You are on page 1of 98

Универзитет „Св.

Климент Охридски-

Битола“

Факултет за информатички и

комуникациски технологии -

Битола

Студиска програма:

Јавна администрација

АНАЛИЗА НА ИЗВОРИТЕ НА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ


БИЗНИСИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(магистерски труд)

Ментор: Кандидат:

доц. д-р. Марина Блажековиќ Тошевски Тања Андреевска

БИТОЛА, 2017
АПСТРАКТ

Темата на овој труд се изворите на финансирање на малиот бизнис. Малите


бизниси во последниве децении земаат сè поголем замав и стануваат сè поголем
предизвик во светот на менаџментот и на економските инвестиции. Како резултат на
тоа, се отвораат и сè поголем број можности за доаѓање до финансии и за напредување.
Целта на трудот е да ги систематизира изворите на финансирање на малиот бизнис во
Република Македонија, како неформалните така и формалните, со посебен акцент на
банкарските кредити како традиционален извор на финансирање. Во трудот ќе биде
даден детален преглед на сите можности за стекнување финансии за малите бизниси
што се отворени за оние што се занимаваат со оваа дејност во нашата земја.

Клучни зборови: мали бизниси, извори на финансирање, кредитирање

2
ABSTRACT

The theme of this paper are the sources of funding for small businesses. Small
businesses in recent decades taken an increasing swing and become more challenging in the
world of management and economic investment. As a result, open and growing opportunities
for finding the finance and advancement. The purpose of the paper is to systematize the
sources of financing of small business in the Republic of Macedonia, informal and formal,
with special emphasis on bank loans as a traditional source of funding. The paper will be
given a detailed examination of all possibilities for acquisition the finance for small
businesses that are open to those engaged in this activity in our country.

Keywords: small businesses, funding sources, lending


СОДРЖИНА

ВОВЕД.......................................................................................................................................6
I ПОИМ ЗА МАЛ БИЗНИС....................................................................................................8
1. Дефинирање на малиот бизнис.........................................................................................8
2. Карактеристики на малиот бизнис..................................................................................14
3. Организација на малиот бизнис......................................................................................16
3.1. Основни форми на организација на малиот бизнис........................................17
3.1.1. Единствен сопственик.........................................................................17
3.1.2. Партнерство..........................................................................................19
3.1.3. Корпорација (С-корпорација)............................................................20
3.2. Други форми на организација на малиот бизнис............................................22
4. Разлики помеѓу малиот и големиот бизнис....................................................................24
5. Успеси и неуспеси на малиот бизнис..............................................................................26
6. Започнување со мал бизнис..............................................................................................28
7. Фамилијарни бизниси........................................................................................................29
8. Позитивни ефекти од развојот на малиот бизнис во Република Македонија.............32
II ИЗВОРИ НА ФИНАНСИИ ВО МАЛИОТ БИЗНИС......................................................35
А). НЕФОРМАЛНИ ИЗВОРИ НА ФИНАНСИИ...............................................................36
1. Сопственички капитал.......................................................................................................36
1.1. Лични финансии.................................................................................................37
1.2. Заеми од семејството и од пријателите.............................................................37
1.3. Финансиски средства на партнерите................................................................37
2. Бизнис-ангели.....................................................................................................................37
Б). ФОРМАЛНИ ИЗВОРИ НА ФИНАНСИИ.....................................................................39
1. Официјални ризични фондови.........................................................................................39
2. Финансирање на малиот бизнис преку штедилници.....................................................40
3. Финансирање на малиот бизнис преку лизинг...............................................................40
4. Државни институции и програми за финансирање на малиот бизнис..........................42
4.1. Министерство за економија на Република Македонија.................................43
4.2. Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија
.......44
4.3. Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР)......................................45
4.4. Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП)...........................47
4.5. Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија
(АППРМ) 47
4.6. Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ).......................48
4.7. Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР).............................................49
4.8. Бизнис-инкубатори.............................................................................................50
4.9. Други помали институции за поддршка на малите бизниси..........................51
5. Институции и програми на ЕУ за финансирање и за поддршка на малите бизниси
.....52
5.1. Финансиски форум за МСП..............................................................................52
5.2. Европска инвестициска банка (ЕИБ).................................................................53
5.3. Програмата ЦИП................................................................................................53
5.4. Европска бизнис асоцијација............................................................................53
6. Проект на УСАИД за микро и мали претпријатија.......................................................54
III БАНКИТЕ КАКО ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИОТ БИЗНИС................55
6.1. Видови кредити..............................................................................................60

6.2. Кредитни критериуми..................................................................................67

6.3.Кредитно бодување.......................................................................................68

6.4.Кредитни ризици............................................................................................69

6.5. Програма за самовработување и проект за самовработување


со кредитирање.70

IV ИСТРАЖУВАЊЕ – СОСТОЈБАТА СО ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ БИЗНИСИ


ВО ОПШТИНА БИТОЛА...................................................................................................75
1. Опис на истражувањето.....................................................................................................75
2. Методи на истражување...................................................................................................76
2.1. Анкета...................................................................................................................76
2.2. Испитаници.........................................................................................................76
3. Методолошки ограничувања............................................................................................77
4. Анализа на собраните податоци......................................................................................77
ЗАКЛУЧОК............................................................................................................................86
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
..................................................................................................89
ПРИЛОЗИ...............................................................................................................................94
ВОВЕД

Малиот бизнис во последните години станува сè поатрактивна и почеста форма


на управување. Македонија ја презема практиката од развиените земји за отворање сè
поголем број мали бизниси. Овие мали бизниси бараат начин за полесно доаѓање до
потребните ресурси, пред сè до финансиските средства, односно до изворите за
финансирање на сопствениот бизнис.
Меѓу глобалните фактори за зголемување на атрактивноста за изучување на
менаџментот на малиот бизнис се: зголемувањето на бројот на малите бизниси, без
оглед на високата стапка на морталитет во првата, односно во првите пет години од
основањето; можностите за нови вработувања (самовработување, вработување на
членови од фамилијата и вработување на други лица); менувањето на наставните
програми и содржини на предметите на економските факултети на универзитетите;
поддржувањето на иницијативата за основање мали претпријатија од страна на
државата; позитивната клима создадена од успешните мали претпријатија и
специфичниот начин на функционирање на менаџментот во малите претпријатија
наспроти менаџментот во поголемите претпријатија.
Предмет на интерес на овој труд се изворите на финансии во малиот бизнис, со
акцент на состојбата во Република Македонија, односно на сите можности за
финансирање на малите бизниси што им се нудат на претприемачите од нашата земја,
притоа не занемарувајќи ги светските трендови и тенденции.
Трудот е поделен на четириглави, односно на четири главни тематски целини.
Првата глава, „Поим за малиот бизнис“, е теоретскиот дел од трудот и во неа е
пристапено кон дефинирањето на поимот мал бизнис (во САД, во Европа и во
Македонија), дадени се карактеристиките на малиот бизнис и неговите форми на
организација, успесите и неуспесите со кои се соочува малиот бизнис, разликите
помеѓу малиот и големиот бизнис и начините на започнување со мал бизнис. Притоа е
користена референтна литература од областа.
Во втората глава, „Извори на финансии во малиот бизнис“,се дава преглед на
најзначајните извори на финансирање на малиот бизнис што постојат во Република
Македонија. Тие се поделени во две големи групи: неформални и формални. Во
неформалните извори на финансирање на малиот бизнис спаѓаат сопственичкиот
капитал (кој го чинат личните финансии, заемите од роднините и од пријателите и
средствата инвестирани од партнерите) и т.н. бизнис-ангели.Формалните извори на
финансирање се покомплексна и поголема група, која ја сочинуваат: официјалните
ризични фондови, банките, штедилниците, лизингот, државните институции и
програми за финансирање на малиот бизнис, европските институции и програми за
финансирање и за поддршка на малите бизниси и програмите на УСАИД за
финансирање микро и мали претпријатија.
Банките како извори за финансирање на малиот бизнис се опфатени во посебна
глава од трудот од причина што кредитите што тие ги нудат се најчестиот извор на
финансирање на малиот бизнис во Македонија и во нив сопствениците на малите
бизниси имаат најголема доверба. Во прегледот се опфатени сите банки во Република
Македонија, а податоците се добиени врз основа на сопствено истражување.
Во четвртата глава на трудот, е претставено истражувањето спроведено на
локално ниво, со неколку мали бизниси во Општина Битола, со цел да се испита
информираноста на сопствениците на малите бизниси во оваа општина за изворите за
финансирање што им се достапни, како и тоа кои извори на финансии ги
користат/користеле тие.
Целта на трудот е да им ја олесни работата на сите што планираат да се
занимаваат со водење и со управување на мал бизнис преку тоа што ќе им даде детален
преглед за тоа на кој начин може да дојдат до повратни и до неповратни средства за
својот бизнис, како и да ја испита актуелната состојба на тој план на локално ниво,
односно во Општина Битола.
I ПОИМ ЗА МАЛ БИЗНИС

1. Дефинирање на малиот бизнис

Постојат повеќе дефиниции на поимот мал бизнис, кои се разликуваат не само


во однос на гледиштата на различни автори туку и во однос на тоа како се сфаќа овој
поим на различни географски подрачја. Пред сè, треба да се има предвид кратенката
МСП, која ги опфаќа малите и средните претпријатија, а која, според македонското
издание на „Википедија“, е дефинирана вака: „Мали и средни претпријатија (МСП)
(англиски: SmallandMediumEnterprises, SMEs) се претпријатија што задоволуваат
одредени критериуми во поглед на бројот на вработените, големината на имотот или
остварениот годишен промет“1.
Сепак, според голем дел од македонските и од странските автори, за
најсеопфатна се смета дефиницијата предложена од Комитетот за економски развој на
САД, според која малиот бизнис треба да исполни најмалку две од следните
карактеристики:
 менаџментот да е независен, а менаџерите истовремено да се и
сопственици;
 капиталот да е во сопственост на една индивидуа или на мала група;
 подрачјето на дејствување, главно, да е локално;
 големината во рамките на индустријата е релативна2.
Оттука, најопштата дефиниција за малите бизниси би била дека се тоа бизниси
финансирани од сопствениците, чии лични фондови се значително мали. Притоа, како
што е наведено погоре, овие бизниси се во сопственост на една личност или на мала
група луѓе, при што сопствениците и менаџментот обично се поклопуваат. Важно е
дека дејствувањето најчесто е локално – што значи дека ресурсите се обезбедуваат
локално, но и продажбата се дистрибуира локално. Она што е интересно е дека овој
Комитет предлага дека малиот бизнис во САД не треба да опфаќа повеќе од 500
вработени.

1
https://goo.gl/5l02xQ (пристапено на: 27.11.2015)
2
The research and policy committee for economic development. Meeting the special problems of small business
(Policy of the Committee for Economic Development), New York, 1947, p. 4.
Кога станува збор за малиот бизнис во САД се користат следниве стандарди при
дефинирањето на малиот бизнис и при оценувањето на способноста за земање кредит:
 сопственоста и дејствувањето да се независни;
 да не биде доминантен во неговиот домен на дејствување;
 доколку се работи за производство, бројот на вработените да не е
поголем од 250 и да има релативно мало учество во рамките на конкретна
индустрија (до 1.500 вработени под одредени услови);
 доколку е вклучен во големопродажбата, неговата годишна продажба да
не изнесува повеќе од 9,5 до 22 милиони долари, во зависност од индустријата;
 доколку е вклучен во малопродажбата и услугите, неговите годишни
приходи да не изнесуваат повеќе од 2 до 8 милиони долари, во зависност од
индустријата;
 доколку е од областа на градежништвото, неговите просечни годишни
приходи да не надминуваат 9,5 милиони долари за последните три фискални
години во однос на општото градежништво. За посебно трговско градежништво,
просечните годишни приходи да не надминуваат 1-2 милиона долари за
последните три фискални години, во зависност од индустријата;
 доколку е вклучен во земјоделството, неговите годишни приходи да не се
повисоки од 1 милион долари.“3
Инаку, според податоците наведени во ова дело, во САД постојат 25 милиони
бизниси, од кои 24,75 милиони (дури 99%) се третираат како мали бизниси. Тоа значи
дека малите бизниси во САД вработуваат над 51% од работната сила во приватниот
сектор (повеќе од 90% од малите бизниси во САД имаат најмногу 20 работници). Со
тоа, малите бизниси креираат од две третини до три четвртини од новите работни
места во економијата на САД. „Само 3% од претходно споменатите мали претпријатија
креираат 70% од новите работни места во економијата. Тоа се т.н. gazelles – газели,
мали претпријатија кои остваруваат 20% и повеќе стапка на раст на годишно ниво и
кои остваруваат над 100.000 долари годишна продажба.“4

3
The research and policy committee for economic development. Meeting the special problems of small business
(Policy of the Committee for Economic Developments,), New York, 1947, p.4
4
Thomas W. Zimmerer, Norman M. Scarborough: Essentials of entrepreneurships and small business
management, Fourth edition, Pearson Prentice Hall, Inc., Upper Saddle River, New Jersey, 2005, p.21
Малку поинаку се определува дефиницијата на малиот бизнис во европските
земји. Според дефиницијата на Европската комисија, која се применува од 1 јануари
2005 година, постојат четири услови што треба да ги исполнуваат малите бизниси:
 да имаат најмногу 250 вработени;
 да остваруваат годишен промет од најмногу 50 милиони евра или да
имаат биланс на состојбата што не надминува 43 милиони евра;
 да бидат автономни во однос на менаџерската независност и во однос на
независното сопствеништво на капиталот;
 да бидат организација или претпријатие вклучено во економски
активности5.
Оттука, автономијата на малите бизниси подразбира исполнување на еден од
следните услови:
 сопственост без акции во други бизниси и обратно;
 сопственост на помалку од 25% акции во други бизниси и обратно, но
тие да не се меѓусебно поврзани;
 или сопственост на помалку од 25% акции во бизниси што се меѓусебно
поврзани (и обратно)6.
Ако се земе предвид бројот на вработените, според дефиницијата на Европската
комисија со важност од 1 јануари 2005 година, бројот на вработените во едно
микропретпријатие треба да изнесува 0-9 вработени, во мало претпријатие 10-49
вработени, а во средно претпријатие 100-249 вработени. Притоа, наведено е дека овие
податоци не се однесуваат на следните дејности: земјоделство, лов, шумарство и
риболов. Ако се земат предвид и другите фактори, како на пример прометот или
вкупниот биланс на состојбата, дефиницијата најјасно е претставена во следната
табела:

Категорија на Број на вработени Промет Вкупен биланс на


претпријатието (непроменето) состојбата
средно < 250 50 милиони 43 милиони
мало < 50 10 милиони 10 милиони

5
The activities of the European Union for small and medium – sized enterprise (SMEs), Commission of the
European Communities, Brussels, 08.02.2005, SEC (2005) 170, p. 7.
6
The activities of the European Union for small and medium – sized enterprise (SMEs), Commission of the
European Communities, Brussels, 08.02.2005, SEC (2005) 170, p. 9.

10
микро < 10 2 милиони 2 милиони
Табела 1. Малите претпријатија според дефиницијата на Европската комисија
Source: The activities of the European Union for small and medium –sized enterprise, Commission of
the European Communities, Brussels , 08.02.20015, SEC (2005) 170, p.7

Статистичките податоци зборуваат дека малите бизниси во Европската Унија


заземаат повеќе од 99% од 25 милиони приватни бизниси. Со тоа, малите бизниси во
Европската Унија ангажираат дури две третини од вкупниот број вработени, што значи
дека генерираат повеќе од половина од сите новоотворени работни места. Од
финансиска гледна точка, тоа значи дека малите бизниси создаваат две третини од БДП
во ЕУ7. „Структурата на претпријатијата и нивната големина покажува дека на
микропретпријатијата отпаѓаат 91,1% од вкупниот број претпријатија (кои вработуваат
1-9 работници), на мали претпријатија (кои вработуваат 10-49 работници) отпаѓаат
7,5% или заедно 98,6%, на средни претпријатија (кои вработуваат 50-249 работници)
отпаѓаат 1,2% и на големи претпријатија (кои вработуваат над 250 работници)
преостанатите 0,2%.“8
Голем дел од авторите сметаат дека дефинирањето на малиот бизнис во
Македонија е многу потешко од неговото опишување. Според членот 470 од Законот за
трговските друштва, кој се однесува на класифицирањето на трговците:
„(1) Трговците се класифицираат во големи, средни, мали и микро трговци, во
зависност од бројот на вработените, годишниот приход и просечната вредност на
вкупните средства по годишните сметки во последните две години (пресметковни
години).
(2) Во првата година од работењето трговецот се распоредува според
проценетиот обем на своето работење, а во втората според податоците од претходната
година на работењето.
(3) Распоредувањето од една во друга класификација на трговец во согласност
со ставот (1) на овој член, не може да се врши во текот на годината.
(4) За микро трговец се смета трговецот кој во секоја од последните две
пресметковни години, односно во првата година од работењето ги задоволил следниве
два критериуми

7
SME in FP6. Sharing in Europe‟s future. European Commission, Directorate-General for Research, Brussels,
2006, p.1-6
8
БобекШуклев, Менаџмент на малиот бизнис,Економски факултет, 2011, стр. 10,11.

11
1) просечниот број на вработените, врз основа на часови на работа да е до десет
работници и
2) бруто приход остварен од трговецот од кој било извор да не надминува
50.000 ЕВРА во денарска противвредност и
(5) Мал трговец е трговецот кој во секоја од последните две пресметковни
години, односно во првата година од работењето ги задоволил најмалку два од
можните три следни критериуми, и тоа:
1) просечниот број на вработените врз основа на часови на работа да е до 50
работници и
2) годишниот приход да е помал од 2.000.000 евра во денарска противвредност,
или
3) просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на
вкупните средства (во активата) да е помала од 2.000.000 ЕВРА во денарска
противвредност.
(6) За среден трговец се смета трговецот кој во секоја од последните две
пресметковни години, односно во првата година од работењето ги задоволил најмалку
два од можните три следни критериуми, и тоа:
1) просечниот број на вработените врз основа на часови на работа да е до 250
работници и
2) годишниот приход да е помал од 10.000.000 ЕВРА во денарска
противвредност или
3) просечната вредност (на почетокот и на крајот на пресметковната година) на
вкупните средства (во активата) да е помала од 11.000.000 ЕВРА во денарска
противвредност.
(7) Трговците кои не се распоредуваат во мали или средни трговци стекнуваат
статус на големи трговци. Во случај на неможност за класифицирање на трговците од
ставовите (5) и (6) на овој член, односно кога сите три критериуми се различни,
трговецот се распоредува како среден трговец. Во случај на неможност за
распоредување на трговците од ставот (4) на овој член, односно кога двата критериуми
се различни трговецот се распоредува како мал трговец.
(8) Ако за трговецот во последните две пресметковни години се утврдени
различни податоци од значење за распоредувањето, трговецот го задржува
распоредувањето од последната година.
(9) Регистарот на годишните сметки при Централниот регистар на којшто му се
доставуваат годишните сметки и финансиските извештаи, кој врши надзор, во рок од
60 дена од рокот пропишан за предавање на последната годишна сметка врз основа на
која трговецот се распоредува според одредбите на ставот (1) од овој член, го
известува трговецот за распоредувањето.
(10) Банките, друштвата за осигурување и другите финансиски институции и
трговците кои составуваат консолидирани годишни сметки и консолидирани
финансиски извештаи се распоредуваат во согласност со одредбите од овој член кои се
однесуваат на големите трговци.“9
Врз основа на ова, може да се сумира дека малиот бизнис (малиот трговец,
малотопретпријатие) во Република Македонија се дефинира како бизнис во кој
сопственоста и менаџментот се независни, кој не е доминантен на подрачјето на кое
дејствува и кој вработува од 10 до 49 работници.
„Бројот на малите претпријатија во периодот 1989-2004 година е во постојан
пораст. Во 1989 година бројот на малите претпријатија изнесувал 1.169, во 1990
нивниот број изнесувал 4.509, во 1991 година достигнал ниво од 9.703, додека пак во
2002 година нивниот број се покачил на 35.858 мали претпријатија, во 2003 година
бројот на мали претпријатија изнесувал 38.581, а во 2004 година нивниот број
изнесувал 41.012.
Рапидното зголемување на бројот на мали претпријатија е во периодот кога се
донесени Законот за претпријатијата и Законот за трансформација на претпријатијата
со општествен капитал, и со нив се создадени правни олеснувања за регистрирање
нови мали претпријатија. Процентуалното учество на малите претпријатија во
вкупниот број претпријатија во земјата се движело од 58,36% во 1989 година, на
86,63% во 1990 година, и на 94,48% во 1991 година, додека пак во 2002 година
учеството изнесувало 98,42%, за да го достигне највисокото ниво од 98,63% во 2004
година.“10
Новиот извештај на Државниот ревизор,„Развој и унапредување на средните и
малите претпријатија во земјава“,ги скенира состојбата, начинот и ефектите од
кредитирањето, односно поддршка кон малите претпријатија. Податоците покажуваат
дека државната помош се зголемува – но бројот на фирми се намалува. Со ревизијата

9
Закон за трговските друштва (пречистен текст), Службен весник на РМ бр. 28/04, 84/05/, 25/07, 87/08,
42/10, 48/10, 24/11 и 166/12.
10
Централен регистар на Република Македонија, Скопје, 2005
бил опфатен период од 2013 до 2015 година, но во одредени области и прашања се
опфатени и настани пред 2013 и по 2015 година. „Податоците покажуваат дека од 2010
до 2014 година, бројот на мали и средни претпријатија се намалува. Така, во овој
анализиран период според извештајот на ревизорите, бројот на МСП се намалил за 1
668. Имено, во 2010 година функционирале 57 464 компании додека на крајот од 2014
таа бројка изнесувала 55 796. Ако се навлезе во структурата, намалување има на бројот
на микро фирми, додека пораст на бројот има кај малите, средните и големите
компании.Токму микро и малите претпријатија, оние што се најранливи, претставуваат
и до 98% од вкупниот број на фирми во земјава. Во исто време, овие претпријатија
вработуваат и најголем дел од работната сила. Така, според извештајот на државниот
ревизор, само во микро и малите фирми во 2014 година биле вработени 223 644 луѓе
или 61% од вкупниот број на вработени во приватниот сектор“11.

2. Карактеристики на малиот бизнис

Малиот бизнис има шест основни карактеристики: флексибилност,


непосредност во деловните односи, можност за вработување, менаџмент на една
личност, ограничен обртен капитал и независност. Овие карактеристики доаѓаат до
израз во функционирањето на менаџментот, приспособливоста на брзите промени на
пазарот, ограничените финансиски средства при започнувањето на малиот бизнис и во
текот на неговото работење, независноста во работењето, претприемачката
иницијатива и сл.

11
Извор: http://www.libertas.mk/analiza-brojot-na-firmi-se-namaluva-drzhavnata-pomosh-raste/ (пристапено
на: 15.6.2016)
Слика1. Карактеристики на малиот бизнис

Флексибилноста означува способност на малиот бизнис да ги менува


активностите и брзо да реагира на промените на локалниот пазар, во однос на што тој е
пофлексибилен од големиот бизнис.
Непосредноста во деловните односи се согледува во блиските интерни односи
меѓу сопственикотменаџер и вработените и воопшто меѓу самите вработени, како и во
непосредните екстерни односи со потрошувачите, со доставувачите и со банките.
Можноста за вработување ја создаваат подрачјата на дејствување на малите
бизниси.
Менаџментот на една личност подразбира поклопување меѓу менаџментот на
малиот бизнис и неговото сопствеништво. Сопственицитеменаџери на малите бизниси
имаат општи познавања, располагаат со неограничен авторитет и со одговорност во
управувањето, а ги донесуваат и сите стратегиски и тактички одлуки поврзани со
развојот и со работењето.
Под ограничен обртен капитал се подразбираат ограничени обртни
(финансиски) средства за одржување на опремата, за финансирање на набавката на
суровини, за финансирање на резервите и сл.
Независноста на малите бизниси ја согледуваме преку автономијата на нивните
сопственицименаџери.
Покрај овие основни, има и некои дополнителни карактеристики на малите
бизниси, како што се: лична посветеност кон потрошувачот, кратки канали на
комуникација, флексибилност во промената на насоката, специјализација за производи
и за услуги, лично познавање на пазарот, ниски вкупни трошоци, едноставно
влегување и излегување од бизнисот, иницијатива за остварување профит, остварување
на интересот на заедницата и др12.

3. Организација на малиот бизнис

Организациската структура на малиот бизнис претставува „систем на односи,


формално пропишани и неформално развиени, кој ги води активностите на луѓето кои
работат заедно. Организациската структура покажува дека се применуваат директни
канали на комуникација со вработените, дека постои централизиран авторитет, моќ и
одлучување.“13
Постојат различни форми на организација на малиот бизнис. Која ќе се одбере
зависи од повеќе фактори, како на пример: почетниот капитал и финансиски планови,
менувањето на погодностите и на обврските на сопственицитеменаџери, даноците и
владината регулатива, искористувањето и комбинацијата на ресурсите (луѓето,
времето, парите, производите), растот, експанзијата, интеграцијата, продажбата и сл.
Во теоријата на менаџментот и во практиката на водење бизниси постојат
основни и други форми на организација на малите бизниси:

12
Kenneth R. Van Voorhis: Enterprenuership and small business management, Allyn and Bacon, Inc., Boston,
1980, p.16
13БобекШуклев, Менаџмент на малиот бизнис,Економски факултет, 2011, стр.
65.
16
Слика2. Основни форми на организација на малиот бизнис
Извор: БобекШуклев, Менаџмент на малиот бизнис,Економски факултет, 2011, стр. 64.

Како што може да се забележи од графиконот, постојат три основни форми на


организација на малиот бизнис: единствен сопственик, партнерство и корпорација.
Покрај нив, постојат и други форми, како на пример: заеднички вложувања, Ѕ-
корпорација, деловен труст, кооператива и компанија со ограничена одговорност14.

3.1. Основни форми на организација на малиот бизнис

Како што е споменато погоре, основни форми на организација на малиот бизнис


се: единствен сопственик, партнерство и С-корпорација.

3.1.1. Единствен сопственик

Единствен сопственик (познат и како: самостоен трговец или трговец поединец)


е првата основна форма на организација на малиот бизнис. Се подразбира дека оваа
форма на организација означува бизнис што е во сопственост на само една индивидуа.
Ова е наједноставната форма на организација на малиот бизнис затоа што овој бизнис
го управува неговиот единствен сопственик. Тоа значи дека овој сопственикменаџер,
покрај управувањето на бизнисот, ги презема и сите ризици што ги носи работењето.
Со други зборови, како единствен сопственик на бизнисот, тој е и сопственик на сите

14БобекШуклев, Менаџмент на малиот бизнис,Економски факултет, 2011, стр.


64.
17
средства, обврски, профит, загуби, ризици и управување на овој бизнис. Единствениот
сопственик е најчестата форма на организација на малиот бизнис во САД.
Јасно е дека сите форми на организација на малите бизниси имаат свои
предности и слабости, па затоа не постои некоја форма што е попрепорачлива од
некоја друга; едноставно, се одбира онаа што најмногу одговара на условите.
Предности на оваа форма на организација на малиот бизнис се следните15:
 лесно се започнува со работа:
 вкупниот профит од работењето му припаѓа на сопственикот и тој не
мора да го дели со никого;
 сопственикот на малиот бизнис има неограничен авторитет;
 сопственикот на малиот бизнис истовремено е и негов менаџер;
 единствениот сопственик има најголема слобода во однос на правните
ограничувања;
 личното задоволство на сопственикот на малиот бизнис е најголемо;
 единствениот сопственик на мал бизнис се оданочува како индивидуален
даночен обврзник, а не како претпријатие.
Единствениот сопственик како форма на организација на малиот бизнис има и
свои слабости:
 ограничен раст на бизнисот;
 ограничен капитал;
 времетраењето на бизнисот зависи од волјата на единствениот
сопственик, кој може да го затвори во секое време;
 сопственикот има неограничена одговорност во создавањето обврски во
работењето;
 ограничена можност за дополнителен капитал;
 лични опасности зависни од самиот сопственик: приватни проблеми,
можност за ненадејна болест или смрт и сл.;
 ограничени можности за вработување.

15
БобекШуклев, Менаџмент на малиот бизнис,Економски факултет, 2011, стр. 66-67

18
3.1.2. Партнерство

Партнерството е втората основна форма на организација на малиот бизнис. Оваа


форма на организација означува мал бизнис што е во сопственост на две или на повеќе
индивидуи, кои доброволно здружуваат капитал и менаџерско знаење. Притоа, нивните
делови не мора да бидат еднакви. Во секое партнерство мора да има најмалку еден
општ партнер, а ограничување за максималниот број општи партнери не постои. Како
форма на организација, партнерството се формализира со договор пред започнувањето
на заедничкиот бизнис. Во овој договор се регулираат правата и должностите на
партнерите, поделбата на профитот или загубата на еднакви делови или
пропорционално, износот од вложувањата на секој партнер, поделбата на нето-имотот,
како и условите за раскинување на партнерството.
Постојат две основни категории партнери во партнерството: општи партнери и
ограничени партнери.
Општи партнери се оние партнери што имаат неограничена одговорност при
функционирањето на малиот бизнис. Тоа значи дека тие активно учествуваат во
управувањето и во сите други активности на бизнисот.
Ограничени партнери се оние партнери што имаат ограничена одговорност
при водењето на малиот бизнис, која зависи од висината на инвестираниот капитал во
бизнисот. Тоа значи дека ограничениот партнер може, но и не мора да има активна
улога во менаџментот и во другите активности на бизнисот. Постојат четири видови
ограничени партнери16:
 таен партнер – има активна улога во управувањето на малиотбизнис, но
не е познат за јавноста (во случај на откривање на неговиот идентитет, тој
станува општ партнер);
 тивок партнер – познат е во јавноста, но не е активно вклучен во
управувањето на бизнисот;
 неактивен партнер – истовремено не е познат за јавноста и не е активно
вклучен во управувањето на малиот бизнис;
 номинален партнер – партнер само по име (привиден партнер), не е
меѓу сопствениците на бизнисот, не инвестира пари во бизнисот и не е активно
вклучен во менаџментот и во другите активности на малиот бизнис.

16
Hal B. Pickle, Royce L. Abrahamson: Small Business Management, John Wiley and Sons, Inc., Santa
Barbara, 1976, p.45
И партнерството како форма на организација на малиот бизнис има свои
предности и слабости. Меѓу најзначајните предности се17:
 Поделба на работата
 Делење на емотивниот товар
 Добивање извршен талент, кој инаку
не сте можеле да си го дозволите
 Делење на финансискиот товар
 Пријателство

Најголеми слабости на партнерството како форма на организација на малиот


бизнис се следните:
 Интерперсонални конфликти
 Незадоволство со партнерот
 Отсуство на еден јасен лидер
 Разводнување на акционерскиот
капитал
 Фрустрација што не може сами да
донесувате одлуки

3.1.3. Корпорција (С-корпорација)

Третата основна форма на организација на малиот бизнис е корпорацијата од


типот С-корпорација (C-corporation). Овој тип корпорација се разликува од другите
поспецифични форми на корпорација, како што се Ѕ-корпорацијата (S-corporation) и
компанијата со ограничена одговорност (LLC – Limited Liability Company).
Станувазборзавештачки ентитет, создаден со договор помеѓу државата и тројца или
повеќе сопственици, познати како акционери. Ова значи дека сопствеништвото им
припаѓа на повеќе индивидуи, кои имаат акции во бизнисот. Како правен ентитет,
корпорацијата има право да тужи и да биде тужена, да биде продадена или ангажирана
во деловните активности договорени со корпоративната повелба. Овој тип на
организација на малиот бизнис го создава државата, под услови пропишани со закон.
На состанокот на акционерите во корпорацијата, секој акционер добива еден глас за

17
Џастин Г. Лонгнекер ... [и др.] , Управување со мали бизниси : нагласување на претприемништвото,
Кочани : Европа 92, 2014, cop. 2006, стр. 167

20
една акција. Исто како кај партнерството, акциите што ги поседуваат различни
акционери не мора да се еднакви18.
Предностите на С-корпорацијата како форма на организација на малиот бизнис
се големи19:
 лесно преносливо сопствеништво – кој било акционер може да продаде
дел или сите акции, и тоа без никакви тешкотии;
 најголеми можности за раст на бизнисот во однос на другите форми на
организација;
 постои континуитет – корпорацијата продолжува да постои, без оглед на
промените во сопствеништвото;
 сопствеништвото и менаџментот најчесто се разликуваат, што
овозможува да се ангажираат менаџериспецијалисти;
 најголема можност за зголемување на капиталот во споредба со другите
форми на организација;
 ограничена одговорност на сопствениците, која зависи од висината на
бројот на акциите;
 корпорацијата е правен ентитет создаден со закон;
 вработените имаат најголеми поволности во споредба со другите форми
на организација.
Сепак, и покрај големиот број предности, и оваа форма на организација на
малиот бизнис има свои слабости:
 скапа форма на организација;
 голем број правни барања пред почетокот и во текот на
функционирањето на бизнисот;
 двојно оданочување;
 сложена правна регулатива;
 намалена контрола над работењето;
 загрозеност на малцинските акционери.
Во следната табела се споредени трите основни форми на организација на
малиот бизнис врз основа на различни критериуми.

18
H.N. Broom, Justin G. Longenecker: Small Business management, South – western Publishing CO.,
Cincinnati, 1979, p.80
19
БобекШуклев, Менаџмент на малиот бизнис,Економски факултет, 2011, стр. 72-74

21
Критериуми Единствен Партнерство Корпорација
сопственик
- основање од една личност и две или повеќе лица три или повеќе лица
едноставно и едноставно со државна лиценца
и посложено
- сопствеништво на на сопственикот на партнерите на акционерите
профитот
- менаџмент на сопственикот меѓу партнерите одбор на директори
- одговорност неограничена лична неограничена и ограничена, во
одговорност ограничена меѓу зависност од
партнерите вложениот капитал
на акционерот
- правни нема нема постојат
ограничувања
- пренесување на лесно тешко лесно
сопствеништвото
- почетен капитал ограничен ограничен ограничен
Табела 2. Споредба на основните форми на организација на малиот бизнис според различни критериуми

3.2. Други форми на организација на малиот бизнис

Како што е наведено погоре, постојат и други форми на организација на малиот


бизнис. Овде подетално ќе се стави акцент на другите форми на корпорација, како што
се Ѕ-корпорацијата и компанијата со ограничена одговорност.
Ѕ-корпорацијата е посебен вид корпорација, која е изземена од повеќекратно
оданочување. Ваквата корпорација „уште се нарекува и вообичаена корпорација.
Најважна нејзина карактеристика е тоа што претставува посебен легален ентитет,
одвоен од нејзините сопственици, кои се акционери. Ова значи, кога корпорацијата ќе
биде тужена, акционерите ќе одговараат само во висината на своите инвестиции во неа.
Нивниот личен имот не се зема предвид. Бидејќи корпорацијата е одвоен ентитет, таа
може да биде набљудувана и како индивидуален даночен обврзник. Како резултат на
тоа, корпорациите се предмет на двојно оданочување, што значи дека профитите еднаш
се оданочуваат на корпорациско ниво, а втор пат кога се пренесени како дивиденда на
акционерите20.“
Предноста на Ѕ-корпорацијата во однос на другата корпорација е токму во тоа
што со неа може да се избегне двојното оданочување. Меѓутоа, за една корпорација да
прерасне во Ѕ-корпорација мора да исполнува повеќе важни услови.
Најважните предности на Ѕ-корпорацијата се21:
 ограничената одговорност – акционерите не мора да стравуваат дека ќе
биде загрозен нивниот личен имот, односно таа опасност е елиминирана;
 зголемување на капиталот;
 можност за привлекување висококвалитетни работници;
 голем број различни бенефиции;
 можност да се избегне двојно оданочување;
 континуитет на опстанокот –корпорацијата егзистира континуирано и не
зависи од трансферот на акции или од евентуална смрт на сопственикот.
Слабости со кои се соочува Ѕ-корпорацијата се следните:
 бирократија и расходи поради контролата од страна на државата;
 постоење на правила за контрола на распределбата на дивидендата.
Најнова форма на организација на малиот бизнис е компанијата со ограничена
одговорност, која е преземена од германското законодавство. Станува збор за нов,
хибриден вид меѓу партнерството и корпорацијата, кој ги комбинира предностите на
овие две форми.
Поради ова, компанијата (друштвото) со ограничена одговорност има многу
значајни предности:
 ограничена одговорност – како кај корпорацијата, акционерите не
одговараат со својот личен имот;
 избегнување двојно оданочување;
 флексибилност при распределбата на приходот;
 полесен начин на основање и на водење на бизнисот во споредба со
корпорацијата;
 не постојат рестрикции на сопственоста – членови може да бидат и
странски или други компании;

20
БобекШуклев, Менаџмент на малиот бизнис,Економски факултет, 2011, стр. 76-78.
21
БобекШуклев, Менаџмент на малиот бизнис,Економски факултет, 2011, стр. 76-78.
 сите членови се директно вклучени во управувањето на бизнисот;
 привлечност за странски инвеститори.
И оваа форма на организација на малиот бизнис има одредени слабости:
 мора да има центар за совети;
 меѓународниот бизнис е покомплициран;
 нема континуитет во опстанокот.22

4. Разлики помеѓу малиот и големиот бизнис

Постојат повеќе аспекти во однос на кои се дефинираат разликите помеѓу


малиот и големиот бизнис.
Првиот и најважен аспект, секако, е големината. Овој аспект се разгледува, пред
сè, во бројот на вработените. Погоре е наведно дека овој параметар различно се
применува во различни делови од светот, како и дека помеѓу малиот и големиот бизнис
има и други форми (поголеми од малиот, а помали од големиот бизнис); сепак,
големината е значаен фактор при разликувањето на малиот од големиот бизнис.
Вториот аспект е подрачјето на дејствување. Веќе неколку пати е наведено дека
подрачјето на дејствување на малиот бизнис е локално, односно не е доминантно, за
разлика од големиот бизнис.
Третиот аспект во разликувањето се однесува на менаџментот. Иако има и
исклучоци, кога станува збор за менаџментот на малиот бизнис, тој најчесто е
менаџиран од една личност (која најчесто е и негов сопственик), која има активно
учество во управувањето и во другите активности во функционирањето на бизнисот.
Значи, малиот бизнис најчесто е управуван од менаџер сопственик.
Четвртиот аспект е организациската структура на бизнисот. Погоре се наведени
сите форми на организација на малиот бизнис. Малиот бизнис, за разлика од големиот,
најчесто има едноставна организациска структура, која ја сочинуваат сопственикот
менаџер и вработените.
Петтиот аспект за разликување на малиот од големиот бизнис е пазарот. Овој
аспект е поврзан со аспектот подрачје на дејствување. Малиот бизнис своите
производи и услуги ги пласира на локален пазар со помал обем, додека големиот
бизнис бара поголеми и поглобални пазари.

22
БобекШуклев, Менаџмент на малиот бизнис,Економски факултет, 2011, стр. 81.
Шестиот аспект од кој произлегуваат разликите помеѓу малиот и големиот
бизнис се финансиските средства. Капиталот со кој располага малиот бизнис најчесто
му припаѓа на неговиот сопственик менаџер. Капиталот кај големите бизниси е
распореден меѓу повеќе лица (акционери).
Оттука, врз основа на овие аспекти, може да се наведат следните главни
карактеристики според кои малиот бизнис се разликува од големиот бизнис:
 една личност има премногу големо влијание во бизнисот;
 најголем број мали бизниси не се способни многу да влијаат на големиот
пазар;
 малите бизниси, веројатно, дејствуваат на еден пазар или на ограничен
број пазари, нудејќи ограничен вид производи или услуги;
 малите бизниси, веројатно, премногу се потпираат на мал број
потрошувачи;
 малите бизниси не се јавни компании.23
Иако големиот бизнис секогаш е попривлечен и поатрактивен, од овие разлики
помеѓу големите и малите бизниси произлегуваат неколку значајни предности на
малиот бизнис во однос на големиот. На пример, „следниве карактеристики:
 бидејќи немаат големи финансии за маркетинг, малите бизниси се
инвентивни и користат различни нискобуџетни маркетинг тактики, кои може да
бидат поинтересни и поблиски за потенцијалните потрошувачи;
 бидејќи не држат големи залихи, не плаќаат за складишта, како ни за
трошоци за одржување на залихи,малите бизниси компензираат дел од
повисоките цени за набавка во однос на големите бизниси;
 бидејќи грешките може да бидат кобни како за претприемачот така и за
бизнисот воопшто, претприемачите на малите бизниси се доста претпазливи.
Тие имаат посебна карактеристика да преземаат вкалкулиран ризик;
 поради повисоките цени воведуваат различни дополнителни услуги (без
потребна бирократија на големите)кои може да бидат од големо значење за
потрошувачите што претставува предност во однос на големите бизниси;
 малите бизниси имаат особина на брзо прилагодување што кај големите
поради бирократијата потешко се изведува што претставува вистинска предност
на малите;

23
БобекШуклев, Менаџмент на малиот бизнис,Економски факултет, 2011, стр. 40, 41.

25
 малите бизниси се поблиски со потрошувачите и на секој потрошувач
(голем или мал) можат да му обрнат посебно внимание при услужување што
претставува предност во однос на големите бизниси.“24

Најголемото значење на малите бизниси, сепак, се согледува во нивната застапеност и


придонесот што го имаат за заедничките мерки за економска благосостојба, како што
се вработувањето и приходите. Наједноставно кажано, треба да постои интерес за
малите бизниси затоа што најголемиот дел од бизнисите всушност се мали.
Креаторите на политиките сѐ позаинтересирани во учеството на секторот во
вработувањето и во приходите – како подиректни показатели за улогата на малите
бизниси во економијата. Големите бизниси се попродуктивни, но поради тоа и јазот се
проширува – движен од важноста на извозните пазари, побрзата технолошка промена
во големите бизниси и ориентираноста на малите бизниси кон услужните дејности.
Во секоја европска економија над 99% од сите бизниси се мали бизниси. Уште повеќе,
во најголемиот дел од овие економии малите бизниси претставуваат над 60% од
вкупното вработување и над 50% од додадената вредност. Оттука, јасно е дека малите
бизниси се значајни.
Сепак, мора да се спомене и подинамичниот придонес на малите бизниси во
економската благосостојба. Широко е прифатено верувањето дека претприемаштвото
(најчесто прикажано преку малите бизниси) влијае позитивно врз економскиот развој.
Особено мора да се истакне зошто малите бизниси изгледаат позначајни сега отколку
во минатото, односно зошто е зголемен интересот за нив. Според литературата,
најлогични се следните два објаснувања: прво, структурната промена од производство
кон услуги; и второ, развојот на новите флексибилни производни технологии, кои во
одредени сектори ја имаат намалено значајноста на економиите од обем25.

5. Успеси и неуспеси на малиот бизнис

Како што беше претходно наведено, малиот бизнис наспроти големиот бизнис
има свои предности и слабости, свои ризици и предизвици, што значи дека може да

24
http://www.pretpriemac.com/razlika-mali-golemi-biznisi/ (пристапено на: 29.11.2015)
25
Дикинс Д., Фрил М., Претприемништво и мали фирми, Скопје, 2010, стр.44-58
биде успешен или неуспешен. Секако дека секој што започнува или продолжува
одреден бизнис сака да доживува само успеси, но факт е дека секогаш постои ризик да
дојде до голем неуспех. Затоа, оној што се занимава со бизнис треба да биде
внимателен во однос на повеќе фактори, особено затоа што, кога станува збор за
малиот бизнис, ризикот е значително поголем поради природата на овој бизнис.
За успешен и просперитетен мал бизнис неговиот сопственикменаџер треба да
ги поседува следните квалитети: мотивираност, интелигенција, личност,
комуникациски способности, техничко и друго искуство, знаења од областа на
бизнисот и сл. Горенаведените податоци за бројноста на малите бизниси во однос на
големите (како во Македонија така и во Европа и во САД) се добар доказ дека еден мал
бизнис секако може да стане успешна приказна. Покрај квалитетите што треба да ги
поседува сопственикотменаџер, други значајни причини за успех на малиот бизнис се:
квалитетот на производот/услугата, напорната работа, искуството во работата, ниските
цени, добриот однос со потрошувачите, почитувањето на роковите, добрата
организација итн26.
Отсуството на една или на повеќе од бараните квалитети доведува до неуспеси
во малиот бизнис. Притоа, иако се слични и блиски, треба да се разграничи значењето
на поимите дисконтинуитет и неуспех. Според „Менџамент лексиконот“, под
дисконтинуитет се подразбира доброволна одлука на сопственикот да престане да
работи, а неуспехот (или пропаѓањето) е резултат на неспособноста да се успее во
водењето на бизнисот. Причина за дисконтинуитет може да бидат здравствените
проблеми, фамилијарните проблеми или можностите за вработување во другбизнис.
Од друга страна, пак, неуспесите се делат на формални (завршуваат на суд со загуби за
кредиторите) и на неформални или лични (кога сопственикот не може да создава
финансиски средства и го напушта бизнисот). Најчести причини за неуспех на малиот
бизнис се: недостиг на искуство, недостиг на пари, лоша локација, лошо управување со
резервите (преголемо и прерано трошење, купување наместо изнајмување и сл.),
премногу ангажирани вложувања во фиксни средства, непланиран раст, наивност кон
окружувањето и окружување со несоодветни соработници, отсуство на визија и на
стратегија, централизирање наспроти делегирање, непланирана експанзија, отсуство на
анализа на пазарот, мала или никаква иновативност, занемарување на надградбата и на
дополнителните квалификации на вработените итн. Овие причини може да доведат до

26
William L. Megginson, Mary Jane Byrd, Charles R. Scott, Leon C. Megginson: Small business management.
An entrepreneurs guide to success, IRWIN, Bar Ridge, Illinois, 1994, p. 52
загуба на капиталот на кредиторите, штетни психолошки ефекти, социјални и
економски загуби и, во крајна линија, до најголемиот неуспех за еден бизнис –
морталитетот на бизнисот.27 Ризикот за морталитет е најголем кај малите бизниси.

6. Започнување со мал бизнис

Започнувањето сопствен бизнис е долг процес на планирање и на подготовки,


кој бара напорна работа. Во последните децении сведочиме зголемување на желбата за
започнување сопствен бизнис како резултат на сè поголемиот број успешни мали
бизниси. Иако, секако, сè уште е голем бројот на оние што инсистираат да работат во
големи корпорации или пак во државни институции поради сигурноста што ја нудат
ваквите работни места, сведоци сме дека малиот бизнис станува сè поатрактивен
поради можноста за напредок, како и поради независноста што ја дозволува.
Неколку различни истражувања покажале дека причините за започнување со
мал бизнис може да се поделат во три поголеми групи: фамилијарни, економски и
лични. „Од првата група, односно од фамилијарните причини, најчесто наведувана е
желбата да се биде независен сопственик, да се вклучи во бизнисот на својот татко, да
се наследи бизнисот од фамилијата и други. Од втората група, односно од економските
причини, најчесто се наведува желбата за побрзо напредување, создавањето повеќе
пари, капитализацијата на сопственото искуство, поголемата сигурност и други. Од
третата група, односно од личните причини, за успех на малиот бизнис се наведуваат:
способноста мудро да се управуваат парите, способноста да се донесуваат јасни
одлуки, способноста да се инспирираат другите, спремноста за прифаќање
одговорност, спремноста да се работи напорно и подобро, спремноста да се чекаат
резултатите и други.“28
Постојат два различни начина да се започне со мал бизнис: купување постоен
бизнис и основање нов бизнис. И двата начина имаат свои предности и слабости и
може да претставуваат предизвик во зависност од желбите и од потребите на идниот
сопственик менаџер. Првиот начин– да се купи бизнис што веќе постои на пазарот–
овозможува да се надгради нечие претходно искуство и да се започне со одредена

27
S.T. Hatten, Small Business Management. Entrepreneurship and Beyond, fifth edition, South-Western,
Cengage Learning, 2012, р. 16.
28
Pearce C. Kelly, Kenneth Lawler: How to organize and operate small business, 3rd ed., Prentice – Hall,
Englewood Cliffs, New Jesrey, 1961, p.72
постојна клиентела, но оној што ќе одлучи да купи еден бизнис треба да биде свесен
дека со бизнисот доаѓаат и проблемите што тој бизнис ги стекнал при своето
функционирање. Другиот начин, или отворањето нов бизнис, дава одредена слобода во
однос на начинот на организација на работата и можност за докажување од почеток, но
токму почетокот, односно почнувањето од нула, може да се јави како проблем.
Доколку се разгледуват предностите и слабостите на отворањето нов бизнис наспроти
купувањето постоен бизнис, меѓу предностите се вбројуваат: можноста бизнисот да се
позиционира на посакуваната локација, можноста за лесно приспособување на
физичките капацитети што се на располагање (со изработка на бизнис-план),
можностите за иновација, можноста да се креира сопствен имиџ и можноста за
стекнување поголем профит со помали вложени средства. Меѓу недостатоците, пак, се
вброени: поголемиот ризик во однос на купувањето постоен бизнис, потребата од
време за да се стекне доверба кај клиентите, обезбедувањето финансиски средства,
вложувањето дополнително време за воспоставување канали и за стекнување контакти,
неискуството и др.29
Постапката до основање нов сопствен бизнис води преку шест важни фази, кои
при купувањето постоен бизнис веќе се поминати и можеби има потреба само од нивно
мало доразвивање. Тоа се следните фази: развој на бизнис-идеја, формирање пазар,
оценување на конкуренцијата, оценување на бизнис-идејата, тестирање на
производот/услугата и стекнување ресурси. За стекнувањето ресурси, поточно за
обезбедувањето финансиски средства за бизнисот, подетално е образложено во втората
глава од овој труд.

7. Фамилијарни бизниси

Најчеста форма на малиот бизнис е фамилијарниот бизнис.


Фамилијарниот бизнис сам по себе претставува интересна, но воедно и
компактна област. Во светот уште одамна малите фамилијарни бизниси се претворија
во големи фамилијарни компании, од кои зависат пазарот, берзата и целокупниот
индустриски и трговски развој.

29
http://www.pretpriemac.com/zapochnuvanje-na-biznis-prednosti-i-nedostatoci/ (пристапено на: 29.11.2015)
Да се дефинира самиот фамилијарен бизнис е доста тешко и е проблем со кој се
судруваат неговите истражувачи. Како и за сите други бизнис-феномени, во
литературата за менаџментот и за фамилијарниот бизнис се среќаваат голем број
различни дефиниции. Така, фамилијарниот бизнис може да биде дефиниран од повеќе
аспекти: од аспект на сопственоста, од аспект на генерациското пренесување, од аспект
на стратегискиот менаџмент итн.
Во таа смисла, од аспект на сопственоста, фамилијарниот бизнис претставува
бизнис во сопственост и под управување на некоја фамилија, која вработува свои
членови30, односно компанија што е во сопственост и е контролирана од страна на
некоја фамилија, при што еден или повеќе членови на таа фамилија се вклучени во
менаџментот31.Ова значи дека кај фамилијарните бизниси одлуките поврзани со
сопственоста и со менаџментот се под директно влијание на односите во рамките на
самата фамилија сопственик на бизнисот.
Од аспект на генерациското пренесување, пак, фамилијарниот бизнис
претставува бизнис што ќе го управува и ќе го контролира наредната генерација на
фамилијата во чија сопственост се наоѓа 32. Тоа значи дека помладите членови на
фамилијата сопственик на бизнисот ќе воспостават контрола над него, наследувајќи ги
своите постари роднини.
Според Питер Дракер: „Најголемиот број од бизнисите насекаде во светот, тоа важи и
за САД и за другите развиени земји, се раководени и менаџирани од страна на
семејства.“ Семејниот бизнис го основа претприемач што има одредена идеја за
бизнис, по што таа идеја ја развива или тој/таа или неговите/нејзините наследници33.

И покрај сите наведени дефиниции, многу е тешко поконкретно да се дефинира


семејниот бизнис. Мнозинството е со ставот дека тоа е бизнис што е во сопственост на
едно семејство или дека се работи за бизнис што го поседува и со кој раководи еден
член на семејството. Според други дефиниции, двајца или повеќе членови на
семејството се сопственици на семејниот бизнис и раководат со него (на пример,
сопруг и сопруга). Од една страна, има семејни бизниси со обрт од повеќе од една
милијарда американски долари, додека од друга страна – има семејни миркобизниси

30
J.T. Covin, “Profiling Preference for Employment in family-owned firms”, Family Business Review, Vol. 7,
No. 3, fall, 1994, p. 288.
31
I. Lansberg, H.J. Astrachan, “Influence of Family Relationships on Success on Planning and Training: The
Importance of Mediating Factors”, Family Business Review, Vol. 7, No. 1, spring, 1994, p. 39.
32
L.J. Ward, Keeping the Family Business Healthy, Jossey-Bass Publishers, 1987, p. 252.
33
Drucker, P. (1995) Managing in a Time of Great Change, BCA, London
водени од еден човек што се надева дека еден ден некој член на семејството ќе го
наследи бизнисот.

Навистина е тешко да се оформи бизнис што ќе доживее раст во денешната економска


клима, а особено тој бизнис да се стави под контрола. На пример, бизнисите на
високотехнолошкиот пазар може да се соочат со конкуренти и муштерии што ќе сакаат
да ги откупат поради стручноста или знаењата што ги поседуваат34.

Кога се почнува со семеен бизнис, основачот честопати зависи од семејството за


поддршка – особено финансиска, а тоа со себе носи предности, но и недостатоци.
Предност е тоа што семејството ги познава претприемачот и неговиот карактер. Исто
така, членовите на семејството се подготвени да дадат заем со многу ниска камата или
без камата, при што времето за враќање на заемот може да се приспособи на потребите
на претприемачот. Освен тоа, членовите на семејството што се поискусни може да го
посоветуваат и да го поддржат претприемачот. Но секако дека има и одредени ризици
кога другите членови на семејството ќе се приклучат во водењето на бизнисот, може да
се јави потреба од финансиски средства за некоја друга цел, а претприемачот да нема
можност да го врати заемот, а секако тука е ризикот бизнисот да пропадне.

Се разбира дека семејните бизниси имаат и свои недостатоци. На пример, одредени


квалификувани и обучени лица што не припаѓаат на семејството може да се разочараат
бидејќи се обесправени, како последица на непотизам, што значи дека во некои случаи
одредени неквалификувани членови на семејството може да заземат високи позиции
или како последица на тоа што ќе се постави неправеден систем на наградување (може
да се јават и проблеми во однос на тоа колку може да се привлечат нови талентирани
професионалци што не се членови на семејството)35.

Според истражувањата, семејните бизниси се соочуваат со предизвици и проблеми од


три типа: наследување на бизнисот, ограничувања и конфликти со семејството и
управувањето36.

34
Keogh, W., Stewart, V. and Taylor, J. (2001) developing Strategies for Growth in HTSFs: Looking Beyond
Survival in an Increasingly Competitive Marketplace and R. Oakey (eds), New Technology-based Firms in the
New Millennium, Pergamon, London
35
Дикинс Д., Фрил М., Претприемништво и мали фирми, Скопје, 2010, стр.229-234
36
Nicholson, N. (2003) Leadership in Family Business , London Business School, London

31
Семејните бизниси се исклучително важни во деловниот свет. Голем дел од нив се
појавуваат, па набргу исчезнуваат, но има и такви што доживуваат значителен раст и
стануваат многу влијателни компании.

Фамилијарните бизниси се столб на економиите (особено на западните


економии) и многу големи светски компании што ги познаваме, всушност,
претставуваат фамилијарни бизниси. Сепак, во Македонија ситуацијата со
фамилијарните бизниси и не е на толку завидно ниво, не толку во однос на бројноста
колку во однос на нивната успешност. Според податоците на Државниот завод за
статистика37, над 40% од бизнисите во Македонија се фамилијарни.
Предностите на фамилијарниот бизнис во однос на бизнисите со поинакво
сопствеништво произлегуваат од поголемата мотивација на членовите на фамилијата
да го видат бизнисот успешен. Затоа, во светот сè почесто малите фамилијарни
бизниси успешно напредуваат и прераснуваат во големи успешни компании.

8. Позитивни ефекти од развојот на малиот бизнис во Република Македонија

Во претходниот економски систем во Македонија (во рамките на Југославија)


како најважно прашање се издвојувала индустријализацијата, а потоа и
интензивирањето на земјоделството и развојот на другите стопански дејности. Денес,
кога преструктуирањето на стопанството е најактуелното прашање, малиот бизнис игра
клучна улога во националната економија на нашата земја. „Проблемот на малиот
бизнис (малото стопанство) стана актуелен во 70-тите и 80-тите години од минатиот
век, но со продолжена перспектива и натаму да биде актуелен. Неговата актуелност и
тоа во сите земји без оглед на степенот на економска развиеност, не беше некаков
моден тренд, туку објективна потреба и израз на современиот развој. Афирмацијата и
сè поголемата улога на малите и средните претпријатија како клучни производни и
услужни единици во стопанската структура, и како основни носители на развојот и
преструктуирањето на стопанството, директно произлегува од современиот развој на
новата техника и технологија, поврзан со развојот на компјутеризацијата,
телекомуникациите, информатиката, биоинженерингот, новите материјали и др.
Почетокот на побрзиот и современ развој на малиот бизнис во светот не случајно се

37
http://www.stat.gov.mk/
32
поклопува со почетокот на побрзиот развој на компјутеризацијата и новиот научно-
технички прогрес од раните 70-ти години на минатиот век. Во литературата се смета
дека во услови на појава на нова техника и технологија постои тенденција на
создавање мали и средни претпријатија што се погодни за прифаќање и воведување на
нова техника и технологии бидејќи самите тие се флексибилни, брзо се адаптираат на
новите промени и сл. Во услови, пак, на стабилизирана технологија, обично се
развиваат големи претпријатија, со голема концентрација на производство. Значи, во
сегашната ситуација, кога има појава на нова техника и технологија, постои погодна
фирма за развој на мали и средни претпријатија.
Ако се има предвид дека постои тенденција на уште поголемо растење на
малите бизниси во следниот период, треба и да се работи на создавање услови за нивно
функционирање и напредување. „На организиран начин треба да се создадат услови во
кои ќе се развиваат малите и средните претпријатија, што ќе бидат пазарно
ориентирани, конкурентно способни, флексибилни, приспособени за прифаќање на
новата техника и технологија. Ваквите мали и средни претпријатија треба да бидат
основни носители на развојот и на преструктуирањето на стопанството, не
запоставувајќи ја притоа и улогата на големите претпријатија. Во оваа насока веќе се
преземаат активности, особено со промени во законската регулатива, но и во даночната
политика и во политиката на економски односи со странство.“38
Многу автори и експерти, поучени од светските искуства, сметаат дека развојот
на малиот бизнис во Република Македонија ќе доведе до голем број позитивни ефекти.
Овие позитивни ефекти се согледуваат првенствено во активирање на сите
расположливи ресурси, природните и материјалните фактори, квалификуваната и
висококвалификуваната работна сила, зајакнување на иновативноста и искористување
на слободните финансиски средства итн.
Секако, како еден од најважните позитивни ефекти се смета и дисперзијата на
стопанството во селските подрачја и во помалите градови наспроти неговата
доминантна концентрација во поголемите градови, а најмногу во главниот град. Оваа
дисперзија се очекува со намалување на миграциите од селските во градските подрачја,
како и на оние од помалите во поголемите градови и во главниот град, а со тоа и со
развој на селата и на помалите градови.

38
Никола Узунов, Ангел Георгиев и Пеце Недановски, Применета економија(петто изменето и
дополнето издание), Економски факултет, 2003, стр. 400-405
„Малиот бизнис го поттикнува и самовработувањето, односно помага за
ублажување на невработеноста. Истовремено, со неговиот развој се ангажираат
слободните финансиски средства на населението, кои досега главно се ангажираа за
непроизводна потрошувачка.“39
Друг многу битен позитивен ефект што го носи развојот на малиот бизнис, а
веќе беше споменат, е преструктуирањето на стопанството, кое влијае позитивно врз
целокупниот развој на стопанството, а ги поттикнува и флексибилноста,
конкурентноста и иновативноста.
Сите овие наведени позитивни ефекти се дополнителна причина за
стимулирање на претприемачите да почнат сопствен мал бизнис и дополнително го
оправдуваат избирањето на оваа тема за магистерскиот труд, како и самата цел на
истражувањето.

39
Никола Узунов, Ангел Георгиев и Пеце Недановски, Применета економија(петто изменето и дополнето
издание), Економски факултет, 2003, стр. 406
II ИЗВОРИ НА ФИНАНСИИ ВО МАЛИОТ БИЗНИС

Изворите на финансирање во малиот бизнис најопшто се делат на неформални и


формални. Неформалните извори ги опфаќаат сопственичкиот капитал и т.н. бизнис-
ангели. Во формалните извори на финансирање спаѓаат: официјалните ризични
фондови, банките, штедилниците, лизингот и државните и меѓународните институции
и нивните програми за мали бизниси. Во овој дел од трудот направив истражување и се
обидов да дадам детален преглед на изворите на финансии достапни за малите бизниси
во Република Македонија.
Притоа, треба да се има предвид дека малиот бизнис е најризичен за
финансирање, поради што пристапот до формалните извори на финансирање е
редуциран или, пак, бара исполнување одредени услови. Постојат три основни
причини што придонесуваат малиот бизнис да се третира како ризичен за
финансирање40:
 постоење асиметрични информации – сопственикот-менаџер на малиот
бизнис располага со повеќе информации за сопствената бизнис-идеја во
споредба со изворот од кој бара финансии (инвеститорот); тој не мора секогаш
да сака да ги открие сите информации, што пак доведува до намалување на
довербата кај потенцијалниот инвеститор;
 слаб менаџмент – повеќепати досега споменав дека сопственикот на
малиотбизнис најчесто е и негов менаџер, односно учествува во сите процеси на
управување со бизнисот, што го зголемува ризикот за тешко доаѓање до
финансиски средства, особено ако не располага со доволно искуство, знаење и
менаџерски способности;
 мал почетен капитал – ова е исто така важна причина, особено кога се
бара кредит од банка или од штедилница, кои бараат некаква гаранција дека
парите ќе им бидат вратени во предвидените рокови; олеснителна околност е
тоа што некои државни институции во своите нови програми за финансирање на
малите бизниси нудат неповратни средства, кои најчесто се искористуваат за
опрема и за други ресурси.

40
Роберт Барон и Скот Шен, Претприемништво – процес и перспектива, Генекс, 2011, стр. 136.
А). НЕФОРМАЛНИ ИЗВОРИ НА ФИНАНСИИ

Неформалните извори на финансирање (личните финансии и бизнис-ангелите)


се многу значајни за малиот бизнис, особено на почетокот на неговото
функционирање. Тие отсекогаш биле најважните извори на средства за малите
бизниси. На пример, во средината на 1980-тите години во САД, од вкупната потребна
сума за финансирање на малите бизниси, која изнесувала речиси 28 милијарди долари,
дури 22 милијарди долари (80%) доаѓале од неформалните извори. 41 Поновите
истражувања покажуваат дека во просек околу 70% од финансирањето на почетокот на
бизнисот („старт-ап“) се обезбедуваат од заштедите на основачите, 20%
произлегуваатод заемитеод роднини и од пријатели, додека само околу 8% се
банкарски кредити.42

1. Сопственички капитал

Сопственичкиот капитал со кој располага сопственикот менаџер на малиот


бизнис е најважниот и дефинитивно неизбежен извор на финансии, особено ако
станува збор за нов бизнис, во економската литература наречен „старт-ап“. Тој капитал
може да дојде преку личните финансии (личните заштеди) на претприемачот, заеми од
семејството и од пријателите и преку здружување на финансиските средства на
партнерите. Овој капитал, односно овој начин на финансирање на малиот бизнис, има
голем број предности: ако се работи за лично финансирање, станува збор за сопствени
средства, кои не подлежат на враќање; ако станува збор за заем од семејството или од
пријателите, овие средства лесно се добиваат и притисокот за нивно враќање е помал;
во третиот случај, сопственикотменаџер добива партнер во бизнисот, чии вештини и
искуство може да помогнат во менаџирањето и во управувањето на бизнисот.
Негативните страни на сопственичкиот капитал како извор на финансирање се
следните: станува збор за мали износии може да се создадат проблеми и тензии во

41
David Birch, Job Creation in America – How our Smallest Companies Put the Most People to Work New
York, 1987, p.79.
42
Владимир Филиповски, „Финансирање на малите бизниси“, во: Како до сопствен бизнис, Центар за
развој на нови бизниси, 2007, стр. 205.
односите со членовите на семејството или со пријателите или, пак, со партнерите, кои
може да бараат дополнителни привилегии.43

1.1. Лични финансии

Во личните финансии (заштеди) на претприемачот (сопственикотменаџер)


влегуваат релативно мали суми во форма на банкарски депозити, средства на тековни
сметки, на кредитни картички и сл. Во овој тип извори на финансии се вклучени
инеговиот имот во хартии од вредност (акции, државни или компаниски обврзници и
сл.), како и недвижен имот (земјиште, куќи, деловни згради и сл.).

1.2. Заеми од семејството и од пријателите

Претприемачот (сопственикотменаџер) може и да позајми средства од своите


роднини и пријатели. Нивната предност е во тоа што се бесплатни, односно не
подлежат на камати. Освен како заем, парите од семејството и од пријателите може да
дојдат и како акционерски капитал.

1.3. Финансиски средства на партнерите

Еден мал бизнис на единствен сопственик може да прерасне во партнерство ако


некој вложи пари во бизнисот во замена за акции. Партнерството е еден од најчестите
извори на финансирање во малиот бизнис и претставува извор со неформална природа.
Партнерството овозможува бизнисот да дојде до дополнителен капитал за
финансирање во раните фази од неговиот развој, кога, на пример, нема пристап до
банкарски кредити или кога не може да привлече ризичен капитал.44

2. Бизнис-ангели

Бизнис-ангелите претставуваат богати поединци што инвестираат сопствени


пари, време и експертиза во бизнисишто не котираат на берза и со кои не се во семејни

43
RobertHisrichandMichaelPeters, Entrepreneurship, FourthEdition,IrwinMcGraw-Hill, 1998, р. 364-365.
44
PaulSamuelsonandWilliamNordhaus, Economics, EighteenthEdition,McGraw-HillInternationalEdition, 2005,
р. 105.
односи, со надеж дека ќе остварат финансиска добивка.45 Овој вид финансирање станал
познат како неформален ризичен капитал бидејќи не постои место на пазарот каде што
редовно инвестираат овие поединци. Овие инвеститори, исто така, си го ставиле името
бизнис-ангели. Како богати поединци, тие обично се поранешни претприемачи, кои
веќе не се активни, но имаат добро познавање на бизнисите и на секторите во кои
порано работеле. Најважни карактеристики на бизнис-ангелите како извори на
финансии за малите бизниси се:
 стекнување сопственички и управувачки права во бизнисите во кои
вложуваат средства – вложените средства бизнис-ангелите ги инвестираат,
главно, во замена за акции;
 внимателен избор на бизнис, врз основа на бизнис-идејата, бизнис-
планот и проучување на личноста на претприемачот;
 бизнис-ангелите најчесто вложуваат во семејни бизниси;
 постинвестицискоинвловирање – ангажирање во бизнисот во кој
вложиле средства преку давање совети и експертиза; нивното вклучување во
работата на бизнисот најчесто не е со полно работно време и се применува
преку: давање совети и консултации, читање на финансиските извештаи,
учество во одборот на директори на фирмата и сл.
Економското значење на бизнис-ангелите во развиените земји (особено во САД
и во Велика Британија, а во поново време и во другите земји на ЕУ) забележува
нагорен тренд: тие инвестираат сè позначајни суми во новите бизниси. Бизнис-
ангелите вложуваат во малите бизниси во најкритичните моменти, обично кога
претприемачот ќе ги исцрпи парите од сопственичкиот капитал, а сè уште не е
способен да привлече официјални ризични фондови или банкарски заеми. Сепак, во
Македонија бизнис-ангелите сè уште не се популарни како форма на финансирање на
малите бизниси.

45
ColinMason, InformalSourcesofVentureFinance,HunterCentreforEntrepreneurship, UniversityofStrathclyde,
2005, р. 4.
Б). ФОРМАЛНИ ИЗВОРИ НА ФИНАНСИИ

1. Официјални ризични фондови

Официјалнитеризични фондовиги сочинуваат институционалните инвеститори,


т.е. пензиските фондови, осигурителните фондови, богатите семејства, одделите за
ризичен капитал при комерцијалните банки и сл. Тие функционираат како сопственици
на средствата и како лимитиран партнер, но и како општ партнер, како форма на
ризичен капитал што ги менаџира средствата што институционалните инвеститори
привремено му ги отстапиле на официјалниот ризичен фонд.
Генералните принципи на работа на ризичните фондови се слични како кај
бизнис-ангелите, но тие од бизнис-ангелите се разликуваат по четири основни
карактеристики:
 ризичните фондови во бизнисите вложуваат туѓи пари (бизнис-ангелите
вложуваат сопствени);
 ризичните фондови вложуваат големи суми пари (бизнис-ангелите
вложуваат мали);
 при изборот на бизнисот, за официјалниот ризичен капитал се најважни
квалитетот и професионалноста на менаџерската екипа (бизнис-ангелите
поголемо внимание обрнуваат на личноста на претпримеачот);
 мотивите на ризичните фондови се чисто комерцијални (кај бизнис-
ангелите постојат и хумани, филантропски мотиви).46
Како и бизнис-ангелите, и ризичните фондови не се премногу застапени како
извор на финансирање на малите бизниси во нашата земја, иако во развиените земји во
светот земаат сè поголем замав.
Сепак, европските фондови за ризичен капитал привлекле рекордни средства во
првата половина од 2016 година, извести „CNBC“. Инвеститорите во Европа привлекле
6,6 милијарди евра во 34 ризични фондови, што претставува раст од 63% на годишна

46
Таки Фити и Верица Хаџи Василева-Марковска, Претприемништвото и претприемничкиот менаџмент,
Економски факултет, 1994, стр. 210.

39
основа. Ова е највисоката сума за шестмесечен период, посочува „Pitchbook“,
компанија што ги следи пазарите за вложување и за приватен капитал.47

2. Финансирање на малиот бизнис преку штедилници

Покрај банките, и некои небанкарски институции, како на пример


штедилниците, нудат кредити за малите бизниси.
Така, штедилницата „Можности“48 е позната по тоа што нуди неколку различни
типови бизнис-кредитишто ги опфаќаат малите бизниси од областа на трговијата,
производството, градежништвото, услугите, туризмот итн. Овие кредити се
разликуваат во однос на: износот, рокот на враќање, номиналната каматна стапка,
стапката на вкупни трошоци, манипулативниот трошок, провизијата за управување
итн. Во моментов за малите бизниси од страна на оваа штедилница се достапни
следните кредити:
 локум-кредит;
 кредит за опрема и за транспортни средства;
 лагер-кредит;
 можност + кредит;
 кредит за деловен простор;
 кредит + кредит.
По одличните услови за финансирање мали бизниси е позната и штедилницата
„ФУЛМ (Финансиски услуги за луѓето од Македонија)“49, која исто така нуди повеќе
типови кредити и микрокредити.

3. Финансирање на малиот бизнис преку лизинг

Лизингот претставува трговска и финансиска дејност преку која трговските


субјекти, најчесто малите бизниси, се обраќаат до некоја специјализирана институција

47
http://www.cnbc.com/2016/07/21/europe-venture-capital-start-up-funding-plunges-27-percent-over-brexit-
jitters.html (пристапено на 22.7.2016)
48 49
http://www.moznosti.com.mk/ http://www.fulm.com.mk/default.asp?
docID=107&lng=mc(пристапено на 20.10.2016)

40
за да земат под закуп инвестициска опрема за определен рок и за определен надомест.
Лизингот во својата наједноставна форма претставува инструмент за обезбедување
финансиски средства и широко се дефинира како „договор помеѓу две страни, при што
едната страна (давателот на лизинг) ѝдава на користење некое средство на другата
страна (корисник на лизингот) за одреден временски период и за однапред утврден
надомест“.50 Зборот доаѓа од англискиот глагол „tolease“, што значи „даседаде под
наем“или „да се најми“. Според законската регулатива на Република Македонија,
„Лизингот е активност која се однесува на подвижен предмет и недвижен предмет, при
која корисникот на лизинг го определува предметот на лизинг кој е купен или
произведен од страна на давателот на лизинг и се дава на користење на корисникот
на лизинг за договорен временски период, во замена за плаќање на надомест за
користење на предметот на лизинг, врз основа на договорот за лизинг кој е склучен
меѓу давателот и корисникот на лизинг, според условите определени во него.“
Лизингот се зема за нова, современа и техничко-технолошки усовршена опрема.
Постојат два типа лизинг: финансиски и оперативен. „Финансиски лизинг е оној
лизинг со кој се пренесуваат сите ризици и користи кои произлегуваат од сопственоста
на еден предмет, било да е тој подвижен или недвижен, при што со истекот на
определен временски период сопственоста може, но не мора да биде пренесена.
Оперативен лизинг е секој лизинг кој не е финансиски лизинг.“ 51
Предностите на лизингот наспроти банкарските кредити се: многу побрзата и
поедноставна постапка (уредување на сите административни постапки, меѓу кои и
потпис на договорот кај давателот на лизинг), приспособливите услови на одобрување
(лизингот многу повеќе се приспособува на посебните барања на купувачите отколку
кој било друг облик на финансирање), нема потреба од хипотека, билансното или
вонбилансно прикажување на инвестициите во основни средства (начинот на
прикажување зависи од тоа дали купувачот се одлучил за финансиски или за
оперативен лизинг), помалата даночна основа, заштедата на обртен капитал, точното
планирање на трошоците (ратите за лизингот се номинирани во цврсти валути и не се
менуваат до истекувањето на договорот), одбегнувањето на тешкотиите при повторна
продажба на опремата во која малиот бизнис инвестирал свои пари.
Сепак, лизингот има и одредени слабости: како инструмент за
финансирање,лизингот е поскап од банкарските кредити, односно ратите за лизингот,

50
СашоАрсов, Финансиски менаџмент, Економски факултет, 2008, стр. 183-184.
51
http://www.finance.gov.mk/files/u11/zakon_za_lizing_precisten_1.pdf (пристапено на 30.11.2015)
поради зголемениот ризик, обично се поскапи од ратите за отплата на банкарските
кредити;потешко е да се обезбедат гаранции или други обезбедувања во споредба со
банкарските кредити, за кои најчесто се договараат хипотеки како средства за
обезбедување на отплатата на кредитот; нерамноправност на договорните страни(се
наметнува волјата на посилната договорна страна); нееластичност на веќе склучен
договор за лизинг во поглед на рокот на важење, висината на надоместокот, периодот
на плаќањата, можноста за предвремено раскинување на договорот;има негативно
влијание во поглед на можноста за обновување и за модернизација на основните
средства на корисникот на техничко-технолошка опрема бидејќи најчесто корисникот
на лизингот по истекот на рокот на договорот или ја купува или повторно на лизинг ја
зема опремата, која веќе е застарена.
По банкарските кредити, лизингот претставува вториот најзначаен извор на
финансии на малите бизниси. Во Македонија во 2012 година активно работеле 11
лизинг-друштва. Според последните податоци, денес нивниот број е намален на 8. 52
Притоа, сите тие нудат финансиски лизинг.

4. Државни институции и програми за финансирање на малите бизниси

Последниве години, како што се зголемува атрактивноста на малите бизниси


така се зголемува и бројот на државните институции што нудат програми за нивно
финансирање. Такви програми се нудат во некои министерства, но и од страна на
фондации и агенции основани од државата со цел поддршка на малите бизниси, како и
на претприемаштвото воопшто. Некои од нив работат и во партнерство или со
поддршка на некои меѓународни фондови и институции. Предноста на овие
институции во споредба со банкарските кредити е во тоа што најчесто нудат
неповратни средства или, пак, даваат многу олеснувачки околности за отплата на
кредитите. Подолу се прикажани активните државни институции во нашата земја што
развиваат програми и проекти за финансирање на малите бизниси.

52
http://www.finance.gov.mk/files/u11/Registar_na_davateli_na_finansiski_lizing.pdf (пристапено на:
30.11.2015)

42
4.1. Министерство за економија на Република Македонија

Секторот за претприемништво и конкурентност на Република Македонија при


Министерството за економија на Република Македонија овозможува финансирање на
малите бизниси преку субвенциите што им се доделуваат на бизнисите од различни
области на дејствување. Овие средства се добиваат од буџетот на Република
Македонија. Во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016
година на Министерството за економија за мерките од областа поддршка и развој на
мали и средни претпријатија се наменети средства во износ од 8 890 000 денари. 53 Овие
средства се предвидени за преземање осум типа мерки:
 поддршка на занаетчиството во Република Македонија во износ од
2510000 денари (наменети за субвенционирање на трошоци на занаетчии и на
вршители на занаетчиска дејност и за кофинансирање проекти на занаетчиските
комори и на еснафите за развој и за промоција на занаетчиството во РМ);
 финансиска поддршка за женско претприемништво во износ од 2000000
денари (наменети за набавка на опрема и на алати, уредување/подобрување на
деловниот простор и за грижа/чување на децата од предучилишна возраст на
жените што започнуваат сопствен бизнис);
 надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти за
сертификација на системи за квалитет според ISO-стандарди во износ од 800000
денари;
 финансиска поддршка за тренинг на НАССР тим за воведување
одржување и модификација на НАССР систем во износ од 300000 денари;
 финансиска поддршка за воведување и сертифицирање на ХАЛАЛ
систем во износ од 1800000 денари;
 кофинансирање на проекти за фондации и здруженија на граѓани што се
однесуваат на нефинансиска поддршка на мали бизниси и промоција на
претприемаштвото и занаетчиството во Република Македонија во износ од
1200000 денари (наменети за: промоција и обуки за алтернативни извори за
финансирање на МСП; промоција и обуки за социјално претприемаштво;
промоција, обуки и форуми за женско претприемаштво; Б2Б средби,
вмрежување и промотивни активности);

53
Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година, Службен весник на РМ, бр.
2 од 8.1.2016 година.

43
 промотивни активности во износ од 280000 денари.
Освен субвенциите, Министерството за економија го има основано и Форумот
за МСП, како платформа меѓу приватниот сектор и ова Министерство.

4.2. Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија

Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија нуди


неколку програми за финансирање на малите бизниси.
Една од тие програми е „Самовработување – Промоција на одржливи
вработувања и поддршка на Владата на РМ во имплементацијата на оперативниот план
за активен пазар на труд“, која Министерството ја реализира во партнерство со АВРМ,
со УНДП и со АПП. Оваа програма започна во 2007 година и предвидува советодавна
и финансиска поддршка за остварување на 950 одржливи вработувања, односно на 950
самовработувања во 900 мали оформени бизниси.Намената на оваа програма е
активирање на пазарот на трудот и креирање работни места со стимулирање на
побарувачката на пазарот на трудот, изедначување на неговата понуда и побарувачка
во согласност со потребите, подобрување на овој пазар и намалување на сивата
економија.Програмата „Самовработување“ се имплементира преку неколку чекори и
активности: објавување јавен оглас за аплицирање; давање информации од јавен
карактер за можностите во врска со програмата; обука за развој на бизнис-идеи и за
претприемачки вештини на првобитно избраните кандидати; поддршка за изработка на
бизнис-план; изработка на критериуми, евалвација и селекција на изработените бизнис-
планови и, најважното, асистенција при регистрација на фирмите и давање мали
грантови на регистрираните фирми за снабдување со неопходната опрема и/или
материјали.Целта на програмата е на заинтересираните невработени лица, активни
баратели на работа, кои сакаат да започнат сопствен бизнис, да им се овозможи
поволен кредит со кој тие ќе се самовработат во областа на земјоделството, трговијата,
преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн.
Министерството го реализира ипроектот за кредитирање на правни субјекти
(микро и мали претпријатија) за отворање на нови работни места за лица до 29-
годишна возраст, чија цел е да се стимулираат заинтересираните бизниси да отвораат
нови работни места за млади лица до 29 години, за што се поддржани со кредит во
износ од 4000 евра по лице. Бизнисите добиваат кредит во износ од 4000 евра по лице
(за максимум 3 лица или, вкупно, 12000 евра) со грејс-период од една година и со
каматна стапка од 1%.Правниот субјект што ќе вработи невработено младо лице до 29
години со полно работно време има обврска да го задржи на работа најмалку 36 месеци
од денот на засновање на работниот однос. Рокот на враќање на кредитот е две години
по завршувањето на грејс-периодот.
Сличен на овој е проектот за кредитирање на правни субјекти (микро и мали
претпријатија) за отворање на нови работни места, чија цел е да се стимулираат
заинтересираните бизниси да отвораат нови работни места, за што се поддржани со
кредит во износ од 3000 евра по лице. Бизнисите добиваат кредит во износ од 3000
евра по лице (за максимум 3 лица или, вкупно, 9000 евра) со грејс-период од една
година и со каматна стапка од 1%. Овде не постои возрасно ограничување на лицата
што треба да се вработат. Рокот на враќање на кредитот е две години по завршувањето
на грејс-периодот.
И овие два проекта Министерството ги реализира преку Агенцијата за
вработување на Република Македонија.
Покрај тоа, Министерството за труд и социјална политика,со цел да се
зголемиинформираноста на работодавците за активните програми и мерки за
вработување, да се дијагностицираат бариерите со кои се соочуваат работодавците во
креирање на работните места и да се зајакне социјалниот дијалог меѓу работодавците,
единиците на локална самоуправа и државните институции на локално ниво,
формирафоруми со работодавци, кои се наменети, пред сè, за малите бизниси. Со овој
проект е опфатена целата територија на Република Македонија и со непосреден
контакт се информираат работодавците за можностите за учество во активните
програми и мерки за вработување и за финансирање.

4.3. Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР)

Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) е основана на 21 мај 1998


година, врз основа на посебен закон, како државна банка за поддршка на малите и на
средните претпријатија и на претприемаштвото во Македонија. Оваа банка на малите
бизниси им нуди три вида финансиски услуги: кредитирање, осигурување и факторинг.
Малите бизниси може да дојдат до финансии преку некој од следните кредити
што им ги става на располагање МБПР54:

54
Износот на кредитите, рокот за отплата и каматните стапки се дадени во табела 3.
 кредит за поддршка на извозот – обртни средства за подготовка на
производство наменето за извоз и обртни средства за премостување на периодот
од направениот извоз до наплатата на средствата од странскиот купувач;
 кредит за мали и средни претпријатија – трајни обртни средства и
инвестиции од различни извори: ИКЛ-револвинг, МБПР, ЕИБ, ЕИБ-револвинг;
 кредит за поддршка на земјоделството и агроиндустријата – примарно
производство, преработка и извоз, преку комерцијалните банки или директно
преку МБПР;
 кредит за микро компании – микро и мали трговски друштва,
индивидуални претприемачи, занаетчиски дуќани, приватни трговци, тезги на
пазар и други микро и мали стопански субјекти;
 кредит за енергетика – енергетска ефикасност и обновливи извори на
енергија;
 кредит за намалување на невработеноста – создавање и одржување
работни места и самовработување со кредитирање;
 кредит со гарантна шема – микро, мали и средни трговски друштва што
немаат доволно обезбедување при аплицирање кај деловните банки;
 кредит за сместувачки капацитети – инвестиции за микро, за мали и за
средни претпријатија со седиште во РМ за купување, за изградба и за адаптација
на мали сместувачки капацитети до 70 легла со стандард што не е поголем од
три ѕвезди;
 кредит за старечки домови и градинки – микро, мали и средни
претпријатија со седиште во РМ за изградба и за опремување на установи за
стари лица и на детски градинки.
Покрај овие кредити, кои како извори на финансии може да бидат од голема
помош за еден мал бизнис, МБПР нуди и кредитно осигурување на домашни
побарувања (пред и по испорака) и на извозни побарувања (пред и по испорака) од
комерцијални и од политички ризици.
Факторинготе најноватауслуга на МБПР, единствена на финансискиот пазар во
РМ. Станува збор за услуга што овозможува продажба на производи и на услуги на
одложено плаќање, при што дел од средствата наведени во фактурата се добиваат
веднаш.
4.4. Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП)

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) 55со финансиска


помош овозможува нови вработувања и развој на микро и на малите бизниси, а со тоа
придонесува кон намалување на сиромаштијата и кон воспоставување хармонични
односи во заедницата. До крајот на 2015 година,преку МРФП се исплатени над 2,8
милијарди (45,7 милиони евра) кон 13067 клиентибизниси. На овој начин се
поддржани вкупно 19102 постојни и 5156 планирани работни места.Тоа претставува
8% повеќе во однос на планираниот износ и 24% од планираниот број на клиенти на
годишно ниво. Фондацијата овозможува четири типови финансиски услуги за малите
бизниси: кредити (акредитирани посредници на МРФП се НЛБ Тутунска банка,
„Можности“, „Микрокредитирање Хоризонти“ и „Фактор труст“), капитални
вложувања (концепт на целосна или делумна сопственост на МРФП во други субјекти),
градење капацитети за финансиски услуги (студиски посети и обуки) и застапување за
развој на финансиски услуги (при донесувањето на законските решенија за финансиски
друштва, за економски активности на фондации и други законски предлози со цел да се
унапреди законската, но и другата рамка за развој на финансиските услуги).

4.5. Агенција за поддршка на претприемништвото на Република


Македонија (АППРМ)

Претходник на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република


Македонија (АПП)56 е Националната агенција за поддршка на малите и средните
претпријатија (НЕПА). НЕПА е основана во 1997 година од страна на Владата на
Република Македонија со поддршка на програмата PHARE на Европската комисија.
Нејзини основни цели биле: да го поддржи развојот на малите и на средните
претпријатија, особено на производствените, на иновативните и на извозните
претпријатија; да придонесе за обука на постојните и на потенцијалните претприемачи;
да воспостави систем на консултативни услуги за малите и за средните претпријатија;
да ги координира претприемачките идеи во Македонија и да придонесува за
осмислување политики за поддршка на малите и на средните претпријатија и на
претприемаштвото во Македонија. На почетокот, оваа агенција функционирала во

55
http://www.mrfp.org.mk/index.php/mk/ (пристапено на: 20.10.2016)
56
http://www.apprm.gov.mk/
рамките на Агенцијата за приватизација, а во 1998 година добила статус на самостојно
правно лице. Во 2002 година престанала финансиската поддршка од страна на
програмата PHARE, па НЕПА се укинала, т.е. прераснала во АПП.
Оваа Агенција денес има повеќе проекти за финансирање на малите бизниси.
Еден од овие проекти е ваучерското советување, кое им се нуди на активните
бизниси што според класификацијата на Законот за трговски друштва се сметаат за
мали бизниси. Ваучерското советување е проект што се спроведува преку
субвенционирање на советодавни услуги на општи (генералистички) и на
специјалистички советници за претприемаштво, кои се внесени во Каталоготна
советници за претприемништво.Бизниситедобиваат субвенција до 50% од нето-
вредноста на советувањето, но најмногу до 45 000 денари за времетраењето на
договорот, со исклучок кога се работи за мали бизниси со иновативни проекти,
односно со потенцијал за развој на нови производи/услуги или процеси,кои имаат
право на т.н. иновативен ваучер и на субвенција од максимум 90 000 денари.
АПП е партнер и на проектот „Самовработување– Промоција на одржливи
вработувања и поддршка на Владата на РМ во имплементацијата на оперативниот план
за активен пазар на труд“, чиј координатор е Министерството за труд и социјална
политика.
Во изминатите години, оваа Агенција спроведе и други национални и
меѓународни проекти за финансиска и за друг вид поддршка на малите бизниси. Меѓу
овие проекти се вбројуваат: VIBE („Инвестициска иницијатива во балканска Европа“),
DOCSMES („Регионална докторска програма за претприемаштво и МСП“), ФИНО
(„Механизам за поттикнување на иновативноста во Југоистична Европа“), new-
MENTOR („Мрежа на женипретприемачи во Македонија“), EIICM
(„Eвропскиинформативен и иновативенцентар во Македонија“), INTERVALUE
(„Регионална соработка за валоризација на истражувачки резултати“), „Градење на
капацитетите за создавање економија базирана на знаење“. Повеќето од овие проекти
се финансирани преку програмите IPA и CIP на Европската Унија.

4.6. Агенција за вработување на Република Македонија (АВРМ)

Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ) заедно со УНДП


и со АПП е вклучена во програмата „Самовработување – Промоција на одржливи
вработувања и поддршка на Владата на РМ во имплементацијата на оперативниот план
за активен пазар на труд“на Министерството за труд и социјална политика на
Република Македонија. Оваа програма овозможува советодавна и финансиска
поддршка за остварување на 950 одржливи вработувања, односно на 950
самовработувања во 900 мали оформени бизниси.
Покрај тоа, Министерството за труд и социјална политика преку АВРМ од 2012
година започна со реализација на проектот за кредитирање на правни субјекти (микро
и мали претпријатија) за отворање на нови работни места за млади лица до 29-годишна
возраст. Оваа програма им помага на малите бизнисида го прошират и да го развијат
својот бизнис со тоа што ќе вработат нов млад и перспективен кадар. Кредитот
изнесува 4000 евра во денарска противвредност по едно новоотворено работно место
со максимален износ до 12 000 евра за вработување на 3 невработени млади лица до
29-годишна возраст. Притоа, бизнисот што ќе вработи невработено младо лице до 29-
годишна возраст со полно работно време има обврска да го задржи на работа најмалку
36 месеци од денот на засновање на работниот однос. Доколку дојде до прекин на
работниот однос поради која било причина, работодавецот (малиотбизнис) е должен на
негово место да вработи друго невработено лице од евиденцијата на Агенцијата за
вработување; во спротивно, треба предвремено да го врати кредитот во целост.
Освен овој, Министерството за труд и социјална политика преку АВРМ
реализираи друг проект за кредитирање на правни субјекти (микро и мали
претпријатија) за отворање на нови работни места. Кредитот за овој проект изнесува
3000 евра во денарска противвредност по едно новоотворено работно место со
максимален износ до 9000 евра за вработување на 3 невработени лица. Кај овој кредит
нема ограничување во однос на возраста на лицата што се вработуваат.
Другите детали во врска со овие два проекта беа објаснети погоре во трудот.

4.7. Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР)

Мисијата на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР)57е поттикнување


и поддршка на иновациската дејност во микро, малите и средните претпријатија за
остварување забрзан технолошки развој, базиран на трансфер на знаење, на
истражување за развој и на иновации што придонесуваат за создавање нови работни

57
http://www.fitr.mk/
места и за економски раст и развој, истовремено подобрувајќи ја бизнис-околината за
развој на конкурентските способности на компаниите.
Фондот нуди четири можности за финансирање на малите бизниси:
 кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“ и
„спин-оф“;
 кофинансирани грантовии условни заеми за комерцијализација на
иновации;
 кофинансирани грантови за трансфер на технологии;
 техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори.

4.8. Бизнис-инкубатори

Идејата за формирање бизнис-инкубатори во Македонија се појавува во 1993-


1994 година, во рамките на проектот за социјални реформи и техничка помош,
финансиран преку кредит од Светската банка. Првите бизнис-инкубатори се
воспоставиле во 1997 година во Прилеп, Крушево, Штип, Македонска Каменица и во
Делчево. Подоцна бил подготвен посебен Прирачник за формирање на инкубатори во
Македонија. Во меѓувреме, се формирале и нови бизнис-инкубатори, а некои од нив
продолжиле да работат со успех, како на пример YES инкубаторот во Скопје и
Центарот за развој на нови бизниси при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во
Скопје.
Главна компонента на фондацијата Претприемачки сервис за млади (ПСМ) е
YES бизнис инкубаторот за поддршка на микро, мали и средни претпријатија од
областа на информациско-комуникациските технологии. Овој инкубатор работи од
2007 година, а во изминатиот период има поддржано повеќе од 75 „старт-ап“
компании. Бизниситечленови на инкубаторот имаат корист од: бенефицирани цени за
деловна канцеларија, право на користење сала за состаноци, компјутерска
лабораторија, просторија за одржување презентации и обуки,совети во секојдневните
операции, обуки за зајакнување на капацитетите за водење бизнис, менторство од
страна на домашни и на странски врвни експерти, претприемачи и консултанти,
промоција, посредување при финансирање, поврзување со клиенти, организирање
настани за вмрежување и за интернационализација. Иако овој инкубатор не е директен
извор на финансирање, тој им овозможува на малите бизниси поддршка при пристап
до изворите на финансии.
Центарот за развој на нови бизниси („старт-ап“) претставува институција што го
следи, го контролира и го помага развојот на бизнис-идеите од нивното раѓање, преку
институционализирање на тие идеи до нивно развивање во стабилни компании
успешни на пазарот. Тоа го прави со конкретна поддршка при основањето на
компанијата, советувања, почетен капитал, инфраструктура, обука/дообука на
претприемачите, заеднички промоции, саеми, континуираносоветување и контрола на
работата и на успехот на компанијата. И овој инкубатор е значајна поддршка до
доаѓање до изворите за финансирање, особено за новите бизниси.

4.9. Други помали институции за поддршка на малите бизниси

Постојат повеќе институции за поддршка на малите бизниси,од кои некои се


финансирани со билатерална помош.
Таков пример е Агенцијата за поддршка на претприемаштвото во
Пелагонискиот регион (ПРЕДА), формирана во 2000 година од страна на Швајцарската
агенција за развој. Оваа агенција нуди услуги и финансиска помош на фирми, бизниси
и професионалци за сметководство и право во Пелагонискиот регион.За овој труд е
особено значајна затоа што и Општина Битола, во која ја е спроведен анкетниот
прашалник состојбата со изворите на финансирање на малите бизниси, е дел од
Пелагонискиот регион.
Друг пример е Македонскиот деловен центар, формиран со финансиска помош
од Северна Рајна Вестфалија, а во повеќе општини постојат и канцеларии за локален
економски развој (ЛЕР).
5. Институции и програми на ЕУ за финансирање и за поддршка на малите
бизниси

Во јуни 2008 година, по обемни консултации, Европската комисија го донесе


Актот за мали претпријатија (АМП) за Европа 58 – документ со широк опфат на мерки
наменети да им ја олеснат работата на малите бизниси. За време на тогашната
финансиска криза, банките во многу земји стануваа сè помалку расположени да
кредитираат бизниси, со што се продлабочија проблемите на малите бизниси, кои во
банките го гледаат основниот формален извор на финансирање. Поради тоа,
Европската комисија го креира овој Акт со цел да се обезбеди малите бизниси да имаат
пристап до соодветни начини и извори на финансирање. Освен што е активно вклучена
како партнер и како поддршка на програмите за финансирање на малите бизниси што
ги реализираат државните институции, ЕУ има развиено и свои програми и институции
за финансиска поддршка на малите бизниси.
Финансиските инструменти поддржани со буџетот на Унијата покриваат
различни потреби на малите бизниси, без оглед на тоа дали се работи за почетни или за
постојни компании59:
 финансиска поддршка – дополнителен капитал за брзорастечките и
иновативнибизниси во нивната рана фаза или во фазата на експанзија;
 гарантна поддршка – гарантни шеми заради зголемена сигурност за
банките, со што тие се охрабруваат да им стават на располагање повеќе средства
за кредитирање на малите бизниси;
 микрокредити – заеми со износ помал од 25 000 евра;
 мезанин-финансирање – можност долгот на бизнисот да се претвори во
сопственост или акционерски капитал за давателот, кога постои неможност за
враќање на заемот навремено или во целост.

5.1. Финансиски форум за МСП

Европската комисија го формира Финансискиот форум за МСП, во чии рамки


редовно се среќаваат организации што претставуваат мали бизниси, банки и други

58
http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/documents/more_info/publicat
ions/eu_thinking_big_for_small_businesses_mk.pdf (пристапено на 30.11.2015)
59
http://apprm.gov.mk/webdata/dokumenti/6PodobrenpristapPDF.pdf (пристапено на 30.11.2015)
финансиски институции за да разгледаат како најдобро да излезат накрај со тековните
предизвици и со долгорочните структурни проблеми на малите бизниси за пристап до
финансиски средства.

5.2. Европска инвестициска банка (ЕИБ)

Европската инвестициска банка (ЕИБ) е долгорочна кредитна банка на ЕУ. Од


2008 година банката со поголем интензитет се насочи кон малите бизниси за да
помогне да се затвори финансискиот јаз и да се надминат финансиските проблеми на
малите бизниси. „ЕИБ намени 30 милијарди евра за МСП во периодот од 2008 до 2011
г. Ваквата посветеност на претприемништвото, непозната пред октомври 2008 г.,
овозможи преку комерцијалните банки до МСП да стигнат милијарди евра. Банката,
исто така, распредели 1 милијарда евра за хибриден капитал со комбинирани
карактеристики на заеми и капитал (‟мезанин-финансирање„), средства што ќе
бидат реализирани преку Европскиот инвестициски фонд.“60 Банката работи со повеќе
од 50% од банките во Македонија и нуди кредити преку нивните кредитни линии.

5.3. Програмата ЦИП

„Програмата ЦИП, која започна во 2007 г., има буџет од преку 1 милијарда евра
наменет за олеснување на пристапот до кредити и инвестициски капитал за МСП, во
ситуации кога постои таков недостаток на пазарот. Секое потрошено евро во просек
значи добиени 6 евра ризичен капитал или до 40 евра банкарски заем, така што до 2013
г. се генерирани 30 милијарди нови финансиски средства за МСП од финансиските
институции што ги користат до 400.000 МСП.“61

5.4. Европска бизнис асоцијација

Европската бизнис асоцијација е деловно здружение на европски бизниси и


поединци што стопанисуваат во земјата, домашните бизниси и поединци што

60
http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/documents/more_info/publicat
ions/eu_thinking_big_for_small_businesses_mk.pdf (пристапено на: 30.11.2015)
61
http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/documents/more_info/publicat
ions/eu_thinking_big_for_small_businesses_mk.pdf(пристапено на: 30.11.2015)
соработуваат со бизниси од ЕУ и со невладини организациишто се заинтересирани за
промовирање на економскиот и на социјалниот развој на земјата и за унапредување на
нејзините односи со ЕУ. Оваа асоцијација е основана во септември 2004 година на
заедничка иницијатива на Министерството за економија на Република Македонија и на
делегацијата на Европската комисија. Асоцијацијата не нуди директно финансирање,
но обезбедува заедничка соработка и можност за лобирање на Владата и на Европската
комисија за важни прашања во врска со европската и со локалната бизнис-заедница,
отвора можности за мрежно поврзување на своите членови,овозможува поддршка за
привлекување странски инвестиции и служи како информативен центар на бизнисите.

6. Проект на УСАИД за микро и мали претпријатија

Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) исто така реализира проект


за микро и мали претпријатија, кој го поддржува растот на претприемачите и на
нивните мали бизниси преку размена на искуства, советувања, поддршка при
извозот и инвестиции. Целта на проектот е да им се овозможи пристап до нови знаења,
експертиза и алатки за успех во бизнисот на перспективни менаџери и претприемачи,
сопственици на микро и на мали бизниси. Проектот се спроведува низ три компоненти:
програма за претприемачи, услуги за бизнис-поддршка и капитал. Во проектот може да
аплицираат мали бизниси со најмногу 10 вработени, кои имаат мали годишни приходи
и мнозинска сопственост на македонски граѓани. Преку овој проект, УСАИД
обезбедува од 50 000 до 100 000 долари по бизнис.
III БАНКИТЕ КАКО ИЗВОРИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ БИЗНИСИ

И покрај новите проекти и програми на различни државни и меѓународни


институции за поддршка и за финансирање на малите бизниси, банките сè уште се
сметаат за најзначајниот и најчестиот формален извор на финансирање. Ова не
изненадува ако се земе предвид дека банките се најважните учесници во финансискиот
систем. Од друга страна, пак, банките најтешко се одлучуваат да ги финансираат
малите бизниси поради причините што веќе ги беа погоре наведени.
„Трговците-поединци и малите претпријатија, по правило, имаат отежнат
пристап до банкарските кредити, што се должи на недоволната кредитна историја,
високиот степен на нестабилност во работењето, малата капитална моќ итн. Сепак, во
поново време, банките сè повеќе се свртуваат кон кредитирање на овие претпријатија,
коишто се одликуваат со динамичен растеж и голема флексибилност. Најголем дел од
кредитите за малите претпријатија се финансираат од странски кредитни линии,
обезбедени од странски влади и јавни агенции или од меѓународни банки и агенции (на
пример, Светската банка, Европската банка за обнова и развој, Европската
инвестициска банка, Меѓународниот фонд за развој на земјоделството итн.). Инаку,
овие кредити се наменети за финансирање на набавка на постојани или обртни
средства, а поретко и за основање нови претпријатија, а како корисници се јавуваат
малите претпријатија, трговците-поединци, занаетчиите и земјоделците. Кредитите
можат да бидат денарски или девизни, а обично се одобруваат во мали износи, коишто
почнуваат од 30-60 илјади денари, но можат да достигнат и прилично големи износи.
Рокот на достасувањето на кредитите може да изнесува и неколку години, при што
обично е вклучен и некој грејс-период, а каматните стапки се постојани или
променливи (врзани за некоја меѓународна каматна стапка). Како обезбедување на
кредитите се прифаќаат повеќе инструменти, како: хипотека на недвижен имот, залог
на превозни средства, залог на хартии од вредност, депозити, скапоцености, банкарски
гаранции, меници, чекови итн. Најпосле, во најголем број случаи, кредитобарателот е
должен да обезбеди и одредено учество во финансирањето на проектот (од 20% до
50%).“62

62
Горан Петревски, Управување со банките, Економски факултет, 2011, стр. 115-116.
Според моите истражувања, речиси сите поголеми банки во Република
Македонија се вклучени во Програмата за развој на мали и средни претпријатија на
Македонската банка за поддршка на развојот, а некои од нив нудат кредитирање и
преку кредити од Европската инвестициска банка (овие кредити се поголеми, а имаат
најповолни каматни стапки од 5,5%). Повеќе информации за кредитите што им се
нудат на малите бизниси на овој начин има во точките што се однесуваат на МБПР и
на ЕИБ.
Освен тоа, некои банки имаат и свои програми и кредитни линии за
финансирање на малите бизниси, со различни услови, намена, висина на каматни
стапки и рокови за отплата. Во следната табела е дадена листа на кредитите за мали
бизниси што ги нудат сите 15 банки што имаат дозвола за работа издадена од Народна
банка на Република Македонија.

Банка Висина на Рок на отплата Каматна стапка


кредитот
Алфа банка АД зависи од потребите во зависност од во зависност од
Скопје на клиентот, потребите на вредноста на
кредитната комитентот, обезбедувањето,
способност и бараниот износ, финансиските
вредноста на деловната податоци, бараниот
обезбедувањето ориентација износ, валутата,
деловната
ориентација,
очекуваните
приливи од
странство и други
деловни активности
со банката
Еуростандард банка без ограничување, до 12 месеци, - за кредити
АД Скопје во согласност со краткорочен обезбедени само со
кредитната меница, постојни
способност клиенти на банката,
15%, со кредитна
историја поголема
од 12 месеци
- за фирми (нови
клиенти на
банката), без
финансиска
историја, 16%
Халк банка АД 5 000 – 666700 евра 2-3 години 5,5%
Скопје (вклучувајќи и 6
месеци грејс-
период)
Шпаркасе банка 3000 000 – - до 120 месеци за - 7,75% за денарски
Македонија АД 10000000 денари купување и кредит (променлива
Скопје изградба на деловен каматна стапка)
простор и - 6,75% за девизен
рефинансирање на кредит
претходни (променлива
вложувања каматна стапка)
- до 84 месеци за
купување опрема и
рефинансирање на
претходни
вложувања
Капитал банка АД во зависност од до 12 месеци (со по договор, а во
Скопје кредитната грејс-период до 6 согласност со
способност на месеци) Одлуката за
клиентот каматни стапки на
Банката
Комерцијална банка 15 000 – 500 000 8 години со грејс- 6,5% – 8% годишно,
АД Скопје евра (до 3 500 000 период до 1 година фиксно (5,5%
евра за кредити од (7 години со грејс- годишно за кредити
ЕИБ) период до 2 години од ЕИБ)
за кредити од ЕИБ)
Македонска банка 10 000 – 3 500 000 до 8 години (со 5,5% годишно
за поддршка на евра грејс-период до 2
развојот АД Скопје години)
НЛБ Тутунска 10 000 – 3 500 000 до 8 години со 5,5% годишно
банка АД Скопје евра грејс-период до 2
години
Охридска банка АД зависи од до 1 година 3% – 10% годишно
Скопје кредитоспособноста
и бонитетот на
комитентот,
квалитетот и
вредноста на
понудениот
колатерал, како и од
потребите на
барателот на
кредитот
ПроКредит банка 10000 – 500000 евра до 132 месеци за 6,5% годишно,
АД Скопје за основни основни средства фиксно
средства, (грејс-период до
15000 – 300000 евра 12 месеци),
за обртни средства до 36 месеци за
обртни средства
(грејс-период до
6
месеци)
Централна до 30000 евра до 5 години (грејс- 6% – 8% годишно
кооперативна банка период од 3 до 6
АД Скопје месеци во зависност
од рокот на
кредитот)
Стопанска банка 15000 – 500000 евра 1 до 3 години без 6,5% годишно
АД Битола грејс-период (до 8
години со грејс-
период до 1 година)
Стопанска банка до 200 000 евра 5 години 9% – 11% годишно
АД Скопје
ТТК банка АД 10 000 – 500 000 од 3 до 8 години со 6% – 8% годишно
Скопје евра (до 3 500 000 грејс-период од 6 (5,5% годишно за
евра за кредити од до 12 месеци (до 8 кредити од ЕИБ)
ЕИБ) години со грејс-
период до 2 години
за кредити од ЕИБ)
УНИ банка АД во зависност од до 2 години во зависност од
Скопје потребите и бизнисот, бонитетот
бизнисот на на клиентот,
клиентот понуденото
обезбедување,
очекуваните
приливи од земјата
и странство и
другите деловни
активности со
банката
Табела 3. Износ, рок за отплата и каматна стапка на кредитите за мали бизниси во банките
Извор: сопствени истражувања
3.1. Видови кредити

Сите банки во Република Македонија имаат програма за кредитирање на мали


бизниси.Сепак, кај некои од нив преовладува интересот за нудење на овој тип на
кредит повеќе отколку кај други. Во продолжение се прикажани кредитните прозиводи
за микро бизниси кај македонските банки кои имаат најширока понуда на овој тип на
кредит.

 Инвестиционен кредит
 Кредит за обртен капитал
 Автомобилски бизнис кредити
 Кредит без обезбедување
 Дозволено пречекорување

ИНВЕСТИЦИОНЕН КРЕДИТ

Карактеристики на инвестиционен кредит за мали компании

Компаративни предности:

 Едноставна постапка и поволни услови


 Временски период на отплата прилагодлив на потребите на малите бизнис
компании

Намена на кредитот:

 Инвестирање во недвижен имот


 Купување на нови/употребувани транспортни средства и опрема
 Рефинансирање

Критериуми за кредитот:

 Правни лица регистрирани за работа во Р.Македонија


 Профитабилна компанија
 Проценка на кредитната способност врз основа на кредитната анализа
направена од страна на кредитен референт на банката

Обезбедување:
 Имот
 Депозит
 Меница/и

Соодносот кредит/обезбедување зависи од бонитетот на компанијата и


локацијата на обезбедувањето.

Износот на овај кредит изнесува до 200 000ЕУР, со рок на отплата до 10 години и грејс
период до една година, истиот се исплаќа на жиро сметка на добавувачот/продавачот
со каматна стапка до 8,5% годишно и можност за отплата на месечни или тримесечни
ануитети-месечни рати.

КРЕДИТ ЗА ОБРТЕН КАПИТАЛ

Карактеристики на кредитите за обртен капитал за малите компании

Компаративни предности:

 Флексибилен кредит кој совршено се приспособува на бизнисот на малите


компании

Намена на кредитот:

 Рефинансирање
 Поддршка на ликвидност

Видови на производи:

 Кредитна линија/револвинг (краткорочни кредити, акредитиви, гаранции )

Рок на отплата:

 Кредитната линија е за период од 5 години, со ревидирање на годишна основа


 Краткорочните кредити, акредитиви и гаранциите кои се издаваат во рамките на
кредитната линија се со рок до 12 месеци.

Отплата:

 Мин.3% од главницата и 100% камата месечно


 До 12 месеци за готовинско покритие
 До 3, 6, 9 месеци во зависност од дејноста

Висината на овај кредит е до 200 000ЕУР со годишна каматна стапка до 8,5% и истиот
се обезбедува преку хипотека на недвижен имот , депозит, меница, каде соодносот
кредит-обезбедување зависи од бонитетот на компанијата. Одобрувањето на овој вид
кредит зависи од профитабилноста на компанијата и кредитната способност на истата,
проценета од кредитен референт преку кредитна анализа.

АВТОМОБИЛСКИ БИЗНИС КРЕДИТ

Намената на овој кредит е за купување на нови комерцијални возила со период на


отплата до 8 години и грејс период до 1 година и каматна стапка до 7,5%.
Обезбедувањето на овој кредит се врши со залог на возилото осигурано со КАСКО
осигурителна полиса во полза на банката и учество од мин.20%. И кај овој кредит
критериуми за негово одобрување се профитабилноста на компанијата и проценката
на нејзината кредитна способност заснована на кредитна анализа од страна на
кредитните референти на банката.

КРЕДИТ БЕЗ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Намена на кредитот:

 Кредит за трајни обртни средства и други оперативни потреби на среден рок


 Развој на бизнисот
 Рефинансирање

Овој кредит се одобрува на правни лица регистрирани за работа во Р.Македонија при


профитабилно работење на компанијата во износ до 20 000ЕУР, со каматна стапка до
9% истиот се отплатува на еднакви месечни ануитети со рок на отплата до 48 месеци.
ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ

Намена:

 Одржување на ликвидност
 Рефинансирање

Критериум за кредит:

 Правни лица со официјален приход до 400 000ЕУР во последната година


 Профитабилна компанија
 Проценка на кредитната способност врз основа на кредитна анализа направена
од страна на кредитен референт на банката

Обезбедување:

 Меница/и БЕЗ нотарски акт (до 5 000ЕУР)


 Меница СО нотарски акт (до 20 000ЕУР)
 Недвижен имот и меница со нотарски акт (до 50 000ЕУР)

Износ:

 Со обезбедување: до 50 000ЕУР
 Необезбеден:
-Постојани клиенти на банката до 20 000ЕУР
-Нови клиенти до 7 000ЕУР

Ова дозволено прекорачување на трансакциска сметка е со времетраење од 1 до 10


години, со годишно ревидирање, со каматна стапка до 9% годишна-променлива, а
каматата се плаќа на месечна основа.

За сите горенаведени кредитни производи за микро и мали компании, потребни се


апликативни документи кои најчесто се состојат од:
 Пополнето барање (апликација) за кредитот
 Тековна состојба и ЗП образец од централен регистар
 Официјални финансиски извештаи за последните 3 години
 Финансиски извештај со пресек
 Валидни документи за проценка на обезбедувањето (доколку е потребно)
 Меница/и (доколку е потребно)
 Доказ за имот (доколку е потребно)

Банки и мали бизниси: Заеднички гарантни шеми-неискористен потенцијал?

Заедничките гарантни шеми (ЗГШ) се популарни во европските земји, особено во


Шпанија, Франција, Германија и Велика Британија 63. На слика 1 се прикажани
принципите на ЗГШ. Работат како,, клуб‟‟ на фирми членки кои формираат ЗГШ фонд
во некоја комерцијална банка.Тие можат да позајмуваат од банката со камати пониски
од пазарните. За возврат банката им дава гаранција. Банката е привлечена со
намалениот ризик како резултат на гаранцијата и поради тоа нема потреба од
дополнително обезбедување.

Се тврди дека ЗГШ обезбедува дополнителни предности за малите фирми – членки


преку подобрување на компетентноста на управувањето и охрабрувањето на членовите
даучествуваат во обуки.

63
National Association of Mutual Guarantee Schemes:An Overview, NAMGS paper, Altrincham, 1997
Комерцијални банки

Банките му даваат кредит Каматата им се


плаќа
Членовите обезбедуваат заеднички гаранции

на ЗГШ ЗГШ Фондови на банките

Мали фирми и претпријатија членки


Позајмени од фондот Зачувани во фондот

Слика 3 Начело на шемите за заеднички гарантни шеми

Во Велика Британија, ЗГШ почнаа да се формираат дури неодамна. Формирањето ЗГШ


има значајни правни пречки исто како и постигнувањето соработка и вмрежување на
малите фирми – членки. Меѓутоа, пилот шемите се воспоставени со помош на
Националната асоцијација на заеднички гарантни шеми (НАЗГШ) и сите се
разликуваат по нивната практика и членство.

Во теоријата, принципите на соработка на ЗГШ треба да ја зголемат свеста на членките


за поддршка и советување и да обезбедат само помош. Меѓутоа, искуствата од Европа
укажуваат дека можат да се појават проблеми со администрацијата на поединечните
друштва и со обезбедувањето согласност од членовите64.

64
Hughes, A. and Leube, B. ″The extent and Nature of Mutual Guarantee Schemes in Europe″, paper presented
to the ESRC Seminar Group on Finance of Small Firms, Duram, 2005
И покрај потенцијалот на ЗГШ да го охрабрат корисното вмрежување на малите
претпријатија, во Велика Британија тие ќе останат со мала важност се додека не станат
дел од промоцијата.

Улогата на сигурноста и шемата за гарантирање на кредитите за малите


компании. Поголемиот дел од модерните економии имаат шеми за гарантирање на
кредитите спонзорирани од државата со главна цел да им помогнат на малите бизниси
со малку сигурност да ги зголемат банкарските финансиски средства. Државата
прифаќа дека банкарите ќе бараат сигурност, иако важноста на ова се менува за
банкарите.

Во Обединетото Кралство, шемите за гарантирање на кредитите за малите компании се


начин за оние мали бизниси со малку сигурност државата да гарантира до 75% од
заемот. Стапките на искористеност на овие шеми се зголемија, меѓутоа, доказите
сугерираат дека употребата и промоцијата на ШГКМФ од страна на банкарите варира.
За да се квалификуваат за шемата, потфатите мора да се достават до службата за мали
бизниси (СМБ) од страна на банкарите, и тоа бара дополнителна документација која
треба да се изготви и да се пополни од банкарите. Според поранешните услови на
функционирање на шемата, во 90-тите години на ХХ век, затезната камата беше
висока, меѓутоа, денес, овие стапки се подобрени исто како и стапките на
искористеност.

Оваа шема е направена да се самофинансира и малите бизниси кои ќе се


квалификуваат ќе плаќаат каматна стапка на премија во висина од 0,5 до 1,5%.
Износот кој може да се земе како заем под шемата може да достигне максимум од
250.000 фунти во период од седум години.

ШГКМФ во предходните години не беа земени предвид одредени сектори. ШГКМФ


беше изменета во 2003 година за да вклучи и дополнителни сектори и сега
функционира според СМБ65.

65
Ram, M., Smallbone, D. andDeakins,D. Ethic minority Business in the Uk: Access to Finance and Business
Support, british Bankers Association, London

66
3.2. Кредитни критериуми

Генерално, кредитни критериуми се следните:

Потребна документација за одобрување на кредитна изложеност66

1. Барање за кредит, во писмена форма, (посебен образец изготвен од Банката)


2. Информација за тековна состојба на субјектот, издадена од Единствениот
трговскиот регистар при Централниот регистар на Република Македонија
3. ЗП образец копие (образец за потписници во име на фирмата)
4. Потписен картон (копија)
5. Изјава за капитална поврзаност (пополнета на образец кој го дава Банката)
6. Биланс на состојба и биланс на успех за последните 2 години (копија) и
заклучни листови со истите дати
7. Заклучен лист за тековната година со последна дата која е прокнижена.
Податоците се од сметководителот
8. Промет на жиро сметката за тековната година или минимум за последните шест
месеци (компјутерски листинг на картичка 1000 од сметководителот)
Најчесто, за комитенти само на Банката нема потреба од презентирање на овој
документ.
9. Аналитички преглед по комитенти - спецификација на групи 12, 22 и 25
(купувачи, добавувачи и кредити) со иста дата за која се однесуваат
заклучните листови од точка 6 и 7
10. Ревизорски извештај, (се однесуваа за АД и Друштва кои според Законот се
обврзани да изготвуваат ревизорски извештај)
11. Акционерска книга и Статут за АД.
12. Документација за обезбеден пазар за набавка на суровините и продажба на
готовите производи (по можност да се достават понуди и договори со
потенцијални купувачи и добавувачи)
13. Документација за можното обезбедување:

За хипотека на недвижен имот

66
http://www.nlb.mk/CMS/Upload/Pravni/Krediti/Potrebni_dokumenti_krediti_korporativni_klienti.pdf

67
За локации каде е устроен катастар - Имотен лист

За залог на подвижни предмети потребно е да се достави:


 Фактури за опремата која се нуди како обезбедување
 Книговодствени картици за опремата
Хипотекарен должник може да биде правно лице, физичко лице (сопственикот на
фирмата, управителот или друго физичко лице).
Пазарната вредност на недвижноста и опремата е предмет на проценка од страна на
Банката и трошоците за истата паѓаат на товар на Банката.

Дополнителна документација за одобрување на кредит од кредитните линии


1. Инвестициона програма (изготвена според соодветната кредитна линија)
2. Профактури за опремата што ќе се финансира со средствата од кредитот
3. Изјава за задолженост во други банки
4. Потврда од кредитобарателот дека нема поднесено исто кредитно барање во
друга банка

3.3. Кредитно бодување

Пристигнувањето на компјутеризираното кредитно бодирање кај личните


барање за заем кај корисниците беше споредувано со воведувањето на системите за
анализа на кредитите за барањата за заем од деловните корисници или еден вид на
кредитно бодирање воведено од некои банки. Кредитното бодирање се темели на
примената на предвидливи варијабли за кредитно рангирање на поединецот како, на
пример, професијата, поштенскиот фах или домашната адреса, семејното учество и
записи од предходни плаќања. Бодовите се приложуваат кон секој од критериумите
што резултира со автоматска одлука на прифаќање или одбивање која се издава од
компјутерот, со што банкарскиот службеник ефективно се ослободува од секаква
одговорност да прави субјективни расудувања за поединечни барања. Во теорија, кога
таквите системи се применуваат на деловните барања, потенцијалот за варирање во
одлуките на банкарскиот службеник треба да се доведе до минимум. Меѓутоа, ова
исто значи дека индивидуалното право на банкарскиот менаџер да го користи
локалното знаење и локалните информации за малите бизниси е отстрането, и според
тоа, може да води кон автоматско одбивање кое пред доаѓањето на квантитативното
аналитичко кредитно бодирање, ќе беше внимателно разгледано од банките67.

Кредитното бодирање донесе трошоци и бенефиции за банките и за малите бизниси.


Автоматски може да се отфрлат некои барања (кои инаку би биле успешни) заради
кредитната историја на претприемачот или заради претходни кредитни пресуди (на
пример, пресуда на локален суд која автоматски резултира во одбивање) меѓутоа, тоа
исто значи дека дискреционото право на банкарскиот менаџер се зголемува, а се
намалуваат потрбните нивоа на сигурност.

3.4. Кредитни ризици

Банките се лесно пристапни (преку обичните филијали) за малите бизниси и


овозможуваат краткорочно финансирање на долговите. Сепак, банките во теорија се
соочени со проблеми при процената на предлозите на претприемачите. Овие проблеми
настануваат во секоја инвестициска ситуација кога кредиторите и кредитобарателите
имаат различен збир на податоци, но како два клучни проблеми за банките се јавуваат:
тешкотиите при селекција и моралните ризици68.

- Тешкотиите при селекцијата настануваат кога банката ќе обезбеди средства за


инвестиција која подоцна ќе пропадне или банката одбива финансирање на
инвестиција која можела да биде успешна. Тешкотиите произлегуваат од
недостапноста на податоците или нецелосни податоци, како и од несоодветната
проценка на банката за соодветникот ризик. Заради тоа банките треба да го намалат
бројот на грешки кои ги прават поседувајќи вештини и ресурси неопходни за
зголемување на фреквенцијата на точни одлуки.

-Моралните ризици се потешки за контролирање од страна на банката. Штом


банковниот заем е подигнат од страна на претприемачот, не постои гаранција дека
истиот ќе дејствува во најдобар интерес на банката. Затоа, моралниот ризик е
проблем на мониторинг од страна на банката и економски е неисплатливо банката да
врши директен мониторинг за релативно мал финансиски износ. Од оваа причина на
банките им се неопходни гаранции што придонесува на проблемите со кои се

67
Bank of England, Finance for small Firms: A Eleventh Report, 2004
68
Дикинс Д., Фрил М., Претприемништво и мали фирми, Скопје, 2010 стр.94-96
соочени претприемачите и оние претприемачи со доволна актива, но недоволно
обезбедување запаѓаат во овој долговен процеп.

Како пример за донесување на одлуки со неизвесен изход во кои се вметнати


асикметрични податоци за кредиторот и клиентот се банкарските проценки на
барањата за заем. Поради тоа постојат неусогласености меѓу понудувачите
(комерцијалните банки) и сопственици на бизниси. Сепак последниве години
постојат податоци дека таквите тешкотии се намалени и е зголемена достапноста на
малите фирми до ваквите извори на финансирање и средства за покривање на
долговите, како и подобрување на методите за процена на ризикот од страна на
главните комерцијални банки засилени со техниките за рангирање на кредитот.

Поголем дел од модерните економии имаат шеми за гарантирање на кредитите


спонзорирани од државата со главна цел да им помогнат на малите бизниси со малку
сигурност да ги зголемат банкарските средства. Доказите сугерираат дека употребата
и промоцијата на ШГКМФ од страна на банкарите варира и за да се квалификуваат за
истата, потфатите мора да се достават до службата на мали бизниси (СМБ) од страна
на банкарите и тоа бара дополнителна документација која треба да се изготви и
пополни.

Истражувањата од различни извори потврдуваат дека малите фирми се многу


зависни од внатрешните извори на финансирање, но банкарското финансирање е
далеку најважниот извор на надворешно финансирање за малите фирми. Од до сега
кажаното се доаѓа до заклучок дека малите фирми продолжуваат да зависат од
банките за добивање надворешно финансирање и (покрај шемите кои се обидуваат да
ја подобрат достапноста на капиталот) соочувајќи се со проблемите да добијат
финансирање од банките како и различните практики за проценка на ризикот и
негативната селекција на потенцијално добри проекти.

4. ПРОГРАМА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ И ПРОЕКТИ ЗА


САМОВРАБОТУВАЊЕ СО КРЕДИТИРАЊЕ

Програмите и мерките за вработување опфатени во Оперативниот план за услугите на


пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување за 2015 година,
предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија се
спроведуваат од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија
(АВРМ) со своите Центри за вработување, Министерството за труд и социјална
политика (МТСП), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Агенцијата за
поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРМ) и други
институции инволвирани во процесот на имплементација 69.
Во 2015 година за реализација на секое самовработување беше предвидена поддршка
со неповратни средства во висина на 201.600 денари, од кои 185.000 денари во вид на
директна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали, додека останатите
16.600 денари за поддршка во вид на основна обука за претприемништво и водење
бизнис во времетраење од најмалку 30 часа, ваучер систем за изработка на бизнис план
и поддршка при регистрирање на бизнисите.
За вкупно 32 најодржливите и иновативни бизниси (од вкупно 900 бизниси), односно
бизниси кои имаат најголем потенцијал за раст предвидене вкупен гранд од 257.000
денари во форма на опрема и/или материјали.
Вкупно 60 најуспешни бизнис планови во кои јасно се укажува на потреба од
вработување на најмалку две лица за успешно функционирање на бизнисот ќе имаат
можност да добијат дополнителни 92.000 денари доколку дополнително вработаат
уште едно лице.
Во 2015 година, Програмата Самовработување нема да поддржува основање на бизнис
во земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 – Растително и
животинско производство, лов и услужни дејности поврзани за нив.
Јавниот оглас до невработените лица го распишува Агенцијата за вработување на
Република Македонија врз основа на Оперативниот план за услугите на пазарот на
труд и активните програми и мерки за вработување за 2015 година. Програмата
Самовработување ќе се спроведува следните чекори: промоција, прием на апликации,
избор и селекција на учесници; обука на деловно планирање и управување, развој на
бизнис-планови, селекција на најдобрите бизнис-планови и регистрација на фирми и
давање почетен грант за набавка на опрема и на материјали.
Селекцијата на кандидатите за Програмата Самовработување има цел да создаде
транспарентна и фер конкуренција меѓу кандидатите; избор на бизнис-планови и
постојни бизниси, во согласност со целите на Оперативниот план за услугите на
пазарот на труд и активните програми и мерки за вработување за 2015 година на

kreditiranje.nspx

71
Владата на РМ и да поддржи одржливи и иновативни проекти коишто ќе имаат
успешни резултати.

4.1. Проект за самовработување со кредитирање

Цел на Проектот е на заинтересираните невработени лица, активни баратели на работа


коишто сакаат да започнат сопствен бизнис да им се овозможи поволен кредит со што
ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во областа на земјоделството,
трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото, услужните дејности итн.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните70:

 За дејности од помал обем за секое ново отворено работно место предвидено е


по 3.000 евра, при што ќе се финансираат проекти со најмногу 3 работни места,
односно до 9.000 евра,
 За дејности од поголем обем за кредитобарателот се одобруваат по 5.000 евра, а
за секое ново отворено работно место по 3.000 евра, при што ќе се финансираат
проекти со најмногу 5 работни места, односно до 17.000 евра,
 Дополнителни стимулативни средства до 1.000 евра во форма на кредит се
одобруваат за лица кои се невработени по основ на технолошки вишок, стечај
или ликвидација што имаат користено паричен надоместок најмалку 6 месеци и
се невработени повеќе од 3 години,
 Рок на враќање на средствата е 3 години со вклучен грејс период од 1 година за
кредит до 9.000 евра, односно 5 години со вклучен грејс период од 1 година за
кредит над 9.000 евра,
 Каматна стапка од 1% на годишно ниво,
 Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на
бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари)
 Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот
кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата
и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма

kreditiranje.nspx

72
на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на
одобрениот кредит.

Проект за самовработување со кредитирање за млади лица до 29 години

Цел на Проектот е на заинтересираните невработени лица до 29 години, активни


братели на работа, коишто сакаат да да започнат сопствен бизнис, да им се овозможи
поволен кредит со што ќе се отворат нови работни места и ќе се самовработат во
областа на земјоделството, трговијата, преработувачката индустрија, градежништвото,
услужните дејности итн.

Условите под кои може да се добијат кредитните средства се следните71:

 за кредитобарателот по 7.000 евра, а за секое новоотворено работно место


дополнителни 1.000 евра на основниот износ од 3.000 евра, при што ќе се
финансираат проекти со најмногу 5 работни места, односно до 23.000 евра,
 Рок на враќање на средствата е 7 години (84 месеци) односно период на отплата
66 месеци (5,5 години) и грејс период од 18 месеци (1,5 години),
 Каматна стапка од 1% на годишно ниво,
 Сопствено учество од корисникот на кредитот од најмалку 25% од износот на
бараниот кредит (во вид на опрема, предмети и/или пари) и
 Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот
кредит, или сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за кој правата
и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма
на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на
одобрениот кредит.

4.2. Проект кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за


отворање на нови работни места

Цел на Проектот за кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за


отворање на нови работни места е да се стимулираат заинтересираните претпријатија
kreditiranje.nspx

73
да отвораат нови работни места за што се поддржани со кредит во износ од 3.000 евра
по лице. Претпријатијата добиваат кредит во износ од 3.000 евра по лице (за максимум
3 лица или вкупно 9.000 евра) со грејс период од една година и каматна стапка од 1%.
Пријава за учество во овој проект може да достави и невработено лице кое е
евидентирано во Агенцијата за вработување на РМ како лице кое активно бара работа
најмалку 1 ден пред објавување на Јавниот оглас, и не бил во работен однос најмалку 3
месеци до денот на објавување на јавниот оглас.
Рок на враќање на кредитот е 2 години по завршување на грејс периодот.

Проект Кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за


отворање на нови работни места за лица до 29 годишна возраст

Цел на Проектот за кредитирање на правни субјекти (микро и мали претпријатија) за


отворање на нови работни места е да се стимулираат заинтересираните претпријатија
да отвораат нови работни места за млади лица до 29 години за што се поддржани со
кредит во износ од 4.000 евра по лице. Претпријатијата добиваат кредит во износ од
4.000 евра по лице (за максимум 3 лица или вкупно 12.000 евра) со грејс период од
една година и каматна стапка од 1%.
Пријава за учество во овој проект може да достави и невработено лице кое е
евидентирано во Агенцијата за вработување на РМ како лице кое активно бара работа
најмалку 1 ден пред објавување на Јавниот оглас, и не бил во работен однос најмалку 3
месеци до денот на објавување на јавниот оглас.
Правниот субјект кој ќе вработи невработено младо лице до 29 години со полно
работно време , има обврска да го задржи на работа најмалку 36 месеци од денот на
засновање на работниот однос.
Рок на враќање на кредитот е 2 години по завршување на грејс периодот.

74
IV ИСТРАЖУВАЊЕ – СОСТОЈБАТА СО ФИНАНСИРАЊЕ НА МАЛИТЕ
БИЗНИСИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

1. Опис на истражувањето

За да се испита состојбата со финансирање на малите бизниси на локално ниво,


беше спроведено истражување во неколку мали бизниси во Општина Битола. Целта
беше да се испита кои се најчестите извори од кои се финансираат овие бизниси, колку
се информирани нивните сопственици за сите можности за финансирање што им стојат
на располагање, кои од нив ги користеле, а кои не, за на крај да се извлечи заклучок
дали малите бизниси во Општин Битола се доволно информирани за изворите на
финансирање и кој е најпопуларниот начин на финансирање на малите бизниси во
Општина Битола.
Идејата зошто да се избери токму Општина Битола дојде од фактот дека станува
збор за една од најуспешните општини во Македонија по главниот град, но сепак
токму оваа проблематика во Општина Битола не е доволно истражена, па со ова
истражување ќе се направи еден мал и скромен чекор на тој пат.
„Битолската економија игра значајна улога во економијата на Република
Македонија. Од податоците кои постојат произлегува дека во државата
суштествуваат следните видови на деловни субјекти: 67.026 претпријатија, 72.749
трговски друштва; 20.917 трговци поединци и 14.865 останати, или вкупно 175.557
субјекти. Со компарација на бројот на субјектите во стопанството во Битола и со
таквите во државата, се доаѓа до показател дека Битола има 6,31 % од вкупниот број на
овие субјекти во државата.
Локалната економија на Општината Битола се наоѓа во постприватизациски
циклус и ги следи трендовите на националната економија. Ваквите случувања
резултираа со непрофитабилност и ликвидирање на големите, поранешни
општествени претпријатија или нивна приватизација и силен подем на новоформирани
МСП во приватна сопственост кои стануваат основен двигател на локaлната
економија.“72

72
Стратегија за локален развој на Општина Битола 2014-2018: http://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-
content/uploads/2015/06/Strategy-for-local-development_-Bitola.pdf (пристапено на 20.10.2016)
Како и во другите региони во Македонија, и во Општина Битола најзначајни
носители на стопанскиот развој се микро и малите претпријатија.
Инаку, за битолската економија од особенозначење се следните деловни
субјекти: ЗК„Пелагонија“, Фабриката за квасец и алкохол, „Пелистерка“ АД, ИМБ
Млекара Битола, Пивара Битола, Фабриката за шеќер „4 Ноември“, Синпекс – Битола,
„Идеал шипка“, „Цермат“, Сокотаб, АД „Металец“ – Заштитно друштво, Заштитно
друштво „Енигма“, „Киро Дандаро“, „Микена“, „Лантана 2“, ГП„Пелистер“, Кромберг
и Шуберти др.

2. Методи на истражување

2.1. Анкета

Податоците беа добиени преку анкетен прашалник, а кој беше спроведен на


десет мали бизниси што дејствуваат во Општина Битола. Анкетата беше составена од
прашања поврзани со сите начини/извори на финансирање на малите бизниси наведени
во втората и во третата глава. Сопствениците/менаџментот на малите бизниси до кои
беше пратена анкетата беа анкетирани за најчестиот извор на финансирање на
бизнисот, нивната доверба во формалните и во неформалните извори на финансирање,
заемите од роднините и од пријателите, информираноста за бизнис-ангелите и за
ризичните фондови, кредитирањето од банките, лизингот како начин на финансирање
на малиот бизнис, државните и странските фондови и програми за финансирање на
малите бизниси. Собраните податоци од анкетата наративно и графички се претставени
подолу.

2.2. Испитаници

Во истражувањето учествуваа десет бизниси од Општина Битола, кои се


релативно нови бизниси (најстариот е основан во 1985, а најновиот во 2013 година).
Овие бизниси дејствуваат во различни сектори и 8 од нив (80%) се во сопственост на
единствен сопственик, а само 2 (20%) се партнерства. Имињата на бизнисите нема да
бидат наведени во анализата затоа што сметам дека не влијаат врз истражувањето, а со
цел да ја зачувам доверливоста на информациите што ги добив.

3. Методолошки ограничувања

Истражувањето е локално и според тоа нема да даде детална слика за целосната


состојба во Општина Битола, а уште помалку во Република Македонија. Сепак, сметам
дека е доволна основа за некој груб приказ за начинот на финансирање на малите
бизниси во оваа општина и добра појдовна точка за дополнителни и подетални
истражувања на оваа тема.

4. Анализа на собраните податоци

Во истражувањето учествуваа 10 мали бизниси што дејствуваат на територијата


на Општина Битола. Најстариот е основан во 1985 година, другбизнис е основан во
1989 година, еден во 1991 година, еден во 1999 година, еден во 2000 година, по еден во
2005 и во 2010 година, два во 2011 година, а најновиот во 2013 година. Од нив,еден
бизнис дејствува во автомобилската индустрија, еден во издаваштвото, еден во
информатичката технологија, по два во производството и во модата и негата, а три
бизниси дејствуваат во секторот продажба. Осум од бизнисите се во сопственост на
единствен сопственик, а два се партнерства.

Графикон 1. Сектор во кој дејствува бизнисот


Графикон 2. Начин на организација на бизнисот

На прашањето во однос на тоа кој е најчестиот извор на финансирање на


бизнисот 60% од бизнисите одговориле со самофинансирање, 20% со продажба, 10%
со самофинансирање/продажба и 10% со продажба и странски фондови. Ваквите
одговори покажуваат дека малите бизниси во градот Битола ретко ги користат
достапните извори на финансирање, па повеќето од нив се финансираат преку
профитот што го остваруваат при своето работење, односно функционирање. Причина
за ова може да биде и слабата информираност, но и недоволната доверба на малите
бизниси во формалните извори на финансирање.
Сепак, на прашањето дали имаат поголема доверба во формалните или во
неформалните извори на финансирање дури 90% ги избрале формалните, а само 10%
неформалните извори на финансирање.Ова, сепак, не треба да чуди со оглед на тоа
што, како што ќе видиме и во другите резултати од истражувањето, неформалните
извори на финансии во Македонија генерално не се многу актуелни.
Графикон 3. Формални наспроти неформални извори на финансирање

И покрај тоа, 30% од претпријатијата одговориле потврдно на прашањето дали


позајмиле средства за својот бизнис од пријателите или од семејството; сепак, поголем
е бројот на оние што одговориле одречно на ова прашање (70%), што се надоврзува на
горенаведениот заклучок за неактуелноста на неформалните извори во нашата средина.

Графикон 4. Заеми од роднини и од пријатели

Во делот од трудот што се однесуваше на бизнис-ангелите и ризичните фондови


споменав дека овие извори на финансирање не се доволно познати во нашата земја.
Моето истражување ја потврди оваа теза. Половина (50%) од анкетираните мали
бизниси слушнале за бизнис-ангелите и за ризичните фондови, но не знаат или само
делумно знаат за што станува збор, 30% никогаш не слушнале за нив, а само 20% знаат
за што се работи. Сепак, на прашањата дали во Македонија постојат бизнис-ангели и
ризични фондови само 10% одговориле потврдно, а дури 90% одговориле дека не
знаат. Интересно е тоа што, иако беа поставени различни прашања, истите одговори
беа добиени и за бизнис-ангелите и за ризичните фондови, и тоа од истите
претпријатија, што укажува на сличностите во однос на овие два вида извори на
финансирање на малиот бизнис.

Графикон 5. Бизнис-ангели
Графикон 6. Ризични фондови

Што се однесува на финансирањето преку банките, пак, на прашањето дали


досега подигнале кредит од банка за потребите на својот бизнис, 50% одговорија
потврдно, а 50% одречно.

Графикон 7. Кредитирање преку банките


На прашањето за износот на кредитот што го подигнале едно претпријатие
одговорило со 5 000 евра, едно со 10 000 евра, по две со 15 000 евра и едно со 20 000
евра, што значи дека станува збор за мали кредити од 5 000 до 20 000 евра.
Слични одговори се добиени и за прашањето во однос на лизингот, односно
50% од претпријатијата имаат подигнато опрема на лизинг, а 50% немаат.Лизингот,
генерално, е доста актуелна форма во Македонија, но, со оглед на тоа дека станува
збор за мали бизниси со локален карактер, не може да се очекуваат многу потврдни
одговори на ова прашање.

Графикон 8. Лизинг

Што се однесува на програмите на Агенцијата за вработување и на


Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, дури 50% од
претпријатијата се основани преку програмата „Самовработување“, 10% вработиле
некого преку програмата „Кредитирање правни субјекти за отворање работни места за
лица до 29 години“, а 40% не користеле ниту една програма. Според моите
согледувања, високиот процент што го доби програмата „Самовработување“ не
изненадува ако се има предвид дека поголемиот број од претпријатијата вклучени во
анкетата се релативно нови бизниси, основани во последниве неколку години.
Програмата „Самовработување“ е една од најолеснителните и најпопуларните
програми за оние што започнуваат сопствен бизнис. Ова дополнително зборува за тоа
колку внимание и интерес допрва ќе предизвикаат овие програми во нашата земја, а со
тоа, секако, и во Општина Битола.
Графикон 9. Програми на Министерството за труд и социјална политика и АВРМ

Наспроти тоа, кога станува збор за програмите на Фондот за иновации и


технолошки развој, дури 44,4% од претпријатијата не се запознаени со
функционирањето на ФИТР, исто толкав процент (44,4%) не аплицирале, но слушнале
за ФИТР, а 11,1% користеле средства преку ФИТР. Овде треба да се спомене дека од
непознати причини едно од анкетираните претпријатија воопшто не одговорило на ова
прашање. Според мене, причината за ваквите одговори е поврзана со тоа што ФИТР е
релативно нова институција, но и со тоа што овој Фонд дава средства единствено за
претпријатијата што дејствуваат во областа на информатичката технологија, а повеќето
од оние што јас ги анкетирав дејствуваат во поинакви сектори.
Графикон 10. Финансирање преку ФИТР

Што се однесува на странските фондови, пак, ги добив очекуваните резултати.


Само 10% од бизнисите вклучени во истражувањето користеле средства од некој
странски фонд. Ваквите одговори ги потврдија моите првични претпоставки дека
странските фондови, и покрај различните програми што ги нудат, не се многу
популарни како извори на финансирање, особено надвор од главниот град, во случајов
во Битола. Причините може да се однесуваат на неинформираноста, но и на потешкиот
начин за доаѓање до средства од овие извори, односно на недоволната достапност и на
условите и критериумите за аплицирање и за финансирање.

Графикон 11. Финансирање преку странски фондови


Од спроведеното истражување може да заклучиме дека во Општина Битола
сопствениците и менаџментот на малите бизниси сè уште не се доволно информирани
за различните извори на финансирање што се достапни во нашата земја и дека до
финансии генерално доаѓаат преку профитот што го остваруваат при своето
функционирање или преку кредитите од банките. Како што споменав и погоре, десет
бизниси секако не се доволно за да се утврди детална состојба, но сметам дека се
доволно за да се добие некоја поопшта слика. Токму поради тоа, целта на овој труд е
систематизирањето на сите извори за финансирање на малите бизниси да помогне за
поголема информираност до сегашните, но и идните претприемачи, сопственици на
мал бизнис.
ЗАКЛУЧОК

Малиот бизнис претставува бизнис во кој сопственоста и менаџментот се


независни, кој не е доминантен во подрачјето во кое дејствува и кој вработува од 10 до
49 работници. Иако е голем бројот на оние што предизвикот при работата го бараат во
државните институции и во големите бизниси, во последно време малиот бизнис
станува доста атрактивен за претприемачите и за младите луѓе. Поради тоа, неговата
популарност се зголемува.
Постојат повеќе причини што доведуваат до популаризирањето на малиот
бизнис, но најважната е независноста што на претприемачите им ја овозможуваат
малите бизниси, чии сопственици најчесто се и нивни менаџери и „ги држат сите
конци во своите раце“. Тоа, секако, беше доволна причина малиоте бизниси да бидат и
предмет на истражување на овој труд, со акцент на изворите на финансирање на
малиот бизнис имајќи предвид дека тие претставуваат најголем проблем, но
истовремено и предизвик за сопствениците и за менаџерите на малите бизниси.
Во трудот е даден преглед на најзначајните извори на финансирање на малиот
бизнис што постојат во Македонија. Тие се поделени во две големи групи: неформални
(сопственичкиот капитал и бизнис-ангелите) и формални (официјалните ризични
фондови, банките, штедилниците, лизингот, државните институции и програми за
финансирање на малиот бизнис, европските институции и програми за финансирање и
за поддршка на малите бизниси и програмите на УСАИД за финансирање микро и
мали претпријатија).
Посебен акцент е ставен на банките како извор на финансирање на малиот
бизнис. Тие, и покрај новите проекти и програми на различни државни и меѓународни
институции за поддршка и за финансирање на малите бизниси, сè уште се сметаат за
најзначајниот и најчестиот формален извор на финансирање. Некои банки имаат свои
програми и кредитни линии за финансирање на малите бизниси, со различни услови,
намена, висина на каматни стапки и рокови за отплата, кои детално се прикажани во
табеларен преглед во овој труд. По банкарските кредити, лизингот претставува вториот
најзначаен извор на финансии на малите бизниси.
Со цел да се испита состојбата со финансирање на малите бизниси на локално
ниво (поконкретно во Општина Битола), беше спроведен анкетен прашалник на 10
мали биниси што дејствуваат во овој град за изворите преку кои тие доаѓаат до
финансии.
Од добиените одговори може да се заклучи дека малите бизниси ретко ги
користат достапните извори на финансирање, па повеќето од нив се финансираат преку
профитот што го остваруваат при своето работење, односно функционирање. Причина
за ова може да биде и слабата информираност, но и недоволната доверба на малите
бизниси во формалните извори на финансирање, додека неформалните извори на
финансии генерално не се многу актуелни. Што се однесува на бизнис-ангелите и
ризичните фондови, овие извори на финансирање не се доволно познати во нашата
земја.
Лизингот, генерално, е доста актуелна форма во Македонија, но, со оглед на тоа
дека станува збор за мали бизниси со локален карактер, не може да се очекуваат многу
потврдни одговори на ова прашање.
Странските фондови, и покрај различните програми што ги нудат, не се многу
популарни како извори на финансирање, особено надвор од главниот град, во случајов
во Битола. Причините може да се однесуваат на неинформираноста, но и на потешкиот
начин за доаѓање до средства од овие извори, односно на недоволната достапност и на
условите и критериумите за аплицирање и за финансирање.
Од спроведеното истражување може да заклучиме дека во Општина Битола
сопствениците и менаџментот на малите бизниси сè уште не се доволно информирани
за различните извори на финансирање што се достапни во нашата земја и дека до
финансии генерално доаѓаат преку профитот што го остваруваат при своето
функционирање или преку кредитите од банките. Како што споменав и погоре, десет
бизниси секако не се доволно за да се утврди детална состојба, но сметам дека се
доволно за да се добие некоја поопшта слика. Токму поради тоа, целта на овој труд е да
се добие поопшта слика на локално ниво и притоа да се систематизираат сите извори за
финансирање на малите бизниси како еден мал чекор до поголема информираност до
сегашните, но и до идните претприемачи сопственици на мал бизнис.
Може да се дојде до заклучок дека малите бизниси на територијата на Општина
Битола многу повеќе користат сопствени средства и кредити од банките отколку
некој(а) од другите државни и странски фондови и програми за финансирање.
Причината за ова најчесто е во недоволната информираност на менаџментот на
одделните бизниси, но и во поголемата достапност до ваквите извори во главниот град
наспроти другите градови.
Оттука, главните препораки до менаџерите на малите бизниси би биле: при
започнувањето нов бизнис – да водат сметка за сите фази низ кои треба да помине еден
бизнис при своето формирање; а при барањето извори на финансирање – да се
информираат со детално истражување кои извори на финансирање им се достапни, да
направат потесен избор на оние извори за кои би имале најголема можност според тоа
во кои сектори дејствуваат, да вложат напор да ги исполнат сите услови потребни за
аплицирање што ги бараат институциите што ги нудат финансиите и да бидат
похрабри и поодлучни при поднесувањето на што поголем број апликации.
Препораките до институциите што ги нудат финансиите се: поголема
достапност за сите мали бизниси, поголемо промовирање на своите услуги и понуди со
цел да ги запознаат што повеќе претпријатија и нивни менаџери и реална селекција при
изборот на претпријатијата што ќе се финансираат, при што сите апликанти ќе бидат
подведени на еднакви критериуми. Земајќи го предвид фактот дека малите бизниси се
носители на растот на една земја, доста е важна нивна финансиска поддршка.
Анализата на изворите на финанисрање на овој труд даде еден детален преглед
на сите можности за финансирање на малите бизниси земајќи ги предвид и светските
трендови и тенденции.

Иако банките важат за најсигурниот и најлесниот извор на финансирање на


малите бизниси, треба да им се даде предност на бизнис-ангелите и на ризичните
фондови, како многу актуелна и корисна форма во светот.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

Единици на кирилица:
 Арсов, С. 2008: Финансиски менаџмент. Скопје: Економски факултет.

 Барон, Р., Шен, С. 2011: Претприемништво – процес и перспектива, Кочани:


Генекс.

 Дикинс Д., Фрил М., Претприемништво и мали фирми, Скопје, 2010

 Закон за трговските друштва (пречистен текст), Службен весник на РМ бр.


28/04, 84/05/, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11 и 166/12.

 Котлер, Ф., Хермаван, К., Дејвид, Ј. 2009: Привлекување на инвеститори –


маркетинг пристап за наоѓање средства за вашиот бизнис, Скопје: Три.

 Нанески, Б., Стојанова, В., Јосифовска, А. 1997: Развојот на малите и средните


претпријатија и намалувањето на невработеноста во Р. Македонија, Скопје:
Фондација „Фридрих Еберт“.

 Никола Узунов, Ангел Георгиев и Пеце Недановски, Применета


економија(петто изменето и дополнето издание), Економски факултет, 2003

 Петковски, М. 2004: Финансиски пазари и институции. Скопје: Економски


факултет.

 Петревски, Г. 2011: Управување со банките. Скопје: Економски факултет.

 Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2015 година,


Службен весник на РМ, бр. 194/15.

 Рос, С., Вестерфилд, Р., Џаф, Џ. 2010: Корпоративни финансии, Скопје: Магор.

 Стратегија за локален развој на Општина Битола 2014-2018:


http://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2015/06/Strategy-for-local-
development_-Bitola.pdf (пристапено на 20.10.2016)

 Филиповски, В.,,Финансирање на малите бизниси“. Како до сопствен бизнис,


2007
 Фити, Т., Хаџи Василева-Марковска, В. 1994: Претприемништвото и
претприемничкиот менаџмент, Скопје: Економски факултет.

 Фотов, Р. 2010: Финансиски менаџмент. Штип: Универзитет „Гоце Делчев“.

 Шуклев, Б., Дракулевски, Љ. 1996: Менаџмент лексикон, Скопје: Економски


факултет.

 Шуклев, Б. 2011: Менаџмент. Скопје: Економски факултет.

 Шуклев, Б. 2011: Менаџмент на малиот бизнис. Скопје: Економски факултет.

 Шуклев, Б. 2011: Корпоративно управување. Скопје: Економски факултет.

 Џастин Г. Лонгнекер ... [и др.] , Управување со мали бизниси : нагласување на


претприемништвото, Кочани : Европа 92, 2014

Единици на латиница:

 Abernethy, M., Heidtman, D. 1999: Business Angels. Allen & Unwin, Australia.

 Adizes, I. 2004: Managing Corporate Lifecycles. Adizes Institute Publications.

 Birch, D. 1987: Job Creation in America – How our Smallest Companies Put the Most
People to Work. New York.

 Bank of England, Finance for small Firms: A Eleventh Report, 2004


 Beyond Survival in an Increasingly Competitive Marketplace and R. Oakey (eds),
New Technology-based Firms in the New Millennium, Pergamon, London
 I. Lansberg, H.J. Astrachan, “Influence of Family Relationships on Success on
Planning and Training: The Importance of Mediating Factors”, Family Business
Review, Vol. 7, No. 1, spring, 1994

 L.J. Ward, Keeping the Family Business Healthy, Jossey-Bass Publishers, 1987
 Hisrich, R., Peters, M. 1998: Entrepreneurship, Fourth Edition. Irwin McGraw-Hill,
Boston.
 Hughes, A. and Leube, B. ″The extent and Nature of Mutual Guarantee Schemes in
Europe″, paper presented to the ESRC Seminar Group on Finance of Small Firms,
Duram, 2005

 Hal B. Pickle, Royce L. Abrahamson: Small Business Management, John Wiley and
Sons, Inc., Santa Barbara, 1976

 H.N. Broom, Justin G. Longenecker: Small Business management, South – western


Publishing CO., Cincinnati, 1979

 J.T. Covin, “Profiling Preference for Employment in family-owned firms”, Family


Business Review, Vol. 7, No. 3, fall, 1994
 Jekkel, K. 2006: Financing Small and Medium Enterprises in European Union. SME
Union, Brussels

 Kenneth R. Van Voorhis: Enterprenuership and small business management, Allyn


and Bacon, Inc., Boston, 1980

 Keogh, W., Stewart, V. and Taylor, J. (2001) developing Strategies for Growth in
HTSFs: Looking

 Mason, C. 2005: Informal Sources of Venture Finance. Hunter Centre for


Entrepreneurship, University of Strathclyde, Glasgow.

 National Association of Mutual Guarantee Schemes:An Overview, NAMGS paper,


Altrincham, 1997

 Pearce C. Kelly, Kenneth Lawler: How to organize and operate small business, 3 rd
ed., Prentice – Hall, Englewood Cliffs, New Jesrey, 1961
 Nicholson, N. (2003) Leadership in Family Business , London Business School,
London

 Ram, M., Smallbone, D. andDeakins,D. Ethic minority Business in the Uk: Access to
Finance and Business Support, british Bankers Association, London

 Samuelson, P., Nordhaus, W. 2005: Economics, Eighteenth Edition. McGraw-Hill


International Edition.
 Sohl, J. 2003: “The US Angel and Venture Capital Market: Recent Trends and
Developments”, Journal of Private Equity. Vol. 6, No. 2

 S.T. Hatten, Small Business Management. Entrepreneurship and Beyond, fifth


edition, South-Western, Cengage Learning, 2012

 SME in FP6. Sharing in Europe‟s future. European Commission, Directorate-General


for Research, Brussels, 2006

 The activities of the European Union for small and medium – sized enterprise
(SMEs), Commission of the European Communities, Brussels, 08.02.2005, SEC
(2005)

 The research and policy committee for economic development. Meeting the special
problems of small business (Policy of the Committee for Economic Development),
New York, 1947

 Thomas W. Zimmerer, Norman M. Scarborough: Essentials of entrepreneurships and


small business management, Fourth edition, Pearson Prentice Hall, Inc., Upper Saddle
River, New Jersey, 2005
 William L. Megginson, Mary Jane Byrd, Charles R. Scott, Leon C. Megginson: Small
business management. An entrepreneurs guide to success, IRWIN, Bar Ridge, Illinois,
1994

Единици достапни на интернет:


 Агенција за вработување на Република Македонија < http://www.avrm.gov.mk/ >
30.11.2015

 Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија <


http://www.apprm.gov.mk/ > 30.11.2015

 Европска бизнис асоцијација < http://www.eba.mk/about > 30.11.2015

 Закон за лизинг <


http://www.finance.gov.mk/files/u11/zakon_za_lizing_precisten_1.pdf > 30.11.2015

 Започнување на бизнис: Предности и недостатоци <


http://www.pretpriemac.com/zapochnuvanje-na-biznis-prednosti-i-nedostatoci/ >
29.11.2015
 Македонска развојна фондација за претпријатија < http://www.mrfp.org.mk/mk/ >
30.11.2015

 Мали и средни претпријатија < https://goo.gl/5l02xQ > 27.11.2015

 Министерство за економија на Република Македонија <


http://www.economy.gov.mk/ > 30.11.2015

 Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија <


http://www.mtsp.gov.mk/ > 30.11.2015

 Повеќе за малите претпријатија <


http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/docu
ments/more_info/publications/eu_thinking_big_for_small_businesses_mk.pdf >
30.11.2015

 Подобрен пристап до извори за финансирање <


http://apprm.gov.mk/webdata/dokumenti/6PodobrenpristapPDF.pdf > 30.11.2015

 Разлика помеѓу мали и големи бизниси < http://www.pretpriemac.com/razlika-


mali-golemi-biznisi/ > 29.11.2015

 Регистар на даватели на финансиски лизинг <


http://www.finance.gov.mk/files/u11/Registar_na_davateli_na_finansiski_lizing.pdf >
30.11.2015

 Фонд за иновации и технолошки развој < http://www.fitr.mk/ > 30.11.2015

 Фондација ПСМ < http://www.yes.org.mk/Default.aspx?r=6&l=63&c=22 >


30.11.2015

 Централен регистар на Република Македонија < https://www.crm.com.mk/DS/ >


30.11.2015

 http://www.nlb.mk/CMS/Upload/Pravni/Krediti/Potrebni_dokumenti_krediti_korpora
tivni_klienti.pdf
 http://www.mtsp.gov.mk/proekt-za-samovrabotuvanje-so-kreditiranje.nspx
ПРИЛОЗИ
Прилог A
АНКЕТЕН ПРАШАЛНИК

1. Во кој сектор дејствува вашиот бизнис?


2. Начин на организација на вашиот бизнис:
- единствен сопственик
- партнерство
- корпорација
3. Повеќе имате доверба во неформалните или во формалните извори на финансии?
- неформалните
- формалните
- не знам
4. Дали некогаш сте позајмиле средства за својот бизнис од семејството или од
пријателите?
- да
- не
5. Дали знаете што се бизнис-ангели?
- да, многу добро ни е познато
- сме слушнале, но не знаеме за што точно станува збор / само делумно ни е познато
- никогаш не сме слушнале за бизнис-ангели
6. Постојат ли во Македонија бизнис-ангели?
- да
- не
- не знам
7. Дали знаете што се ризични фондови?
- да, многу добро ни е познато
- сме слушнале, но не знаеме за што точно станува збор / само делумно ни е познато
- никогаш не сме слушнале за ризични фондови
8. Постојат ли во Македонија ризични фондови?
- да
- не
- не знам
9. Дали досега имате подигнато кредит од банка за потребите на својот бизнис?
- да
- не
10. Дали за потребите на својот бизнис сте зеле опрема или нешто друго на лизинг?
11. Дали сте користеле некоја од следните програми на Агенцијата за вработување и на
Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија? (Можни се
повеќе одговори.)
- Самовработување
- Кредитирање правни субјекти за отворање работни места за лица до 29 години
- Кредитирање правни субјекти за отворање нови работни места
- Не
12. Дали сте аплицирале за/сте користеле средства преку Фондот за иновации и
технолошки развој?
- да, сме аплицирале и сме користеле средства
- сме аплицирале, но не ни била прифатена апликацијата
- не сме аплицирале, но сме слушнале за ФИТР
- не сме запознаени со функционирањето на ФИТР
13. Дали досега сте користеле средства за потребите на својот бизнис преку некоја од
програмите на ЕУ или преку некој друг странски фонд?
- да
- не
Прилог Б
Регистар на табели

Табела 1
Табела 2
Табела 3
Прилог В
Регистар на графикони

Графикон 1
Графикон 2
Графикон 3
Графикон 4
Графикон 5
Графикон 6
Графикон 7
Графикон 8
Графикон 9
Графикон 10
Графикон 11

You might also like