You are on page 1of 1

Екскреторен систем

Претходно научивме дека храната влегува низ усната празнина, па потоа оди во голтката,
хранопроводот, желудникот каде се дигестира, за во тенкото црево да се ресорбира во
крвта.
Иститот овој пат го поминува и водата т.е. течностите кои ги внесуваме во организмот.
Што значи дека водата што сме ја испиле заедно со хранливите материи од храната што
сме ја изеле се ресорбира преку тенкото црево во крвта. Оваа течност со растворени
хранливи материи во неа, крвта ја носи во бубрезите.

Бубрезите се сместени во грбниот дел од стомачната празнина.


Во бубрезите се врши филтрација на крвта заедно со течностите и материите што таа ги
носи со себе. Како филтрат излегува вода заедно со штетни материи: уреа и амоњак.
Водата, уреата и амоњакот ја сочинуваат мокрачата или урината која оди низ
мочководите, се собира во мочен меур и се исфрла преку мочен канал.

You might also like