You are on page 1of 6

Европска комисија и Совет на министри

ЕК има примарна улога на институција со значајни извршни прерогативи


Во одредени домени остварува и квази-законодавни и квази-судски надлежности.
ЕК поседува најголем административен и стручен потенцијал. ЕК е најголемото тело, во смисла
на човечки ресурси; околу 25.000 државни службеници и привремени агенти работат за ЕК,
како и надворешен кадар од приближно 9.500 лица
Тоа и овозможува клучно место во законодавниот процес, имплементацијата на
законодавството и активностите на ЕУ на меѓународен план.
ЕК остварува три значајни групи на надлежности:
да иницира политики заради остварување на општите интереси на ЕУ, во чиишто рамки ужива
овластување за законодавна иницијатива
да дејствува како заштитник на договорите, односно да обезбедува правилна примена на
договорите и законодавството на ЕУ и
да ја застапува ЕУ во надворешните односи (со исклучок на ЗНБП), склучувајќи меѓународни
трговски и други договори со трети страни (правен субјективитет).
Како супранационална институција, ЕК надлежностите ги остварува во рамки на првиот столб
Со измените воведени со Договорот од Лисабон - и на полето на третиот столб
Кај ЗНБП, ЕК остварува битно намалени ингеренции.
ЕК има законодавна иницијатива, како ексклузивно право, при усвојување на правните акти во
ЕУ односно регулативи, директиви и одлуки усвојувани во законодавна постапка.
ЕК е задолжена да се грижи за правилно спроведување на обврските од договорите и од
законодавството на ЕУ
ЕК има овластувања да ги санкционира прекршителите на тие обврски.
Единствено ЕК е овластена да тужи држава-членка пред СПЕУ поради повреда на правото на
ЕУ
На пример, во рамки на политиката на конкуренција, ЕК може да врши директни истражни
дејствија за откривање на можните прекршители на одредбите на ЕУ, како и да наметнува
строги казни поради повреда на правилата околу конкуренцијата и/или околу државната
помош.
Сето тоа на ЕК и го дава префиксот на заштитник или чувар на Договорите и на правото на ЕУ.
ЕК во името на ЕУ преговара и склучува меѓународни договори со трети земји или
меѓународни организации во билатерални или мултилатерални преговори
На пример, Спогодбата за асоцијација и стабилизација меѓу РМ и ЕЗ и државите-членки од
2001 година е потпишана меѓу РМ и ЕК, како и меѓу РМ и државите-членки.
Кај преговори околу меѓународни договори склучувани во рамки на Заедничката трговска
политика, ЕК оваа ингеренција ја остварува директно, додека, пак, кај договорите во
останатата материја во надлежност на ЕУ, ЕК учествува при определувањето на овластен
преговарач
Во областа на ЗНБП, Договорот предвидува дека преговорите во името на ЕУ ги води овластен
преговарач, назначен од Советот, на предлог на ЕК или од Високиот претставник за ЗНБП.
Во врска со структурата и внатрешната организација, се издвојуваат два поврзани сегмента на
ЕК:
Колеџот на ЕК (извршна Комисија) и
администрацијата (административна Комисија-бирократија).
Терминот Колеџ го означува „репрезентативниот“ и раководен дел на ЕК, составен од
нејзините комесари, вклучувајќи го и нејзиниот претседател и високиот претставник за ЗНБП
кој во ЕК како потпретседател, членува по службена должност.
Колеџот ги креира политиките и одлучува во име на ЕК.
Според постапката за формирање на секоја нова ЕК, претседателот е најпрво кандидиран од
државите-членки претставени во ЕС (со оглед на составот на ЕП), по што го избира ЕП со
мнозинство гласови.
Во случај да не се избере предложениот кандидат за претседател на ЕК, ЕС со квалификувано
мнозинство во период од еден месец предлага нов кандидат, кој се избира од ЕП со следење
на истата процедура.
Доколку е избран, заедно со Советот, ја составува листата на членови на новата ЕК која ќе му ја
предложи на ЕП, врз основа на сугестиите на државите-членки.
Потоа, предлогот на новата ЕК колективно се одобрува од страна на ЕП и ЕК формално се
именува од страна на ЕС.
Откако ќе биде составена на таков начин, ЕК му одговара на ЕП, кој, во текот на работењето,
може колективно да и го одземе доверениот мандат.
Колеџот до 2014 година бил составен од по еден државјанин на секоја држава-членка,
односно 27 комесари.
Од 01.11.2014 година па натаму, бројот на комесари во ЕК изнесува 2/3 од вкупниот број на
држави-членки на ЕУ, вклучувајќи ги во таа бројка и претседателот и високиот претставник за
ЗНБП.
Членовите на Колеџот и натаму се именуваат од редот на државјани на државите-членки, но,
според систем на стриктна подеднаква ротација, со оглед на намалениот број на комесари во
однос на вкупниот број на држави-членки.
Бројката од 2/3 на државите-членки кај составот на ЕК ќе може да се менува со едногласна
одлука на ЕС.
Комесарите и целата ЕК се избираат со мандат од 5 години.
Редовно се состануваат еднаш неделно, на состаноци на Колеџот на кој разгледуваат и
усвојуваат предлози за нови политики или законодавство.
Неговата работа ја карактеризира принципот на колегијалност, како доминантен принцип во
функционирањето на ЕК, според кој, откако некоја одлука ќе биде усвоена од страна на
Колеџот, таа станува официјален став за сите комесари кои потоа се обврзани да ја
поддржуваат независно од личниот став.
• Секој комесар раководи со одреден ресор (портфолио), како на пример, ресорот за
земјоделство, за социјална политика, за правда и внатрешни работи.
• Распределбата на ресорите ја врши претседателот, неретко раководејќи се и од
политички причини, внимавајќи, во принцип, за ресорот за кој посебно е
заинтересирана некоја држава-членка да биде одговорен државјанин од таа држава-
членка, со исклучок на високиот претставник за ЗНБП, којшто ex officio е потпретседател
на ЕК и е одговорен за ресорот на надворешните односи на ЕУ.
• Досегашната практика покажува дека претседателот на ЕК ужива дискреција при
распределбата на ресорите со цел да се избегне острата конкуренција помеѓу
државите-членки за добивање на одреден ресор.
Административна Комисија го означува административниот дел на ЕК, односно јавната
служба, тенденциозно нарекувана и како „еврократија.“
Администрацијата е внатрешно поделена на генерални директорати (ГД), како служби или
департмани поврзани со одреден ресор, во моментов 33 генерални директорати
Секој комесар е одговорен за еден или повеќе ГД, во зависност од потребата на неговиот
ресор
Колеџот на комесари и административната комисија работат како единствено тело
Должности на ЕК се:
Монополот за иницирање на законски прописи,
Европската комисија го изготвува прелиминарниот нацрт на буџетот.
Европската комисија врши преговори за меѓународни договори што треба да се склучат од
страна на Советот.
Европската комисија, исто така, може да дава препораки и мислења на прашања што се
однесуваат на економската и монетарната унија и да се консултира со Советот во врска со
ЗНБП.
Европската комисија функционира како „чувар“ на договорите на Европската унија и го
надгледува правилното спроведување на правото и политиките на Унијата. Во случај на
неусогласеност, Европската комисија може да иницира судски постапки против некоја од
државите-членки
Совет на министри – 1
Советот, покрај ЕП, игра улога на примарно одлучувачко тело.
Советот, заедно со ЕП, остварува законодавни и буџетски функции, како и функции на
политичко одлучување и координација
Нарекуван уште и како „Совет на министри“ или „Совет на ЕУ,“ Советот заедно со ЕП -
или во изрично наведени случаи - самостојно го донесува законодавството на ЕУ.
Со оглед на постапките на одлучување во ЕУ, практично, за секој акт, на извесен начин,
претходно се одлучува во Советот.
За разлика од ЕК и ЕП, Советот е класично тело на меѓувладина соработка.
Се состои од претставник на секоја држава-членка од редот на министри овластени да
ја обврзат владата на државата-членка
Со оглед на тоа, функцијата на законодавец, всушност, ја остварува застапувајќи ги
интересите на националните влади на државите-членки на ЕУ, така што, како таков,
нема пандан на национално ниво.
Според структурата и начинот на работење, Советот е мошне специфична институција.
Иако претставува единствено тело, тој не работи во еден постојан состав, туку во
различни конфигурации на министри во зависност од предметот за кој се расправа на
конкретниот состанок.
Ако, на пример, предмет на расправа на состанокот се прашања од земјоделската
политика, тогаш за него ќе се расправа на Советот за земјоделство составен од
министрите за земјоделство на државите-членки.
Одлуките донесени на различните состаноци се одлуки на единствената институција -
Советот.
Во рамките на различните конфигурации, најширока надлежност има Советот за општи
работи (СОР) составен од министрите за надворешни работи на државите-членки кој ги
подготвува и овозможува состаноците на ЕС заедно со претседателот на ЕС и со ЕК.
СОР расправа и одлучува по прашања од најопшт карактер и дава одредени политички
иницијативи, остварувајќи политичка координативна улога во однос на другите
состави на Советот.
За разлика од СОР, Советот за надворешни работи, претседаван од високиот
претставник за ЗНБП, го разработува дејствувањето на ЕУ во меѓународните односи
Како новина, Договорот од Лисабон предвидува јавност на седниците на Советот кога
одлучува по нацрти на легислативни акти.
Советот на министри се состанува релативно често. Министрите за земјоделство и на
Економско-финансискиот совет, на пример, одржуваат состаноци најмалку еднаш
месечно, другите, пак, еднаш до шест пати годишно, на коишто формално ги
донесуваат актите на ЕУ.
Но, материјата опфатена со ЕУ е далеку пообемна и посложена за да може да биде
уредена единствено на министерско ниво.
За таа цел, актите кои ги носи Советот претходно се подготвуваат и усогласуваат на
пониско ниво, на ниво постојани претставници на државите-членки на ЕУ - КОРЕПЕР.
КОРЕПЕР има формална задача да ја подготвува работата на Советот и да врши други
задачи кои ќе му бидат пренесени од Советот.
Најголем дел од актите на Советот (околу 70%) фактички се донесуваат во рамките на
КОРЕПЕР, пред министрите воопшто да бидат директно инволвирани во одлучувањето
по нив.
Според практиката на Советот, за предлозите претходно усогласени во рамките на
КОРЕПЕР, министрите воопшто не расправаат и само формално ги донесуваат така
усогласените акти.
Предмет на расправа и фактичко одлучување од страна на министрите се само оние
прашања за коишто претходно не била постигната согласност на состаноците на
КОРЕПЕР
КОРЕПЕР е составен од највисоките претставници вклучени во националните
делегации на државите-членки во Брисел, кои дејствуваат како своевидни амбасади
на државите-членки во ЕУ.
Во зависност од нивото на постојани претставници, КОРЕПЕР е поделен на два дела:
КОРЕПЕР 1 и КОРЕПЕР 2.
КОРЕПЕР 2 е составен од постојаните претставници на државите-членки -
амбасадорите, а КОРЕПЕР 1 од нивните заменици - заменици-амбасадори
Во работата на КОРЕПЕР се вклучени бројни работни групи, ad hoc или постојани
комитети составени од националните претставници, експерти итн., коишто иницијално
работат на материјалите подготвувани за расправа на Советот.
Недостиг на транспарентност и демократичност во работењето на Советот и воопшто
на законодавниот процес во ЕУ.
Советот има секретаријат на чело со генерален секретар и околу 2000 службеници
задолжени за административната работа
Претседавањето со Советот на министри се врши од страна на Претседателството со
Советот.
Функцијата на претседавач со Советот ја вршат државите-членки, со мандат од 6
месеци, врз основа на принципот на еднаква ротација
Претседавачот има значајна и сложена задача - да ги организира и претседава со
состаноците на Советот, во неговите најразлични конфигурации, со исклучок на СНР со
кој ex officio претседава високиот претставник за ЗНБП.
Досегашното искуство покажува дека, во формална смисла, државата-членка која што
претседава со Советот, со тоа не добива некоја дополнителна моќ, но, сепак, за време
на 6-месечниот мандат може да остварува одредено влијание врз активностите на ЕУ.
При преземањето на функцијата, во координација со другите држави-членки,
претседавачот ги утврдува приоритетите на претседателството со Советот на ЕУ, со
што, на некој начин, влијае врз одредувањето на насоката на нејзиното дејствување за
време на мандатниот период.
Основната работа на претседавачот најмногу се состои во тоа, низ градење консензус
да овозможи ефикасно одлучување во Советот на ЕУ заради остварување на нејзините
интереси и заеднички приоритети.
Во формална смисла, договорите предвидуваат три различни начини на одлучување
во Советот и тоа:
со едногласност
со просто мнозинство и
со квалификувано мнозинство од државите-членки претставени во Советот.
Доколку во некоја од одредбите на договорите не е предвиден начинот на кој ќе се
усвојуваат одлуките, претпоставено се одлучува со квалификувано мнозинство.
Исклучок претставува ЗНБП каде претпоставен начин на одлучување е едногласноста, а
другите начини мораат да бидат изречно предвидени во договорите.
Најзастапен начин на одлучување е оној со квалификувано мнозинство од вкупниот
број на гласови во Советот.
Претходно, повеќе од 3/4 од законодавството на ЕУ се усвојувало во Советот на тој
начин.
Договорот од Лисабон уште повеќе го зацврсти гласањето со квалификувано
мнозинство за над 90% од законодавството на ЕУ
Во Договорот од Лисабон е усогласена и актуелната формула за квалификуваното
мнозинство која стапи во сила од 1 ноември 2014 година
Договорот од Лисабон предвидува двојна формула за квалификуваното мнозинство, и
тоа:
позитивно да гласале 55% од вкупниот број на држави-членки (72% кога Советот нема
да одлучува на предлог на ЕК или на високиот претставник за ЗНБП), при што, сите
држави-членки ќе имаат по еден глас (се напушта препонденираниот систем) и
секоја држава-членка ќе може да побара да се провери дали збирот на населението на
државите-членки кои дале позитивен глас за предлогот на мерката учествува со
најмалку 65% од вкупната популација на ЕУ, без што мерката не ќе може да биде
донесена на тој начин.
Во Советот, ретко се пристапува кон формално гласање бидејќи тој има развиено
пракса на одлучување со консензус.
На состаноците на Советот постојано се инсистира да биде постигнат консензус меѓу
државите-членки.
Практично, само околу 1/4 од мерките за кои е предвидено квалификувано
мнозинство, се донесуваат на тој начин.
Сепак, формулите околу начинот на гласање за конкретни прашања предвидени со
договорите не се без значење, бидејќи, доколку не се постигне бараниот консензус,
секоја држава-членка може да побара да се пристапи кон формално гласање според
мнозинството предвидено во нив.
Накратко, надлежности на Советот се:
Усвојува предлози (регулативи и директиви) или заедно со ЕП (вообичаена
законодавна постапка или самостојно, по претходно консултирање со ЕП
Учество во буџетскиот процес (заедно со ЕП)
Склучува меѓународни договори
Презема активна улога во економската политика
Дејствува како меѓувладино тело ЗНБП
Именува членови на определени тела на ЕУ (Суд на ревизори, Економско-социјален
комитет и Комитет на регионите).

You might also like