You are on page 1of 13

Меѓународен Славјански Универзитет ,,Г.Р.

Державин” – Свети Николе

Економски Факултет

Семинарски труд по предметот Микроекономија

Пазар на капитал

Ментор : Изработил :

доц.д-р Јулија Атанасовска Кристијан Димитријев 1911060


Пазар на капитал

Свети Николе, Јуни 2023год

СОДРЖИНА

1.Вовед .......................................................................................................................
3

2.Поим и суштина на пазарот на капитал ...........................................................4

3. Функции на пазарот на капитал ........................................................................6

4. Организација на пазарот на капитал ..............................................................8

4.1 Примарен пазар на капитал..............................................................8

4.2 Секундарен пазар на капитал ..........................................................8

4.3 Терцијален пазар на капитал............................................................9

4.4 Квартален пазар на капитал ...........................................................9

5. Учесници на пазарот на капитал......................................................................9

6. Пазар на капитал во Република


Македонија....................................................10

7. Заклучок...............................................................................................................11

8. Користена литература....................................................................................12

2
Пазар на капитал

1.Вовед

Финансискиот пазар е специфичен пазар, бидејќи на него се тргува со


специфична стока (пари, капитал, хартии од вредност – краткорочни и
долгорочни, валути и девизи), на специфичен начин и според специфични
услови. Финансискиот пазар се состои од три сегмента: пазар на пари, пазар на
капитал и пазар на девизи. Во овој семинарски труд како предмет на
истражување претставува пазарот на капитал и неговите карактеристики.

Пазарот на капитал е голем и сложен пазар, кој што за жал не е доволно


развиен и не му се дава големо внимание во нашата држава. Тоа е една од
причините зошто се одлучив да правам истражување за оваа тематика. Од
истражувањето увидов дека луѓето во нашата држава не сакаат да вложуваат
во овој пазар затоа што немаат доволно познавање на неговата работа и
поради недостиг на финансиски капитал. Друга причина е тоа што еден од
најголемите фактори кој ги спречува граѓаните за настапување на овој пазар е
факторот ризик. Ризикот постои секаде, но со претприемачки став би знаеле
дека најголем ризик претставува да не се превземе никаква акција.

Мое лично мислење е дека темата за пазар на капитал во Македонија не


е доволно разработена и разгледана, и воедно мислам дека државниот врв
треба да излезе со одредена едукативна кампања за тоа како и зошто треба да
се инвестира во пазарот на капитал. За разлика од Македонија, овој пазар во
Западно-Европските и во Соединетите држави претставува еден од
најголемите двигатели на нивната домашна економија и е битен фактор за
националниот економски раст. Во наредните неколку страни во кратки црти се
обидов да дадам одредена дефиниција за тоа што е тоа пазар на капитал, кои
се неговите функции и како е организиран, како и одредени информации за
пазарот на капитал во Република Македонија и за неговите карактеристики.

3
Пазар на капитал

2.Поим и суштина на пазарот на капитал

Пазарите на хартии од вредност генерално можат да се разграничат на


краткорочни и долорочни пазари. Краткорочните пазари опфаќаат хартии од
вредност со доспевања од една година или помалку и тие се нарекуваат
пазари на пари. Хартиите од вредност што најчесто се тргуваат на овие пазари
се државните записи, комерцијалните хартии од вредност и преносливите
депозитни сертификати.

Дологорочните пазари се нарекуваат пазари на капитал и се состојат од


хартии од вредност кои имаат рок на доспевање поголем од една година.
Најчести корпоративни хартии од вредност во оваа категорија се обврзниците,
обичните акции, приоритетните акции и конвертибилните хартии од вредност.
1
Овие хартии од вредност се наоѓаат во билансот на состојба на фирмата на
страната на долгорочните обврски и акционерскиот капитал. Земени заедно
овие долгорочни хартии од вредност ја сочинуваат структурата на капиталот на
фирмата. Пазарот на капитал претставува однос помеѓу понудата и
побарувачката на расположливи парични средства и долгорочни хартии од
вредност. Имено, во секоја економија постојат субјекти кои имаат парични
средства што им се привремено слободни, т.е расположливи за вложување на
подолг рок. Истовремено, постојат и огромен број на субјекти кои имаат
потреба од парични средства на долг рок, со намера истите да ги инвестираат
во конкретни проекти. Преку пазарот на капитал доаѓа до размена на овие
парични средства од оние кои ги имаат на оние на кои им се потребни, при што
корисниците на средствата им плакаат одреден надомест на позајмувачите во
вид на камата, дивиденда или слични исплати.

На страната на понудата и на страната на побарувачката на долгорочни


парични средства се јавуваат истите субјекти : населението, стопанството,

1
Stanlley B. Block, Geoffrey A. Hirt , ‘‘Основи на финансиски менаџмент‘‘

4
Пазар на капитал

државата и банките. Сепак, населението се јавува во улога на нето-доверител,


тоа значи дека повеке пласира сопствени средства одколку што користи,
додека стопанството претставува редовно најголем нето-корисник на
средствата, што значи дека повеке користи средства од пазарот на
капитал,разбирливо, за инвестирање, одколку што таму ја пласира сопствената
акумулација.

Приносите на пазарот на капитал можат да бидат во неколку видови, и тоа


како:

1. дивиденда што ја добиваат сопствениците на акциите;


2. камата што ја добиваат сопствениците на обврзниците и
3. капитална добивка која што одговара на разликата меѓу продажната и
куповната цена на капиталот, односно меѓу продажната и куповната
цена на хартиите од вредност.
Вложениот капитал секогаш носи со себе и определен ризик, зависно од
големината на приносот што се очекува. 2Етимолошки зборот ризик потекнува
од латинскиот збор рисцио што упатува на опасност да се пропадне, изгуби. Од
аспект на детерминантите ризиците најчесто се групираат на: нестопански
ризици, како резултат на нестопански (неекономски) детерминанти (војна,
елементарни непогоди...) и стопански ризици, како резултат на стопанските
(економските) детерминанти. Но, во пазарот на капитал се сретнуваат
следните ризици:

1. Финансиски ризик, кога поради лошото работење претпријатието не е


во состојба да плати дивиденда за акциите, односно камата за
обврзниците;
2. Пазарен ризик на ликвидноста, кој се јавува во состојба
кога финансиски инструменти се продаваат пред конечниот рок на
достасување;
3. Ризик на куповната сила, се јавува во услови на инфлација кога
реалните каматни стапки се значително помали од номиналните
каматни стапки и
4. Ценовниот ризик, кој е детерминиран со намалување на пазарната
вредност на финансиските инструменти како резултат на промените во
висината на каматните стапки или на промените во висината на
девизниот курс.
2
Economics-Michael Parkin

5
Пазар на капитал

Пазарот на капитал ги обединува следниве специјализирани пазари:

1. на кредитно-заемниот и депозитно-инвестициониот пазар на капитал,


се тргува со долгорочни инвестициони кредити, со заеми и депозити;
2. на хипотекарниот пазар се тргува со хипотекарни кредити, заложници;
3. на пазарот на капитални учества се тргува со капитал, вложен како
основачки капитал во стопански субјекти од неакционерски вид;
4.пазарот на долорочни хартии од вредност се состои од примарни и
секундарни, а гласат на национални пари.

3.Функции на пазарот на капитал

Најзначајни функции на пазарот на капиталот се:

1. Пазарот на капитал овозможува мобилизација (прибирање) и алокација


(разместување) на слободниот паричен капитал кој натаму служи за
долгорочно финансирање на работењето на претпријетието. Овој начин
на прибирање на паричниот капитал претставува начин на доброволна
централизација на капитал и негово производсвено ориентирање.
Корпорациите преку ноќ доаѓаат до капитал кој веќе претставува нивен
“сопствен” капитал, бидејќи не се обврзуваат на инвеститорите да им ги
вратат вложените парични средства, туку само да им платат надомест
(дивиденда, камата). Пазарот на капитал секогаш дава можност за
реалокација на средствата, од едно во друго претпријатие, а со тоа
хартиите од вредност ги менуваат своите сопственици.
2. Преку утврдување на цените на акциите и обврзниците (на берзите),
според тоа и на цената на капиталот, се врши и тековно вреднување на
самото претпријатије што ги емитирало хартиите од вредност. Ако
претпријатието работи успешно, цените на издадените хартии од
вредност ќе бидат повисоки и обратно претпријатието ако работи
неуспешно.

6
Пазар на капитал

3. Пазарот на капитал го овозможува финансиското, сопственичкото и


управувачкото преструктуирање на претпријатијата и дејствува врз

зголемувањето на вкупната ефикасност на стопанисувањето на


националната економија во целост. Ако претпријатието работи
неуспешно често доаѓа до преземање на претпријатието од група на
други сопственици, кои поставуваат свој управувачки кадар, а тие пак
вршат други преструктуирања при работењето во претпријатието.

4. Пазарот на капитал ја обезбедува ликвидноста на средствата на


потенцијалните инвеститори и им овозможува ним (на приватните и
институционалните инвеститори) да вршат оптимизација на сопствениот
портфељ. Ликвидноста на средствата е осигурана со самиот факт што
на берзата хартиите од вредност можат релативно лесно да се продадат
и да се претворат во паричен капитал кој може да се пренасочи во други
инвестиции.

5. Пазарот на капитал претставува механизам за финансирање на


државата. Преку развиен пазар на капитал државата може да
мобилизира финансиски фондови за финансирање на својата активност.
6. Пазарот на капитал претставува механизам за контрола
(дисциплинирање) на менаџерите на компаниите. Оваа функција на
пазарот на капитал произлегува од одвоеноста на сопственоста- од
управувањето во модерните корпорации.
7. Пазарот на капитал има функција да привлекува странски инвеститори
во националната економија. Оваа функција се однесува и за странските
директни инвестиции и за странските портфолио инвестиции.
8. Пазарот на капитал може да обезбеди ефикасна алокација на
финансискиот капитал. Во услови кога постои совршен пазар на капитал,
пазарот на капитал овозможува финансискиот капитал да се алоцира кај
оние проекти кои овозможуваат највисока стапка на принос.
9. Пазарот на капитал ја оневозможува монополизацијата на тековите на
финансискиот капитал. Доколку пазарот на капитал се карактеризира со
релативно слободен влез и излез, на страната на понудата и на страната

7
Пазар на капитал

на побарувачката, тогаш се оневозможува здобивање со монополска моќ


на постојните институции во финансискиот систем.

4.Организација на пазарот на капитал

Пазарот на капитал како организирана форма на сретнување на понудата


и побарувачката на долгорочни слободни финансиски средства се состои од
два сегмента:

 пазар на долгорочни парични средства и


 пазар на долгорочни хартии од вредност (securities market).

Пазарот на долгорочни парични средства претставува всушност


долгорочно кредитирање за инвестициите и тој се остварува по пат на контакти
меѓу економските субјекти, деловните банки, финансиските институции,
инвестиционите фондови и други.

Пазарот на долгорочни хартии од вредност опфаќа емисија и промет на


долгорочни хартии од вредност (ефекти). Тој се дели на:

 Примарен пазар на капитал,


 Секундарен пазар на капитал,
 Терцијален пазар на капитал и
 Квартален пазар на капитал

4.1 Примарен пазар на капитал

Пазарот на долгорочни хартии од вредност, може да се реализира како


емисионен или примарен пазар на долгорочни хартии од вредност- пазар на кој
се остваруваат активности на првична емисија на долгорочни хартии од
вредност и нивно купување, односно откупување од страна на инвеститорите
со купување од ‘‘ прва рака‘‘. Постојат три основни вида на емсија на
долгорочни хартии од вредност и тоа : директна, индиректна емисија и интерна
емисија.

4.2 Секундарен пазар на капитал

8
Пазар на капитал

На овој пазар, предмет на перманентно купување и продавање се


хартии од вредност кои порано се емитувани и истиот овозможува еднаш
имитуваните хартии од вредност на претпријатијата перманентно да останат во
промет. Со тоа се врши реалокација на сопственичките односи во врска со
хартиите од вредност. На овојпазар, трансакциите се остваруваат меѓу
различни финансиски инвеститори и не се во директна поврзаност со
финансирањето на поединечните претпријатија.

4.3Терцијален пазар на капитал

Овој вид на пазар на капитал претставува директно купување и


продавање на хартии од вредност кои во исто време котираат, односно со нив
се тргува и на ефектните берзи. Главни учесници на овој пазар се
институционалните инвеститори. Брокерите и дилерите на овој ‘‘трет пазар‘‘
настапуваат како директна конкуренција на ‘‘организаторите на пазарот-market
makers‘‘, односно на специјалистите што работат на берзите. Тоа значи дека
овој пазар се јавува како директна конкуренција на берзата.

4.4Квартален пазар на капитал

Четвртиот пазар на догорочни хартии од вредност е пазар на кој


директно се врши нивната купопродажба и тоа меѓу институционалните
инвеститори и поединци кои имаат големи износи на финансиски средства и
кои директно еден од друг купуваат или продаваат долгорочни хартии од
вредност

5.Учесници на пазарот на капитал


Ако пазарот на капитал се дефинира како сретнување на понудата и
побарувачката за долгорочните слободни финансиски средства со цел да се
капитализираат, тогаш на пазарот на капитал мора да постојат два формално-

9
Пазар на капитал

правно рамноправни партнери - продавачи и купувачи на хартии од вредност.


Како учесници на пазарот на капитал се јавуваат уште и посредниците и
државата. Согласно со тоа во земјите во кои постои и функционира пазарот на
капитал, како инвеститори се јавуваат:

 Поединци – физички лица;


 Стопански субјекти – правно лице;
 Државни и парадржавни субјекти, иституции и организации и
 Банкарско-финансиски и инвестициони институции.

Големината на капиталот, добиен од штедењето или од преработувачката


функција на банките ја претставува потенцијалната снага на една национална
економија, пред се во функција на остварување на националниот доход и бруто
домашниот производ. Мотивите за користење на капиталот се многубројни, но
без претензија на сеопфатност, истите може да се сведат на следниот
заеднички именител – успешно стопанско работење, базирано на економската
сметка, и создавање нови вредности, добивка и општествено
богатство. Клиентите во инвестицискиот амбиент може да се
класификуваат во 3 групи: сектор на население, стопански
сектор и државен сектор.

6. Пазар на капитал во Република Македонија

Правната рамка на пазарот на капитал ја сочинуваат: Законот за


хартии од вредност (како основен закон), Законот за инвестициони
фондови и Законот за девизно работење. Преку тие закони се уредени сите
прашања кои се однесуваат на: начинот на организирањето на пазарот на
долгорочни хартии од вредност; правилата за влез и излез од тој пазар;
положбата и ингеренциите на регулаторното тело на пазарот; правилата и
процедурите за учество на домашни и странски правни или физички лица во

10
Пазар на капитал

тргувањето на тој пазар; обврските за учесниците во тргувањето; и тн.


Институционалната рамка на пазарот на капитал во Македонија ја сочинуваат:
 Министерството за финансии – е креатор на политиките на пазарот на
капитал;
 Комисијата на РМ за хартии од вредност – е регулаторно тело на
пазарот на долгорочни хартии од вредност, кое врши и контрола на сите
учесници на пазарот на капитал; таа е самостојно и независно
регулаторно тело, со својство на правно лице и со јавни овластувања
утврдени со закон; има сопствена организациона структура (претседател
и 6 члена), со мандат од 7 години, избрани од страна на Собранието
 Македонската берза за долгорочни хартии од вредност – е АД, основана
1995г.; таа е местото каде се сретнуваат понудувачите со купувачите и
се обавуваат трансакциите;
 Централниот депозитар за хартии од вредност – е централна
информациона база на хартии од вредност и место каде се врши
утврдување и порамнување на обврските;
 Брокерски друштва се профитно-ориентирани деловни субјекти кои се
овластени учесници на Берзата, преку нив се вршат сите трансакции; се
формираат со одобрение на КХВ3;
 Банки (оние кои имаат дирекции овластени овластени како учесници на
Македонската берза) – ги имаат истите права и функции како и
брокерските друштва;

7.Заклучок
Пазарот на капитал е еден дел од финансискиот пазар, тој всушност
претставува организирано сретнување на понудата и побарувачката на

3
комисија за хартии од вредност

11
Пазар на капитал

слободни долгорочни финансиски средства. На овој пазар предмет на


купување и продавање се долгорочните слободни парични средства и
долгорочните хартии од вредност. Приноси од овој пазар можат да бидат
дивиденда, камата и капитална добивка.

Вложениот капитал секогаш носи со себе и определен ризик, зависно од


големината на приносот што се очекува. На пазарот на капитал можеме да
сретнеме ризици како: финансиски ризик, пазарен ризик, ризик на куповна
сила и ценовен ризик.

Пазарот на капитал се дели на: Примарен, Секундарен, Терцијален и


Квартален пазар на капитал.

На примарнот пазар на капитал се врши мобилизација на слободен


паричен капитал, со цел за долгорочно финансирање на корпорациите која се
врши преку нова емисија на акции и обврзници. Финансирањето на
претпријатијата преку емисија на долгорочни хартии од вредност се врши на
три основни начина: директна, индиректна и интерна емисија.

Секундарен пазар на капитал ги опфаќа институциите и механизмите


преку кои се врши прометот (купување и продавање) на еднаш веќе емитирани
хартии од вредност. Тој може да биде организиран и неорганизиран пазар на
капитал.

Терцијалниот пазар во суштина значи директно купување и продавање


хартии од вредност со кои истовремено се тргува и на ефектните берзи.

Кварталниот пазар на капитал на долгорочни хартии од вредност е пазар


на кој директно се врши нивната купопродажба и тоа меѓу инстутуционалните
инвеститори и поединци кои имаат големи износи и финансиски средства.

На пазарот на капитал може да се сретнат четири групи на учесници:


1.Сопственици на капитал; 2. Претприемачи, менаџери, стопанственици;
3.Посредници; 4. Државата и државните органи.

Користена литература

12
Пазар на капитал

1. Таки Фити, ‘‘Основи на економија‘‘, Универзитет “Св. Кирил и


Методиј“-Скопје, Економски факултет- Скопје, Скопје 2006 год.
2. Проф. Д-р. Ристо Фотов, ‘‘Финансиски менаџмент‘‘, Штип, 2010 год.
3. www.finance.gov.mk
4. Economics-Michael Parkin

5. Stanlley B. Block, Geoffrey A. Hirt , ‘‘Основи на финансиски


менаџмент‘‘

6. Проф. Д-р. Ристо Фотов, ‘‘Финансиски менаџмент‘‘, Штип, 2010 год.

7. www.finance.gov.mk

8. http://www.wisegeek.com/what-is-the-capital-market.htm

13

You might also like