансиските обврски во текот на овој период.
Солвентноста се однесува на расположливоста на паричните средства во текна
подолгорочен временски период за исполнување на финансиските обврски кога доспеваат.

Информациите за успешноста во работењето на деловниот субјект, поконкретно за


неговата профитабилност, се потребни за процена на потенцијалните промени во
економските ресурси кои веројатно ќе бидат под контрола во иднинa. Информациите за
успешноста во работењето се корисни за предвидување на способноста на ентитетот да
генерира парични текови со своите постоечки ресурси. Исто така, тие се корисни за
формирање мислење за ефективноста со која деловниот субјект може да користи
дополнителни ресурси.
Финансиските показатели се релативна големина, однос на две или повеќе избрани
нумерички вредности земени од финансиските извештаи на компаниите.

26
Вредностите кои се користат при пресметување на финансиските показатели се
земаат од финансиските извештаи, како Билансот на состојба, Билансот на успех, а
понекогаш и Извештајот за парични текови.
Финансиските показатели се најчесто користена алатка во квантифицирање
различни аспекти на бизнисот, кои всушност го претставуваат суштинскиотдел во
анализата на финансиски извештаи. Финансиските показатели (рацио-броеви) се
категоризирани според финансискиот аспект кој се мери со показателот.
Показателите на профитабилност се сметаат за најважни показатели при оценка на
бонитетот на друштвото. Поради тоа треба да им се посвети посебно внимание. Иако
пресметката на показателите на профитабилност изгледа едноставна, анализата ќе покаже
дека тоа не е така. Поради тоа пресметаните показатели дополнително се анализираат.
Потоа, се дава вкупна оценка за профитабилноста.

Анализа на профитабилноста на компаниите

Показатели за анализа на профитабилноста на компаниите се:

 Бруто профитна маржа ( Gross Profit Margin ); ( која што се добивка како разлика
помеѓу продажбата и трошоците на продадени производи / продажба )

 Оперативна профитна маржа ( Operating Profit Margin ); ( која што се добива како
разлика помеѓу продажбата и трошоците на продадени производи и оперативните
трошоци / продажба, или оперативна добивка / продажба )

 Нето профитна маржа ( Net Profit Margin ); ( која што се добива кога нето
добивката ќе се подели со продажбата )

 Враќање на сопствениот капитал ( ROE ); ( која што се добива кога нето добивката
од тековната година ќе се подели со просечно ангажиран ( користен ) сопствен
капитал )

27
 Враќање на средствата ( ROA ); ( која што се добива кога од нето добивката од
тековната година ќе се подели со (збориот од вкупните средства од претходната
година и вкупните средства од тековната година, поделено со 2 ))

Како најважни показатели со цел да се увиди профитабилноста на компанијата ќе увидиме


каква е профитабилноста на Пивара Скопје во однос на податоците од 2019 година во
однос на податоците на 2018 година.

Година 2019 2018


Бруто профитна маржа 45,50 25,86
Оперативна профитна маржа 20,88 25,86
Нето оперативна маржа 18,44 23,02
Враќање на сопствениот капитал ( РОЕ ) 32,19 31,74
Враќање на средствата ( РОА ) 23,84 24,69

За поголемиот дел од показателите на профитабилност важи правилото - повисока


вредност на овој коефициент во однос на коефициентот на конкурентските фирми или
коефициентите од претходните години значи дека на бизнисот му оди добро.
Може да се заклучи дека врз основа на резултатите од показателите на профитабилноста
компанијата “ Пивара Скопје АД“ остварува задоволителни резултати бидејќи сите
показатели се позитивни.

Показатели за деловна активност

Показателите за деловна активност7, познати уште и како показатели на обртот, ја


покажуваат брзината со која компанијата остварува обрт на побарувањата, залихите,
7
www.ratio-analysis.org

28
долгорочните средства или пак на вкупните средства на компанијата. Овие показатели се
среќаваат и како показатели за ефикасноста на користење на средствата на компанијата.
Стапката на обртот може да се пресметува за вкупните средства со кои располага
компанијата, или пак за одделни групи на средства.

Показатели за деловна активност на компаниите се:

 Обрт на вкупни средства кој што се добива кога вкупните продажби ќе се поделат
со просечно вкупните средства ( од тековната година за која што се пресметува и
претходната година поделано со 2 );

 Показател за обрт на залихите кој што се добива кога трошоците на продадените


производи ќе се поделат со просечните залихи ( залихи од тековната година за која
се пресметува и претходната година поделено со 2 );
 Исто така може да се пресмета коефициентот во однос на деновите на
врзување на залихите, кој што се пресметува кога 365 дена ќе се поделат со
претходно пресметаниот показател за обрт на залихите;

 Показател за обрт на побарувања кој што исто така се добива кога приходите од
продажба ќе се поделат со прочено пресметаните побарувања од тековната година
за која што се пресметува со претходната година поделено со 2;
 Во однос на показателот за обрт на побарувања исто така се пресметува
коефициент во однос на бројот на деновите односно просечен период на
наплата и тоа 365 се дели со показателот за обрт на побарубањата од
претходно пресметаниот показател;

Година 2019 2018


Обрт на вкупни средства 2,16 3,25
Показател за обрт на залихите 5,12 5,28
Денови на врзување на залихите 0,015 0,016
Показател за обрт на побарувања 4,15 4,39
Просечен период на наплата 0,30 0,20
29
Може да се увиди дека во однос на показателот на обрт на вкупните средства се
воочува малку поголема разлика во однос на останатите показатели. Самиот показател ги
покажува остварените приходи од продажбата од секој денар средства со кои располага
компанијата. Сам за себе овој показател не покажува речиси ништо, освен фактот дека
треба да се настојува истиот да биде што повисок. Ако една компанија може да генерира
повеќе продажба со помалку средства тоа значи дека има повисок коефициент на обрт
како што е случајот со Пивара Скопје во 2018 година остварува повеќе приходи од
продажба и поради тоа и коефициентот е повисок во однос на 2019 година, а од друга
страна тоа значи дека поефикасно ги искористувала средствата во претходната година.
Исто така треба да се земе во предвид и амортизираноста на средствата на
компанијата. Имено средствата на една компанија коишто се нови неамортизирани, а
средствата на друга компанија се со поголем износ на акумулирана амортизација,
стапките на обрт на двете компании може значително да се разликуваат.
Показателот за обрт на залихите го покажува бројот на обрт на залихите во текот
на годината, тој исто така е важен затоа што покажува кои производи/стоки имаат “ брз
излез “. Во однос на Пивара Скопје показателот за обрт на залихите не отстапува што
значи дека компанијата успешно се справува со своите производи односно покажува
успешен обрт. Стапката на обрт на побарувањата претставува сметководствена мера која
се користи за да се измери ефективноста на фирмата во давање стоки на кредит и наплата
на долговите. Стапката на обрт на побарувањата се користи за да се пресмета колку добро
компанијата управува со нејзините побарувања. Со одржување на сметката на
побарувањата, фирмите индиректно го продолжуваат бескаматниот кредит на своите
клиенти. Високата вредност на овој показател значи дека компанијата работи или на
готовинска основа или дека нејзиното кредитирање на побарувачите со стоки и наплата на
побарувањата е ефикасно. Ниската вредност на овој показател имплицира дека
компанијата не управува добро со должниците и треба повторно да ја процени својата
кредитна политика, со цел да си обезбеди навремено собирање на дадените кредити од кои
фирмата не заработува камата.

30
Показатели за анализа на ликвидноста

Показатели за анализа на ликвидноста ја мерат способноста на компанијата да ги


плати своите краткорочни обврски во рокот во кој доспеваат. Општо земено, колку се
повисоки овие показатели, толку е поголема сигурноста дека компанијата поседува
можност за покривање на краткорочните обврски.
Способноста на компанијата да ги претвори краткорочните средства во готовина, за да ги
покрие долговите е од најголема важност кога кредиторите бараат исплата.
Способноста на компанијата да излезе во пресрет на достасаните тековни обврски
најчесто се изразува на два начини: преку стапката на тековна ликвидност и стапката на
моментна (забрзана) ликвидност:
 Показател за тековна ликвидност кога ќе се стават во однос тековни ( обртни )
средства и тековни ( краткорочни ) обврски;
 Показател за стапка на моментна ликвидност кога ќе се пресмета разлика помеѓу
тековните средства и залихите, па разликата ќе се подели со тековните обврски
 Работен капитал како разлика помеѓу тековни средства и тековни обврски

Година 2019 2018


Стапка на тековна ликвидност 0,77 0,91
Стапка на моментна ликвидност 0,53 0,63
Работен капитал (235885) (69282)

Стапката на тековна ликвидност (Current ratio) е основниот тест за ликвидноста на


една компанија. Концептот на овој показател е да се утврди дали краткорочните средства
на компанијата (пари, парични еквиваленти, хартии од вредност, побарувања, залихи) се
доволни да се исплатат краткорочните обврски (сметки, краткорочни долгови, пресметани
трошоци, даноци). Оптималната вредност на стапката за тековна ликвидност зависи од
дејноста на компанијата, но најчесто се смета дека истата треба да изнесува 2. Ако
стапката на тековна ликвидност изнесува, на пример, 2 тоа значи дека компанијата има
два пати повеќе тековни средства од оние кои и се потребни за подмирување на тековните
31
обврски во текот на годината. Во анализата на Пивара Скопје таа изнесува помалку од 2
што значи дека нема доволно средства за да ги покрие своите тековни обврски.
Стапката на моментна ликвидност, која уште се нарекува и стапка за забрзана
ликвидност, е построг тест за испитување на ликвидноста на една компанија. Оваа стапка
го прочистува коефициентот на тековна ликвидност, со мерење на износот на
најликвидните тековни средства кои постојат за да се покријат тековните обврски.
Показателот за моментна ликвидност,се смета вредноста која треба да биде
поголема од 1. Во случај кога краткорочните обврски треба да се платат веднаш(постојат
ситуации во кои показателот за тековна ликвидност би ја проценил финансиската сила на
компанијата за подмирување на краткорочните обврски), показателот за моментна
ликвидност се смета како посоодветен. Кај Пивара Скопје тој е помал од 1, што значи дека
средствата не се доволни да се покријат најзначајните обврски. Дали износот на
паричните средства во компанијата ќе биде висок или низок зависи од проекциите на
оперативните барања во текот на одделните месеци на работењето. Од друга страна, секој
мудар менаџмент би настојувал да го држи нивото на готовина на пониско ниво, со цел
средствата да се инвестираат за дополнителни добивки.
Работниот показател всушност ја покажува големината на работниот капитал на
компанијата, расположлив за подмирување на краткорочните обврски, во однос на
продажбата. Иако големината на работниот капитал зависи од дејноста на компаниите, тој
во ниту еден случај не би требало да биде во негативна големина. Постоењето на
негативен работен капитал значи дека компанијата своите долгорочни средства ги
финансира со краткорочни обврски што е доста негативна појава и претставува закана за
ликвидноста, но и опстанокот на самата компанија.

Показатели на финансиската стабилност


Показателите на финансиската стабилност, уште се познати и како коефициенти на
искористеност на долгот (задолженоста) и ја покажуваат целокупната позиција на
задолженост на компанијата и начинот на финансирање на нејзиното работење.
Финансиските показатели кои ја покажуваат задолженоста на компанијата се пред сè од
интерес на банките, на нејзините сегашни и идни доверители, како и акционерите,

32
добавувачите и сите оние субјекти чијшто интерес може да биде загрозен поради
превисоката задолженост на компанијата.
Показателите за задолженост се користат за пресметување на финансиската
стабилностт.е.финансиски „левериџ“ на компанијата, за да се добие идеја за методите на
финансирање на компанијата или да се измери нејзината способност за исполнување на
финансиските обврски. Овие показатели се користат за процена на степенот на
финансискиот ризик кој го презема компанијата.Постојат два вида на показатели на
финансиската стабилност: процентни показатели и показатели на покриеноста.
Процентните показатели го споредуваат вкупниот долг на компанијата со вкупниот
капитал или сопствениот капитал. Од друга страна, со показателите на покриеноста се
утврдува способноста на компанијата за плаќање на фиксните финансиски обврски како
каматите, главнината по долговите или обврските по основ на закуп;
 Вкупна задолженост која што се добива кога вкупниот долг ќе се подели со
вкупните средства;
 Показател долг-сопствен капитал се добива кога вкупниот долг ќе се стави во
однос со акционерскиот ( сопствен ) капитал;
 Показател за покриеност на камата се добива кога оперативната добивка ќе се
подели со каматата;
 Покриеност на камата со готовински тек се добива кога збирот од готовинскиот
тек, каматата и данокот ќе се поделат со каматата;

Година 2019 2018


Вкупна задолженост 387 451
Показател долг-сопствен капитал 0,51 0,41
Показател за покриеност на камата 93,26 97,55

Показателот на вкупната задолженост се пресметува како однос помеѓу вкупните


средства на компанијата (краткорочни и долгорочни) и вкупните обврски на компанијата
(вкупниот долг). Ако, на пример, една компанија има стапка на вкупна задолженост од

33
50%, тоа значи дека 50% од средствата на компанијата се финансираат со задолжување
(краткорочно и долгорочно).
Показателот долг – сопствен капитал е финансиски показател којшто го покажува
релативниот однос на акционерскиот капитал и вкупниот долг кој е искористен за
финансирање на средствата (активата) на компанијата. Ако вредноста на овој показател се
зголемува, тоа значи дека компанијата е финансирана повеќе од страна на доверителите,
отколку од сопствените финансиски извори, што може да биде опасен тренд.
Заемодавачите и инвеститорите обично преферираат низок однос на долг-сопствен
капитал, бидејќи нивните интереси се подобро заштитени во случај на лошо работење на
компанијата. Така, компаниja со висок однос на долг-сопствен капитал не може лесно да
привлече дополнителен капитал. Кај Пивара Скопје стапката на овој показател се има
зголемено во однос на минатата година што може да се каже дека компанијата повеќе
финансира од страна на доверители, но и немора да значи. Треба да се има предвид дека
овој показател е специфичен кога станува збор за различни дејности, затоа што неговата
висина зависи од пропорцијата на тековните и нетековните средства на конкретната
компанија.

Колку компанијата има повеќе нетековни средства, (како во капитално интензивните


индустрии) толку повеќе капитал е потребен за финансирање на овие долгорочни
инвестиции.

За повеќето компании, максимално прифатлива вредност на овој показател е 1,5-2 и


помалку. За големите јавни компании овој показател може да биде и поголем од 2, но за
повеќето мали и средни компании тоа ниво не е прифатливо. Во однос на показателот за
покриеност на камата доколку е позитивна вредноста и е над 1.
Сите гореспоменати показатели за пресметка на задолженоста на компанијата
даваат податоци за тоа колкав дел од средствата се финансирани со долг и какво е
учеството на долгорочните обврски во вкупниот капитал на компанијата.

34
Заклучок

Анализата на финансиските извештаи претставува употреба на сметководствените


податоци во процесот на донесување деловни и инвестициони одлуки. Главен извор на
ваквите информации се токму финансиските извештаи на компанијата. Самиот процес на
анализа на финансиските извештаи е дизајниран за да им помогне на деловните луѓе,
инвеститорите и кредиторите да научат да ги читаат, интерпретираат и анализираат
подготвените финансиски извештаи.

35
Финансиската анализа е анализа на финансиските извештаи која се занимава со
одредување и истражување на односите и врските кои постојат помеѓѕ позициите на
Билансот на состојба, Билансот на успех, и Извештајот за парични текови, на начин на кој
се овозможува правилна проценка на финансиската состојба, перформансите и
ликвидносста на бизнисот. Финансиските извештаи сами по себе не содржа значајни
информации за одлучување. Податоците од извештаите треба да се комбинираат со
информациите од прегледот за парични текови, за да се утврди способноста на
компанијата да ги реализира средствата базирани на објавените приходи и да ги подмири
обврските кои произлегуваат од пресметаните трошоци. На тој начин му помага на
аналитичарот да развие релевантно мерило за вредување. Финансиската анализа
претставува процес на рекласификацја и реструктуирање на податоците содржани о
финансиските извештаи, преку воспоставување на показатели и трендови, кои го
објаснуваат работењето и остварувањето на компанијата. Анализата на финансиские
извештаи, како нејзин значаен дел, се однесува на детално испитување на финансиските
извешта со цел стекнување дополнителни информации за работењето на компанијата.

Како што и направивме анализа на извештаите за Пивара Скопје можеме да


заклучиме дека покрај тоа што остварува добивка во тековната година во однос на
минатата, таа добивка може да се согледа во однос на останатите показатели односно
секој пресметан показател дава позитвни коефициенти. Најзначајно е тоа што врз основа
на тие показатели ние можеме да утврдиме дали и каде точно постои отстапување и кои
мерки треба да се превземат во однос на поуспешни резутати во следниот период. Во
ревидираните извештаи на Пивара Скопје можеме да констатираме дека ја заврши 2019-та
година со резултати кои во целина можат да се дефинираат како задоволителни. Во 2019
компанијата остварила консолидирани вкупни приходи кои што се зголемиле во однос на
минатата година. Може да се заклучи дека и во однос на останатите резултати кои што ги
констатиравме во однос на показателите, дека компанијата Пивара Скопје АД може да
продолжи во остваруваањето на своите цели, со континуирано водење на своите деловни
активности според принципот на континуитет. Исто така е солвентна во однос на
ликвидноста на покривањето на своите обврски која што е најголем знак за успешност на
компанијата, како и нејзината финансиска стабилност која што се прикажа на едно
задоволително ниво.

36
Целта на самата пресметка на показателите како што кажавме погоре е утврдување
на влијанието на различните аспекти од работењето на компаниите врз крајниот
финансиски резултат – добивката.

Користена литература

1. Agarwal Prashad Narain, “Analysis of Financial statements”, National 1981


2. Bernstein A. Leopold, Wild J. John, “Analysis of Financial Statements”
3. Ѓорѓиева-Трајковска Оливера, Анализа на финансиските извештаи -со осврт на
финансиската стабилност на корпоративниот сектор во РМ, Скопје 2010 Докторски
труд
4. Анализа на финасиски извештаи, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” - Скопје
Економски факултет, Скопје;

37
Интернет референци
5. www.investinganswers.com
6. www.investopedia.com
7. www.ratio-analysis.org
8. www.readyratios.com
9. www.accountingtools.com

38

You might also like