You are on page 1of 6

Банкарско работење 1 тема прашања и одговори

1. Доколку не постојат банки во една економија, од каде би позајмиле средства за


финансирање на вашите активности?

2. Што би правеле со вашите заштеди доколку не постојат банките?

3. Зошто банките се јавуваат како финансиски посредници во економијата?


- Банките како финансиски посредници имаат улога во прибирањето на слободните средства
воекономијата и нивна ефикасна алокација

4. Објаснете ги основните функции кои ги извршуваат банките во економија;


- а) Банките прават рочна трансформација на средствата во економијата со тоа што
прибираат слободни средства на краток и среден рок, а пласираат кредити на долг рок.
Ваквата функција на банката доведува до појава на ризици во банкарското работење. Исто
така, разликата во рочноста на слободните средства и потребата за инвестирање дава можност
банките да генерираат приходи.
б) Активностите кои ги извршуваат банките во своето работење овозможуваат да се создава
ликвидност во економијата, таа се креира преку финансирање на неликвиден имот
(долгорочни кредити и инвестиции) со ликвидни краткорочни средства.
в) Банките исто така имаат и функција за трансформација на ризикот во економијата.
Трансформација на ризикот значи дека банките го намалуваат ризикот на депонираните
средства и парите кои се позајмени на кредитокорисниците (кредитен ризик). Банките прават
трансформацијата на ризикот преку диверзификација на своите инвестициите, оценка и
надгледување на кредитокорисниците и чување на капитал и други резерви за справување со
можни загуби.

5. Објаснете ги причините поради кои пропаѓањето на една банка може


дапредизвика системски последици;
- Причините поради кои пропаѓањето на една банка може да предизвика системски последици
се:
• Банките може да имаат висок степен на изложеност кон други банки, што би значело дека
пропаѓање на една банка би можело да предизвика загуба за друга банка поради неможноста
да ги наплати своите побарувања од банката која пропаднала;
• Високиот степен на поврзаност на банките со финансиските пазари може да значи дека
пропаѓањето на некоја банка (посебно голема банка) може да има негативен ефект врз
финансискиот пазар поради присилна продажба на средствата и хартиите од вредност;
• Штедачите можат да се сомневаат во постоење на системски ризик поради пропаѓањето на
некоја банка, со што би започнале со повлекување на средствата од другите банки.

6. Кои се разликите помеѓу традиционалното банкарство и модерното банкарство?


- Традиционално банкарско:
а) ограничен број на производи и услуги: кредити и депозити
б) избори на приходи: каматни приходи
в) конкуренција: ограничена
г) стратешки фокус: големина на средствата (актива) и раст
д) фокус кон клиентите: понуда
- Модерно банкарство
а) Универзални производи и услуги: кредити, депозити, осигурување, инвестициско
банкарство, пензии и др. Финансиски услуги.
б) извори на приходи: каматни приходи и некаматни приходи (надоместоци и провизии)
в) конкуренција: висок степен на конкуренција
г) стратешки фокус: принос на акционери, создавање на вредност за акционери
д) фокус кон клиенти: побарувачка, создавање вредност за клиентите.

7. Објаснете ги основните банкарски модели;


- Основни банкарски модели се:
a) Приватно банкарство е модел на банкарско работење кој нуди професионално управување
со средствата на клиентите. Со цел управување со средствата на клиентите, приватното
банкарство извршува активности за инвестирање, управување со богатството, финансиско
планирање, планирање на даночните обврски за богати индивидуи и фамилии. Приватното
банкарство е првенствено насочено кон финансиско советување и управување со средствата
(имотот) на клиентите. Како резултат на начинот на функционирање на овој модел на
банкарско работење, приватното банкарство нуди висок степен на персонализација на
услугите кои што се нудат на клиентите. Главните карактеристики на приватното банкарство се:
• Финансиско планирање и планирање на даночните аспекти;
• Меѓугенерациски фокус (Intergenerational orientation);
• Управување со средствата на поединци;
• Понуда на најдобри и комплетни производи и услуги;
• Воспоставување на личен однос со клиентите. Клиентите на банките кои работат согласно
моделот на приватно банкарство уживаат најголеми поволности од аспект на понуди на
финансиски производи и услуги.
б) Банкарство на големо (wholesale banking) се однесува на активностите на кредитирање и
позајмување помеѓу банките и големи институции. Банките кои работат согласно овој модел,
ги извршуваат своите активности со големи клиенти како што се други банки или небанкарски
финансиски институции (на пример, брокери и дилери). Банкарство на големо нуди услуги на
девизниот пазар, финансирање на тековниот капитал, големи трговски трансакции и други
видови услуги. Овој вид на банкарски модел овозможува финансирање на големи износи.
Банкарство на мало (retail banking) се однесува на понуда на банкарски производи и услуги за
индивидуалните клиенти и домаќинства.
в) Банкарството на мало обезбедува пристап до основните банкарски производи и услуги.
Банките кои работат согласно моделот на банкарство на мало, се фокусирани да бидат блиску
до своите клиенти и да ги задоволат нивните потреби преку понуда на широк спектар
финансиски производи и услуги. Производите и услугите кои што ги нуди банкарството на
мало се: тековни сметки, трансакциски сметки, сметки за штедење, картички, банкомати,
кредити, хипотекарни кредити и други видови потрошувачки кредити, итн. Моделот на
комерцијално банкарство најчесто се идентификува се корпоративното банкарство бидејќи
нуди производи и услуги за малите и средните претпријатија.
г) Корпоративно банкарство (понекогаш се нарекува и деловно банкарство) е во основа
слично на моделот на банкарство на мало. Главната разлика е што моделот на корпоративното
банкарство најчесто ги нуди истите производи и услуги на големи клиенти (деловни субјекти).
Производите и услугите кои се нудат преку корпоративното банкарство се однесуваат на
управување со средствата, управување со кредити, кредитирање на деловни активности,
финансирање на извоз, управување и финансирање на комерцијален недвижен имот, итн.
д) Инвестициско банкарство е модел на банкарско работење каде што банките се
специјализирани за помагање на компаниите и владите во процесот на прибирање на капитал.
Инвестициското банкарство учествува во процесот на емисија и/или продавање на хартиите од
вредност издадени од страна на компаниите или државата. Инвестициското банкарство има
функција на посредник помеѓу издавачите на хартии од вредност (кои имаат потреба од
капитал) и инвеститорите (кои имаат вишок на капитал). Инвестициското банкарство ги нуди
своите производи и услуги на корпоративни клиенти или институции.

8. Кои видови на банки постојат од аспект на видовите на производи и услуги кои


што ги нудат?
- Централна банка или емисиона банка – е банка која е од посебна важност за финансискиот
систем и националната економија поради нејзината улога и функции. Централната банка преку
своите инструменти ја спроведува монетарната политика.
- Специјализирани или грански банки – се банки кои се насочени кон одредена економска
гранка или сектор. Со други зборови, овој вид на банки вршат кредитирање и соработуваат со
одредени сектори или индустрии.
- Универзална банка – е банка која во своето работење ги опфаќа трите главни активности на
банките. Може да се каже дека универзалните банки претставуваат финансиски супермаркети,
бидејќи една банка нуди најразлични производи и услуги на своите клиенти.
- Развојна банка – преставува банка која е насочена кон исполнување на различни цели со кои
би се стимулирал локалниот, регионалниот или националниот развој. Развојните банки се
финансиски институции кои нудат различни форми на финансиска поддршка на среден и долг
рок. Финансиската поддршка е наменета за деловни субјекти во форма на заеми, гаранции,
инвестиции и промотивни активности за економски и индустриски развој. Поважни
карактеристики на развојните банки се: • Не се финансираат преку привлекување на депозити
од пошироката јавност, како што е случајот со комерцијалните банки; • Специјализирани
финансиски институции кои нудат кредитни производи на среден и долг рок. Овозможуваат
финансиска поддршка за приватниот и државниот сектор; • Реализираат среднорочно и
долгорочно финансирање на деловните субјекти; • Имаат улога во пополнување на јазот за
финансиски средства; • Примарна цел им е да го помогнат економскиот раст преку
промовирање на инвестициска активност и поддршка на претприемачка активност; •
Развојните банки се насочени кон служење на јавните интереси, а не кон остварување профит;
• Традиционалните канали за финансирање не се директни конкуренти на развојните банки.
- Инвестициски банки – им помагаат на деловните субјекти со активности поврзани со
финансиските пазари. Кога некоја компанија сака да издаде хартии од вредност на берза,
инвестициските банки реализираат активности поврзани со јавната котација, односно,
продавање на хартиите од вредност (акции, обврзници, итн.) на компанијата. Исто така,
инвестициските банки можат да го водат процесот на емисија и продажба на државните
хартии од вредност. Основните приходи на инвестициските банки потекнуваат од провизии
кои ги наплаќаат за своите услуги. Може да се каже дека инвестициските банки претставуваат
врска помеѓу компаниите и потенцијалните инвеститори.
- Онлајн банки – се банки кои ги нудат своите производи и услуги целосно онлајн. Овој вид на
банки нема развиена мрежа на филијали и експозитури поради што клиентите ги користат
производи и услугите преку употреба на Интернетот. Поради немањето физички филијали и
експозитури, онлајн банките имаат подобра ефикасност во управувањето со трошоците (на
пример, фиксни трошоци). Поради пониското ниво на трошоци, онлајн банките можат да
понудат повисок надоместок на штедачите, или да наплаќаат пониски провизии споредено со
традиционалните банки кои имаат физички локации

9. Објаснете ги предностите и недостатоците кои произлегуваат одуниверзалното


банкарство;
- Предности кои произлегуваат од универзалното банкарство се:
• Зголемен степен на диверзификација и профитабилност;
• Подобра искористеност на ресурсите;
• Искористување на брендот на банката;
• Зголемување на придобивките од постоечките клиенти (customer leverage);
• Понудата на широка палета производи ги намалува трансакциските трошоци;
• Диверзификација на профитот преку зголемување на изворите кои генерираат профит за
банката; • Олеснување на стратегијата за маркетинг.
- Недостатоци на универзалните банки се:
• Поради понудата на различни видови финансиски производи и услуги банките мора да
исполнуваат различна правила и различна законска регулатива. Поради постоењето на
различната законска регулатива за различни видови финансиски производи (кредити,
инвестициски фондови, осигурување, итн.) банките се соочуваат со тешкотии;
• Ефектите кои произлегуваат од пропаѓање на банкарскиот систем како последица од
големината на универзалните банки. Имено, универзалното банкарство се реализира од
страна на банки кои можат да бидат значително големи. Пропаѓањето на некоја од големите
банки може да има негативен ефект врз целокупниот банкарски систем како и самата
економија и да доведе до губење на довербата во банкарскиот систем;
• Поради својата големина, некои универзални банки може да добијат монополска позиција
на пазарот. Монополската позиција која што може да ја има некоја голема банка може да
создаде негативни ефекти за другите банки и јавноста, како и за економскиот раст

10.Кои се примарните функции кои што ги извршуваат банките во економијата?


- Примарни функции кои ги извршуваат банките како финансиски посредници во економијата
се:
а) Прибирање на депозити е една од основните функции на банките во економијата. Банките
ги мобилизираат слободните средства од пошироката јавност. Исто така, банките плаќаат
одреден надомест на штедачите за одредени 20 видови депозити. Со плаќањето на камата,
банката дополнително го стимулира штедењето во економијата и привлекувањето на
слободните средства.
б) Пласирањето на кредити e уште една основна функција која ја извршуваат банките.
Пласирањето на кредити на економските субјекти се врши со повисока каматна стапка
(споредено со камата која банката ја плаќа на депозитите). Висината на каматната стапка на
кредити која ја наплаќа банката зависи од повеќе фактори. Разликата помеѓу каматната стапка
која банката ја плаќа на штедачите (пасивна каматна стапка) и каматната стапка која ја наплаќа
на кредитите (активна каматна стапка) е главниот извор на приходи за банката. Банките ја
реализираат функцијата на кредитирање преку издавање на кредити со различна рочност.
11.Кои се секундарните функции кои што ги извршуваат банките во економијата?
- Издавање на гаранции – банкарска гаранција е инструмент (производ) на банките и со овој
инструмент банката дава сигурност (гарантира) дека нејзиниот клиент ќе ги исполни своите
обврски согласно договорените услови со трети страни. Со други зборови, банката преку
издавање на гаранција потврдува дека ќе ја исплати обврската (долгот) на својот клиент во
случај кога клиентот нема да ја плати својата обврска кон трето лице;
• Издавање на акредитиви – акредитивот претставува обврска за банката издавач кон
корисникот на акредитивот. Акредитивот, односно обврската, се реализира врз основа на
барање и инструкции дадени од страна на клиентот (налогодавачот) на банката. Врз основа на
акредитивот, банката има обврска да плати по видување договорена сума на пари или
плаќањето да го изврши на иден датум, согласно условите на акредитивот;
• Функција на агент – е функција каде што банките се агенти за своите клиенти и соодветно
извршуваат бројни активности за нивните клиенти. Во рамките на функцијата на агент за
своите клиенти банките можат да: реализираат трансфер на пари, да прават наплата на чекови,
периодична исплата, управување со портфолио, наплата на сметки, итн.;
• Останати функции – во своето работење банките можат да извршуваат и бројни други
функции. Така, на пример, банките можат да извршуваат општи функции за издавање на
сефови, оценка на бонитет, издавање на хартии од вредност, извршување на работи на
девизниот пазар, итн.;
• Лизинг – каде што банките можат да финансираат одреден движен или недвижен имот
преку издавање на имотот (кој е во сопственост на банката) на некоја компанија.

12.Објаснете ги принципите на банкарско работење;


- Принципот на ликвидност е од посебна важност за банките, поради начинот на кој тие
прибираат средства за финансирање на нивното работење. Принципот на ликвидност се
однесува на способноста на банката да го конвертира својот имот во готовина во краток
временски период, без при тоа да настане загуба.
- Принцип на сигурност Според Принципот на сигурност банката треба да обезбеди пласирање
на средствата на клиентите кои можат навремено да ги отплаќаат своите обврски по основа на
главница и камата. Банката треба да има воспоставено техники и методи со кои би биле во
можност да идентификуваат клиенти кои во иднина може да претставуваат проблем за
работењето на банката, односно отплаќање на кредитот.
- Принципот на профитабилност е принципот поради кој банките ги пласираат своите средства
во форма на кредити и инвестиции во економијата. Имено, во своето работење банките треба
да бидат во можност да остварат соодветно ниво на профит. Со цел остварување на профит,
банките треба да ги пласираат своите средства во форма на кредити и да ги инвестираат во
различни инструменти кои би обезбедиле сигурен принос за вложените средства.
- Принцип на транспарентност подразбира дека банките се во можност да обезбедат
соодветно ниво на информации и податоци за нивното работење на јавноста. Преку различни
извештаи, банките треба да ја информираат јавноста за: акционерите на банката, составот на
одборите на банката, активностите кои ги реализира банката и начинот на кои се пласираат
средствата.
- Принципот на солвентност се однесува на финансиската способност на банката да ги покрие
долгорочните обврски. За да може да се справи со конкуренцијата, секоја банка треба да
одржува одредено ниво на капитал. Принципот на солвентност до одреден степен го
претставува долгорочниот аспект на Принципот на ликвидност. Банката станува несолвентна
кога обврските ќе го надминат нивото на активата
- Според Принципот на ажурност во работењето, банката треба навремено да врши
евиденција и ажурирање на економските промените во работењето. Ова подразбира дека
банката треба да ги заведува своите активности кога ќе се случи промената (на пример, во
сметководство да се заведат промените истиот ден кога настанале).

13.Објаснете ги активните банкарски работи;


-

14.Објаснете ги пасивните банкарски работи;

15.Кои се изворите на средства во банкарското работење?

16.Кои се изворите на приходи во банкарското работење?

17.Дали мислите дека треба да постојат банки во една економија?

18.Која е улогата на банките во економијата?


- Банките го преставуваат крвотокот на економијата, посебно во банкарски ориентираните
пазари. Банките имаат важна улога во финансиските аспекти на деловните субјекти поради
функциите кои што ги извршуваат во економијата. Банкарските активности го помагаат
процесот на производство, размена на добра и услуги и одржување на ликвидноста во
економијата. Банките претставуваат важен дел од економијата бидејќи имаат значителен
придонес во нејзиниот развој преку креирањето и поддршката на деловните активности. До
сега е евидентно дека банките ги поддржуваат инвестициските активности на претпријатијата
и потрошувачката во една економија преку своето работење на неколку начини, и тоа:
обезбедува кредити, озбезбедува ликвидност, ефикасно искористување на средствата во
економијата, транфер на пари,.

19.Објаснете што се подразбира под банкарство во сенка;


- Терминот Банкарство во сенка станува популарен после финансиската криза која настана во
2007/08 година. Со терминот „банкарство во сенка“ се претставуваат финансиските активности
кои се реализираат надвор од официјалниот банкарски систем, односно надвор од
формалниот финансиски систем. Со други зборови, системот на банкарство во сенка е составен
од сите субјекти и активности кои нудат финансиски производи и услуги слични на
производите и услугите кои ги нудат банките во формалниот банкарски сектор.

20.Како банките придонесуваат за развој на економијата?


-

21.Зошто пропаѓање на некоја банка може да предизвика проблеми во една економија?

You might also like