You are on page 1of 3

ШТЕТА И ОСИГУРИТЕЛНО ПОКРИВАЊЕ НА ШТЕТА:

ПОЖАР ВО МАКЕДОНСКИ ПОШТИ

На 15 јануари 2013 година се случи пожар во зградата на македонски


пошти чиј имот во тој момент не бил осигуран. Причината за неосигураниот
имот во тој момент била во договорот за осигурување која била склучена со
Винер осигурителната компанија. Во тој договор фирмата била осигурана но
пропустот бил во тоа што во тој договор немало клаузула како ке се решат
штетите што ке се случат од завршување на договорот па се до наоѓање на
нова осигурителна компанија.

Според директорот на „Македонски пошти“ пожарот избувнал поради


краток електричен спој. Во пожарот нема оштетување на архивата а изгорена е
кровната конструкција,  шалтерите во главната сала, менувачницата, и повеќе
канцеларии. Штетата што настана во пожарот е проценета на околу 6 милиони
денари. Ревизорите откриле дека во пожарот изгореле и поштенски марки
вредни над 100 илјади евра, нешто што раководството на Пошта никогаш не го
откри во јавноста, исто како и висината на штетата што ја побарува од
осигурителната компанија. Голем дел од документацијата за работењето,
набавките, добивките и загубите за периодот од 2006 до 2011 година беа
уништени во пожарот, а токму во овој период не беше направена ниту една
ревизија од Државниот завод.

Последните две години пред да се случи пожарот пошта била осигурана


од осигурителната компанија Винер осигурување. Во 2012 год. Пошта платила
85.000 евра за осигурување а во 2011 год. околу 170.000 евра.

Пошта имала понуди од три осигурителни компании кој сакале да ја


покријат вкупната штета која се случи во нивната зграда. Тие биле Винер
осигурување, Албсиг и Кроација неживотно осигурување. Во тендерот имало
една клаузула, таа гласела тој што ќе ја осигурува зградата, односно ќе го
добие тендерот, тоа осигурување да важи од 1 јануари 2013 година.
Предизвикањето на пожарот предизвикувало ризик за тендерот односно
ново избраната компанија ке морала да покрие веке настаната штета кое што
исто така предизвикало ризик да компаниите кој биле вклучени во тендерот се
откажат од истиот.

На 27.02.2013 Македонски Пошти најдоа осигурителна комапнија што


освен осигурување ќе ја покрие и штетата од јануарскиот пожар.  Договорот во
вредност од околу 172 илјади евра е склучен со Кроација
осигурување. Понудата на оваа осигурителна компанија била избрана за
најповолна од трите компании пријавени на тендерот којшто беше распишан
три дена по пожарот. Премијата која Макеоднски Пошти ја платила за
осигурување во 2013 год. била 9000 евра поголема од премијата која била
исплатена во 2012 год.

Раководството на а.д. "Македонска Пошта" секогаш било навреме


покриено со осигурителни полиси во случај на незгода, повреда или смрт, но
фирмата го немала истиот третман, бидејќи договорите за осигурување
секогаш биле склучувани со задоцнување и важеле ретроактивно. Токму затоа
и голем дел од штетите настанати во грабежи и измами никогаш не биле
покриени од осигурителните куќи.

Според одлуката донесена во февруари 2009 година, Пошта со


службени пари ги осигурува менаџерите во фирмата и пропишува дека доколку
во текот на траењето на полисата не им се исплати сума за настаната несреќа,
односно смрт или траен инвалидитет, тогаш на менаџерот да му се исплатат 89
отсто од сумата која ја уплатила Пошта за неговото осигурување.

За да се појасни, тоа значи дека тие со службени пари се осигуруваат и


ако не им се случи ништо, полисата по една година си ја ставаат во џеб. Така,
во 2012 година се исплатени 47 илјади евра, и тоа директно на сметките на
менаџерите кои успеале неповредени да ја поминат 2011 година.

You might also like