You are on page 1of 25

1. Поим на поднесок?

Поднесоци се писмени исправи со кои странките во постапката преземаат определени дејствија


согласно одредбите на ЗПП. Поднесоците можат да се преземаат во писмена форма и во усна
форма. Обично поднесоците што се даваат надвор од судот се во писмена форма, а поднесоците во
усна форма се во текот на рочиштето на записник . судот настојува поднесоците да бидат во
писмена форма за да има повпечатлива трага во постапката.

2. Видови на поднесоци?

Постојат повеќе видови на поднесоци со различна содржина и различни последици во постапката


тоа се: тужба, одгоров на тужба, правни лекови, други прилози во постапката, соопштенија што се
даваат во постапката

Постои и друга поделба на поднесоците со оглед на содржината на поднесоците: подготвителни и


конечни поднесоци.

3. Подготвителни и конечни поднесоци?

Во подготвителни поднесоци се содржани предлози на факти и други докази што странките имаат
намера да ги изнесат на рочиштето. Со ваквите поднесоци, фактички се известува судот и
противната странка за она што ќе се изнесува на идното рочиште во постапката. Но со ваквите
поднесоци странката може и да се откажува од определени факти и докази што требало да
изведени на следното рочиште.

Во конечните поднесоци се наведуваат изјави за релевантните околности кои судот ги презема и


со кои постапката завршува. Пр.тужба за издавање на патен налог. По поднесувањето на оваа
тужба судот одма одлучува.

4. Содржина на поднесоците?

Поднесоците од странките треба да бидат разбирливи и читливи. За да бидат разбирливи тие треба
да содржат определени елементи кои законот ги предвидува и тоа:

-означување на судот до кого поднесокот се поднесува

-името и презимето на подносителот и неговиот ЕМБГ

-занимањето и живеалиштето на подносителот

Ако странката има полномошници задолжително да се наведат кои се:

-предмет на спорот

-Содржина на изјавата во поднесокот

-потпис на подносителот

Поднесоците во судот се поднесуваат во еден примерок, но ако поднесокот треба да биде доставен
и до противната странка тогаш подносителот е должен да поднесе и за неа. Обично се препорачува
за секој тужител и тужен да има по еден поднесок за во предметот на спорот.

Ако со поднесокот треба да се достави и исправа, тогаш исправата треба да се поднесе во


оригинал. Судот го задржува оригиналот кај себе и треба да ја повика противната странка за да и
го покаже оригиналот и да го разгледа. Ако кон поднесокот е приложен препис судот е должен да
ја повика странката за да го донесе оригиналот на увид на судот. Тогаш кога оригиналот ќе биде
донесен на судот, судот може тој да го покаже на спротивната странка.

5. Постапка на судот по поднесоците

Поднесокот треба да биде разбирлив и читлив во него треба да е содржано се она што е потребно
за појаснување на судот. Ако поднесокот е неразбирлив судот тогаш судот е должен на странката
да и определи рок за преправање и исправање на поднесокот за да се направи разбирлив. Тогаш
можат да настанат три ситуации:

-ако странката во определен рок го врати истиот поднесок непоправен судот е должен да го прими
и со решение да го отфрли или може ако странката не го врати во определениот рок, тогаш судот
смета дека поднесокот е повлечен односно дека никогаш не е поднесен.

-ако поднесителот во рокот го исправи поднесокот и од неразбирлив го направил разбирлив тогаш


судот должен е да го прими и да постапи по него.

Поднесокот треба да биде допуштен, односно да биде поднесен од странка која има овластување
за поднесување на таков поднесок. Ако поднесокот не е допуштен односно е поднесен од
неовластено лице, судот таквиот поднесок го отфрла. За допуштеноста судот внимава ex officio но
за допуштеноста може да укаже и странката. По укажување на странката судот е должен да
постапи.

6. Казни за подносителот?

Ако подносителот во својот поднесок го навредува судот, или ја навредува странката или друго
лице судот е должен тоа да го констатира и да ми изрече парична казна од 100 до 1000 евра во
денарска противвредност. Со решението за казнување судот е должен да определи рок во кој што
подносителот на поднесокот казната треба да ја плати. Ако подносителот на поднесокот не ја
плати казната, судот е должен присилно да ја наплати.

Заради навреда на суд, странка или друго лице може да биде казнет и адвокатот на странката. Кога
се работи за казнување на адвокат судот е должен за казнувањето да ја извести адвокатската
комора на Р.М. ако овој адвокат се служи со вакви навреди може да биде разрешен од адвокати.

7. Поим на тужба ?

Кога сакаме да го определиме поимот на тужба ова можеме да го направиме од два аспекта:

-тужба во материјална смисла

-тужба во процесна односно формална смисла.

8. Тужба во материјална смисла?


Се подразбира како право на правна материја што ја бара субјектот на правата за повредено,
загрозено или вознемирено субјективно право. Со оваа тужба тужителот има право да се обрати до
судот како државен орган и од тој орган да бара заштита на неговото право, према тужителот исто
со името како повредител на правото. Во правната теорија на парничната постапка тужбата во
материјална смисла се вика уште и претенција. Всушност без тужба нема парница. Неа може да ја
поднесува само субјектот чие право е повредено, загрозено или вознемирено. Не може тужба да
поднесе судот во негово име. (по службена должност)

9. Тужба во формална смисла?

Претставува процесно дејствие односно барање изразено во писмена форма со кое тужителот му
се обраќа на судот заради заштита на неговото право. Со тоа писмено барање изразено како тужба
тужителот бара заштита од судот за своето повредено право и судот да донесе пресуда со која и
формално ќе го заштити неговото повредено право. Тужбата во формална смисла е писмен
поднесок.

10. Содржина на тужбата?

Тужбата како процесуално дејствие секогаш се поднесува писмено. Таа треба да биде разбирлива
и читко напишана. Во нејзината содржина постојат два вида на елементи: задолжителни и
незадолжителни. Задолжителни се оние елементи во тужбата што без кои таа како парнично
дејствие на тужителот и како поднесок не би била тужба. Факултативни се оние кои што можат но
и не мора да бидат внесени во тужбата.

11. Задолжителни елементи?

-прв задолжителен елемент е тужбеното барање или тужбен петитум. Вотр задолжителен елемент
се фактите со кои се докажува во што се состои повредата на субјективното право. Третиот
задолжителен елемент се доказите, преку кои судот може да утврди факти врз кои тужителот го
заснова своето барање. Четвртиот задолжителен елемент – тужбата мора да го содржи и податокот
за означување до судот до кого се доставува тужбата. Петтиот задолжителен елемент – името,
адресата и занимањето на тужителот и тужениот и ембг. Шестиот задолжителен елемент е
вредноста на спорот. Секој тужител е должен да ја нагласи вредноста на спорот.ако се бара
конкретна вредност пр.30 000 ден , тогаш се пишува таа вредност, а ако се бара неопределена
вредност, тогаш тужителот е должен да утврди колку е вредноста а судот да процени. И последен
задолжителен елемент е и потпсот на тужителот без потпис без потпис тужбата е неисправна.
Судот откако ќе ја прими тужбата проверува дали тужбата е разбирлива и дали ги содржи
задолжителните елементи.

12. Факултативни елементи?

Правен основ- тужителот е должен да го напиши правниот основ но и не мора да го напише,


бидејќи во практика тешко е да се определи правниот основ. За некои спорови во процесната
постапка тужителот мора да докаже дека има правен интерес за да може да поднесе тужба. Во
таквиот однос тужителот задолжително мора да го утврди правниот основ.

13. Видови на тужба?

Ако ја имаме предвид природата на тужбеното барање тужбите можат да бидат: Деклараторна
тужба,Конститутивна тужба и Кондемнаторна тужба.

14. Деклараторна тужба?


Во парничното право уште се вика и тужба за утврдување. Целта на оваа тужба е утврдување на
правен однос. Фактички со оваа тужба може да се бараат две работи: да се бара да се утврди
постоење или непостоење на некое право или правен однос. Може да се бара да се утврди
вистинитоста на некоја исправа. Деклараторните тужби можат да се јават во два вида и тоа
позитивни и негативни тужби.

15. Конститутивна тужба?

Оваа тужба уште се вика и преобразувачка тужба или тужба за преобразување. Целта на оваа
тужба е со пресудата што треба да се донесе по оваа тужба да се изврши обликување или
преобразување на некоја правна ситуација. Како конститутивни тужби се сопственичките тужби.

16. Кондемнаторна тужба?

Оваа тужба уште се вика и осудувачка тужба. Заштита со оваа тужба е предвидена за случаите
кога тужениот извршил повреда или вознемирување на некое право на тужителот. Во оваа тужба
тужителот тврди дека поради однесувањето на тужениот фактичките односи помеќу нив не се
такви како што треба да бидат според правните норми со кои што треба да бидат
предадени.поради тоа потредно е да се преземат мерки на односи да се воспостават во согласност
со правните норми.

17. Истакнување на повеќе тужбени барања во една тужба?

Еден тужител како физичко или правно лице може да поднесе една или повеќе тужби, но заради
економичноста во водењето на постапката како и заради рационалноста на правната заштита како
и заради единствена примена на законските прописи дозволено е сите тужби од тужителот да ги
поднесе во еден примерок односно една тужба. Тогаш имаме тужба со повеќе тужбени барања. Во
ПП таквото поднесување на тужба се вика објективна комулација.објективна комулација е
исполнување на повеќе тужбени барања против ист тужен во еден примерок. За да постои
објективна комулација потребно е да се исполнети два услови: по сите тие тужбени барања да
постои стварна надлежност на ист суд и сите тие тужбени барања да произлегуваат од ист
фактички или правен однос.

18. Преиначување на тужбата?

Во текот на расправата пред судот меѓу тужителот и тужениот може да дојде до промена на
темата за расправање. Согласно ЗПП дозволено е во текон на расправата пред судот да дојде до
промена на темата пред судот. Таквата промена се вика преиначување на тужба. Преиначувањето
на тужба може да биде во два вида и тоа: објективно и субјективно преиначување.

Објективно преиначување постои тогаш кога во текот на расправата пред судот можно е да се
врши промена на тужбеното барање пред судот, возможни се три ситуации: 1.можно е да дојде
кога се врши промена на идентичноста на тужбеното барање, наместо постојаното тужбено барање
се поставува ново. 2. Кога тужителот во текот на постапката прави промена на тужбеното барање
со тоа што само го зголемува тужбеното барање и 3. Кога тужителот покрај постојаното тужбено
барање истакнува и некое друго тужбено барање.

Субјективно преиначување на тужбата се однесува на промена на парничните странки на


тужителот и тужениот. Можно е во текот на расправата тужителот да посочи некое друго лице за
тужен и тогаш прво тужениот истапува од постапката а на негово место доаѓа друг тужен. Ако
настане некаква промена кога доаѓа нов тужен тогаш постапката не се враќа назад туку
продолжува да тече понатаму. За да има промена на тужениот потребно е да има и согласност на
тужениот . можно е да дојде и до преиначувње и на местото на тужител ако постојаниот тужител
во текот на постапката почини тогаш неговите наследници можат да ја продолжат постапката по
сила на законот.

19. Повлекување на тужбата?

Тужителот може да ја повлече тужбата против тужениот до судот. Повлекувањето на тужбата се


смета за парнично дејствие на тужителот со кое изјавува дека се откажува од барањето, судот да
му даде правна заштита во парницата што е поведена со тужба. Но повлекувањето од тужбата не е
откажување од правото на заштита на повредените субјективни права, туку е откажување од
поведената парница, согласно ова тужителот повторно моѓе да поднесе исто тужбено барање
против тужениот. Повлекувањето на тужбата може да биде: без согласност на тужениот и со
согласност на тужениот.

Според првото тужителот може да ја повлече тужбата се до оној момент се додека тужениот не се
впуштил во расправа. Од моментот кога се впуштил во расправа тужителот може да ја повлече
тужбата само ако има согласност на тужениот.

20. Поим и видови застапување?

Како странки во парничната постапката се јавуваат тужителот и тужениот. И на двете страни може
да има повеќе тужители или тужени. И овие лица сите процесни дејствија ги преземаат самите. Но
во определени случаи на нивно место од оправдани причини можат да имаат застапници.

Лицата кои за странките во постапката преземаат процесни дејствија во нивно име се нивни
застапници. Значи застапниците се лица кои од име и за сметка на странките преземаат процесни
дејствија во парницата. За едно лице да биде застапник во ПП потребно е да исполнува
определени услови и тоа: да има деловна способност, целосна процесна способност и во некои
случаи потребен е и трет услов и тоа : постулациона способност од помал обем.

Во парничното право постојат повеќе критериуми со кои што се засноваат различни видови на
застапници. Зависно од видот на странката постојат: застапник на физички лица и застапник на
правни лица. Зависно од основот за застапување постојат : застапници врз основа на закон или
законски застапници на физички лица, застапници врз основа на статут на правно лице или општи
акти на правно лице, застапници врз основа на договор- договорни застапници или
полномошници.

21. Положба на застапникот во парницата?

Положбата на застапникот во самата парница е определена зависно од неговиот однос во


парницата. Застапникот воспоставува однос во парницата и тоа: однос на застапникот спрема
странката што ја застапува, однос на застапникот спрема судот, однос на застапникот према
противникот на својата странка.

Првиот однос е односот на застапникот спрема својата странка. Се смета дека тој однос е
внатрешен однос помеѓу странката и застапникот. Содржината на тој однос фактички е
овластувањето што странката го пренесува на својот застапник во однос на неговото застапување.
Во овој однос странката определува колку ќе му даде достапувања на застапникот. Ако
достапувањето е врз основа на закон тогаш законот го определува овластувањето на застапникот.

Вториот и третиот однос односно односот на застапникот спрема судот и односот на застапникот
спрема противникот се смета дека е надворешен однос. Овде застапникоет е должен да го
употреби овластувањето и да се труди стручно и целосно да застапува. Во секој случај застапникот
е должен совесно да ја врши својата функција и целосно и во време на своето застапување да води
сметка за интересите на лицето што го застапува.

22. Законски застапници?

Странка што нема процесна способност во постапката ја застапува нејзин законски засапник. Но
законски застапник може да застапува и процесно способна странка под одреден услов. Според
тоа зсконски застапник може да биде само странка што нема парнична способност и странка што
има парнична способност но не е познато нејзиното престојувалиште. Затоа што се застапува лице
кое нема парнична способност и лице кое нема престојувалиште, заради тоа се определува
застапник врз основа на закон. Обично како лица кои немаат парнична способност се малолетните
лица. За нивното застапување е определено во Законот за семејство каде што стои : родителите
имаат право и должност да ги застапуваат своите малолетни деца. Детето има право да биде
застапувано од своиет родители или старатели.

23. Застапници на правни лица?

Законски застапници на правно лице се определуваат со статутот на правното лице или со некои
општи акти на правното лице. Во статутот како највисок правен акт на правното лице или општите
акти на правното лице точно и конкретно треба да биде определен неговиот застапник. Обично
секое правно лице треба да определи физичко лице кое е квалификувано и стручно оспосообено да
ги брани интересите на правното лице, бидејќи обврските на застапникот на правното лице се
големи мочно е овој застапник да определи и полномошник на правното лице. Во овој случај
застапникот пренесува определени овластувања на полномошникот во однос на застапувањето на
конкретниот предмет пред судот. Како полномошници треба да бидат квалификувани лица со
посебна правна наобразба односно завршен правен факултет и положен правосуден испит. Како
полномошник може да биде определен адвокат.

24. Договорни застапници или полномошници?

Процесно способните странки можат процесните дејствија пред судот да ги превземат сами, но
може и преку свои полноможник. Кога таквата странка прифатила да биде застапувана од
полномошникот тоа се прави со договор на странката и полномошникот. Основ за договорни
застапници е договорот меѓу процесно способната странка и полномошникот.

Полномошник е лице кое од име и за сметка за странката во границата на овластувањата преземаат


процесни дејствија со правно дејство како да ги презеле странките, но странката иако определила
полномошник што ќе ја заспатува во постапката таа може да дојде пред судот и да дава изјави од
судот. Странката сама одлучува дали ќе ангажира полномошник или не, тоа е нејзино
диспозитивно право, но судот ако забележи и види дека странката не е способна самата да се
застапува тогаш судот може да и предложи на странката да си земе свој полномошник.

Судот нема право да ја натера странката да зема полномошник но има право да и укаже од
потребите од полномошник. Значи укажувањето на судот за ангажирање на полномошник не ја
обврзува странката. Самата странка што има полна парнична способност може да определи свој
полномошник, а за полномошник може да биде само лице што има целосна парнична способнос
и стручна спрема за застапување.

25. Положба на полномошникот во парницата?


Ангажирањето на полномошник во парницата во која е ангажиран судот постојат три односи:
односот на полномошникот спрема странката, односот на полномошникот спрема судот и односот
на полномошникот спрема противната странка.

Според првиот однос полномошникот добива онолку овластувања што странката му определила.
Превземените дејствија пред судот од страна на полномошникот имаат правно дејство како да ги
презела самата странка, но ако полномошникот преземе повеќе одколку со му е дадено фактички
настанува пречекорување од овластувањата на странката. Тие пречекорувања од страна на
полномошникот не можат да се основ за жалба. Странката може да земе само надомест на штета
од полномошникот, а не да ја обжалува постапката.

Странката иако има полномошник има право на следново: да ја измени изјавата на


полномошникот, да ја отповика истата, да не признава некој факт што полномошникот го
поднесол.

Ако дојде до вакво недоразбирање меѓу странката и полномошникот судот оценува за крајниот
исход. Полномошникот има однос спрема судот, тој е должен да се легитимира пред судот дека е
полномошник на странката. Тоа се прави со доставување на писмено полномошно до судот од
страна на полномошникот. Тој писмен состав со кој полномошникот докажува пред судот дека е
застапник се вика полномошно. Полномошникот е должен на првото рочиште да го предаде
полномошното, ако нема полномошно на првото рочиште, судот може да не го прими таквиот
полномошник, но може и да го прими со обврска во определен рок од 3 дена да го достави
полномошното. Ако полномошникот го донесе полномошното во рокот преземените дејствија
продолжуваат понатаму, а ако не донесе полномошно во определениот рок сете претходно
преземени дејствија се огласуваат за ништовни.

26. Одговорност на полномошникот?

Полномошникот е одговорен ако на странката и направи штета со своето однесување. Странката


може со тужба против полномошникот да бара надомест на штета. Ако полномошникот не е
дисциплиниран пред судот може да биде казнет заради нарушување на редот и мирот во судот, таа
казна мора лично да ја плати а не странката.

27. Издавање на полномошно?

Полномошното може да биде: писмено и усно на записник.

Обично во практиката полномошното се издава писмено, го потпишува странката, ако странката е


неписмена со отисок од прстот но задолжително со двајца сведоци. Најдобро е полномошното да е
заверено на нотар, но не е задолжително.

28. Обем на овластувања на полномошноста?

Обемот на овластувања на полномошноста го определува странката. Зависно од големината на


обемот на овластувањата полномошната можат да бидат: полномошна за определени процесни
дејствија, полномошна за сите процесни дејствија и генерално полномошно.

Во првото полномошно потребно е конкретно да бидат наведени дејствијата што може


полномошникот да ги презема. Во второто полномошно не се наведуваат процесните дејствија
што треба да се преземат и со третото полномошно можат да се преземаат сите процесни дејствија.

29. Полномошно дадено на адвокат и на неадвокат?


Ако полномошникот не е адвокат тој може да презема дејствија, но некои и не може. Тој не може
да ги презема повчекувањето на тужбата, признавање на тужбеното барање, спогодба со
спротивната странка, откажување од правен лек, пренесување на своето полномошно,
поднесување на вондредни правни лекови. Покрај парничните дејствија адвокатот може да
презема дејствија и по завршувањето на постапката, како што се предлог за извршување,
обезбедување, да ги прими пресудените средства, да го пренесе своето полномошно на друг, да
даде предлог за повторување на постапка и да го овласти својот адвокатски приправник да
застапува.

30. Престанок на полномошното?

Полномошното може да престане поради неколку причини:

-поради постигнување на целта за која било дадено

-поради смрта на полномошникот

-поради престанок на деловната способност на полномошникот

-поради престанок на процесната способност на полномошникот

-поради отповикување на полномошното од страна на странката

-поради одказ на полномошното

Полномошното дадено за едно процесно дејствие престанува со довршувањето на тоа дејствие.


Ако полномошното е издадено на лице што не е адвокат, полномошното завршува со
завршувањето на парницата. Ако полномошното е дадено на адвокат, тоа завршува со
завршувањето на крајната цел на постапката. Полномошното на правно лице престанува со
престанокот на правното лице.

31.Поим на парнични дејствија?


- Парничната постапка секогаш, се поведува, се води и на крај секогаш се довршува со
превземени активности од страна на странките ( тужителот и тужениот). Овие дејствија се
предвидени во ЗПП и се редоследни една по друга. Секое дејсвие треба да се надоврзува
на наредно дејствие, односно онака како што е предвидено во ЗПП. Без постоење и
превземање на активности од страна на тужителот и тужениот нема парнична постапка.
- Парнични дејствија се активности на субјектите во парницата кои произведуваат
процесуални дејствија онака како што е предвидено во ЗПП.
Сите овие парнични дејствија превземени од странките се усмерени и водат кон две
основни цели и тоа:
а) Да се даде правна заштита на повредено субјективно право.
б) Да се оствари правниот поредок. Но една активност преземено од странката за да се
смета како дејствие. Во постапката потребно е да се исполната два услови:
* Таа активност треба да биде предвидена во ЗПП
* Да бидат утврдени претпоставки за постоење и превземање на таа активност.
Од тука произлгува дека ако дејството од странката не е предвидено во ЗПП тоа не
преставува парнично дејствие.
Парнично дејствие на странката може да се превземаат на три начина и тоа:
- Со чинење или со дејствување
- Со начинење или недејствување и
- Со пропуштање.

32. Видови на парнични дејствија?


Постојат повеќе видови врз основа на различни критериуми.
- Со оглед на субјектите постои:
* Парнични дејствија на странките и
* Парнични дејствија на судот
- Со оглед на содржината на пар.дејствие има:
* Подготвителни дејствиа и
* Усни парн. Дејствија
- Со оглед на функцијата на дејствието има:
* Офанзивни парн.дејствиа и
* Дефанзивни парн.дејствиа
- Со оглед на тоа кој ги превзема парн.дејствие има:
* Еднострани и
* Двострани парн.дејствиа
- Со оглед на условеноста на дејсвието има:
* Условни и
* Безусловни оарн.дејствиа.

33. Парнични дејствија на странката?


- Парничните дејствија на странките се релевантни односно исправни и добри само ако се
преземени од странка која поседува способност да биде странка и парнична способност.
Активности што с епреземаат од странка која не поседува една или двете од овие
способности не преставуваат парн.дејства. Преземањето на парн.дејствиа од страна на
странките се од диспозитивна природа односно странката само по своја волја може да
превземе парнично дејствие. Во ЗПП никаде нема обврска на странката за превземање на
активност. Секогаш тоа е оставено, на волјата и желбата на странката да превзема
парн.дејство. Парн.дејствиа преземени насила, со умисла на странката не произлегуваат
правно дејство. Парн.дејствиа секогаш се насочени кон судот и само тие дејствиа
превземени спрема судот може да доверат до поредување или водење на процес.
Преземените дејствиа превземени од страна на странката важат од моментот на
преземањето и важат само за конкретната парница. Не може преземеното парн.дејствие да
важи ретраактивно-наназад.
-Парн.дејствиа се еднострани тога кога се преземени само од едната странка. Ако
истовремено парн.дејствие го превземаат двете странки тоа е двострано пран.дејствие. пр:
Ако пран.дејствие не е условено со нито тоа е безусловно, а ако во парн.дејствие посатои
услов за др.странка или услов даден од страна на судот е целосно парн.дејствие. Поважни
парн.дејсвиа што може странката да ги превземе се:
* поднесување на тужба
* поднесување на противтужба
* поднесување на приговори
* поднесување на поднесоци во врска со постапката

34.Парнични дејствија на судот?


-И судот од своја страна презема парн.дејства, но судот парн.дејства ги презема ex officio,
и судот секогаш ги презема парн.дејства по предметот на странката. Такви дејствиа судот
што ги презема се:
а) Управување на постапката
б) Преземање на парн.дејствие од странката
в) Водење на записници
г) Поднесување на одлуки
д) Доставување на писмена и др.
Една активност презема од судот да се смета парн.дејство потребно е да исполнува два
услови и тоа:
а) Судот да преземање на парн.дејство да биде стварно и месно надлежен и
б) Судот при преземање на дејството да е правилно составен.

35.Судска одлука како парнични дејствија?


Најважни парн.дејствоја на судот се судските одлуки. Фактички, се донесуваат на
судксата одлука, судот го окончува спорот.
- Судските одлуки се делат според повеќе критериуми и тоа:
* Материјално формални и
* Процесни правни одлуки
- Втора поделба е: Според содржината на одлуката
* Кондемнаторни
* Конститутивни и
* Деклаторни
- Трета поделба е според формата и тоа:
* Пресуди и
* Решенија.

36.Управување со постапката од судот со парничното дејство?


- Тоа се процесни дејства со кои се раководи со постапката од најзиното поведување до
најзиното завршување. Во текот на водењето на постапката судот честопати одлучува за
некои прашања, и секогаш тоа го прави со решение. Пр: предлогот на странката да се
сослуша сведокот и судот со решение одлучува дали да го пруфати или не. Ваквата
одлука се внесува во записник и усно му с екажува на странката и против тоа решение
странката нема право на жалба, но има прашања за кои судот одлучува одвоено или
посебно и за таквата одлука судот донесува решение но против него странката има право
на жалба. Судот секогаш е врзан за своите решениа. Ако странката изјави жалба против
решението тогаш за жалбата одлучува повисокиот суд. Од ова произлегува дека судот што
го донесол решениеот не можеда го менува.

37.Поим и видови на рокови?


- Роковите преставуваат определено време во кое може да се преземе извесно процесно
десјствие, односно определено време пред истекот на кое не може да се преземе
определно процесно дејствие. Роковите во парничната постапка се предвидени во чл.103-
105. Роковите не се диспозиција на странките односно странките никогаш не можат да
опредлуваат рокови. Роковите ги определува ЗПП или судот. Рок за жалба е 8 дена од
добивањето на пресудата. Тоа е во ЗПП- законски рок. Рок за исправка на поднесена
тужба е 3дена и тоа го опредлува судот. Странката никогаш не може да определува рок.
-Видови на рокови...Постојат повеќе поделби на рокови.
~Прва и најважна поделба е:
*Законски( се оние што се определени во ЗПП или во некои други законски прописи)и
*Судски( ги определува судот по потреба).
~Втора поделба е:
*Роковите што се продолжуваат(се оние рокови кои што по нивниот протек можат да се
продолжат. Обично тоа се судските рокови) и
*Рокови што не се продолжуваат(се оние кои после протекот не можат да се
продолжат.Тоа се законски рокови).
~Трета поделба е:
*Субјективни(се оние што се сметаат од моментот на дознавањето на настанот и имат рок
од 3 месеци) и
*Објективни(се оние што почнуваат да се сметаат од настанувањето на релевантниот
факт)
~Четврта поделба е:
*Перслаторни(се оние рокови кога со пропуштањето на дејствието во рокот има за
последица, тоа дејство да не може да се преземе. Овие рокови се изедначуваат со
законските рокови) и
*Дилаторни(се оние кои што пред истекот на рокот не може да се преземе дејствие, туку
тоа се презема по истекот на рокот. Овој вид на рокови не е актуелен).
~Петата поделба е:
*Материјално правни(се оние кои се предвидени во нормите од материјалното право)и
*Процесно правни(се оние кои што се предвидени само во ЗПП- како процесуален закон).

38.Сметање на рокови?
-Роковите се сметаат на денови, месеци и години. Кога роковите се сметаат на денови,
месеци и години тоа сметање се нарекува цивилно сметање на роковите. Рокот во денови
се смета така што секогаш почнува да тече од наредниот ден на настанот. Рокот со месеци
почнува да тече како со денови , но завршува со истекот на оној ден од последниот месец,
што по својот број одговара на денот кога започнал рокот.Ако го нема тој ден во
последниот есец, рокот завршува во последниот ден од тој месец. Рокот со години е исто
како со месеците само се поместува во години. Ако последниот ден од рокот паѓа во
државен празник или во недела или некој друг ден кога судот не работи, рокот се
продолжува наредниот работен ден.

39.Одржување на роковите-пошта?
- Ако пар.дејствие што треба да се преземе во рок тоа се презема со поднесок(писмен) се
смета дека е извршено во рокот, ако поднсокот му е предвиден на надлежниот суд пред
истекот на рокот.
- Ако поднесокот се испраќа по пошта, тоа треба да се направи со препорачана пратка.
Истражувањето на препорачаната пратка се изедначува со поднесувањето на пратката во
судот.Поднесокот предаден со обична пратка се смета дека е поднесен во оној рок кога е
примен во судот.
- Ако се поднесува поднесок во војска тогаш моментот на предавањето на пратката во
воената пошта се смета за моментот поднесен во судот.
- Лица лишени од слобода- денот на предавањето на поднесокот до казнено поправната
установа се смета за време на доставувањето на понесокот.
- Ако поднесокот е испратен до ненадлежен суд, рокот на првото доставување до
ненадлежниот суд се смета како рок за достава.

40.Поим и видови на рочишта?


- Под рочишта се подразбира време кога судот презема определени процесни дејства со
учество на странките и другите учесници во постапката. Времето на одржување на
рочиштето го определува судот , странките, ниту тужителот и тужениот немаат право да
определат почиште, ниту имаат право да влијат на судот за определување на рочиштата.
Обично во постапката рочиштата се задолжуваат за одржување на главна расправа,
подготвување на главна расправа за изведување на докази и др. Од тоа произлегува дека
постојат повеќе видови на рочишта:
а) Рочиште за главна расправа
б) Рочиште за подготвување на главан расправа
в) Рочиште за изведување на докази
г) Рочиште за др. активности на судот

41.Закажување на рочиштата?
- Тоа секогаш го закажува судот. Тоа е негово диспозитивно право, но без оглед на тоа,
судот мора да внимава на закажувањето на рочиштето. Потребно е да внимава на роковите
за водењето на постапката и во рамките на тие рокови да ги закажува рачиштата. На
рочиштата судот потребно е да ги повика странките(тукениот и тужителот), другите
учесници на постапката, вештите лица и др лица што се потребни во водењето на
постапката. Повикувањето станува со писмена покана или усно или по телефон.
Најредовно е тоа да се направи со писмена покана. Посебно, одржувањето на првото
рочиште по поднесената тужба, судот е должен тоа да го направи со писмена покана и
заедно со поканата на тужениот да му ја достави тужбата. За следните рочишта можно е да
се искористи присуството на странките и судот усно да го закаже наредното рочиште, а
оние што не се присутни тоа да го направи со покана. Обично по телефон можат да се
покажат вешти лица и некои службени лица.

42. Одржување на рочиштето?


- Кога се работи за одржување на рочиште важи принципот за наподвижност на судот.
Рочиштата секогаш треба да се одржуваат во просторите на судската зграда. Но од
оправдани причини, а посебно заради економичност во постапката или заради ефикасност
на водењето на постапката за некои предмети можно е рочиштетода се одржи надвор од
судот. Во тој случај судот со покана ги известува сите учесници од рочиштето, дека
рочиштето ќе се одржи надвор од судот и точно определува каде и кога.

43. Одлагање на рочиштето?


- Тоа може да настане само од оправдани причини. Тоа може да биде по:
* Службена должност или
* По предлог од странката
~ Судот може да одложи одржување на рочиштето само од објективни причини и тоа во
ретки случаи, кога мора да дојде до одложување. Во тој случај судот е должен
благовремено да ги извести за да не се прават трошоци, но може предлагањето да дојде по
предлог на странката и тоа да го оправда тоа.
~ Таа е должна да го извести судот за тоа, а судот да ги извести сите други. Ако странката
одлагањето го направи во последен момент, тогаш може да се одложи рочиштето, но сите
трошоци ги сноси странката.

44. Враќање во поранешна состојба?


- Во парн.постапка дејствијата се преземаат ЗПП едно по друго- по ред или рамковно, а
редот на нивното преземање е определен цо ЗПП. Тој ред преземање на дејсвие не може да
се наруши, но ако дојде до пропуштање на некое парн.дејствие од страна на странката,
тогаш доаѓа до запирање на постапката и се работи за пропуштено дејствие.
Пропуштањето на дејсвието може да биде:
- како пропуштено дејствие воопшто и
- како пропуштање на времето да се презема определено дејствие.
Дали странката можела да го преземе дејствието а не сакала да го преземе и дали
странката не можела и била попречена да го преземе дејствието? – Странката која што
сакала да го преземе дејствието а не можела, била попречена , предвиден е институтот
враќање во поранешна сосотјба. Значи зада се дозволи враќање во поранешна состојба тоа
потребно е да постојат повеќе претпоставки и тоа:
а) Странката да пропуштила рок или рочиште за преземање на процесно дејствие.
б) Странката да го загубила правото да го преземе дејствието
в) Странката д аима поднесено предлог за враќање во пораншна состојба
г) Предлогот да е поднесен во определен рок.
д) Да постојат оправдани причини.
- Постапка по предлог за враќање во поранешна состојба- се поднесува до судот и тоа до
оној суд каде што требало да биде преземено дејствието. Ова барање треба да е поднесено
во определен рок. Постојат два рока:
* Субјективен рок(е 15 дена од денот кога пресаната причината што го предизвикала
пропуштањето) и
* Објективен рок( е 3 месеци од денот на пропуштањето)
Предметот донесен после овие рокови судот ги смета за неблаговремен и го отфрла. По
предлогот судот одлучува или со рочиште или без рочиште. Рочиште закажува за да го
провери оправувањетоод страна на странката. Ако причините се општо познати, судот не
закажува рочиште. Постапката завршува со донесување на рочиштето за одобрување или
неодобрување на предлогот. Ако се одобри странката да презема дејствие, а ако судот не
го одобри предметот судот завршува со постапката.

- 45. Поим за докази?


Задача на судот е во пресудувањето на конкретен предмет најпрво да ја утврди вистината
на настанот и на фактите што се наведени во тужбата, а потоа да ги примени правните
норми од материјалното право за да ја донесе одлуката. Утврдувањето на вистината во
конкретниот предмет во парничната постапка се вика фактичка постапка. Фактичката
состојба е целосно и правилно утврдена ако правилно се утврдени сите факти што се
релевантни за спорот на предметот, а фактите правилно ќе бидат утврдени ако доказите
предложени во предметот правилно се изведат и оценат.
- Доказот е средсрво од кое судот црпи сознание за вистинитоста на фактот. Фактите што
се од значење за донесувањето на одлуките од страна на судот. Докажувањето е потврда
на вистината за фактите што се утврдуваат преку доказите. Изведувањето на доказите е
начин како од одреден доказ судот црпи сознние за вистината на фактите што се од
значење за донесувањето на одлуката.

46.Предмет на докажување?
- Тоа се одделни тврдења на парничните странки за постоење или непостоење на фактите
во конкретниот спор од кои зависи примената на правната норма. Тоа значи се докажува
постоењето или непостоењето на факти кои што се решавачки или релевантни по спорот.
Но покрај овие решавачки факти- потребно е судот да утврди некои и нерешавачки факти,
кои што во парн.постапка се викаат индиции, затоа што и од нивното постоење може да се
заклучи постоењето на решевачките факти. Пр: заем од 10000ден

47.Кој работи не се докажуваат?


- Постојат неколку работи кои што се определени во парн.постапка кои што не се
докажуваат:
а) Признание на едната странка во спорот, признанието не се докажува. Тоа признание
подразбираме кога противната страна ги признава фактите кои што ги наведува другите
странки и врз кои го заснова своето барање. Но признанието за да биде релевантно, треба
да исполнува два услови:
~дадено пред судот
~ да го докаже во ткеот на постапката
Тоа може да биде дадено: изрично- со зборови или конклудентно-со гестови
б) Општо познати факти- ноторни факти- Ако нешто е општо познато не се докажува. Пр:
земјотресот во Скопје.
в) Содржините на правните норми што се применуваат во спорот не се докажуваат.
г) Фактите чие постоење се претпоставува според законот – исправи дадени од државен
орган.

48.Товар на докажување?
- Должноста на странките во конкретната парница е да ги изнесит сите факти врз основа
на која го засноваат своето барање и да ги предложат доказите со кои ќе се потврдат тиа
факти. Ова должност е определена во ЗПП. Товарот на докажување паѓа на оној кој што ги
предлага и фактите и доказите. Така, тужителот има обврска да го докажува она што го
напишал во тужбата, а ако пак тужителот поднесол приговор против тужбата...

49. Докази- поим на докази, увид, исправи и видови на исправи, сведоци, вештаци и
застој во потапката
- Поим: Доказно средство или доказ е она од што судот црпи сознание за фактите што се
докажуваат во предметот. Согласно ЗПП постојат 5 доказни средства: увид, исправа,
сведоци, вештаци, сослушување на странките.
- Увид: Е непосредно забележување од страна на судот а утврдување на некој факт или за
разјаснување на некоја околност релевантна за пресудувањето на предметот. Увидот се
сотои во непосредно разгладување и истражување на својствата на лицата или предметите
и преку такво забележување се доаѓа до вистината. Пр: полавен стан на соседот. Увидот
може да се врши само до председателот на светот. Објектот на увидот можат да бидат:
предмети или лица. Увидот може да се направи во: судот или надвор од судот. Пр:
сопственост на земјиште.
- Исправи: Тие можат да се користат како докази. Под исправа во постапката се
подразбира секој предмет која писмено е забележана некоја мисла. Но мислата треба да се
однесува на некој факт што е релевантен за предметот што се пресудува.
- Видови на исправи:
а) Јавни исправи- писмени документи издадени од надлежен државен орган Пр: извод од
МВР;
б) Приватна исправа- писмен состав издаден од страна на физичко лице, Пр: полномошно;
в) Домашна исправа- изведена од домашни органи
г) Странска исправа- изведена од странкси органи
д) Диспозитивна исправа- со која се засновува или раскинува некој правен однос. Пр:
меница
ѓ) Документарна исправа- која служи како документ.Пр: признаница од трговија
е) Оригинелна исправа- во изворна форма
ж) Исправа во препис- препис на оригиналот- заверен или незаверен.
Ако исправите се користат како доказ в постапката обврска да ја поднесе пред судот има
оној кој ја предлага. Противната странка може да поднесува исправа само тогаш кога се
повикува на неа. Ако едната странка предлага исправа која се најавува која другата
странка, тогаш таа треба да ја презентира исправата.
-Сведоци: Сведокот е лице кое на судот му дава известување за фактите што се
докажуваат. Сведкокот го изјавува она што претходно го видел или слушнал.
Веројатноста на исказот или сведокот зависи од способноста на сведкот да забележува
работи, да ги плати и да може да го репродуцира тоа. Сведок може да биде секоа лице кое
што поседува определени способности што птетходно ги кажавне, но не може да биде
сведок- двете парнични странки, како и нивните законски застапници. Секое лице како
сведок што се повикува, должно е да дојде во судот и да сведочи. Ако е спречено и не
мпже да дојде, должно е да го оправда својот изостанок. Ако не го оправда сведокот може
да биде казнет парично, дури и кривично. На крајот лицето може да биде и приудено
доверено. Одстапување од должноста да се сведочи:
а) Лица кои не можат да бидат сослушани како сведоци. Тоа с елица кои со својот исказ би
ги повредиле должноста за чување на службен аили воена тајна. Чл.221 од ЗПП.
б) Сведок може да одбие да сведочи и тоа:
- полномошник(за она што му кажало лицето што го застапува)
-лекар, адвокат(за она што странката му го довериле)
- верски исповедник
в) Сведокот може да да одбие за поставено прашање, ако со одговорот себеси или своите
блиски ги изложи на голем срам или с еизложи на голема штета или кривично гонење.
Значи, може да одбие за себе, за своите блиски во било кој степен и странечки роднини во
трет степен. Кога странката предлага лице за сведок таа на судот мора да му наведе: зошто
лицето треба да сведочи и од каде тоа го знае за да не дојде до предлагање на случајни
сведоци. Сослушувањето на сведоците се прави во судница но ако има оправдани причини
може и надвор од судот. Ак сдот се сомнева во исказот на сведокот може да го антера да
се дкаже. При сослушувањето сведокот најпрво се прашува за имотот и предметот, името
на таткото, занимањењето, живеалиштето-престојувалиштето, местото на раѓање и
возраста. Најпрво ќе се опомене дека е должен да ја зборува вистината и дека не смее дека
ништо не може да премолчи, апотоа ќе го предупреди за последиците од кривично
гонење. Се сослушува поединично и без присуство на сведокот кои подоцна ќе се
сослушваат. Сведокот одговорите ги дава усно, ако сведокот не го познава јазикот на
судот, тогаш му се обезбедува судски преведувач. На крајот сведокот има право ан
трошоци и нив го сносува оној кој што го повикал.
- Вештаци: Вештакот е лице кое врз основа на своите стручни знаења со какво судот не
рапсолага му дава на судот известување на фактите што се докажуваат во предметот.
Постои резлика меѓу сведокот и вештакот. Првата разлика е што сведокот е физичко лице
кое што ја кажува она што го сослушал или видел, а вештакот е стручно лице-лекар,
ветеринар, ѕидар и сл. Втората разлика е што сведокот треба да го говори она што порано
го видел или слушнал, а вештакот треба да го говори она што одпосле го утврдил по
предметот. Пред почетокот на вештачењето се повикува вештакот грижливо да го
разгледа предметот, точно да наведе се што ќе забележи, а потоа да го даде своето стручно
мислење согласно правилата на науката и вештината. Обично сидот раководи со
вештачењето тој му го определува предметот на вештачење и од кого го видел, судот му
поставува прашина и објаснувања. Вештакот поднесува писмен извештај за вештачењето.
Во своето мислење- извештај најпрво набележува она што го видел како мора, а потоа го
дава своето вешто мислење. Вештакот може да биде сам како физичко лице, а може како
вештак да с екористи стручна установа. Пр. Институт за судско вештачење.
Ако вештакот е физичко лице може да бира едно или повеќе физички лица. Ако странката
има приговори за вештачењето може да бара иземање на вештакот. На вештакот за
работата му следува награда и трошоци и тоа: патни трошоци за исхрана, за ноќевања,
надоместок за загубена заработувачка, како и награда за своето вештачење. Виснината на
наградата ја определува судот.
-Застој во постапката Постои три застои во постапката: прекин на постапката,
застанување на постапката, запирање на постапката.
- Прекин на постапката- Постои тогаш кога поради причини определени во ЗПП судот
или странките не се во состојба да и преземаат дејствијата во поастапката и тогаш додека
не престане причина дојдува до ткаов прекин. До прекин доаѓа поради: по сила на
законот, по одлука на судот. По сила на законот даоаѓа во следниве случаи:
а) кога странката ќе умре или ќе ја ја изгуби процесната способност;
б) кога законскиот застапник на странката ќе умре или ќе престане овластувањето за
застапување;
в) ако како странка е правно лице, тогаш кога правното лице ќе престане да постои или
стечај. Во овие случаи: Судот донесува решение со која постапката да прекинува.
По одлуката на удот – заради најдување на судот кои треба да бидат оправдани. Пр.
Пресудена работа
-Застанување на постапката- е само привремено запирање на постапката. Тоа не се прави
со формално решение од судот, туку се запира постапката определено време.
- Запирање на постапката- тоа е конечен застој на постапката. По запирањето на
постапката престануваат сите натамошни дејствија и активности во постапката. Пр:
странките се спогодуваат.
50.Подготвување на главна расправа

ПП пред судовите започнува со тужба. Тужбата со тужбеното барање треба да бара: да се уважи
неговото тужбено барање , да се даде правна заштита на неговото повредено субјективно право, да
бара судот да ги разгледа сите факти и да ги изведе сите докази што се предложени. Сето тоа
судот треба да го направи на главна расправа која е најсложен стадиум, бидејќи тука се донесува
одлука. Подготвувањето на главната расправа се прави во 4 фази и тоа:

-претходно испитување на тужбата

-доставување на тужбата до тужениот

-одржување подготвително рочиште и

-закажување на главна расправа.

51.Претходно испитување на тужбата

Тоа е задолжителна фаза во подготвувањето на главната расправа и во оваа фаза судот треба да
превзема повеќе дејствија. Прво се гледа дали тужбата е разбирлива. Доколку не е разбирлива се
враќа кај тужителот да ја преправи. Ова е прво дејствие. Второ, судот разгледува дали странките
имаат процесна способност, дали можат да бидат странки и дали имаат застапник. Трето, дали
тужбата е благовремена-законски рок. Ако е поднесена во рок се разгледува. Четврто, дали тој суд
е стварно и месно надлежен . доколку е надлежен да постапи по неа, доколку не е надлежен да ја
препрати кај стварно надлежен суд.

52.Доставување на тужбата на тужениот

Судот кога 4е ја прими тужбата должен е да ја достави до тужениот. Доставувањето не е


задолжително од страна на судот. Во посложените предмети тужбата му се доставува на тужениот
за да се подготви, но за попрости предмети тужбата се доставува кога се закажува главна расправа.
Со доставувањето одговор на тужбата од тужениот му се олеснува работата на судот и во
одговорот може да предложи докази. Нема рок за доставување на тужбата до тужениот, но постои
судски рок од 15 дена. Ако со одговорот тужениот го признава она што е напишано во тужбата,
тогаш судот носи пресуда поради признание.

53.Подготвително рочиште

Тоа постои само за предметите кои ги суди судски состав а не судија поединиц. Ако предметот го
пресудува судски состав, судија поединец и двајца судии поротници, тогаш имаме подготвително
рочишто кое е факултативно а не задолжително и има за цел да ја подготви главната расправа. Во
ова рочиште се прават неколку работи: ако тужбата се уште не му е доставена на тужениот, сега
судот задолжително му ја доставува и му испраќа покана за рочиште во рок од 8 дена. Целта на
ова рочиште е: судот да ги собери сите материјали за предметот, ако има пречки да ги отстрани и
да утврди кои факти треба да се изведат и кои докази да се поведат. Странките можат да
предложат нови факти и докази во подготвителното рочиште за да не се одолговлекува
постапката.

54.Закажување на главна расправа

Ако се поминат предходните фази без да се донесе пресуда се закажува главан расправа. Главната
расправа е задолжителна и најважна фаза во пресудувањето. Судот треба да расправа за сите
правни и фактички прашања од кои зависи донесувањето на одлука за тужбеното барање. Од
моментот на подготвителното рочиште до моментот на одржување на главната расправа треба да
поминат 8 дена. Тоа е врема за припрема на тужениот до главната расправа.

55.Одржување на главна расправа

Глвната расправа во ПП е најголем и централен стадиум. Обично на главната расправа се одвиваат


следните работи: се разгледува целиот потребен материјал по предметот, се определуваат сите
наводи на странките, се изведуваат сите предложени докази и се носи одлуката по спорот. За да се
направат овие работи во главната расправа судот треба да ги применува сите начела на постапката.
Само со примена на тие начела може предметот со успех да се заврши.

56.Раководење со глава расправа

Раководењето со главната расправа претставува збир на дејствија со кои судот управува со


почетокот, текот и завршувањето на главната расправа. Со главната расправа раководи
преседателот на советот. Тој е примус интерпарес-прв меѓу еднаквите. Тој ја отвара главната
расправа, потоа ги испитува странките и изведува докази и на крај ја објавува пресудата.

57.Тек на главна расправа

Таа почнува со изложување на тужбата од страна на тужителот. Ако тужителот има свој застапник
тој ја изложува тужбата. Потоа тужениот дава одговор на тужбеното барање. После тоа се
продолжува кон впуштање кон расправата, преку сослушување на сведоците, на странките.
Претседателот на советот се грижи непречено да се одвива главната расправа. Само во
исклучителни случаи може да дојде до одложување на главната расправа. После одложувањето
новото рочиште треба да се одгржи пред истиот судски состав. Ако тоа се одржува пред истиот
судски состав постапката продолжува. Ако е поминато подолго време од претходното рочиште
претседателот е должен усно да ги запознае членовите на советот со претходното рочиште. Но ако
новото рочиште се одржува пред нов состав тогаш постапката по предметот започнува одново. Не
е препорачливо одново да се сослушуваат сведоците, странките, вештаците, туку на новото
рочиште се чита записникот од претходното рочиште.

58.Одлагање на главна расправа

Ако рочиштето за главната расправа не може да се одржи или ако на рочиштето не можат да се
извршат сите процесни дејствија заради кои било закажано,рочиштето за главна расправа се
одлага. Рочиштето за главна расправа најчесто се одлага затоа што треба да се изведат уште некои
други докази или зато што некои од изведените докази треба повторно да се изведат. Одлагање на
рочиштето може да дојде и акозаконскиот застапник на странката не покажува интерес, доколку
странката не може да се изјасни за предметот за кој се расправа, доколку нема определено
полномошник а и е потребен и сл.

Кога ќе се одложи рочиштето за главна расправа претседателот на советот е должен да се грижи за


следното рочиште да се обезбедат сите докази заради кои еднас било одложено рочиштето, како и
да се извршат и другите подготовки за да може расправата да се заврши на тоа рочиште.

59.Одржување на редот на главната расправа

За одржување на редот на главната расправа должен е претседателот на советот во интерес на


одржување на редот тој може да преземи одредени мерки и тоа: може да изрекува опомена, да
изрекува казна од 100 до 1000 евра, да отстранува од судницата, да го одложи рочиштето. Ако во
судницата неред преви јавниот правобранител, обвинител и некој груг претставник на државен
орган, судот е должен да го извести органот од каде што доаѓа прекршителотна редот и тоа
писмено.

60.Заклучување на расправата

Кога предметот е расправен постапката се заклучува. Таа се заклучува по донесувањето на сите


докази, но ако странките се откажат од некој доказ тогаш постапката завршува со откажување на
приложениот доказ. Постапката може да заврши и поради признание на тужениот кога се
донесува пресуда заради признание. Постапката може да заврши и поради спогоддба на странките
по предметот како и со повлекување на тужбата од страна на тужителот.

61.Донесување на конечна одлука

По тужбата судот е должен да донесе одлука. Таа може да биде во вид на пресуда и решение.

62.Поим и видови на пресуди

Со пресуда се одлучува за основаноста на тужбеното барање на тужителот со која му се дава


соодветна правна заштита. Со пресудата се разрешуваат две работи: прво се уредува спорниот
однос и се оживотворува правниот поредок на државата.

Донесувањето на пресудите е тешка работа, фактички е сложена мисловна операција со полно


интелектуално ангажирање на судот и со полно стручно ангажирање на судијата. Во пресудата
судот најпрво треба да ја пренесе фактичката состојба на спорот а потоа да ги примени правните
норми. Постојат три поделби на пресуди.

Првата е на декларативни, конститутивни и кондемнаторни пресуди.

Втората е : целосни и нецелосни пресуди. Нецелосните пресуди се делат на меѓу пресуда, делумна
и дополнителна пресуда.

Третата е на: контрадикторни и неконтрадикторни прасуди. Неконтрадикторните се делат на


пресуди поради признание и пресуди поради изостанок.

63.Донесување и објавување на пресуда

Донесувањето на пресуда значи изрекување на одлука за основаноста на тужбеното барање.


Донесувањето на пресуда е логичка операција на судот. Пресудата се донесува и се објавува во
името на народот. Пресудате се донесува веднаш по заклучувањето на главната расправа и ја
донесува судот во ист состав во кој бил на рочиштето на кое расправата била заклучена.
Објавувањето на пресуда е парнично дејствие на судот кое значи читање на изреката и накратко
соопштување за причините за пресудата. Пресудата ја објавува претседателот на советот или
судијата поединец.

64.Писмена изработка на пресуда

Пресудата мора да биде писмено изработена. Таа мора да има увод, изрека и образложение.
Уводот на пресудата содржи податоци за судот и странките, предметот на спорот, постапката и сл.

Изреката на пресудата содржи одлука на судот за усвојување или одбивање на барањата што се
однесуваат за главната работа и за споредните барања и одлука за постоењето или непостоењето
на побарувањето истакнато заради пребивање.
Во образложението на пресудата судот ги изнесува причините поради кои ја донесол одлуката
содржана во изреката, како и известувања за субјективните и објективните елементи на спорот.

65.Поправање на пресудата

Ако при писмената изработка на пресудата биле направени грешки дозволено е да се изврши
поправање на пресудата. Поправањето на пресудата го врши преседателот на советот во секое
време, а може да се врши поправање на оригиналот или на преписот на пресудата. Тоа се врши со
посебно решение и се внесува на крајот од оригиналот, а на странките им се доставува препис од
решението.

66.Поим на правосилност?
- Завршувањето на главната расправа суддот треба да донесе одлука. Таа може да биде
пренесена во вид на пресуда и во вид на решение. Скоро во сите видови на спорови
одлуката на судот е во вид на пресуда, а кога се одлучува за спор од владение, меничните
и лековните спорови судот донесува решение. Со пресудата конечно се уредува
однесувањето на странките- и тоа решение содржано во пресудата важи за во иднина. За
да с еизврши една пресуда потребно е пресудата да биде правосилна. Во теоријата на
парничното право познати се два вида на правосилни одлуки:
а) Формална правосилност на пресудата( е кога не може повторно да се суди по правната
работа што е пресудена со таа судска одлука).
б) Материјална правосилност на пресудата( е кога се смета вистинито она што е
определно и што е потврдено со судска одлука).
Значи правосилната пресуда авторитен радтвор на правните односи на странките. Секоја
правосилан пресуда го врзува секоја субјект на кого се однесува. Пресудата која ќе се
донесе судот таа одма не станува правосилна, против неа може да се донесе жалба во рок
од 8-15 дена. Жалбата е спречува таа да стане правосилна.

67. Настапување на правосилноста?


- Празосилната пресуда е она пресуда против која не може повеќе да с еподнесува жалба,
односно која не може да побие со жалба како редовен правен лек. Согласно со ова
правосилната пресуда е она против која:
а) Не е поднесена жалба во опредлениот рок
б) Ако постои жалба, тогаш таа да е одбиена од повисокиот суд, а пресудата да е
потврдена.
Но, и покрај настапувањето на пресудата во правниот систем на Р.М возможно е
натамошно испитување на законитоста на пресудата. Тоа се прави со вонредни правни
лекови, кои што не го одложуваат извршувањето на пресудата. Како вонредни правни
лекови се ревизија и повторување на постапката.

68.Поим на жалба против пресуда?


- Жалбата е редовен правен лек што се изјавува против неправилна пресуда на прво
степениот суд. Секоја од странките (тужителот или тужениот) кој што смета дека не
доволен од одлуката на судот има право да поднесе жалба против таа одлука. Тоа значи
дека поднесувањето на жалбата против судската одлука е диспозитивно право на
странките, дали ќе поднесат жалба или не зависи од нивната волја, жалба и потреба.
69.Карактеристики на жалбата?
- Жалбата како редовен правен лек има 4 карактеристики:
а) Жалбата е редовен правен лек, таа може да се поднесе против секоја пресуда од судот.
Рокот з аподнесување на жалба е 15 дена од денот на доставувањето на преписот на
пресудата, а во мениците и во лековните спорови овој рок изнесува 8 дена.чл.337 од ЗПП.
Обично пресудата доставува во повеќе примероци ,но само еден се потпишува од судијата
што се смета за оригинал, а останатите се потпишуваат од соработниците.
б) Жалбата деволутивен правен лек. Секогаш по жалбата одлучува повисокиот суд од онај
што ја донел пресудата. Така по ресудата на основниот суд одлучуваат апелационите
судови, а по првостепените судови на апелационите судови по жалбата одлучува
Врховниот суд на Р.М.
в) Жалбата е суспензивно правно средство.Со постапката по жалба од судот се смета дека
предметот се уште не е завршен со пресудувањето. И жалбата е двостран правен лек-се
смета од следните причини:
~ жалбата можат д аја поднесат двете страни, односно оној кој смета дека пресудата е
законита или кој не е доволен од одлучувањето во пресудата.
~секоја жалба поднесена од едната странка задолжително се доставува до другата странка
за д аможе да даде одговор на жалбата. Одговорот на жалбата треба да се однесува само
на наводите истакнати во жалбата а не да се истакнуваат нови факти, докази и сл. Жалбата
како редовен правен лек р предвидена со уставот на Р.М.. Тоа е догарантирано уставното
право, преточено во ЗПП. Странката може д аподнесе жалба, да с еоткаже од моментот на
поднесувањето, па се до моментот на нејзиното распоредување на второстепениот орган.
Дури може да се откаже и од текот на разгледувањето на жалбата до моментот на
донесувањето на одлуката на второстепениот орган, после тој момент не може да се
повлече жалбата.

70.Содржина на жалбата?
- Жалбата против пресудата може да с еподнесе на два начина:
~ Со писмен поднесок
~Или усно на записник
Во парничната постапка вообичаено е жалбата да се поднесе во писмен поднесок зошто
полесно е и попрегледно можат да се наведат причините поради кои жалбата е поднесена.
Жалбата треба да содржи определни работи: некои работи задолжително и ако некоја од
нив не е содржана во жалбата истата смета дека е неуредена. Такви работи што мора да ги
содржи се:
а) Мора да биде конкретно означена пресудата. Потребно е да бид еозначен пар.бр. ПБр.
На пресудата и датумот кога е донесена и од кој суд
б) Во жалбата мора да е содржана изјава во кој обем се обележува пресудата. Обично тоа
може д абиде целосно или смао определен дел. Тоа мора конкретно да биде заверено.
в) Во жалбата мора да бидата наведени причините зарадишто с еоднесува жалбата против
пресудата,
г) Поднесителот на жалбата мора да биде потпишан а и тоа лично со цело име и презиме
чл.339 од ЗПП
Покрај овие задолжителни елементи жалбата треба да ги содржи сите податоци што
обично ги содржи секој поднесок до судот. Во жалбата не може да с еизјавуват нови
факти и нови докази што не биле разгледувани при донесувањето на пресудата. Ова се
прави заради ехикасно спроведување на споровите. Можно е да се предложат нови факти
смао во случај кога се кога се работи за суштествена повреда на парничната постапка
заради која повреда може да се изјави жалба.чл.341СТАВ 1 од ЗПП.

71.Причини поради кои може да се побави пресудата?


- Првостепениот суд при пресудувањето на судот и при однесувањето на одлуките по
спорот можно е да погреши. Обично греши на две работи и тоа:
~ Прво во водењето на постапката
~Во одлучувањето по спорот
Ако судот погрешил по одлучувањето по спорот тогаш тој погрешил или во управувањето
на фактичката состојба или во примената на правото. Овие грешки се причини за за
изјавивање на жалба за странките. Согласно ЗОО како можни причини за изјава на жалба
и тоа:чл.342 од ЗПП
а) Пресудата може да се побива заради суштествени повреди на одредбите на парничната
постапка
б) Пресудата може да се побие заради погрешно или нецелосно утврдена фактичка
состојба.
в) Заради погрешна причина на материјалното право.

72.Суштествена повреда на одредбите на парничното право?


- Ова повреда постои тогаш кога судот во ткеот на постапката не применил не правилно
прилменил некакво право во постапката.Тие повреди треба д абидат соштествени повреди.
Постојат два вида: релевантни суштествени повреди и апсолутни суштествени повреди.
~Релативно суштествените повреди претставуваат неприменување или погрешно
применување на одредбите од ЗПП поради што постои веројатност дека е донесена
неправилна пресуда.
~Апсолутна суштествена повреда неприменување или погрешно применување на
одредбите на парничната постапка за која веќе според ЗПП се преставува дека во скеој
случај може да доведе до погрешно пресудување. Овие повреде се групирани во 3 групи и
тоа: во првата група влегуваат апсолутно суштествените повреди на одредбите од
парничната постапка што се однесуваат на процените претпоставки, а тие повреди се
следните:
а) Ако при донесувањето на одлуките учествувал судија што требало да биде изземен од
работата по предметот.Ако е одлчено за таков спор што не е во судкса надлежност .
Б) Ако судот одлучува за предмет што не е во негова стварна и месна надлежност.
в) Ако судот одлучил з атакво тужбено барање во кое како како странки с епојавуват како
правни субјекти што не поседуваат странечка способност или процесна способност или
ако ако застапникот нема овластување за застапување или ако полномошникот нема
полномошно за застапување,
г) Ако е одлучено за барање за кое прво тече веќе некое друга парница.Второ за кое
претходно веќе е одлучено и пресудено. Трето за барање кое тужителот си го повлекол
пред судот или се се одрекол. Четврто за барање з акое странките склучиле спогодба.

73.Погрешно или нецелосно утврдување на фактичка состојба?


Погрешно или нецелосно утврдена фактичка состојба постои кога судот некој решавачки факт
погрешно го утврдил, односно кога не го утврдил. Нецелосно утврдена фактичка состојба постои и
кога на тоа укажуваат новите факти или нови докази. Поради погрешно или нецелосно утврдена
фактичка состојба не може да се побива пресуда врз основа на признание, пресуда во споровите
од мала вредност и пресуда поради изостанок.

74.Постапка по жалба

Странките што ја изјавиле жалбата по првостепената пресуда должни се жалбата да ја достават до


судот кој ја донесол пресудата. По жалбата одлучува повисокиот суд од судот што ја донесол
пресудата. Првостепениот суд е должен примената жалба да ја разгледа и да испита три работи:

-дали жалбата е дозволена, дали против пресудата можело да се изјави жалба

-дали жалбата е навремена, дали е поднесена во рокот определен со ЗПП

-дали жалбата е целосна.

Ако првостепениот суд утврди дека нешто не е во ред од ови испитувања, тој е должен жалбата да
ја отфрли. Ако пак констатира дека жалбате е во ред тогаш е должен шалбата заедно со списите од
предметот да го достави до второстепениот суд на разгледување.

75.Граници на испитување на првостепената пресуда

Второстепениот суд може да ја испитува првостепената пресуда само ако против неа е поднесена
жалба. А донесувањето на жалбата е диспозитивно правона странката и повод второстепениот суд
да ја испитува таа пресуда. Во својата работа второстепениот суд може да ја испитува
првостепената пресуда само во оној дел кој е нападнат со жалбата, но покрај ова судот треба по
службена должност по повод жалбата да внимава на примената на материјалното право од
првостепениот суд и на сите повреди предвидени со ЗПП. Во другиот дел пресудата останува
правосилна. Но ако од жалбата не може да се утврди кој дел од пресудата се напаѓа, тогаш се
претпоставува дека се напаѓа оној дел од пресудата каде странката не успеала. Но во секој случај
второстепениот суд мора да внимава на две работи и тоа:

-дали се направени апсолутно суштествени повреди на одредбите од парничната постапка од


првостепениот суд во донесувањето на пресудата

-дали првостепениот суд правилно го применил материјалното право.

76.Одлуки на второстепениот суд по жалбата

Второстепениот суд по жалбата може да ги донесе следните одлуки:

-судот може да ја отфрли жалбата ако е ненавремена, нецелосна и недозволена

-судот може да ја обдие жалбата како неоснована и да ја потврди првостепената пресуда

-судот може со решение да ја укине првата пресуда ако утврди дека постојат суштествени повреди
на одредбите од парничното право и тогаш предметот го враќа до првостепениот суд за ново
пресудување.
-судот може да ја укине пресудата и да ја отфрли тужбата,ако смета дека истата не е добро
направена или ако спаѓа во туѓа надлежност.

-судот може да ја преиначи првостепената пресуда . Тоа го прави во неколку случаи: ако врз
основа на расправа во првостепениот суд утврдил поинаква фактичка состојба, ако првостепениот
суд погрешно ги оценил изведените докази,па одлуката ја донесол погрешно, ако првостепениот
суд од фактите што ги изедол донесол погрешен заклучок, ако смета дека фактичката состојба на
првостепениот суд е правилно утврдена но неправилно применета. Во вакви случаи
второстепениот суд ја преправа првостепената пресуда.

77.Постапка на првостепениот суд по одлуката на жалбениот суд

Одкако второстепениот суд ќе одлучи по жалбата должен е целиот предмет заедно со одлуката да
го врати во првостепениот суд. Првостепениот суд е должен да постапи по одлуката на
второстепениот суд . Ако второстепениот суд ја укинал пресудата и предметот го вратил на
повторно пресудување тогаш судот е должен да закаже нова расправа по предметот. Во
првостепената пресуда на предметот првостепениот суд е должен целосно да се придржува на
условите дадени од второстепениот суд.

Ако второстепениот суд ја повлекол првостепената пресуда, а жалбата ја одбил како неоснована,
првостепениот суд е должен на странките да им ја достави одлуката од второстепениот суд за да
може да биде огласена за правосилна. За сите одлуки на второстепениот суд странките треба да
бидата итно информирани.

78.Жалба против решение

Постојат спорови за кои судот одлучува со решение. Тоа се споровите за владение, менични и
чековни спорови. Против решенијата може да се поднесе жалба во рок од 8 дена. И жалбата
против решение е редовен правен лек, деволутивен правен лек и суспензивен правен лек.
Постапката по нив е поедноставна.

79.Вондредни правни лекови

Испитувањето на законитоста и правосилноста на правосилната пресуда се иницира пред


надлежен суд со вондредни правни лекови. Вондредни правни лекови се правни лекови што можат
да се изјават против правосилните пресуди односно решенија. Нашата ПП ги познава следниве
видови правни лекови: ревизија и повторување на постапката.

80.Ревизија

Ревизијата е вондреден правен лек кој што се поднесува од страна на странките. Има деволутивно
дејство и за неа одлучува Врховниот суд. Ревизијата не го задржува извршувањето на пресудата.
Ревизијата е дозволена и се разгледува ако вредноста на спорот е 500 000 ден. Таа е дозволена за
спорови за издршка, надомест на штета, спорови за работни односи, спорови за авторски права.
Причини за ревизија се: погрешна примена на материјалното право, суштествена повреда на
парничното право. Ревизијата се поднесува во рок од 30 дена до првостепениот суд и спротивната
странка во одреден број на примероци. Судот ја разгледува дали е навремена и целосна и доколку
е навремена и целосна ја испраќа на Врховниот суд. Врховниот суд може да ја укине пресудата од
првостепениот и второстепениот суд или да ја преиначи пресудата.

81.Повторување на постапката

Исто така е вондреден правен лек која се поднесува во било кој степен и се користи против судска
одлука со која постапката е завршена правосилно. Повторувањето на постапката е
пемонстративен а по исклучок и деволутивен пправен лек. Тоа е двостран правен лек бидејќи и се
доставува предлог на противната странка која има право на одговор во рок од 15 дена.
Повторувањето на постапката може да се поднесе само од определени причини кои се таксативно
наброени во законот и тоа: суштествени повреди на одредбите на парничната постапка, појавата
на кривични дела и нови факти и нови докази. За повторување на постапката се поднесува
предлог до првостепениот суд, кој предлог е сврзан со рок. Рокот може да биде субјективен кој
изнесува 30 дена и објективен изнесува 5 години

82.Постапка во патернитетни матернитетни спорови

83.Постапка во Брачни спорови

84.Постапка за издршка

85.Постапка за чување

You might also like