You are on page 1of 15

Универзитет „Св.

Климент Охридски“ – Битола


Правен Факултет Кичево
Дисперзирани студии Струга

Семинаркса работа по предметот казнено право


Тема: Нужна одбрана

Ментор: Изработил:

Никола Тунтевски Хулја Бешир 218/C


Содржина

Вовед..................................................................................................................................
Противправност............................................................................................................
Поим за нужна одбрана..................................................................................................
Противправен Напад.....................................................................................................
Одбрана.............................................................................................................................
Нужна помош....................................................................................................................
Пречекорување на границите на нужната одбрана...............................................
Литература.....................................................................................................................
Вовед

Нужната одбрана претставува еден од најстарите општи институти на кривичното


право.Овој институт настанал многу рано поради потребите да се обезбеди
непосредна заштита и одбрана на своето правно добро од истовремен нескриен
противправен напад.Правната теорија и филозофија на правото денес се
согласни дека постојат одредени човекови права кои се сметаат за природни
права,меѓу кои се издвојува и правото на живот.Животот на човекот се штити од
самото раѓање па се до смртта.Правото на живот сноси одговорност на секој
поединец да се воздржи од загрозување или повреда на туѓ живот.Секој
напад,повреда или загрозување на човечки живот претставува
противправно,забрането однесување.Секое противправно однесување и
повреда,односно напад на животот на човекот претставува кривично дело
одредено со закон за кое следува одреден вид и мерка казна.Нужната одбрана
одамна е сметана како право,а во некои правни системи и како должност.Во
римското и средновековното право,нужната одбрана била од значење само за
случаевите на напад на живот,додека денес таа е општ институт и е дозволена
против секакви противправни работи која е насочена на повреда на било кое
правно добро на едно лице.
Противправност

Казнено дело е противправно дело што со закон е определено како казнено дело
и чии обележја се определени со закон.(чл.7)Противправноста е,значи,формален
законски елемент како што е предвиденоста,односно законското битие на
делото.Едно дејствие за да преставува казнено дело,не е доволно да е
предвидено со законот како апстрактен тип неправно и да одговара на законската
слика на неговото битие.Потребно е дејствието in concrete да биде и
противправно.Општиот правен поим на противправноста се изведува од
релацијата на човекото поведение и правниот поредок : се работи за објективен
аскриптивен суд за правната недопуштеност на дејствието.Противправноста не е
онтолошки елемент на дејствието,туку врз неговата реализација со одредена
норма изведена нормативна отценка за неговата противправност.Општата
правната категорија на противправноста се уточнува низ казненоправниот поим на
противправноста како релација на човековото дејствие со законските битија на
казнените дела и нормите што стојат во нивната основа.Казненоправно
противправно е она дејствие,што претставува повреда на казненоправната
забрана или наредба,содржина во законското битие,остварена со исполнување на
обележјата на тоа законско битие.

Неспорно е дека едно дејствие може да се казни само ако е предвидено со


законот како казнено дело.Оценета дека тоа во онтолошка смисла повредува
некое важно добро нема никакво значење за казненото право,ако не е кренета на
рамништето на казненоправна норма (така, на пример, алкохолизмот или
пушењето тешко го загрозуваат здравјето на човекот,но не се предвидени како
казнени дела).Оттука,остварувањето на битието на делото изрично забрането со
закон е првиот и неизбежен елемент за оценката за противправноста на делото.
(Но не е казнено дело секое дејствија со кое се реализира законското битие:
така,на пример,ако некој лиши од живот друг во нужна одбрана, остварено е
законското битие на убиството,но во конкретниот случај дејствува една правна
основа – нужна одбрана – што ја исклучува противправноста).На формален
план,значи,имаме вкрстено дејство на две законски норми:едната,што начелно го
забранува таквото поведение (одредбата за убиството) и другата,што
исклучително го допушта – одредбата за нужната одбрана).Противправноста е
објективна отцена за недозволеноста на едно поведение од аспект на вкупноста
на нормите на правниот поредок.Утврдување на противправноста е значајно затоа
што ја комплетира објективната страна на казненото дело.Кон утврдување на
субјективната страна – вината се пристапува дури откако ќе се утврди дека делото
е противправно.Оцената за противправноста е важна и во однос на други
казненоправни институти: применета на мерки на безбедност врз непресметливи
лица или воспитни мерки врз малолетници претпоставува дека е извршено
противправно дело.Таквиот објективен поим на казнено дело може да има и
потполно самостојно значење за применета на одделни казненоправни
последици: така,на пример,конфискувањето на имотната корист е можно и кога е
утврдено постоење на казнено дело во објективна смисла,иако не е утврдена
неговата субјективна страна (обвинетиот,на пример,умрел во текот на
постапката).Делото е противправно кога е остварено законското битие,а во
конкретниот случај не дејствува некоја основа за исклучување на
противправноста.Се засновува,според тоа врз два елемента,од кои првиот е
позитивен,додека вториот негативен.Најчесто и единствен степен,се
претпоставува дека делото е противправно кога дејствието ги исполнува сите
обележја на неговото законско битие.Вториот степен испитување на
противправноста in concrete,се пристапува само кога е истакнат приговор или има
индиции дека во конкретниот случај дејствува некоја основа за исклучување на
противправноста.
Основи за исклучување на противправноста

Правниот систем е осмислен како кохерентна целина,но не е исклучено во самото


казнено право,како и надвор од него,да се појавуваат и исклучоци од начелните
забрани што тоа ги предвидува,кои ја исклучуваат противправноста на казненото
дело.

Исклучување на противправноста постои во следните случаи:

- Нужната одбрана
- Крајната нужда
- Дела извршени во вршење на службената должност
- Дела извршени по наредба на претпоставениот
- Дозволен ризик
- Дела во вршење на лекарската дејност
- Дела извршени врз основа на правото на воспитување
- Согласност на оштетениот
- Делата од мало значење и
- Други дела предвидени со Посебниот дел на Кривичниот законик.
Нужна одбрана

Институтот нужна одбрана не е производ на новото време туку тој постоел уште
во прастарото казнено право.Современиот пристап кон нужната одбрана е под
влијание на концептот на природното право: на правната и социјалната држава и
реафирмацијата на сваќањата за правото на нужна одбрана е еманација на
природното право на човекот на самоодбрана и заштита на своите добра,во
услови,се разбира,кога е исклучена заштитната активност на државата.

Правото на нужна одбрана е најпрвин детерминирано и истовремено ограничено


со потребата од заштита на добрата на нападнатиот.Битен е интересот на
нападнатиот,наспроти кој е сосема ирелевантно дали нападот е скривен или
нескривен,постои право на нужна одбрана и од нескривен напад,од напад на дете
инт,со тоа што во овој случај важи правото дека треба да се испита дали
нападнатиот можел да се истави пред нападот.За да станува збор на постоење на
правото на нужна одбрана треба да се исполнети следните основни елемнти:

- Да постои противправен напад на некое добро и


- Да постои противправност меѓу интензитетот на нападот и интензитетот на
одбраната.

И во нашето казнено право не е казнено дело она дело што е сторено во нужната
одбрана и истото е дефинирано дека: нужна е онаа одбрана што е неопходно
потребна сторителот да одбие од себе или од друг истовремен противправен
напад(чл.9 ст.1 и 2 ).

Законската дефиниција на нужната одбрана содржи,според тоа два елементи:

a) Противправен напад и
b) Одбрана
Противправен напад

Нападот е противправно дејствие насочено кон загрозување или повреда на некое


правно добро.Во кривично – правна смисла постои,доколку ги исполнува следните
елементи : напад со дејствие,напад кој е објективно насочен кон загрозување или
повреда на кое било правно добро,нападот да е противправен,нападот да е
вистински.Дејствието треба да ги содржи општите својства на казненоправниот
поим за дејствието и може да се појави како непосредно или посредно,активно
или пасивно,реално или вербално загрозување или повреда на правното
добро.Покрај непосредниот и активен напад (напаѓачот го подига оружјето кон
друг и нишани во него намера да го убие),напад постои и кога сторителот се
служи со некакво средство,животно или друг човек кој е искористен како средство
(управува со робот,саска опасно куче,поттикнува душевно болно лице да нападне
друг итн.).Во случаите на посреден напад одбраната може да биде насочена
против лицето што користи друг како средство за напад.Пропуштањето,исто
така,може да претставува напад во случаите кога напаѓачот ја повредува својата
гарантна обврска: така на пример,кога управникот на затворот не го ослободува
притворениот,односно лицето што издржува казна затвор по истекот на рокот за
притвор,односно после издржаната казна затвор.Можна е нужна одбрана и поради
одбивање на вербален напад.(сторителот што навредува други присилно да биде
тргнат од говорницата).Нападот може да потекнува од физичко,а во согласност со
концепцијата за казнена одговорност на правните лица – и од правно лице ( така
на пример загадувањето на животната средина со опасна материја емитирана од
некоја фабрика му дава право на нападнатиот присилно да го сопре технолошкиот
процес што предизвикува такво загадување).Не исклучено како напад да се појави
и дејствие преземено од страна на дете,душевно болно или воопшто
непресметливо (на пример алкохолизирано) лице.Еднодушно е мислењето дека
за тој случај важи следново ограничување: дозволена е нужна одбрана само ако
нападнатиот не можел да се истави пред нападот.Во неговата заднина е
сфаќањето за правото на нужна одбрана не само како индивидуално право туку и
како институт чијашто социјална функција имплицира и уважување на ситуацијата
на напаѓачот.Нападот треба да е објективно насочен кон загрозување или
повреда на кое било правно добро.Може да се работи,притоа,за правни добра
заштитени со казненото право (животот,телото,половата слобода,имотот,честа и
угледот итн.),или за други правни добра ( така на пример имотните права што
имаат договорна основа).По природата на нештата,нужната одбрана се појавува
во облик на одбивање на напад од себе т.е. од добра што влегуваат во кругот на
индивидуалниот интерес на нападнатиот (нападнат е неговиот живот,тело или
имот или животот,телото или имотот на лице нему блиско).Можно е одбивање
напад од друг,без оглед на побудите од кои се презема одбраната
(алтруизам,праводољубивост,или поради што лицето е платено за заштита на
туѓите добра).Така постои нужна одбрана ако некој спречува телесно
повредување на туѓо дете,силување на непозната жена,крадец што провалува во
куќата на соседот,лице што сака да пресече дрво во градскиот парк
итн.Одбивањето на нападот врз правно добро што не влегува во кругот на
правниот интерес на нападнатиот (според дикцијата на чл.9 см.2 – да одбие од
себе или од друг),се нарекува и уште нужна помош. Таа е нужна одбрана,каде
овластувањето на поединецот за одбрана на правните добра произлегува од
заштитната функција на казненото право: државата и нејзините органи се во прв
ред повикани да ги заштитуваат правните добра на поединецот,но кога таа не
може да обезбеди актуелна одбрана повикан е таквата заштита да ја обезбеди
било кој граѓанин.

Нападот е противправен кога зад дејствието на напаѓачот не стои никакво правно


овластување,засновано врз општ или поединечен правен акт.Не се
проценува,според тоа,врз основа на спротивноста на дејствието на нормите на
казненото право,туку на вкупноста на нормите на правниот поредок.Па
така,нападот е противправен и кога не е инкриминиран како казнено дело,но
претставува повреда на некој друг пропис; и обратно,заснованоста врз кој било
друг пропис и обратно,заснованоста врз кој било друг пропис или поединечен
законит акт ја исклучува неговата противправност.Така,на пример, не е
противправен „нападот“ преземен врз основа на изрично законско овластување
(чл.143,ст.1 ЗКП определува дека овластено службено лице на МВР има право да
го задржи лицето затечено на местото на извршување на казненото дело до
доаѓањето на истражниот судија,или цариникот има законско овластување да
изврши преглед и претрес на возилото и патниците,не е противправно дејствието
на службено лице во рамките на неговите службени овластувања (легитимирање
итн.),како и дејствието на извршување административен или судски акт (решение
за затворање на некој објект,решение за притвор,наредба за приведување и сл.)
За противправноста не дејствието не е решавачко дали таквиот поединечен акт е
правно издржан или не доволно е во пропишана постапка да е издаден од
надлежен орган.Во оваа смисла,на пример,не може да се повикува на нужна
одбрана притворениот поради тоа што смета дека е невин.За противправноста на
дејствието е решавачка,според тоа,формалната исправност,а не и правната
издржаност на актот.Ако дејствието излезе надвор од рамките на правното
дозволеното (така,на пример,службеното лице го пречекори своето службено
овластување,или противправниот биде задржан и по истекот на рокот определен
со решението),ќе се работи за противправен напад против кого нападнатиот има
право на нужна одбрана.За противправноста на нападот,исто така, е од значење
дали правно дозволеното дејствие е преземено на правно дозволен
начин,сообразен со неговата цел.Така,на пример,полицаецот е овластен при
лишувањето од слобода против лицето што дава отпор да примени и разумна
сила за совладување на отпорот.Ако примени неразумна мера на сила,или
воопшто примени сила и таму каде што не постои никаква потреба за
тоа,нападнатиот има право да се брани од таквата злоупотреба на неговото
овласување.Нема нужна одбрана против дејствие преземено во нужна одбрана,се
додека тоа останува во нејзините граници.Напаѓачот не може да се повикува на
нужна одбрана ако нападнатиот,бранејќи се од нападот,преземе активна одбрана
со која ги загрозува неговите добра,но може ако нападнатиот продолжи со
одбраната и по престанот на нападот,или ако ги пречекори границите на нужниот
интензитет на одбраната (ако е тој поголем од интензитетот на нападот).Во овој
случај дејствието на нападнатиот станува противправно и против него напаѓачот
има право на нужна одбрана.
Нападот треба да биде вистински.Нема нужна одбрана од дејствие кое во
објективна смисла не претставува загрозување или побреда на правните
добра.Дејствието што има такво значење само во очите на нападнатиот не го
исполнува основниот законски услов постоењето на противправниот
напад.Пример кога ноќно време некој му подава на друг предмет,за кој овој
помислува дека е во него врепено оружје и го убива „напаѓачот“.Во овој
случај,нема никаков напад во овјективна смисла,тоа е едноставно плод на
заблудата на „нападнатиот“.Оттука,дозволена е нужна одбрана против дејствието
со кое „нападниот“ се брани од замислен,вообразен напад.Поради нејзината
сличност со нужната одбрана оваа ситуација се нарекува путативна нужна
одбрана (вообразена,претпоставена нужна одбрана) и се решава со примена на
одредбата за стварната заблуда за околностите што ја исклучуваат
противправноста(чл.16 ст.1 КЗМ : заблуда за околноста дека постои напад,според
која,доколку таа навистина постоела,тоа дело би било дозволено).Од
вообразениот напад треба да се разликува заблудата на нападнатиот во однос на
средството на нападот.Ќе се работи за вистински напад и за нужна одбрана во
случаите кога е преземено дејствието на загрозување (така,загрозување на
сигурноста или разбојништво),со неподобно,лажно средство за напад (пластичен
пиштол кој прилега на вистински и сл.) : за присилбата е доволно сторителот да го
скрши очекуваниот отпор на жртвата со сериозна закана дека ќе нападне врз
неговиот живот или тело,а не и тоа дали навистина има намера да ја оствари
последицата со која се заканува и дали средството со које се заканува е погодно
за нејзино предизвикување.
Одбрана

Противправниот напад му дава нападнатиот да се брани со преземање на


дејствие со кое се остварува законското битие на некое казнено дело (убиство или
телесна повреда на напаѓачот,негово лишување од слобода,уништување или
оштетување на неговите предмети итн).За казненото право се ирелевантни
другите облици на одбивање или избегнување на нападот (пасивната
одбрана,бегството пред нападот и сл.); од значење се само оние кај кои доаѓа до
повреда на некое добро на напаѓачот.Тоа произлегува и од законската дикција на
одредбата за нужната одбрана (чл.9 ст.1: не е казнено дело она дело што е
сторено во нужна одбрана).По природата на нештата,натаму,таква повреда не
може да биде предизвикана со пропуштање,туку само со активно
дејствие,сторување од страна на нападнатиот.Дејствието на одбраната може да
биде насочено кон напаѓачот и неговите добра ( кучето што го саска ), а освен
него може да се однесува и на кој било негова соучесник (поттикнувач или
помагач),присутен на местото на нападот или лицето што тој го користи како
средство за извршување на нападот (душевно болно лице).

Одбранта кај нужната одбрана,за да ги исполни условите за нужна одбрана треба


да ги содржи следните елементи:

- Одбраната треба да биде неопходно потребна за одбивање на нападот


- Да постои противправноста на одбраната со нападот и
- Одбраната да е истовремена со нападот.

Одбраната треба да биде неопходно потребна за одбивање на


нападот.Тука се преломува начелниот став дека правото не треба да се истава
пред неправото,кој доследно применет би го имплицирал следниов заклучок:
нападнатиот има секогаш право на нужна одбрана,без оглед на тоа дали нападот
можел да биде одбегнат на друг начин.Законот не ја поставува како услов
противправноста на одбраната сфатена како сразмерност на нападнатото добро и
доброто на напаѓачот.Пропорционалноста на одбраната подразбира приближен
интензитет со интензитетот на нападот,но не е и пропорционалитет на
добрата.Така,на пример,во одбрана на својот имот нападнатиот може телесно да
го повреди напаѓачот.Но посредно,законскиот услов одбраната да е неопходно
потребна за одбивање на нападот подразбира таква пропорционалност како
коректив на неограниченото право на нужна одбрана.Незначителен напад не
може да претставува оправдување за тешка повреда на добрата на
напаѓачот,зашто тоа би значело злоупотреба на правото.Ако е проткаено
казненото право во целина со принципот на пропорционалност,кој пак е еманација
на темелното начело на справедливост,тоа без друго треба да важи и за нужната
одбрана како признат елемент на казненоправниот заштитен механизам.Не
постои нужна одбрана кога „нападнатиот“ ја инсценирал целата ситуација на
напад и одбрана,наведувајќи друг да го нападне со единствена намера да си
создаде можност за посегање по неговите добра ( некој со своите постапки да
изиритира друг до мера во која може да ја изгуби самоконтролата и да го
нападне,ладнокрвно очекувајќи го тоа и убивајќи го напаѓачот.

Законски услов за постоење на нужната одбрана е и истовременоста на


одбраната на нападот.Е истовремен актуелен,кога непосредно претстои,е
започнат,трае или е привремено прекинат.Нападот претстои кога со дејствието на
напаѓачот е создадена блиска можност за напад (напагачот го извлекува
револверот од футуролата,или приоѓа кон нападнатиот со подигната секира
итн).Ако основна функција на овој институт е обезбедувањето актуелна заштита
на правните добра,тогаш е сосема оправдано да се смета дека нападот е
започнат со предизвикувањето на конкретна опасност за нивна повреда.
Пречекорување на границите на нужната одбрана

Нападнатиот нема неограничено право да се брани на кој и да е начин,со кои и да


е средства и интензитет на одбрана.Неговото право на одбрана е ограничено со
елементите концентрирани околу нападот и одбраната,при што секој од тие
елементи има внатрешна квантитативна и квалитативна димензија: мерата на
одбраната е определена со мерата на нападот.Законот го решава прашањето за
границите на нужната одбрана на општ начин: Сторителот кој ги пречекорил
границите на нужната одбрана може да се казни поблаго,а ако пречекорувањето
го сторил поради силна раздразнетост или уплав предизвикан од нападот може и
да се ослободи од казна (чл.9 ст.3).Не е определено поблиску,според тоа,ниту за
кои граници се работи,ниту какво и колкаво треба да биде пречекорувањето на
границите на нужната одбрана.Начелно земено, кога нападнатиот ги пречекорува
границите на нужната одбрана стапува на почвата на забранетото,
противправното, така што неговото дејствие треба да се проценува како и секое
друго казнено дело (меѓу другото претставува напад против кој првобитниот
напаѓач има право на нужна одбрана).Па сепак,неспорно е дека посебната
психичка состојба во која тој се наоѓа треба да се уважи како лична факултативна
околност за ублажување на казната.Таа може да варира од најниски степени на
изненадениот до состојба на ступор,зашеметеност или афект,во која не може да
се очекува ладнокрвно и присебно бирање на средствата за одбрана и
одмерување на тежината на сопствените постапки.Силната раздразнетост или
уплав предизвикан од нападот како факултативна основа за ослободување од
казна ги опфаќа состојбите на афект и страв со силен интензитет од кои
резултира бурна и неодмерена реакција,што судот треба да го утврдува со помош
на вештачење.

Пречекорувањето на границите на нужната одбрана се однесува на нужноста и


интензитетот,пропорционалноста на одбраната со интензитетот на нападот
(интензивен екцес),или на нејзинот времетраење (екстензивен екцес).
Литература

- http://www.jpacademy.gov.mk/upload/Materijali
- Книга по казнено право – општ дел Охрид,2010 г.
- https://www.pravdiko.mk/karakteristiki-na-nuzhnata-odbrana/

You might also like