You are on page 1of 4

Интелектуална сопственост

Подготвителни прашања за прв колоквиум

1. Од што се состои правото на интелектуална сопственост?

Правото на интелектуална сопственост се состои од авторско право и сродни права и право на


индустриска сопственост.Според некои автори покрај нив влегува и правото против нелојална
конкуренција.

2. Што се регулира со правото против нелојалната конкуренција?

Со правото против нелојална конкуренција се регулираат оние општествени односи кои што
настануваат на пазарот по повод однесувањето на пазарните субјекти со кое се кршат добрите
деловни обичаи и се создава атмосфера на нефер натпревар,спротивна на уставната гаранција на
слобода на пазарот и претприемништвото.

3. Што претставува авторско и сродните права во објективна смисла?

Авторски и сродни права во објективна смисла е оној дел од правото на интелектуална


сопственост кој ги изучува општествено – економските односи по повод авторските дела и
објектите на сродните права.

4. Што претставува авторско и сродните права во субјективна смисла?

Авторското право во субјективна смисла е вид на исклучиво граѓанско субјективно право на


неговиот носител кое се состои од определени морални и имотни овластувања.Моралните
овластувања ги штитат личните прерогативи на авторот и носителите на сродните права.Со
имотните овластувања се штитат имотните (материјални) права на истите.

5. Кои се носители на авторско и сродните права?

Како носители во смисла на авторското и сродни права ги подразбираме титуларите на авторското


и сродните права.Титулар на авторското право е авторот или неговиот правен следбеник.Титулари
на сродните права согласно нашите прописи,се издавачите,изведувачите,произведувачите на
фонограми,произведувачите на видеограми,произведувачите на емисии,сценските продуценти и
произведувачите на бази на податоци како и нивните правни следбеници.

6. Што претставува правото на индустриска сопственост во субјективна смисла?

Правото на индустриска сопственост во субјективна смисла е исклучиво граѓанско субјективно


право на творецот или носителот на конкретно нематеријално добро истото економски да го
користи и со него да располага.
7. Што претставува правото на индустриска сопственост во објективна смисла?

Правото на индустриска соптственост во објективна смисла е оној дел од правото на


интелектуална сопственост со којшто се регулираат општествените односи за интелектуалните
творби на полето на индустријата.

8. Зошто нелојалната конкуренција дел од теоретичарите ја сместуваат во системот на


правото на интелектуалната сопственост?

Причината поради која нелојалната конкуренција дел од теоретичарите ја сместуваат во


системот на правото на интелектуална сопственост е фактот што правата во индустриска
сопственост се штитат и преку почитување на правилата против нелојална
конкуренција.Заеднос со антимонополското право,конкурентското право се изучува како
една од областите на економското право.

9. Од кои аспекти можеме да го разгледуваме правото на интелектуална сопственост?

Правото на интелектуалната сопственост можеме да го разгледуваме од неколку аспекти:

1.во објективна смисла;


2.во субјективна смисла;
3.како правна наука;
4.како правна практика.

10. Кои се фазите на појавата и развојот на правото на интелектуална сопственост во


Македонија ?

Појавата и развојот на правото на интелектуална сопственост во Македонија се поделени


во три фази.Првата фаза се однесува на периодот кој Македонија го помина во рамките
на Кралството Југославија до 1945 година,втората на периодот 1945-1991 година додека
Македонија беше во рамките на СФРЈ и третата фаза е по 1991 година како самостојна и независна
Република Македонија.

11. Која теорија е прифатена од македонскиот Закон за авторски и сродни права?

Република Македонија во составот на поранешната федерација имаше обврска да ги


практикува сите закони со кои се регулираа авторските и правата за регулирање на
индустриската сопственост.Во сферата на заштитата на авторските права во важност беа
четири закони: закон за заштита на авторските права и неговите измени.Законот за
авторско право и на територијата на самостојна Република Македонија.
12. Што е дипломатски а што фактички реципроцитет?

Дипломатскиот реципроцитет се овозможува преку меѓународните договори кои ја


обврзуваат Република Македонија без разлика дали станува збор за билатерални или
мултилатерални договори.

Фактичкиот реципроцитет меродавни се законските решенија и правната практика во


државите од кои доаѓаат странците кои бараат заштита во Република Македонија.

13. Кои права на заштита ги дополнува ТРИПС договорот?

Членките на ТРИПС се обрзани да предвидат ефикасно и ефективни правни мерки и


правни средства за спречување на повреди на правата од интелектуална сопственост и
правни средства кои што одвраќаат од вршење на натамошни повреди.Постапките кои се
однесуваат на спроведување на правата на интелектуална сопственост треба да бидат
непристрасни и правни.

14. Што е комерцијална експлоатација на топографијата на интегрално коло и кој има


право на заштита?

Комерцијална експлоатација на топографијата значи


изработка,продажба,изнајмување,лизинг или некој друг метод на комерцијална
дистрибуција,директно поврзана со топографијата или со интегралните кола,произведени
врз основа на таа топографија.Право на заштита има нејзиниот конструктор.Кога е
производ на повеќе конструктори,правото на заштита е заедничко за сите
конструктори.Ако топографијата е создадена за време на работен однос на конструкторот
или врз основа на нарачка право на заштита има работодавачот на конструкторот или
лицето кое извршило нарачка,освен ако со условите на вработувањето или нарачката
поинаку не е определено.

15. Во кои случаи се заштитува топографијата на интегрално коло?

Постои следниве случаи :

1. репродукција на топографијата со секое средство или во секоја форма и увоз,продажба или


друга форма на дистрибуција на топографија или на интегрално коло во кое се сордржи
заштитената топографија или производите кои содржат интегрално коло,а ја вклучуваат
заштитената топографија.

2. правото нема да се проширува на некој концепт,процес,систем или техника на кои се заснова


топографијата,освен на заштитената топографија.
3. правото не може да се ужива откако заштитената топографија или интегралните кола се ставени
во употреба на пазарот од страна на носителот на правото или со негово одобрение.

16. Наведете кои субјекти уживаат заштита според ПИС?

Субејкти кои уживаат заштита според правото на интелектуалната сопственост се :

Пронаоѓач,конструктор,автор,автор на индустриски дизајн,автор на авторско


дело,коавтор,коавтор на аудио визуелни дела,претпоставен автор,автор на дело
создадено во работен однос и на дело по нарачка.

17. Што ги спојува авторското и сродните права и правото на индустриската сопственост?

18. Набројте ги правата од индустриска сопственост кои се правно заштитени?

Според париската конвенција предмет на заштита се :

Патентите,корисните модели,индустрискиот дизајн,фабричките и трговските


марки,услужните трговски марки,трговско име,ознака на потекло на производ,географска
ознака,сузбивање на нелојалната конкуренција.

19. Кои од правата од индустриска сопственост не се регистрираат?

Правно заштитени права кои не се регистрираат : трговска и деловна тајна и know how.

20. Уставот како извор на ПИС!

Уставот е основен извор на правото на државите,и во република Македонија.Со уставот


на република Македонија од 1991 година со членот 47 нашата држава ги гарантира
правата кои произлегуваат од научно,уметничко или друг вид творештво и се обврзува
дека ќе го поттикнува,помага и штити научниот и технолошкиот развој.Исто така со
уставот се гарантира слободата на пазарот и на претприемништвото и се определува
обврска републиката да обезбеди еднаква правна положба за сите субјекти на пазарот.

21. Законите како извор на ПИС!

You might also like