You are on page 1of 16

СЕМИНАРСКИ ТРУД

ПРЕДМЕТ: КАЗНЕНО ПРАВО

ТЕМА: ПРАВНА ЗАБЛУДА

МЕНТОР: Проф. Нас. Доц. Д-р Александар Маркоски


Кандидат: Ивана Илова Скопје

Бр. На индекс: 046/19 Јуни 2020


Содржина:

- Вовед................................................................................................. 03
- Поим и видови на правна заблуда.................................................. 05
- Кривично правно дејство на правната заблуда............................. 08
- Практичен пример за правна заблуда............................................ 10
- Користена литература...................................................................... 11
Вовед

Казненото право е
единство од објективното
неправо и вината како
субјективен елемент. За
самото предизвикување на
неправда, ако може
субјективно да му се препише
на предизвикувачот, не е
доволно само прекор туку
и настапување на
кривичноправна казна.
Според сфакањата на
модерната наука
за кривично право, за
постоење на вина се бара и
свесност за противправноста.
Сторителот кој никако не
можел да знае за забраната на
своето дело не прави
казнено дело. Со други
зборови, кога постои правна
заблуда, не постои вина.
Таквото решение е во
согласност со принципот
на индивидуална
субјективна
одговорност и нормите на
правната држава.
Казненото право е
единство од објективното
неправо и вината како
субјективен елемент. За
самото предизвикување на
неправда, ако може
субјективно да му се препише
на предизвикувачот, не е
доволно само прекор туку
и настапување на
кривичноправна казна.
Според сфакањата на
модерната наука
за кривично право, за
постоење на вина се бара и
свесност за противправноста.
Сторителот кој никако не
можел да знае за забраната на
своето дело не прави
казнено дело. Со други
зборови, кога постои правна
заблуда, не постои вина.
Таквото решение е во
согласност со принципот
на индивидуална
субјективна
одговорност и нормите на
правната држава.
Казненото право е единство од објективното неправо и вината како
субјективен елемент. За самото предизвикување на неправда, ако може
субјективно да му се препише на предизвикувачот, не е доволно само прекор туку
и настапување на кривичноправна казна. Според сфакањата на модерната наука
за кривично право, за постоење на вина се бара и свесност за противправноста.
Сторителот кој никако не можел да знае за забраната на своето дело не прави
казнено дело. Со други зборови, кога постои правна заблуда,не постои вина.
Таквото решение е во согласност со принципот на индивидуална субјективна
одговорност и нормите на правната држава.

Наспроти него, стои едно круто правило,засновано на фикцијата дека


граѓаните ги познаваат сите права, дека непознавањето на правото штети. Имено,
според овие теории, вината претставува субјективен психички однос на чинителот
спрема своето дело, која се искажува преку свеста и желбата, односно, тоа е
релација помеѓу психата на сторителот и противправните последици кои
позитивното право ги смета како казниви дела. Кривицата се всушност сведува на
два елемента умисла и небрежност, додека свеста за забранетото дело е
потполно ирелевантна за нејзиното постоење.

Психолошките теории настанати во раната германска доктрина, се до


почетокот на 20-от век биле единствено учење за казненото право. Тие
произлегуваат од природната содржина на вината, но лишени од нормативниот
елемент биле немоќни во обидот да под единствен поим “вина” да ја усогласат
несвесната небрежност, која е длабоко обележан вредносен критериум;
сторителот не се однесувал онака како што се од него очекувало. Ова сваќање,
етички не може да ја осветли суштината на прекорот упатен до сторителот,
бидејќи дефинирањето на вината само како психички однос спрема делото,
односно како еден реален чин, го одредува само нејзиниот тек,а не нејзиното
друштвено и правно значење. Пристапувањето кон ваков став, како што е веќе
кажано, неизбежно води кон игнорирање на секое влијание на правната заблуда
за постоење на вина. Отсуството на свест за противправноста може евентуално
да биде околност релевантна за одредување на казната, така да се ваквото
решение очигледно се спротиставува на етичкото барање да никој не може да
одговара за повреда на нормите за кои не знаел. Тој што не е свесен за своите
должности, не може ни да ги повреди.
Со прифаќањето на нормативните и мешовити, психолошко-нормативни
теории води кон усвојување на решение кое станало доминантно и спрема кое
неотстранливата правна заблуда преставува основ кој ја исклучува вината.

Нашето рано кривично законодавство поаѓало од психолошките теории на


вината. Согласно тоа и правилото за правната заблуда останало во граници на
таквиот пристап. Сепак новиот Кривични закон ова прашање го регулира на
суштински поинаков начин.

Според Кривичниот законик на Република Македонија правната заблуда е


дефинирана во член 17 кој гласи:

Член 17:

(1) Не е кривично одговорен сторителот на кривично дело кој од оправдани


причини не знаел и не можел да знае дека тоа дело е забрането.

(2) Ако сторителот на кривичното дело можел да знае дека делото е


забрането, може да се казни по благо.

Поим и видови на правна заблуда


Правната заблуда подразбира непостоење на свесност дека се прави
кривично дело, односно дека се превзема со право забрането однесување.
Сторителот се наоѓа во правна заблуда ако не знае дека со дејството што го
превзема врши кривично дело, односно не знае дека неговото однесување е
спротивно на барањата на правниот поредок. Тој е свесен за сите реални
околности на своето дело но му недостасува свест за противправноста. Тоа е
таканаречена директна правна заблуда.

Правната заблуда постои не само тогаш кога воопшто не се познава


правната норма, туку и во случај на нејзино погрешно толкување, кога сторителот
знае за постоењето на нормата но ја погрешно сфаќа и смета дека таа не го
опфаќа неговото однесување. Но и во едниот и во другиот случај сторителот не е
свесен за забранетоста на делото. Според сфакањето за вината не се бара свест
за тоа дека однесувањето е предвидено во Законот како кривично дело, доволна
е само свест за забранетоста на делото со правните норми. Според тоа, свеста за
асоцијалниот карактер на делото, неговото друштвено и морално недопуштање,
ако не е пратено со свест за правната забранетост, нема да заснова вина,
односно не мора да се исклучи можноста за постоење на правна заблуда. Иако во
законот стои дека правната заблуда постои кога сторителот не знае дека делото е
забрането, сепак оваа “забранетост” не треба да се свати само како предвиденост
на делото во кривичниот закон, туку и во поширок смисол како забранетост на
делото во смисла на позитивното право воопшто.

Правната заблуда ќе постои и тогаш кога сторителот знае дека


одредено однесување е кривично дело, но погрешно мисли дека некоја постоечка
околност преставува основ за исклучување на противправноста или погрешно ги
проценува постоењето на правните услови за примена на некој од тие основи. Се
работи за тоа дека сторителот како причина за исклучување на противправноста
зема нешто што нема такво значење, што од правниот поредок не е признато како
причина за исклучување на противправноста. Тоа е таканаречена индиректна
правна заблуда.

Кај поедини кривични дела законодавецот противправноста (која


претставува посебен елемент во општиот поим на кривичното дело) ја внел во
законски опис па како спорно може да се постави прашањето за разграничување
на стварната и правна заблуда. Скоро едноречено е мислњето на нашите автори
дека во тие случаеви постои стварна заблуда. Бидејќи тогаш противправноста
преставува дел од кривичното дело, неговото (нормативно) обележје има значење
на дело на стварни околности, па затоа постои стварна заблуда.

Доколку и тоа обележје не е опфатено со умислата на сторителот,


кривичното дело нема да постои. Заблудата за противправноста, ако така може
така да се рече,има поголемо дејство кај кривичните дела во кои е внесена
противправноста како битно обележје, отколку кај останатите кривични дела.
Имено, она ја исклучува умислата, а со тоа и кричното дело ( нема небрежни
кривични дела кои содржат и противправност). Кај другите кривични дела во
случај на заблуда за противправноста се применува институтот правна заблуда, и
само во случај на неотстранлива правна заблуда може да дојде до исклучување
на кривичното дело.

Правната заблуда се карактеризира со отсуство на свеста за


противправноста. Не е неопходно сторителот да смета дека неговото дело е
дозволено, но ако смета дека делото е можеби забрането со самото право нема
да постои правна заблуда (таканаречена евентуална правна заблуда).

Кај кривичните дела кои се казниви сами по себе, кај кои е и формалната и
материјалната противправност очигледна ( убиство, силување, кражба и сл.)
правната заблуда не е можна. Кај другите кривични дела кај кои не постои јасно
изразена друштвена и морална неприфатливост и која зависи само или претежно
од процената на законодавецот во одредено друштво и во одреден времеснки
период, кои се кривични дела само поради тоа што се како такви со законот
забранети, сосема е можно да постои правна заблуда. Ова се особено однесува
на кривичните дела од споредбеното кривично законодавство.

Ситуација спротивна на правната заблуда, кога некое лице погрешно смета


дека однесувањето со кое причинува кривично дело е потполно кривичноправно
ирелевантна.

Важно но сложено прашање во оваа област е повлекувањето на линијата


помеѓу стварната и правна заблуда кај кои постои различно кривичноправно
дејство во кривичното право, а сложеноста во разликувањето кај нив е особено
изразена во нормативните обележја за постоењето на кривичното дело.

Во принцип може да се каже дека стварната заблуда се однесува на


погрешната свест на сторителот за кривичното дело, додека правната заблуда се
однесува на погрешната свест за значењето на правното дело.

Во стварната заблуда сторител е оној кој не е свесен за некои стварни


околности кои преставуваат карактеристика на кривичното дело или некои
стварни околности кои, доколку стварната заблуда навистина постои, го прават
делото дозволено. Во правната заблуда сторител е оној не знаел дека неговото
дело е правно забрането.
Според напишаното може да се каже дека кај стварната заблуда сторителот
не е свесен за делото. Тој не знае што прави. Кај правната заблуда сторителот не
знае дали смее тоа што го прави. Тој не е свесен за забранетоста на делото.

Стварна заблуда кај кривичното дело постои тогаш кога сторителот не знае
за некоја стварна околност од објективен карактер која преставува елемент на
кривичното дело ( заблудата може да се однесува на било кое обележје на
кривичното дело, на пр. извршување, последица, средство за извршување и тн).
Во однос на околноста која преставува субјективно обележје казнување на
стварната заблуда не е можна. Доколку сторителот не е свесен за сите стварни
околности на делото што го превзема но погрешно смета дека тоа не е забрането
ќе постои директна правна заблуда.

Во однос на нормативното обележје на кривичното дело стварната заблуда


постои само кога сторителот смета дека таа не постои во конкретниот случај
бидејќи не го сфаќа друштвеното значење ни на основа на паралелното
вреднување во лаичката сфера. Правна заблуда постои доколку сторителот го
согледува тоа значење, но не ја знае правната норма и така доаѓа до заклучок
дека неговото однесување не е забрането.

Со оглед дека сторителот со својата умисла треба да ги опфати сите


елементи на кривичното дело (како дескриптивните така и нормативните)
стварната заблуда е негација на умсилата. Недостатокот на свеста за околностите
кои преставуваат обележје на кривичното дело, го исклучува умисленото кривично
дело.

Ако сторителот погрешно смета дека постои некоја стварна околност која,
доколку стварно постои, која би го направила делото дозволено, ќе се најде во
стварна заблуда во поглед на причината за исклучување на противправноста.
Правната заблуда за причините за исклучување на противправноста (индиректна
правна заблуда) постои тогаш кога сторителот има правилна свест за дејствата
што ги превзема но ги погрешно правно квалификува, односно, смета дека
околноста која постои преставува основ за исклучување на противправноста или
погрешно го проценува постоењето на правните норми за примена на некој од тие
односи.
Кривично правно дејство на правната заблуда

Во повеќето европски кривичноправни законодавства правната заблуда се


под одредени услови смета за основа за исклучување на вина. На тој начин
преовладува сфакањето засновано на правилото дека непознавањето на
правната школа (norantiaiurisnocet), според која ниту нескриената заблуда за
противправноста не може да влијае на постоењето на кривично дело. На
неприфатливост на такво решение, кое долго време важеше и во нашето
кривично право, покажуваат и правно догматските причини ( кршење на начелото
на вина). Ако начелото error iurisnocet имало смисла во римското право во кое не
изобилувале кривичноправните забрани и заповеди и во кое постоела само
елементарна кривична дела кај кои заблудата за противправноста практично била
исклучена, неодржливо е инсистирањето на него во денешниот свет со
хипертрофирана правна регулација.

Прифаќањето на психолошките теории за вината од страна на нашето рано


кривично законодавство имаше за последица решение според која правната
заблуда можеше да влијае само на казнувањето. Сторителот на кривичното дело
кој од оправдани причини не знаел дека делото е забрането, судот можел поблаго
да го казни или ослободи од секаква казна.

Само правната заблуда од оправдани причини можела да има карактер на


факултативна основа за ослободување од казна, додека обичната правна заблуда
можела евентуално да биде само олеснувачка околност која би влијаела на
определувањето на казната пропишана за кривично дело сторено при правна
заблуда.

Корекција на ставот за незнаењето на законот во кривичното право нема


никакво дејство, законодавецот само делумно го прифатил нормативното
сфакање, бидејќи ни заблудата која сторителот никако не можел да ја избегне не
водела до исклучување на вината.

Новиот казненоправен законик го напушта досегашното решение и


суштински на друг начин го обликува институтот правна заблуда, настојувајќи да
психолошко-нормативното сфакање на вината доследно го спроведе и во оваа
област.
Свест за противправноста е посебен елемент на вината чие постоење се
претпоставува. Законикот ја усвојува таканаречената теорија по која свеста за
противправноста нејзин самостоен дел и кој постои независно од умислата,
односно небрежноста. Тоа значи дека е можно во однос на превземаното дело да
постои умисла или небрежност, а да нема вина доколку сторителот не можел и не
е бил должен да знае дека неговото дело е забрането, односно предвидено како
казниво дело.

За правната заблуда да ја исклучи вината неопходно е да се утврди дека


сторителот никако не можел да ја избегне заблудата за забранетоста на делото,
односно, дека не е бил должен и дека не можел да знае за забранетоста на
делото.

Правната заблуда може да се избегне ако сторителот не знаел дека делото


е забрането, но за тоа е бил должен и можен тоа да го знае. За разлика од
неизбежната правна заблуда, избежната не ја исклучува вината. Вината не е
исклучена бидејќи овде постои должност и можност сторителот да е свесен за
забранетоста на делото.

Правната заблуда што може да се избегне преставува факултативен основ


за ублажување на казната. Постоењето на свест за противправноста ја засновува
вината, а отсуството на сварната свест за противправноста, во зависност од
околностите на конкретниот случај и причините поради кои сторителот нема свест
за неа, може да биде основ за ублажување на казната.

Се наметнува заклучок дека со обзир на условите за постоење на


неизбежна, односно избежна правна заблуда, законикот поединечните случаеви
ги оставил нерегулирани. Имено, неизбежната правна заблуда постои ако
сторителот не е бил должен и не можел да знае за забранетоста на делото а
избежната правна заблуда ако е бил должен и можел да знае. И во едниот и во
другиот случај се бара кумулативно исполнување на двата услови.
Практичен пример за правна заблуда

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.


(39) од Охрид поради постоење основано сомнение дека е сторител на
кривичното дело – “доведување до заблуда” и “измама“ по што од страна на
Истражен судија при Основниот суд во Охрид, одредена му е мерка притвор во
траење од 30 дена.

Пријавениот, во периодот од април минатата до јули оваа година, со


намера за себе да присвои против-правна имотна корист, во заблуда го донел
холандскиот државјанин Ј.Ј. лажно прикажувајќи документи дека ќе му овозможи
стекнување приходи од издавање на куќа и луксузен апартман со што за себе
остварил имотна корист од 237.150 евра.

Со цел да го уреди својот дом, пријавениот Б.К. во мај 2009 година, му


предложил на холандскиот државјанин да инвестира во реновирање и доградба
на неговата куќа во Охрид, притоа ветувајќи му поделба на куќата на пола а потоа
куќата ќе требало да се издава на лица од француската амбасада за сума од
30.000 евра. Во текот на летниот период лани, кога холандскиот државјанин
дошол на одмор во Охрид, пријавениот го однел кај стамбен објект во изградба,
во близина на седиштето на општината, и му кажал дека имал намера да го купи
последниот кат со површина од околу 142 метри квадратни и да го претвори во
луксузен апартман кој ќе го издавал на странци од Турција и Франција. Да биде
поубедлив, пријавениот го запознал оштетениот Холанѓанец со еден приватен
стопанственик од Охрид претставувајќи го како градител на објектот. Доведен во
заблуда дека со издавање на апартманот ќе стекнат приходи од 30.000 евра
годишна кирија и дека апартманот ќе биде во целосно негова сопственост,
холандскиот државјанин во неколку наврати на пријавениот Б.К. му дал вкупно
115.650 евра.

Со образложение полесно и побрзо да се издаде куќата и апартманот под


кирија, пријавениот Б.К. од оштетениот побарал и мебел и уметнички дела за
нивно опремување за што преку холандска компанија, му бил испорачан луксузен
мебел, уметнички дела и антиквитети во вредност над 50.000 евра.
Користена литература

Казнено право – општ дел – Владо Камбовски;

Википедија.

You might also like