You are on page 1of 15

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

EКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ- СТРУМИЦА

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ MАКРОЕКОНОМИЈА

Тема: Инструменти на монетарната политика на Република Македонија

Ментор: Изработиле:
Дарко Лазаров Анита Андонова

Гордана Петрушева

Македонка Цуклева

Зуле Милчева

Струмица, 2016 година


Содржина

Апстракт 3

Abstract 4

Keywords 4

Вовед 5

Главен дел 6

1. Монетарно осамостојување на Република Македонија 6

2. Инструменти на монетарната политика на Република Македонија8

2.1. Операции на отворен пазар 9


2.2. Задолжителна резерва 11
2.3. Расположливи депозити 12

2.4. Расположлив кредит преку ноќ 12


2.5. Интрадневен кредит 13
Заклучок 14
Користена литература 15
Апстракт

Нашата семинарска работа ја изработивме со цел да ја дефинираме


монетарната политика, монетарното осамостојување на Република Македонија,
кои се инструментите на монетарната политика на Република Македонија и
како тие влијаат врз масата на пари во оптек. Порано укажавме големо
значење на промените на понудата на пари односно масата на пари во оптек
за вкупните макроекономски движења. Регулирањето на понудата на пари е
надлежност на централната банка. Монетарната политика на Република
Македонија претставува дел од општата економска политика на Република
Македонија, која ја води Народната банка на Република Македонија. Заради
тоа, целите што сакаат да се постигнат во одреден период со економската
политика претставуваат истовремено и цели на монетарната политика.

Клучни зборови: понуда на пари, цели, задачи, функции, инструменти,


централна банка
Abstract

Our paper work was prepared in order to define monetary policy, monetary
independence of the Republic of Macedonia, which are the instruments of monetary
policy of the Republic and how they affect the mass of money in circulation.Earlier
we spoke of important changes in the money supply or the mass of money in
circulation on the overall macroeconomic developments. Regulation of the money
supply is the responsibility of the central bank. The monetary policy of the Republic
of Macedonia as part of the general economic policy of the Republic of Macedonia,
led by National Bank of Macedonia. Therefore, the objectives to be achieved in a
period of economic policies represent both objectives of monetary policy.

Keywords: money supply, goals, tasks, functions, tools, central bank


Вовед
Главен дел
1. Монетарното осамостојување на Република
Македонија

Една од суштествените задачи при воспоставувањето на монетарна


самостојност на Република Македонија било воведувањето национална валута
на државата, односно планирањето и организирањето на повлекувањето од
оптек на југословенските динари и нивната замена со македонски пари. За таа
цел, во Владата на Република Македонија била формирана петчлена Комисија
за монетарен систем, во која влегувале претседателот на Владата, Никола
Кљусев, министерот за финансии, Методија Тошевски, гувернерот на НБРМ,
Борко Станоевски, и професорите Ксенте Богоев и Љубе Трпески. На 19
декември 1991 година Владата на Република Македонија донела одлука со која
ја овластила НБРМ да ја преземе организацијата на печатење транзициско
издание на вредносни бонови, како и организацијата на нивното пуштање во
оптек. Основната функција на вредносните бонови била да послужат како
привремено полновредно платежно средство кое ќе ги спречи натамошните
монетарни упади од страна на другите југословенски републики во Република
Македонија. По една година требало да биде подготвено и издадено првото
стандардизирано издание на македонските банкноти и метални пари.

Намерата вредносните бонови да бидат издадени во најбрз временски рок ја


ограничила можноста за соодветно планирање и нивно дизајнирање. Тие биле
изработени со многу едноставна печатарска техника и без адекватни банкнотни
карактеристики. Сите поседувале унифициран дизајн. Печатницата ,,11
Октомври” од Прилеп била избрана да ги испечати боновите, чии графичари,
исто така, ги обликувале ликовните решенија. На предната страна на боновите
биле претставени тутуноберачи како алузија на една значајна гранка од
македонското стопанство, а воедно и како почит на еден од најпознатите
македонски поети, Коста Рацин. На задната страна била ставена претставата
на крушевскиот ,,Македониум”, дело на скулпторот Јордан Грабул (1926-1986),
како потсетник на илинденската Крушевска република од 1903 година. Во
периодот на изработка на боновите сè уште не била донесена одлука за името
на македонската национална валута, така што на транзициското издание не се
појавува името на паричната единица, туку само нивната апоенска вредност,
заедно со сериските броеви и со потписите на тогашниот гувернер и заменик-
гувернер на централната банка.
Непосредно по печатењето на наведените апоени, поради галопирачката
инфлација биле изработени и бонови со апоенска вредност од 5 000 и од 10
000 единици. Нивниот дизајн во принцип го следел стилот на претходно
изработените номинали, вклучувајќи етнографски фолклорни елементи на
номиналата од 10 000 вредносни единици и на технологијата на постмодерното
време на номиналата од 5 000 вредносни единици.

Со донесувањето на Одлуката за целите и задачите на монетарната


политика во 1992 година од страна на Собранието, Република Македонија за
првпат ја утврдила својата самостојна монетарна политика. Во согласност со
оваа Одлука, монетарно-кредитната политика, заедно со мерките во другите
области на економската, особено на фискалната политика и на политиката на
личната потрошувачка, требало да влијае врз забавувањето на стапката на
зголемувањето на цените на мало. За остварување на оваа цел била
предвидена рестриктивна монетарна политика, при што НБРМ била задолжена
да го утврди потребниот обем на примарни пари и да го реализира со
соодветна примена на инструментите на монетарно регулирање. Како основен
инструмент на монетарната политика служело рефинансирањето на кредити на
банките за одредени намени со средства од примарната емисија.

Истовремено со утврдувањето на првата монетарно-кредитна политика,


Собранието за првпат утврдило и самостојната девизна политика и проекцијата
на платниот биланс на Македонија. Оваа политика била насочена кон
зголемување на надворешнотрговската размена (преку стимулирање на
извозот, поврат на царините и сл.), зголемување на странските вложувања во
Македонија (преку даночни ослободувања) и кон преземање активности за
регулирање, односно рефинансирање на кредитните обврски кон странство,
особено кон Парискиот клуб на кредитори. Посебно место во девизната
политика имало зголемувањето на девизните резерви на Македонија, за чија
цел била утврдена обврската за издвојување (продавање на НБРМ) на 30% од
остваренот девизен прилив на претпријатијата (со одредени исклучоци) за
девизните резерви (40% за постојаните девизни резерви и 60% за плаќање на
фиксните и на гарантираните обврски кон странство, за увоз на сурова нафта,
суровини и на репроматеријали и сл.).
2.Инструменти на монетарна политика во
Република Македонија

Инструментите на монетарна политика во Република Македонија


претставуваат административни мерки и финансиски трансакции преку кои
Народната банка на Република Македонија ја спроведува монетарната
политика.

Ценовната стабилност претставува примарна цел на монетарна


политика во Македонија и за да може централната банка да ја одржува
ценовна стабилност користи повеќе инструменти. За да бидат успешни
резултати од инструментите на монетарната политика истите треба да се
користат во вистинското време. Имајќи предвид дека помеѓу инструментите и
крајната цел на монетарната политика постои сложена и индиректна
поврзаност со временско задоцнување, НБРМ го следи движењето на
одредени економски варијабли - оперативни и посредни цели. Оперативните
цели полесно се контролираат, но се подалечни од крајната цел, додека
посредните цели потешко се контролираат, но се поблиски до крајната цел.

Инструменти со кои се служи НБРМ се следниве:

 Операции на отворен пазар


 Задолжителна резерва
 Расположливи депозити
 Расположлив кредит преку ноќ
 Интрадневен кредит

Од инструментите на монетарната политика најфлексибилен претставува


операции на отворен пазар и тие најчесто се спроведуваат преку емисија на
хартии од вредност на НБРМ - аукции на благајнички записи или преку
купување или продажба на хартии од вредност на привремена или
дефинитивна основа. Со овој инструмент, НБРМ директно влиаје врз понудата
на пари и кредити. За надминување на краткоричниот ликвидносен недостик кај
банките на крајот на денот НБРМ одобрува расположлив кредит преку ноќ. А во
обратна ситуација, односто во услови на краткорочен вишок на ликвидност
банките можат да пласираат средства кај НБРМ во расположливите депозити
преку ноќ и на седум дена.
2.1Операции на отворениот пазар
Операциите на отворениот пазар претставуваат група индиректни
пазарни инструменти на монетарната политика, преку кои НБРМ врши
продажба и купување на хартии од вредност. Со овие инструменти се влијае
врз нивото на краткорочните каматни стапки, односно нивото на
расположливите ликвидни средства на банките. Зголемувањето на каматната
стапка кај овие операции упатува на порестриктивна монетарна политика и
обратно, намалувањето на каматната стапка овозможува релаксирање на
монетарните движења. Структурната позиција на банкарскиот систем во однос
на централната банка придонесе повлекувањето ликвидни средства од
банкарскиот систем коешто НБРМ го остварува преку емисија на хартии од
вредност (благајнички записи) да доминира подолго време. Од друга страна,
заради задоволување на краткорочниот ликвидносен недостиг во банкарскиот
систем, НБРМ спроведува репо-операции за обезбедување ликвидност.
Дефинитивните купопродажби на хартии од вредност на секундарниот пазар се
помалку застапени. Во услови на позначајни отстапувања кај проекциите на
ликвидноста коишто доведуваат до непланиран вишок или недостиг на
ликвидност во вкупниот банкарски систем, НБРМ може да применува
(вонредни) операции за фино регулирање преку коишто се избегнуваат
значајни флуктуации на нивото на ликвидноста на банкарскиот систем и
каматните стапки на пазарите на пари.

Операциите на отворениот пазар ги опфаќаат следниве инструменти:

 Аукција на благајнички записи


 Аукција на репо-трансакции
 Дефинитивни трансакции

Аукција на благајнички записи

Под аукција на благајнички записи се подразбира управување со


ликвидноста на банкарскиот систем преку продажба на хартии од вредност од
страна на НБРМ на примарниот пазар. Каматната стапка што ја носат
благајничките записи претставува основна каматна стапка за насоката на
монетарната политика во РМ. Аукциите на благајничките записи се одржуваат
во редовни термини а купувачи на истите се банките. НБРМ применува два
основни типа тендери кај аукцијата на благајнички записи:

 Тендер со каматни стапки: во проспектот што се упатува до банките,


НБРМ го објавува износот на благајнички записи што го нуди за
продажба, а банките аукцираат со износи и каматни стапки;
 Тендер со износи: во проспектот што се упатува до банките, НБРМ
објавува фиксна каматна стапка по која ќе се реализира продажбата на
благајничките записи, а банките аукцираат само со износи.

Аукции на репо-трансакциите

Во услови на краткорочни промени на ликвидноста, кои би можеле да


доведат до значителни флуктуации кај краткорочните каматни стапки, НБРМ
применува операции за фино регулирање на ликвидноста - аукции на репо-
трансакции, помеѓу две интервенции преку основните операции, на пократок
рок. Аукциите овозможуваат повлекување ликвидност преку моментна
продажба на хартии од вредност, со обврска за нивен реоткуп на некој иден
датум по однапред утврдена цена и обратно, обезбедување ликвидни средства
преку моментно купување хартии од вредност, со обврска за нивна повторна
продажба на некој иден датум по однапред утврдена цена. Исто како и кај
аукции на благајничките записи и тука постојат два начина на аукции:

 Тендер со каматни стапки: во проспектот што се упатува до банките,


НБРМ го објавува износот, а банките аукцираат со износи и каматни
стапки;
 Тендер со износи: во проспектот што се упатува до банките, НБРМ
објавува фиксна каматна стапка по која ќе се реализираат репо-
трансакциите, а банките аукцираат само со износи.

Дефинитивни трансакции

Основната функција на инструментот е структурно регулирање на


ликвидноста во банкарскиот систем, што би довело до долгорочна промена во
нивото на ликвидност. Дефинитивните трансакции можат да се спроведуваат
во двете насоки, за обезбедување или за повлекување ликвидност од
банкарскиот систем, преку дефинитивен откуп, односно продажба на хартии од
вредност на секундарниот пазар. Дефинитивните трансакции се спроведуваат
со банките на билатерална основа.
2.2 Задолжителна резерва

Под задолжителна резерва се подразбира обврски на банките и


штедилниците односно данок кој им го наметнува НБРМ за изделување на
средства на сметка кај централната банка. Целта на овој инструмент се
стабилизирањето на краткорочните каматни стапки на пазарите на пари,
управување со понудата на пари и нивото на кредитна мултипликација.
Основата за задолжителната резерва на банките се пресметува како просек од
обврските за секој ден од календарскиот месец што му претходи на периодот
на исполнување. Задолжителната резерва на банките во девизи се издвојува
на посебни девизни сметки на НБРМ во странство и се исполнува во евра на
фиксно ниво. Штедилниците ја исполнуваат задолжителната резерва на
посебни сметки кај НБРМ на фиксно ниво. Стапката на задолжителна резерва
на штедилниците изнесува 2,5%.

Задолжителната резерва на банките е стандарден инструмент на


монетарната политика на НБРМ, кој е во функција на намалување на
структурниот вишок на ликвидност во банкарскиот систем. Основата на
задолжителната резерва на банките се пресметува како просек од обврските за
секој ден од календарскиот месец што му претходи на периодот на
исполнување.

Задолжителната резерва во денари се исполнува со сметките на банките


кај НБРМ, на просечна основа во текот на периодот на исполнување, што им
овозможува на банките поголема флексибилност при управувањето со
ликвидноста и има позитивно влијание врз стабилноста на каматните стапки на
пазарите на пари. На дневна основа, банките може целосно да ја користат
задолжителната резерва во денари, а се обврзани просечната дневна состојба
на нивните сметки за периодот на исполнување да биде најмалку еднаква на
пресметаната задолжителна резерва. Стапката на надомест за
задолжителната резерва во денари изнесува 1%. Стапката на надомест на
задолжителната резерва во евра изнесува 0,1%.
2.3 Расположливи депозити
Кога банките имаат вишок на ликвидност тие сакаат да ги пласираат тие
пари со цел да заработат камата. Најчест пример за тоа претставуваат
расположливите депозити кои банките ги префрлаат кај народната банка на РМ
со рочност од 1 ден до 7 дена. Каматната стапка за депозитите преку ноќ
изнесува 0,75 %. Додека каматната стапка на депозитите за една недела
изнесува 1,75 %.

Каматната стапка на депозитите на седум дена ја утврдува гувернерот и таа,


заедно со останатите услови, се објавува на интернет-страницата на
Народната банка. Каматата се пресметува со примена на следнава формула:

каде што: К - камата на депозитот; D - износ на депозитот; к - каматна стапка; d-


календарски број на денови.

2.4 Расположлив кредит преку ноќ


Основната функција на расположливиот кредит преку ноќ е
надминување на ликвидносните проблеми кај поединечни банки со што се
придонесува кон стабилизирање на ликвидноста на пазарите на пари и
флуктуациите на краткорочните каматни стапки. Кредитот се одобрува со рок
на достасување преку ноќ. Каматната стапка на расположливиот кредит преку
ноќ претставува горна граница на краткорочните каматни стапки на пазарот на
пари и се утврдува со додавање 0,50 п.п. над каматната стапка остварена на
аукцијата на благајнички записи. Кредитот им стои на располагање на банките
секој работен ден и се одобрува по нивно барање, во форма на репо-
трансакција. Расположливиот кредит преку ноќ се одобрува согласно со
Генералниот репо-договор, а како обезбедување се користат хартии од
вредност согласно со Листата на хартии од вредност за спроведување на
монетарни операции. Право на кредит имаат сите банки и филијали на
странски банки. Народната банка на Република Македонија одобрува кредит
преку ноќ на банка преку склучување на репо-трансакција со рок на
достасување од еден работен ден. За одобрениот кредит преку ноќ Народната
банка наплаќа камата за 1,50 % поголема од каматата на благајничките записи.
Народната банка има право да го ограничи барањето на за кредит или истото
да го одбие.

Расположливиот кредит преку ноќ, кој банките може да го користат на


сопствена иницијатива за надминување на ликвидносниот недостиг на крајот
од работниот ден. Сепак, преку каматната стапка на расположливиот кредит
преку ноќ се остварува значајна функција - поставување горна граница на
движењето на краткорочните каматни стапки на пазарите на пари, со што може
да се влијае врз намалување на променливоста на каматните стапки.

2.5 Интрадневен кредит


Основната функција на овој кредит е надминување на ликвидносните
нерамнотежи кај банките коишто настануваат како резултат на поголеми
одливи во однос на приливите во текот на денот. На тој начин, овој инструмент
овозможува непречено реализирање на платните трансакции во текот на денот
и го подобрува ликвидносното управување на банките. НБРМ не наплаќа
камата на интрадневниот кредит. Кредитот им стои на располагање на банките
секој работен ден и се одобрува по нивно барање, во форма на репо-
трансакција, при што постои можност за претворање на интрадневниот кредит
во расположлив кредит преку ноќ на крај на денот. Интрадневниот кредит се
одобрува согласно со Генералниот репо-договор, а како обезбедување се
користат хартии од вредност согласно со Листата на хартии од вредност за
спроведување на монетарни операции.
Заклучок
Користена литература:
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D0%BD
%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0%BD
%D1%82%D0%B8_%D0%BD%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D0%BD
%D0%B5%D1%82%D0%B0%D1%80%D0%BD%D0%B0_%D0%BF%D0%BE
%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_
%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA
%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD
%D0%B8%D1%98%D0%B0

http://www.nbrm.mk/?ItemID=1CAB35826FC7C34CAF5125D125E46147

You might also like