You are on page 1of 9

ДАНОЧЕН

СИСТЕМ НА
РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

My name
My position, contact information
or project description
Реформата на даночниот систем се наметна
како последица на новите услови во
Република Македонија по осамостојувањето,
и потребата од дефинирање и изградба на
даночен систем кој ќе одговара на
изменетите услови како резултат на
транзицијата од социјалистичко во
капиталистичко уредување, во пазарна
економија која се темели на приватната
сопственост на капиталот.
Даночен систем во Македонија

• Земјите во транзиција, како и останатите земји во


развој, често се карактеризираат со значаен удел на
земјоделството во вкупниот output и вработеност, со
голем удел на неформалниот сектор, сива економија
и даночна евазија.
• Со оглед дека структурата на претпријатијата, во
основа, се состои од микро и мали претпријатија, не
постои голема база за наплата на основните даночни
приходи по основа на персонален данок на приходите
на граѓаните, добивка од финансискиот резултат на
претпријатијата или данок на додадена вредност од
потрошувачката.
Даноци што се плаќаат од личните доходи се:
 Данок од личен доход на работниците,
 Данок од личен доход од земјоделска дејност,
 Данок од личен доход од самостојно вршење на стопанска дејност;
 Данок од личен доход од самостојно вршење на професионална дејност
 Данок од надоместок од авторски права, патенти и технички унапредувања

II Даноци што се плаќаат на приходите се:


 Данок на приходи од имот и имотни права и
 Данок на добивка од игри на среќа

III. Даноци што се плаќаат на имотот и на имотните права се:


 Данок на имот

 Данок на наследство и подарок .


 
Данок на доход на претпријатијата

• Данокот на доход како форма на директно оданочување на


профитот на претпријатијата, настанал на почетокот на
минатиот век со развојот на капиталот. Денес е општоприфатен
во сите современи даночни системи, но концепциски постоеја
значајни разлики помеѓу применетото оданочување на
добивката во поранешниот социјалистички систем и
современиот концепт на данокот на добивка, и тоа, пред сe´,
како резултат на сопственоста на капиталот, при што во
поранешните социјалистички системи постоеја претпријатија од
општествена сопственост
Данок на промет

• Данокот на промет претставуваше еден од


најважните темели на даночниот систем на
поранешниот даночен систем на Република
Македонија и притоа имаше значајни фискални и
нефискални ефекти кои се остваруваа со неговата
примена. Овој закон беше предмет на голем број
измени од неговото воведување, па се´ до неговото
укинување и замена со оданочувањето на
потрошувачката со данокот на додадена вредност.
Даночни ослободувања

• Согласно член 18 од Законот за данокот на промет на


производи и услуги, данокот на промет на услуги се плаќаше на
услугите на надворешно трговскиот промет, на услуги на
прометот на големо, но, исто така, беа опфатени и банкарските,
берзански, кредитните и услуги на платниот промет, како и
услуги на осигурување на имоти и лица, посредување,
застапување, агенциски услуги, на услуги на издавање на
подвижни предмети во закуп, подзакуп или лизинг, транспортни
услуги, сообраќајно агенциски и шпедитерски услуги, како и
услуги за приредување на игри на среќа.
РЕФОРМА НА ДАНОЧНИОТ СИСТЕМ
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

• По осамостојувањето РМ се соочи со дополнителен пад


на производството, вработеноста и индустриското
производство во годините по осамостојувањето, како и
при реализирањето на процесот на приватизација се
соочи со неуспешна приказна во која драматично се
зголеми понудата на трудот. Дополнителен товат беа
надворешни шокови како трговското ембарго кое `и го
наметна Грција во 1993 година, како и внатрешниот
политички конфликт во 2001 година. Недостигот на
капитал, како и за останатите транзициони економии, и за
Република Македонија претставуваше проблем.
Крајни согледувања
• Реформата на даночниот систем во Република Македонија се
наметна како последица на новите услови по
осамостојувањето, и потребата од дефинирање и изградба на
даночен систем кој ќе одговара на изменетите услови, како
резултат на транзицијата од социјалистичко во капиталистичко
уредување, во пазарна економија. Со оглед на аспирациите на
Република Македонија за членство во Европската Унија,
насоките и патот по кој беше неопходно да се развива
даночниот систем во РМ беше во согласност со барањата на
ЕУ, со цел усогласување на даночното законодавство со она на
ЕУ.

You might also like