You are on page 1of 19

Казнено право колоквиум

 Поим на казнено право


-Казненото право како гранка на позитивно право на државата е систем од законски норми со
кои определени човечки поведение се прогласуват за;
- казневи дела,
- за таквите дела се препишуват казни и други присилни санкции и
- се определуват условите за примената на казните и другите казнено правните санкции.

 Казнено право како правна наука


-е научна дисциплина што за свој предмет на пруочување го има позитивното казнено
право и неговата практична примена.

 Правила на однесување на членовите на ………..


-Девијантни однесувања
-асоцијални однесивања
- Криминални однесување

 ПОДЕЛБА на материјално казнено право на


а-општ и
б- посебен дел

 Предмет на општиот дел се


– одредбите што ги содржат општите казненоправни институти-

а) Поим за казнено дело


б) Услови за казнената одговорност
ц) Видови санкции и услови за нивната примена
д) Одредби за временско и за просторно важење за казнениот закон итн.

 Посебниот дел-
-ги содржи одредбите со кои определени поведенија се инкримирани како казнени дела и за
нив се пропишуват казни и други санкции.

-Напроти формалната поделба, во суштинска смисла- постои единство на двата дела- како
интегрален систем на казненото право.

-Без одредбите за казнените дела, одредбите од општиот дел би биле сосема нефунксионални
и бесмислени.

 Процесно(или формално) казнено право

-Е систем на правни норми од кои се регулира положбата и овластувањата на процесните


странки и другите субјекти кои учествуват во казнената постапка.
 Извршно (пенетенцијарно) казнено право

-Е систем од законски норми со кои се уредуват извршувањето на казнети и другите


казненоправни санкции изречени во казнената постапка.

Овие норми се во основа содржани во ЗИС.

 Функции на казненото право:


1.Заштитна функција на казненото право
-Основна функсција на казненото право е заштитата на поидинецот и на општеството
од поведенија со кои се напаѓат важни индивидуални слободи и права.

-Како општествено зло со сложени појавни форми ( ФЕНОМЕНОЛОГИЈА)и комплексни


фактори за неговото појавување (ЕТИОЛОГИЈА), криминалот е предмет на различни
облици социјална контрола.

Казненото право не е педагошка дисциплина

 Казнено правна заштита на поединецот и


на општеството од криминал се остварува:
1. со прогласување определени поведенија како казнени дела и
2. пропишување за нив казни и други санкции. Тоа е превентивна заштитна функција
на казненото право.

 Повредата на казненоправната забрана е


повод за казненоправна репресија, што се состои во примена на казни или други
санкции спрема сторителот по извшувањето на казненото дело.

-гарантна функција на казненото право


- демократска правна држава
-Magna Charta Libertatum
-Казненото право и моралот-
-НАУКА НА КАЗНЕНОТО ПРАВО-
-( Де леге лата - Де леге ференда)

 Предмет на казненото право-


- казненото дело
-сторителот
-санкции/казни

 Кривично дело е противправно дело што со закон е определено како кривично дело и
чии обележја се определени со закон.
Елементи на кривичното дело:
А)дејствие (поведение)-материјален/реален елемент
Б) предвиденост во законот-формален елемент, законско битие на делото
В)противправност-однос помеѓу конкретното дејстивие и законскиот тип на казненото
дело
Г)вина-субјективна одговорност на сторителот
Д)казнивост-санкција која се изрекува за сторено кривично дело
 Не е кривично дело
- она дело што, иако содржи обележја на кривично дело, претставува дело
од мало значење поради отсуството или незначителноста на штетните
последици и нискиот степен на кривична одговорност на
сторителот ( Дело од мало значење ).

ОДНОСОТ СО ДРУГИТЕ ГРАНКИ

 Односот на кривичното право со криминологија


- Науката на казненото право и криминологијата имаат заеднички објект на
проучување- ( казненото дело како законско неправо и како реален вистински настан).

Криминологијата започнува тамо каде што завршува


казненото право.

Тоа се две самостојни науки што заемно се дополнуват, во таа смисла што
криминолошките сознанија служат како добра основа за казненоправната догматика, за
дефинирање на неправото.

 Односот на кривичото право со пенологијата


-Пенологијата е наука што за свој предмет го има извршувањето на казната и другите
санкции.

За појавата и развој на ова дисциплина придонесе


појавата на казната затвор и пробивот на начелата –

а- индивидуализација и
б- ресоцијализацијата
- специјално превентивна цел
- Осуденото лице и неговиот третман.
-Oсновен предмет на Пенологијата се:
- системот на истражување на казната и другите
санкции,
- класификацијата на осудените лица,

 Односот на кривичното право со криминалистиката


-Криминалистика е научна дисциплина и практична дејност што се занимава со
откривање на казнените дела и нивните сторители обезбедувањето докази за
сторените дела и спречувањето на вршење казнени дела.

 Односот на кривичното право со Судската медицина


-За казненото право судската медицинските сознанија се релевантни за утврдување и
квалификација на телесните повреди како и причините за наступување на смрта кај
делата против животот и телото и други дела кои содржат елемент на телесно
повредување.
 Судска психологија
-Судска психологија за предмет ги има состојбите на свеста и нормалните душевни состојби
на сторителите на казнените дела и другите учесници во казнента постапка (Оштетениот,
сведоците, посебно малолетните сторители)

 Судска психатрија- (душевните болести и


абнормалитети)
-За казненото право- судско психиатриските сознание и методи се битни за –
а- утврдување на непресметливоста,
б- битно намалената пресметливост
Ц-состојбите на афекти или
Д- други псикопатолошки состојби релевантни за општите институти на казненото п.

 Односот со другите гранки на Правото


-Уставно Право
-Граѓанско Право
-Семејно Право

 ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ


-Животот на човекот е неприкосновен
-Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени
-Слободата на човекот е неприкосновена
-Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не
биде утврдена со правосилна судска одлука.
-Се гарантира неповредливоста на домот
-Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување
-Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со
закон и со колективен договор
-Брак, семејство, родители, деца, наследување, законски наследни редови, тестамент,
наследноправни договори

-Семејството е животна заедница на родители и деца и други роднини, ако живеат во


заедничко домаќинство.)

-Односите во семејството се засноваат врз рамноправност, заемно почитување, меѓусебно


помагање и издржување и заштита на интересите на малолетните деца.

 Бракот, е со закон уредена заедница на живот на маж и жена во која се остваруваат


интересите на брачните другари, семејството и општеството.

 Семејно Насилство
-Под семејно насилство се подразбира:
- малтретирање, навредување, загрозување на сигурноста, телесно повредување, полово
или друго психолошко, физичко или економско насилство со кое се предизвикува чувство на
несигурност,
ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА КАЗНЕНОТО ПРАВО

 Нема казнено дело, нема казна, или друга казнено правна санкција без
закон. ( nullum crimen, nulla poena sine lege)

 Поим
-На никого не може да му биде изречена казна или друга кривична санкција за
дело кое, пред да е сторено, не било со закон или со меѓународните договори ратификувани
согласно со Уставот на Република Македонија определено како кривично дело и за кое не
била пропишана казна со закон.

 Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не


биде утврдена со правосилна судска одлука. Лицето незаконито лишено од слобода,
притворено или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права
утврдени со закон.
 Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со
закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.
 Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е
донесена правосилна судска одлука.
 Начелото на законитост има значење на елементарен постулат, основна одредница на
казненото право како право засновано врз закон.
 Право на казнување произлегува од волјата на граѓаните, кои и пренесуват на
државата ограничени овластувања за прогласување оделни поведенија за казни.
 Законот е истовремено гарант за човековите слободи и права и заштитник од секакво
самоволие.

 Основни казнено правни консеквенции на прифаќањето на начелото на законитост


се:
1. Барањето за одреденост на законските битија на казнените дела (nullum crimen sine
lege certa)
2. Забраната на ретроактивно дејство на казнениот закон (nullum crimen, nulla poena
sine lege praevia)
3. Забраната на аналогија и
4. максимата ин дубио про либертате

 Содржината на начелото на законитост ја определуват двете основни барања-

а)- поставување цврсти и јасни описи на казнените дела (nullum crimen sine lege certa) и
б) забрана на ретроактивно дејство на законот (nullum crimen sine lege praevia).

Судот е врзан за законот. Судот и другите државни органи немаат овластување


да оценуват која законска одредба треба, а која не мора да се примени.

 Начелото на законитост останува празна декларација, ако не постојат законски


инструменти за ефикасно гонење и казнување на злоупотребите на власта односно
делата под заштита на законот. Таков инструмент е инкриминирањето на
злоупотребата на службената должност на носителит на јавните функциј ( казнените
дела против службената должност во КЗСМ).
 Начело на легитимитет
-Квалитативна димензија на начелото на законитост во демократска правна држава е
легитимноста на казненоправни забрани.
-Државата смее да поставува само забрани што се нужни и корисни заради заштита на
човекови слободи и права.
-Заштитата на слободите и правата на човекот и на другите основни вредности и
применувањето на кривично-правната принуда кога е во мера во која тоа е нужно за
спречување на општествено-штетни дејствија, претставуваат основа и граница за
определување на кривичните дела и пропишување на кривичните санкции

 Содржината на начелото на легитимитет-

Лигитимноста на законите-

Прво- казнениот закон е легитимен ако е усвоен од легитимно избрано законодавно тело на
слободни и демократски избори.

Второ- законот мора да биде усвоен во демократска и транспарентна процедура врз основа на
широка јавна и стручна расправа.

Трето-неговите функции и цели треба да се конципирани поаѓајќи од општиот интерес на сите


граѓани, а не можеби од интерес на определена партија или од група луѓе.

Четврто- примената на законот мора да е неселективна, транспарентна, и во општа корист на


сите граѓани.

 Барањето за исправен закон


-Легитимен (исправен) е само казнениот закон што е во функција на заштита на
човековите слободи и права и заедничките функции на живиот и што е гарант за сите тие
слободи и права.

 Начело на справедливост
-Ова начело е еманација на општата идеја идеја за правдата како водечка идеја на
казненото право, како и на барањето за легитимитет на казненоправната репресија.
Покрај барањето на формалната законитост ( легалитет), казнениот закон треба да е
легитимен и справедлив.

Правда значи еднаквост – еднакво постапување се секого. На еднаков начин треба да се


третират сите сторители на определено казнено дело.

 Содржината на ова начело ја исполнуват два елемента:


а- еднаквоста пред законот и
б- справедливоста на казната и другите казненоправни санкции

Првиот - се однесува на казненоправната заштита на


човековите слободи и права
Вториот аспект- го покриав подрачјето на примената на
законот како правда во поидинечен случај.

Подрачјето во кое најмногу доаѓа до израз начелото на праведливост е подрачјето на изборот


и одмерувањето на казната и другите казненоправни санкции.

-Казната треба да преставува справедлива реакција на извршеното дело, пропорционална со


природата и тежината на казненото дело.

Еманација на начелото на еднаквост е барањето за


еднаквост во казнувањето:
еднакви случаи еднакво да се третират во однос на казнувањето.
 Начело на вина-
Нема казна без вина (nulla poena sine culpa).
Тоа е основна содржина на начелото на вината, според кое за казната како облик на
државната присилба има место само ако казненото дело може лично да му се префрли на
неговиот сторител.

Начелото на вина има три аспекти:


а) уставно правен- уставноправниот аспект се исцрпува низ уставна
забрана за казнување на невини, коај иако не е директно пропишана може да се регулира од
уставна одредба за -presumpcijata na nevinost (чл. 13 st. 1 УСРМ)

б) позитивнправен -Позитивниот правниот аспект на ова начело го исполнува барањето –


казненото право да биде заснована врз идејата на вината како индивидуална и субјективна
одговорност за извршеното дело.

ц) догматски.

 КЗСРМ најпрвин пропишува (чл. 11 ст. 1) дека кривично е одговорен сторителот кој е
пресметлив и што кривичното дело го сторил со умисла или небрежноста
( индивидуална и субјективна одговорност), а потем определува (чл.33 ст.1) дека за
кривични дела на кривично одговорните сторители може да им се изречат казна
затвор и парична казна.

 Начело на хуманост
-Содржината на ова начело –( човекови слобода и права) - основните слободи и права на
човекот и граѓанинот признати со меѓународното право и утврдени со Уставот

 Уставни забрани
-Животот на човекот е неприкосновен. Во Република Македонија не може да се изрече смртна
казна по ниту еден основ. Чл.10.урсм.
-Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.
-Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и
казнување. Се забранува присилна работа. ( чл.11 УСРМ)
-Главен правец на дејството на ова начело е подрачјето на казненоправни те санкции.
Толкување на казнениот закон
 Поим
-Толкување значи утврдување на вистинската смисла на казнениот закон што претходи
на неговата примена.

Секој, па и најпрецизниот закон е предмет на толкување, едноставно поради општоста


и апстрактниот карактер на неговите норми.

За да се пристапи кон толкување, треба да се утврди најпрвин дали законот што е


предмет на толкување е во сила

 Метод ( од meth hodos) движење кон определена цел, начин како да се постигна
целта), е приспосебен на барањето за утврдување на смислата на законска одредба на
нејзина основа (logos, raison d,etre) и целта (telos) на законодавецот.

Законската одредба се толкува во светлината на нејзината цел: што е предмет на


толкување, односно која вредност е објект на казненоправна заштита.

Секоја одредба има своја цел, свој објект на заштита и треба да се толкува како
средство присобено на целта.

Решавачки за тоа дека кој метод ќе се промени, и што ќе резултира од примената на


различни методи е ТЕЛЕОЛОШКОТО,- целосно толкување.

Другите методи се подредени на телеолошкиот и имат значење на помошни методи,


чија цел мара да биде на истата линија на која и телеолошкото толкување.

 Граматичко толкување- состои во утврдување на смислата на една одредба со помош


на граматичките правила (правила на синтакса), при што се тргнува од јазичната
структура на одредбата како исказ(подмет, прирок, додатоци, главни и зависни
реченици итн.).

Видови толкувања
 Логичкото толкување-
е предмет на правната логика. Во казненото право тоа се користи од една страна со
формално логистичкото заклучување но и со аргументите на правното убедување и
докажување, кои немат карактер на строги закони на формалната логика и допуштат с
едни или на други аргументи да се дојде до убедување дека некои толкување е
подобро од другото.

 Систематското толкување – е вид на логичко толкување што тргнува од заемините


односи на нормите во казнено правниот систем: нема казненоправен систем без
внатрешна логичка заокруженост и хармонично функционирање на сите негови
елементи.

 Споредбениот метод на толкување е помошен метод, со чија примена се утврдува


смислата на една казненоправна одредба, споредна со слична одредба во странското
казнено законодаство.
 Историско толкување- тргнува од утврдување на историските околности и причини за
усвојување на законот. Расветлување на неговата смисла во времето кога е усвоен се
врши со помош на анализа на таканарачените материјали.

Автентично толкување- Законско Автотенчно толкување дава Собранието на СРМ


( чл. 68 УСРМ),во постапка за донесување на закон.

 Можни се два начина на законско толкување.

Првиот- се састои во внесување во самиот закон на т.н legalni definic со кои се


објаснуват поимите употребени во законот.

Вториот- е автотентично толкување што го дава законодавацот кога сака да разјасни


одредби што во практиката предизвикуват дилеми и
различни толкувања.

 Судско Толкување
-Судот го толкува законот кога треба да го примени во конкретниот случај,
што е основниот облик на судско толкување или кога како повисок суд утврдува начелни
ставови и мислења поврзани со толкување на законот. судот пресудува според неговото
толкување на законот.

 Рестриктивно толкување- го става во преден план законскиот текст, а изразите


употребени во него се толкуват тесно и што е можно поверно на нивното семантичо
значење.

 Екстензивно толкување- ја определува смислата на законот во пошироката смисла,


раководејќи се во прв ред не толку од законскиот текст, колку од идејата на законот.

 Аналогија Поим
-Под аналогија се подразбира примена на една законска одредба врз ситуација што во неа е
предвидена, но слично со предвидената. Две појави се слични кога меѓусебе се сопваќат во
повеќе својства или особини, а се разликуват во едно или повеќе, исто така битни својства или
особини.

 Важење на казнениот законик

- Временско важење на казнениот законик


- Просторно важење на казнениот законик

 ПОИМ
-Под временско важење на казнениот закон се примена на законот со оглед на
времето на извршување на казненото дело. Време на важење на законот. Време на
извршување на казненото дело

 Просторно важење на казнениот законик


-Под просторно важење на казнениот закон се подразбира неговата примена со оглед
на местото на извршување на казненото дело.
Кривичното дело е извршено како во местото каде што сторителот работел или бил
должен да работи, така и во местото каде што настапила последицата.

Теорија на Убиквитет
Репресивна власт на својата територија –
Репресивна власт надвор од државните граници.
Конкуренција на репресивна власт
Судир на јурисдикциите
Услови на двократна инкриминација
Принцип на територијалитет
Универзален принцип
ИСКЛУЧОЦИ ОД РЕПРЕСИВНА ВЛАСТ-
ИСКЛУЧОЦИ ОД РЕПРЕСИВНА ВЛАСТ-

 Персонални исклучоци, врзани за:

а-Возраста или
б-посебниот статус на сторителот
Малолетството,
Имунитет,
Институт на застареност
Институт на амнистиа и помилување

 Поим за казнено дело


-Кривично дело е противправно дело што со закон е определено како кривично дело и чии
обележја се определени со закон.

-Не е кривично дело она дело што, иако содржи обележја на кривично дело, претставува
дело од мало значење поради отсуството или незначителноста на штетните последици и
нискиот степен на кривична одговорност на сторителот.

 Казнено дело во објективна-субјективна смисла


-Во објективно-субјективан смисла, казненото дело го дефинираме како дејствие на
виновен сторител, предвиден во законот, притвправно и казниво.

За сторителите на казнените дела, непресметливи во казнениот законик се предвидени


мерки за безбедност, односно посебни мерки на лекување,

 Структурата на поимот на казненото дело, елементи,


а-дејствие,
б-предвиденост во законот,
ц-притивправност,
д-вина и е-казнивност.
Објективен елемент на кд
Субјективен елемент на кд- субјективна одговорност

 Правно добро во формална смисла


-Во формална смисла, под правно добро се подразбира оној интерес,вредности или добра,
што непосредно се заштитува со казненоправна норма
 .Правно добро во материјална смисла
-Во материјална смисла,правно добро е нешто што претходи на казненоправната
забрана,што ја мотивира, преставувајки вредносен критериум за законодавецот во
нејзиното поставување.

 Објект на заштита и објект на дејствието-


-Правото добро не интересира првенствено од аспект на казненоправната заштита. Секое
казнено дело има- свој објект на заштита(заштитано добро), тако што незамисливо да посто
дело без објект на заштита.Казненото дело може да има повеќе сродни објекти на заштита

 Субјекти на казненото дело


-Активен субјект: физичко лице како сторител. Законот го определува кај секое дело
извршителот на делото
-Правните лица како активни субјекти на казненото дело,
-Пасивен субјект: жртвата на казненото дело

 Поим за жртва на казненото дело


-Под жртва на кривично дело се подразбира секое лице кое претрпело штета, вклучувајќи
физичка или ментална повреда, емотивно страдање, материјална загуба или друга
повреда или загрозување на неговите основни слободи и права како последица на сторено
кривично дело.

 Дејствие
-Кривичното дело може да се изврши со сторување или со несторување.

 Кривично дело со несторување


-Кривичното дело може да биде извршено со несторување само кога сторителот го
пропуштил сторувањето што бил правно должен да го изврши, а pропуштањето има
еднакво значење како предизвикувањето на последицата на делото со стpорување.

 Сторувањето го чинат три елементи:


а-волја,
б- дејствување и
ц- каузалитет,

 Кај пропуштувањето не постои-


а- каузалитет
б- ни волја за пропуштање

 Кривичното дело може да биде извршено со несторување само:


-кога сторителот го пропуштил сторувањето што бил правно должен да го изврши, а
-пропуштањето има еднакво значење како предизвикувањето на последицата на делото со
стpорување,
-Умисла/Небрежност?

 Поим за последица
-секое казнено дело има последица што се состои во различен степен на загрозување или
на повреда на заштитно првано добро. Пример за постоење на кражба е доволно да
настапи во вид на одземање на предметот, без оглед на тоа што ќе се случува понатаму со
украдениот предмет.
 Причиност
-Причинска врска меѓу дејствието на извршување и последицата на делото е основна
претпоставка за казнената одговорност на сторителот

 Нема казнена одговорност за сторителот


-Нема казнена одговорност на сторителот за довршеното дело ако не се утврди дека со
своите дејствие ја причинил казненоправно релевантна последица

 Утврдување на причинската врска ?


- кога последицита резултира од повеке вкрстени каузални текови или кога самата жртва
придонела за нејзиното настапување.
Пример- во случај на верижен судир на автомобили???
Или лекарот препишал погрешен лек аптекарот го издал, а сестрата го ињектирал
и пациентот умрел
-чие дејствие е причина за последицата ?????.
Во казнено правната теорија постоја спротивставени сваќања за поимот на каузалитет,

 Поимот за законското битие


-ги опфаќа законските обележја со кои казненото дело се определува како
посебен ентитет и се разликува од другите казнени дела.

 Структура на законското битие-


а-отворени/ б-затворени-

 Затворени битија-
- ( се законски типови на неправо со јасен и прецизен опис на дејството и на последицата на
делото).

 Отворените законски битија,


-се карактеризират со опис во кои дејствието на извршување е определено посредно,
преку предизвикувањето на последицата на делото.

 Противправност
-Казненото дело е противправно, што со закон е определено како казнено дело и чии
обележја се определени со закон, Делото е противправно кога е остварено законско битие,
а во конкретниот случај не дејствува некоја основа за исклучување на
противправноста.

 Основи за исклучување на противправноста-


-ОПШТИ основи- за исклучување на противправноста се-
а-нужната одбрана и
б-крајната нужда

-ПОСЕБНИ основи

 Нужна одбрана
-Не е кривично дело она дело што е сторено во
нужна одбрана-
-Нужна е онаа одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие од себе или од
друг, истовремен противправен напад.
-Сторителот кој ги пречекорил границите на нужната одбрана може да се казни поблаго, а
ако пречекорувањето го сторил поради силна раздразнетост или уплав предизвикан со
нападот, може и да се ослободи од казна

 Законската дефиниција на нужната одрбрана содржи два основни елементa:


а-противправен напад и
б- одбрана

 Напад
-Нападот е противправно дејствие насочено кон загрозување или повреда на некое правно
добро.

-Дејствието може да се појави како;


непосредно/посредно/активно/пасивно/реално

Загрозување или повреда на правното добро.

 Услови што мора да бидат исполнети во случај на напад-


1-Нападот треба да е oбјективно насочен кон загрозување или повреда на кое било правно
добро.

2-Законски услов за постоење на нужната одбрана е и истовременоста на нападот


(односно на одбраната со нападот-.

Нападот е истовремен, актуален, кога непосредно претсои,е започнат,трае или е привремено


прекинат.

3-Противправноста на нападот--Нападот мора да биде противправен-

4-Нападот треба да биде вистински– нема нужна одбрана од дејствие кое во објективна
смисла не преставува загрозување или повреда на правните добра.

 Путативна нужна одбрана


-вообразена, претпоставена, нужна одбрана.

 Одбрана
-Противправниот напад – му дава право на нападнатиот да се брани со преземање на
дејствие со кое се остварува законското битие на некое казнено дело,

 Услови што мора да бидат исполнети во случај на одбрана:


1–Дејствие на одбрана мора да биде насочена против напаѓачот,

2.-Второ, одбраната мора да биде ограничена на одбивање на нападот: дејствието на


нападот не смее да пречекори преку таа линија, определена во секој конкретен случај,

3-Трето, одбраната е неопходно потребна за одбивање на нападот кога по својот интезитет


одговара на интезитетот на нападот.

 КРАЈНА НУЖДА
-Поим-крајна нужда постои кога делото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе
или друг истовремена нескривена опасност, што на друг начин не можела да се отстрани, а
притоа стореното зло не е поголема од злото што се заканувало,

Дефиницијата на крајна нужда содржи два


елемента:

а-опасност и б-отстранување на опасност со жртвување на туѓо добро

 ОПАСНОСТ
-Опасноста се дефинира како состојба предизвикана од човек, од животно или природна
сила. Опасноста може да биде предизвикана од дејство на природни појави ( поплави,
земјотреси, итн.), како и од напади на животни (напад од диви животни, опасни кучиња и
сл.)

 Услови што треба да се исполнат во случај на ризик-


1. Опасноста треба да е истовремена (актуелна).

2. Опасноста треба да биде нескривена, или, не треба да биде предизвикана по вина (со
умисла или небрежност) на оној што западнал во опасност и се спасува со повреда на туѓо
добро

3. Треба да се работи како вистинска опасност, а не за замислена ситуација на нужда од


која лицето се извлекува со жртвување туѓи добра.

 Услови што треба да се исполнат во случај на остранување на опасноста-


1. Опасноста треба да биде неостранлива на друг начин, што значи дека жртвувањето на
туѓо добро се појавува како неизбежна последица на нејзиното отстранување,

2. Дејствиата за избегнување на ризик се презема се додека ризикот е актуелен,

3. Ризикот и одбивноста на ризик мора да бидат пропорционални.

 Исклучување на противправноста во посебниот дел на КЗМ


Одредбите за казнените дела ос посебниот дел на КЗМ, понекогаш содржат и специјални
премисвни норми што го исклучуват под определени услови неправото на делото.

- учество во тепачка –
- противправно прекинување на бременоста-
- противправно лишување од слобода
- нарушување на неповредливоста на домот.
Прашања
Одложувањње на затворска казна-причини
Начело на законитост
На никого не може да му биде изречена казна или друга кривична санкција за дело кое,
пред да е сторено, не било со закон или со меѓународните договори ратификувани согласно со
Уставот на Република Македонија определено како кривично дело и за кое не била
пропишана казна со закон.
Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде
утврдена со правосилна судска одлука. Лицето незаконито лишено од слобода, притворено
или незаконито осудено, има право на надомест на штета и други права утврдени со закон.
 Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со
закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.
 Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е
донесена правосилна судска одлука.
 Начелото на законитост има значење на елементарен постулат, основна одредница на
казненото право како право засновано врз закон.
 Право на казнување произлегува од волјата на граѓаните, кои и пренесуват на
државата ограничени овластувања за прогласување оделни поведенија за казни.
 Законот е истовремено гарант за човековите слободи и права и заштитник од секакво
самоволие.
Основни казнено правни консеквенции на прифаќањето на начелото на законитост се:
1. Барањето за одреденост на законските битија на казнените дела (nullum crimen sine
lege certa)
2. Забраната на ретроактивно дејство на казнениот закон (nullum crimen, nulla poena
sine lege praevia)
3. Забраната на аналогија и
4. максимата ин дубио про либертате

 Содржината на начелото на законитост ја определуват двете основни барања-

а)- поставување цврсти и јасни описи на казнените дела (nullum crimen sine lege certa) и
б) забрана на ретроактивно дејство на законот (nullum crimen sine lege praevia).

Судот е врзан за законот. Судот и другите државни органи немаат овластување


да оценуват која законска одредба треба, а која не мора да се примени.

 Начелото на законитост останува празна декларација, ако не постојат законски


инструменти за ефикасно гонење и казнување на злоупотребите на власта односно
делата под заштита на законот. Таков инструмент е инкриминирањето на
злоупотребата на службената должност на носителит на јавните функциј ( казнените
дела против службената должност во КЗСМ).

Тешка кражба
Поим за казнено право
Казненото право како гранка на позитивно право на државата е систем од законски норми со
кои определени човечки поведение се прогласуват за;
- казневи дела,
- за таквите дела се препишуват казни и други присилни санкции и
- се определуват условите за примената на казните и другите казнено правните санкции.
Процесно (или формално) казнено право е гранка на позитивното право што содржи систем
на законски норми од кои се уредува преземањето процесни дејствија од страна на судовите и
други субјекти во примена на нормитер на материјалното казнено право, заради утврдување
на постоење на казнено дело и неговиот сторител, казнената одговорност на сторителот и
примената на казната или друг казнено правна санкција.
Извршното казнено право е систем од законски норми со кои се уредува извршувањето на
казнитете и другите казненоправни санкции, изречени вом казнени постапки
 Казнено право како правна наука
-е научна дисциплина што за свој предмет на пруочување го има позитивното казнено
право и неговата практична примена.

 Правила на однесување на членовите на ………..


-Девијантни однесувања
-асоцијални однесивања
- Криминални однесување

 ПОДЕЛБА на материјално казнено право на


а-општ и
б- посебен дел

 Предмет на општиот дел се


– одредбите што ги содржат општите казненоправни институти-

а) Поим за казнено дело


б) Услови за казнената одговорност
ц) Видови санкции и услови за нивната примена
д) Одредби за временско и за просторно важење за казнениот закон итн.

 Посебниот дел-
-ги содржи одредбите со кои определени поведенија се инкримирани како казнени дела и за
нив се пропишуват казни и други санкции.

-Напроти формалната поделба, во суштинска смисла- постои единство на двата дела- како
интегрален систем на казненото право.

-Без одредбите за казнените дела, одредбите од општиот дел би биле сосема нефунксионални
и бесмислени.

 Процесно(или формално) казнено право

-Е систем на правни норми од кои се регулира положбата и овластувањата на процесните


странки и другите субјекти кои учествуват во казнената постапка.

 Извршно (пенетенцијарно) казнено право

Поим за обид
Обид

Тој што со умисла ќе започне извршување на кривично дело, но нема да го доврши,


ќе се казни за обид на кривично дело за кое според закон може да се изрече затвор од
пет години или потешка казна, а за обид на друго кривично дело само кога законот
изречно пропишува казнување и за обид.
Сторителот ќе се казни за обид во границите на казната пропишана за кривичното
дело, а може да се казни и поблаго.
Неподобен обид
Сторителот кој ќе се обиде да изврши кривично дело со неподобно средство или
спрема неподобен предмет, може да се ослободи од казна.
Нужна одбрана
-Не е кривично дело она дело што е сторено во
нужна одбрана-
-Нужна е онаа одбрана што е неопходно потребна сторителот да одбие од себе или
од друг, истовремен противправен напад.

-Сторителот кој ги пречекорил границите на нужната одбрана може да се казни


поблаго, а ако пречекорувањето го сторил поради силна раздразнетост или уплав
предизвикан со нападот, може и да се ослободи од казна.
Нужната одбрана ја исклучува противправноста. Нужната одбрана се состои од два
елементи НАПАД +ОДБРАНА. Не е кривично дело она што е сторено во нужна
одбрана. Нападот е противправно дејство насочено кон загрозување или повреда на
некое правно добро. Дејстивието треба да ги содржи општите својства на казнено
правниот поим за дејствието и може да се појави неспоредно или посредно, активно
или пасивно, реално или вербално загрозување или повреда на правното добро.
Нападот треба да е објективно насочен кон загрозување или повреда на кое било
прабно добро. Нападот е противправен кога за дејствието на напаѓачот не стои
никакво правно овластување заснован врз општ или поединечен правен акт. Законски
услов за постоење на нужна одбрана е истовременоста на нападот. Нападот треба да
биде истовремен, актуелен или непосредно да престои, да започнат, да трае или
привремено да биде прекинат.
Нападот претстои кога со дејствието на напаѓачот е создадена блиска можност за
напад. Нападот е започнат со преземање на дејствието на извршување на она дело со
кое се оствраува загрозувањето или повредата на правното добро.
Услови за нужна одбрана
 Да имаме напад врз кое и да е заштитено добро
 Нападот да е од човек
 Нападот да е реален, вистински
 Нападот да е противправен (кога зад дејствието на напаѓачот не стои никакво
правно овластување засновано врз општ или поединечен правен акт).
Нападот да е актуелен (истовременост помеѓу напад и одбрана)
Одбраната треба да биде неопходно потребна за одбивање на нападот и истата по
својот интензитет треба да одговара на интензитетот на нападот. Нападнатиот нрма .
Нападнатниот нема неограничено право да се брани и на кој и да е начин со кое било
средство за одбрана. Правото на одбрана е ограничено со елементите концентрирани
околу нападот и одбраната. Доколку нападниот ги пречекори рамките на одбраната
тогаш станува збор за пречекорување на нужната одбрана. Доколку некој провоцирал
напад за да се брани наведувајќи друг да нападне, тогаш во неговата свест има
провоцирана одбрана и се казнува ако има умисла. Овој институт е познат како
провоцирана нужна одбрана.

Тешка казна
КАЗНИ
1. Цел на казнувањето, видови казни и услови за нивно изрекување
Цел на казнувањето
Член 32
Покрај остварување на правдата, цел на казнувањето е:
1) спречување на сторителот да врши кривични дела и негово превоспитување и
2) воспитно да се влијае врз другите да не вршат кривични дела.
Видови казни
Член 33
(1) За кривични дела на кривично одговорните сторители може да им се изречат
следниве казни:
1) казна затвор;
2) парична казна;
3) забрана на вршење професија, дејност или должност;
4) забрана на управување со моторно возило и
5) протерување странец од земјата.
(2) Казната затвор може да се изрече само како главна казна.
(3) Паричната казна може да се изрече како главна и како споредна казна заедно со
казната затвор или со условната осуда со која е утврдена казна затвор.
(4) Ако за едно кривично дело се пропишани казната затвор или паричната казна, како
главна казна може да се изрече само едната од нив, освен кога со закон е пропишано
дека може да се изречат и двете казни.
(5) Заедно со главната казна може да се изрече една или повеќе споредни казни, под
условите за нивното изрекување предвидени во законот. Со закон може да се пропише
и задолжително изрекување на споредна казна.
(6) Казната забрана на вршење професија, дејност или должност може да се изрече
само како споредна казна заедно со казната затвор или со условна осуда со која е
утврдена казна затвор.
(7) Казните забрана на управување со моторно возило и протерување странец од
земјата можат да се изречат ако на сторителот му е изречена казна затвор или парична
казна, условна осуда или судска опомена.
(8) Казната забрана на управување со моторно возило може да се изрече и како
единствена казна на сторителот на небрежно дело за кое е пропишана парична казна
или казна затвор до една година, ако делото го сторил под особено олеснувачки
околности.

Затвор
Затворот не може да биде пократок од 30 дена, ниту подолг од 15 години. За
кривичните дела за кои е пропишана и казна доживотен затвор, може да се изрече
казна затвор од 20 години
(2) Ако за кривично дело сторено со умисла е пропишан затвор во траење од 15
години, за тешки форми на тоа дело може да се пропише и казна доживотен затвор.
(3) Казната доживотен затвор не може да се пропише како единствена главна казна.
(4) Казната доживотен затвор не може да се изрече на сторител кој во време на
извршување на кривичното дело не навршил 21 година од животот.
(5) Затворот се изрекува на полни години и месеци, а до шест месеци и на полни
денови.
(6) Кога за кривичните дела е пропишана казна затвор без назначување на најмалата
мера, а најголемата мера не е поголема од три години, покрај таа казна задолжително
се пропишува и парична казна.
(7) Затворот се издржува во установи за издржување на казна определени со закон.
Одложување на судска казна
Осуденото лице кое се наоѓа на слобода може по негова молба да му се одложи
почетокот на извршувањето на казната затвор, само во одредени случаи и тоа:

1) ако се наоѓа на болничко лекување од потешка акутна болест или од зависности но


само во периодот додека трае болеста односно лекувањето и е должно на секои 30
дена да достави веродостоен доказ за неговата

2) се случила смрт или тешка болест во потесното семејство на осуденото


лице најдолго за три месеца;

3) одлагањето е потребно заради извршување или довршување на неодложни


полски или сезонски работи, или работи предизвикани од елементарна непогода,
или со друга несреќа, а во семејството на осуденото лице нема доволно друга
работна сила најдолго за три месеца;

4) осуденото лице е обврзано да изврши одредена работа што веќе ја започнало, а


поради неизвршувањето на таа работа би настапила позначителна штета најдолго за
три месеца;

5) одлагањето на осуденото лице му е потребно заради завршување на училишната


година или за полагање на испит за кој се подготвувалонајдоцна до завршување на
училишната година и шест месеца за испит;

6) заедно со осуденото лице се осудени неговиот брачен другар или други членови
на заедничкото домаќинство, или ако некои од нив се наоѓаат на издржување на
казната, а со упатувањето на сите овие лица на издржување на казна би била
загрозена издршката на старите, болните или малолетните членови на семејството,
или би се довело во прашање нормалното стопанисување на
домаќинството најдолго за шест месеца;

7) е осудена жена чие дете е помало од една година или која е бремена, а до
породувањето не преостануваат повеќе од три месеца до наполнувањето на една
година од животот на детето. и

8) е потребно осуденото лице одредено време да се грижи за воспитување и чување


на децата или згрижување на немоќни лица за кои е должно да се грижи, според
мислењето на органите за социјална заштита на општината на чие подрачје децата
или тие лица имаат живеалиште или п рестојувалиште

Тежина на казна на осудено лице


Осудено лице е личност која починила одредена противзаконска работа (кривично
дело) и за тоа од страна на судот во правната постапка правосилно осудено со законски
предвидена казна. Казната може да биде затворска казна, условна затворска казна,
парична казна или некоја мерка (нпр. мерка за обавезително лечење), која судот ја
изрекува како личноста ви се одвикнала од правење кривични дела и генерално
рпевентивно да делува на другите да не сторат некое друго кривично дело.
Најтешка пресуда за поединец е затворската казна со која на одредено време таа
личност е лишена од слобода, или поточно, му се ограничува слобода со престој во
затворска установа.

You might also like