You are on page 1of 15

СЕПУГС “ Васил Антевски – Дрен ” – Скопје

Проектна задача по предметот Економија

На тема:

УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА


А.Д. ПИВАРА-СКОПЈЕ

Ментор: Изработил:
Гордана Митева Емилија Василевска IV5

Скопје, 2019
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

Содржина:

Вовед...............................................................................................................................3
1. Настанок и развој на АД Пивара- Скопје...................................................................3
1.2. Комерцијален сектор.............................................................................................4
1.3. Производство на пиво, безалкохолни пијалоци и вода..................................... 4
1.4. Стратегија на развој..............................................................................................4
1.5. Стратегија на вложување..................................................................................... 5
1.6. Стратегија на успех...............................................................................................5
1.7. Независно ревизорско мислење..........................................................................5
2. Принципи на работењето на АД Пивара-Скопје.......................................................5
2.1.Графикон на рентабилност....................................................................................6
3. Трошоци во работењето на АД Пивара – Скопје......................................................8
3.1. Трошоци при изградба на Пивара....................................................................... 8
3.2. Суровини и калкулации на Скопската Пиварница (1970-1990).........................8
3.3. Трошочни такси и даночни задолженија.............................................................9
3.4.Вредост и нови инвестивции.................................................................................9
3.5. Производство, пласман и рентабилност...........................................................10
4. Биланс на успех......................................................................................................... 10
5.Биланс на состојба..................................................................................................... 11
6.Ризик...........................................................................................................................13

6.1.Ризик од неуспех..........................................................................................14

6.2.Кредитен ризик.............................................................................................14

6.2.1.Каматен ризик.................................................................................14

Заклучок..........................................................................................................................14
Користена литература..................................................................................................16

Вовед

2
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

Микроекономија е дел од економијата кој се занимава со проучување како


индивидуите, домаќинствата и компаниите кои донесуваат одлуки за алокација на
ограничените ресурси.1

Микроекономијата испитува каков ефект имаат овие одлуки и однесувања врз


понудата и побарувачката на добра и услугите, кои ги одредуваат цените, и како
цените, обратно, ја одредуваат понудата и побарувачката на стоките и услугите.

Главна улога во формирањето на цената на чинење имаат трошоците.


Може да се рече дека трошоците претставуваат трошења искажани во пари,
трошења на машините, алатите, опремата, суровините, енергијата, добиените
услуги од другите бизниси, трудот на работниците и друго. Тоа е вкупното
трошење направено за производство на определено количество на добра или
услуги. Според тоа, сите трошоци направени за производство на добрата или
услугите, заедно со трошоците за транспортот ја прават цената на чинење.
Тие се значајна економска категорија која што директно е поврзана со постоењето
и работењето на секое претпријатие. Трошоците се показатели за успешноста на
бизносот. Со намалување на трошоците на работењето, се ангажираат помалку
парични средства за ист обем на работа, се забрзува движењето на средствата,
се зголемува разликата меѓу цената на чинење и продажната цена, а како
резултат на тоа се остварува поголем профит. Обратно, кога трошоците за ист
обем на работа ке се зголемат, се ангажираат повеќе парични средства, со тоа се
намалува брзината на движење на средствата, се намалува разликата меѓу
цената на чинење и продажната цена што резултира со намален профит. Едно
претпријатие ќе оствари профит само доколку неговиот вкупен приход е поголем
од вкупните трошоци на производство.

____________________
1
.Основи на економија-Таки Фити 2008

1. Настанок и развој на АД Пивара- Скопје


Пивара е основана 1924година како индустриско претпријатие – парна пиварница.
Со годишен капацитет од 36 000 хл. со долгогодишен напор, мотивираност,
3
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

знаење и работа денес произведува 1 000 000 хл. пијалоци. 2


Доживува приватизација и неколку години подоцна т.е. во 1991 година станува
полнач на Coca Cola. 51% од акциите ги купува Balkanbrew Holding во 1998 за во
2002 да го освои пазарот на Србија и Црна Гора.
Низ годините Пивара се труди сеуште да ги изненадува потрошувачите со тоа што
им нуди квалитет, модерност и потполно задоволување на нивните потреби и
желби. За сето тоа се заслужни високо обучениот и мотивиран тим чија мисија е
да одговорат на потребите на потрошувачите и да ги наградат вработените и
соработниците. Сето тоа го постигнуваат преку посветеност, тимска работа,
одговорност, високо обучени луге, квалитет на услугите и чесно водење на
бизнисот преку современи и етички стандарди.

1.2. Комерцијален сектор


Освен имиџот кој е секој ден подобар, за потребата на потрошувачите имаат
бесплатна инфо-линија. Даваат се за да ги остварат желбите на потрошувачите и
тоа преку поврзување на истражувањата и продажбата.

1.3. Производство на пиво, безалкохолни пијалоци и вода


Производството бара многу труд, знаење и умешност. Сето тоа како и
поставените стандарди и технологија допринесоа до создавање на производи со
гарантиран квалитет, вкус и изглед.

1.4. Стратегија на развој


Под стратегија се подразбира столб на успех и професионалност.

_________________________
2.
http://www.pivaraskopje.com.mk/AboutUs.aspx?q=wRpnykoeu1SDhgYjeUEFDGjnzO3RCL5Y3KGwZcsHWhk=

И покрај сите бариери и препреки Пивара успева да се искачи на врвот само


поради добрата стратегија- постојаното обучување на кадрите, тренинг и
подготовка, учествување на курсеви, разни едукативни програми и друго.

4
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

1.5. Стратегија на вложување


-Луѓе- Во Пивара работат високо обучени, мотивирани вработени со големи
индивидуални и професионални способности.

-Технологии- Усовршениот технички потенцијал заедно со човечкиот фактор се


заслужни за квалитетот.

-Пазар- Иако пазарот е независна компонента, тој е огледало на


професионалната посветеност и поддршка. Доказ за тоа е 10 000 000 вредната
опрема инсталирана на пазарот на Р. Македонија.

1.6. Стратегија на успех


Успехот на Пивара може да се искаже само преку еден збор – Скопско – синоним
за квалитет, традиција и најдобра дистрибуција. Брендот се раѓа на самиот
почеток на една долга историја на компанијата, а потоа му се придружија и Стар
Лисец, Горско, Heineken и Amstel. Пивара има 11 дистрибутивни центри чија
лојалност и посветеност придонесува за успешноста на стратегијата.

1.7. Независно ревизорско мислење


-Економско- финансиска ревизија на билансот на состојба, успех, капитал ја врши
раководството на акционерското друштво и тие изразуваат мислење од нивното
испитување.
-Економско- финансиската ревизија се извршува во согласност со светските
стандарди. Според нив се планира и извршува ревизијата со цел да се поправат
некои несакани грешки.

-Пивара во минатите периоди има правено и ревалоризација на основните


средства, а потоа потребна исптавка.

2. Принципи на работењето на АД Пивара-Скопје


Од макроекономско гледиште, основни економски принципи се
економичност , продуктивност и рентабилност .

5
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

Пивара Скопје АД продолжува со интензивни инвестиции во производството на


пиво и безалкохолни пијалаци каде што над 50 милиони евра беа инвестирани
само во последната деценија. Целта на овие два паралелни процеси, интензивни
инвестиции и континуирано зголемување на продуктивноста и ефикасноста, е да
обезбеди одржлива иднина за компанијата и да го задржи своето силно позитивно
влијание на заедницата на која припаѓа. Покрај економичното и продиктивното
работење, Пивара работи и рентабилно т.е. успешно.

Економичноста има за цел да се оствари одредено производство или услуга со


што помали трошоци. Таа претставува однос помеѓу прозиводството и трошоците
за нејзино остварување. Може да се мери вредносно или натурално.
Продуктивноста нам ни говори колку работа е потрошено за создавање на некој
производ. Таа е значаен показател за успешноста на работењето и заради тоа
представува предмет на константно следење и пронајдување начини за
унапредување. Цел е да се оствари максимален резултат со минимално
вложување, кое е можно да се постигне на два начини.

2.1.Графикон на рентабилност

За да се остварат максимално поволни резултати, неопходно е континуирано


следење на сите релевантни фактори кои влијаат на работењето на бизнисот. За
таа цел можат да се конструираат месечни графикони на рентабилност. Се
разбира дека смислата на конструирањето на ваков графикон, е пред сè
благовремено преземање на мерки со цел, сите релевантни фактори да се
насочат во онаа посакувана насока. На сликата е прикажан графикон на
рентабилност како алатка за анализа на работењето на бизнисот во поглед на
приходите , трошоците и профитабилност (добивка)

6
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

Слика 1:Графикон на рентабилност3

Метод на праг на рентабилност, како алатка за планирање има предност во однос на


другите методи, пред сè оти е едноставен и јасен.

Од сликата може да се забележи дека варијабилните трошоци растат како што


расте и износот на продадените единици производи, додека фиксните трошоци
остануваат исти. Кога ќе се соберат варијабилните и фиксните трошоци добиваме
права која ги претставува вкупните трошоци. Од друга страна нормално е
приходот да расте со зголемување на износот на продадени единици производи. 
Во моментот кога правата на приход ќе се пресече со правата на вкупни трошоци
се знае дека бизнисот ги покрива трошоците на работење. Секоја единица
производ продаден над тој износ ќе придонесе за профитабилно работење на
бизнисот4

_________________________________

3,4.
http://www.pivaraskopje.com.mk/AboutUs.aspx?q=wRpnykoeu1SDhgYjeUEFDGjnzO3RCL5Y3KGwZcsHWhk=

7
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

3. Трошоци во работењето на АД Пивара – Скопје


Економистите секогаш се насочени кон иднината на претпријатието и
најсоодветната алокација на оскудните ресурси. Нив ги интересира какви ќе бидат
трошоците во иднина и како да ги намалат, со цел зголемување на
профитабилноста на претпријатието.

3.1. Трошоци при изградба на Пивара


Првите чекори кон организирањето на Пивара биле во купување терени
каде што ќе биде изградена фабриката. За тоа е избран еден комплекс земја
покрај железничката линија Скопје-Ниш 2 км источно од Скопје. За таа цел се
откупени 32 347м2 земја за 312 691 динари. На неа веднаш е започнато со
подигнувањето на фабричките објекти. Сите машини биле купени нови,
половината се од Германија, половината од Чехословачка.

3.2. Суровини и калкулации на Скопската Пиварница (1970-1990)


Главни суровини за производство на пиво се јачменот и хмељот. Двата
продукта се произведувале во Југославија, која е позната со својот пиварски
јачмен. Што се однесува за хмељот, тој бил наголем дел увезуван од
Чехословачка, иако во Југославија се произведувал добар хмељ.

Според калкупациите на Скопската пиварница за периодот од пет години


т.е. во годините од 1970 до 1990 режиските трошоци и продажните цени на еден
хектолитар пиво биле следниве:5

________________________________

5. http://www.pivaraskopje.com.mk/AboutUs.aspx?q=wRpnykoeu1SDhgYjeUEFDGjnzO3RCL5Y3KGwZcsHWhk=

1970 1975 1980 1985 1990

1. Производна режија (суровини, такси и трошарини, 309,40 316,80 336,53 350,11 333,34

8
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

потрожен материјал, амбалажа, погон, плати)

2.Генерална режија (одржување, трошоци, подвоз, 79,10 90,42 72,97 59,57 66,34
данок, осигурување, камати и др)

Вкупно производни трошоци 388,50 407,22 409,50 409,68 399,68

Просечна фактурна цена (производни трошоци, 548,81 535,36 516,12 505,55 508,70
амортизација, печалба)

Просечна бонификација по 1хл 25,42 26,62 29,61 29,43 32,41

Од горниот приказ се гледа дека од 1970-1990 година на бонификациите


отпаѓало средно по 28,72 динари за хектолитар пиво, а вкупно за бонификации е
дадено во тој период 1.591.839,19 динари. За летиниот период Претпријатието
поради ненаплатливоста на некои барања од разни свои претставители и
застапници или потрошувачи и сума од 1.160.100,35 динари. Од анализата на тие
должници се гледа дека притоа не е извршуван трик со фиктивни неможности за
отплатување за да се прикаже билансот намерно пасивен. Сите тие издатоци
Пиварата си ги рекомпензирала од повишеното производство и продажбара.

3.3. Трошочни такси и даночни задолженија


Тие такси влегуваат во производните трошоци, влијаат на формирањето на
цената и во случајов со пивото се одразиле и во висината на неговото
производство. Додека вкупните такси и трошарини за 1% алкохол на 100 литри
вино изнесувале 12,50 ден. За истата количина пиво се вовеле такси во износ од
57 ден. За 1% алкохол.6

_________________________
6.
http://www.pivaraskopje.com.mk/AboutUs.aspx?q=wRpnykoeu1SDhgYjeUEFDGjnzO3RCL5Y3KGwZcsHWhk=

3.4.Вредост и нови инвестивции


Целокупниот имот на Пивара се состоел од фабричките постројки машинерии и инвентар во Скопје, како и од стовариштата во

Куманово, Прилеп, Битола и Косовска Митровица,-каде што има и мали работилници за мраз,нужни за стовариштето и за локални потреби. На

31 декември 1980 целото претпријатие имало вредност 19.189.253,58 ден. и тоа:7

9
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

Згради 6.408.803,83

Земја 448.523,00

Машини 10.168.545,06

Превозни средства 384.470,78

Алати и инвентар 1.778.911,31

3.5. Производство, пласман и рентабилност


Кога претпријатието поминало под државно раководство се покажала чиста
печалба од 2.213.242, а во 1990година 2.397.754.

Се поставува прашањето како е можно денес при релативно поефтината цена на


пивото, при неколкукратното повисоките плати и при зголемените трошоци на
Претпријатието- тоа да покажува чист добиток за две години преку четири ипол
милиони денари и на заедницата да и даде уште 21 милион.

4. Биланс на успех
Основна функција и цел на постоење на секое претпријатие е
задоволување на потребите од производи и услуги, по квалитет и квантитет, и
остварување добивка или профит.

_________________________
7.
http://www.pivaraskopje.com.mk/AboutUs.aspx?q=wRpnykoeu1SDhgYjeUEFDGjnzO3RCL5Y3KGwZcsHWhk=

За претпријатието да ги пресмета и прикаже резултатите од работењето во


пресметковниот период, се изработува финансиски извештај - Биланс на успех. Во
него се дава преглед на приходите и расходите на претпријатието, а со нивна
анализа се изведува заклучок дали тоа остварило добивка или загуба.

Финансиски извештај за годината што завршува на 31 декември 2017.8

2017 2016

Реализација 3.392.321 3.431.616

Производни трошоци содржани во реализирани производи (2.392.351) (2.465.637)

10
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

Бруто добивка 999.970 965.979

Продажни трошоци (416.365) (455.789)

Административни трошоци (296.314) (308.069)

Останати приходи од работење 139.257 97.790

Останати трошоци од работење (20.766) (17.248)

Приходи од депозит за амбалажа 56.208 63.996

Наплатени отпишани побарувања 2.582 18.020

Исправка на вредноста на сомнителни и спорни побарувања (9.406) (10.656)

Отпис на основни средства (257) (7,304)

Добивка од редовно работење 454.909 346.719

Финансиски приходи и расходи(нето) 50.585 19.527

Добивка пред даноци 505.494 366.246

Даноци (90.035) (59.497)

Нето добивка 415.459 306.749

___________________
8.
http://www.pivaraskopje.com.mk/AboutUs.aspx?q=wRpnykoeu1SDhgYjeUEFDGjnzO3RCL5Y3KGwZcsHWhk=

5.Биланс на состојба
Билансот на состојба кој преставува извештај за финансиската состојба, ги објавува категориите и износите на средствата (ресурсите на

фирмата), обврските (побарувањата на тие ресурси) и акционерската главнина во специфични моменти.9

2017 2016

СРЕДСТВА

Нетековни редства

Основни средства 4.764.699 5.050.852

Вложени средства расположливи за продажба 249.369 233.922

Вкупно нетековни средства 5.014.068 5.284.774

Тековни средства

Залихи 404.669 497.898

Побарувања од купувачи 392.606 285.000

11
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

Побарувања за повеке платен данок од добивка - 31.028

Дадени аванси 46.470 32.717

Краткорочни финансиски вложувања 656.949 146.000

Парични средства 138.509 204.758

Вкупно тековни средства 1.639.203 1.197.401

Вкупно средства 6.653.271 6.482.175

КАПИТАЛ И ОБВРСКИ

Капитал и резерви

Акционерски капитал 1.475.506 1.475.506

Резерви 1.182.640 1.120.321

Задржана добивка 3.500.332 3.407.929

Вкупно капирал и резерви 6.158.478 6.003.756

Долгорочни обврски

Долгорочни кредити - 600

Вкупно долгорочни обврски - 600

Тековни обврски

Обврски спрема добавувачите 258.013 284.276

Други тековни обвски 137.247 123.458

Данок на добивка 29.448 -

Вкупно тековни обврски 424.708 407.734

Вкупно обврски 424.708 408.334

Вон деловна пасива 70.085 70.085

Вкупно капитал и обврски 6.653.271 6.482.175

6.Ризик

Ризикот во речниците вообичаено се дефинира како: 10

Можност да се појават некои опасни и лоши последици.Кога станува збор за


бизнисот, претприемачот или во овој случај за процесот на бизнис планирање
ризикот претставува можност одредени елементи на бизнис планот да не се

12
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

спроведат онака како што биле испланирани со што може да дојде до опасни или
лоши последици.

Во работењето,Пивара АД Скопје најголем акцент става на ризикот од неуспех и


кредитен ризик,заедно со каматниот ризик.

________________________
9.
http://www.pivaraskopje.com.mk/AboutUs.aspx?q=wRpnykoeu1SDhgYjeUEFDGjnzO3RCL5Y3KGwZcsHWhk=
10.
Основи на економија-Таки Фити 2008

6.1.Ризик од неуспех

Друштвото е вклучено во меѓународни трансакции и е изложено на ризик од


промена на девизните курсеви, како резултат на изложеност на домашната валута
во однос на различните странски валути.За да се намали изложеноста на
девизниот ризик, Друштвото спроведува политика со која се настојува да се
обезбедат доволно девизни средства на девизните сметки во банките, со цел
истите да бидат искористени за плаќање на тековните обврски спрема странските
добавувачи во моментот на нивното доспевање.

6.2.Кредитен ризик

АД Пивара нема значајна концентрација на кредитен ризик. Воспоставените


политики и процедури овозможуваат продажба на купувачи со соодветна кредитна
историја. Побарувањата од купувачите се состојат од голем број на салда. На тој
начин, управувањето со кредитниот ризик вклучува политика на разумно
намалување и дисперзија на концентрацијата на побарувањата во портфолиото
на клиентите.

6.2.1Каматен ризик

АД Пивара не поседува значајни финансиски средства кои би обезбедиле принос


на камати, така што готовинскиот тек на друштвото не е под влијание на
промените на пазарните каматни стапки.

13
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

Друштвото е изложено на каматен ризик за долгорочните и краткорочните


кредити. Друштвото нема посебна политика за намалување на каматниот ризик, и
истиот го регулира во директни преговори со банките. Каматните стапки на
долгорочните кредити се значително помали од краткорочните, и значајно не
варираат. Каматите на краткорочните кредити земени од банките во земјата во
тековниот период се намалени во однос на минатата година

Заклучок
Во денешно време ниедна анализа за работењето на претпријатието не
може да биде замислена, ако резултатите од работењето не бидат искажани
преку трошоците на претпријатието. Сите надворешни и внатрешни
манифестации, сите настанати промени, сите движења на средствата во
претпријатието се искажуваат и набљудуваат преку неговите трошоци.

Денес Пивара-Скопје е една од водечките компании во Македонија. Се


протега на површина од 92.610 квадратни метри, од кои 37.417 се згради.
Поврзана е со главните железнички правци со сопствена пруга, а во близина на
фабриката се и главните автопатишта. Тоа значајно влијае на намалувањето на
трошоците при дистрибуцијата и снабдувањето со суровини и репроматеријали.
Промените и постојаните унапредувања во текот на годините, направија Пивара-
Скопје денес да има можност за производство на 1.100.000 хектолитри (220
милиони шишиња) пиво и 948.000 хектолитри безалкохолни пијалоци. Пивара е
една од многуте компании кои сонувале за успех, а истиот сон го претвориле во
јаве.

Според мене клучот на успехот на Пивара е во специфичноста на


компанискиот дух создаден во Пивара – Скопје. Таа е онаа фина линија што ја
одвојува нивната несебична посветеност на работата од секојдневната рутинска
ангажираност, со посветување на внимание и енергија како заложба за идните
успеси.

Визијата за развој на Пивара- Скопје е јасна и дефинирана: воведување на


нови технологии и унапредување на постојаните, тимска работа, перманентно
14
УЛОГАТА НА ТРОШОЦИТЕ ВО РАБОТЕЊЕТО НА АД ПИВАРА

образование на вработените, усогласување на сите постојаи стандарди со


европските и светските, држење чекор со новините во технологијата, развој на
дистрибутивниот систем и планско освојување нови пазари. Како најголема цел и
заслуга за успехот на работењето на Пивара се постојаното стремење кон
намалување на трошоците.

Користена литература
-Основи на економија-Таки Фити 2008
- Бизнис за 4 година- м-р Славица Ковачевска Велкова и Зоран Златковски
-Економија за 4 година-Лила Дамеска
-Проспекти од АД Пивара – Скопје
-Успешните гледаат подалеку
- Кратка историја на жедта
-Пивара-Скопје АД годишен извештај 2016

-Пивара-Скопје АД годишен извештај 2017

http://www.pivaraskopje.com.mk/

15

You might also like