You are on page 1of 29

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Прв циклус на студии


Студиска програма: Менаџмент и претприемништво

Предмет: Трговско право

Teма: Друштва за осигурување

Студент: Ментор:
СОДРЖИНА

1. ВОВЕД..................................................................................................................................3

1.1. Поим, видови и значење на осигурувањето.......................................................3

1.2. Правно значење и регулаторни институции на дејноста осигурување во


РМ..............................................................................................................................................5

1.3. Елементи на осигурувањето.................................................................................8

1.4. Видови осигурување...........................................................................................10

1.5. Полиса на осигурување.......................................................................................13

2. Друштва на осигурување...................................................................................................16

2.1. Дејност и мотив на друштва за осигурување....................................................18

2.2. Фактори кои влијаат на работата на друштвата за осигурување....................21

2.3. Реформи на осигурувањето според директивите на ЕУ..................................22

2.4. Национално биро за осигурување......................................................................24

2.4.1. Гарантен фонд и рефундирање штети................................................25

2.5. Предлози за законски промени и реформи на дејноста осигурување............26

ЗАКЛУЧОК.............................................................................................................................27

ЛИТЕРАТУРА........................................................................................................................29

2
1. ВОВЕД

1.1. Поим, видови и значење на осигурувањето

Осигурувањето, во правен и економски поглед, подразбира форма на


управување со ризикот чија примарна цел е заштита од ризикот од контигентна загуба.
Тоа штити од финансиските ризици кои се присутни во сите фази на човековиот живот
и бизнис.1

Динамичните и непредвидливи промени на финансискиот пазар и растечката


институционализација на финансиските штедења се поголем акцент даваат на улогата
која друштвата за осигурување ја имаат во рамките на едно општество. Имено,
степенот на институционализација на финансиското штедење, а со тоа и улогата и
функцијата на друштвата за осигурување во едно општество се значително условени од
развојот на земјата. Кај развиените земји, како САД, Германија, Велика Британија,
дејноста на осигурувањето мобилизира огромни средства што укажува на нејзината
важност на финансискиот пазар. Меѓутоа, кај транзитните и земјите во развој кај кои
економијата сеуште не достигнала соодветно ниво на развој, во кои спаѓа и РМ
развојните можности на дејноста осигурување се прилично ограничени и
неискористени. Во тој аспект се прикажува потенцијалот на дејноста на осигурувањето
кај овие земји во развој кој може да го унапреди функционирањето на економскиот
сегмент во целина, да спроведе ефикасна распределба на економските ресурси и да
обезбеди подршка во долгорочниот економски развој.

Општествената корист на осигурувањето, несомнено, произлегува од неговиот


економски импакт. Влијанието кое што осигурувањето го има во општествените рамки
не е ограничено само на економската подршка на растот, но тоа ги унапредува и
животните услови на непосреден ( по пат на животно осигурување при случај на смрт,
болест или неспособност) и посреден начин (имотно осигурување и акумулативни
функции на осигурувањето кои придонесуваат кон пораст во производствениот и
економски раст и развој).

Од правен аспект, осигурувањето го подразбира сложениот договорен однос


помеѓу две договорни страни, осигурител и осигуреник, кој почива на начелото на
заемност. Од едната договорна страна на овој однос се наоѓа осигурителот кој се
1
Reavis M. W. Insurance: Concepts and Coverage. FriesenPress. Canada. 2012, стр. 3

3
обврзува на финансиски надомест на штетите од осигурувањето кон другата договорна
страна – осигуреникот (физички лица и стопански организации). Штетите
произлегуваат како резултат на осигурителните ризици на осигурените предмети
(интерес на осигурувањето) до одредена висина (сума на осигурување).2

Осигурувањето претставува организирана форма на колективно формирање на


парични средства за намената на осигурување (фондови) основана на доброволна или
задолжителна основа, врз начелата на солидарност и заемност преку здружување на
средствата со посредство спроведено од специјализирани институции. 3 Тоа, во
најширока смисла на зборот, е согледано како заштита на имотните интереси на
физичките и правните лица при реализацијата на ризик, односно настапувањето на
осигурениот случај, на сметка на фондовите за осигурување кои се формирани од
наплатата на премија од тие лица.

Според тоа, основната функција на осигурувањето е да на осигурениците кои


плаќаат премија во настанот на настапување на одредена штета да им ја надомести
настанатата штета.

1.2. Правно значење и регулаторни институции на дејноста


осигурување во РМ
2
Бардовац Г., Аржек З. Траснпорт и осигурување, Загреб. 1981. стр. 25-26
3
Јовановски Т., Економика на осигурувањето, Скопје 2005 год., стр. 26

4
Дејноста осигурување има круцијална важност за граѓаните, економските и
другите правни субјекти, односно за обезбедување на стабилност и сигурност, како
поткрепа за континуиран развој на економијата и најважен фактор за материјалната
сигурност на граѓаните.

Осигурувањето, низ заштитата која ја обезбедува и низ инвестирање од страна


на осигурители го помага економскиот раст и развој. Во тој поглед, како важен фактор
во стабилноста на финансискиот состав, државата спроведува надзор над дејноста
осигурување во текот на основањето и работењето.4 Најважно својство на надзорните и
регулативните одредби со кои се уредува дејноста на осигурувањето е флексибилност
со цел да се овозможат осигурителите да се прилагодат на динамичните промени на
пазарот на осигурување, како и на општото економско опкружување. Условите и
начинот на извршување на дејноста на осигурување во Република Македонија се
уредени и пропишани во законските одредби опфатени во следните законодавни
одредби:

1. Законот за супервизија на осигурување – ЗСО5

2. Законот за задолжително осигурување во сообраќајот – ЗЗОС6

3. Законот за облигациони односи – ЗОО7

4. Законот за трговските друштва – ЗТД8

Законските одредби кои ја детерминираат дејноста на осигурувањето се


опфатени во Прирачникот за подготвување стручен испит за вршење осигурително
брокерски работи кои го издава Агенцијата за супервизија на осигурувањето. Во обид
дополнително да се усогласи Законот за супервизија во осигурувањето со стандардите

4
Mishkin, F. S. ; Eakins, S. G. Financial Markets and Institutions, 8th Edition, Pearson. USA 2015, стр. 289
5
„Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/02, 84/02, 98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 8/,08, 88/08,
56/09, 67/10, 44/11 и 112/11
6
„Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/2005, 70/2006, 81/2008, 47/2011 и 135/2011
7
„Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2001, 04/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и
123/2013
8
„Службен весник на Република Македонија“ бр. 28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010,
24/2011, 166/2012, 70/2013, 119/2013, 120/2013 и 187/2013

5
и принципите на Меѓународното здружение на надзорни органи во осигурувањето,
како и директивите на Европската Унија, Македонија усвојува закон за измена и
дополнување на Законот за супервизија со цел да ја подобри осигурителната дејност, а
воедно и да ја подобри положбата како кандидат за членство на ЕУ.

Направените законски форми се однесуваат на усогласувањето на казнените


одредби во Законот за супервизија и либерализација на одредбите кои ги регулираат
вложувањата во слободни средства на друштвото и критериуми за лиценцирање и
начин на работење на застапниците и брокерите на осигурувањето.9

Законот за осигурување „ги уредува условите под кои може да се работи на


осигурување на живот, неживотно осигурување и реосигурување, работи на
застапување во осигурувањето, осигурително брокерски работи, основање, работење,
супервизија и престанок со работа на трговските друштва за осигурување и
реосигурување, односно друштва за осигурување, осигурителните брокерски друштва
и друштвата за застапување во осигурувањето, како и основањето и работењето на
Агенцијата за супервизија на осигурување”.10

Институционалните регулативи на Република Македонија ги одредуваат


работите кои спаѓаат во дејноста на осигурување во еден широк спектар на работи кои
генерално се класифицирани во две категории – работи на осигурување и работи на
реосигурување.

Под осигурување, според законските одредби на РМ се подразбира


склучување и извршување на договори за осигурување, соосигурување и пасивно
реосигурување.

Реосигурувањето го претставува заклучувањето и извршувањето на договори за


активно реосигурување на осигураниот вишок на ризик на едно друштво на

9
Kosarkoska D. Conference XIV. Serbian insurance law in transition to European (EU) Insurance Law.
Insurance Law Association of Serbia. Belgrade. 2013. стр. 384
10
Агенција за супервизија на осигурувањето. Прирачник за подготвување стручен испит за вршење
осигурително брокерски работи. Скопје, 2014. стр. 40

6
осигурување кон друго друштво за осигурување кое располага со дозволата за
извршување на работи на реосигурување.

Работи кои непосредно се поврзани со работите на осигурување, а спаѓаат во


дејноста со која се занимаваат друштвата за осигурување се посредувањето и
застапувањето во осигурувањето, утврдување и процена на ризикот и штетата,
посредување со цел за продажба и продажба на остатокот од осигураните оштетени
работи и нудење на други технички и интелектуални услуги поврзани со работите на
осигурување со цел на спречување и намалување на ризиците кои го загрозуваат
осигураниот имот и лица.

Строгите одредби во дефинирањето на работите на осигурување кои ги вршат


друштвата за осигурување ја изразува правната регулираност на оваа дејност во
Република Македонија. И покрај широкиот варитет на достапни дефиниции за
дефинирање на осигурувањето како главна дејност на друштвата за осигурување, сепак
може да се истакнат одредени заеднички елементи, односно карактеристики на
осигурувањето.

1.3. Елементи на осигурувањето

Осигурувањето содржи елементи од економската и правната научна дисциплина


и пракса. Ова економско-правно поимово одредување е проследено и од други научни
дисциплини, така што поголемиот дел од пресметките во осигурувањето претставуваат

7
производ на математички и статистички науки. Основните елементи кои го
конституираат осигурувањето се следните:11

 Ризик, кој ја претставува веројатноста на настапување на одреден штетен


настан. Ризикот се однесува на настан кој зема место во иднината и тој го
прават неизвесноста,штетата, опасноста, хазардот и други штетни настани.
 Сума на осигурување го подразбира највисокиот надомест кај одредено
имотно осигурување. Осигураната сума е поврзана исклучиво за животните
осигурувања и истата претставува износ кој осигурителот го исплаќа на
осигураникот доколку настапи осигураниот случај.
 Премија на осигурување е паричниот надомест за осигурување од ризик, чие
исплаќање претставува главна договорна обврска на која се обврзува
осигураникот.
 Полиса на осигурување ја претставува основната писмена исправа која ја
проследува работата на осигурувањето, одредувајќи ги должностите и
обврските на учесниците. Во одредени случаи, полисата на осигурување ја
има формата на договор за осигурување, додека во други таа претставува
доказно средство за договореното осигурување бидејќи ги опфаќа најважните
состојби на склучениот договор. Кај некои случаи полисата на осигурување
добива проширен и позначаен облик во функција на легитимациска хартија,
како што е случајот со исправка на долг каде што истата се користи како
прилог за покажување на правото на барање од осигурувањето. Друга форма
на полисата на осигурување е и како хартија од вредност, но и како
остварување на право од друга работа или доказ за извршените договорни
обврски. Без разлика на обликот во кој се појавуваат во аспект на одредениот
вид на осигурување за која служи, може да се идентификуваат следните
состојни елементи на полисата на осигурување како базични за сите форми:
- Договорни страни
- Осигурено лице (осигурана работа)
- Ризик
- Траење на осигурувањето и време на покривање
- Премија и квота на осигурување

11
Boubakri, N., Corporate Governance and Issues from the Insurance Industry, The Journal of Risk and
Insurance, Vol 78, No. 3. 2011. стр. 502

8
- Датум на издавање
 Лица во осигурувањето, кои ги подразбираат договорните страни. Според
Законот за супервизија на законодавството, како осигурувачи може да се
појават организирани акционерски друштва, основани со цел за осигурување,
реосигурување, или осигурување и реосигурување, кои располагаат со
дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување за вршење на работи на
осигурување. Другата договорна страна ја претставува осигуреникот и истиот
може да биде правно или физичко лице кое фигурира како корисник на
осигурување, односно лице на кое осигурителот е должен да ја исплати
сумата. Осигуреникот претставува трето лице во чиј живот може да настапи
одреден непредвиден настан кој го предизвикува наплаќањето на осигурената
сума.12
 Договорите за осигурувањенастануваат како облигационен однос помеѓу
договорните страни (осигуреник и осигурител). Договорот еднакво ги
обврзува договорните страни да ги почитуваат законските одредби со кои е
подреден нивниот однос, како и обврските кои произлегуваат од склучениот
договор.
 Траењето на осигурувањето е одредено во договорот склучен меѓу двете
страни, кој е пропишан и во Законот за облигациски односи. Покрај периодот
на важење на договорот тоа опфаќа и:
- Начин на автоматско обновување;
- Начин целосно или делумно прекинување на договорот, и обврските
при кои настапуваат за друштвото за осигурување при
прекинувањето;
- Последици од побарувања кои доаѓаат од договори за осигурување во
случај на пропуштање на неведените рокови и во поглед на
осигурување на живот, рокови и услови, како и обем на авансни
исплати согласно со важечките полиси за осигурување, рокови и
услови кои се однесуваат на учество на осигурениците во добивката
на друштвото за осигурување, како и критериуми за пресметка на

12
Чавдар К. Коментар на Закон за облигациони односи, Агенција Академик, Скопје, 2008. стр. 1135

9
нивното учество, и методи и услови за калкулација и исплата на
откупната вредност.13
 Надомест од осигурувањето се однесува на вредноста, изразена во парична
противвредност, на која осигураникот, односно корисникот на осигурување
го прикажува правото при настапување на осигуран случај. Нејзината висина
е условена од три факти – висина на штета, висина на осигурување и
вредност на осигуреното нешто. Осигурената сума не може да ја надмине
самата вредност на осигураното нешто.

1.4. Видови осигурувања

Две основни групи на ризици со кои работи осигурувањето се ризиците на


животното осигурување и ризиците на неживотното осигурување, односно имотното
осигурување.

 Животното осигурување претставува заштита од парични загуби кои се


последица на остварување на неизвесни настани во нашиот живот, како :
прерана смрт на хранителот на фамилијата, доживување на одредена
старост и недостаток на паричните средства потребни за задоволување на
одредени потреби, долготрајна болест која за фамилијата може да има
намалена заработувачка или зголемени трошоци за лечење. Паричните
загуби или недостаток на парични средства предизвикани со некоја од
наведените ситуации моѓе да се ублажи или надомести со купување на
животното осигурување.Осигурувањето на животот е договор кој е
склучен помеѓу осигуреникот и осигурителното друштво, каде
осигурувачот се обврзува дека на корисникот на осигурувањето ќе му
исплати одреден износ на пари одеднаш или на рати доколку се оствари
настанот. За возврат, осигуреникот плаќа договорен износ на пари кој се
нарекува премија, веднаш или во одреден временски период.

Барањата за постоење на осигурителен интерес кои ги поставиле


осигурителните друштва, обично покажуваат дека договарачот на осигурувањето ќе

13
Агенција за супервизија на осигурувањето. Прирачник за подготвување стручен испит за вршење
осигурително брокерски работи. Скопје, 2014. стр. 88

10
претрпи одредена загуба во случај да му се случи нешто на осигуреникот. Ова
спречува луѓето да остваруваат корист од купување на полисите од чисто
шпекулативни причини, затоа што очекуваат дека осигуреникот ќе умре во краток
период.

Полисите на животното осигурување се правни договори и во услови на договор


се опишани ограничувањата на осигурениот настан. Специфични настани кои се
исклучуваат од договорот се назначени во договорот, како би се ограничила
одговорноста на осигурувачот.

Полисите на животното осигурување можат да се поделат во две поголеми


категории:

 Заштитни полиси – кои нудат паричен надомест во случајно


остварување на одредени настани.Исплатата на осигураната сума се
врши во целост и одеднаш.
 Инвестициони полиси – каде главна цел е заштедата, односно развој на
капиталот со уплата на премија.

Животното осигурување може да се подели во две основни класи – привремено


и трајно.

 Привременото осигурување нуди покритие на животното осигурување во


одреден временски период, за одредена премија. Износот на покритието
се одредува на почетокот на договарање на осигурувањето и корисникот
на осигурувањето остварува корист доколку се случи настанот во текот
на траењето на полисата. Во таквата полиса не се врши акумулација на
уплатените средства. Привременото осигурување се смета за ќисто
осигурување, а премијата дава надомест само во случај на смрт. Три
клучни фактори кои мораат да се земат во обзир во случајот на
привременото осигурување се : вредност на полисата, надомест на
корисникот после смртта, износ на премијата, трошокот на осигуреникот
и должина на покритието.

11
Вредноста на полисата може да биде константна а може и да опаѓа во текот на
годината. Периодот може да биде една или повеќе години,а премијата може да остане
константна или да се зголемува. Вообичаен тип на период се нарекува едногодишен
обновувачки период. Премијата на едногодишната обновлива полиса се зголемува
секоја година и вообичаено се најисплатливи доколку се купуваат на период од една до
две години.

Посебен вид на привремено осигурување е осигурување со повратна


премија.Овој вид на осигурување е главно поскап од основното привремено
осигурување, а тоа е исплата на пари доколку осигуреникот не умре во текот на
осигурениот период. Привременото осигурување на живот, за поединецот кој го
купува, е главно најповолно осигурување на животот. Тоа обезбедува најголем износ
на покритие за најниска премија. Во споредба со производите од трајното осигурување
на животот, привременото осигурување овозможува на поединецот да штеди пари со
инвестирање во овој вид на осигурување, а потоа да го вложи тоа штедење во
попрофитабилни инвестиции.

 Трајното осигурување на животот е осигурување кое останува на сила се


до истекот на полисата, освен доколку сопственикот на полисата
пропушти да плати премија. Полисата неможе да биде откажана за било
која причина, освен во некои случаи на измама или доколку се откаже во
временскиот период кој е дозволен со закон.

Кај трајното животно осигурување, нивото на ризикот со кои се соочуваат


осигурителните друштва се зголему низ годините, затоа што се зголемува и бројот на
годините на осигуреникот, а со тоа и веројатноста на неговата смрт. Цената на
полисата на трајното осигурување мора да ги покрие зголемените трошоци кои го
погодуваат осигурителното друштво предизвикани заради зголеменото ниво на ризик.

Постојат три типа на трајно осигурување: осигурување на целокупниот живот,


универзално осигурување на животот и осигурување во случај на доживување.

Осигурување на имот обезбедува заштита од исклучителни околности, како:


осигурување од пожар, осигурување од поплава, осигурување од земјотрес,
осигурување на домот итн. Основната цел на осигурувањето на имотот е надомест на
штетата која би се случила на осигураниот имот заради настапување на осигураниот

12
настан.Во пракса, имотот може да се осигура на два начина: осигурување од сите
опасности кои му се закануваат на имотот и осигурување од опасности наведени во
полисата. Во случај на осигурување од сите опасности, покриени се сите можни
предизвикувачи на несреќи, освен оние кои се исклучени и наведени во
полисата.Вообичаени исклучувања во ваквите полиси се штетите настанати заради
земјотрес, поплава, нуклеарни инциденти, делување на тероризам и војна.Во случај на
осигурување на опасностите наведени во полисата, се подразбира наведување на
конкретните причинители на загуба во полисата која го покрива осигурувањето.

1.5. Полиса на осигурување

Самиот факт што Законот за облигациони односипредвидува дека договорот за


осигурување ќе се смета за склучен кога договарачите ќе ја потпишат полисата на
осигурување, укажува дека полиса на осигурување претставува најважен дел кај
договорот за осигурување, негов основен, обврзувачки и задолжителен дел, кој
секогаш го прати договорот за осигурување.

И другите прописи кои ја регулираат областа на осигурувањето исто така


полисата ја вкрстуваат во конститувните делови на договорот за осигурување, од кое
произлегува фактот дека истата мора да се издаде при склучување на договорот за
осигурување.

Законот за облигациони односи облигаторно предвидува кои елементи треба да


ги содржи полисата:

Полиса на осигурувањето на имот – во полисата мора да бидат наведени:


договорните страни, осигурениот предмет односно лице, ризикот опфатен со
осигурувањето, траењето на осигурувањето и периодот на покритието, сумата на
осигурувањето или дека осигурувањето е неограничено, премијата или придонесот,
датумот на издавање на полисата и потписи на договорните страни.

Полисата на осигурувањето може да биде привремено заменета со листа на


покритието во која се внесуваат суштествените состојки на договорот.

13
Осигурувачот е должен да го предупреди договарачот на осигурувањето дека
општите и посебните услови на осигурувањето се составен дел на договорот и да му го
предаде нивниот текст, ако тие услови не се печатени на самата полиса.

Во случај на несогласување на некоја одредба за општите или посебните услови


и некоја одредба на полисата ќе се примени одредбата на полисата, а во случај на
несогласување на некоја печатена одредба на полисата и некоја нејзина ракописна
одредба, ќе се примени оваа последнава.

Според спогодбата на договарачите, полисата може да гласи на определено


лице, по наредба или на доносител.

Полисата за осигурување на живот – покрај состојките што мора да ги има


секоја полиса, во полисата за осигурување на живот мора да бидат назначени: името и
презимето на лицето на чиј што живот се однесува осигурувањето, датумот на
неговото раѓање и настанот или рокот од која зависи настанувањето да се бара исплата
на осигурената сума.

Полисата за осигурување на живот може да гласи на определено лице или по


наредба, но не може да гласи на доносителот.

За полноважноста на индосаментот на полисата по наредба потребно е тој да го


содржи името на корисникот, датумот на индосирањето и потписот на индосантот.

Содржината на полисата ја уредуваат и сите општи услови за осигурувањето на


имот и општи услови за осигурување на лица на сите друштва за осигурување
истоветно како и Законот за облигациони односи чии одредби се од императивен
карактер.

Така, Законот за задолжително осигурување во сообраќајот предвидува дека


лицето кое управува со превозното средство е должно да го има договорот за
осигурување и кој било друг доказ склучен за склучен договор за осигурување при
користење на превозното средство во сообраќајот и е должен истиот да го даде на увид
на барање на овластено лице на органот за внатрешни работи кое врши контрола во
сообраќајот.

14
Во случај на сообраќајна незгода, лицето кое управува со превозното средство е
должно да ги даде на увид личните документи за идентификација и договорот за
осигурување на сите учесници во сообраќајната незгода.

Полиса за осигурување од автомобилска одговорност – Полисата за


осигурување од автомобилска одговорност (слика бр. 1) е задолжителен вид на
осигурување, со коешто е осигурена вашата одговорност за причинети штети на трети
лица, односно учесници во сообраќајот. Износот на годишната премија зависи од видот
на моторното возило. На пр., кај патничките возила висината на годишната премија
зависи од силата на моторот (кв), кај товарните од носивоста во тони, додека пак кај
автобусите од бројот на седишта. Износот на премијата со текот на годините се
намалува(бонус) доколку за времетраење на полисата не причините материјални или
нематеријални штети кон трети лица. Доколку пак имате причинети штети во
времетраењето на полисата, тогаш при нејзиното обновување износот ќе се зголеми без
оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска
одговорност.

2. ДРУШТВА НА ОСИГУРУВАЊЕ

Осигурувачот или друштвото за осигурување е правно лице чија главна дејност


е осигурување. За да може друштвото за осигурување да ја извршува дејноста на
осигурување неопходно е тоа да склучи договор за осигурување со осигуреникот.

15
Осигуреникот претставува физичко или правно лице кое склучува договор за
осигурување во свое име и на своја сметка, обезбедувајќи се од несаканите дејства
покриени со ризикот. Со цел да ги исполни условите за прибавување на заштита
осигуреникот треба да е деловно способно лице, кое парира како рамноправна
договорна страна наспроти осигурувачот на која и се препишуваат сите права и
обврски кои произлегуваат од нивниот однос.14

Обврските кои произлегуваат од склучениот договор за осигурувачкото


друштво ги претставуваат сите различни облици на исплати на договорените суми или
надоместоци кои детално се дефинирани во договорот за осигурување, полисата за
осигурување и условите за осигурување.

Статусот на друштвата на осигурување во Република Македонија, е уреден од


Законот за супервизија на осигурувањето кој што ги одредува основањето и положбата
на друштвата за осигурување. Основните работи на осигурувањето се однесуваат на
склучувањето и исполнувањето на договори за животно и неживотно осигурување,
освен обврзните социјални осигурувања. Договорот за осигурување претставува
обострано правно дело со кое договорната страна осигуреник се обврзува на исплати
на премијата на осигурување, додека осигурителот на исплаќањето на осигурнината во
случај на настап на осигуран случај кај осигуреникот или корисникот на
осигурувањето. Полисата за осигурување претставува пишан документ за склученото
осигурување и истата е составен дел од договорот за осигурување.

На осигурителниот пазар на Република Македонија во текот на 2016 година


оперираа 15 друштва за осигурување (Табела 1.1), од кои само со осигурување на
живот работат 4, а останатите вршат дејности на неживотно осигурување. Од сите
друштва за осигурување, само Скопје Виена Иншуренс Груп – АД за осигурување и
реосигурување Македонија врши работи и од неживотно осигурување, како и од
реосигурување.

Табела 1.1 – Друштва за осигурување

Група на осигурување Назив на друштво на осигурување


Неживотно осигурување Триглав Осигурување АД Скопје
Сава Осигурување АД Скопје

14
Sulejic P. Pravo Osiguranja, Beograd. 2005. стр. 155-156

16
Виена Иншуренс Груп Скопје – АД за осигурување
ВИНЕР
АД за осигурување ЕВРОИНС Скопје
АД за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје
Друштво за осигурување ЕУРОСИГ АД Скопје
Друштво за осигурување УНИКА АД Скопје
Национална групација за осигурување
ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА АД Скопје
Друштво за осигурување АЛБСИГ АД Скопје
Друштво за неживотно осигурување – КРОАЦИЈА
ОСИГУРУВАЊЕ АД
Друштво за осигурување на живот КРОАЦИЈА
ОСИГУРУВАЊЕ АД
Осигурување на живот ГРАВЕ осигурување АД Скопје
Виена Иншуренс Груп Скопје – АД за осигурување
ВИНЕР Лајф
Неживотно осигурување и Скопје Виена Иншуренс Груп - АД за осигурување и
реосигурување реосигурување Македонија
Извор: Агенција за супервизија на осигурување – Годишен извештај за состојбата и
движењата на осигурителниот пазар во 2016 година. Скопје, 2017

2.1. Дејност и мотив на друштва на осигурување

Основниот мотив за инвестирање на друштвата за осигурување е


обезбедувањето дополнителна профитабилност и ликвидност, како основи за
зголемување на сигурноста на осигураниците и приноси на вложениот капитал за
акционерите.15

15
Wyman O., Funding the future – Insurers role as institutional investors

17
Дејноста на друштвата за осигурување се спроведува во рамките на наведените
класи на осигурување:

1. Осигурување од последици на несреќен случај – незгода, случај на смрт или


нарушување на здравје поради повреда. Оваа класа на осигурување опфаќа:
 Исплата на целосната сума на осигурување, еднократно, во еден износ
 Исплаќање на сумата на осигурување повеќекратно, односно на рати
 Комбинација на овие два вида на исплати
 Исплата поради нарушување на здравје, повреди или смрт.
2. Здравствено осигурување кое не е предвидено во обврзното, односно
задолжителното здравствено осигурување:
 Доброволно здравствено осигурување, согласно одредбите на Законот за
доброволно здравствено осигурување и/или
 Исплаќање на фиксни парични суми
 Паричен надоместок за покритие на останати трошоци кои не се
предвидени во доброволното здравствено осигурување.
3. Каско осигурување на моторни возила, наменето за настанатите штети на
моторни возила со сопствен погон, со исклучок на влечните патни и шинските
патни возила.
4. Каско осигурување на шински возила, предвидено за штетите настанати врз
шинските возила.
5. Каско осигурување на воздухоплови, кои ги покрива штетите настанти на
воздухопловните средства за превоз.
6. Каско осигурување на пловни објекти, кое опфаќа штети настанати кај речни
или езерски пловни објекти.
7. Карго осигурување на стока во превоз, кое се однесува на штетите или
губитокот на стока во превоз без разлика на видот на транспорт.
8. Осигурување на имот од пожар и природни непогоди, предвидено за штетите
или губитоците на имот во случаи на експлозија или пожар.16
9. Други имотни осигурувања кои се однесуваат на штетите или губитоците на
имот поради мраз, град и други штети.

http://www.insuranceeurope.eu/uploads/Modules/Publications/funding-the-future.pdf
16
Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди и другите осигурувања на имот не се
однесуваат на штетите на имот опфатени во точките 3 до 7.

18
10. Осигурување од одговорност од употреба на моторни превозни средства.
11. Осигурување од одговорност од употреба на воздухоплови кое ги опфаќа
штетите настапени од употреба на воздухоплов.
12. Осигурување од употреба на пловни објекти кое покрива штети настапени од
употреба на пловни објекти.17
13. Општо осигурување од одговорност кое се однесува на осигурувањето од други
одговорности.18
14. Осигурување на кредити кое опфаќа:

- Ризик од неплаќање (ненавремено плаќање), поради неликвидност и други


слични околности

- Извозни кредити и ризици поврзани со извоз, трговија, инвестирање на


домашен и странски пазар

- Кредити со отплата на рати

- Ломбардни и хипотекарни кредити

- Земјоделски кредити

- Други заеми и кредити.

15. Осигурување на гаранции кое индиректно и директно гарантира за исполнување


на обврските од страна на должниците
16. Осигурување од финансиски загуби кое се однесува на финансиските загуби
појавени како резултат на:

- Ризик при вработување

- Општ неповолен приход

- Временски непогодности и неприлики

- Загубен приход

- Непредвидени општи и трговски трошоци

17
Осигурувањата од одговорност на употреба воздухопловни и пловни објекти ја вклучува и
одговорноста на сопственикот
18
Општото осигурување од одговорност не ги опфаќа точките 10, 11 и 12

19
- Загуба на приход и рента

- Загуба на пазарна вредност

- Индиректни трговски загуби

- Други нетрговски финансиски загуби

17. Осигурување на правна заштита кое ги опфаќа трошоците за судски спорови и


правна помош
18. Осигурување на туристичка помош за лица кои имаат патни проблеми или
други случаи на отсуство од постојаното место на живеење
19. Осигурување на живот во случај на доживување, осигурување во случај на смрт,
мешано осигурување на живот, осигурување на живот со поврат на премии,
рентно осигурување
20. Осигурување на породување или брак
21. Осигурување на живот во однос на удели во инвестициони фондови каде
инвестицискиот ризик е преземен од страна на осигуреникот во поглед на
промената на вредностите на инвестиционите купони или други хартии од
вредност
22. Осигурување на тонтина(здружение на рентиери) за услуги на осигурување на
лица здружени со заедничка цел за капитализација на уплатни влогови и
соодветно дистрибуирање на акумулираните средства помеѓу корисниците на
осигурување на починати лица и лица кои стигнале одредена возраст при што
се стекнале со бенефитите за користење на овие услуги.
23. Осигурување на средства за исплата, основано на актуарски пресмети каде за
замена на еднократни или периодични исплати, осигурените лица се стекнуваат
со побарувања со одреден износ и времетраење.
24. Осигурување на ануитети за пензиски корисници со обврзно капитално
финансирано пензиско сигурување, во согласност со законските одредби од
Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално
финансирано пензиско осигурување.
25. Осигурување на ануитети за корисници на пензиски надоместоци од
доброволно финансирано капитално пензиско осигурување опфатено во

20
регулативните одредби на Законот за исплата на пензии и пензиски
надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување.19

2.2. Фактори кои влијаат на работата на друштвата за осигурување

Фактори кои ја условуваат работата на друштвата за осигурување се


структурата на обврските, правните прописи, финансиските и макроекономските
трендови и понудата на финансиските инструменти.

Природата на обврските на друштвата кое се занимаваат со животно и


неживотно осигурување, значително се разликува( краткорочни и долгорочни
обврски), што се одразува и во нивната инвестициска политика.

Правните прописи можат на директен и индиректен начин да влијаат врз


пласманот на друштвата за осигурување.

Уште еден значаен фактор е макроекономската политика на државата и


централната банка кои се неизбежен дел во работните активности на друштвата на
осигурување, како и државата која може да влијае врз инвестициските одлуки преку
интервенции за зголемување или намалување на атрактивноста на вложување во
поединечни сектори или финансиски инструменти. 20

2.3. Реформи на осигурувањето според директивите на Европската


Унија

Глобалната криза, динамичноста на финансиските пазари, реформните промени


од тенденциите за интеграција во Европа, имаа свој удел врз општествената состојба на
Република Македонија, што неминовно се одрази и врз секторот на осигурување.
Пазарот на осиигурување, како резултат на лигислативите и реформните промени, во
изминатите години претрпе значителни промени во обид да се исконтролираат
непревидливостите, да се усогласи со законските одредби кои ги налага Европската
19
Закон за супервизија на осигурување „Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/02, 84/02,
98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 8/08, 88/08, 56/09, 67/10 и 44/11, 112/11, 7/12, 30/12, 45/12, 60/12, 64/12, 23/13,
188/13, 43/14, 112/14, 153/15, 192/15 и 23/16, неофицијален пречистен текст.
20
Committee on the Global Financial System, Institutional Investors,
http://www.bis.org/publ/cgfs27.html

21
Унија и крајно да се има генерален позитивен удел на севкупната економска, односно
општествена положба. Други предизвици кои се претставија пред развојот на пазарот
на осигурување на Македонија се искористувањето на пазарниот потенцијал, развој на
микроосигурувања како инструмент за заштита од ризик кај лицата со ниски приходи
во земјите во развој, супервизија на база на ризик и други.

Во државите членки на Европската Унија, правната заштита на осигурувањето


има долга традиција, која почетоците ги влечи уште од осумдесетите години на
претходниот век кога е донесена првата директива на ЕУ за регулирање на прашањата
во поглед на осигурувањето. Со намената на понатамошната хармонизација со ЕУ
легислатива за осигурување и целосно присвојување на интернационалните принципи
во осигурувањето и надзор на истото, над правната рамка направени се реформи и
дополнувања на Законот за супервизија во осигурувањето. Како главен правен ентитет
за надзор над дејноста осигурување на друштвата се основа Агенцијата за супервизија
на осигурувањето. Покрај тоа, направени се реформи и дополнувања на Законот за
супервизија во осигурувањето кој во своите нормативни рамки сега го дефинира и
основањето и дејностите на оваа агенција. Измените и дополнувањата покрај
работењето на овој регулаторен супервизиски орган, се направени и со цел на
проследување на регулаторните реформи кои ги налагаат интеграциите дефинирани со
директивата Solvency I.

АСО беше основана во 2009 и има статус на правно тело кое е обврзано да дава
годишни репорти до Собранието. Структурниот систем на АСО е составен од пет
члена кои го градат Советот на Експерти. АСО претставува автономно и независно
регулаторно тело на кое му е делегирано овластувањето да извршува супервизија врз
друштвата на осигурување.

Целите зад имплементирањето на одредбите од Европската Директива Solvency


II21 се засноваат на три столба ( адекватност на капитал, корпоративно управување и
супервизија и обелоденување) и предвидуваат: унифицирање на европскиот пазар на
осигурување, воведување на законски одредби кои опфаќаат постоење на само една
лиценца, зголемување на заштитата на имателите на полиси, современизација и
хармонизација на супервизијата со европското законодавство и зголемување на
меѓународната конкурентност на европскиот пазар на осигурување. Процесот на

21
Directive 2009/138/EC of the European Parliament and of the Council. 2009

22
хармонизација и моденизирање на супервизијата превидува процена на ризичниот
профил на осигурувачите, управување со ризик и корпоративно управување.

Друштвата за осигурување, под влијание на глобалната и економската


финансиска криза го почувствуваа притисокот за работење и доставување на
финансиски резултати. Со постојан притисок на приходите од премијата, квалитет на
финансиските средства и оптимизација на процесот на управување на штета расте и
надзорот на регулаторните тела. Меѓутоа, најголемиот предизвик со кој се соочуваат
друштвата за осигурување се меѓународните директиви на ЕУ.

Solvency II првично налага развој и примена на рамки за управување на


ризиците на ниво на целото друштво на осигурување; изработка на методолошка рамка
за управување и мерење на ризиците, како и проследување на регулаторниот капитал.
Важен елемент на кој оваа директива посочува внимание е транспарентноста кој е
согледана низ насоките за јавно известување на работата на друштвата за осигурување,
односно за финансиските податоци кои се врзани со дејноста осигурување во кои спаѓа
и системот на управување на ризиците.

Согласно со тоа може да се заклучи дека Директивата Solvency II налага


поголем софистициран и понатамошен развој на актуарските техники и методи.Во таа
смисла потребно е да се развијат и информатички решенија за обезбедување на
правилна примена и функционирање на клучните процеси, методи и извештаи барање
опфатени во прописите од директивата.

Несомнено, за да може да се направат и соодветно да се применат овие прописи,


потребна е и соодветна едукација кај сите вработени кои земаат улога во клучните
функции на друштвото на осигурување (финансискиот сектор, актуарите, секторот за
управување со ризици).

2.4. Национално биро за осигурување

Уште еден значаен фактор за интернационализација на работата на друштвата


на осигурување во аспект на аспирациите за интеграција во ЕУ е и работењето на
Националното биро за осигурување.

Дејностите кои ги опфаќа Националното биро за осигурување се утврдени во


Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и истите предвидуваат работи

23
опфатени во меѓународните спогодби за осигурување на сопственици и корисници на
моторни возила од одговорност во сообраќајот, како и ја има улогата на меѓународен
претставник на друштвата за осигурување во Република Македонија во меѓународните
институции и организации за осигурување.

Покрај овие дејности, Националното биро за осигурување е одговорно за


издавањето и печатењето на меѓународните зелени карти за потребите на ЕУ членките,
спроведување на статистичка евиденција и обработка на статистичките сознанија од
друштвата за осигурување, како и воспоставување и одржување на централен
евидентен систем на полиси и штети од употреба на моторни возила.

Како членка на бриселскиот Совет на бироа од 1994 година, овој ентитет има
улога да го олесни меѓународниот патен сообраќај на превозни средства преку
управување на осигурувањето од одговорност за штети предизвикани од трети лица,
според одредбите и условите на наведената земја и гарантира за надоместок на
оштетените лица во случај на сообраќајна несреќа согласно со законските одредби од
земјата. Покрај тоа, Националното биро за осигурување зема учество и во работата на
Југоисточната европска група која ги опфаќа земјите од регионот. Во рамките на НБО
се опфатени сите друштва кои се занимаваат со осигурителни и реосигурителни
дејности.22

2.4.1. Гарантен фонд и рефундирање штети

Нормативните одредби на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот


опфатени во член 58 го предвидуваат и формирањето на Гарантен фонд со чии
средства се управува согласно со одлуките изгласани на Управниот одбор на НБО.
Покрај Законот за задолжителни осигурувања во сообраќајот, работата на гарантниот
фонд е дефинирана и во Правилникот за формирање и користење на Гарантниот фонд
и Упатството за водење на евиденција и начин на исплата на средствата од Гарантниот
фонд изгласани од Националното биро за осигурување. Според овие одредби,
друштвата за осигурување кои вршат дејности на задолжително осигурување од
автоодговорност се обврзуваат да упатат средства во Гарантниот фонд во висина од
износ еднаков со премијата реализирани по одделни класи на задолжително

22
Агенција за супервизија на осигурување – Годишен извештај за состојбата и движењата на
осигурителниот пазар во 2016 година. Скопје, 2017

24
осигурување од автоодговорност во изминатото тримесечје за тековното тримесечје од
актуелната година. Гарантниот фонд служи за исплата на:

1. Штети настапени на територијата на Република Македонија од непознати и


неосигурени превозни средства, приколки, неосигурени чамци и бродови на моторен
погон, како и неосигурени воздухоплови;

2. Штети кои настанале на територијата на РМ од превозни средства


регистрирани за превоз на патници во јавен сообраќај, за кои сопствениците не
направиле договор за осигурување на патници од последици на незгода и несреќен
случај;

3. Штети од задолжителни осигурувања кои лицата кои се оштетени не можат


да ги наплатат поради престанок на друштвото за осигурување со кое е склучен
договорот за осигурување, при што се покрива само оној дел од штетата кој не бил
надоместен од стечајната маса на друштвото за осигурување;

4. Штети од осигурени моторни возила од територијата на РМ, за кои според


одредбите од Критскиот договор и други меѓународни договори, гарантира
Националното биро за осигурување.23

2.5. Предлози за законски промени и реформи на дејноста


осигурување

Во прв поглед, потенцијалните законски реформи на осигурувањето кои можат


позитивно да го подобрат пазарот на осигурување, неговото оперирање преку
друштвата за осигурување и да го помогнат интеграцискиот процес на Македонија
како кандидат за членство на ЕУ, би опфатиле:

- Проширување и регулирање на дејностите на друштвото за осигурување во


поглед на неживотните и животните осигурувања, и предефинирање на
животното осигурување согласно по статусот кој тој го има кај членките на
ЕУ. Моментално, на пазарот на осигурување на РМ постои само едно
друштво за осигурување кое опфаќа дејности и од осигурување на живот и
23
Агенција за супервизија на осигурување – Годишен извештај за состојбата и движењата на
осигурителниот пазар во 2016 година. Скопје, 2017

25
од неживотни осигурувања. Ваквите реформи ќе доведат до зголемување на
интересот на друштвата за осигурување да се занимаваат со повеќе видови
осигурувања.
- Засилени реформи во управувањето со ризикот од осигурување и
дефинирање на адекватна методолошка рамка за управување и мерење на
ризиците, со што ќе се подобри и функцијата на регулаторниот капитал.
- Посоодветни системи за транспарентност и информирање на деловните
активности и процеси на друштвата за осигурување
- Надоградување и едуцирање на лицата опфатени во дејноста на
осигурување, со цел да се максимизираат ефектите од имплементираните
промени.

ЗАКЛУЧОК

Дејноста осигурување е во меѓусебно зависен однос со правно-економскиот


раст и развој на една земја. Како институционални инвеститори, друштвата за
осигурување придонесуваат кон модернизација на финансиските пазари и го
олеснуваат економскиот пристап до потребниот капитал. Во еден интегриран
економски систем, како што е Европската Унија, придонесот на дејноста на
осигурувањето за секоја земја членка уште повеќе добива на значење. Ниското ниво и
неизедначениот развој на осигурување го зголемуваат нивото на ризик при
донесувањето на економски одлуки, а со тоа ги отежнуваат и политичко-економските
активности и функционирањето на целосниот општествен систен. Имено, без реален
механизам за создавање на заеничко, групирање и пренос на ризик, голем дел од овие
активности просто не би биле возможни.24

Значењето на осигурувањето паралелно расте со економскиот и општествениот


развој. Тоа претставува значаен дел во социјалната функција на една држава. Според
тоа, воочливо е значењето кое осигурувањето го има кај развиените земји како
императивен елемент на националната економија.

24
Insurers of Europe, CEA, The Contribution of the Insurance Sector to Economic Growth and Employment in
the EU, http://www.insuranceeurope.eu/uploads/Modules/Publications/Web%20Contribution%20of%20the
%20Insurance%20Sector%20to%20Economic%20Growth%20and%20Employment%20in%20EU.pdf

26
Важноста на друштвата за осигурување е видлива како и во однос на
обезбедувањето на финансиска стабилност, така и за засилувањето на конкуренцијата
на финансискиот пазар. Поради нивната ликвидност и солвентност, друштвата за
осигурување ја преземаат позицијата на водечки финансиски институции кои допираат
до различни сегменти од финансискиот пазар. Улогата на друштвата за осигурување
како институционални инвеститори мора внимателно да биде земена во обзир и при
развојот на нови регулаторни планови.

Нормативните одредби кои ги диктираат глобалната политика и интеграционите


системи целат кон засилување на стабилноста на активата во која вложуваат друштвата
за осигурување и делегирање законски насоки кои ќе ја истакнат интеграциската
компонента на овие системи. Креаторите на оваа политика ги вложуваат своите напори
во развивање на политика која поттикнува навики на штедење кај населението, со цел
да се одржува долгорочното финансирање. Овие околности ги прават друштвата за
осигурување идеален извор за долгорочна финансиска стабилност и развој која
креаторите на политика се надеваат дека ќе го стимулира економскиот тек и развој на
Европската Унија. Покрај тоа, континуираниот прилив на премиите, за денешните
непредвидливи и динамични финансиски пазари би подразбирал извор за ликвидност и
можност за друштвата за осигурување да купуваат добра чија вредност е потценета во
околности кога останатите играчи на пазарот продаваат. Токму овие факти ги
истакнуваат можноста и потенцијалот на друштвата за осигурување да имаат
стабилизирачки ефект на финансискиот пазар и економијата, а со тоа и целиот
општествен поредок.

27
ЛИТЕРАТУРА

 Чавдар К. Коментар на Закон за облигациони односи, Агенција Академик,


Скопје, 2008. Стр
 A. M. Best Company, Understanding the Insurance Industry. CreateSpace
Independent Publishing Platform 2016
 Birds J. Insurance Law in the United Kingdom, Kluwer Law International,
Netherlands 2010
 Boubakri, N., Corporate Governance and Issues from the Insurance Industry, The
Journal of Risk amd Insurance, Vol 78, No. 3. 2011
 Kosarkoska D. Conference XIV. Serbian insurance law in transition to European
(EU) Insurance Law. Insurance Law Association of Serbia. Belgrade 2013
 Mishkin, F. S.: Eakins, S. G. Financial Markets and Institutions, 8th Edition, Pearson.
USA 2015
 Pak J., Harmonizacija propisa o osiguranju sa Direktivama Unije, Harmonizacija
domaceg zakonodavstva sa pravom Evropske unije: Osiguranje, Sloboda kretanja
robe i kapitala, Pravo konkurencije, Institut za uporedno pravo, Monografija 153,
Beograd 2004
 Sulejic P. Pravo Osiguranja, Beograd. 2005
 Reavis M. W. Insurance: Concepts and Coverage. FriesenPress. Canada. 2012
 Committee on the Global Financial System, Institutional Investors,
http://www.bis.org/publ/cgfs27.html
 Wyman O. Funding the future – Insurers role as institutional investors
http://www.insuranceeurope.eu/uploads/Modules/Publications/funding-the-future.pdf
 Insurers of Europe, CEA, The Contribution of the Insurance Sector to Economic
Growth and Employment in the EU. Brussels. 2006
 Агенција за супервизија на осигурување – Годишен извештај за состојбата и
движењата на осигурителниот пазар во 2016 година. Скопје, 2017
 Законот за супервизија на осигурување – „Службен весник на Република
Македонија бр. 27/02, 84/02, 98/02, 33/04, 88/05, 79/07, 8/08, 88/08, 56/09, 67/10,
44/11 и 112/11“
 Законот за задолжително осигурување во сообраќајот – „Службен весник на
Република Македонија бр. 88/2005, 70/2006, 81/2008, 47/2011 и 135/2011“

28
 Законот за облигациони односи – „Службен весник на Република Македонија
бр. 18/2001, 04/2002, 5/2003, 84/2008, 81/2009, 161/2009 и 123/2013“
 Законот за трговските друштва – „Службен весник на Република Македонија бр.
28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/2010, 48/2010, 24/2011, 166/2012, 70/2013,
119/2013, 120/2013 и 187/2013“

29

You might also like