You are on page 1of 2

Казнено процесно право

Поим и цел на кривичната постапка

Кривичната постапка претставува збир на процесни дејсвија,предвидени во закон,процесните


субјекти преземаат кога постои основано сомневање дека конкретно лице сторило кд.Дејствијата
стануваат процесни дејствија по отпочнување на кривичната постапка,сите субјекти добиваат
процесен статус со конкретна положба во постапката.Со започнување на кривичната постапка за
кд кои се гонат по службена должност е обрска на јавниот обвинител,освен за делата кои се гонат
по приватна тужба,почнувањето на постапката зависи од волјата на приватниот тужител.Постои
гаранција за правна сигурност на обвинетиот и другите учесници во постапката.Постојат процесни
дејствија што ги презема овластен тужител тие се насочени кон кривично гонење,што ги
преземаат обвинетиот и неговиот бранител и пресудување од судот по спроведена главна
расправа.Кривичната постапка е тростран однос и трите субјекти меѓусебно имаат одредени права
и должности.Кривичната постапка е насочена кон основната цел на сторителот на кд врз основа на
законите спроведена постапка да му се изрече кривична санкција.Потребно е да се оствари
правните и стварните претпоставки да се одговори на сите прашања поврзани за начинот на
сторување на кд,поврзаноста на сторителот со кривично дело,утврдување на околностите дали
спрема сторителот,согласно кз може да се изрече казна или друга мерка.Постои две
спротиставени тенденции за успешно исполнување на кривичната постапка;
ефикасно,економично и брзо преземање на потребни дејствија и завршување на постапката по
судска одлука,почитување и заштита на индивидуалните слободи и права на
обвинетиот.Рамнотежата секогаш воспоставува судот.Обврска на судот е да се грижи постапката
да се спроведе без одолжување,целосно и со еднакво внимание да се испитуваат и
утврдат,фактитет што го товарат обвинетиот,така и оние што му се на корист.Постои забрана за
користење на докази прибавени на незаконит начин.Кои дејствија ќе бидат преземени зависи од
околностите на случајот,услови за нивно преземање,предлозите од странките и оценка на судот.

Поим на казненото процесно право

Во поширока смисла опфаќа; материјално право,процесно право и право на извршување на


санкциите спрема сторители на кд.Казнено процесно право е систем од правни норми со кои се
регулира положбата и овластувањата на процесните странки и другите субјекти,кои учествуваат во
кривичната постапка,видот формата и условите за преземање на процесни дејствија.Формално
кривично право ја нормира формата на процесни дејсвија кои се состои кривичната
постапка.Кривичното материјално право ги пропишува условите и содржината на правото на
државата да изрекува санкции на сторители на кд,кривичното процесно право условите и
постапувањето за реализација на материјалното право.Се во функционално единство и се
надополнуваат.Kазнено процесно право е позитивна научна дисциплина користи апстрактни
правни норми,и се преземаат конкретни процесни дејствија во текот на кривичната постапка.Во
зависност од примената и природата на правните норми казненото процесно право може да
биде: општо или посебно – дали кривичното посптапување е регулирано во еден законски акт за
сите или само за определени категории сторители на кд пр: малолетници против вооружените
сили и сл. ; основно или дополнително – одредбите кои имаат кривично процесен карактер се во
ЗКП или во други законски текстови ; главно или споредно – во главното е основното и
дополнителното право а во споредно актите кои не ја уредуваат кривичната постапка туку некоја
друга област,содржат одредби кои се однесуваат на кривична постапка; внатрешна и меѓународно
– во зависност од органот кој ги донел. Казнено процесното право во РМ е редовно и општо.

Историски развиток на кривичната постапка

Акузаторна кривична постапка се применувала во робовладетелските антички


држави.Започнувањето и нејзиниот тек зависел од волјата на тужителот,постои максима нема
судија без тужител.Имал две рамноправни активни странки тужител кој бил оштетен со кд и
обвинетиот како сторител на кд пред судот кој требало да го реши спорот како пасивен и
независен арбитер,тогаш немало овластен тужител туку тој бил самиот оштетен.

You might also like