You are on page 1of 17

Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип

Факултет за туризам и бизнис логистика

Насока : Бизнис логистика

Логистичка стратегија

Ментор : Кандидати :
Доц.Д-р. Драшко Атанасоски Лазар Јованов 17362
Тихомир Ручкоманов 17407
Петар Стошиќ 17446
Јоска Танев 17442

Гевгелија , март , 2012 година


Содржина :

Резиме . . . . . . . . . . . . . . . . 3
Вовед . . . . . . . . . . . . . . . . 4
1. Логистичка стратегија . . . . . . . . . . . 4,5
1.1. Логистички план . . . . . . . . . . . . 5
1.2. Димензионирање на логистиката . . . . . . . . 6
1.3. Проектирање на логистичката мрежа . . . . . . . 6
1.4. Управување со набавка . . . . . . . . . . 6,7
1.5. Складирање . . . . . . . . . . . . . . 7
1.6. Управување со залихи . . . . . . . . . . 7,8
1.7. Управување со транспортниот сервис . . . . . . . 8
1.8. Управување со ланецот на доставување . . . . . 8,9
1.9. Аутсорцинг на логистичките операции . . . . . . .9
1.10. Логистички информациски системи . . . . . . 9 , 10
1.11. Мерење на логистички перформанси . . . . . . 10
1.12. Финасии ( трошоци и финансиски перформанси ) . . . 11
1.13. Глобална логистика . . . . . . . . . . . 11
1.14. Повторна обработка и рециклажа . . . . . . . 12
Заклучок . . . . . . . . . . . . . . . . 13
Користена литература . . . . . . . . . . . . 14

2
Резиме

Целта на овој семинарски труд е да прикажеме како треба да изгледа една


современа логистичка стратегија.
Логистичката стратегија во основа ни го претставува процесот на
планирање, обезбедување, контрола и евиденција на стоките, управување со
транспортот, финансиите, и повторната обработка и рециклажа на
материјалите.
Генерално логистичката стратегија ја дефинира организацијата и
поделбата на надлежностите и одговорностите на сите субјекти при
имплементацијата на системот на функционирање на една компанија.

Клучни зборови : набавка , складирање , залихи , транспорт .

Summary

The purpose of this seminar paper is to show how it should look like one
modern logistics strategy .
Logistics strategy basically introduces the process of planning , provision ,
control and recording of goods , transportation management , finance , and
reprocessing and recycling materials .
Overall logistic strategy defines the organization and division of powers and
responsibilities of all stakeholders in the implementation of the system of functioning
of a company .

Key words : procurement , storage , inventory , transportation .

3
Вовед ( Introduction )

Логистиката денес всушност се занимава со совладување на просторот и


времето за работи , со што е можно помалку трошоци.
Да би се постигнале најдобри резултати при координацијата на
движењето на материјалите, производите, и стоката воопшто, потребна е добра
логистичка стратегија.
Логистичката стратегија го заокружува процесот на работа од набавка
преку производство до продажба на стоката на крајниот потрошувач.

1. Логистичка стратегија

Денес глобализацијата и растот на пазарите значително влијаат на


зголемување на трошоците за логистика и дистрибуција во секој бизнис, со
истовремен константен притисок за намалување на цените на услугите и
стоката. Да би опстанале на пазарот, а посебно да бидеме успешни,
единствено решение е намалување на трошоците, перманентен раст,
пробивање на нови пазари, зголемување на влијанието на пазарот и
задоволство на корисниците и купувачите. За исполнување на овие цели
потребна ни е добра и сеопфатна логистичка стартегија.
Логистичката стратегија денес претставува високо ниво на стручно
знаење, добро познавање на пазарот, глобалните текови и најнапредните
технологии и сето тоа ни овозможува навремено да регистрираме потреба за
воведување новини во работењето и правилно да ги насочиме своите
капацитети во таа насока. Во согласност со потребите на пазарот, ориентирајќи
се на комплетна услуга на купувачот, односно на решенија од областа ланец на
снабдување(набавка), производство складирање до испорака на стоката до
крајниот купувач. Едноставно, стратегијата нуди анализа на потребите,
проектирањето, опремата и поддршката во имплентацијата и експлоатацијата
на целиот систем.
Современата логистичка стартегија нема конечна рамка на влијание во
тој проток на роба, информации и други ресурси, вклучувајќи многу енергија и
човечки потенцијал, можеме да истакнеме повеќе сегменти и тоа :

4
1. Логистички план;
2. Димензионирање на логистиката;
3. Проектирање на логистичката мрежа;
4. Управување со набавка;
5. Складирање;
6. Управување со залихи;
7. Управување со транспортниот сервис;
8. Управување со ланецот на доставување;
9. Outsourcing на логистичките операции;
10. Логистички информациски системи;
11. Мерење на логистички перформанси;
12. Финансии (трошоци и финансиски перформанси);
13. Глобална логистика;
14. Повторна обработка и рециклажа.

1.1. Логистички план

За изработка на квалитетна логистичка стратегија мораме да започнеме


со изработка на темелите на стратегијата претставени преку логистичкиот план.
Логистичкиот план мора правилно да се базира на точно проектирање ,
правилно планирање и тестирање на планираното во соодветно време, за да
не ни се измешаат подоцна фазите во целиот систем на работа. Логистичкиот
план е променлив во зависност од потребите и големината на барањата кои се
предмет на планирањето. Генерално, можеме да посочиме дека логистичкиот
план е составен од следните делови:
- широко резиме;
- цели на логистиката;
- опис на начинот на кој логистиката како целина ќе ги постигне овие
цели.
- опис на одделни функции на логистиката;
- проекции на потребните ресурси;
- проекции на трошоците и финансиските перформанси;
- опис на начинот на кој оваа стратегија влијае на останатиот бизнис.

5
1.2. Димензионирање на логистиката

При димензионирањето на логистиката во една компанија, основен


водач ни се стратешките одлуки за правците на развој, тактичките одлуки за
среден период и оперативните одлуки. Почетните финансиски потенцијали се
првиот индикатор за големината на логистиката. Во секој случај,
димензионирањето на логистиката мора да ги има во предвид компетенциите
на организацијата (вработени, ресурси, објекти) како и бизнис опкружувањето
(пазарни услови, политички услови, технологија, конкуренција,
инфраструктура). Димензионирањето на логистиката не смее да биде на
минимум од можностите ниту пак на максимум од можностите , туку на едно
оптимално ниво во функција на развој и профитабилност на компанијата.

1.3. Проектирање на логистичката мрежа

Секоја компанија при проектирањето на сопствената логистичка мрежа


ги зема во предвид логистиката на материјали, логистиката на набавки,
логистиката на производството, логистиката на дистрибуција, маркетинг
логистиката и логистиката на пост-производство. Значи, логистичката мрежа
мора во целост да ги задоволи сите барања на целокупниот процес на
функционирање на компанијата – од снабдувањето, производството, преку
управувањето со залихите, складирањето, пакувањето и транспортот. Денес,
при проектирањето на логистичката мрежа, значајна улога имаат новите
софтверско – логистички решенија со кои се постигнува совршена оптимизација
и рационализација на мрежата.

1.4. Управување со набавка

Управувањето со набавка претставува логистика на материјалите и ги


опфаќа тековите на суровините и полупроизводите. Главна цел на
управувањето со набавката е да обезбеди вистински материјали, количински
колку што се потребни да ги достави до вистинското место со што е можно
поголема економичност. Задачи на управувањето со набавката се и правилен
избор на стоката, добро и функционално пакување на материјалот, правилен

6
избор на транспортот и транспортните сретства, соодветно товарење,
претоварање и растоварање. Планирањето на набавката содржи економско-
-техничка пресметка со која се одредува содржината и големината на
набавката, трошоците за набавка, потребен број на извршители и висина на
вкупните потребни финансиски сретства. На крај секако мораме да извршиме и
контрола на набавката.

1.5. Складирање

Константното располагање со стоката и целосната транспарентност се


апсолутно најбитните елементи во модерното складирање. Тие обезбедуваат
високо ниво на точни информации за состојбата и количината на стоката.
Правилното распоредување на времето и просторот се клуч на
ефикасноста при складирањето. Постојат повеќе начини на складирање на
стоката како што се полици, складирање во блокови, складирање на отворен
простор и безброј разни специфични поедини модели на складирање.
Конвенционалните палетни регали претставуваат универзален систем на
складирање со директен пристап до секоја палета. Со овој систем на
складирање повеќекратно се зголемува просторот предвиден за складирање и
лесно се манипулира со палетите од сите големини.

1.6. Управување со залихи

Управувањето со залихи најмногу зависи од одлуките – што да се купи


или произведе и кога и во колкави количини. Исто така цел на ова управување
се и залихите во самите производствени погони и дистрибутивните центри.
Основно при управувањето со залихите е прво да се класифицираат, да се
утврди точната количина, да се проектира оптимална залиха, да се прати и
контолира залихата. Конкретно, во еден производствен процес управувањето
со залихите е поделен на залихи во суровина (репроматеријали), залихи во
недовршени производи и залихи во готови производи.
Целта на управувањето со залихите е:
- да се заштити производството од неизвесности;
- да се овозможи економичност при набавка и производство;

7
- да се амортизираат понудата и побарувачката;
- да се овозможи константност во работењето.

1.7. Управување со транспортниот сервис

Транспортниот сервис е систем на организирање на превоз на стока од


една до друга точка, во оптимален временски рок со минимални трошоци.
Главно транспортниот сервис има за цел планирање, организирање и испорака
на материјалните ресурси од примарниот извор до крајниот потрошувач. При
изборот на транспорт важно е правилно да се одбере начинот на
транспортирање, патот – рутата(маршутата) на транспорт и секако испораката.
Транспортната шема има неколку етапи и тоа:
- формирање на единицата товар – стока;
- товарење на формираните единици товар – стока во транспортното
сретство;
- транспортирање на товар – стоката до терминалот;
- консолидација на единицата товар – стока до одреденото место;
- истоварување на единицата товар – стока;
- доставување на стоката до крајниот потрошувач;
- контрола на реализацијата на транспортот.

1.8. Управување со ланецот на доставување

Ланецот на доставување е систем на организации од луѓе, технологија,


активности, информации и ресурси кои се вклучени во движењето на
производот или услугата од доставувачот до купувачот. Денес брзината и
точноста на доставената стока до нарачателот е прво мерило за способноста
на доставувачот.
Современото доставување подразбира елиминација на човекот како
главен фактор и воведување на модернизацијата како решение за брза,
прецизна и профитабилна дистрибуција. Најсовремен пример на доставување
претставуваат сортерските системи. Тие имаат разновиден дизајн, зависно од
капацитетите и стоката која се доставува.

8
Основна цел при управувањето со ланецот на доставување е да се
исполнат барањата на корисникот со најефикасно користење на ресурсите,
инвентарот и работната сила.

1.9. Outsourcing на логистичките операции

Аутсорцингот подразбира пренос на управување или барање на помош


од трети лица за организирање или изготвување на договор со кој ќе се
дефинира пренос на услугата. Во моменти кога намалувањето на оперативните
трошоци во ланецот на снабдување станува услов за опстанок на пазарот,
препуштањето на дел од логистичките операции на професионалци
претставува значаен чекор кон рационално работење на компанијата.
Сегменти на аутсорцингот кои најчесто ги среќаваме во пракса се нови
информациски технологии, човечки ресурси, книговодство, истражувања на
пазарот, проектирање, проценки итн.
Причини кои не принудуваат на аутсорцинг во бизнисот денес се:
заштеда по повеќе основи, конкретно внимание на основната дејност, трошоци
за реструктуирање, оперативни експертизи, пристап до таленти, катализатор за
промени, намален ризик, такс – бенефит (некои земји нудат помали даноци за
одредени производствени операции) и друго .

1.10. Логистички информациски системи

Денес влијанието на информациите добиени од информациските системи


се од непроценлива вредност и голема важност за успешно и квалитетно
водење на било кој бизнис. Постојат повеќе системи и технологии во светски
рамки од кои ќе прикажеме два система и тоа, Frontman и Sky Friend.
Фронтмен е флексибилен систем наменет за автоматизација на
дистрибутивните, продажните и истражувачките процеси кои се состојат од
неколку модели на планирање, организација и реализација на активностите.
Овој систем се базира на три основни барања:
1. Capture - прибирање информации во реално време на место каде се
случува бизнис активноста;
2. More - брзо пренесување на информација од моментот на добивање

9
за бизнис активноста до местото и личноста каде ќе има
најголемо значење
3. Mаnage – управување со информациите и мобилните системи со
максимална ефикасност и сигурност.
Скајпријател е софистициран компјутерски систем кој со помош на
Сателитската мрежа GPS (глобален позиционен систем), а преку GSM/GPRS
врската овозможува пратење на подвижните објекти и ја прикажува нивната
позиција на електронска карта, а со помош на WAP сервисот дури и на мобилен
телефон.
Постојат две варијанти на овој систем и тоа:
- за пратење и лоцирање на возила;
- за пратење и лоцирање на возила со алармантна функција (се
прекинува довод на гориво, се прекинува електрично напојување).

1.11. Мерење на логистички перформанси

Мерењето на логистичките перформанси можеме да го извршиме по два


основа и тоа:
- мерење на интерните логистички перформанси;
- мерење на екстерните логистички перформанси.
Интерните логистички перформанси се внатрешните логистички
подсистеми (транспорт, складирање, производство) и се однесуваат на
техничко – технолошките, организациски, економски и други релевантни
карактеристики на овие подсистеми.
Екстерните логистички перформанси се всушност нивото на квалитет и
економичност при реализацијата на интерните логистички перформанси надвор
во нивното опкружување.
За основни логистички перформанси се сметаат логистичките трошоци,
нивото на квалитет на логистичките услуги и логистичката продуктивност.
Мерењата на логистичките перформанси се врши пред се за да се
разграничат ефикасноста и ефективноста. За ефикасност се смета економично
користење на ресурсите, а за ефективност кога се постигнува некоја цел.

10
1.12. Финансии (трошоци и финансиски перформанси)

Квалитетното управување со финансиите значително влијае на


конкурентноста и профитабилноста на компанијата. Финансиите генерално се
прикажуваат низ призмата на трошоци и финансиски перформанси на
компанијата. Трошоците се делат на трошоци за залиха, трошоци за
складирање и манипулирање, трошоци за транспорт, трошоци за комуникација,
трошоци за камата на капитал, извозно – увозни царини и други трошоци.
Финансиските перформанси имаат значителна улога во процесот на
управување со компанијата. Генерално, финансиските перформанси можат да
се следат како:
- финансиски перформанси во функција на финансирање;
- финансиски перформанси во функција на остварување на одредени
цели;
- финансиски перформанси во функција на мотивација и контрола.

1.13. Глобална логистика

Процесот на глобализација и примена на информациските технологии


влијаеше на извршувањето на сите логистички активности. Пред се зголемена е
употребата на компјутерите, воздушниот транспорт и комплексните линии во
производството. Глобалната логистика освен движењето на стоката, го презема
и управувањето со каналите на дистрибуција надвор од земјата на
производство. Таа денес организира координација помеѓу логистиката,
производството, маркетингот и набавката во една компанија на повеќе локации
во повеќе земји.
Глобалната логистика денес претставува клуч на успех при
зголемувањето на профитабилноста на една компанија. Таа ги идентификува и
анализира сите трошоци при извршувањето на логистичките активности и го
димензионира бизнисот на глобално ниво.

11
1.14. Повторна обработка и рециклажа

Вообичаено е интегрираните логистички системи да ги доставуваат


производите до корисниците. Меѓутоа, понекогаш производите мораат да се
движат од корисникот кон производителот, низ ланецот на снабдување. Токму
ова се нарекува повратна (обратна) логистика. Секоја компанија која ја
занемарува повторната обработка, препакувањето, реновирањето или
складирањето на вратените производи, значително го намалува растот на
сопствениот профит.
Во одредени индустрии стоката може да биде вратена од крајниот
купувач до производителот. Добар пример се весниците, бидејќи главна улога
има застарувањето на важноста на производот. Таквиот производ не се
обработува повторно, туку се рециклира. Рециклажата е значаен сегмент во
вкупните напори за зачувување на природните ресурси и заштита на природата
со добивање на дополнителен профит.

12
Заклучок ( concluding remarks )

Денес, една современа компанија која тежи кон задоволување на


севкупните барања на пазарот , мора да практикува своја логистичка
стратегија.
Логистичката стратегија надополнува и води кон перманентен развој и
раст на компанијата , но и го негува и зголемува бројот на пазарите и крајните
корисници на услугите .
Правилното проектирање на можностите на организацијата во една
компанија , нивото на искористување на сите ресурси внатре , ја прават
логистичката стратегија главен фактор – водач за развој и профитабилност на
компанијата .
Логистичката стратегија ги унапредува активностите во организацијата
преку одредувањето на интегралните логистички трошоци , поттикнувајќи и
креирајќи потреби за нови производи и услуги , при тоа зголемувајќи ги
ефикасноста и ефективноста на сите системи .
Главна цел на логистичката стратегија е да го пронајде и назначи
правецот и начинот или методот по кој визијата и мисијата , од идеен или
концептуален облик , ќе се конвентираат во реалност .

13
Користена литература ( references )

J.Coyle , E.Bardi , C.John Langley Jr. : The Management of Business


Logistics , West Publiching Company , USA , 1996

R.H.Ballou : Business Logistics /Supply Chain Management , Prentice Hall


, 2004

Banjanin M.K. : Marketing logistika , Beograd , 2002

Bloomberg D.J. : Logistika , Mate , Zagreb , 2006

14
15
16
17

You might also like