You are on page 1of 13

ТЕМА: 

ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ

1
ВОВЕД

Под поимот трговец поединец се смета деловно способно физичко лице кое има
постојано место на живеење во Република Македонија и врши некоја од дејностите
што според Законот за трговските друштва се сметаат за трговска дејност. Од оваа
определба се гледа дека трговец поединец може да е физичко лице независно дали е
државјанин на Република Македонија, но мора да има постојано место на живеење во
Република Македонија. Од правилото секое деловно способно физичко лице да може
да биде регистрирано како трговец поединец, законот за трговските друштва
предвидува ограничување во два случаи и тоа: Кога над лицето е отворена стечајна
постапка и кога со умисла паднало во стечај поради која доверителите не можеле да ги
наплатат своите побараувања.

Освен материјално-правните претпоставки за стекнување на својство трговец


поединец потребно е да се исполни и еден формално правен услов, а тоа е соодветното
лице да биде запишано во трговскиот регистар во соодветниот суд. Тоа се прави со
поднесување на пријава во која се наведува името и презимето, местото на живеење,
адреса и матичниот број, фирмата, седиштето и адресата на вршењето на дејноста и
предметот на работењето.

2
Едно лице може да регистрира само една фирма како трговец поединец.
Фирмата на трговец поединец содржи: неговото име, татковото име, презиме и
ознаката “Т.П.”.

Трговец поединец може својата фирма да ја префрли на трето лице само заедно
со неговиот деловен потфат. Но за тоа мора да има согласност од неговите доверители.
Префрлањето на фирмата се запишува во Трговскиот Регистер и се обајвува “Службен
весник” на Република Македонија. За своите обврски трговецот поединец одговара со
целиот свој имот. Трговецот поединец кој има намера да престане о работа тоа му го
пријавува на органот надлежен за јавни приходи. Три месеци пред тоа трговецот
поединец престанокот на работењето го објавува во дневен весник и во своите деловни
простории наведуваќи го денот на престанокот со работата.

ПРАВНА ПОЛОЖБА НА ТРГОВЕЦОТ- ПОЕДИНЕЦ

Суштествено за правната положба на поединецот-физичко лице како трговец е


тоа што претпријатието што го создава не стекнува својство на правно лице. Таквиот
поединец-физичко лице, кој врши некоја од дејностите наведени во членот 1 од
Законот за трговски друштва се означува на традиционален начин како трговец-
поединец.
За трговецот- поединец е суштествено што самостојно и трајно врши трговска
дејност со цел да стекна добивка, притоа може да врши една или повеќе трговски
дејности. Суштествено е тоа што трговецот- поединец трговската дејност / трговските
дејности ги врши како редовно занимање (професија), што значи дека треговската
дејност се занимава со цел да стекна добивка (профит). На трговецот- поединец му се
посветени одредбите од членот 8-15, но на трговецот- поединец се однесуваат, на
соодветен начин, и многу одредби што се однесуваат на трговските друштва. Такви се
особено одредбите што се однесуваат на:
а) дејноста, б) фирмата, в) седиштето, г) подружницата, д) прокурата, а, под
определени услови и одредбите за деловните книги и уписот во треговскиот регистар.

Положбата на трговецот- поединец не треба да се идентификува со положбата


на основачот/содружникот на друштвото основано од едно лице. Со создавањето на

3
друштвото основано од едно лице, било во форма на Акционерско Друштво, било во
форма на Друштво со Ограничена Одговорност, настанува нов правен субјект што има
својство на трговец: трговско друштво. Наспроти трговското друштво стои
поединецот- физичкото лице, кое има својство на содружник но нема својство на
трговец.

Трговецот- поединец не може да биде содружник во било кое друштво во кое


што за обврските на друштвото одговара содружникот лично и неограничено со целиот
свој имот бидеќи со тоа се доведува во праѓање правната сигурност на доверителите.
Меќутоа нема никакви пречки трговецот- поединец да биде содружник (акционер) во
капиталните друштва (акционерското друштво и друштвото со ограничена
одговорност) бедеќи содружниците во овие друштва не одговараат за обврските на
друштвото со ограничена одговорност.

Поимот трговец- поединец може да се определи преку три суштествени


елементи. Тие елементи се следниве:

А) Својството трговец- поединец може да го стекна само физичко лице,

Б) Физичкото лице за да го стекна својството трговец- поединец треба да врши некоја


од трговските дејности што се набројани во чл.1 од Законот за трговски друштва и

В) Физичкото лице, конечно, треба трговската дејност, односно трговските дејности да


ги врши во вид на занимање.

Некое физичко лице за да го стекна својството на трговец- поединец, потребно е


кумулативно да ги исполни сите три суштествени услови пропишани во Чл.8 од
Законот за трговски друштва.

СТЕКНУВАЊЕ НА СВОЈСТВО ТРГОВЕЦ-ПОЕДИНЕЦ

Во нашето право својството трговец- поединец може да го стекна само физичко


лице, Според одредбата од ставот 2 од Чл.8 од Законот за трговски друштва како
трговец-поединец може да се регистрира: а) секое деловно способно лице, кое што има
б) постојано место на живеење во Република Македонија.

4
Поседувањето деловна способност е формален услов за стекнувањето на
својството трговец поединец. Деловната способност во нашето право се стекнува со
полнолетството, кое што настапува со навршени 18 години. Од тој момент физичките
лица се деловно способни, под услов да не се ставени под старателство. Ова значи дека
свосјтвото на трговец поединец не можат да го стекнат малолетни лица како и
полнолетни лица на кои што им е одземена или ограничена деловната способност.
Лишувањето на ваквите физички лица од можноста да го стекнат својството на трговец
поединец е разбирливо бидеќи деловната способност значи способност на физичкото
лице со сопствените дејствија и акти да стекнува права и обврски. Таквото решение на
нашето законодавство несомнено ќе создава сериозни  проблеми во случај на смрт на
трговецот поединец, кога неговите наследниците се само малолетни лица бидеќи, во
ваков случај, малолетното лице не може да се признае како трговец. Затоа,
малолетникот, односно малолетниците ќе го наследат трговското претпријатие само
како имот, но неможат да го продолжат деловниот потфат, т.е. да го продолжат
водењето на претпријатието што е многу значајно, неможат да го продолжат водењето
на претпријатието ниту преку застапници дури и кога застапувањето е дадено во форма
на прокура.

Во принцип, подеднакви услови со својството трговец поединец можат да се


стекнат како домашни така и странски физички лица кои се деловно способни.
Единствен услов е да имаат постојано место на живеење во Република Македонија. Тоа
се однесува не само на странските државјани туку и на државјаните на Република
Мекедонија кои немаат место на живеење во Република Македонија. Тоа значи дека
Македонските државјани кои немаат место на живеење во Република Македонија не
можат да станат трговци поединци ако не стекнат постојано место на живеење во
Република Македонија.

Законот за трговските друштва определува не само кој може да биде трговец


поединец туку определува и кој не може да биде трговец поединец. Не може да биде
трговец поединец, во согласност со Чл.9 од Аконот за трговските друштва:

а) Лице над кое е отворена стечајна постапка

б) Лице кое со умисла паднало под стечај поради што доверителите не можеле да ги
наплатаат своите побарувања.

5
СВОЈСТВОТО ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ МОЖЕ ДА ГО СТЕКНЕ ФИЗИЧКО
ЛИЦЕ КОЕ ШТО ВРШИ НЕКОЈА ОД ТРГОВСКИТЕ ДЕЈНОСТИ

Трговецот поединец може да врши, односно предмет на работење на неговото


претпријатие може да биде една или повеќе од наведените дејности од Членот 1 од
Законот за трговски друштва иако по правило тој ќе се занимава со една од дејностите
означени како трговски. Трговецот поединец не може да врши како предмет на
работење на своето претпријатие да има дејности што не се наведени во Членот 1 од
законот. Се разбира ова ограничување се однесува кога физчкото лице сцојството
трговец го стекнува врз основа на одредбите од Членот 8 од Законот за трговски
друштва. Трговецот поединец мора дејнсота да ја врши самостојно и во свое име.

Трговецот поединец може да врши некоја од трговските дејности наведени во


Членот 1 од Законот за трговските друштва само во вид на занимање. Тоа значи дека за
трговецот поединец вршењето трговска дејност преку своето претпријатие не може да
биде нешто што тој ќе се занимава на спореден начин. Не треба погрешно да се
заклучи дека трговецот поединец, треговската дејност ќе ја врши сам, т.е. дека нема во
работењето на своето трговско претпријатие да вклучи други лица. Тука не се мисли
само на вклучувањето на членовите на потесното семејство што е сосема разбирлива
работа, туку се мисли на ангажирањето на наемни работници. Со оглед на малиот обем
на предметот на работење на претпријатието на трговецот поединец, бројот на
ангажираните наемни работници никогаш нема да биде особено голем. Токму
физичкото лице и само тоа може да го стекнува својството трговец под посебните
услови утврдени од членовите за Законот за трговските друштва.

На крај, за правната положба на трговецот поединец од значање е прашањето на


неговата одговорност за обврските што настануваат од деловниот потфат, поточно од
водењето, работењето на претпријатието. Во членот 14 од Законот за трговски друштва
е запишано дека трговецот поединец одговара лично со целиот свој имот. Положбата
на трговецот поединец за обврските од работењето на неговото претпријатие е во
основа идентично како и одговорноста на содружникот на јавното трговско друштво
но и на комплементарот на командитното друштво.

ЗАПИШУВАЊЕ НА ТРГОВЕЦОТ ПОЕДИНЕЦ ВО ТРГОВСКИОТ РЕГИСТЕР

6
Во Законот за трговски друштва е внесена едноставната формулација дека
трговецот поединец се запишува во трговскиот регистер. Таа формулација, всушност,
значи дека трговецот поединец мора да биде запишан во трговскиот регистар. Може да
се рече дека својството на трговец поединец се стекнува со уписот во трговскиот
регистар. Треба да се укаже на една многу релевантна разлика во правните ефекти од
уписот во трговскиот регистар на трговското друштво, од една страна, и на трговецот
поединец, од друга страна. Со уписот на основаното трговско друштво во трговскиот
регистар тоа стекнува својство на правно лице, што значи дека со уписот на трговското
друштво во трговскиот регистар се создава нов правен субјект.

Запишувањето на трговецот поединец се врши врз основа на пријава на лицето


кое што сака да го стекне своството на трговец поединец. Пријавата е еднострана
изјава на волјата, која што до судот ја поднесува лицето што има намера да стане
трговец. Но тој не мора пријавата да ја поднесе лично, во негово име, пријавата може
да ја поднесе, неговиот прокурист, а може да ја поднесе и друг полномошник, кој тоа
го докажува со јавно верно полномошно. Во пријавата во согласност со Ставот 10 на
Членот 10 од Законот за трговски друштва се наведуваат:

А) Името и презимето, местото на живеење, адресата и матичниот број на лицето кое


што во трговскиот регистар сака да се запише како трговец поединец;

Б) Фирмата под која што ќе се врши дејноста;

В) Седиштето и адресата од која што ќе се врши дејноста;

Г) Предметот на работењето

Д) Начинот на застапувањето

Законот не бара трговецот поединец да поднесе потвреда дека нее осудуван


туку смета дека е доволно да се утврди тој факт со изјава на трговецот поединец. Кон
пријавата не треба да поднесе доказ туку да даде само изјава дека ги платил обврските
определени со закон. За обврските кој што трговецот поединец ги стекнал до денот на
уписот во трговскиот регистар тој одговара како да ги стекнал по запишувањето во
трговскиот регистар.

7
ФИРМАТА НА ТРГОВЕЦОТ ПОЕДИНЕЦ И НЕЈЗИНОТО ПРЕФРЛУВАЊЕ

Фирмата е име под кое што трговецот поединец го води работењето и под кое се
потпишува. Фирмата го индивидуализира трговецот поединец единствено во трговско
правните односи. Трговецот поединец, затоа, со фирмата може да се служи само во
трговско правниот промет, а недвор од него може да го користи само своето граѓанско
име. Фирмата на трговецот поединец мора да го содржи личното име, татковото име и
презимето на трговецот поединец.

Во фирмата мора да бидат содржани без какво било скратување името,


татковото име и презимето на трговецот поединец. Кон ова во фирмата на трговецот
поединец мора да биде содржана ознаката ” Т.П. “ што упатува на формата на
трговецот (трговец поединец).  Од законот за трговските друштва е пропишано дека
фирмата на трговецот поединец може да биде префрлена на трето лице само заедно со
неговиот деловен потфат (претпријатие). На префрлањето на фирмата на трговецот
поединец според одредбите од Членот 12 на Законот за трговски друштва, да има само
во два случаи:

А) Кога се префрла деловниот потфат (претпријатието)

Б) Деловниот потфат (претпријатието) се наследува

ПРЕСТАНОК НА ТРГОВЕЦОТ ПОЕДИНЕЦ

Тговецот поединец е физичко лице кое во согласнот со законот под одредени


услови стекнува својство на трговец поединец. Кога тие услови ќе престанат,
престанува и својството на трговец поединец. Својството на трговец поединец може да
престане на следните начини:

А) По волја на трговецот поединец

Б) Со смрт на трговецот поединец

В) Спротивно на волјата на трговецот поединец-со стечај

ПРЕСТАНОК НА СВОЈСТВОТО ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ ПО ВОЛЈА НА


ТРГОВЕЦОТ ПОЕДИНЕЦ

8
Трговецот поединец може во секое време да донесе одлука да престане со
работа. Постапката се состои од неколку фази:

1) Во прва фаза трговецот поединец има обврска да го објави престанокот на


работењето

2) Во втора фаза по објавувањето трговецот поединец му го пријавува престанокот на


работењето на органот надлежен за јавни проходи

3) Во трета фаза трговецот поединец ги исполнува своите обврски кон доверителите и


кон државата. Исто така ги наплаќа и своите побарувања.

4) Во последната , четврта фаза трговецот поединец поднесува барање до


регистарскиот суд да биде избришан од регистерот.

Свосјство на трговец поединец престанува кога судот ќе изврши бришење на


запишаното свосјтво трговец поединец на соодветно физичко лице.

ПРЕСТАНОК НА СВОЈСТВОТО ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ ЗАРАДИ СМРТ НА


ТРГОВЕЦОТ ПОЕДИНЕЦ

Тговецот поединец е физичко лице и токму затоа , ако настапи смрт, по сила на
законот, му престанува и својството на трговец поединец. Во овој случај наследниците
на трговецот поединец се обврзани да го објават престанокот на трговецот поединец.
Објавувањето го вршат во дневен весник, деловните простории и слично. По
објавувањето, престанокот на работењето се пријавува на оргнот за јавни приходи.
Потоа се исполнуваат обрските кон доверителите и кон државата. Исто така се
наплаќаат и побарувањата. На крајот се поднесува барање до регистерскиот суд да
биде избришан од регистерот. И во овој случај, од формално правен аспект, својството
на трговец поединец престанува кога судт ќе изврши бришење на запишаното својство,
трговец поединец на починатото физичко лице.

ПРЕСТАНОК НА СВОЈСТВОТО ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ ВРЗ ОСНОВА НА


СТЕЧАЈ

9
Својството на трговец поединец може да престане и спротивно на волјата на
трговецот поединец ако над трговецот поединец, кој што е должник- поединец, биде
спроведен стечај. Со заклучувањето на стечајна постапка, трговецот поединец кој што
е должник го губи својството трговец поединец. По губењето на својство трговец
поединец судот го брише од трговскиот регистер. Губењето на својството трговец
поединец минува низ постапка во која што треба јасно да се дистингвираат две
основни фази. Првата фаза е фазата на престанок со работата на трговецот поединец.
Без оглед на причините оради кои трговецот поединец престанува со работење
одлуката на крајот на криаштата ја донесува самиот трговец поединец. Откако ќе
одлучи да престане со работење трговецот поединец треба престанокот на работењето
да го пријави на органот надлежен за јавни приходи, најдоцна 3 месеци пред
пријавувањето со престанокот на работењето.

Многу е значајно да се има предвид фактот дека во постапката за престанок на


работењето на трговецот поединец тој како правен субјект не престанува да постои,
туку само го губи својството на трговец поединец. Неговиот имот им е на располагање
на неговите доверители и откако тој ќе го изгуби својството на трговец поединец.

Втората фаза е фаза на запижување на губењето на својството на трговец


поединец во трговскиот регистер. Како што веќе укажавме, во сите три случаи на
престанок, трговецот поединец или лицето овластено од него поднесува до судот
пријава за бришење од трговскиот регистер а во случај на губење на својството на
трговец поединец врз основа на стечај судот го брише од трговскиот регистар.

10
ЗАКЛУЧОК

Трговец поединец се смета деловно способно физичко лице кое има постојано
место на живеење во Република Македонија и врши некоја од дејностите што според
Законот за трговските друштва се сметаат за трговска дејност. Од оваа определба се
гледа дека трговец поединец може да е физичко лице независно дали е државјанин на
Република Македонија, но мора да има постојано место на живеење во Република
Македонија. За трговецот- поединец е суштествено што самостојно и трајно врши
трговска дејност со цел да стекна добивка, притоа може да врши една или повеќе
трговски дејности. Суштествено е тоа што трговецот- поединец трговската дејност /
трговските дејности ги врши како редовно занимање (професија), што значи дека
треговската дејност се занимава со цел да стекна добивка (профит). Наспроти
трговското друштво стои поединецот- физичкото лице, кое има својство на содружник
но нема својство на трговец. Трговецот- поединец не може да биде содружник во било
кое друштво во кое што за обврските на друштвото одговара содружникот лично и
неограничено со целиот свој имот бидеќи со тоа се доведува во праѓање правната
сигурност на доверителите. Поседувањето деловна способност е формален услов за
стекнувањето на својството трговец поединец. Деловната способност во нашето право
се стекнува со полнолетството, кое што настапува со навршени 18 години. Од тој
момент физичките лица се деловно способни, под услов да не се ставени под
старателство. Ова значи дека свосјтвото на трговец поединец не можат да го стекнат
малолетни лица како и полнолетни лица на кои што им е одземена или ограничена
деловната способност. Запишувањето на трговецот поединец се врши врз основа на
пријава на лицето кое што сака да го стекне своството на трговец поединец. Фирмата е
име под кое што трговецот поединец го води работењето и под кое се потпишува.
Фирмата го индивидуализира трговецот поединец единствено во трговско правните
односи. Својството на трговец поединец може да престане по волја на трговецот

11
поединец, со смрт на трговецот поединец и спротивно на волјата на трговецот
поединец-со стечај.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. ОСНОВИ НА ПРАВОТО СО ТРГОВСКО ПРАВО – Д-р Никола Крлески

2. ПРАВО НА ДРУШТВА – Д-р Милан Недков

Д-р Тито Беличанец

Д-р Елена Градишки-Лазаревска

3. ИНТЕРНЕТ

12
СОДРЖИНА

1. ВОВЕД

2. ПРАВНА ПОЛОЖБА НА ТРГОВЕЦОТ- ПОЕДИНЕЦ

3. СТЕКНУВАЊЕ НА СВОЈСТВО ТРГОВЕЦ-ПОЕДИНЕЦ

4. СВОЈСТВОТО ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ МОЖЕ ДА ГО СТЕКНЕ ФИЗИЧКО


ЛИЦЕ КОЕ ШТО ВРШИ НЕКОЈА ОД ТРГОВСКИТЕ ДЕЈНОСТИ

5. ЗАПИШУВАЊЕ НА ТРГОВЕЦОТ ПОЕДИНЕЦ ВО ТРГОВСКИОТ


РЕГИСТЕР

6. ФИРМАТА НА ТРГОВЕЦОТ ПОЕДИНЕЦ И НЕЈЗИНОТО ПРЕФРЛУВАЊЕ

7. ПРЕСТАНОК НА ТРГОВЕЦОТ ПОЕДИНЕЦ

8. ПРЕСТАНОК НА СВОЈСТВОТО ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ ПО ВОЛЈА НА


ТРГОВЕЦОТ ПОЕДИНЕЦ

9. ПРЕСТАНОК НА СВОЈСТВОТО ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ ЗАРАДИ СМРТ НА


ТРГОВЕЦОТ ПОЕДИНЕЦ

10. ПРЕСТАНОК НА СВОЈСТВОТО ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ ВРЗ ОСНОВА НА


СТЕЧАЈ

11.ЗАКЛУЧОК

12. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

13

You might also like