You are on page 1of 1

Плата според работата

Што се постигнува со знаењето, а што со оценка

Јас сум ученик во четврто одделение. Редовно одам на училиште. Исто така
редовно ги извршувам моите училишни обврски. Секој ден ги пишувам
моите домашни задачи, ги учам лекциите и се трудам што повеќе да научам.
Исто така активно учествувам на часовите. Понекогаш ми е тешко да се
изразам, ама се трудам секој ден да сум се подобар и подобар. За мене е
побитно знаењето од оценките. Знаењето секогаш може да ни се најде во
животот. Она што го учиме во училиште не е само за оценки, туку и за да се
снајдеме во животот. Доколку учиме и се трудиме, оценките ќе си дојдат
сами по себе. Наставничките постојано не следат и не наградуваат за нашиот
труд.
Јас сум задоволен од мојот успех и ќе продолжам и понатаму вредно да учам
и работам.
Знаењето што ќе го стекнеме никој не може да ни го земе.
Знаењето е сила, знаењето е моќ!

You might also like