You are on page 1of 49

Dddwsefgtddxx fesxxdavgs

Napredni kalkulus
Univerza sv. Cirila in Metoda v Skopju
48 pag.

Document shared on www.docsity.com


ТРГОВСКО ПРАВО –ЗАВРШЕН ИСПИТ

1.Кои се изворите на трговското право?


Изворите на трговското право може да се поделат на:
-материјални извори
-формални извори
Под материјални извори се подразбира волјата на владеачката класа, која со помош на
државата и нејзините органи донесува извесни правни правила преку кои ја изразува својата
волја и ги заштитува своите класни интереси.
Под формални извори се подразбираат облици, форми во кои се појавуваат правните правила,
со кои владеачката класа ја извразува својата волја, штитејќи ги своите интереси.
Како формални извори на трговското право се: законите, подзаконските акти, правните правила,
трговските обичаи, узансите, судската практика и правната наука.
Законите –се најважен извор на правото на секоја гранка.
Обичаите –претставуваат важен извор на трговското право и можат да се поделат на разни
видови и тоа: општи обичаи кои важат за целата територија, регионални обичаи кои важат само
на определен регион, локални кои важат за определено место итн.
Узансите –се трговски обичаи, деловни обичаи кои се собрани и систематизирани во збирки на
некој овластен орган. Се делат на општи узанси, оние кои се применуваат во сите стопански
гранки и посебни узанси, што се применуваат во една стопанска гранка или трговска струка.
Судската практика –кај нас не се смета за извор на трговското право, но има големо влијание
при решавањето на споровите настанати по повод договорите во стопанството.
Правилата на граѓанското право, служат како дополнителен извор на трговското право во оние
случаи како што се материјата на договорите за промет со стока и др.

2.Кои се системите за основање на трговски друштва?


За основање на трговски друштва постојат повеќе системи и тоа:
1.Законски систем –трговските друштва можат да бидат основани со закон или со управен акт,
донесен врз основа на закон.
2.Систем на дозволи –одделни категории на трговски друштва можат да бидат основани со
претходна согласност,одобрение од надлежен орган. На пример, Народната Банка, според
законските прописи, дава претходна согласност за основање деловни банки во нашата држава, за
осигурителни друштва и др.
3.Нормативен систем –скоро во сите земји овој систем е доминантен, со кој се овозможува
основање на трговските друштва на секој основач што ги исполнува пропишаните услови
содржани во закон. Овој систем е проследен со регистрација на трговските друштва, но судот за
регистрација нема овластување да врши проценка на целисходноста на основање на трговското
друштво.
4.Систем на концесии –основањето на трговските друштва може да биде условено со давање
концесија со посебен закон што го донесува Собранието, како што се на пример:
искористувањето на одделни природни богатства.
5.Систем на пријави –трговското друштво во мешовита сопственост, што го основа странско
физичко или правно лице, како и договори за странски вложувања во домашно трговско
друштво.

Document shared on www.docsity.com


3.Поим за трговец и правна положба на трговецот?
Како субјекти кои можат да учествуваат во трговските работи и да вршат стопанска дејност се:
индивидуални трговци (физички лица) и правни лица (во форма на трговски друштва).
Законот за трговски друштва ја определува правната положба на трговецот според која трговецот
е секое правно или физичко лице кое самостојно трајно врши некоја од следните дејности:
-купување на подвижен предмет со цел да го продаде во преработен вид;
-тргување со хартии од вредност;
-банкарски дејности, менувачки и други финансиски дејности;
-осигурување;
-превоз на лица и стоки;
-трговско застапување и посредување;
-издавачка и печатарска дејност итн.
Под поимот трговец се смета секое правно или физичко лице кое врши различни видови на
стопанска дејност во вид на занимање, во свое име, за своја сметка и на свој ризик.
За да може да се зборува за трговски деловен потфат, како редовно професионално занимање
кое го врши трговецот, треба да бидат исполнети неколку услови:
Прво, трговецот како остварување на тој деловен потфат што се води во односната фирма, треба
да врши некоја од трговските дејности утврдени со закон и
Второ, тој деловен потфат што се води во фирмата бара да биде организиран и воден на начин
како што се водат трговските друштва.
Законот за трговски друштва ги наведува и случаите кога не можат да се сметаат за трговци иако
можат да вршат стопанска дејност и тоа:
1.физички лица што се занимаваат со земјоделство;
2.занаетчии и лица кои вршат услуги или слободни занимања;
3.лица кои вршат угостителски услуги со издавање соби во своето живеалиште.
Предностите од основањето на мали трговски дејности се:
-доста профитабилни
-лична сатисфакција од работата
-претприемачите сами на себе си се претпоставени
-висока флексибилност
-вклучување на членови од семејството на сопственикот од дејноста –семејни фирми и др.

4.Која е разликата помеѓу трговец-поединец и трговско друштво?


Трговец-поединец е физичко лице кое врши некоја од дејностите наведени во Законот за
трговските друштва или пак деловниот потфат да биде трговски според природата и обемот на
неговата организираност и според начинот на неговото водење, како негово редовно
професионално занимање.
Според Законот, едно физичко лице за да се смета за трговец –поединец треба да ги исполни
следните услови:
1.да е деловно способно;
2.да има постојано место на живеење во РМ;
3.да биде запишано во трговскиот регистар.
Фирмата ги содржи неговото лично име, татковото име и презимето. Фирмата на трговецот-
поединец мора да ја содржи ознаката ТП.

Document shared on www.docsity.com


Од ова општо правило, Законот предвидува ограничување во два случаи кога едно деловно
способно физичко лице не може да биде регистрирано како трговец –поединец и тоа:
1.ако е отворена стечајна постапка против него;
2.ако со правосилна судска одлука е утврдено дека со умисла предизвикало стечај, поради што
доверителите не можеле да ги наплатат своите побарувања.
Едно физичко лице како трговец поединец може да организира само една фирма, односно
претпријатие. Предностите на ваквото организирање на фирми главно се:
-не се потребни големи износи на средства;
-трговецот-поединец го води и контролира работењето на фирмата;
-тој е сопственик на остварената добивка;
-за обврските спрема трети лица одговара само тој со сиот свој имот;
-постапката за регистрација на претпријатието на трговец-поединец е поедноставна.
Трговецот –поединец, својата фирма може да ја префрли на друго лице со сета актива и пасива,
осносно заедно со неговиот деловен потфат. Префрлувањето на фирмата се запишува во
трговскиот регистар и се објавува во Службен весник.
Трговското друштво е здружување на две или повеќе физички или правни лица кои вложуваат
пари, предмети и права во имот што го користат за заедничко работење и заеднички ја делат
добивката и загубата од работењето. Трговското друштво за разлика од трговецот-поединец
секогаш е правно лице, тоа мора да биде запишано во трговскиот регистар како правно лице.
Поимот здружување значи дека основањето на трговското друштво настанува со договор врз
основа на слободната волја на содружниците.
Трговското друштво одговара за своите обврски со сиот свој имот. Имотот што се користи за
заедничко работење е сопственост на содружниците во трговското друштво.
Друштвото како правно лице има неограничени овластувања во правниот промет со трети лица.
Законот за трговски друштва на РМ се применува на трговецот-поединец, на трговското
друштво, на стопанската интересна заедница и на подружница –организирана од странско
трговско друштво, како и на тајното друштво.

5.Поим за јавно трговско друштво (ЈТД)?


Јавно трговско друштво, според Законот за трговските друштва е здружување на две или повеќе
правни и физички лица кои на доверителите за обврските на друштвото им одговара лично и
неограничено солидарно со целиот свој имот.
Од оваа дефиниција произлегуваат неколку елементи и тоа:
Прво, друштвото е доброволно здружување на повеќе физички и правни лица за вршење на
дејност заради остварување на профит;
Второ, друштвото се основа со договор на содружниците на друштвото;
Трето, друштвото е правно лице способно да биде носител на права, обврски и одговорности;
Четврто, секој содружник за преземените обврски одговара лично и неограничено солидарно со
сиот свој имот;
Петто, друштвото спаѓа во персоналните друштва, бидејќи тоа е друштво кое се основа со оглед
на личните својства на содружниците;
Шесто, содружниците не се сметаат за вработени лица во друштвото, доколку во договорот не е
поинаку определено.
Законот за трговски друштва го одредува само минималниот број на основачите на друштвото и
тоа најмалку на две правни или физички лица, а тоа значи не може да биде основано само од
едно лице за разлика од друштвото со ограничена одговорност и акционерското друштво.
Во фирмата мора да стои кратенката ЈТД, како би можеле доверителите да знаат дека за
обврските на друштвото содружниците одговараат лично и неограничено солидарно.

Document shared on www.docsity.com


Јавното трговско друштво настанува со симултано основање и тоа со договор за друштвото кој е
најзначаен документ во постапката за основање и секогаш мора да биде составен во писмена
форма.
Содржината на договорот на друштвото е прецизно определена според Законот и тоа:
1.името и презимето, матичен број, државјанство и место на живеење на содружниците;
2.фирмата и седиштето на јавното друштво;
3.предметот на работење;
4.видот и големината на влогот на секој содружник;
5.начинот на застапување на јавното друштво.
Уписот на друштвото во регистарскиот суд по својот карактер е конститутивен.

6.Кои се обврските на содружниците во ЈТД?


Најпрвин, јавното трговско друштво има корени уште од античкото време на римското право, но
развитокот на ова друштво е поврзан со развитокот на трговијата во средниот век.
Под поимот јавно трговско друштво се подразбира здружување на две или повеќе физички или
правни лица кои на доверителите за обврските на друштвото им одговараат лично и
неограничено солидарно со целиот свој имот.
Друштвото се создава доброволно заради остварување на профит и се основа со договор на
содружниците, тоа е правно лице способно да биде носител на права, обврски и одговорности.
Покрај правата што им припаѓаат на содружниците во јавното трговско друштво тие имаат и
определени обврски и тоа:
А)Внесување на влогови –се утврдени со договорот на друштвото. Тие можат да бидат во
еднакви или нееднакви вредности. Од моментот на вложувањето на влогот, тој станува
сопственост на друштвото. Доколку содружникот задоцнил при уплатувањето на влогот, јавното
трговско друштво може да наплати камата и надомест на штета.
Влогот може да се состои во пари, предмети, права, труд и услуги. Вредноста на непаричниот
влог, содружниците спогодбено ја утврдуваат во пари. Содружникот во друштвото може да го
зголемува својот влог над износот утврден со договорот за друштвото, на два начини:
1.Факултативно –доколку самиот изрази таква желба;
2.Задолжително –доколку е покажана загуба на друштвото, а влогот е смален по вина на
содружникот.
Б)Забрана за конкуренција –со оглед на тоа дека меѓу содружниците на друштвото треба да
постои доверба, исправно е што Законот за трговски друштва предвидува одредби за забрана за
конкуренција меѓу содружниците. Содружник не смее да учествува во друго друштво или да
склучува договори за своја сметка кои се однесуваат на предметот на работа на друштвото без
согласност на сите содружници. Меѓутоа, ако содружникот ваквата забрана ја наруши, должен е
на друштвото да му ја надомести штетата или да му го отстапи тоа што го примил од така
склучената зделка.
В)Совесно постапување –од секој содружник на друштвото се бара во работите што ги врши
друштвото да покаже посебно внимание, бидејќи во спротивно би можело да се постави
неговата одговорност за штета која би настанала поради неговото несовесно постапување или
несовесно вршење на работите.

7.Права на содружници во ЈТД?


4

Document shared on www.docsity.com


Покрај обврските што им припаѓаат на содружниците во друштвото тие имаат и определени
права и тоа:
1.Право на управување и водење на работите на друштвото –по правило секој содружник е
овластен да управува со друштвото. Меѓутоа, со договорот на друштвото може управувањето да
му се довери на еден или повеќе содружници, но со согласност на сите содружници,
управувањето може да му се довери и на трето лице кое не е содружник.
2.Право на глас –одлуките во друштвото се донесуваат во согласност со сите содружници
односно со мнозинство на гласови од сите содружници.
3.Право на награда –Содружник кој во работите ќе се ангажира во извршување на одредени
работи, односно услуги, има право на награда и надомест на трошоци.
4.Право на добивка и учество во загуба –Добивката на друштвото се утврдува со годишниот
биланс на успехот и се дели меѓу содружниците според начин определен со договорот за
друштвото.
5.Право на известување –Содружниците кои не се управители имаат право да добијат
извештај за состојбата на книгите и за списите на јавното друштво.

8.Екстерни односи на содружниците во ЈТД со трети лица?


Екстерните односи на содружниците со трети лица опфаќаат три основни прашања и тоа:
1.Застапување на друштвото –може да биде на два начина:
А)Одвоено, самостојно – кога секој содружник самостојно, индивидуално го застапува
друштвото;
Б)Колективно –кога треба да добие одобрение од други содружници застапници на друштвото
пред да ги преземе соодветните дејства. Содружниците-застапници се овластени трговското
друштво да го застапуваат потполно, т.е да ги вршат сите судски, вонсудски работи и правни
дела и друштвото ги презема врз себе сите права и обврски кои произлегуваат од правните
работи што ги склучиле содружниците.
2.Лична одговорност на содружниците –нивната одговорност за обврските на друштвото
е:лична, солидарна и неограничена.
Лична –одговорноста на содружниците се однесува лично со целиот свој имот за преземените
обврски.
Одговорноста е солидарна –бидејќи содружниците одговараат со целиот износ на обврските на
друштвото.
Одговорноста е неограничена –бидејќи таа не се простира само на износот на влогот, туку врз
целиот имот на содружникот.
3.Правна положба на доверителите кон содружниците:
А.тие немаат никакви права –бидејќи имотот му припаѓа на друштвото како правен субјект, а
не на содружниците.
Б.доверителите на содружниците имаат единствено право –да бараат запленување на
ликвидациониот дел на должникот и да бараат престанок на друштвото.
В.се додека трае јавното трговско друштво

9.Како може да престане јавното трговско друштво?


Јавното трговско друштво може да престане со:
1)истекот на времето за коешто е основано;
5

Document shared on www.docsity.com


2)одлука донесена од сите содружници;
3)отворање на стечајна постапка над јавното друштво;
4)отворање на стечајна постапка над било кој од содружниците;
5)смрт на било кој од содружниците, односно со престанок на содружник правно лице;
6)правосилна судска одлука;
7)отказ на некои од содружниците на јавното друштво.
Секој содружник од друштвото може да поднесе тужба до регистарскиот суд за исклучување на
содружник, ако за тоа постојат оправдани причини. Со исклучувањето на содружник од
друштвото, нему му престанува содружничкиот однос во друштвото, притоа има право на
надоместок на неговиот удел што го уплатил според пазарната вредност на уделот во времето на
неговото истапување.
Доколку друштвото е основано на неопределено време, содружникот може да го откаже
договорот согласно условите утврдени со договорот. Доколку содружниците не постигнат
спогодба тогаш отказниот рок не може да биде пократок од 30 дена и подолг од 6 месеци.

10.Поим за командитно друштво (КД)?


Командитното друштво е посебен вид на јавно трговско друштво во кое се сретнуваат
зачетоците на друштвата на капиталот, а притоа не се оддалечени од персоналните друштва.
Според Законот за трговските друштва, командитното друштво е друштво во кое се здружуваат
две или повеќе лица од кои најмалку еден содружник одговара за обврските на друштвото
солидарно и неограничено со сиот свој имот (комплементар), а најмалку еден содружник
одговара за обврските на друштвото само до износот на запишаниот влог во друштвото
(командитор).
Комплементарите учествуваат најмалку со 1/5 од вкупниот износ на влоговите.
Командитното друштво, како и сите други трговски друштва, се основа за вршење на некоја
стопанска дејност заради стекнување добивка.
Командитното друштво се основа со договор кој го склучуваат основачите задолжително во
писмена форма, и тоа во земјите каде што му признаваат статус на правно лице. Заверката на
потписите се врши на нотар. Во тој договор, покрај вообичаените елементи, мора да содржи и
одредби како на пример: фирма и седиште на друштвото, предмет на работењето, вкупниот
износ на влогот, начин на застапување на друштвото и др.
Основачи на командитно друштво може да бидат сите правни и физички лица, како домашни
така и странски.
Командитното друштво настапува меѓу членовите inter partes, со договорот за основање, а
спрема трети лица erga omnes дури по регистрирањето во судскиот регистар кое е од
конститутивно значење.

11.Кои се правата и обврските на содружниците во командитното


друштво?
Нашиот Закон за трговските друштва пропишува дека правата и обврските на содружниците се
уредуваат со договорот за друштвото.
Обврски во командитно друштво:
• Обврска за лично учество – на лично учество во работите на командитното друштво е
обврзан само комплементарот, но со договорот може да биде обврзан и командиторот.
• Управување – со командитното друштво управуваат комплементарите. Командиторите
немаат право да управуваат со друштвото.

Document shared on www.docsity.com


• Надомест на трошоците и на штета и забрана на конкуренција на комплементарот
–доколку содружник на друштвото направи трошок за кој според околностите може да се
смета дека е потребен или ако друштвото претрпи штета, командитното друштво е
должно да му ги надомести трошоците.
Права во командитно друштво:
1.Право на информираност –командиторот има право да бара да му се соопшти содржината на
трговските книги и на списите.
2.Пренос на уделите –уделите во командитното друштво можат да бидат пренесени на трето
лице само со согласност на сите содружници на командитното друштво.
3.Промена на седиштето –содружниците можат да го изменат седиштето на командитното
друштво само со едногласна одлука.
4.Учество во добивка и во покривање на загуба на командитор –командиторот учествува во
распределбата на добивката на командитното друштво сразмерно на уплатениот влог.
5.Забрана на распределба на добивка –доколку командитното друштво работи со загуба која
се одразува врз уплатениот влог, до воспоставување на предвидениот размер, добивката не се
распределува.

12.Органи на командитно друштво со акции?


Командитното друштво со акции е такво друштво чија основна главнина е разделена на акции, а
го основаат еден или повеќе комплементари кои одговараат неограничено и солидарно за
обврските на друштвото со сиот свој имот и командитори кои имаат својство на акционери и не
одговараат за обврските на друштвото.
Командитното друштво со акции има статус на правно лице, а специфично за уписот на ова
друштво во трговскиот регистар се состои во тоа што наместо членовите на Управниот одбор се
наведуваат комплементарите, бидејќи тие управуваат.
Највисок орган на одлучување е собранието во кого учествуваат и комплементарите и
командиторите. Командиторите имаат право на глас, сразмерно на висината на нивното учество
во основната главнина. Меѓутоа, тие не можат да гласаат за: избор и отповикување на надзорен
одбор; одобрување на работата на комплементарите; избор на посебни контролори; истакнување
на барање за надомест; менување на ревизори.
Со командитното друштво со акции управуваат комплементари, но тие можат тоа да го доверат
на еден или повеќе управители.
Надзорот во КДА го врши надзорен одбор кој го бира собранието од најмалку тројца акционери.
Надзорниот одбор има самостојна и независна улога во оценувањето на резултатите од
преземените дејствија на комплементарите, му поднесува извештај на собранието, предлага
мерки за нивно решавање и сл.

13.Поим за друштво со ограничена одговорност (ДОО)?


Друштво со ограничена одговорност нашиот Закон за трговски друштва се дефинира како правно
лице во кое основачите учествуваат со по еден влог во однапред договорена основна главнина на
друштвото и тие можат да бидат различни. Основачот не е сопственик на имотот на друштвото
со ограничена одговорност и нема право на пренос на имотот на друштвото.

Според стопанските функции, друштвото ги има следните карактеристики:


♦ се работи за друштво со мал капитал и со мал број членови;
7

Document shared on www.docsity.com


♦ може да се организира и како претпријатие на поединец;
♦ може да се основа за стопанска и нестопанска дејност;
♦ понекогаш може да се користи и како форма за нечесно шпекулативно претпријатие.
Според Законот, за друштвото со ограничена одговорност можат да се определат следните
карактеристики:
1.ДОО е флексибилна форма;
2.Се смета за друштво од средна големина (пример бројот на содружници не може да биде
поголем од 50 и основната главнина не може да биде помала од 5.000евра);
3.Содружниците не одговараат за обврските на друштвото, но поднесуваат ризик од работата;
4.Не може да ги врши сите стопански дејности итн.

14.Основна главнина на ДОО?


Основната главнина на друштвото со ограничена одговорност се состои од збирот на влоговите
на содружниците и не може да биде помала од 5.000 евра во денарска противредност. Влогот
не може да биде помал од 100 евра и износот на основната главнина мора да биде изразен со
цел број делив со 100. Влогот може да биде паричен и непаричен. Уплатите како и целосното
внесување на непаричните влогови мора да бидат извршени за да може друштвото да располaга
од денот на уписот во трговскиот регистар. Кон договорот за друштвото се приложува извештај
за процена на непаричниот влог од овластен проценувач.
Управителот на друштвото е одговорен за водење на книга по судската регистрација, и се
внесуваат сите податоци за секој основач наведени во Законот. Содружник на друштвото е само
оној кој е запишан во книгата на удели. Сите промени во врска со уделите се предвидени во
договорот на друштвото и во согласност со законот.
Договорот за друштво може да се измени само со одлука на содружниците, донесена најмалку со
¾ мнозинство од вкупниот број гласови. Зголемувањето на основната главнина се врши со
одлука на собирот на содружниците и може да се зголеми само ако сите поранешни влогови се
уплатени во целост.

15.Права и обврски на содружници во ДОО?


Обврски во друштво со ограничена одговорност:
1.Обврска да се плати влогот –ЗТД ја одредува основната главнина на друштвото која не може
да биде помала од 5.000 евра, а исто така износот на основните влогови на содружниците може
да биде различен. При запишувањето на влогот треба да плати најмалку 1/3 од износот;
2.Обврска за дополнителни доплати –Со договорот може да биде утврдена обврска за
дополнителни доплати, било од сите содружници или само од одредени содружници во
друштвото, сразмерно со преземените основни влогови;
3.Обврска за споредни дејствија –Содружниците со договорот покрај основните обврски да го
уплатат основниот влог, тие можат да преземат и споредни дејствија од имотен карактер на
друштвото;
4.Обврска за лојално однесување –Ваквата обврска постои за содружниците и за членовите на
органите на друштвото согласно ЗТД. Станува збор за забрана на конкуренција на нелојален
начин.

Правата во друштво со ограничена одговорност на содружниците според нивната содржина


можат да бидат лични и имотни права.
Во лични права спаѓаат:
8

Document shared on www.docsity.com


• Право на управување –имаат право во управувањето на друштвото, со друштвото
управуваат на два начина и тоа непосредно преку собир на содружници и посредно кога
со друштвото управува управител именуван од содружниците.
• Право на контрола –содружниците имаат право да бидат известувани за работењето на
друштвото.
Во имотни права спаѓаат:
• Право на добивка –содружниците имаат право на учество во распределбата на
добивката.
Право на ликвидационен дел –содружниците имаат право на дел од ликцидационата, стечајна
маса на друштвото.

16.Одлучување во ДОО?
Собирот на содружниците го сочинуваат сите содружници. Управителот на друштвото кој не е
содружник може да учествува во работата на собирот, без право на глас.
Собирот на содружниците ги врши следните работи:
• Ги усвојува годишната сметка и годишните финансиски извештаи;
• Го избира и го отповикува управителот и одлучува за распределба на добивката;
• Ги избира и ги отповикува членовите на надзорниот одбор;
• Одлучува за мерките за испитување и вршење контрола над водењето на работите;
• Донесува одлука да се поведе постапка за надомест на штета што ја претрпело
друштвото во врска со неговото основање;
• Одобрува склучување договори за набавка што е поголема од 1/5 од основната главнина;
• Одобрува склучување договори што друштвото ги склучува со свој содружник, управител
или со нивните роднини во права линија и странична линија до трет степен;
• Одлучува за измена на договорот на друштвото;
• Врши и други работи определени со закон.
Собирот на содружници се свикува најмалку еднаш годишно. Се свикува во писмена форма и во
рокови предвидени со законот и со договорот за друштвото секогаш кога тоа го бараат
интересите на друштвото.
Доколку органот којшто е овластен да го свика Собирот на содружници не го свика во рок од 15
дена од денот на доставувањето на барањето, содружниците кои го поднеле барањето можат
сами да го свикаат собирот на содружниците при што го утврдуваат и дневниот ред на собирот.
Доколку по барањето на еден или повеќе содружници чиишто влогови заедно изнесуваат
најмалку 51% од основната главнина, управителот не свика собир на содружници во рок од 24
часа од денот на поднесувањето на барањето, содружниците можат да поднесат предлог за
свикување на собирот до судот.

17.Управител во ДОО?
Со друштвото управува управител, односно управители. Кога во друштвото има три или повеќе
управители, тие можат заедно да управуваат со друштвото како орган на управување на
друштвото на начин определен во договорот.

За управител може да биде избрано физичко лице кое е деловно способно. За управител не може
да биде избрано лице на кое со правосилна судска одлука делумно или во целост му е забрането
да врши професија, дејност или должност што е поврзана со функцијата управител на
друштвото.

Document shared on www.docsity.com


При основањето на друштвото, првиот управител може да биде назначен со договор за
друштвото. Ако за управител се избира содружник, мандатот може да му трае додека му трае
содружничкиот однос.
Ако друштвото има повеќе управители и ако нивниот број се намали под бројот определен со
договорот за друштвото, другите управители се должни, во согласност со договорот на
друштвото во рок од 30 дена од денот кога бројот на управителите се намалил под бројот
определен во договорот за друштвото, да свикаат собир на содружници или со одлучувањата
преку допишување да организираат избор на управители до бројот определен со договорот.
Во Законот се забранува конкуренција. Така, без согласност на собирот на содружници,
управителот не може:
1.За своја или туѓа сметка да врши работи што спаѓаат во предметот на работење на друштвото;
2.Да биде содружник со неограничена одговорност во друго друштво коешто има ист или
сличен предмет на работење со друштвото;
3.Да биде член на орган на управување или член на надзорен одбор, односно контролор во
друго друштво;
4.Во просториите на друштвото да врши работи за своја или за туѓа сметка.
Ако управителот работи спротивно на овие забрани, друштвото може од управителот да бара
надомест на штета и да бара на друштвото да му ја отстапи правната работа што ја склучил за
своја сметка и да му ја даде користа.

18.Надзор во ДОО?
Со договорот за друштвото може да се предвиди образување надзорен одбор, односно избирање
контролор на друштвото кој го следи спроведувањето на договорот за друштвото, се грижи за
работењето со имотот на друштвото и неговото зачувување, го контролира начинот на којшто се
врши управувањето со друштвото од страна на управителот и му поднесува извештај на собирот
на содружниците.
За членови на надзорниот одбор, односно за контролор не можат да бидат избрани:
А.управителот и вработените во друштвото;
Б.сопрузите, лицата кои се во сродство по права линија и по странична линија до трет степен со
управителот;
В.лицата на кои судот со одлука им забранил вршење ревизиски работи додека трае забраната;
Г.физичко лице кое е член во пет надзорни одбори во акционерските друштва или во друштво со
ограничена одговорност.
Надзорниот одбор има најмалку три члена. Членовите се избираат на време од четири години
освен ако со договорот за друштвото поинаку не е определено. Членовите на надзорниот одбор
можат да бидат повторни именувани. Тие избираат претседател на надзорниот одбор од своите
редови. Претседателот на надзорниот одбор ги свикува и претседава со седниците на надзорниот
одбор и ја организира неговата работа.
Надзорниот одбор се состанува најмалку три пати во текот на една деловна година.
Контролорот може да ги прегледува и оценува трговските книги на друштвото, актите и другите
документи на друштвото, имотот, а особено благајната и состојбата на хартиите од вредност на
друштвото. Контролорот ја прегледува годишната сметка на друштвото и другите финансиски
извештаи и го оценува годишниот извештај и за тоа го известува собранието на содружници.

19.Престанок на ДОО?
Друштвото со ограничена одговорност престанува да постои со:
1.истекот на времето определено во договорот за друштвото;
10

Document shared on www.docsity.com


2.одлука на содружниците;
3.присоединување на друштвото кон друго друштво, спојување со друго друштво, односно со
поделба;
4.стечај на друштвото;
5.одлука на судот.
Одлуката за престанување на друштвото, содружниците ја донесуваат со најмалку ¾ мнозинство
од вкупниот број гласови. Судот, може по тужба на еден или повеќе содружници, чиишто
влогови чинат најмалку 1/10 од основната главнина, со одлука, да изрече престанување на
друштвото, ако постигнувањето на целта на друштвото што произлегува од предметот на
работењето стане невозможно или ако постојат други значајни причини за престанување на
друштвото.
Тужбата се поднесува против друштвото во рок од 90 дена од денот на дознавање на причината,
но не подолго од една година од денот на настанување на причината.

20.Поим на акционерско друштво?


Акционерско друштво спаѓа во друштвата на капиталот кај кои е важен само вложениот капитал,
а не се важни лицата што го вложиле капиталот. Според нашиот Закон за трговски друштва,
акционерско друштво е друштво во кое акционерите учествуваат со влогови во основната
главнина, којашто е поделена на акции. Акционерското друштво е правно лице со определена,
на еднакви делови поделена основна главнина во која акционерите учествуваат со една или
повеќе акции.
Акционерското друштво ги има следните карактеристики:
• Акционерското друштво може да биде основано во сите видови сопственост;
• Акционерското друштво е друштво на капитал, што значи не се битни персоналните
карактеристики на неговите акционери;
• Акционерското друштво има основна главнина која е поделена на еднакви акции со
определени номинални вредности и изразени во пари;
• Акционерското друштво постанува правен субјект со самата регистрација во судскиот
регистар.
Основачи на АД може да бидат сите правни и физички лица –домашни и странски.

21.Симултано и сукцесивно основање на трговско друштво?


А)Симултано основање
Друштвото може да се основа така што основачите сами или заедно со други лица ги преземаат
без јавен повик, сите акции и го потпишуваат статутот. Основачите ги преземаат акциите со
изјава, дадена во писмена форма дека го основаат друштвото и дека ја преземаат обврската за
уплата на акциите. Изјавата може да биде приложена кон статутот или да биде содржана во
статутот, што е потпишан од основачите.
Во изјавата се наведува лицето коешто ги презема акциите, бројот и родот на акциите и нивниот
номинален износ и се назначува начинот, времето и местото на уплатата на акциите.

Основачите составуваат извештај во писмена форма за текот на основањето на друштвото и во


него се наведува следното:
1.Износот на уплатените парични влогови, односно вредноста на внесените непарични влогови;
2.Правните работи врз основа на кои друштвото стекнало непарични влогови;
11

Document shared on www.docsity.com


3.Набавните или производните трошоци во последните 3 години за непарични влогови што се
внесуваат;
4.Ако во друштвото е вложено претпријатие, неговата добивка во последните 3 години искажана
во годишната сметка во претходната година над којашто е извршена ревизија од овластен
ревизор;
5.Бројот на акциите што при основањето биле преземени за сметка за член на органот на
управување.
Б)Сукцесивно основање
Акционерското друштво на овој начин може да се основа така што основачите ќе го усвојат
статутот, ќе запишат определен број акции и ќе упатат јавен повик за запишување акции.
Јавниот повик со којшто се повикува на запишување акции се подготвува во согласност со
одредбите на статутот, усвоен од основачите. Јавниот повик покрај фирмата, седиштето и
предметот на работење на друштвото што се основа, мора да содржи и податоци за:
1.Датумот кога е усвоен статутот врз основа на коишто се издава јавен повик;
2.Износот на основната главнина;
3.Непаричните влогови;
4.Се наведуваат бројот и сите родови и класи на акции;
5.Името и презимето на секој основач.

22.Основна главнина на акционерско друштво и зголемување на


основна главнина?
Најмалиот номинален износ на основната главнина, кога друштвото се основа симултано, без
јавен повик за запишување акции изнесува 25.000 евра, а кога друштвото се основа сукцесивно
преку јавен повик за запишување на акции, тој изнесува најмалку 50.000 евра. Номиналната
вредност на акцијата не може да биде помала од 1 евро.
Зголемувањето на основната главнина може да се врши: со влогови, со условно зголемување на
основната главнина, со одобрен капитал и од средства на друштвото.
Зголемувањето се врши со одлука на собранието и таа има карактер на одлука на измена на
статутот. Одлуката за зголемување на главнината се донесува со мнозинство на гласови кое
неможе да изнесува под 2/3 од акциите со право на глас, освен ако со статутот не е определено
поинаку.
Одборот на директори, односно управниот одбор, во рок од 30 дена по извршувањето на
зголемувањето на главнината, ќе изврши замена на акциите запишани во акционерската книга со
акции со зголемен номинален износ и ќе побара оваа измена да биде внесена во акционерската
книга заради што го известува Централниот депозитар за хартии од вредност.

23.Акции во акционерско друштво?


Акцијата е хартија од вредност која претставува доказ за сопственост на идеален дел од
основната главнина на акционерското друштво. Акциите по правило се прибавуваат во парични
средства, но по исклучок, тие можат да бидат и во предмети и права. Акциите што ги издава
акционерското друштво можат да ги купат сите домашни и странски физички и правни лица.
Акционерското друштво издава два вида на акции: обични и приоритетни.
Акциите се издаваат, се пренесуваат и се водат во форма на електронски запис во Централниот
депозитар за хартии од вредност на Република Македонија, во согласност со закон.
Акциите издадени под нивниот номинален износ се ништовни. За штетата што ќе произлезе од
издавањето акции под нивниот номинален износ, издавачите одговараат солидарно.
Обичните акции се акции кои им се даваат на нивните сопственици:

12

Document shared on www.docsity.com


1.право на глас во собранието на друштвото;
2.право на исплата на дел од добивката;
3.право на исплата на дел од остатокот од стечајната маса.
Приоритетните акции кога имаат право на глас, даваат и други повластени права, како што е
правото на дивиденда во однапред утврден паричен износ или во процент од номиналниот износ
на акцијата, право на исплата од остатокот на стечајната маса и др.
Приоритетните акции можат да бидат кумулативни и партиципативни.
▲ Кумулативни –му дава на сопственикот право на наплата на акумулираните неплатени
дивиденди пред наплатувањето на какви било дивиденди на сопственикот на обични
акции.
▲ Партиципативна –му дава на сопственикот покрај утврдената дивиденда и право на
исплата на дивиденда којашто му припаѓа на сопствениците на обичните акции.

24.Права и обврски на акционерите во АД?


Главна и основна обврска на акционерот е да го уплати номиналниот износ на акцијата. Ако се
работи за уплатување на акција со пренесување на предмети и права, тогаш вредноста на
непаричниот влог, акционерот е должен да му ги пренесе на друштвото. Ако акционерот не ја
исполни оваа обврска на време, освен што нема право на глас, ќе плати и камата и надомест на
штета.
Правата на акционерите може да се класифицираат во две групи и тоа:
Правата на акционерите што имаат имотен карактер:
1.Адекватно учество во добивката (право на дивиденда) –Тоа е право на учествување со
соодветен дел во добивката на друштвото во определени пресметковни периоди.
2.Право на дел од ликвидационата маса на друштвото –По исплаќање на сите обврски на
друштвото, кога тоа престанува по пат на ликвидација.
3.Право на првенствено купување на акции –Во случај на нови емисии на акции, на пример,
зголемување на основната главнина.
4.Право на располагање со акции
Правата на акционерите што имаат личен карактер:
1)Право на глас во собранието
2)Право на избор во органите на друштвото (пример да биде избран во одборот на
директорите како извршен член и сл.)
3)Право на поставување прашања на органите на друштвото
4)Право на контрола
5)Право на судско побивање на одлуките на органите на друштвото

25.Управување со АД?
Едностепениот систем е на англосаксонското право, кој е усвоен и во поголем број земји на
континенталното право.
Одборот на директори има најмалку три, а најмногу 15 члена. Собранието ги избира членовите
на одборот на директори. При изборот на членовите на одборот се назначува кои членови се
избираат како независни членови на одборот. Независните членови на одборот на директори се
избираат од редот на неизвршните членови на одборот на директори.
Бројот на извршните членови мора да биде помал од бројот на неизвршните членови на одборот
на директори.
Членовите на одборот на директори и членовите на надзорниот одбор ги избира собранието со
мнозинство гласови од акциите со право на глас од кворумот определен за работа на собранието,

13

Document shared on www.docsity.com


освен ако со статутот не е определено повисоко мнозинство. Членовите на органот на
управување се избираат за период којшто се определува со статутот, но којшто не може да биде
подолг од 6 години.
Ако одделни членови на одборот на директори престанат да ги вршат своите функции во текот
на мандатот, другите членови на директори продолжуваат со работа до пополнување на
испразнетото место.
Истотака, во Законот за трговските друштва е пропишана забрана за конкуренција.
Членовите на одборот на директори, односно на управниот одбор без одобрение на одборот на
директори не смеат:
1.за своја или за туѓа сметка да вршат работи коишто спаѓаат во предметот на работење на
друштвото;
2.да вршат друга дејност или активност во друго друштво со ист или сличен предмет на
работењето;
3.да биде член на орган на управување или член на надзорен одбор во друго друштво;
4.во просториите на друштвото да врши работа за своја или туѓа сметка.
Двостепен систем на управување е систем на германското право.
Управниот одбор има најмалку 3, а најмногу 11 члена. По исклучок, во друштвата коишто
имаат основна главнина помала од 150.000 евра, наместо управен одбор може да биде избран
управител со сите права и обврски што ги има управниот одбор.
Надзорниот одбор може да го разреши претседателот на управниот одбор во кое било време и да
именува нов претседател.
Претседателот на управниот одбор ги свикува состаноците и претседава со нив и е одговорен за
водењето на записникот од состаноците и за организацијата на други форми преку коишто
управниот одбор работи и одлучува. Членовите на управниот одбор коишто го застапуваат
друштвото можат да го носат називот генерален директор или друг назив.
Надзорниот одбор може да врши увид и да ги проверува книгите и документите на друштвото,
како и имотот и хартиите од вредност.

26.Собрание на акционерско друштво?


Улогата на собранието на акционерското друштво зазема многу значајно место во осигурувањето
на правата и заштитата на интересите на сите акционери, без разлика на обемот на акциите што
ги поседуваат.
На секој акционер запишан во акционерската книга, од денот на уписот, му припаѓа право на
учество во работата на собранието и право на глас, освен ако не е со закон поинаку определено.
Собранието одлучува само за прашањата изречно определени со законот и со статутот, а
особено:
1.за измена на статутот;
2.одобрување на годишната сметка, на финансиските извештаи и на годишниот извештај за
работата на друштвото од претходната деловна година;
3.избор и отповикување на членовите на одборот на директори и членовите на надзорниот
одбор;
4.одобрување на работата и на водењето со друштвото;
5.издавање акции и други хартии од вредност;
6.зголемување или намалување на основната главнина;
7.назначување овластен ревизор за ревизија;
8.престанување на друштвото.
Собранието избира претседавач со седницата, записничар и двајца акционери-заверувачи на
записникот. Собранието не може да одлучува за прашања од областа на управувањето.

14

Document shared on www.docsity.com


Годишното собрание го свикува органот на управување најдоцна 3 месеци по составувањето на
годишната сметка, финансиските извештаи и на годишниот извештај за работата на друштвото
во претходната година, а не подоцна од 6 месеци од завршувањето на календарската година.
На годишното собрание:
• Се разгледуваат и усвојуваат годишна сметка, финансиски извештаи и годишниот
извештај во претходната година;
• Се одлучува за употребата на чистата добивка или за покривање на загубата;
• Се одобрува работата на членовите на органот на управување и на надзорниот одбор.
Органот на управување или надзорниот одбор можат со мнозинство гласови од своите членови
по своја иницијатива или по барање на акционер да донесат одлука за свикување собрание.
Органот на управување во рок од 8 дена од денот на приемот на барањето, донесува одлука за
прифаќање или одбивање на барањето. Собранието може да биде свикано со покана или со
објавување јавен повик до акционерите.
Собранието може да работи ако на седницата присуствуваат верифицирани учесници на
собранието кои поседуваат најмалку мнозинство од вкупниот број на акциите со право на глас.
Правото на глас се стекнува со целосна уплата на паричен влог, односно со целосно внесување
непаричен влог. Одлуката на собранието е ништовна, ако:
1)одлуката е донесена на собрание што не е свикано во согласност со закон
2)собранието не ја донело одлуката на начин и облик определен со закон
3)одлучувало за прашање што не е во негова надлежност
4)одлуката не е ставена во записник
5)ја одобрило годишната сметка на којашто не е извршена ревизија

27.Престанок на АД?
Акционерското друштво престанува со:
1.истекот на времето определено со статутот;
2.одлука на собранието за престанување на друштвото донесена со мнозинство на гласови;
3.правосилна судска одлука, ако се утврди ништовност на друштвото;
4.присоединување, со спојување или со поделба;
5.со стечај.
Намерата за бришење на друштвото од трговскиот регистар се објавува. Секое лице кое има
правен интерес може да поднесе приговор, најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавувањето
на намерата за бришење на друштвото.
Друштвото престанува без спроведување на ликвидација, освен ако се покаже дека друштвото
има имот којшто треба да се подели и побарувања коишто мора да се намират.

28.Статусни белези на друштвото?


1.Дејноста на друштвото –предмет на работење е битен елемент на поимот друштво, бидејќи
друштвото се основа заради вршење на определена дејност. Дејноста на друштвото се утврдува
со изјавата за основање, односно со договорот за друштвото или со одлука донесена од нив и се
запишува во трговскиот регистар.
2.Седиштето на друштвото –е местото и адресата кои се утврдени со изјавата за основање.
Друштвото може да има само едно седиште и истото се запишува во трговскиот регистар.
Доколку вршењето на дејноста и органите на управување се наоѓаат на друго место, а не на
местото на упишаното седиште во трговскиот регистар, за вистинско седиште на друштвото се
смета она кое е упишано во трговскиот регистар.
3.Фирма на друштвото –Тоа е име на друштвото и тоа е највпечатлив елемент што овозможува
друштвата меѓу себе да се разликуваат.
15

Document shared on www.docsity.com


Основните елементи што може да ги содржи фирмата, според законот, можеме да ги поделиме
на облигаторни и факултативни. Облигаторни делови на фирмата се: дејноста на друштвото,
името на друштвото, седиштето и др. Факултативни делови на фирмата се: цртежи, слики и сл.
4.Упис на друштвото –за конечно утврдување на правниот субјективитет на друштвото од
посебно значење е нивниот упис во трговскиот регистар. Од денот на запишувањето на
друштвото во трговскиот регистар, друштвото се здобива со својство на правно лице.
Сите запишувања во трговскиот регистар немаат исто значење па се делат на три групи:
1.конечни уписи –се такви уписи кои произведуваат соодветни правни дејства се додека не бидат
бришани од регистарот. Таков упис е основањето на друштвото.
2.условни уписи –се такви уписи кои можат да бидат оспорени во определен рок или кои важат
на определено време.
3.информативни уписи –служат за известување на трети лица.

29.Застапување на друштво (прокура, трговски полномошник,


трговски патник)?
1.Прокура –е посебен вид трговско полномошно, чија особеност се состои пред се во тоа што
се создава на посебен начин и обем, по правило определен со законот, а не со договорот меѓу
друштвото и полномошникот.
Прокура може да даде само правно и физичко лице кое според законот се смета дека е трговец.
Прокурата се дава на начин утврден со изјавата за основање, договорот односно статутот во
писмена форма.
Прокурата може да се даде на секое полнолетно и деловно способно физичко лице, без разлика
на работите и должностите што ги врши. Таа не може да се даде на правно лице.
Прокурата не може да се пренесува на друг. Таа може да се отповика во секое време, без оглед
на правниот однос врз основа на кој е дадена.
Законот за трговските друштва содржи одредба во поглед на обемот на овластувањата на
прокурата и тоа:
Прво, прокурата овластува за склучување на договори и за вршење на работи и дејствува во
врска со работење на друштвата;
Второ, прокурата не содржи овластувања за склучување на договори што се однесуваат на
отуѓувањето на недвижни предмети;
Трето, овластувањата од прокурата не може да се ограничат и не може да се даде само на
определено време и да се врзе со определени услови.
Прокурата може да биде поединечна и заедничка.
Поединечна –може да се даде на едно лице или на повеќе лица. Секој прокурист е овластен
посебно и поединечно да настапува во името и за сметка на друштвото.
Заедничка –се дава на две лица или повеќе лица заедно. Правните работи и дејствија се
полноважни само ако постои согласна изјава на волјата на сите прокуристи.
2.Трговски полномошник –е вработено лице во друштвото или друго лице, кое за награда,
законските застапници на друштвото го овластиле да води цело или дел од друштвото во
рамките на даденото полномошно. Овластувањата што ги има трговскиот полномошник ги
опфаќа сите работи и правни дејствија кои се поврзани со предметот на работење на друштвото.
Полномошникот без посебно овластување не може да отуѓи или оптовари недвижен имот на
друштвото, да земе заем и др.
3.Трговски патник –Друштвото може на лице кое е вработено кај него или на друго лице да му
даде полномошно како на трговски патник. Тој е овластен во име и за сметка на трговецот
да склучува договори за продажба на негова стока, да ја испорачува стоката, да ја наплаќа
цената
да презема други дејствија за заштита на правата на трговецот, кои произлегуваат од договорот
16

Document shared on www.docsity.com


што го склучил во негово име и за негова сметка.
30.Подружници?
Трговските друштва заради вршење на своите дејности надвор од своето седиште можат да
основаат подружници.
Подружницата мора да биде двојно запишана во трговскиот регистар според Законот за трговски
друштва и тоа:
Прво –во местото каде што е седиштето на нејзиниот основач.
Второ –според местото на седиштето на подружницата.
Таа е организационо и стопански поврзана со основачот и работи според неговите упатства.
Подружницата нема својство на правно лице, но таа може да има релативно голема
самостојност.
Дејноста на подружницата може да се утврди на два начина:
1.Дејноста на подружницата во рамките на предметот на работењето на друштвото се утврдува
со
договорот на друштвото за ЈТД и КДА; со изјава за основање на ДОО и со статутот на АД.
2.Дејноста на подружницата во рамките на предметот на работењето на трговското друштво се
утврдува со одлуката донесена врз основа на основните акти на друштвото.
Седиштето на подружницата по правило е надвор од седиштето на друштвото што ја основало,
но
може да биде и неодвоиво.
Подружницата е врзана за друштвото што ја основало и без него не може да постои, особено
поради:
• Ако се оттуѓи друштвото, автоматски се оттуѓува и подружницата;
• Уписот на подружницата во трговскиот регистар е условено од претходниот упис на
друштвото;
• Подружницата работи и настапува во правниот промет по трговската фирма на
друштвото;

31.Стопанска интересна заедница?


Две или повеќе физички лица можат меѓу себе за неопределено време или определено време да
основаат стопанска интересна заедница со цел да го олеснат, подобрат и унапредат вршењето на
трговските дејности што се предмет на нивното работење и да го зголемат или подобрат нивниот
резултат.
Стопанската интересна заедница не може да остварува и дели добивка. Таа е непрофитна
асоцијација и се основа за да дејствува на подобрување на резултатите на работењето на своите
членови. Таа е правно лице кое го стекнува тоа својство со денот на уписот во трговскиот
регистар.
Членовите на стопанската интересна заедница за обврските на заедницата одговараат солидарно
со сиот свој имот.
Заедницата престанува со:
1.истекот на времето за кое е основана;
2.остварување или гасење на нејзиниот предмет;
3.одлука на нејзини членови;
4.правосилна судска одлука.

32.Поврзување на друштва (поврзани друштва)?

17

Document shared on www.docsity.com


Трговските друштва во правниот промет настапуваат самостојно. Меѓутоа, во текот на
работењето
се наметнува потребата од нивно поврзување во најразлични организациони
облици, заради нивни заеднички настап во правниот промет. Во науката и практиката
поврзаноста
на трговските друштва се познати како: картели, трустови, холдинзи и др.
Со групирањето на трговските друштва можат да се постигнат разни цели, како на пример,
даночни предности, диктирање на услови на пазар и сл.
Според нашиот Закон, поврзани друштва се правно самостојни друштва кои се поврзуваат и кои
воспоставуваат меѓусебни односи како:
1.Учество на едно во друго друштво –друштво коешто во друго друштво стекнало удел или
акции коишто во основната главнина на другото друштво се претставени најмалку со 10%, но
не
повеќе од 20%.
2.Друштво со значајно учество –друштво коешто во друго друштво стекнало удел или акции
коишто во основната главнина на другото друштво се претставени со повеќе од 20%, но не
повеќе од 50% од основната главнина на друштвото.
3.Друштво со мнозинско учество –друштвото коешто во друго друштво стекнало удел, акции
коишто во основната главнина на другото друштво се претставени со повеќе од 50%.
4.Зависно друштво –се подразбира самостојно друштво, над кое друго друштво има
непосредно или посредно преовладувачко влијание.
5.Владејачко друштво –се подразбира друштво во кое друго друштво има мнозинско учество
или мнозинско право во одлучувањето и се смета дека е владејачко друштво. Како
најраспространет облик на владејачко друштво се смета холдингот.
Холдинг –се подразбира трговско друштво кое го има во сопственост мнозинскиот удел во друго
правно самостојно друштво и кое има за цел под каква било форма да учествува во други
друштва во нивното управување. Холдинг друштвото по правило се организира како акционерско
друштво, бидејќи има за единствен предмет на работа управување и располагање со една
количина на хартии од вредност.
Во практиката на работењето холдинг друштвата можат да се јават како:
• Чист холдинг –е претпријатие кое се занимава со основање, финансирање и управување,
но не и обавување на индустриска и трговска дејност;
• Мешовит холдинг –е оној холдинг што се занимава со некоја стопанска дејност, како и
со основање, финансирање и управување.
Според критериумот управување, разликуваме два вида на холдинг:
• Контролен холдинг –постои врз основа на учество во други друштва и управување со
нив;
• Холдинг за пласман –не управува со други друштва врз основа на стечено учество, туку
ги чува хартиите на друштвото за да ги пласира на пазар во најповолен момент.
Во нашето право холдингот може да се јави во два облика:
А.фактички холдинг и Б.договорен облик
• Фактички холдинг –е оној во кој не постои посебен договор меѓу друштвото контролор
и зависното друштво кој овој холдинг ја остварува врз основа на економска потреба;
• Договорен холдинг –постои договор меѓу холдинг друштвото и зависните друштва.

33.Поим за странско трговско друштво?


Под странско трговско друштво се смета секое друштво основано според правото на земјата во
која го има регистрирано седиштето надвор од територијата на Република Македонија.

18

Document shared on www.docsity.com


Странски трговец –поединец е секое физичко лице на кое тоа својство му е признато надвор од
територијата на РМ во земјата чиј државјанин е, во која го има регистрирано седиштето и во
која го води работењето на претпријатието.
Според одредбите на Законот за трговските друштва секое физичко лице се смета за трговец, ако
ги исполнува условите и тоа:
1)според правото на странската држава признато му е својството на трговец-поединец;
2)ако трговецот-поединец во странската земја го регистрирал седиштето на трговското работење.
Во РМ, странското трговско друштво и странски трговец-поединец во нивната работа се
изедначени со домашните правни и физички лица.

Странското друштво во РМ работи според законите на РМ. Тие не можат да вршат дејност на
подрачјето на РМ се додека не основаат подружница.
Подружницата е деловна единица на претпријатието одвоено од неговото седиште со определена
самостојност во вршење на својата дејност.
Странското друштво, односно странскиот трговец-поединец може да основа подружница во РМ
само ако е запишано во регистарот на државата во кое има седиште најмалку две години.
Подружницата престанува:
1)кога ќе престане странското друштво да врши дејност;
2)со одлука на друштвото;
3)со одлука на регистарскиот суд или кога тоа ќе го одлучи надлежен државен орган.

34.Преобразба на трговско друштво?


Секое трговско друштво може врз основа на одлуката на содружниците, односно акционерите
донесена на начин и под услови определени со закон, договорот за друштвото, односно статутот
да ја преобразби формата на друштвото и да продолжи да работи во формата во којашто
друштвото се преобразило.
Преобразба на друштво од една во друга форма на друштво се врши врз основа на одлука за
преобразба од една во друга форма на друштво.
Одлуката за преобразба ја донесува собирот на содружниците, односно Собранието со
мнозинство на гласови коешто не може да изнесува под 2/3 од сите претставени удели, односно
акции со право на глас.
Одлуката за преобразба на јавно друштво, односно командитно друштво во друга форма на
друштво се врши со согласност на сите акционери.
Друштвото може да се преобрази од една во друга форма под следните услови:
• По донесувањето на одлуката за преобразба да им се овозможи на сите содружници,
односно акционери да се изјаснат дали сакаат со нивниот удел, односно со нивните
акции да учествуваат со уделот, акциите во формата на друштвото што ќе настане со
преобразбата;
• Во преобразената форма на друштвото, содружникот, односно акционерот да учествува
со уделот, односно акциите сразмерно на номиналната вредност на неговиот удел, во
основната главнина на друштвото што се преобразило;
• Содружникот да може самостојно да одлучи за големината на неговото учество со удел
во формата на друштво којашто ќе настане со преобразбата;
• Во друштвото што ќе настане со преобразбата да учествуваат содружници, односно
акционери чиешто учество на нивните номинални удели да изнесува најмалку 2/3 од
основната главнина на друштвото што настанува со преобразбата.
Преобразбата од една во друга форма се запишува во трговскиот регистар. По донесувањето на
одлуката за преобразба се поднесува пријава за упис во трговскиот регистар. Пријавата ја
потпишуваат сите членови на органот на управување, управителот и сл.
19

Document shared on www.docsity.com


35.Присоединување на друштва?
Едно или повеќе друштва може да се присоединуваат (друштво што се присоединува) кон друго
друштво (друштво што презема) со пренос на целокупниот имот и на обврските на друштвото
коешто се присоединува без да се спроведе негова ликвидација, во замена за удели, односно за
акции од друштво што презема.

Едно друштво може преку поделба истовремено да го пренесе сиот имот и обврските на две или
повеќе новоосновани друштва при што друштвото што се дели престанува.
Содружниците односно акционерите примаат удели или акции од друштвата што ги преземаат,
односно од новооснованите друштва –корисници, и по потреба, разлика од пари чијшто износ не
надминува 10% од номиналниот износ на примените удели, односно акции.
Одлука за присоединување, спојување или поделба донесуваат содружниците, собирот на
содружници, односно собранието на секое друштво што учествува во присоединувањето, во
спојувањето и во поделбата, според условите и начинот предвидени со законот за измена на
договорот за друштвото, односно статутот.
Ако како последица од присоединувањето, спојувањето и поделбата се зголемат обврските на
содружниците на едно или на повеќе друштва, одлуката за присоединување, спојување или
поделба се донесува во согласност на сите содружници, односно акционери.
Претседателот на одборот на директори, односно претседателот на управниот одбор, најдоцна во
рок од 8 дена од денот на уписот на присоединување на друго друштво кон акционерско
друштво, односно спојување или на поделба на акционерско друштво, го известува Централниот
депозитар за хартии од вредност за извршената статусна промена и дава налог за промените
коишто треба да бидат извршени во акционерската книга, односно за отворање нова акционерска
книга.
На содружник, односно акционер кој се изјаснил дека не сака за неговиот удел, односно акции
да преземе удел, акции во друштвото што презема, во ново друштво-корисник коешто настанало
со спојување, друштвото е должно да му го откупи уделот, односно акциите според цена
утврдена во одлуката за присоединување.
Правните последици од присоединувањето настапуваат истовремено од денот на објавувањето на
уписот во трговскиот регистар на тоа присоединување.

36.Поим за голема зделка?


За голема зделка се смета зделка или меѓусебно поврзани зделки, доколку таквата зделка или
зделки се однесуваат на стекнување или на отуѓување на имот на друштвото чијашто вредност
изнесува 20% од книговодствената вредност на имотот на друштвото определена врз основа на
последните финансиски извештаи.
Големи зделки не претставуваат зделки извршени во текот на редовното работење на друштвото,
зделки поврзани со стекнување преку запишување обични акции на друштвото и зделки
поврзани со стекнување на ковертабилни обврзници.
Во случај на отуѓување или на создавање можност за отуѓување имот, вредноста на овој имот
којашто е утврдена врз основа на последните ревидирани финансиски извештаи и во случај на
стекнување имот, цената на имотот што се купува се споредува со книговодствената вредност на
имотот на друштвото.
Кога во согласност со законот, собранието донесува одлука за одобрување голема зделка,
одлуката ја донесува врз основа на проценетата вредност на имотот што се стекнува или
отуѓува, определена од одборот на директорите, надзорниот одбор или собранието.
20

Document shared on www.docsity.com


Одлуката за одобрување на секоја голема зделка којашто се однесува на имот чијашто вредност е
проценета над 20% до 50% од книговодствената вредност на имотот на друштвото, се донесува
со согласност на сите членови на одборот на директори, односно на надзорниот одбор.
Одлуката, собранието ја донесува со мнозинство гласови коешто не може да изнесува помалку
од мнозинството од претставените акции на собранието со право на глас, освен ако со статутот
не е определено поголемо мнозинство, додека ако имотот е над 50%, се донесува со мнозинство
гласови коешто не може да изнесува под 2/3 од акциите со право на глас.
За зделка со заинтересирана страна, се доколку како заинтересирана страна се јавува член на
орган на управување, надзорен одбор или управител, кој заедно со поврзаните лица поседуваат
20% од акциите со право на глас.
Се смета дека лицето е заинтересирана страна и има интерес во извршувањето на зделката од
страна на друштвото, доколку тоа лице, негов застапник, сопружник, родител, посвоеник и
друго лице поврзано со нив:
1.е страна во таквата зделка;
2.е член на орган на управување, надзор или нејзин корисник;
3.ако е така определено со статут.

37.Ликвидација на трговско друштво?


Ликвидацијата на трговските друштва е комплексен правен институт.
По престанокот на трговското друштво над кое не била спроведена стечајна постапка се
спроведува ликвидација. Престанокот на трговското друштво сам по себе не доведува до
престанување на правниот субјективитет на друштвото, туку само до запирање на активната
трговска дејност, затоа се спроведува постапка за ликвидирање на настанатите правни односи.
Само после спроведената постапка за ликвидација престанува правниот субјективитет на
друштвото. Според тоа, ликвидацијата се јавува како правна последица од престанокот на
друштвото.
Престанокот на друштвото настанува врз основа на одлука на содружниците или надлежниот
државен орган.
Истотака, во сите случаи на престанок на друштвото не се спроведува ликвидација. Таков е
случајот при спојување, припојување или поделба на друштвото и преобразба на друштвото од
една форма во друга.
Ликвидацијата на јавното трговско друштво ја спроведуваат сите содружници, како ликвидатори,
а на командитното друштво сите комплементари, додека на друштвото со ограничена
одговорност и на акционерското друштво ја спроведуваат членовите на органот на управување,
во својство на ликвидатори.
Целта при ликвидација на друштвото во прв ред е заштита на самите содружници, за разлика од
стечајот каде целта е да се заштитат интересите на доверителите.
Ликвидаторот го застапува друштвото. Тој е должен да ги доврши задачите што се во тек, да ги
наплати побарувањата на друштвото, да го впаричи другиот имот и да ги намири обврските
спрема доверителите. Доколку тоа го бара ликвидацијата, тој може да склучува и нови зделки.
Ликвидаторот по уписот во трговскиот регистар, без одлагања, два пати во интервал не покус од
15 дена, а не подолг од 30 дена, објавува дека друштвото е во ликвидација. Објавата се врши
во Службен весник на РМ. Со објавата се повикуваат доверителите да ги пријават своите
побарувања во рок од 60 дена од денот на последната објава. Познатите доверители се
известуваат поединечно и во писмена форма за ликвидација.
Содружниците, собирот на содружници и собранието на друштвото одлучуваат за почетниот
биланс, за годишните сметки и извештајот за работењето на друштвото, за одобрување на
работата на ликвидаторот. Ликвидаторот составува и биланс за почетокот на ликвидацијата и
извештај во кој го објаснува билансот, како и годишни сметки на крајот од секоја година.
21

Document shared on www.docsity.com


Имотот што останува по намирување на обврските спрема доверителите се распределува меѓу
содружници, односно акционерите. Имотот на друштвото може да се распредели по истекот на 6
месеци од денот кога било извршено второто објавување на повикот на доверителите.

38.Поим за стечај?
Стечајот е еден од начините на престанок на трговските друштва. Со Законот за стечај, уредени
се целите и причините за отворање на стечајната постапка, начинот на водење, правните
последици, управување и располагање со имотот што влегува во стечајната маса и сл.
Основна цел на стечајниот е да овозможи колективно намирување на доверителите на стечајниот
должник преку ликвидација на неговиот имот и распределба на остварените средства на
доверителите или преку склучување на посебен договор за порамнување на побарувањата
утврдени во стечајниот план што е насочен кон натамошното одредување на претпријатието како
должник.
Според Законот за стечај, стечајната постапка може да се отвори само ако се утврди постоење
на:
Прво –неспособност за плаќање на должникот. Тоа настанува ако должникот не може да ги
исплати своите побарувања во рок од 60 дена од денот на нивното пристигнување.
Второ –неизбежна неспособност за плаќање, ако должникот ја стори веројатна неможноста да
ги исплати своите постојни парични обврски на денот на нивното пристигнување.
Трето –презадолженост на должникот, кога имотот на должникот не ги покрива обврските,
односно пасивата ја надминува неговата актива.
Стечајот претставува посебна судска постапка која се спроведува над имотот на должникот, а
при тоа ја спроведуваат судски органи. Решението за отворање на стечајна постапка се доставува
до предлагачот, должникот, доверителот, банките и до јавното обвинителство.
Како органи на стечајната постапка се:
• Стечајниот совет –кој е составен од тројца судии, од кои еден е претседател на советот.
Овој совет е надлежен да одлучува за поведување претходна постапка, за утврдување од
постоењето причини за стечај и за спроведување на таа постапка, одобрува исплата на
доверителите итн.
• Стечаен судија –е судија поединец.Тој е надлежен по сите прашања во врска со
спроведувањето на стечајната постапка.
• Стечаен управник –го определува стечајниот совет со решение за отворање на
стечајната постапка. Негови основни обврски се: да ја ажурира книговодствената
евиденција до денот на отворање на стечајната постапка, да состави пресметка на
трошоците на стечајната постапка, како и да спречи настанување на штета на средствата
на должникот и сл.
• Одбор на доверители –се основа за заштита на доверителите во стечајната постапка.
Одборот мора да биде непарен. Овој одбор ги разгледува извештаите од стечајниот
управник за текот на стечајната постапка и сл.
• Собрание на доверители –учествуваат сите доверители со право на одвоено
намирување, сите стечајни доверители, стечајниот управник и должникот.

22

Document shared on www.docsity.com


39.Како се поведува стечајна постапка и какви видови доверители
постојат?
Стечјаната постапка се поведува по предлог на овластено лице, а како овластени лица се
доверителот и должникот. Доверителот е овластен да поднесе предлог за отворање на стечајна
постапка ако го направи веројатно постоењето на своето побарување на некоја од причините
потребни за отворање на стечајна постапка, додека должникот тоа може да го направи ако е
веројатна неможноста да ги исплати своите постојани парични обврски на денот на нивното
втасување.
Предлог за отворање стечајна постапка над имотот на должникот –правно лице, поради
неспособноста за плаќање во име на должникот може да понесе секој член на одборот на
директори, управниот одбор и секој ликвидатор.

Стечајниот совет донесува решение за отворање на стечајна постапка или за одбивање на


предлогот, по изјаснувањето на должникот по одржаното рочиште.
Доверителите за отворањето на стечајната постапка се известуваат преку оглас кој се објавува во
Службен весник на РМ и на огласна табла на судот.
Трговското друштво што е во стечај, формира стечајна маса. Стечајната маса го опфаќа
целокупниот имот на должникот на денот на отворањето на стечајната постапка.
Постојат четири вида на доверители и тоа:
1.Излачни доверители –се лица кои врз основа на некое свое стварно или лично право можат
да докажат дека некој предмет не спаѓа во стечајната маса;
2.Различни доверители –се лица кои имаат заложно право односно право што е запишано во
јавни книги;
3.Доверители на стечајната маса –се лица кои имаат право од стечајната маса да ги намират
трошоците на стечајната постапка пред намирувањето на побарувањата што ги имаат стечајните
доверители;
4.Стечајни доверители –се лица кои на денот на отворањето на стечајната постапка имаат
некое имотно-правно побарување од должникот.

40.Кои се правните последици од стечајна постапка?


Правните последици од отворањето на стечајната постапка започнуваат да дејствуваат еднаш
кога на огласната табла на судот е истакнат огласот дека е отворена стечајна постапка, тие
правни последици можат да бидат различни и тоа:
• Правото на должникот да управува и да располага со имотот што влегува во стечајната
маса преминува на стечајниот управник;
• Доверителите не можат во извршна постапка да ги намируваат своите побарувања;
• Престанокот на договорите за работа меѓу должникот и неговите работници под услови
утврдени со закон, раскинување на менаџерските договори;
• Се формира стечајна маса во која влегува целиот имот на должникот;
• Гасне сметката на должникот и овластувањата на лицата, а стечајниот управител отвора
нова сметка;
• Во фирмата или името на должникот се додава ознака „во стечај“.

41.Разлика помеѓу трговско застапување и договор за комисион?


Основната разлика според која се разликува договорот за комисион од договорот за посредување
и трговско застапување е во тоа што комисионерот работи од свое име.

23

Document shared on www.docsity.com


Предметот на договорот е ист како што е кај трговското застапување –склучување на договор за
комитентот, но комисионерот го реализира овој предмет на договорот од свое име, а за сметка
на комитентот. Трговскиот застапник работи во има и за сметка на комитентот, и со склучување
на договорот со трето лице директно го обврзува комитентот. Меѓутоа, комисионерот работи од
свое име и тој непосредно станува страна – должник или доверител во договорот кој го склучил
за сметка на комитентот.

42.Видови меници?
Постојат повеќе видови меници, од кои основни се:
1.Трасирана (влечена) меница –е таква меница кај која нејзиниот издавач (трасант) му дава
налог на друго лице (трасат) во времето на втасаноста на меницата да му ја исплати на трето
лице сумата што е наведена во меницата. Лицето што ја издава меницата се вика трасант,
лицето што треба да ја исплати меницата се вика трасат, а лицето во чија корист меницата се
издава се вика ремитент.
2.Сопствена (соло) меница –е онаа меница кај која нејзиниот издавач се обврзува дека тој во
времето на втасаноста на меницата ќе му исплати на трето лице (ремитент), или по наредба на
трето лице, сума што е означена во меницата.
Покрај овие како други видови на меница се сметаат:
3.Бланко меница –е идна меница, која се карактеризира со тоа што ги нема сите суштествени
елементи, а тие можат и подоцна да се внесат во меницата. Бланко –меницата е хартија од
вредност која подоцна се исполнува по барање на странките и потоа станува меница. Како
нејзини суштествени елементи се сметаат меничната сума и означувањето на втасаноста.
Најчесто се употребува како средство за осигурување на обврските на корисникот на кредитот.
4.Стоковна меница –е меница која произлегува од купопродажба на стока по пат на кредит.
Купувачот на продавачот му потпишува меница која служи како осигурување дека земениот
кредит од страна на купувачот ќе му биде вратен на продавачот.
5.Деловна меница –претставува поширок поим од стоковната меница. Деловната меница му ја
издава корисникот на услугите на изведувачот на работите за извршените услуги на
кредит.Деловната меница може да се есконтира. Есконт значи купување на определени
побарувања пред нивната втасаност. Есконт, всушност значи одбивање на каматата на се уште
невтасани побарувања при купување меница.
6.Кредитна меница –постои кога лице што бара кредит дава сопствена акцептна бланко
меница. Трасантот на ваквата меница е гарант за исплатата на кредитот, не му издава на ова
лице наредба, туку ова лице однапред признава дека трасантот има покритие кај акцептантот.
7.Домицилирана меница –е таква меница каде местото на плаќањето не е исто со местото на
постојаното живеење на трасатот. Трасираната меница може да биде платива кај некое трето
лице, било во местото во кое трасатот живее било во некое друго место.
Според најшироко гледиште, меницата е домицилирана во следните случаи:
-кога во меницата е назначено дека ќе ја исплати некое трето лице, а не трасатот;
-кога во меницата е назначено дека ќе се исплати на друго место, а не во местото што е
назначено во меницата како место на трасатовото престојување.
8.Цилкуларна меница –е таква меница која може да се пушта и понатаму во промет, односно
да се пренесува или цилкулира. Тоа е случај кога застапник на некое претпријатие треба да
плаќа во странство. Тој наместо да земе готови пари, зема повеќе меници на определени суми
кои се акцептирани од НБРМ.
24

Document shared on www.docsity.com


9.Трасирана (влечена) меница по сопствена наредба –тоа е таква меница во која трасантот му
дава налог на трасатот нему самиот или по негова наредба, а не на некое трето лице, да ја
исплати втасаната меница.
10.Сопствена (влечна) меница –тоа е таква меница каде нејзиниот издавач ветува дека сам на
себе или по своја наредба ќе ја плати меничната сума по втасаноста на меницата.

43.Понуда за склучување на договор?


Понудата претставува еднострана изјава на волја –предлог упатена на определено лице со цел да
се склучи договор. Оваа изјава на волја мора да биде упатена на одредено лице или на поголем
број одредени лица, мора да ги содржи битните елементи за склучување на предложениот
договор, да биде доволно одредена, сериозна и сторена со намера да се склучи договор.
Согласно чл. 24 од ЗОО, понудата мора да ги содржи битните елементи на договорот. Битни
елементи се оние без кои договорот не може ни да постои, такви се предметот и цената кај
договорот за купопродажба. Понудата за склучување на договор е конечен предлог на едно лице
сторено на друго лице да склучат договор. Ваквата понуда станува договор само со прифатот на
понудениот.
Понудата може да биде дадена на разни начини, усно, писмено, молкум и сл.
Во непосредни начини на ставање на понуда –спаѓаат сите оние изречни изјави на волја сторени
усно, писмено, како и со сите други средства со кои би можело да се изрази намерата за
склучување на договор (телепринтер, автомат и сл).
Во посредни начини на ставање на понуда –спаѓаат оние изјави на волја каде што на посреден
начин може да се заклучи дека постои таквата волја.
Според чл.28,(ЗОО) понудата се смета за отповикана кога изјавата за нејзиното отповикување
пристигне пред понудата или во исто време кога и понудата. Понудата дејствува од моментот
кога дошла кај понудениот. Доколку таа по пат се уништи, не настанува никаква обврска.
Истотака,според чл.29, (ЗОО) доколку понудувачот одредил рок за прифаќање на понудата е
врзан со таа понуда до истекот на тој рок. Ако понудувачот во писмо определил рок за
прифаќање, тој рок почнува да тече од датумот означен во писмото, односно кога писмото е
предадено во пошта.Кај договорите меѓу присутни странки, понудената страна мора веднаш да
се изјасни за понудата. Изјава за прифаќање на понудата која ќе стигне по истекот на рокот за
кој понудувачот е врзан со понудата било тој рок да го одредил тој лично или не, не го обврзува
понудувачот.

44.Небитни (факултативни) менични елементи?


Внесувањето на небитните менични елементи во меницата имаат цел меницата да добие уште
некое правно дејство или да измени некое од нејзините правни дејства. Овие елементи се
нарекуваат небитни затоа што од нив не зависи полноважноста на меницата. Во редот на
небитни елементи спаѓаат: означувањето и потписот на некои 1. Факултативни лица и 2.
Менични клаузули.
-Факултативни лица:
1.Индосант –е лице што ја пренесува меницата. Прв индосант е ремитентот, а подоцнежен
индосант е секој имател на меницата кој со посебна самостојна менична изјава (индосамент) ја
пренесува меницата на некое друго лице.
2.Индосатор –е лице на кое се пренесува меницата.
25

Document shared on www.docsity.com


3.Авалист (гарант) –е лице што гарантира за еден од меничните должници дека ќе ја исполни
меничната обврска. Авалист може да биде секое менично-правно способно лице.
4.Домицилијат –е лице означено на меницата дека е замолено да врши улога на благајник, но
како посредник на странките, а не како полномошник.
5.Акцептант –е лице што ја прима меничната обврска со изјава за нејзиното прифаќање,
ставена на меничното писмо.
6.Интервенти –се т.н. „резервирани лица“ кои се означуваат во меницата, зашто постои
можност трасантот да не ја акцептира меницата и во тој случај сите штетни последици ги
понесува трасантот.
7.Инструментални сведоци –се лица кои на меничното писмо потврдуваат дека меничната
обврска ја презело лице што со прост потпис не може да се обврзе, поради природни
недостатоци.
8.Полномошник –секое лице во меницата може да овласти друго лице, како негов
полномошник да изврши определено менично дејство (пример, да ја плати меницата, да ја
потпише).
9.Мултипликатор – е лице што дава менична изјава на умножениот примерок од меницата.
10.Копист –е лице што пуштило во промет препис на меницата, гарантирајќи дека на
доносителот на преписот ќе му го предаде меничниот оригинал.

-Менични клаузули:
1)Клаузула за менични примероци –се става кога трасираната меница се издава во два или
повеќе исти примероци.
2)Клаузула за монета –оваа е важна за меѓународниот меничен промет. Со помош на оваа
клаузула издавачот на меницата може да определи исплата на меничната сума да се изврши само
во определен вид пари.
3)Клаузула по наредба –со оваа клаузула се решава можноста за пренесување на меницата по
пат на индосамент.
4)Презентациона клаузула –меницата треба да се презентира на прием од трасатот, односно од
акцептантот.
5)Клаузула за извештај –обично се става како додаток на безусловниот налог да се плати
определена сума на меницата.
6)Клаузула „без трошоци“ –има за цел имателот на меницата да го ослободи од обврската за
покренување на меницата на протест со цел на тој начин да се избегнат трошоците поврзани со
покренување на протестот.
7)Клаузула за покритие –во меничното право, покритието е надомест што му припаѓа на
трасатот кога ќе ја исплати меницата.
8)Касаторна клаузула –со исплатата на еден од акцептираните примероци на меницата
престанува правната важност на останатите менични примероци.
9)Клаузула за камата –ако се стави оваа клаузула, тогаш на трасатот му се наложува да му ја
исплати на ремитентот не само меничната сума, туку и определена камата.
10)Клаузула за девизен курс
11)Акредитивна клаузула

45.Видови складишта?
Складилиштата овозможуваат во релативно подолг временски период да се оствари рамнотежа
меѓу понудата и побарувачката на определени производи на тој начин што кога има недостиг на
определена стока на пазарот, а ја има во складиштата, се пушта во промет.

26

Document shared on www.docsity.com


Во трговскиот промет, како складишни претпријатија има: царински складишта, слободни
царински сместувалишта, консигнациони складишта, а покрај нив, определена улога играат
слободните царински зони и слободните пристаништа.
1.Јавни складишта –Во правната теорија за основање на јавни складишта постојат три
системи: слободен/либерален; нормативен и систем на концесии.
▲ Според т.н. слободен систем- складишни претпријатија се основаат слободно, без
никакви посебни услови и секое складишно претпријатие има право да издава
складишница. Овој систем се применува во Англија, САД, Белгија и во други земји чие
законодавство е направено под влијание на правото на овие земји.
▲ Според т.н нормативен систем- во законите се определуваат условите што мора да
бидат исполнети при основањето на јавни складишта. Секое јавно складиште има право
да издава складишници. Ваквиот систем постои во Италија, Унгација и во нашата земја.
▲ Според системот на концесии- кој постои во Франција, Швајцарија, Австрија и во
нашата земја, е таков систем според кој за основање на јавни складишта се бара
одобрение од соодветни државни управни органи.
Јавните складишта се посебни претпријатија чија редовна дејност е сместување и чување на
стоката на оставачот. Секое јавно складиште располага со определен складиштен простор кој
мора да исполнува определени технички и санитарни услови за сместување и чување на стоката.
2.Царински складишта –Царински складишта се основаат само во местото каде што постојат
царинарници. Овие складишта, во поглед на меѓународниот трговски промет, имаат големо
значење, бидејќи во нив се чува увезена стока која се уште не е оцаринета.
Царинските складишта можат да бидат основани само со одобрение на надлежен царински
орган. Овие складишта се под постојана контрола на царинските органи, кои по правило имаат
своја просторија во самото складиште.
3.Царински сместувалишта –основаат претпријатија кои вршат дејност увоз-извос на стока со
посебно одобрение на царинските органи. Царинските сместувалишта се основаат за привремено
сместување на стоката која се уште не е оцаринета. Царинските сместувалишта ги основаат
надворешно-трговски претпријатија за сопствената стока што ја увезуваат или ја извезуваат.
Сопственикот на сместувалиштето мора да води уредна евиденција за внесувањето и
изнесувањето на стоката од сместувалиштето.
4.Консигнациони складишта –можат да отворат застапништва на странски фирми за
привремено сместување на неоцаринета увезена стока на странски фирми што се застапувани.
По правило, консигнационите складишта се основаат за држење на определена стока, како
чување на резервни делови за машини и сл. Стоката од консигнационото складиште се продава
на купувачи кои располагаат со девизни средства и во тој момент се врши оцаринување на
стоката.
Сопственикот на стоката обично бара од држателот на складиштето обезбедување на стоката кое
се дава во вид на гаранција од некоја банка.
5.Слодобни царински зони и слободни пристаништа –Под слободна царинска зона и
пристаниште се подразбира дел од македонското царинско подрачје на кое се применуваат
посебните царински олеснувања. Вакви зони можат да се основаат во пристаништата што се
отворени за меѓународен сообраќај. Прометот во тие пристаништа е слободен, без разлика од
каде стоката пристигнува и каде понатаму се испорачува. Овие зони и пристаништа
овозможуваат и извозниците стоката да ја упатуваат во овие зони пред нејзиното продавање и да
ја депонираат таму во очекување да пронајдат купувач во земјата на седиштето на зоната или во
некоја друга земја.
По нашите прописи, како основачи на слободните зони и пристаништа можат да бидат само
пристанишни претпријатија, претпријатија за пристанишни претоварни услуги и заедници на
пристанишните претпријатија.

27

Document shared on www.docsity.com


46.Акцептирање –прифаќање на меница?
Имателот на меницата може да му ја поднесе меницата на лице на кое му е упатен налог, за да
ја исплати меничната сума, односно трасатот да даде изјава дали сака да ја исплати меничната
сума. Тоа значи акцептирањето (акцепт) е изјава на некое лице, по правило трасатот на
меницата со која потврдува дека во целост или во дел прифаќа да ја исплати сумата означена во
меницата. Акцептирањето на сопствена меница не се практикува, бидејќи издавачот прима
обврска лично да ја исплати.
Како акцептант може да се јави, покрај трасатот, и секое друго лице, па и лице што меницата ја
потпишало во некое друго својство на пример како авалист, индосант и др.
Лицето што ќе ја акцептира меницата се нарекува акцептант. Акцептантот е главен меничен
должник. Имателот на меницата, за да ја исплати неа, мора првин да се обрати до акцептантот,
без разлика што за исплатата солидарно се одгворни сите потписници.
Се до моментот на давањето изјава за акцептирање, трасатот не е меничен должник, ниту може
да се натера да ја акцептира меницата, дури иако го прифатил покривањето. Од моментот кога ја
акцептирал меницата, тој станува меничен должник.
Меницата може да се поднесе на акцептирање се до втасаноста.
Меницата му се поднесува на акцептирање на трасатот во местото на неговото престојувалиште.
Таа се поднесува на акцептирање во работен ден, во деловната просторија на трасатот, односно
станот.
Акцептирањето на меницата може да биде и делумно. Имателот на меницата е должен да го
прифати делумниот акцепт. Вакво решение е прифатено поради заштита на интересите на
другите менични должници.
Кога меницата е издадена во повеќе примероци, акцепт се дава само на еден примерок. Лице кое
презентира на акцептирање еден примерок, е должно на другите примероци да го назначи името
на лицето кај кого се наоѓа примерокот.
Нашиот Закон за меница, детално го регулира акцептот, па така имателот на трасирана меница,
како и тој кој само ја држи меницата може се до пристигнувањето, истата да ја поднесе на
акцептирање на трасатот во местото на неговото живеење.
Трасатот може да забрани меницата да се поднесе на акцептирање, освен во случаите кога:
-трасираната меница е платива кај трето лице;
-трасираната меница е платива во место надвор од местото во кое живее или престојува
трасатот;
-трасираната меница е на одредено време по видување.
Акцептот се пишува на самата меница и се изразува со зборовите: „признавам“, „примена“ или
со друг збор со исто значење.
Акцептот не може да се условува, истиот е безусловен. Трасатот може да го ограничи акцептот
на дел од меничната сума. Секое друго отстапување содржано во акцептот, е еднакво на
одбивање на акцептот, но и покрај тоа акцептантот и понатаму е обврзан спрема содржината на
својот акцепт.
Со акцептот трасатот се обврзува меницата да ја плати до пристигнувањето. Доколку меницата
не биде платена, нејзиниот имател, па дури да е тоа самиот трасант, врз основа на неа има
право на тужба против акцептантот за сите права кои може да ги оствари врз основа на
меницата.

47.Права и обврски на комисионер и комитент?


Обврски на комисионерот се:

28

Document shared on www.docsity.com


А)Обврска да склучи договор со трето лице –во овој поглед, улогата на комисионерот се
разликува од улогата на трговскиот застапник. Неговата обврска опфаќа не само нивно
склучување, туку грижа за нивно исполнување.
Б)Да ги исполнува налозите на комитентот –Комисионерот како добар стручњак мора да се
придржува кон налогот на комитентот. Доколку налогот на комитентот е нејасен, тој не може
сам да го толкува налогот, туку мора да бара од комитентот посебно објаснување во врска со
дадениот налог. При извршување на налогот мора да се придружува кон принципите за
совесност и чесност.
Комисионерот е должен не само да ги извршува инструкциите што произлегуваат од главниот
налог, туку и налозите и упатствата што му ги дава комитентот во текот на извршувањето на
договорот. Затоа правната положба според содржината на налозите: лимитивни (императивни),
демонстративни и факултативни.
1.Лимитивен (императивен) налог –е оној со кој комитентот бара комисинерот стриктно да се
придружува кон сите битни точки од надлежната работа.
2.Индикативниот комисионен налог –се состои во тоа што комитентот ги определува условите
на правните работи кои комисинерот е должен да ги изврши. Меѓутоа, во самиот комисионен
налог му се дозволува на комисионерот на меѓународниот пазар и другите причини кои влијаат
врз извршувањето на дадениот налог.
3.Факултативен налог –комисионерот има целосна слобода во работењето.

В)Да ги заштитува интересите на комитентот –Оваа обврска на комитентот произлегува од


суштината на комисионата работа, бидејќи услугата на комисинерот е стручна, а се состои во
тоа што комисионерот на стручен начин треба да ги штити интересите на комитентот за чија
сметка работи.
Г)Обврска да се известува комитентот –Комисионерот истотака како и застапникот има
обврска да го известува комитентот за извршувањето на своите договорни обврски.
Д)Обврска за чување на стоката –При куповниот и продажниот комисион, по кој
комисионерот презел обврска да купи или продаде стока за сметка на комитентот, има
определени обврски да ја чува стоката која е наменета за трето лице или примена од трето лице.
Оваа обврска особено доаѓа до израз кај консигнациониот комисион.
Ѓ)Обврска за водење на соодветни книги –Комисионерот е должен да води соодветни
посебни книги. Во тие книги комисионерот мора да ги внесува сите потребни податоци за
стоката, условите за купување и др.
Е)Обврска за пресметка на комитентот –Од правната природа на договорот за комисион
произлегува обврската на комисионерот да го извести и да изврши пресметка со комитентот за
извршната работа со трето лице.

Обврски на комитентот:
1.Обврска на комитентот да плати провизија –Основна обврска на комитентот е плаќање
провизија по извршената работа од комисионерот. Комисионерот има право на провизија и
тогаш кога таа не е договорена. Висината на провизијата се определува од договорот со
проценти од вредноста на работата. Ако тоа не е определено со договорот, тогаш таа може да се
определува според извршената работа и постигнатите резултати.
2.Право на надомест на трошоци –Вообичаените трошоци на работење на комисионерот
влегуваат во договорната или во вообичаената провизија.
3.Право на залог и право на придржување –Комисионерот има заложно право со цел да
обезбеди провизија, надомест на трошоци и аконтација на комитентот, како и на другите
побарувања што произлегуваат од комисионерските налози.

29

Document shared on www.docsity.com


48.Видови менични начела?
Карактеристични менични начела што наоѓаат примена во менично правните работи се:
1.Начело на писменост (формалност) –Ова начело доаѓа до израз поради тоа што меницата е
строго формална исправа. Тоа значи дека меницата мора да се издаде во писмена, со закон
пропишана форма. Писмената форма е потребна и заради полесно докажување на постоењето на
менично-правните односи, како и поради непречено одвивање на менично-правниот промет. Таа
во ниту еден случај не смее да биде издадена усно. Ова начело во поново време е особено
ублажено со усвојувањето на т.н. „бланко“ меница.
2.Начело на инкорпорација –Ова начело се состои во тоа што правата од меницата и обврските
од меницата се тесно поврзани со поседувањето на меничната исправа. Ниедно лице не може да
ги остварува правата од меницата доколку не ја има и самата меница. Затоа, сите менични
изјави и меничното писмено сочинуваат една целина.
Начелото на инкорпорација содржи две права: право од меница и право на меница.
Правото од меница според својот карактер е облигационо право и се состои во тоа што имателот
на меницата е овластен да бара од меничниот должник извршување на определена менична
обврска.
Правото на меница според својот карактер е вистинско право и се состои во тоа што имателот на
меницата е овластен да бара од меничниот должник извршување на определена менична
обврска.

3.Начело на фиксна менична обврска –Може да се побарува или да се должи врз основа на
меница она што недвосмислено се гледа од самото менично писмено. Меничната обврска се
проценува врз основа на она што е наведено во меницата, а не врз основа на други доказни
средства. Во меничната обврска се стапува тогаш кога на меничното писмено ќе се стави потпис
и ќе се впишат меничните изјави.
4.Начело на менична строгост –се обезбедува брз и непречен менично-правен промет и лесно
докажување на меничните обврски. Обврските на меничните должници имаат построг карактер
во однос на граѓанското право. Поради тоа, меницата спаѓа во инструментите кои најмногу ги
обезбедуваат доверителите. Исто така, меницата е строга исправа – во однос спрема доверителот
– во таа смисла тој мора да ги остварува своите права од меницата според определените
прецизни правни правила, што му овозможува на должникот сигурна положба.
За начелото на менична строгост може да се зборува според материјално –правна страна и
според формално-правна страна.
Материјално-правната страна на ова начело се гледа во т.н апстрактност на меницата.
Постоењето на обврска се проценува само врз основа на изјава на меничните должници
назначени во самата меница.
Формално-правната страна на ова начело се гледа во разните парични дејства, кои се нужно
потребни да се преземат за да може да се остварат меничните права. Тука спаѓаат: протест,
нотификација, амортизација и др.
5.Начело на менична солидарност –се состои во тоа што сите лица што ја потпишале
меницата солидарно му одговараат на имателот на меницата за нејзиното исплатување, без
разлика на нивните меѓусебни односи. Затоа, имателот на меницата има право да покрене тужба
или против еден од потписниците или против повеќеимина од потписниците или против сите.
Меничниот доверител мора да бара исплата на меничната сума од главниот меничен должник,
трасатот кој го прифатил налогот да ја исплати меничната сума односно кај сопствената меница
од нејзиниот издавач.
6.Начело на менична непосредност –се состои во тоа што секој од меничните должници му
одговара непосредно на меничниот доверител. Поради тоа, доверителот е овластен непосредно

30

Document shared on www.docsity.com


да му се обрати на секој должник и од него да бара исплата на меничната сума, без разлика на
рангот што го има меничниот должник во меницата.
7.Начело на менична самостојност –се состои во тоа што секој должник, со ставањето на
свој исправен потпис на меничното писмено создава самостојна менична обврска, независно од
обврските на одделните потписници на меницата.

49.Издавање на меница?
Издавањето на меница претставува прво менично дејство со кое трасантот, со еднострана изјава
на волја, му дава налог на трасатот да му исплати на ремитентот определена сума пари. Со
издавањето на меницата доаѓа до засновање на менично-правен однос меѓу трасатот и
ремитентот. Со ставање на потпис на меницата и со нејзиното пуштање во правниот промет,
трасантот(издавачот) на меницата ја презема меничната обврска спрема ремитентот и спрема
секој подоцнежен совесен и законит имател на меницата. Ставањето на потписот на меницата се
смета за главно менично дејство додека другите менични дејства имаат акцесорен карактер,
бидејќи создавањето на меницата ја условува нивната појава во менично-правниот промет.
Трасираната (влечена) меница ја издава и потпишува трасантот додека сопствената (соло)
меница нејзиниот издавач.
Лицето кое ја издало меницата на тој начин станува меничен должник.
По однос на прашањето за издавање на меница, нашиот Закон за меница ги пропишува следните
правила: трасираната меница може да гласи по наредба на самиот трасант. Трасирана меница
може да се трасира за сметка на трето лице. Трасирана меница може да се трасира и на
трасантот.
Она лице кое на меницата ќе се потпише како застапник за друг, иако за тоа не бил овластен,
лично е обврзан по истата, а доколку истата ја платил ги има истите права што би ги имал тој за
кој се потпишал како застапник.
Неписмено лице или лице кое не може да пишува, менично се обврзува кога на меницата или
алонжот ќе стави знак со рака, кој знак ќе го завери нотар. При заверката задолжително се
запишува дека: лично или преку присутни сведоци го познава лицето кое сака менично да се
обврзе и да му издаде полномошно, на ова лице му е прочитана изјавата со која менично се
обврзува и со која дава полномошно.

50.Виша сила и променети околности?


1.Во начело, странките се должни строго да се придржуваат на своите обврски. Во поголемиот
дел од правните системи е предвидено ослободување од одговорност на должникот само во
случај на неможност на извршувањето и тоа доколку за таа неможност должникот не е
одговорен, односно доколку тоа претпоставува последица на виша сила, дејствие на другата
странка или трето лице.
Вишата сила се дефинира како околност која настанала по склучувањето на договорот, поради
настани од вондреден карактер, кои странката не можела да ги предвиди, ниту отстрани.
Вишата сила или force majeure, во теоријата има различен третман.
Според објективната теорија, вишата сила е непредвидлив настан кој доаѓа од надвор и неможе
да се отстрани со начин и средства кои разумно можат да се бараат од одредено лице.
Според субјективната теорија, за виша сила нема одговорност, доколку штетните последици не
би можеле да се отстранат ниту со најголемо разумно внимание.
Според првиот систем (контитентален) доколку нема вина за неможност на исполнувањето
тогаш ниедна од странките не одговара. Според вториот систем (англосаксонски) основот на
одговорност лежи начелно во договорно преземената гаранција на должникот, а не во неговата

31

Document shared on www.docsity.com


вина. Должникот кој сам презел врз себе некоја обврска не може да се ослободи од одговорност,
иако не е виновен што исполнувањето се изјаловило или станало невозможно.
Речиси сите правни системи како ослободувачки околности ги признаваат елементарните
природни настани, политички настани, управни мерки како забрана за извоз и увоз и сл. Овие
настани апсолутно, објективно го спречуваат извршувањето на секое лице кое ќе се најде под
нивно дејство, па според тоа и извршувањето на договорните странки.
Според нашиот Закон за облигациони односи, обврската престанува кога нејзиното исполнување
стане невозможно заради околности за кои должникот не одговара. Должникот треба да ги
докаже околностите кои ја исклучуваат неговата одговорност.
2.При склучувањето на двострано-товарните договори, странките сакаат да остварат одредени
економски ефекти. Сметајќи со непроменливост на околностите, странките ја прилагодуваат
целта и содржината на договорот на постоечките прилики, земајќи ги притоа предвид и
променливите околности. Меѓутоа, во текот на траењето на договорот можат да се јават такви
настани, коишто го отежнуваат исполнувањето на едната договорна страна или заради тие
околности да не може да се оствари целта на договорот, во таа мерка што е очигледно дека
договорот повеќе не им одговара на очекувањата на странките.
Претпоставки за примена на теоријата на променети околности во македонското право се:
1.Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на
обврската на едната страна, или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот и дека
според општото мислење би било несправедливо да се одржи во сила таков каков што е,
страната може да бара договорот да се раскине;
2.Раскинувањето на договорот не може да се бара ако страната што се повикува на променети
околности била должна во време на склучувањето на договорот да ги земе предвид тие
околности или можела да ги избегне;
3.Страната која бара раскинување на договорот не може да се повикува на променети околности
што настапиле по истекот на рокот определен за исполнување на нејзината обврска;
4.Договорот нема да се раскине ако другата страна понуди или се согласи соодветните услови од
договорот справедливо да се изменат;
5.Ако изрече раскинување на договорот судот, на барање од другата страна ќе ја обврзе страната
што го барала да и надомести на другата страна справедлив дел од штетата што ја трпи поради
тоа.

51.Кои се главните менични елементи? Напиши за општи и


календарски!
Според Законот за меница и соодветни Женевски конвенции од 1930 година, трасираната
меница треба да ги содржи следните суштествени елементи:
1.ознака дека е меница, отпечатена на самиот меничен слог, на македонски јазик со кирилско
писмо;
2.име, односно назив и седиште на трасатот;
3.безусловна наредба да се плати одредена сума пари од покритието на трасантот;
4.време на пристигнување;
5.место каде што треба да се изврши плаќањето;
6.име на ремитентот;
7.ден и место на издавање
8.потпис на трасантот
Како општи менични елементи се сметаат: означувањето дека тоа е меница и безусловниот
налог да се плати определена сума пари. Означувањето дека е тоа меница мора да биде внесено
во меничното писмено. Безусловен налог да се плати определена парична сума означена во

32

Document shared on www.docsity.com


меницата не може да се услови со извршувањето на некое дејство. Според нашето менично
право, налогот за исплата на меничната сума на пари мора да биди безусловен.
Безусловената наредба може да се даде со зборовите „наложувам да платите“ и др.
Според нашето право, меницата може да гласи само на определена сума пари, а не се дозволени
меници кои би гласеле на определени количества стока или на извршување на определени
услуги.
Ако определената менична сума е напишана повеќе пати, меродавна е најмалата сума.
Меничната сума секогаш се исплатува наеднаш.
Како календарски менични елементи се сметаат: датумот на издавањето на меницата и датумот
на втасаноста на меницата. Датумот на издавање на меницата се става покрај означеното место
на издавањето на меницата. Означувањето на датумот на издавањето на меницата е важно заради
определување на роковите на втасаноста на меницата. Внесувањето на датумот на издавањето на
меницата може да игра важна улога во одделни случаи, како што се:
1)според датумот на издавањето на меницата, може да се определи рокот на втасаноста на некои
меници;
2)според времето на издавањето, може да се цени дали трасантот поседува пасивна менична
способност;
3)според овој датум, понекогаш се определува и кој закон ќе се примени на конкретниот
менично-правен однос.
Датумот на втасаноста на меницата мора да биде јасно и недвосмислено определена. Под
втасаност на меницата се подразбира времето означено во меничното писмено кога треба да се
плати меничната сума. Според Законот за меница, изречно е определено на кој начин може да се
означи датумот на втасаноста и тоа:
1.по видување;
2.на определено време по видување;
3.на определено време од денот на издавањето
4.на одреден ден

52.Презентација на меница?
Имателот на меницата (меничниот доверител) за да ги зачува своите права од меницата, должен
е меницата да ја поднесе (презентира) на должникот, за да може да бара од него извршување на
меничната обврска.
Лицето што ја презентира меницата се нарекува презентант, а лицето кому меницата му се
поднесува на презентирање се нарекува презентат. По правило, како презентант се јавува самиот
имател на меницата, доколку тој не овластил друго лице со полномошнички индосамент или со
просто предавање на меницата. Како презентат се јавува самиот трасат.
Презентирањето на меницата може да се јави на два начина:
1.Презентирање на меницата на акцепт –претставува всушност повикување на трасатот од
страна на имателот на меницата да го прифати налогот за плаќање што му го упатил трасантот.
На акцепт може да се презентира секоја оригинална меница, но не и копија од меница. Ова
презентирање е потребно заради тоа што честопати не се знае дека е издадена меница и дека тој
треба да ја плати.
Презентирањето на меницата на акцепт може да се врши само до моментот на втасаноста на
меницата, бидејќи од моментот на втасаноста на меницата може да се бара нејзина исплата.
2.Презентирање на меницата за плаќање –претставува повикување на доверителот упатено
кон акцептантот да изврши плаќање на меничната сума.
Презентирањето на меницата за плаќање мора да се изврши најрано до денот на втасаноста на
меницата, а најдоцна во еден од двата работни дена што доаѓаат по втасаноста на меницата.
Презентацијата за плаќање мора да биде извршена во местото на плаќањето во деловната
33

Document shared on www.docsity.com


просторија или во станот на должникот. Бидејќи презентирањето на меницата за плаќање е
задолжително, трасатот и индосантите можат само привремено да го забранат ова презентирање.

53.Поим за договор за комисион?


Договорот за комисион спаѓа во категоријата на т.н. договори за трговски услуги. Со договорот
за комисион, комисионерот се обврзува од свое име а за сметка на комитентот да изврши една
или повеќе работи што му ги доверува комитентот, а комитентот се обврзува да му плати
определена награда – провизија.
Поимот комисион може да се определи во поширока и во потесна смисла на зборот. Поголем
број правни системи договорот за комисион го регулираат во поширокиот поим, па така
договорот за комисион го сметаат за посебен вид договор на трговското право со тоа што при
определувањето на поимот на договорот, во потесна смисла, е потребно поблиску да се
определи предметот на договорот.
Предметот на договорот за комисион може да биде различен. Тоа може да бидат разни правни
работи од областа на прометот на стоки и услуги: купување и продавање стоки, големи
сообраќајни средства, хартии од вредност, складирање на стока и др.
Во однос на правната природа на овој договор не постои единствено стојалиште. Така на
пример, во француската, италијанската и во нашата правна теорија, многу автори овој договор
го сметаат за посебен вид мандат.
Во нашата правна теорија, постои и мислење според кое договорот за комисион, по својата
правна природа е работа sui generis.
Договорот за комисион е неформален и консенсуален договор. За склучување на договорот за
комисион во прометот не е предвидена никаква посебна форма. Тој се склучува со проста
согласност на волјата на странките. Меѓутоа во практиката, најчесто се склучува во писмена
форма со цел полесно да се докаже постоењето и содржината на договорот.

54.Цена на договорот за продажба на стока и предмет?


Предмет на договорот за продажба е самата стока. Под стока во стопанскиот промет се
подразбираат ствари наменети за пазар и подобни за пазар. Недвижностите по правило не се
предмет на трговскиот промет. Под стока се подразбираат само телесни подвижни ствари
вклучувајќи ги и хартиите од вредност. Електричната енергија не спаѓа во прометот стока
бидејќи нејзината природа бара поинаков начин на регулирање.
Предметот кај договорот за продажба на стока треба да биде одреден, можен и дозволен.
Предметот на договорот пред се треба да биде одреден според видот, количината и квалитетот.
Стоката, предмет на договорот мора да биде одредена или одредлива. Со договорот истотака
треба да се одреди количината на предметот на пример 200 кгр шеќер, 500 кгр кафе и сл.
Предмет на договорите за продажба може да биде и стока што допрва ќе се произведе, идни
ствари. Овде цената ќе се плати според вредноста кога стварта ќе биде создадена или купувачот
ќе ја плати цената иако стварта не е создадена.
Во договорот мора да се означи и видот на стоката. Видот на стоката се определува со име кое е
вообичаено во трговијата. За многу видови стока потребни се поблиски технички назнаки,
пример број, марка, тип и сл.
Квалитетот на стоката исто така се утврдува со договорот. Квалитетот ги претставува
внатрешните хемиски и физички својства на стоката, предмет на договорот. Клаузулата за
квалитет на продадената стока треба да биде конкретна.
Под цена на договорот се подразбира паричен надомест којшто купувачот го дава на продавачот
за отстапената ствар. Цената според нашето право претставува втор битен елемент на договорот
за продажба.
34

Document shared on www.docsity.com


Цената треба да биде сериозна, правична и да биде определена прецизно и фиксно. Цената во
договорот најчесто се одредува во фиксен износ или т.н цврсти цени. Меѓутоа, се зема дека е
цената одредена и кога со договорот е предвиден начин на кој таа може да се одреди според
околностите, кога е само објективно одредлива. Во практиката постојат повеќе начини, на
пример може да биде договорена пазарна цена. Пазарна цена е средната пазарна цена која
стоката ќе ја има во одредено место или пазар во одредено време. Пазарната цена се утврдува од
евиденцијата за цените кои ги водат надлежните пазарни организации, стопански комори,
агенции и сл.
Тековната цена се поклопува со пазарната цена. Тоа е просечната пазарна цена во одредено
место и во одредено време. Фабричка цена е цена по која фабриката ја продава стоката на
големо. Продажна цена е цена според која продавачот редовно ја продава стоката.
Нашиот Закон за облигациони односи, познава и „разумна цена“ а тоа е тековната цена во
времето на склучување на договорот. Доколку истата не може да се утврди тогаш се зема цената
која ја утврдува судот спрема околностите на случајот.
Според нашето право претпријатијата слободно ги формираат цените согласно со условите на
пазарот и општата политика на цените. Сепак, во определени случаи цените се под државна
контрола. Така, со позитивни прописи можат да се одредат максимирани цени кои не можат да
се зголемуваат со договор, но можат да се намалат.

55.Договор за осигурување?
Со договорот за осигурување договарачот на осигурувањето се обрзува врз начелата на заемност
и солидарност, да здружува определен износ во друштвото за осигурување на ризици
(осигурувач), а друштвото се обврзува ако дојде до настан кој претставува осигурен случај да му
го исплати на осигуреникот или на некое трето лице надоместокот, односно договорената сума
или да направи нешто друго.
Од содржината на одредбите на Законот за облигациони односи, произлегува дека договорот за
осигурување е алеаторен, товарен, атхезионен и формален. Овој договор е алеаторен, бидејќи
меѓусебните обврски на странките не мораат да бидат еквивалентни. Договорот е товарен врз
основа на него настануваат права и обврски за двете договорни страни.
Според начинот на склучување, договорот е атхезионен, бидејќи осигурувачите имаат свои
правила за осигурување (општи услови) кои ја сочинуваат содржината на договорот.
Законот за облигациони односи не само што ја определува формата на договорот, туку ја
определува и минималната задолжителна содржина на полисата за осигурување.
Поделбата на осигурувањето може да се изврши во зависност од начинот на неговото
настанување, од предметот на осигурувањето, од средината во која се појавуваат определени
ризици и др.
1.Според начинот на настанување, осигурувањето се дели на доброволно(договорно) и
задолжително(законско).
Доброволно осигурување –постои само тогаш кога врз основа на заемен интерес ќе се склучи
соодветен договор за осигурување.
Задолжително осигурување –постои кај патници во јавниот сообраќај –од последици на
несреќен случај, корисници на моторни возила –од одговорност за штети сторени од трети лица
и корисниците на воздухопловите – од одговорноста за штети сторена на трети лица.
2.Според предметот на осигурување, осигурувањето може да биде: имотно, лично и
осигурување од одговорност.
Имотно осигурување –предмет на осигурувањето е некој предмет-имот.
Лично осигурување –предмет е животот и здравјето на некое трето лице.
Кај осигурувањето од одговорност –е карактеристично тоа што корисникот на опасни ствари врз
основа на договорот се осигурува од одговорност за штета причинета на трети лица.
35

Document shared on www.docsity.com


3.Според местото на осигурување, осигурувањето се дели на копнено, поморско и воздушно.

56.Поим и значење на меница?


Меницата претставува безусловна наредба која ја дава трасантот на трасатот, да се исплати
одреден паричен износ на ремитентот, кој е наведен на меницата или на самиот трасант.
Меницата претставува средство за плаќање и инструмент за обезбедување на плаќање.
Според Законот за меница може да се каже дека меницата е писмена исправа издадена во
пропишана форма во која едно лице му издава налог на друго лице во определено време и на
определено место да му ја исплати означената сума пари во меницата на лицето означено на
самата меница, обврзувајќи се дека сам ќе ја исплати ако тоа не го направи лицето кому му е
даден тој налог.
Меницата не може да биде издадена така да гласи на доносителот. Меницата мора да содржи
име на оној за кого или по чија наредба мора да се плати меничната сума Тоа е еден од
суштествените елементи на меницата, и без нив ниедна писмена исправа не може да се
претстави како меница.
Како извори на правото за меница служат Законот за меница, Законот за хартии од вредност како
и посебните одредби за хартии од вредност содржани во Законот за облигациони односи.
Меницата, историски гледано се појавила на определен степен на општествено-економскиот
развиток во стариот и средниот век, како последица на развитокот на трговските односи меѓу
тогашните мали држави.
Таа особина се појавила како резултат на се поголемиот развиток на меѓународната трговија,
каде што на барање на странскиот продавач стоката требало да и се плати во валута на некоја
друга странска земја.

Меницата има неколку улоги:


1.меницата е средство за кредит
2.меницата е средство за плаќање
3.меницата е средство за есконт.
Меницата наоѓа голема примена и во меѓусебното кредитирање на трговските друштва.

57.Разлика помеѓу трасирана и соло меница?


За разлика од трасираната меница каде постојат 3 лица (трасант, трасат и ремитент) кај соло
меницата постојат само 2 лица (трасантот и трасатот е едно лице и ремитент). Кај трасираната
меница клаузулата за исплата на меничната сума гласи „платете“, а кај соло меница клаузулата
за исплата гласи „ќе платам“. Кај трасираната меница секогаш постои трасантов налог упатен
кон трасатот, додека кај соло меницата постои ветување на трасантот дека ќе ја исплати
определената сума.
За сопствената меница се користи и терминот „соло“, но мора да се прави разлика помеѓу
сопствената и трасираната меница која содржи клаузула со која трасантот забранил издавање на
дупликат меница.

58.Излачни и различни доверители и стечајни доверители?


Стечајната постапка се поведува по предлог на овластено лице, а како овластени лица
(предлагачи) се доверителот и должникот. Стечајниот совет донесува решение за отворање на
стечајна постапка или за одбивање на предлогот, по изјаснување на должникот.
36

Document shared on www.docsity.com


Трговското друштво што е под стечај, формира стечајна маса за намирување на долговите на
доверителите.
Постојат четири вида на доверители и тоа:
1.Излачни доверители –се лица кои можат да докажат дека некој предмет не спаѓа во
стечајната маса;
2.Различни доверители –се лица кои имаат права од стечајната маса, право што е запишано во
јавни книги;
3.Доверители на стечајната маса –се лица кои имаат право од стечајната маса да ги намират
трошоците пред намирување на побарувањата на доверителите.
4.Стечајни доверители –се лица кои на денот на отворањето на стечајната постапка имаат
некое имотно правно побарување од должникот. Тие се распоредени во исплати редови по кои и
се исплатуваат, по претходно нивно испитување и утврдување на нивното побарување.

59.Видови на комисион?
Комисионите работи можат да се класифицираат на разни начини и тоа:
-комисиони работи во врска со хартии од вредност и правна ефектива;
-работи во врска со прометот на стока.
Покрај овие, има и посебни видови на договорите на комисион и тоа:
1.Куповен комисион –е комисион во кој комисионерот се обврзува, за награда (провизија) од
свое име, а за сметка на комитентот да купи определена стока. Кај овој вид се работи за увоз на
стока. При куповниот комисион се поставува прашањето за здобивање на право на сопственост
на купената стока, па така во правната теорија постојат две спротивставени гледишта:

А)Сопственоста на стоката најпрвин ја стекнува комисионерот, а потоа ја пренесува на


комитентот;
Б)Комисионерот воопшто не стекнува сопственост на купената стока, туку сопственоста ја
здобива непосредно комитентот;
2.Продажен комисион –е комисион во кој комисионерот се обврзува за награда(провизија) од
свое име, а за сметка на комитентот да продаде определена стока. Кај овој вид на комисион се
работи за извоз на стока. Кај продажниот комисион во врска со стекнувањето на сопственост на
стоката важи правилото според кое комитентот, начелно, го задржува правото на сопственост на
стоката се до моментот на предавањето на стоката на трето лице.
3.Консигнација –е посебен вид продажен комисион кога стоката е предадена на комисионерот
во консигнација на чување. Стоката што се наоѓа во консигнација и понатаму останува во
сопственост на комитентот. По правило, комисионерот ќе може да ја продаде стоката поефтино
од цената која е определена во консигнациона фактура. Консигнационите складишта ги има
многу во големите трговски транспортни центри и градови, каде се претпоставува дека стоката
најлесно може да се продаде.
4.Комисион со клаузула „star del credere“ –комисионерот врз основа на клаузулата „star
del credere“, внесена во договорот, превзема гаранција спрема комитентот дека ќе склучи
соодветен трговски договор со некое трето лице, како и тоа дека третото лице ќе ги исполни
своите обврски од тој договор. Во овој случај, комисионерот одговара на комитентот дека
третото лице уредно ќе ги исполни своите обврски од таквиот договор. Комисионерот во ваков
случај има право да бара зголемена провизија поради зголемениот ризик. Иако договорот за
комисион е неформален, клаузулата „star del credere“ не може да има правно дејство, ако не
е во формално воспоставена писмена форма на гаранција.

37

Document shared on www.docsity.com


60.Национални системи за премин на ризик?
Кај предавањето и преземањето на стоката особено се манифестира прашањето во врска со
преминувањето на ризикот и трошоците. Од регулирањето на преминувањето на ризикот се
определува до кој момент последиците од случајното уништување или оштетување ги поднесува
исклучително продавачот, а од кој момент купувачот.
Притоа, преминувањето на ризикот се сведува на прашањето кој е задолжен да склучи договор
за осигурување и да плати премија, но прашањето на осигурувањето не го решава целосно
прашањето на преминувањето на ризикот, зашто осигурувањето не ги опфаќа сите видови
ризици.
Националните правни системи во однос на прашањето за ризикот можат да се поделат во три
групи:
1.правни системи според кои преминувањето на ризикот настапува со склучување на договорот;
2.правни системи кои преминувањето на ризикот го врзуваат за преминувањето на сопственоста;
3.правни системи што во тој однос се ориентирани на предавање на стоката.

61.Елементи на договорот за осигурување?


Елементите на договорот за осигурување се својствени за секое осигурување, а произлегуваат од
неговата специфична природа, тие се:
1.Под ризик –се подразбира можноста за склучување на еден економски штетен настан. Ризикот
е опасност што му се заканува на определен имот или на некое лице, а чие остварување
доведува до определени последици.
2.Премија –претставува износ на пари што осигуреникот е должен да го плати како надомест за
извршување на обврската спрема осигурувачот.
3.Сума на осигурувањето –е најголем износ кој осигурувачот е должен да му го исплати на
осигуреникот доколку настане осигурениот случај.
4.Осигурен случај –е остварен ризик, бидејќи тоа е настан чие склучување претставува
остварување на ризикот што е опфатен со осигурувањето.
5.Превозно средство
6.Штета –тоа се материјалните оштетувања и загуби на осигуреникот.
7.Траење на осигурувањето –датумот и часот на почетокот и завршувањето на осигурувањето.

62.Обврски и права на осигурувач и осигуреник?


Како основни обврски на осигуреникот се:
1.Пријавување на околностите значајни за оцена на ризикот –Договарачот на
осигурувањето е должен при склучувањето на договорот да му ги пријави на осигурувачот сите
околности што се од значење за оцена на ризикот.
2.Обврска за плаќање премија –Договарачот на осигурувањето е должен да ја плати
премијата за осигурувањето во договорените рокови. Ако премијата се плаќа одеднаш, таа се
плаќа при склучување на договорот.
3.Обврска за известување на осигурувачот за примените на ризикот –Договарачот на
осигурувањето е должен во односите при осигурувањето на имот да го извести осигурувачот за
секоја примена на околностите која може да биде од значење за оцена на ризикот.
Како основни обврски на осигурувачот се:
1)Обврски за издавање на полиса –Осигурувачот е должен по склучувањето на договорот за
осигурување да издаде полиса за осигурување.
2)Обврска за предавање на условите за осигурувањето –Осигурувачот е должен при
склучувањето на договорот за осигурување да ги предаде условите за осигурување.

38

Document shared on www.docsity.com


3)Обврска за исплата на договорената сума, односно плаќање на штета –Кога ќе настане
осигурен случај, осигурувачот е должен да го исплати надоместот или сумата определена со
договорот.
4)Обврска за надомест на трошоците –Осигурувачот е должен на осигуреникот или на
корисникот на осигурувањето да му ги надомести сите трошоци кои настанале поради спасување
на осигурениот објект.

63.Акцептирање на транспортни клаузули?


1.Група Е –поаѓање каде стоакта се става на располагање на купувачот во просториите на
продавачот. Клаузулата „EXW“ –Франко фабрика е карактеристична за испорака во местото.
Продавачот е должен да ја испорача стоката во согласност со договорот, односно да ја стави
стоката на располагање на купувачот во рокот и местото кое е означено за испорака на таква
стока, за утовар на превозно средство кое треба да го набави купувачот.
2.Група F –главен превоз неплатен, овде продавачот е должен стоката да ја испорача на
превозникот кој го одредил купувачот. Овде спаѓаат клаузулите “FCA”, “FAS” и “FOB”.
FCA –франко превозник значи дека продавачот ја исполнува својата обврска кога ќе ја предаде
стоката, оцаринета поради извозот, на превозник одреден од страна на купувачот на назначеното
место или точка.
FAS –франко до бокот на бродот, според оваа клаузула купувачот и продавачот имаат точно
одредени права и обврски.
FOB –франко брод, продавачот е должен да ја испорача стоката на бродот кој што го означил
купувачот во договореното пристаниште на утовар, на начин вообичаен во тоа пристаниште, во
договорениот ден или во договорениот рок.
3.Група С –главен превоз платен, каде продавачот е должен да договори превоз но без
преземање на ризикот од губење или оштетување на стоката или дополнителни трошоци кои се
јавиле поради настани што се случиле по утоварот и отпремувањето.
CFR-цена со возарина значи дека продавачот е должен да ги сноси трошоците и возарината
потребни да ја достави стоката до назначеното пристаниште за определувањето, но и ризикот од
губење.
4.Група D –пристигнување, овде продавачот е должен да ги сноси сите трошоци и ризици
сврзани за доставувањето на стоката во определена земја.
DAF –испорачано на граница, значи дека продавачот ја исполнил својата обврска на испорака
кога стоката ја ставил на располагање, оцаринета заради извоз, на назначеното место на
границата итн.

64.Персонални и географски менични елементи?


Персонални менични елементи се: името на трасатот (лицето кое треба да го плати меничниот
износ на пари), ремитентот (лицето на кое или по чија наредба треба да го исплати меничниот
паричен износ) и потпис на трасантот (издавачот на меницата).
При издавањето на меницата, задолжително треба да бидат означени сите три имиња. Меѓутоа,
во меничното право постои можност да дојде до конфузија на овие имиња. Таа конфузија може
да се јави тројно:
-конфузија на трасантот и трасатот, што е случај кога едно исто лице се јавува и како издавач и
како должник на меницата;
-конфузија на трасантот и ремитентот, што е случај кога издавачот и корисникот на меницата е
едно исто лице;
-конфузија на трасантот, трасатот и ремитентот, што е случај кога издавачот, главниот должник
и корисник на меницата се едно исто лице.
39

Document shared on www.docsity.com


Географски менични елементи се: местото на издавањето на меницата и местото на плаќањето
на меницата.
Местото на издавање на меницата претставува битен меничен елемент. Како место на издавање
на меницата треба да се означи некое географско место. Името на местото на издавање на
меницата треба да биде означено на оној јазик кој е службен за тоа место.
Местото на плаќање на меницата е суштествен претпоставувачки елемент на меницата. Местото
на плаќање на меницата, обично се става на левата страна од меничното писмено.

65.Евикција (правни недостатоци на стварта)?


Законот за облигациони односи предвидува одговорност за правните недостатоци на продадената
ствар. Оваа одговорност значи дека продавачот му гарантира на купувачот дека врз продадената
ствар нема правни недостатоци поради кои би можел да биде вознемируван од страна на трети
лица при користењето. Ваквото гарантирање во правото се нарекува заштита од евикција.
Законот за облигациони односи како правни недостатоци ги смета следните: продавачот одговара
ако врз продадениот предмет постои право на трет што го исклучува, го намалува или го
ограничува правото на купувачот, продавачот на некое друго право гарантира дека постои и дека
нема правни пречки за неговото остварување. Ако купувачот забележи дека некое трето лице
полага право врз предметот должен е за тоа да го извести продавачот, ако на продавачот тоа не
му е познато и да го повика во разумен рок да го ослободи предметот од тоа право. Доколку
продавачот не постапи според барањата на купувачот, договорот се раскинува. Одговорноста на
продавачот за правните недостатоци може со договор да се ограничи или во целост да се
исклучи.

Постои и одговорност за правните својства, а тоа е одговорност на продавачот спрема купувачот


дека продадената стока никој нема да му ја одземе, како и воопшто во вршењето на правото над
предметот нема да биде правно вознемируван, т.е. ограничен со појако право на трето лице, т.н
обврска да се заштити од евикција.

66.Обврска на купувачот кај договорот за продажба?


Според нашиот Закон за облигациони односи произлегуваат две основни обврски на купувачот:
1.Обврска за исплата на цената;
2.Обврска за превземање на предметот.
1.Обврска за исплата на цената
А)Место на плаќање –Купувачот е должен да ја плати цената: во време и на место одредено во
договорот, во време и во место во кое се врши предавањето на предметот, во седиштето на
продавачот.
Б)Начинот на плаќање –Плаќањето на куповната цена се врши:
-со помош на вирмански налог –безготовински („плаќање по испорака“), така што се
префрлуваат средствата од жиро сметка на купувачот, на онаа на продавачот.
-со акцептен налог – писмена исправа којашто ја издава доверителот, со акцепт на должникот,
којшто ја признава паричната обврска обележана во акцептниот налог и и наложува на банката,
тој износ од неговата жиро сметка да го префрли на онаа на доверителот (продавачот).
-по пат на акредитив –банката по налог на купувачот му става на располагање на продавачот
одредена сума пари колку што изнесува куповната цена.
-по пат на документ –продавачот ќе испрати документи до некоја банка во земјата за да докаже
дека стоката е испорачана. Во ваков случај купувачот треба да ја плати цената во банката и да ги
земе документите за сопственост на стоката.

40

Document shared on www.docsity.com


67.Авал (менична гаранција)?
Исплатата на меничната сума може да се обезбеди по пат на гаранција, како што е случајот со
секое друго парично побарување. Гаранцијата во меничното право се нарекува авал. Меничната
гаранција е менично дејство (изјава), односно гаранција, со која едно лице со својот потпис на
меницата гарантира дека должникот за кого гарантира ќе ја исполни својата обврска.
Авалот е споредно менично дејство па не е потребно за постоењето на менично-правната
работа. Се дава само за исплатна меница, а не за акцепт. Лицето што дава авал се нарекува
авалист, а лицето за кое се дава авал се нарекува хонорат.
Авал се дава на меницата или на алонжот и го потпишува авалистот. Авалот најчесто се
изразува со зборовите „пер авал“, како „гарант“ и др. За давањето доволен е потписот на
авалистот на лицето на меницата, освен ако е во прашање потписот на трасатот или трасантот.
Авалистот одговара исто како што одговара лицето за кое гарантира. Обврската на авалистот
останува и тогаш кога таа обврска е ништовна од било која причина, освен во случај на
формален недостаток.
Авалот по правило се однесува за целата менична сума. Меѓутоа, авалот може да се даде и само
за еден дел од меничната сума, но таа сума за која авалистот гарантира мора од изјавата за авал
јасно да се види.
Како и за останатите менични должници, и за авалистите важи начелото на солидарност.

68.Гарантирање на материјалните својства на стварта?


Стоката што е предмет на договорот за продажба мора да има одредени физички својства или
како што се нарекува во деловниот свет одреден „квалитет“.
Под физички недостатоци на стоката се подразбираат недостатоци на оние својства што би
требало да ги има стоката според договорот, според деловните обичаи, според узансите или
според одредени прописи.
Продавачот му одговара на купувачот за физичките недостатоци доколку се исполнети неколку
услови:
1.недостатоците да постоеле во моментот на преминувањето на ризикот;
2.на купувачот недостатоците да не му биле познати ниту морале да му бидат познати во
времето на склучувањето на договорот.
Во Законот за облигациони односи постојат посебно одредби за материјалните недостатоци за
кои одговара продавачот и тоа:
-Продавачот одговара за материјалните недостатоци на предметот што ги имал во моментот на
преминувањето на ризикот врз купувачот, без оглед дали ова му било познато.
-Продавачот одговара и за оние материјални недостатоци што ќе се појават по преминувањето на
ризикот врз купувачот ако се последица од причини што постоеле пред тоа.
-Незначителни материјални недостатоци не се земаат во предвид.
Според Законот за облигациони односи како материјални недостатоци се сметаат:
• Ако предметот ги нема потребните својства за неговата редовна употреба или за промет;
• Ако предметот ги нема потребните својства за посебна употреба за која го набавува
купувачот, а кое нешто му било познато на продавачот, или морало да му биде познато;
• Ако предметот ги нема својствата и одликите што се изречно или премолчено договорени
односно пропишани;
• Кога продавачот предал предмет кој не е соодветен на мустрата или на моделот, освен
ако моделот е покажан само заради известување.

41

Document shared on www.docsity.com


Материјалните (физички) недостатоци можат да се појават во два вида: видливи недостатоци и
скриени недостатоци.
Видливи недостатоци –купувачот е должен примениот предмет на вообичаен начин да го
прегледа или да го даде на преглед, кога според редовниот тек на работите тоа е можно и за
видливите недостатоци да го извести продавачот во рок од 8 дена.
Скриени недостатоци –како скриен недостаток се смета оној кој не може да се открие со
вообичаениот преглед при преземањето на предметот. Кога по приемот на предметот ќе се
покаже скриен недостаток, купувачот е должен за него да го извести продавачот во рок од 8
дена, сметано од денот кога го открил недостатокот.

69.Бланко меница?
Бланко меницата е идна меница. Таа се карактеризира со тоа што ги нема суштествените
елементи. Меѓутоа, тие елементи можат подоцна да се внесат во меницата. Бланко меницата е
хартија од вредност, која подоцна се исполнува по барање на странките и потоа станува меница.
Кај бланко меницата, најчесто од суштествените елементи ги нема меничната сума и
означувањето на втасаноста. Бланко меницата се употребува како средство за осигурување на
обврските на корисникот на кредитот. Поради тоа свое својство, таа често се употребува кај
потрошувачките и краткорочните кредити. Кредитопримачот му ја издава бланко меницата на
кредитодавачот при склучување на договор за кредит.

70.Дефинирај ја понудата кај договорот за продажба?


Понудата претставува еднострана изјава на волја-предлог, која е упатена на одредено лице или
на поголем број одредени лица и мора да ги содржи битните елементи за склучување на предлог
–договорот, да биде доволно одредена и да биде сериозна и сторена со намера да се склучи
договор.Најбитни елементи кај понудата се: предметот и цената.
Понудата може да се даде на разни начини кои можат да бидат:
-посредни , кадешто на посреден начин може да се заклучи дека постои таква волја. Тука
спаѓаат конклудентните дејства;
-непосредни , кадешто изјавите на волја се сторени усно, писмено, како и преку телепринтер,
автомат и сл.
Понудата може да се отповика во случај кога изјавата за нејзино отповикување стигнува пред
понудата или во исто време со неа.
Понудувачот е врзан за понудата на два начина:
1.Кога е одреден рокот за прифаќање (тој е врзан за понудата се до истекот на тој рок);
2.Кога не е одреден рокот (рокот започнува да тече во моментот кога писмото е предадено на
поштата).
Изјаснувањето по однос на понудата може да биде веднаш кога странките се присутни или во
период потребен понудата да стигне до понудениот, тој да ја разгледа, да размисли по однос на
неа и да донесе одлука, како и благовремено да го извести понудувачот. Изјавата за прифаќање
на понудата која ќе стигне по истекот на рокот се смета за неважечка, меѓутоа доколку за тоа не
е виновен понудениот, туку пречки во поштата, на пример, тогаш се смета дека договорот е
склучен.

71.Поим на договор за градба?

42

Document shared on www.docsity.com


Договор за градење претставува договор за дело со кој изведувачот се обврзува да изгради,
според определен проект во догооврен рок определен градеж на определено земјиште или да
изврши на такво земјиште, односно на веќе постоен објект некакви други градежни работи, а
нарачувачот се обврзува за тоа да му исплати определена цена. Во градеж спаѓаат: згради,
брани, мостови, тунели, водоводи, канализации, патишта и други објекти чија изградба бара
поголеми и посложени работи. Како инвестиционен објект се смета самиот градежен објект или
градежен објект со вградени уреди, постојки и опрема, која служи на намената на
инвестиционо-вложување, потоа, поголемо градење на инвестиционен објект со претходни
работи, подготвителни работи, реконструкција и завршни работи.
Се разликуваат неколку видови договори за градба и тоа:
1.Договор за градба во поширока смисла на зборот –ги опфаќа сите инвестициони работи во
врска со изградбата на некој објект како единствена целина. Тоа значи изградба на
инвестициониот објект, пуштање на објектот во погон, обука на стручен кадар и сл.
2.Договор за градба во потесна смисла на зборот – опфаќа изведување само на градежни,
градежно-занаетчиски, монтажни и со нив поврзани работи, како и изведување на завршните
работи на некој градежен објект.
3.Договор за градба „под клуч“ – се одликува со тоа што градежникот превзема врз себе грижа
за изградба на целокупниот објект, со сите потребни работи, а по завршувањето на градбата ги
предава клучевите на инвеститорот, што претставува симболично предавање на објектот.
4.Инженеринг –е специфичен вид на договор за градба, во кој изведувачот главно се обврзува да
изгради комплетен градежен објект, а исто така, тој објект да го опреми и оспособи за
предвидената нормална употреба.

Постојат неколку видови на инжинеринг:


А.чист инжинеринг
Б.комплетен инжинеринг
В.комплексен инжинеринг

72.Правна заштита кај договорот за продажба?


Купувачот во случај на физички недостатоци може:
1.Купувачот може да се откаже од договорот и стоката да ја стави на располагање на продавачот
(нашето законодавство го ограничува правото на раскинување на договорот од страна на
купувачот и одбивањето на приемот на стоката, доколку разликата во квалитетот не ги
надминува границите на отстапувањата).
2.Купувачот има право да му плати на продавачот цена намалена сразмерно со намалената
вредност на стоката поради недостатоците (тоа намалување се врши според сразмерот меѓу
вредноста на предметот без недостатоците и вредноста на предметот со недостатоците).
3.Купувачот има право на дополнителна испорака на стока без недостатоци
4.Купувачот има право да бара отстранување на недостатоците
5.Купувачот има право на надомест на вкупната штета што со недостатокот му била причинета

73.Тајно друштво?
Под поимот тајно друштво се подразбира друштво, во кое најголемиот дел од влоговите или сите
влогови со право на глас, се сопственост на мал број лица – тајни содружници.
Тајното друштво има две основни карактеристики:
1.влоговите на друштвото не се продаваат и
43

Document shared on www.docsity.com


2.поголемиот број од тајните содружници учествуваат, во управувањето со друштвото.
Тајното друштво има статус на трговец, но не е право лице.
Тајното друштво настанува со договор со кој едно лице (таен содружник) вложува, односно
учествува со паричен или непаричен влог во претпријатието на друго лице (претприемач) и врз
основа на влогот стекнува право да учествува во добивката и загубата на претпријатието.
Тајното друштво нема правен субјективитет и нема фирма.
Тајното друштво престанува со:
-истекот на времето за коишто е склучен договорот за тајно друштво;
-спогодба на претприемачот и тајниот содружник;
-остварување на целите заради коишто е склучен договорот или остварувањето станало
невозможно;
-отворање на стечајна постапка над друштвото во коешто претприемачот е јавен содружник и др.

74.Трговска комора?
Трговската комора е самостоен субјект во својство на правно лице и во неа се зачленуваат:
претпријатијата, банки и други финансиски субјекти, друштва за осигурување и други правни лица
што вршат стопанска дејност.
При трговската комора постојат:
1.Суд на честа –кој одлучува за повредите на добрите деловни обичаи во надворешно-трговско
работење;
2.Постојан избран суд (Арбитража) –кој одлучува за решавање на меѓусебните спорови на
членовите на Комората, заради спогодбено решавање на тие спорови.

75.Пронајдок и патент?
Пронајдок –претставува ново техничко решение за определен проблем кој е резултат од творечка
работа, кој е технички изводлив и кој може да се применува во индустриска и во друга дејност.
За да биде пронајдокот погоден за заштита треба да исполни четири услови:
1.да претставува ново техничко решение за определен проблем;
2.да е резултат на творечка работа;
3.да е технички изводлив;
4.да може да се применува во индустријата или во некоја друга дејност.
Патент-за секој нов пронајдок може да се издаде патент ако се исполнети сите услови предвидени
со Закон. Законот предвидува три патенти и тоа:
• Основен патент –што се издава за нов пронајдок со исполнување на сите општи услови
предвидени со закон.
• Дополнителен патент –значи еднаш издаден основен патент, кога пронајдувачот може
дополнително да го усовршува и дополнува.
• Зависен (врзан) патент –е таков патент каде што пронајдокот не може да се користи без
употреба на некој порано издаден патент.

76.Поим за чек?
Чекот претставува хартија од вредност со која нејзиниот издавач (трасант) му дава налог на друго
лице (трасат) на ремитентот (корисник на чекот) да му исплати определена сума пари од
трасантното покритие кај трасатот.
Плаќањето со чек овозоможува вршење на разни парични трансакции, без оглед на различноста на
паричната единица, врз база на склучени деловни врски меѓу голем број банки во светот.
Чекот може да се издаде без оглед на висината на сумата што е во него назначена.
Преку чекот му се овозможува на корисникот на средствата своите средства да ги употреби за
циркулација пред да ги наплати, бидејќи имателот на чекот, по пат на индосамент, своите права на

44

Document shared on www.docsity.com


чекот може да ги отстапи на друг, што го олеснува прометот на пари без броење, како и опасноста
поради инсолвентност.

77.Разлики и сличности меѓу меница и чек?


Разлики:
1.Чекот служи како инструмент за плаѓање, а меницата е првенствено кредитно средство;
2.Кога се работи за наплата во нашата земја, чекот според нашиот Закон може да биде трасиран
само на банка, а ако се работи за наплата надвор од земјата, може да биде трасиран и на други
лица, под услов законот да дозволува, додека кај меницата како трасат може да биде секое лице;
3.Кај чекот не е неопходно означување на ремитентот, додека кај меницата тоа е потребно;
4.Чекот е исправа кој во прв ред гласи на доносителот, за разлика од меницата каде не се дозволува
издавање на доносителот;
5.Издавачот на чекот во моментот на неговото издавање мора да располага со средства, т.е
трасантот мора кај трасатот да има покритие во пари и парични кредити, додека кај меницата може
да биде влечена и на лице кај кое трасатот нема никакво покритие;
6.Кај чекот не се дозволени клаузули за акцепт, камата и втасаност;
7.Кај меницата може да дојде до конфузија(соединување). Кај чекот не може;
Сличности:
1.Двете исправи се хартии од вредност по наредба;
2.Кај двете исправи се работи за налог на трасантот упатен на трасатот за да му плати определена
сума на ремитентот;
3.И кај двете, по правило, постојат задолжителни лица;
4.Кај чекот, како и кај меницата, доаѓа до примена на меничните принципи:формалност, фиксна
обврска, строгост, самостојност и др;
5.И кај чекот и кај меницата се применуваат слични правила, како што е случај на правилата за
нотификација, амортизација, застареност, судир на закони и др.

78.Видови чекови?
Според начинот на издавањето, чековите се делат на:
• Чек на име –во овој случај, трасатот е должен да го исплати чекот само на означеното
лице-ремитентот;
• Чек по наредба –чек кој уште при самото издавање има клаузула „платете по наредба на
ББ“;
• Чек на доносител –чек во кој има наредба „платете на доносителот“;
• Сопствен трасиран чек –чек во кој трасантот и трасатот се едно исто лице;
• Алтернативен чек
• Ректа –чек –ваков чек може да настане кога издавачот ќе внесе клаузула „не по наредба“,
со цел чекот да нема својство на лесна циркулација, односно лесно да се пренесува.
Според формата и нивната примена, чековите се делат на:
• Исплатен чек –каде трасантот му дава налог на трасатот да му исплати на ремитентот
определена сума на готови пари од неговото покритие;
• Бариран (прецртан) чек –каде чековната сума може да се плати само преку банка;
• Патнички чек;
• Пресметковен (вирмански) чек;
• Документарен чек;
• Лимитиран чек.

79.Поим на договорот за лизинг?


45

Document shared on www.docsity.com


Под овој договор се подразбира обврска за едната договорена страна –давателот на лизингот да ја
отстапи договорената ствар на користење и да ги преземе сите други дејствија во врска со
правилното и уредно искористување на договорената ствар на другата договорена страна –
корисникот на лизингот, која од своја страна, се обврзува на другата договорена страна да и ја
плати договорената награда, односно лизинг рата.
Се работи за договорен пренос на правото на користење на современа и најнова техничко-
технолошка инвестициона опрема, кое право може да вклучува и елементи на лиценца или know-
how.
Давателите на лизинг можат да бидат домашни или странски трговски друштва кои согласно Закон,
основале подружница во РМ и согласно Законот за лизинг добиле дозвола од Министерството за
финансии за вршење на финансиски лизинг.
Како корисник на лизинг може да се јави секое домашно и странско лице, деловно способно
физичко или правно лице, кое е регистрирано во соодветен регистар.

80.Права и обврски на договорните страни кај договорот за лизинг?


Корисникот на лизинг:
-има право да го користи предметот на економска корист;
-има фактичко владение врз предметот, но правно не е сопственик;
-треба да му плати на давателот на лизингот договорена лизинг-рата.

Давателот на лизинг:
-правно е сопственик на предметот;
-му дозволува на корисникот на лизингот да го употребува и да ја извлекува економската корист од
предметот;
-има право на наплата на лизинг-ратата.

81.Предмет на лизингот и правна природа на договорот за лизинг?


Предметот на лизинг е секој подвижен и недвижен предмет кој се дава на користење на
корисникот на лизингот, освен оние предмети за кои со закон има ограничување да можат да бидат
предмет на лизинг.
Како предмет на финансискиот лизинг може да се јават најразлични предмети и опрема:
индустриска опрема, тешка опрема, транспортни средства, автоопрема, канцелариски мебел,
фитнес опрема, градежна опрема, ресторанска опрема и друго.
Правна природа на договорот за лизинг –Една од главните економско-правни карактеристики на
лизингот е можноста за предвидување на една од трите алтернативи по истекот на рокот на
договорот:
(1)да се врати предметот на лизингот на давателот на лизингот;
(2)да се продолжи да се користи предметот на лизингот по поповолни, повоторно преговарани
услови;
(3)лизингот предметот да премине во сопственост на корисникот на лизингот.

82.Поим за финансиски лизинг?


Финансискиот лизинг е вид на финансирање што подразбира постоење на три учесници:
1)давател на лизинг, 2)корисник на лизинг, 3)финансиер, кој може да се јави како специјализирана
лизинг компанија или банка. Се состои од два договори: договор за лизинг, помеѓу давателот и
корисникот на лизингот, и договорот за купопродажба помеѓу давателот на лизингот и
производителот на предметот на лизингот.

46

Document shared on www.docsity.com


Карактеристики на финансискиот лизинг:
1. Среднородчен или повеќе кон долгорочен, во зависност од економската и техничката
употребна вредност на предметот на лизинг. Рокот на договорот за финансиски лизинг за
движни предмети изнесува најмалку една, додека за недвижни предмети изнесува најмалку
две години;
2. Лизинг договорот најчесто не опфаќа услуги;
3. Лизинг предметот цело време останува во сопственост на лизинг друштвото и договорот
временски го покрива амортизациониот период на лизинг-предметот;
4. Давателот на лизингот е целосно исплатен за неговите капитални трошоци;
5. Инвестицискиот ризик го сноси исклучиво корисникот на лизингот;
6. По истекот на рокот, договорот завршува со пренос на сопственоста врз предметот на
корисникот на лизингот.

83.Поим на договор за франшизинг и неговата правна природа?


Договорот за франшизинг е двострано товарен договор помеѓу давателот на франшизата и еден
или повеќе индивидуални приматели на франшизингот, кој како систем на дистрибуција на стока и
услуги се користи од правно и финансиски независни и одвоени претпријатија кои го здружиле
своето знаење и капитал во вертикална организација на соработка.

Правната природа на договорот за франшизинг е тешко одредива, бидејќи содржи елементи на


мноштво други именувани и неименувани договори на трговското право:
договор за продажба, договорот за трговско застапување, договор за дистрибуција и други
практични и релативно трајни информации и други.
Предмет на договорот за франшизинг е деловниот метод, имиџ и формула, односно унформноста
и стандардизацијата во пласманот на стоката или пружањето на услуги, додека самата стока или
услуга би можеле да се сметаат како секундарен предмет на договорот.

84.Видови на франшизинг?
Според начинот на кој настанува франшизингот мрежата, разликуваме:
1.Директен франшизинг –кога давателот на франшизингот ја доделува франшизата директно на
примателите со склучувањето на соодветен договор;
2.Главен договор за франшизинг –кога давателот на франшизата му доделува на странскиот
примател на франшизата право да развие под-франшизинг мрежа, ангажирајќи под-приматели на
франшизата под однапред определени услови.
Според предметот на франшизата, се разликуваат:
1.Индустриска или производна франшиза –кога примателот на франжизата на основа на лиценца
произведува производи во согласност со инструкциите и Know-how на давателот на франшизата;
2.Услужна франшиза –кога примателот на франшизата нуди и пружа услуги под деловното име,
симболот или трговскиот знак на давателот;
3.Дистрибутивна франшиза –со која примателот на франшизата продава одредена стока во дуќан
или продажен објект кој го носи деловното име на давателот на франшизата.

85.Права и обврски на договорните страни кај договорот за


франшизинг?
Обврски на давателот на франшиза:
-да открие што повеќе информации;
-да му пренесе на примателот комерцијална формула и облик како потполн и униформен систем;
-да му пружа континуирана помош на примателот на франшизата;
47

Document shared on www.docsity.com


-обврска за редовно испорачување на стоката долку давателот на франшизата е истовремено
произведувач на стоката или врши претходна селекција на стоката што се дистрибуира.
Права на давателот на франшиза:
-право на контрола и надзор во функционирањето на системот, но да не биде прекумерно во поглед
на прашањето кој вистински управува со претпријатието на примателот на франшизата;
-право на заштита на пакетот на правата на интелектуална и индустриска сопственост;
-право на договарање клаузула за неконкуренција за време и по престанокот на договорот;
-право на надомест на отстапената деловна формула и за станување интегрален дел од
единствената дистрибутивна мрежа.

Обврски на примателот на франшиза:


-обврска за промовирање на деловниот метод на давателот;
-плаќање на надомест на давателот на франшизата, кој се состои од два дела: првиот, плаќање на
надомест за полноправен влез во мрежата, кој може да биде фиксен или варијабилен и вториот,
плаќање надомест за користење на пакетот права од индустриска и интелектуална сопственост.
-обврска за неконкуренција со давателот;
-редовни известувања до давателот;
-обврска за чување на деловна тајна;
-обврска за учество во трошоците за рекламирање;
Права на примателот на франшизата:
-право на непречено користење на пренесениот пакет на права;
-право на немешање од страна на давателот на франшизата во начинот на користење на
пренесениот пакет на права кои ги содржи франшизата;
-право на примателот на франшизата да бара соодветен надомест за времетраењето на клаузулата
за неконкуренција.

86.Поим на договорот за факторинг?


Договорот за факторинг се дефинира како потраен договорен однос помеѓу една страна –добавувач
(клиент) и друга страна –факторинг институција (фактор) според кој клиентот со попуст (дисконт)
ги пренесува на факторот своите договорни краткорочни парични побарувања пред нивната
стасаност, а кои произлегуваат врз основа на договори за продажба на стока или услуги помеѓу
него-клиентот и неговиот купувач (должник), освен оние стоки и услуги кои се прибавени за
лична, семејна или домашна употреба, а факторот се обврзува за соодветен надомест да прифати
да ги наплати тие побарувања, доколку смета дека платежната способност на должниците е добра,
со известување на должниците за таквиот пренос и без оглед дали клиентот или факторот го
сносат ризикот за наплата на тие побарувања.

87.Форма на договорот за факторинг?


Бидејќи кај договорот за факторинг се работи за договор на автономното трговско право, нема
посебни правила во поглед на формата, но вообичаено се склучува во писмена форма.

48

Document shared on www.docsity.com

You might also like