You are on page 1of 17

МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ

“ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН”


СВЕТИ НИКОЛЕ, БИТОЛА-РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

НАСОКА: ПРАВНИ СТУДИИ

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ПРЕДМЕТ: УСТАВНО ПРАВО

ТЕМА: ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ ЗАГАРАНТИРАНИ ВО УСТАВОТ НА


РСМ

Ментор: Изработил:
Проф.д-р Јагода Митревска Тошо Велески
Бр.на индекс: 2082012
2021 година
СОДРЖИНА:

1. ВОВЕД ............................................................................................................................... 3
2. ПОИМ И ДЕФИНИЦИЈА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ ....................... 4
3. ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ И КЛАСИФИКАЦИЈА НА ЧОВЕКОВИТЕ
ПРАВА ...................................................................................................................................... 6
4. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ ........................ 8
4.1. Граѓански и политички слободи и права ................................................................ 8
4.2. Економски, социјални и културни права .............................................................. 11
4.3. Гаранции на основните слободи и права .............................................................. 13
5. ЗАКЛУЧОК ..................................................................................................................... 15
6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ....................................................................................... 17
1. ВОВЕД

Во бурната денешница во која со секоја измината секунда се врши некаква


промена, сведоци сме дека почитувањето и заштитата на човековите права, како
цивилизациска придобивка, е мисија и крајна цел на секоја модерна држава. Оттука,
модерната демократска држава, каква што претендира да биде и Република Македонија,
треба да биде и најголемата гаранција дека ќе ги обезбедува, почитува и заштитува
човековите права, како темелна цивилизациска придобивка во секојдневното живеење
на нејзините слободни граѓани. Во таа смисла, полициските органи во својата работа се
единствени државни органи кои имаат законски овластувања да постапуваат, да ги
ограничуваат и да им ги одземаат основните човекови права и слободи на граѓаните, во
рамките на постапувањето и остварувањето на своите работни задачи и обврски и во
согласност со Уставот и законите. Меѓутоа, и во тоа свое постапување при
извршувањето на своите работни задачи од таков вид, овластените службени лица
професионално се обврзани да внимаваат и да работат врз основа на законските
регулативи со кои се регулира таквата полициска постапка, особено при апсењето,
приведувањето или лишувањето од слобода.
Почитувањето на човековите слободи и права претставува клучен дел од правото
на секоја современа држава. Република Северна Македонија, како една релативно млада
дежава која се стреми да се приклучи кон европското семејство наречено Европска
Унија, неопходно е да ги имплементира истите во секоја сфера од правото, како услов
sine qua non. Секако, гарантирањето на човековите слободи и права и не така тешка
задача за државите, посебно ако се има во предвид демократскиот развиток во целина,
како и начинот на живот според кој секој граѓанин се раѓа со стекнати права, кој му се
загарантирани со Устав, и никој во ниту еден случај не смее да му ги ограничи, ниту да
му ги одземе.
2. ПОИМ И ДЕФИНИЦИЈА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ
Човековата цивилизација своите најголеми придобивки во сите области на
нејзиното егзистирање неспорно ги доби во последниот век и половина. Но она што е
уште неоспорно е дека таквите придобивки се плод на најголемиот хорор кој го доживеа
човештвото од почетокот на неговото постоење. Првата, а особено Втората светска војна
придонесе меѓународното општество да се трансформира до одреден степен или, пак, да
се доближи неколку скалила до она што се вели меѓународна заедница. Во прилог на
ваквата констатација можеме да ги наведеме и размислувањата на големите умови на
проучувањето на меѓународните односи каде што се вели дека во меѓународното
општество станува збор за индивидуи кои настапуваат од позиција на нивните интереси
и цели и не се подготвени да прават компромис или жртвување за "повисоко добро", што
не е случај за меѓународната заедница затоа што кога се говори за "заедница" во
класична социолошка смисла, овој назив подразбира постоење на вредности и интереси
кои се заеднички на сите припадници на заедницата. Иако сè уште не постои целосна
согласност за тоа дека во светот денес е воспоставена состојба на "заедница", сепак се
говори за егзистирање на "меѓународен систем" кој означува збир на варијабли кои
имаат свои правила во однесувањето на државите и специфичните карактеристики. Кон
таквата трансформација меѓународниот систем успеа да направи големи чекори кон
унифицирање на интересите на сите чинители на меѓународната заедница во заеднички
интереси. Како една од најголемите придобивки на повоениот меѓународен систем е
секако воспоставувањето на "концептот на човековите права". Кога говориме за
човековите права неминовно истото го поврзуваме со Универзалната декларација за
човековите права на ООН, усвоена во 1948 година каде за прв пат се говори за обврската
на државите да го обезбеди, да го гарантира и да го почитува комплексниот систем на
човекови права на своите, но и на странските граѓани на нивната територија.
Човековите права претставуваат највисок дострел во развојот на вредносниот
систем на човекот. Тие претставуваат сублимација на хуманата димензија на сите
претходни учења (религиозни, филозофски, правни) и мерило на достигнатиот
цивилизациски развој на човештвото. Во моментот тие претставуваат најуниверзално
(од страна на најголем број култури, теории и држави) прифатен систем на вредности
кој е многу повеќе од прост збир на вредности на составните делови и развојните
компоненти; како, на пример, не можеме да кажеме дека човековите права се сведуваат
само на еднаквост, слобода и достоинство.
Човековите права се единствениот универзално признат систем на вредности, кој
во последните 50 години е сè пошироко признат и прифатен од голем број држави во
меѓународна рамка. Режимот на интернационални човекови права и слободи е тесно
поврзан со интернационалната безбедност и мир, развој и глобалното стремење кон
плуралистичка демократија, добро управување и владеењето на правото.
Меѓународното хуманитарно и кривично право можат да се сметаат само како одделни
аспекти на меѓународниот концепт за човекови права, кој после Студената војна стана
комплексна тема на набљудување и проучување.
Од легален аспект, човековите права се дефинираат како оние права кои се
содржани во меѓународните акти и документи и истите се составен дел од националната
легислативна рамка на голем број држави. Ваквата едноставна дефиниција всушност е
резултат на комплексност на меѓународното усогласување на ставовите, договарање и
изнаоѓање заеднички содржини, термини и формулации.
Она што ја претставува суштинската основа на човековите права е сржта на секој
меѓународен договор за човекови права, почитувањето на животот и достоинството на
човекот. Признавањето на вроденото достоинство на човековото битие и правото на
живот се основниот појдовен концепт и во Универзалната декларација за човекови
права.
Концептот за човекови права и слободи не претставува затворен систем на
вредности и принципи, туку отворена структура која постојано се надоградува, како на
квалитативен, така и на квантитативен начин. Токму тоа претставува суштинска
карактеристика по која битно се разликува од сите други претходно изградени системи
кои претендираат на заокруженост и дефинираност на вредностите.
Актуелната состојба со човековите права е резултат на долг процес на освојување
на одделните права, нивна промоција и проширување на нивното практикување. Денес
човековите права играат видлива и значајна улога во меѓународните односи.
Во теоријата вообичаено станува збор за три димензии, односно развојни фази на
човекови права. Првата генерација се оние права кои треба да овозможат ослободување
на човекот од притисокот на државата, односно права насочени кон слободата, и во нив
спаѓаат граѓанските и политички права. Како такви, тие треба да му овозможат на
човекот активно вклучување во управувањето на државата и нејзина контрола. Меѓу
граѓанските и политички права спаѓаат: право на живот, слобода и сигурност на
личноста, слобода на мисла и изразување, право на фер судење, право на ефективни
правни лекови, слобода на здружување. Некои од овие права можат и да се ограничат,
на пример, во вонредна состојба или криза во државата.
Втората генерација се економските, социјални и културни права, односно права
насочени кон заштита на човекот. Со нив треба да се овозможи егзистенција на човекот,
соодветен стандард на живеење, вработување, социјална и здравствена заштита и сл.
Третата генерација права се колективните права, кои уште се нарекуваат и
солидарни, бидејќи за нивно остварување е потребна соработка на меѓународно ниво.
Овие права се однесуваат на специфични области, кои своето значење го добиваат со
развојот на самиот концепт и со развојот на сознанието дека концептот може да помогне
во воспоставувањето добри меѓународни односи и да биде употребен како орудие за
решавање на одделни проблеми. Одреден број теоретичари сметаат дека овие права ја
градат рамката потребна за потполно уживање на сите други права. Дел од
теоретичарите, пак, истакнуваат дека првата генерација човекови права е полесна за
апликација од втората, затоа што подразбира само пасивна обврска од страна на
државата. Многу е важно државата да најде начин да ги поддржи индивидуите во
изнаоѓањето начини за нивно остварување. Главна карактеристика на развојот на
концептот е специфицирањето на правата и конкретизација на заштитата.

3. ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ И КЛАСИФИКАЦИЈА НА


ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА
Во членот 1 од Универзалната декларација за човекови права се вели дека „Сите
човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права. Тие се
надарени со разум и совест и треба да се однесуваат еден кон друг во духот на
општочовековата припадност“.
Правата кои ги поседува човекот се апсолутни, неотуѓиви и незастариви. Тие не
можат да бидат одземени од ниту еден авторитет или суверен. Ова доаѓа оттаму што
правата не се дадени од ниту еден специфичен авторитет, туку дека нив ги поседува
секое човечко суштество зашто така се договориле сите луѓе на дадениот степен од
развојот на човечката цивилизација. Концептот на човекови права се базира врз неколку
основни принципи: универзалност, неотуѓивост, апсолутност и неделивост.
Универзалноста на концептот се подразбира преку нејзината целокупност. Таа го
опфаќа важењето на правата за секој, со просторно определување секаде, и се однесува
на неделивоста на правата под формулација ‘сите’.
Секој во универзалноста на човековите права се однесува на нивната врзаност за
секое поединечно човеково битие, без да се земат предвид какви било разлики и
конкретни групи на луѓе. Универзалноста на концептот овде се гледа преку основната
појдовна точка, односно достоинството на човекот. Тоа не може и не смее да биде
негирано, ниту оспорено, а најмалку одземено во ниту една ситуација и под никакви
околности. Во овој дел се препознава теоријата на природно право, односно станува збор
за вродени права кои човекот ги поседува од своето раѓање до својата смрт.
Просторната определба секаде подразбира дека луѓето ги поседуваат базичните
права и слободи како резултат на општиот цивилизациски развој и независно од
конкретното скалило на развој на кое се наоѓа определена држава. Ваквиот пристап
довел до постепено проширување на важењето на концептот на територијата на
одредена држава, не само на нејзините сопствени државјани, туку и на сите оние кои по
која било основа се затекнале на нејзината територија, односно на сите луѓе.
Правата се замислени како кохерентен систем кој се поврзува со секое човечко
суштество што ја определува компонентата на сите при дефинирањето на човековите
права. Сите права се нераскинлив дел од универзалноста кој треба да овозможи
неделивост на комплексот права врз која било основа и кој укажува на нераскинливата
поврзаност на правата карактеристични за самиот концепт. Оваа формулација во голема
мера придонесува и за приближување на различните генерации на права на нивно
меѓусебно поврзување во структура на меѓузависност.
Универзалноста на човековите права е прифатена со прифаќањето на
Универзалната декларација за човекови права од страна на сите држави членки на ООН
и е потврдена на светски конференции за човекови права. Поседувањето на правата не е
условено со ништо и автоматски не може да биде одземено поради ниту еден изговор.
Правата на човекот му припаѓаат со неговото раѓање, а единствената дилема се јавува
во тоа колку еден човек е способен да ги ужива или да си ги ограничува.
Важењето на правата на човекот "кон сите" и "за сите" ја потврдува апсолутноста
на човековите права. Тие важат во секое време и во дадената целина. Имено, токму оваа
карактеристика на концептот на човековите права е место каде се "кршат копјата"
помеѓу државните институции и организациите за заштита на правата на човекот
(владини и невладини). Денеска речиси секому му е јасно дека не може да постои
апсолутна заштита на човековите права, па затоа сè повеќе се прават напори да постои
максимална заштита на човековите права. Ваквата терминологија се користи од аспект
на димензионирањето на поимите во поглед на нивното значење.
4. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ1
4.1. Граѓански и политички слободи и права2
Граѓаните на Република С. Македонија се еднакви во слободите и правата
независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло,
политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба. Граѓаните пред
Уставот и законите се еднакви.
Животот на човекот е неприкосновен. Во Република С. Македонија не може да се
изрече смртна казна по ниту еден основ.
Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени. Се забранува
секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и казнување. Се
забранува присилна работа.
Слободата на човекот е неприкосновена.
Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во
случаи и во постапка утврдена со закон.
Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде
запознато со причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода
и со неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава.
Лицето има право на бранител во полициската и судската постапка.
Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот
на лишувањето од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за
законитоста на лишувањето од слобода.
Притворот може да трае по одлука на суд најдолго 90 дена од денот на
притворувањето. Притвореното лице може под услови утврдени со закон да биде
пуштено да се брани од слобода.
Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина
не биде утврдена со правосилна судска одлука. Лицето незаконито лишено од слобода,
притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права
утврдени со закон.
Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено
со закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна. Никој

1
Устав на РСМ, член 443, број: 08-4642/1
2
Од член 1 до член 29
не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е донесена
правосилна судска одлука.
Се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во
постапка во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции
што вршат јавни овластувања.
Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување
на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и
слободното основање на институции за јавно информирање. Се гарантира слободниот
пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации. Се
гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира
правото на исправка во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на
заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање. Цензурата е
забранета.
Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.
Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на
тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го
бараат интересите на одбраната на Републиката.
Се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци. На граѓаните им се
гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од
регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците.
Се гарантира слободата на вероисповеста. Се гарантира слободно и јавно,
поединечно или во заедница со други, изразување на верата. Македонската православна
црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви
пред законот. Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни
групи се слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни
установи во постапка предвидена со закон.
На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и
заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и
уверувања. Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички
партии, да пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат. Програмите и дејствувањето на
здруженијата на граѓаните и политичките партии не можат да бидат насочени кон
насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и кон поттикнување или
повикување на воена агресија или разгорување на национална, расна или верска омраза
или нетрпеливост. Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат
на вооружените сили на Република С. Македонија.
Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без
претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде
ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.
Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.
Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори
со тајно гласање. Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната
способност
Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.
Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и
другите јавни служби и на нив да добие одговор. Граѓанинот не може да биде повикан
на одговорност, ниту да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставките,
освен ако со нив не сторил кривично дело.
На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на
неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот.
Се гарантира неповредливоста на домот. Правото на неповредливост на домот
може да биде ограничено единствено со судска одлука кога е во прашање откривање или
спречување, на кривични дела или заштита на здравјето на луѓето.
Секој граѓанин на Република С. Македонија има право слободно да се движи на
територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште.
Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во
Републиката. Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во
случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на
кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.
Одбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин.
Остварувањето на ова право и должност на граѓаните се уредува со закон.
Странците во Република С. Македонија уживаат слободи и права гарантирани со
Уставот, под услови утврдени со закон и меѓународни договори. Републиката им
гарантира право на азил на странците и на лицата без државјанство, прогонети заради
демократско политичко уверување и дејствување. Екстрадиција на странец може да биде
извршена само врз основа на ратификуван меѓународен договор и врз начелото на
реципроцитет. Странец не може да биде екстрадиран заради политичко кривично дело.
Дејствијата на тероризам не се сметаат за политички кривични дела.
4.2. Економски, социјални и културни права3
Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување. Сопственоста
создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на заедницата.
Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои
произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон. Во случај
на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се
гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност.
Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при
работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому,
под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на
соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и
годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат. Остварувањето на
правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни
договори.
Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во
намирувањето на јавните расходи на начин утврден со закон.
Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување
утврдени со закон и со колективен договор.
Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на
граѓаните согласно со начелото на социјална праведност. Републиката им гарантира
право на помош на немоќните и на неспособните за работа граѓани. Реубликата им
обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно вклучување во
општествениот живот.
Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од
Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на
воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на
македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства
кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција. Посебните права се
уредуваат со закон.
Заради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните имаат
право да основаат синдикати. Синдикатите можат да основаат свои сојузи и да членуваат
во меѓународни синдикални организации. Со закон може да се ограничат условите за

3
Член 30 – член 49
остварување на правото на синдикално организирање во вооружените сили, полицијата
и органите на управата.
Се гарантира правото на штрајк. Со закон може да се ограничат условите за
остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на
управата.
На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита. Граѓанинот
има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на
другите
Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството. Правните
односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон. Родителите
имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата. Децата се
должни да се грижат за старите и изнемоштени родители. Републиката им обезбедува
посебна заштита на децата без родители и децата без родителска грижа.
Право на човекот е слободно да одлучува за создавање на деца. Републиката,
заради усогласен економски и социјален развој, води хумана популациона политика.
Републиката посебно ги заштитува мајчинството, децата и малолетните лица.
Лице помладо од 15 години живот не може да биде вработено. Малолетните лица и
мајките имаат право на посебна заштита при работа. Малолетните лица не смеат да бидат
вработувани на работни места што се штетни за нивното здравје и моралот.
Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ја
унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за
остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина.
Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви
услови. Основното образование е задолжително и бесплатно.
Граѓаните имаат право, под услови утврдени со закон, да основаат приватни
образовни установи во сите степени на образованието, освен во основното образование.
На универзитетот му се гарантира автономија. Условите за основање, вршење и
престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.
Се гарантира слободата на научното, уметничкото и на другите видови
творештво. Се гарантираат правата што произлегуваат од научното уметничкото или
друг вид интелектуално творештво. Републиката го поттикнува, помага и штити развојот
на науката, уметноста и културата. Републиката го поттикнува и помага научниот и
технолошкиот развој.Републиката ги поттикнува и помага техничката култура и
спортот.
Припадниците на националностите имаат право слободно да ги изразуваат,
негуваат и развиваат својот идентитет и националните особености.Републиката им ја
гарантира заштитата на етничкиот, културниот, јазичниот и верскиот идентитет на
националностите.Припадниците на националностите имаат право да основаат културни
и уметнички институции, научни и други здруженија заради изразување, негување и
развивање на својот идентитет.Припадниците на националностите имаат право на
настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон.
Во училиштата во кои образованието се одвива на јазикот на националноста се изучува
и македонскиот јазик.
Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот
народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен
развој и ги унапредува врските со нив. Републиката се грижи за културните, економските
и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство.

4.3. Гаранции на основните слободи и права4


Секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со
Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на Република Македонија во постапка
заснована врз начелата на приоритет и итност. Се гарантира судска заштита на
законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што
вршат јавни овластувања. Граѓанинот има право да биде запознат со човековите права и
основни слободи и активно да придонесува, поединечно или заедно со други за нивно
унапредување и заштита.
Во Република С. Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот,
а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и
законите.
Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила. Законите и
другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република С. Македонија”
најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување. Законите влегуваат во
сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува
Собранието, со денот на објавувањето. Законите и другите прописи не можат да имаат
повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.

4
Член 50 – член 54
Адвокатурата е самостојна и независна јавна служба што обезбедува правна
помош и врши јавни овластувања во согласност со закон.
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во
случаи утврдени со Уставот. Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да
бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.
Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на
пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или
општествена положба.
Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на
живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на
правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето,
совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.
5. ЗАКЛУЧОК
Тежнеењето кон заштита на човековото достоинствона сите човечки суштества
се наоѓа во средиштето на концептот на човековите права. Тој концепт го поставува
човекот во центарот на вниманието.
Тој се заснова врз заеднички универзален систем од вредности посветен на
светоста на животот и обезбедува рамка за изградба на систем на човекови права,
заштитен со меѓународно-прифатените норми и стандарди. Во текот на 20-тиот век,
човековите права се развија во морална, политичка и правна рамка и станаа водечка
насока за развој на свет ослободен од страв и немаштија.
Член 1 од Универзалната декларација за човекови права (УДЧП), усвоена од
Обединетите нации во 1948 година, се однесува на главните столбови на системот на
човекови права, односно слободата, рамноправноста и солидарноста. Слободите, како
што се на пример слободата на мисла, совест и вероисповест, како и слободата на
уверување и изразување се заштитени човекови права. На сличен начин, човековите
права гарантираат рамноправност, какоштое еднаквата заштита од сите форми на
дискриминација во остварувањето на сите човекови права, вклучувајќи ја и целосната
рамноправност меѓу жените и мажите. Солидарноста гиопфаќа економските и
социјалните права, какви што се правото на социјална сигурност, праведно плаќање за
трудот и соодветен стандард на живот, здравје и достапно образование, коишто се
составен дел од рамката за човекови права.
„Сите луѓе се родени слободни и еднакви во достоинството и правата. Тие …
треба да дејствуваат заемно во духот на братството.“ – Член 1 од Универзалната
декларација за човекови права. 1948 година.
Овие права детално се претставени во пет поглавја како политички, граѓански,
економски, социјални и културни човекови права, коишто се правно уредени во два
паралелни меѓународни пакта, кои се надополнуваат на УДЧП и на тој начин го
одредуваат Законот за човекови права.
„Сите човекови права за сите“ беше мотото на Светската конференција за
човекови права во Виена во 1993 година. Човековите права ги оспособуваат и им даваат
моќ на поединците и на заедниците да бараат трансформација на општеството во насока
на целосно остварување на сите човекови права. Судирите треба да се разрешуваат по
мирен пат, врз основа на владеењето на правото и во рамки на човековите права.
Меѓутоа, човековите права можат да се преклопуваат едни со други; тие се ограничени
со правата и слободите на другите или поради потребите за заштита на моралот, јавниот
ред и општата благосостојба во едно демократско општество (член 29 од УДЧП).
Човековите права на другите мора да се почитуваат, не само да се толерираат.
Човековите права не смеат да се користат за прекршување на други човекови
права (член 30 од УДЧП); па така, сите судири мора да се разрешуваат со едновремено
почитување на човековите права и покрај тоа што во време на вонредна состојба и во
екстремни случаи може да се наметнат одредени ограничувања. Затоа, сите, жени, мажи,
млади и деца, треба да ги знаат и да ги разбираат своите човекови права како релевантни
за нивните проблемии стремежи. Ова може да се постигне преку едукација и изучување
на човековите права, која може да биде формална, неформална или неофицијална.
Разбирањето на принципите и постапките сврзани со човековите права ги
оспособува луѓето да учествуваат во одлуките коишто ги одредуваат нивните животи,
да дејствуваат во насока на разрешување на судири и одржување на мирот, раководејќи
се од човековите права, а сето тоа претставува остварлива стратегија за човеков,
општествен и економски развој во чие средиште се наоѓаат луѓето. Едукацијата и
изучувањето на човековите права (ЕЧП) треба да ги спроведуваат сите фактори или
засегнати субјекти, како граѓанското општество, владите и меѓународните компании.
Преку изучување на човековите права може да се развие вистинска „култура на
човековите права“, заснована врз почитување, заштита, исполнување, спроведување и
практикување на човековите права.
6. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
 Д-р Саво Климовски, Уставно право и политички систем, Просветно дело,
Скопје, 2003.
 Д-р Љубомир Фрчковски, Меѓународно право за правата на човекот, Магор,
Скопје 2005.
 Законот за застапување на РМ пред Европскиот суд за човекови права
(„Сл.весник на РМ“, бр.67) и Законот за извршување на одлуките на ЕСЧП
(„Службен весник на РМ“, бр.67/2009)
 Устав на Република Северна Македонија,
https://www.sobranie.mk/content/Odluki%20USTAV/UstavSRSM.pdf

You might also like