You are on page 1of 2

Судската власт во Република Македонија

Во Република Македонија според Законот за судови од 1995, постојат 27 судови на прва


инстанца, четири апелациони судови и Врховен Суд на Република Македонија. Покрај
тоа, има и Уставен суд чии судии се избираат од страна на Собранието.

Судовите се автономни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и


меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Типовите на судови, нивните сфери на надлежност, нивното уредување, укинување,


организација и состав, како и процедурата која ја следат се регулирани со закон, кој се
усвојува со дво-третинско мнозинство од вкупниот број пратеници во Собранието на
Република Македонија.

Судиите имаат имунитет. Собранието одлучува за имунитетот на судиите. Извршувањето


на судската функција не е компатибилно со извршување на други јавни функции,
професии и членство во политичка партија. Политичко организирање и активност на
судството е забрането.

Врховниот Суд на Република Македонија е највисокиот суд во републиката и


обезбедува униформност во имплементацијата на законите од страна на судовите.
Одлуките на Врховниот суд според Уставот на Република Македонија се конечни и
извршни.
Врховниот суд, како највисок суд во државата, е надлежен:

 да решава во втор степен против одлуките на своите совети кога тоа е определено
со закон;
 да решава во трет и последен степен по жалбите против одлуките на апелационите
судови;
 да решава по вонредно правни лекови против правосилните одлуки на судовите и
одлуките на своите совети кога тоа е определено со закон;
 да решава за судир на надлежност меѓу основните судови од подрачјето на
различни апелациони судови, судир на надлежности меѓу апелационите судови,
судир на надлежност меѓу Управниот суд и друг суд, судир на надлежност меѓу
Вишиот управен суд и друг суд и да решава за месна надлежност кај овие судови;
 да одлучува по барање на странките и другите учесници во постапката за повреда
на правото на судење во разумен рок, во постапка утврдена со закон пред судовите
во Република Македонија во согласност со правилата и принципите утврдени со
Европската конвенција на човекови права и
 да врши други работи определени со закон.
Уставниот суд на Република Македонија е орган што ја штити уставноста и
законитоста во Република Македонија. Составен е од девет судии избрани од Собранието
на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Мандатот
на судиите трае девет години без право на повторен избор. Судиите на Уставниот суд се
избираат од редот на истакнати правници. Уставниот суд избира претседател од своите
редови за време од три години и без право на повторен избор.

Уставниот суд на Република Македонија ги има следните надлежности:

 одлучува за согласноста на законите со Уставот;


 одлучува за согласноста на другите прописи и на колективните договори со
Уставот и со законите;
 ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на
слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата,
политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на
граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка
припадност;
 решава за судирот на надлежностите меѓу носителите на законодавната, извршната
и судската власт;
 решава за судирот на надлежностите меѓу органите на Републиката и единиците на
локалната самоуправа;
 одлучува за одговорноста на претседателот на Републиката;
 одлучува за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и на
здруженијата на граѓаните и
 одлучува и за други прашања утврдени со Уставот.

Судскиот совет на Република Македонија е органот кој ја контролира судската власт.

You might also like