You are on page 1of 143

Девизен систем и девизно

работење
Девизен систем е:
• Збир на правни прописи,инструменти и
мерки, со помош на кои државата, односно
општеството ги регулира односите со
платниот промет со странство, располагањето
со странските средства за плаќање во земјата
и странство и сите други прашања сврзани со
меѓународните финансиски односи.
• Од аспект на строгоста на регулативната
улога,девизниот систем може да биде строг
или либерален.
• Доколку го регулира вкупниот промет на стоки и
услуги со странство (ги регулира секое плаќање
и наплатување со странство и секое стекнување и
располагање со девизите), девизниот систем е
строг.

• Ако со девизниот систем се регулира само мал


дел од прометот на стоки и услуги, се регулираат
само определени плаќања и наплатувања со
странство,станува збор за либерален девизен
систем.
• Со помош на девизниот систем може да се
постигнат следниве цели:

• Може да се одржува рамнотежа во билансот


на плаќањата по пат на контролирање на
приливот, посебно на одливот на валутните и
девизните средства

• За да се оствари определен прилив на девизи


може со мерки и инструменти на девизниот
систем да се стимулира извозот на стоки и
услуги од домашното стопанство
• Во согласност на приоритетните потреби на
домашното стопанство може да се води
политика за заштита на домашното
производство по пат на регулирање и
оневозможување на увозот на стоки и услуги во
земјата, да се води активна политика за заштита
на определени видови производи и услуги од
странската конкуренција

• Со помош на девизниот систем може да се


регулира надворешно трговската размена на
земјата
• Може да се обезбеди активно влијание врз
остварувањето на динамиката и правците на
стопанскиот развиток врз стапката и структурата
на стопанскиот растеж во земјата и врз
успешното вклучување во меѓународната
поделба на трудот.

• Може да се стимулира или дестимулира


приливот и одливот на девизните средства, а со
тоа да се влијае на еден од каналите за емисија и
повлекување на парични средства во рамките на
домашното стопанство, односно да се влијае врз
стопанските текови во земјата.
Девизна политика
• Поим: девизната политика е интегрален дел од
општата економска политика и ги опфаќа
мерките што државата, односно општеството ги
презема во областа на односите на плаќањата со
странство, во областа на одржувањето на
интервалутарната вредност на домашната
валута, во областа на перманентно реализирање
на финансиските текови и одржувањето
рамнотежа во тековниот биланс на плаќањата.
• Девизната политика може да се реализира
како:
• Директна девизна политика (се формираат
фондови или се пропишуваат девизните
ограничувања)

• Индиректна девизна политика, која се


реализира по пат на реализирање на
политика на цените, политика на каматната
стапка, политика на задолжителни резерви
на банките и сл
• Девизната политика исто така може да се
реализира:
• Национална девизна (валутна) политика чии
носители се домашните девизни власти,
финансиските органи, емисионата банка и
другите овластени банки итн и
• Меѓународна девизна политика којашто се
реализира при реализирањето на
меѓународните спогодби за плаќања, на
меѓународните спогодби за интервалутарните
курсеви, за цената на златото и сл., а носители на
таа политика се меѓународните финансиски и
банкарски институции.
Валути и валутни системи
• Валута=лат.збор Valuta
• =монетарен систем на една земја што се
определува од страна на државата и со кој се
утврдува основната парична единица(името на
таа парична единица,облик, состав) како
законско средство за плаќање во внатрешните
финансиски трансакции.
• =означува ефективни пари и парични знаци
(банкноти) што се наоѓаат во оптек на една
земја, односно ја означува основната парична
единица што ја чини основата на монетарниот
систем на една земја.
• Во меѓународниот промет под валути се
подразбира само ефективни странски
пари,паричните знаци со кои се диспонира во
некоја друга земја.
• Овде поимот валута не ги опфаќа и паричните
сурогати, како што се меница, чек и акредитив,
кои претставуваат пренос на побарувањата што
гласат на определена валута.
• Со девизните прописи во РМакедонија како
валути се дефинираат сите видови ефективни
странски пари освен странските ковани златни
пари коишто се сметаат како благороден метал.
• Валутата како парична единица што ја чини
основата на монетарниот систем на една
земја, се смета со закон определената
единица што служи како основно мерило
на вредноста на една земја.

• Во зависност од основите на монетарниот


систем, односно од карактеристиките на
самата валута се определува вредноста на
валутата како основна парична единица во
рамките на валутниот (монетарниот) систем
на земјата.
• Во рамките на монетарните системи што се
базираат на металниот стандард, вредноста
на основната парична единица се
определува со количината на благородниот
метал што е содржан во паричната единица
или што служи како резерва за покритие на
таа парична единица.

• Во системот на книжна валута, односно


важењето на книжните пари немаат
покритие во благородни метали (кога
немаат покритие во злато), вредноста на
паричната единица (валутата) се темели на
куповната сила на парите во земјата.
• Во секоја земја со законски акт се утврдува
паричната единица и се определува името
на националната парична единица (на
националната валута).

• Валутите на земјите, служат пред се, како


законско средство за плаќање во рамки на
националната економија.
• Од аспект на способноста на валутите да
служат како меѓународно мерило на
вредноста и да се заменуваат за злато или
за некои други валути, валутите се делат на:

• Конвертибилни
• Трансферабилни
• Неконвертибилни
• Клириншки или пресметковни
• Црноберзијански
• Конвертибилни ги нарекуваме валутите коишто во
принцип можат во слободно да се менуваат за
злато или за секоја друга валута, и тоа во секое и во
неограничени количини.
• -во златниот стандард постоеше неограничена
конвертибилност.Денес тоа не постои.
• Денес среќаваме ограничена конвертибилност.
Валутите на повеќето западноевропски земји се
конвертибилни за други валути само кога со нив се
вршат определени видови меѓународни плаќања
(тн тековни трансакции).
• Конвертибилните валути што се заменливи за
злато, што се неограничено конвертибилни, се
нарекуваат уште и тврди валути.
• Трансферабилни ги нарекуваме валутите што
можат да се употребат за плаќања и во други
земји, но само во земјите коишто со земјата за
чија валута станува збор се врзани со посебен
договор во валутен блок.
• Неконвертибилни валути се валутите што не
можат да се заменат со злато или со други
валути.
• Овие валути кои се нарекуваат и меки валути,
служат исклучиво како средство за плаќања во
внатрешниот промет.
• Земјите кои имаат неконвертибилни валути,
меѓународните плаќања ги вршат во
конвертибилни валути на другите земји
• Клириншки или пресметковни валути се
нарекуваат валутите со помош на кои се
вршат меѓусебни пресметнувања и плаќања
врз основа на меѓудржавен договор.
-Пресметковната валута која се нарекува и
договорна валута, не е валута на ниедна од
договорните страни, туку некоја трета
валута врз основа на утврден сооднос.
-Црноберзијанските валути ги нарекуваме
валутите чиишто курс се формира на
“црната берза”нелегално, во спротивност
на девизно-валутните и контролирани
прописи на една земја.
• Промени во вредноста на валутата во
земјата (промена на нивната куповна сила)

• Промена во вредноста на валутата во


странство (промени на нивната
интервалутарна вредност)

• Промена на куповна сила =


инфлација/дефлација
• Интервалутарната вредност на домашната
валута се менува со акт на монетарната
власт.
• Имено, со акт на монетарната власт може
да се изврши девалвација на
интервалутарната вредност на домашната
валута (може да се изврши намалување на
интервалутарната вредност на домашната
валута).
• Спротивно на тоа, со акт на монетарната
власт може да се изврши ревалвација,
зголемување на интервалутната вредност
на домашната валута.
• Кога во стопанството на една национална
економија постои состојба на инфлација (опаѓа
куповната сила на домашната валута) или со
акт на монетарната власт се девалвира, се
намалува интервалутната вредност на
домашната валута, станува збор за
депрецијација за вредноста на валутата.
• Доколку пак во стопанството постои состојба
на дефлација(расте куповната сила на парите)
или со акт на монетарната власт се ревалвира,
се зголемува интервалутната вредност на
домашната валута, станува збор за
апрецијација на вредноста на валутата.
ВАЛУТНИ СИСТЕМИ
• Поимот валутен, односно монетарен
(паричен) систем означува важење, валута.
Означува организирана активност на
државата во областа на парите којашто со
своите мерки и прописи ги регулира и
утврдува сите формални прашања што се
од значење за оптекот на парите.
• Валутниот (монетарен) систем во една
земја ги утврдува со законски акти на
државата, паричната единица, металот на
важењето или покритието, заменливоста и
сл.
• Металистички валутен систем
• Оваа поделба појдува од тоа дека во
металистичкиот валутен систем вредноста
на парите треба да биде врзана за
вредноста на некој метал и сите видови
пари се заменуваат конечно во злато како
монетен метал, односно со злато како
стока.
• При постоењето на современиот
(книжниот) валутен систем не постои
непосредна врска помеѓу вредноста на
парите и вредноста на благородните
метали, во прв ред златото.
• Основна карактеристика на металистичките
валутни (парични) системи е таа што
вредноста на парите е врзана за вредноста на
објективен стандард, за благороден метал (во
прв ред за златото и среброто) и сите видови
пари се заменуваат конечно со злато или
сребро како монетен метал или како стока.
• Во оваа група спаѓаат:
• Паралелна валута
• Биметализам
• Систем на куца валута
• Монометалистичка валута
• Паралелна валута се карактеризира со тоа што
се коваат пари со полна вредност и од злато и
од сребро.И златните и сребрените пари се
дефинитивни пари и не постои нивна
меѓусебна заменливост.
• Доколку во оптек постојат, покрај металните,
курантни пари и банкноти треба од нив да
стои дали се заменливи со злато или со
сребро.Тоа значи дека се работи за постоење
на два потполно самостојни парични системи
коишто паралелно постојат во една
национална економија поради што тој валутен
систем се нарекува паралелна валута.
• Со оглед на тоа што во суштина се работи за
постоење на два парични системи, вредноста на
една парична единица (на пример, златни
пари)изразена во парична единица на друга
валута (на пример,сребрени пари) претставува
нејзин интервалутен курс.
• Биметализмот (двојно важење) односно
алтернативна валута, се развива од системот на
паралелна валута. Како валутен (паричен) систем
биметализмот ги задржува и златните и
сребрените пари во оптек како пари со полна
вредност без да постои автономија во движењето
на нивната меѓусебна вредност, без да постои
паралелност помеѓу вредноста на златните и
сребрените пари.
• Систем на куца валута или куцото важење
се карактеризира со тоа што претставува
еден вид комбинација на биметализам при
што едната парична единица служи како
неограничено средство за плаќање, а
другата парична единица како помошно
средство за плаќање во определени
единици и со ограничена количина на
ковањето.
• Монометализам или монометалистички
валутен систем е таков валутен систем при
којшто за полновредно средство за
плаќање е определенсамо еден
метал:постои ковање на пари само од еден
метал.
• Монометалистичката златна валута во
својот развиток поминала низ три облици:
• Систем на златна валута со злато во оптек
• Врз основа на златни шипки
• Врз основа на златни девизи
Поим, видови и значење на
валутната конвертибилност
• Валутната конвертибилност во системот на
златната валута претставуваше можност да
се претвори националната валута во злато и
тоа по пропишана ковничка норма.
• Ова постоело само во време на постоење
на систем на златна валута кога во оптек се
наоѓаа златници.
• Од аспект на самиот поим, постојат два
основни облика на конвертибилност:
• Класична
• Современа
• Класичната конвертибилност пред се е
внатрешна, а современата е надворешна
конвертибилност.
• Внатрешна конвертибилност се дефинира
како право на поединците секое
побарување што го имаат во домашна
валута да можат за секој вид плаќања
неограничено да го претворуваат во
побарување во која и да е странска валута.
• Надворешната конвертибилност
претставува право на странските лица
своите побарувања во валута на некоја
земја да можат слободно да ги
претворуваат во која и да е трета валута.
• Од практичен аспект, разликуваме:
1.Варијанта на полна конвертибилност
2.Варијанта на ограничена конвертибилност.

1. Полната или неограничената


конвертибилност е состојба кога секој имател
на девизи или домашни средства за плаќање
(се однесува и на домашни и на странски
лица) има право да ги претвори (да ги
конвертира) во домашни или странски
средства за плаќање во неограничени износи
по паритетен курс без оглед на потеклото и
целта на употребувањето.
• Ограничената конвертибилност ја
среќаваме како:
• Конвертибилност за странци или
надворешна конвертибилност.
Ограничувањето се состои во тоа што само
странските правни и физички лица имаат
право на конверзија, односно имаат право
слободно да ги заменуваат своите
расположливи парични средства и
побарувања во валути од една земја (од
својата земја) во која и да е друга валута и
обратно.
• Конвертибилност за домашни лица или
внатрешна конвертибилност.

Конвертибилност која овозможува и


домашните физички лица да вршат не само
купување и продажба на странски средства
за плаќање туку и да купуваат странски
хартии од вредност. Во овој вид на
конвертибилност такви права имаат и
странските лица.
• Комерцијална конвертибилност

Овде право на слободна конверзија имаат


домашните и странските лица само кога
станува збор за тековни трансакции,
односно за промет на стоки и услуги.
• Финансиска конвертибилност

Постои потполна слобода за вршење на


меѓународни плаќања, но со истовремено
регулирање на стоковната размена со
странство.
• За секој степен и варијанта на валутната
конвертибилност мора да постојат посебни
економски услови:

• Да постои општа рамнотежа, од која при


релативно полна вработеност на факторите
на производство и одредена стапка на
стопански растеж е неопходно да се
постигне стабилност на цените во земјата
(да се запре инфлацијата);
• Да постојат стабилни односи во
стопанството коишто се карактеризираат со
усогласеност на односите на
производството и потрошувачката при
одреден степен на стабилност на цените

• Да постои усогласеност на односите во


билансот на плаќањата и постоењето на
стабилност на девизниот курс.
• За што служат резервите од злато, девизи,
специјални права?
• Претставуваат битна претпоставка за
премин кон конвертибилност односно,
нивното поседување во адекватни износи
овозможува земјата да поднесе одреден
напор кај оние плаќања што ги
преминуваат износите што таа ги примила
во одреден временски период.
• Можат да ги отстранат привремените
тешкотии во билансот на плаќања
• Висината на резервите во основа зависи од
осетливоста на позициите во билансот на
плаќањата на земјата и од можностите таа
да добие странски заеми со кои би ја
премостила привремената неликвидност
(во зависност од угледот што го поседува и
нејзината меѓународна кредитна
способност).
• Со тоа што монетарните власти ќе ги
користат девизните резерви со цел да ја
приспособат внатрешната вредност на
парите (нивната куповна сила) кон
надворешната вредност на парите (нивната
интервалутарна вредност), се стекнува
мислење дека надворешната вредност на
парите е онаа што ја детерминира нивната
внатрешна вредност.
• Всушност се јавува обратен случај,
надворешната вредност на парите
произлегува од нивната внатрешна
вредност.
Валутен паритет
• Паритет=лат.збор што значи еднаквост
• Изразот паритет се користи за да ја изрази
еднаквоста во односот на две валути,
односно да го изрази законски утврдениот
однос на валутите спрема златото или
спрема некоја друга валута или пак да го
изрази утврдениот вредносен однос на две
валути коишто својата вредност ја
изразуваат во злато.
• Валутниот паритет претставува со закон
определена количина на монетниот метал
како мерило на вредноста на една валутна
единица, односно односот на вредноста
на валутите на одделните земји којшто
одговара на односот на нивната содржина
на монетен метал.
• Како основа на валутниот паритет, спрема
тоа, служи количината на злато што ја
содржи или претставува секоја парична
единица.
• Односот на вредноста на двете валути
(валутниот паритет) претставува односот на
количината злато што го содржат или
претставуваат тие две валути или пак
односот на нивните норми на ковањето.
• Валутниот паритет на валутата ја чини
основата на нејзиниот валутен курс.
• Валутниот курс на една валута може да
отстапува од нејзиниот валутен паритет,
нагоре или надолу во рамките на
определени граници.
Валутни спогодби
• Валутна спогодба е спогодба помеѓу две или
повеќе држави со цел да се регулираат
определени прашања што се однесуваат на
утврдувањето висината на валутните курсеви
или на одржувањето стабилност на тие
курсеви.
• Со валутните спогодби се настојува по пат на
соработка да се одржува што е можно
поголема меѓународна ликвидност.
Валутен блок
• Валутниот блок (валутно подрачје или
валутна зона) претставува група на поголем
или помал број на земји чијашто цел е да се
реализира потесна соработка во областа на
меѓународните плаќања.
• Валутниот блок обично се создава кога
една поголема или економски и политички
појака земја ќе собере околу себе поголем
број помали, економски и политички
послаби земји или земји што се во
зависност од неа.
Валутен пул
• Валутниот пул се нарекува заедничката валутна
резерва на поголем број земји со цел да се
совладаат определени тешкотии во одржувањето
на меѓународната ликвидност по пат на
економисување на одделни дефицитни валути.
• Земјите-членки на определена валутна спогодба,
врз основа на одредбите на спогодбата внесуваат во
пулот еден дел или целиот остварен девизен
приход.
• Девизните средства собрани со внесувањата на
одделните членки се делат помеѓу земјите-членки
по однапред договорен клуч.
Валутен дампинг
• Валутниот дампинг се поврзува со
девалвацијата на домашната валута со
цел да се создадат услови за
зголемување на извозот.

• Валутниот дампинг претставува вештачко


намалување на интервалутната вредност
на домашната валута за да се намалат
цените на домашните производи на
светскиот пазар.
• Должината на траењето на валутниот дампинг
зависи пред се, од способноста на
националното стопанство вештачки да ги
одржува цените и трошоците за живот со
помош на девизниот режим.
• Под валутен дампинг се подразбира
определување на неоправдано низок курс на
својата валута од страна на одделни земји со
цел да се зголеми извозот и намали увозот на
стоки и услуги.
• Често пати, поради недостиг на девизи,
одделни земји го форсираат, по пат на вaлутен
дампинг, извозот на своите производи и
услуги за да обезбедат поголем девизен
прилив.
Валутен ризик
• Под валутен ризик се подразбира ризикот што се
јавува како резултат на менувањето на вредноста
на парите (куповна сила и интервалутна вредност)
без волјата на должниците и доверителите.
• За да се избегне ризикот од оштетување на
продавачот (ако договорната валута девалвира
или на кој да е начин изгуби од вредноста),
односно за да се избегне ризикот од оштетување
на купувачот (доколку договорната валута ќе
ревалвира или на друг начин ќе ја зголеми
вредноста), се применува валутна или златна
клаузула.
Валутна клаузула
• Валутната клаузула е таква клаузула што се
внесува во договорите со кои се регулира
плаќањето во странски валути со цел да се
неутрализира евентуалниот валутен ризик.

• Оваа клаузула се внесува во договорот, ако


се во прашање валути чија тенденцијаво
формирањето на нивната интервалутна
вредност е лабава.
• Вообичаено во договорот е да се определи
валутниот курс на валутата со која таа е
постабилна. Доколку ќе се промени
валутниот курс на валутата, со која ќе се
вршат плаќањата тогаш ќе биде меродавен
валутниот курс на третата валута (валутата
што има постабилен валутен курс).
• Примената на т.н. Златна клаузула се
обезбедува вредноста на сумата што треба
да се исплати поради евентуални промени
во вредноста на валутата.
• Како се врши обезбедувањето?
• На начин што се става клаузула во
договорот дека доколку се промени
интервалутната вредност на валутата со
која ќе се плаќа обврската, плаќањето на
таа обврска ќе се врши во злато.
• Што е клаузула?

• 1. Во правото - посебен член во договор и


во друг правен акт со кој се ограничува, се
обусловува неговото извршување.
• 2. Забелешка, напомена (во некој документ,
акт).
Интервалутни односи
• Определувањето на интервалутните односи на
вредностите на националните валути што се
користат во меѓународните плаќања е доста
значајно за нормално вршење на
надворешно-трговската размена и воопшто за
развитокот на меѓународните економски и
финансиски односи.

• Успешноста на вршењето на надворешно-


трговската размена, на меѓународните
економско-финансиски односи, зависи и од
тоа колку однапред им се познати на
учесниците интервалутните односи помеѓу
валутите во тие економско-финансиски
односи.
• Интервалутниот однос на валутите на
одделни национални економии, којшто во
суштина е валутен курс, односно систем на
паритети на тие валути, се определува на
следниве начини:
• По пат на споредување на домашната
вредност(куповна сила) на валутата на
една национална економија со домашната
вредност (куповна сила) на валутите на
други национални економии
• По пат на утврдување на
интервалутната вредност на
домашната валута од страна на
монетарната власт во однос на
паритетот во злато или во некоја трета
валута
• По пат на дејствување на механизмот
на понудата и побарувачката на
валутите на националните економии
на валутниот пазар.
Паритет на куповните сили на
валутите
• ПКС претставува реална основа за утврдување
на односот на вредноста на две валути, за
утврдување на реалниот валутен курс.
• При постоење на “нормална слободна
трговија” доколку во една земја ќе се јави
состојба на инфлација, со што
пропорционално ќе се намали куповната сила
на валутата на таа земја, ќе се намали и
интервалутната вредност на таа валута во
однос на валутите на другите земји.
• Доколку пак се јави состојба на инфлација
во двете земји, валутниот курс на нивните
валути ќе биде рамен на нивниот
првобитен курс помножен со коефициентот
на степенот на инфлацијата во едната земја
и степенот на инфлација во другата земја.
• Тоа значи дека валутните курсеви
тендираат спрема висината на која се
израмнуваат куповните сили на валутите на
двете земји.
• Доколку инфлационите/дефлационите
движења во две земји се поклопуваат ,
валутните курсеви остануваат
непроменети(стабилни).
• Доколку пак, инфлационите/дефлационите
движења во две земји не се поклопуваат,
тогаш новиот валутен курс на валутите на
тие земји се пресметува по формула:
• Појдувајќи оттаму дека куповната сила на
парите е поголема доколку општото ниво
на цените во земјата е пониско и обратно,
Cassel ПКС теоријата ја формулирал на уште
еден начин.
• Имено, курсот на валутите на две земји
секогаш се формира спрема општото ниво
на цените во секоја земја, а надворешната
трговија ќе придонесе да се изедначи
нивото на цените и валутните курсеви
помеѓу тие земји.
• Критиката за ПКС се однесува на тоа што не може да докаже дека
флуктуирањата на валутниот курс нужно одговараат на флуктуациите
на куповните сили на одделните валути.

• Имено, доколку флуктуациите на валутниот курс не се поклопуваат со


промените во односите на куповните сили на валутите, односно со
нивоата на цените, тогаш се поставува прашањето зошто
флуктуациите на валутните курсеви би морале да имаат врска со
промените на односите на куповните сили на валутите.

• Исто така се истакнува и тоа дека е погрешна претпоставката по која


купувачот на странска валута ја зема во предвид општата куповна
сила на таа валута.

• Во современото сфаќање на билансот на плаќања, основата на тој


биланс ја чинат движењата на капиталот, а трговскиот биланс се
приспособува кон движењата на капиталот, еден од најважните
моменти при побарувањето на валутите не е земен во предвид.
• Покрај задолжувањата спрема странство, како
значајни фактори што влијаат на висината на
валутниот курс треба да се земат во предвид и
промените во структурата на цените и
побарувачката, состојбата во конјуктурата и
влијанието на мерките во областа на економските
односи со странство.
• Тоа, пак упатува на заклучок дека паритетот на
куповните сили на валутите е само еден од
факторите што ја определуваат висината на
валутниот курс.
• Современите теоретичари на валутниот курс
сметаат дека висината на валутниот курс зависи од
понудата и побарувачката на валутите на девизните
пазари, односно постојат доста фактори што ја
детерминираат висината на валутниот курс.
Утврдување на интервалутната вредност на
валутите врз основа на заеднички
деноминатор
• Суштината на ваквото утврдување на
интервалутната вредност на валутите е во тоа
што, врз основа на постоењето на претходен
формален или неформален договор меѓу
земјите што се договориле заеднички да ја
утврдуваат интервалутната вредност на
своите валути, се определува единствен
критериум наречен деноминатор врз основа
на кој се определува интервалутната вредност
на валутите на одделните национални
економии.
• Кај овој начин монетарната власт е таа
којашто ја утврдува интервалутната
вредност на домашната валута имајќи го
во предвид почитувањето на постоењето на
заеднички прифатениот единствен
критериум (деноминатор).
• Определувањето на деноминаторот е
предмет на меѓународни спогодби.
• Со спогодбата со која е формиран ММФ,
заеднички е определено деноминатор да
биде златото.
• Врз основа на ова, интервалутната вредност
на валутите на земјите-членки на ММФ се
определува спрема количината злато што ја
содржи, односно ја претставува таа валута.

• Во современи услови, кога постои систем


на книжна валута, книжно важење,
прашањето за определување и одржување
на интервалутната вредност на валутите е
комплицирано
• Во такви услови се преминува кон
формирање на интервалутната вредност на
валутите врз основа на движењето на
понудата и побарувачката на валутите.
Пазарно формирање на интервалутната
вредност на валутите
• Интервалутната вредност на валутите може да
се формира и по пат на дејствување на
механизмот на понудата и побарувачката на
валутите на националните економии.
• На меѓународните валутно-девизни пазари,
валутите се продаваат како стоки и врз
основа на нивната понуда и побарувачка се
формира нивната пазарна цена којашто во
суштина е нивната интервалутна вредност,
односно нивниот интервалутен курс.
• Доколку при менувањето на интервалутната
вредност на домашната валута со акт на
монетарна власт (ревалвација и девалвација) не
се води доволно сметка за нивото на куповна
сила на домашната валута, интервалутната
вредност на домашната валута може да биде
преценета или потценета.
• Интервалутната вредност на домашната
валута ќе биде преценета, доколку
валутниот курс е формиран на повисоко
ниво од нивото на куповна сила на валутата
во земјата.

• Интервалутната вредност на домашната


валута ќе биде потценета, доколку
валутниот курс е формиран на пониско
ниво од нивото на куповна сила на валутата
во земјата.
• Кога постои преценетост на интервалутната
вредност на домашната валута, се менуваат
условите за размена на штета на
домашното стопанство.
• Имено, цените на странските стоки и
услуги,изразени во апрецирана домашна
валута, се пониски со што расте
побарувачката на тие стоки и услуги, а со
тоа расте и нивниот увоз.
• Цената на домашните стоки и услуги на
странскиот пазар, изразени во странски
валути, се повисоки поради тоа што
нивниот извоз во странство се намалува.
• Намалениот извоз и зголемениот увоз
влијае на зголемувањето на побарувачката
на странски валути и девизи на домашниот
валутно девизен пазар со што се врши
исцрпување на девизните резерви на
земјата.
• Кога постои потценетост на интервалутната
вредност на домашната валута, постои
обратна состојба.
• Се менуваат условите за размена во полза на
домашното стопанство.
• Цените на странските стоки и услуги изразени
во депрецирана домашна валута се повисоки
со што се намалува побарувачката на тие стоки
и услуги и со тоа се намалува нивниот увоз.
Цените на домашните стоки и услуги на
странскиот пазар изразени во странски валути
се пониски поради што нивниот извоз се
зголемува.
• Намалениот увоз и зголемениот извоз
влијае на зголемувањето на побарувачката
на домашната валута на странските
валутно-девизни пазари со што се врши
зголемување на девизните резерви во
земјата.
Поим и видови на девизите
• Парите на една економија се јавуваат во
странство во два вида:
• Во вид на ефективни странски пари или
валути (foreign currency)
• Во вид на краткорочни побарувања во
странски пари или девизи (foreign exchange)
• Поимот девиза произлегува од шпанскиот
збор devisa, што значи странска меница,
меница што гласи на странска валута и
којашто треба да се плати во странство.
• Девизите коишто некои економисти ги
нарекуваат влезници за странските пазари,
претставуваат упатница на куповната сила
во странство.
• Тоа значи дека, странскиот девизен
резидент како корисник на побарувањата
во странство добива девизи коишто
претставуваат побарувања во странска
валута.
• Девизите како побарувања во странска
валута претставуваат специфична стока што
се купува и продава на девизниот пазар.
• За имателот на девизите (домашниот
резидент) тие не претставуват пари, бидејќи
имателот ќе добие домашни пари откако ќе ги
продаде девизите на девизниот пазар или ќе
ги презентира кај некоја банка за наплата.
• Поимот девизи првобитно бил врзан за
мениците што гласале на странска валута и се
плаќале во странство и за нив во земјата била
оставана адекватна противвредност во
домашни пари.
• Главната цел на тие меници била да го олеснат
платниот промет помеѓу оддалечените места
со различни валути и да обезбедат сигурност
во платниот промет меѓу тие места.
• Сега девизите, од макроекономски аспект би
можеле да се дефинират како побарувања што ги
има едно национално стопанство во валути на
другите национални стопанства (на другите земји).
• Побарувања кои би имале третман на девизи, би
биле:
• Побарувања на банките по тековните сметки кај
странските банки
• Чекови и меници што гласат на странски валути и
влечени од странски банки
• Примени акредитивни налози
• Кредитни писма
• Телеграфски налози и други хартии од вредност што
гласат на странски валути.
• Според потесното стојалиште за девизи се
сметаат сите краткорочни побарувања во
странство по било кој основ, во било која
валута и без оглед на начинот на
располагањето со девизите.
• Според ова, странските пари (странските
валути)што се наоѓаат во рацете на
домашните девизни резиденти не
претставуваат девизи.
• Спрема поширокото стојалиште, поимот
девизи ги опфаќа и странските пари
(странските валути) што се наоѓаат кај
домашните девизни резиденти.

• Сепак од теоретски и од практичната


примена, во повеќето земји, е прифатено
првото, потесното стојалиште, со што се
прави разлика помеѓу поимот и суштина на
валутите и девизите
Видови девизи
• Од стопанско-политички аспект, девизите се делат
на две групи:
• Слободни
• Врзани девизи
• Слободни девизи се дефинираат како побарувања
во странство во такви видови странски средства за
плаќање со кои нивните сопственици би можеле да
располагаат слободно за плаќање на побарувањата
во земјата или пак за плаќање во некоја друга
земја.
• Најчесто како синоними за слободни девизи се
:конвертибилните,здравите или цврстите девизи.
• Врзани девизи гласат на краткорочни
побарувања во странство, во странски
средства за плаќање, побарувања што би
можеле да се користат само за договорени
видови плаќања.
• Самото име произлегува од ограниченоста
што постоои кај сопственикот на сите
девизни побарувања при нивното
користење.
• Како синоними на врзаните девизи најчесто
се споменуваат неконвертибилните,
слабите, меките или клириншки девизи.
• Од аспект на врзувањето на вредноста на
валутите, ги имаме следниве дефинирања:
• Слободни девизи се сметаат девизите што
гласат на валути (на ефективни странски
пари) чијашто вредност званично не е
врзана за вредноста на некој објективен
стандард (за вредноста на златото или
вредноста на некоја стабилна валута на
трета земја).
• Врзани девизи се нарекуваат
краткорочните побарувања во странски
средства за плаќања (во странски валути)
чијашто вредност е врзана, е утврдена во
однос на вредноста на некој објективен
стандард.
• Објективниот стандард на чија вредност се
врзуват вредностите на валутите на
одделните земји, претставува еден вид
заеднички именител се формира и
интервалутната вредност на валутите на тие
земји.
• Постои и следнава поделба на девизи:
• Меки
• Цврсти
• Клириншки
• Конвертибилни
• Промптни
• Термински
• Стоковни
• Нестоковни
• Иселенички
• Туристички
• Ефективни
• Пресметковни и др.
• Меки девизи-краткорочни побарувања што
гласат на странски валути чијашто куповна
сила не е стабилна, не се конвертибилни во
други валути
• Цврсти девизи-краткорочни побарувања што
гласат на странски валути чијашто куповна
сила е постојана. Тие имаат стабилен валутен
курс и во значајна мера се конвертибилни за
други валути.
• Стабилноста на куповната сила на странските
валути произлегува од постоењето стабилност
на односите внатре во стопанството и на
урамнотеженоста на билансот на плаќања.
• Клириншки девизи – краткорочни
побарувања што гласат во странски валути.
Тоа се побарувања од странство што
резултираат од побарувањата од некоја
земја со која што размената и плаќањта се
вршат по пат на клиринг.
• Клириншките девизи се јавуваат како
резултат на постоењето на позитивно
клириншко салдо на една земја во однос на
друга земја со која е склучена клириншка
спогодба.
• Конвертибилни девизи- краткорочни
побарувања што гласат во странски валути се
девизи што можат слободно да се менуваат,
да се конвертираат за други девизи,за други
краткорочни побарувања во странски валути
врз основа на утврден паритет.
• Промптните девизи претставуваат такви
побарувања во странски валути што достасале,
побарувања со кои може веднаш да се
располага и тоа во зависност од карактерот на
девзиите, во зависност од тоа дали се валутите
на кои гласат конвертибилни или не се, и во
зависност од режимот на користењето на
валутите.
• Терминските девизи претставуваат
побарувања во странски валути коишто не
можат веднаш да се користат, туку по
истекот на однапред договорениот рок.
• И промптните и терминските девизи се
среќаваат најчесто на валутно-девизните и
ефектни берзи.
• Најчесто терминските девизи се купуваат
заради обезбедување од курсниот ризик
или пак од чисти шпекулативни мотиви, со
цел да се заработи на разликите во курсот.
Девизен курс
• Кога се разгледуваат поимот и суштинатана
девизниот курс, речиси секогаш се има
предвид сооднодот помеѓу вредноста на
домашната и странските валути.
• Валутниот курс се дефинира како цена на
паричната единица на една (обично странска)
земја изразена во парични единици на друга
(обично домашна) земја. Бидејќи ги изразува
односите на вредностите помеѓу валутите, ги
изразува односите на интервалутните
вредности помеѓу валутите на оделните
национални економики, освен терминот
валутен курс се користи и терминот
интервалутен курс.
• Во повеќето земји (и во Р.Македонија)
банките, согласно со девизните прописи,
продаваат странски валути по курс којшто е
нешто повисок од службениот и тој курс се
нарекува продажен курс, а купуваат
странски валути по нешто понизок курс од
службениот и тој курс се нарекува куповен
курс.
• Разликата што се јавува помеѓу продажниот
и куповниот курс има карактер на приход
на банката и се користи за покривање на
манипулативните трошоци и за надоместок
за евентиално изгубениот интерес.
• Валутните курсеви ги објавуваат банките во
т.н. Курсни листи.
• Во тие листи обично се означува цената на
една или 100 единици на странска валута
во домашна како што е случај во повеќето
земји или, пак курсевите се искажуваат на
тој начин што се означува цената на
домашната валута во други странски валути
како што е случај со Велика Британија.
• Покрај службениот валуртен курс којшто го
определува државата, постојат и неслужбени
валутни курсеви што се формираат на разни
валутно-девизни пазари (на пример на
валутните и девизните берзи се формираат
посебни валутни курсеви наречени берзански
курсеви, односно котирања).
• Доколку постојат разлики во понудата и
побарувачката на една валута во повеќе
девизни берзи, а со тоа и различни валутни
курсеви на таа валута на берзите, разликите
помеѓу нив се израмнуваат по пат на
диференцијална арбитража помеѓу одделните
берзи.
• Доколку пак, вкупната понуда на некоја валута на
девизниот пазар ќе дојде во таква неусогласеност
со вкупната побарувачка за таа валута (или
обратно) со што се создаваат услови за
формирање на валутен курс што отстапува од
службениот валутен курс над или под
допуштените отстапувања.
• Доколку постојат можности за формирање на
валутните курсеви на “сивите” и на
”црните”пазари,тогаш се формираат “сиви” или
”црни” валутни курсеви.
• Ако валутниот курс на земјата е определен
во иста висина за вршење на сите валутни
операции, станува збор единствен валутен
курс.
• Ако пак се пропишуваат(од страна на
државата) различни валутни курсеви за
различни валутни операции или за
меѓународни плаќања, по одделни основи,
се врши диференцијација на курсевите,
станува збор за диференцијални
(повеќекратни) валутни курсеви.
• Девизниот курс се дефинира како цена на
странската валута на која гласи девизата
изразена во домашна валута (или во некоја
друга валута), односно девизниот курс
претставува сооднос помеѓу вредноста на
валутата на која гласи девизата и вредноста
на домашната валута.
• Девизниот курс покажува колку домашни
парични единици се даваат за една или сто
парични единици што се добиваат за
девизата од побарувањата во странска
валута.
• При поширокото дефинирање,девизниот
курс се дефинира како однос на вредноста
на домашните и странски валути или
цената на една национална валута
изразена во друга валута, односно цената
по која се пресметуваат, купуваат и
продаваат валутите и девизите.
• Девизниот курс се дефинира како цена на
странската валута во домашни пари.
• Куповната сила на валутата на една земја
може да дојде до зираз надвор од гранизите
на таа земја само на посреден начин, по пат на
размена, менување за друга валута, за валута
на друга земја.
• Размената на домашната валута со валутите на
другите земји се врши со посредство на
валутниот, односно девизниот курс.
• Со посредство на девизниот курс се врши
пресметување и споредување помеѓу
одделните национални економии, поради што
се вели дека валутниот и девизниот курс
претставуваат врска помеѓу одделните
национални стопанства.
Значење и функции на девизниот
курс
• Девизниот курс во едно национално
стопанство може да врши значајни функции:
• Нивелирање на домашните и странските цени
• Рационална ориентација на националното
стопанство во производството и стоковната
размена со странство
• Урамнотежување на платниот биланс
• Автоматска распределба на стоките и
капиталот меѓу различните национални пазари
• Остварување на платниот промет со странство
и сл.
• Доколку станува збор за реално формиран девизен
курс, тој курс може во голема мера да влијае на
нивелирањето на домашните и странски цени.
• Доколку девизниот курс претставува реална
интервалутна вредност на домашната валута, тој
може да влијае на приближувањето на домашните
цени кон странските цени со што домашното
стопанство ќе може во исто време и да се
ориентира кон рационално производство во
земјата, односно производство за извоз.На тој
начин девизниот курс ќе се јави во функција на
инструмент којшто ќе врши автоматска распределба
на стоките и капиталот меѓу различните национални
пазари, т.е. По пат на девзиниот курс се изедначуват
условите за размена на надворешниот и на
домашниот пазар.
Формирање и одржување на
девизните курсеви
• Прашањето за формирање на девизни курсеви
се поставува поради тоа што парите што се
наоѓаат во рамките на националната
економија и штом се јавуваат како законско
средство за плаќање надвор од границите на
земјата го губат тоа својство.

• Националните пари се само мерка на


вредноста или мерило на цената.Парите како
такви на домашниот пазар немаат своја цена,
туку во нив се изразуваат цените на сите стоки.
Тие на домашниот пазар не се стока.
• Валутата на една земја со преминувањето
во друга земја го губи својството на
законско средство за плаќање, но тоа не
значи дека во другите земји таа ја губи
својата вредност.

• Напротив, националната валута на една


земја добива во друга земја својство на
стока којашто резидентите на таа земја ќе
бидат спремни да ја купат како и секоја
друга стока којашто покрива определени
нивни потреби.
• Цената којашто тие резиденти се спремни да
ја платат за странската валута, претставува, во
исто време, определен однос по кој валутата
на една земја се претвора во друга валута.

• Ако девизниот курс ја претставува цената на


валутите, односно девизите како специфични
стоки, тој треба да ја израмни понудата и
побарувачката на валути и девизи на
девизниот пазар на определена висина (на
определена точка) којашто се нарекува
рамнотежен девизен курс.
• Висината на девизниот курс зависи од:

• -понудата и побарувачката на валути


• -билансот на плаќањата на земјата за чија
валута, односно девиза се определува
самиот девизен курс.
• Следствено,
• Доколку во платниот биланс на земјата се
јавува дефицит, девизните курсеви на
странските валути ќе покажуваат
тенденција покачување, бидејќи ќе расте
побарувачката на девизи
• Oбратно, доколку се јавува суфицит
девизните курсеви на странските валути ќе
покажуваат тенденција на намалување,
бидејќи ќе се зголеми понудата на девизи.
• Спрема тоа, во движењето на девизниот
курс речоси секогаш постои точка на која се
израмнува понудата и побарувачката на
валути, односно девизи.

• Врз основа на тоа се израмнува платниот


биланс и се воспоставува надворешна
рамнотежа.
• Релација девизен курс и платниот биланс?
• -Кога постои дефицит во платниот биланс и
покачувањето на девизниот курс на
странските валути,односно девизи, се
намалува увозот, се зголемува извозот и
повторно се воспоставува рамнотежа во
платниот биланс.
• -Слично ќе се случи доколку се реализира
актот на монетарната власт наречен
девалвација
• -Кога постои суфицит во платниот биланс и
плаќање на девизниот курс на странските
валути, се зголемува интересот за увоз
поради влошените услови за
размена.Значи, ќе се зголеми увозот, ќе се
намали извозот и повторно се
воспоставува рамнотежа во платниот
биланс.

• - Слично ќе се случи доколку се реализира


актот на монетарната власт наречен
ревалвација.
• Дали по пат на влијание на состојбата на
платниот биланс за формулирање на висината
на девизниот курс се формира т.н. курс на
рамнотежа?

• Одговорот е негативен, бидејќи девизниот


курс формиран само врз основа на состојбата
на платниот биланс не води сметка за
внатрешната рамнотежа.

• Девизниот курс треба да води сметка и за да


го одржува платниот биланс но без да
предизвика во домашната економија состојба
на инфлација и дефлација.
• Доколку девизниот курс влијае на состојбата
на платниот биланс и на внатрешната
економска и монетарна рамнотежа и доколку
одржува надворешна и внатрешна рамнотежа
на националното стопанство тој е курс на
рамнотежата.

• И самата состојба во платниот биланс и


степенот на внатрешна стабилност на
националното стопанство, од своја страна
влијаат на висината на девизниот курс, а со тоа
и на формирањето на тој курс како
рамнотежен курс.
• На висината на девизниот курс не влијае само
состојбата на платниот биланс (надворешна
рамнотежа), туку и ПКС на валутите како
резултат на состојбата на стопанството
(внатрешна рамнотежа).
• Начинот на формирање на девизниот курс,
посебно на рамнотежниот курс, подразбира
отсуство на интервенција на девизните и
монетарните власти на кој и да е начин и
потполно слободно формирање на девизниот
курс по пат на дејствувањето на понудата и
побарувачката на валутите и девизите на
девизниот пазар.
• Сепак денес таквиот начин на користење не се
користи.
• Како денес се формираат девизните курсеви?
• Денес девизните курсеви се формираат како
фиксни девизни курсеви или како
флексибилни , однoсно флуктуирачки девизни
курсеви врз понудата и побарувачката на
валути, односно девизи и тоа во определени
рамки на флуктуирањето над или под ex ante
формираниот девизен курс при истовремено
постоење можност за користење на
инструменти на увозната контрола и
стимулирање на извозот со користење
одредени мерки.
• Дали девизниот курс на одредена валута е
реален, односно што го детерминира
степенот на реалноста на девизниот курс?
• -Во начело секој девизен курс којшто се
формира и одржува на кој и да е начин е
реален.
• Меѓутоа таков реален курс во суштина
може да биде нереален доколку
детерминира определени пореметувања во
платниот биланс на одредена економија.
• Тоа упатува на сознанието дека реален
девизен курс е оној курс што ја доведува во
рамнотежа понудата и побарувачката за
определени валути (или за сите валути) а
таа рамнотежа се согледува во платниот
биланс.
• Доколку билансот на плаќања покажува
суфицит, тогаш девизниот курс на
националната валута е нереален бидејќи
домашната валута е преценета.
• Доколку билансот на плаќања покажува
дефицит, тогаш девизниот курс на
националната валута е нереален бидејќи
домашната валута е потценета.

• Прашањето за реален курс, односно


прашањето на степенот на реалноста на
девизниот курс е економска категорија и
определена стварност.

• Девизниот курс на валутата на една земја во


однос на валутата на друга земја е реален
доколку приближно одговара на реалната
состојба на тие две економии.
• Една национална економија која сака да се вклопи во
меѓународната поделба на трудот би можела да одржува
курс на рамнотежата на нејзината валута, ако се
придржува кон следново:

• -своето вклучување во меѓународните економски и


финансиски текови ќе треба да го реализира без
рестриктивни мерки

• -да одржува конвертибилност на својата валута(барем


надворешна конвертибилност во сферата на тековните
трансакции)

• -да води сметка девизниот курс да е одраз на движењето


на домашните цени во споредба со странските цени
(домашните цени да се одржуваат стабилни или нивото на
домашни цени да се менува во согласност со нивото на
странските цени).
• Политиката на одбрана на националната валута секогаш е
насочена кон одржување на постојаност на куповната сила и
интервалутна вредност на националната валута што не е случај
со политиката на реален девизен курс.

• Во областа на теоријата на девизните курсеви најчесто се


споменуваат неколку теоретски концепции за предвидувањето
на девизните курсеви:

• -паритет на куповна сила, паритетна каматна стапка и


користењето на терминскиот девизен курс за определување на
девизниот курс во иднина

• -монетаристичкиот пристап при водење на сметка за состојбата


во платниот биланс

• -комбиниран пристап каде што се користи или субјективна


анализа или користат определени модели за предвидување.
• Видови девизни курсеви:
• -фиксни
• -флексибилни
• -флуктуирачки
• Одделните видови девизни курсеви
најчесто се групираат во две основни групи:
• -според начинот на нивното утврдување се
разликуваат цврсти или фиксни и
променливи (флуктуирачки, флексибилни)
девизни курсеви
• -според тоа дали во истовреме постојат
повеќе девизни курсеви или само еден
зборуваме за повеќекратни или
диференцијални и единствени девизни
курсеви.
Фиксни девизни курсеви
• Овие курсеви ја претставуваат цената на
странските валути, изразена во домашна
валута што се формира врз основа на еден
утврден однос на валутите спрема некој
конвенционално одбран заеднички именител,
на пример златото или некоја друга стабилна
валута.
• Заедничкиот именител врз основа на кој се
утврдуваат цените на валутите, се нарекува
златен или валутен паритет.
• Претпоставка е паритетот да ја одразува
стварната вредност, односно стварната
куповна сила на валутата.
• Фиксните курсеви се определени од страна
на надлежните органи на државата.

• Тие го определуваат паритетот на


домашната валута во однос на валутите на
други национални економии.

• Фиксните курсеви постојат кога


вредносниот однос помеѓу домашните
пари и странските валути се одржува
стабилен.
• Фиксни девизни курсеви се нарекуваат
курсевите чијашто висина е постојана во однос
на други валути.

• Тој е формиран кога постоеше систем на


златна валута или важење со определени
осцилации во рамки на т.н. златни точки, а кај
системот на книжна валута со осцелации на
тесен распон околу официјалниот курс или во
поширок распон околу официјалниот курс.

• Овие курсеви имаат позитивни и негативни


карактеристики.
• Во позитивни карактеристи спаѓаат:

• -довербата што ја има валутата со фиксен


курс во меѓународниот промет
• -фиксниот курс претставува цврста основа
за определување на рентабилитетот на
извозот и увозот
• -фиксниот курс претставува основно
мерило за оптимално вклопување во
светската поделба на трудот
• Генерално може да се каже дека аргументите
што одат во прилог на фиксните девизни
курсеви се дел од пошироките аргументи кои
одат во прилог на националната глобална
економска политика којашто води кон
меѓународна економска интеграција.

• Меѓутоа треба да се води сметка дека


аргументите што се базираат на сличностите
на странските стопанства со домашното
стопанство имаат сериозни недостатоци:
• 1.во една економија движењето на факторите за
производство, стоките и услугите е слободно а тоа
не е случај во рамки на меѓународна економија

• 2.прифаќањето на единствена валута и


формирањето на фиксен девизен курс немаат
еднакво влијание на сите подрачја во националната
економија

• 3.при оценувањето на степенот на корисно дејство


на единствената национална валута и
дејствувањето на единствениот фиксен девизен
курс и степенот на економска интеграција мора да
се појде од одржувањето на умерена стабилност на
реалната вредност на националната валута.
• Во групата на лоши карактеристики се вбројуваат:

• 1.не создава услови за водење на самостојна


стопанска и монетарна политика

• 2. фиксниот девизен курс механички ги пренесува


во домашната економија сите нарушувања што
настануваат на стихијниот светски пазар

• 3.во услови на постоење на фиксен девизен курс,


монетарните власти се должни постојано да ги
отстрануваат диспропорциите меѓу понудата и
побарувачката на валутите на девизниот пазар
што во суштина значи потчинување на целите на
домашното стопанство на целите на валутната
политика.
Флексибилни девизни курсеви
• Системот на флуктуирачки девизни курсеви се
карактеризира со тоа што се формираат
слободно врз основа на понудата и
побарувачката на девизи на девизниот пазар.
• Флуктуирачките девизни курсеви не се
формираат и не се базираат на претходно
утврдениот валутен паритет.
• Тие ја одразуваат секојдневната состојба во
билансот на плаќањата.
• Флуктуирачкиот девизен курс ја означува точката
на која се израмнува понудата и побарувачката
на девизи.
• Флуктуирачкиот девизен курс ја означува
точката на која се израмнува билансот на
плаќањата.

• Флуктуирачките девизни курсеви, во состојба


на осетни диспропорции помеѓу девизните
примања и девизните плаќања, покажуваат
големи промени поради што нивната
примена предизвикува нестабилност на
извозните и увозните калкулации.
• Формирањето и одржувањето на флуктуирачки
девизни курсеви може да биде така концепирано
флуктуирањето, односно пливањето да се
остварува како ограничено пливање, регулирано
пливање со зафати на централната банка на
девизниот пазар и потполно слободно пливање.

• Со оглед на тоа што во денешни услови, кога


постои изразит економски интервенционизам и
изразито неперфектно функционирање на сите
видови пазари, е неодржливо формирањето и
одржувањето на слободно флуктуирачки девизни
курсеви.
• Се смета дека единствено изводлива
варијанта на формирање флуктуирачки
девизни курсеви е по пат на регулирано
флуктуирање.
• Тоа е варијанта кај која монетарните власти
не прокламираат ограничување на
движењето на девизниот курс, но одвреме
навреме, интервенирајќи по пат на
продажба или купување на национални
пари со цел да се влијае на движењето на
курсот на домашната валута на девизниот
пазар.
• Флуктуирачките девизни курсеви имаат
спротивно дејство врз стопанството и
цените од она на фиксните девизни
курсеви.
• Не предизвикуваат менување на цените на
домашниот пазар. Тие се јавуваат само како
компензатор на разликата помеѓу
странските и домашните цени.
• Доколку дојде до покачување или паѓање
на цените на некои стоки на надворешниот
пазар, тогаш за да останат непроменети
цените на тие стоки на домашниот пазар, ќе
се промени девизниот курс.
• Тоа значи дека цените на домашниот пазар не ќе
се менуваат врз основа на менувањето на цените
на странскиот пазар, а наместо нив ќе флуктуира
девизниот курс.
• На долг рок, девизните курсеви не можат да
останат без влијание на домашниот пазар и на
нивото на домашните цени.
• Нивото на домашните цени останува
непроменето само на почетокот, бидејќи откако
ќе се промени нивото на девизниот курс,
променетиот девизен курс повлекува зад себе и
промена на односот помеѓу домашните и
светските цени.
• Во економската теорија се изнесуваат
аргументи што се против или одат во
прилог на постоењето и користењето на
флуктуирачките девизни курсеви.
• Аргументи кои одат во прилог на
користењето на флуктуирачките девизни
курсеви:
• Системот на флуктуирачките девизни
курсеви го штити домашното стопанство од
определени притисоци што доаѓаат од
надвор
• При ваков курс не се јавува потреба од често
менување на паритетот на домашната валута како
резултат на нестабилната ситуација во
стопанството во земјата или во странство
• Овој систем е посебно погоден за онаа земја
којашто не е во состојба да определи релативно
реален фиксен девизен курс и него да го одржува
на пократок или подолг временски период
• Овој курс овозможува определување на
интервалутната вредност на домашната валута по
пат на понудата и побарувачката на домашната
валута во однос на валутите на другите земји.
• Против-аргументи:
• Поради тоа што не постои стабилен
девизен курс, не постои определено
стабилно мерило врз основа на кое би се
приспособувале и од кое би појдувале
купувачите и продавачите на стоки
• При увозот и извозот е потребно
секојдневно перманентно приспособување
појдувајќи од честите промени во
девизниот курс.
• Овој курс предизвикува одредени
нарушувања во домашното стопанство.
• Имено, цените во рамките на националното
стопанство само во почетокот се непроменливи,
т.е. не се под влијание на промените на цените на
светскиот пазар.
• Штом ќе се промени интервалутната вредност на
домашната валута, се јавуваат определени ефекти
на нивото и движето на домашните цени. Тие
ефекти се јавуваат како резултат на промените на
светското ниво на цените на сите артикли, а исто
така и на стоките што се увезуваат во земјата од
странство изразени во домашната валута
предизвикани со флуктуирањето на девизните
курсеви
• При ваков курс, во најголем број случаи
флуктуирањето на девизните курсеви е
резултат на шпекулативните движења на
краткорочните капитали.Самото
флуктуирање предизвикува нови
шпекулативни движења на краткорочните
капитали
• Не создава услови за постоење на една
сигурност во поглед на висината на
девизниот курс и го отежнува движењето
на долгорочните капитали
• Обично предизвикува состојба на
дефлација
Раководени (флексибилни) девизни
курсеви
• Кај овој вид девизен курс методот на пазарно
приспособување е заменет со метод за официјално
приспособување на курсот.
• Заедничка карактеристика на слободно флуктуирачки
девизен курс и раководниот флексибилен девизен
курс е во тоа што и во двата случаи се работи за
приспособуван девизен курс.
• Првиот е пазарно, а раководениот флексибилен
девизен курс е официјално приспособуван девизен
курс.
• Раководениот флексибилен девизен курс е постабилен
од слободно флуктуирачкиот девизен курс.
• Единствен и повеќекратни девизни
курсеви

• Доколку за сите видови економски трансакции со


светот се користи еден девизен курс, се зборува
за користење на единствен девизен курс.

• Повеќекратни девизни курсеви се нарекуваат и


диференцијални курсеви, бидејќи се
определуваат различни девизни курсеви за увоз и
извоз на различни видови стоки, за различни
плаќања и трансакции во различни земји.
• Можат да се јават во форма на коефициенти
на извозната и увозната страна, а, исто така, и
во облик на диференцијални пресметковни
курсеви.

• Погоден инструмент за диференцирана


депрецијација на домашната валута во врска
со диспаритетните цени коишто се
карактеристични за првата фаза на
стопанскиот развиток и во врска со
реализирањето на политиката за извоз и увоз
во согласност со потребите на стопанскиот
развиток.
• Гледано од аспект на домашното стопанство, користењето
на повеќекратните девизни курсеви има и свои негативни
последици.
• Тие курсеви влијаат на диспаритетните односи на цените
кои преку извозот и увозот се рефлектираат и на
внатрешниот пазар.
• По пат на создавање на атмосфера во која се губи
ориентација за рационалните критериуми на
инвестирањето и производството, повеќекратните
девизни курсеви често пати можат да поттикнуваат
нерамномерен стопански развиток.
• Овие курсеви влијаат и врз замаглувањето на мерилата на
продуктивноста и замаглувањето на споредувањето на
ефикасноста на националното производство во однос на
производството во другите национални економии.

You might also like