You are on page 1of 1

Учителу мој

Учителу мој,
Ти благодарам што ме израсна од нозе мали
Основна култура да не ми фали.
Со книга во рацете навика да створам
И убави дела да научам да творам.

Со вас одиме по патот светол


Вие не учите да го направиме вистинскиот чекор.
Не учите да се соочуваме со предизвици големи,
И не подучувате на разни поими.

Со вашата добрина ми одзедовте внимание


Ме научивте на новото животно издание.
Ме научивте пред се човек да бидам
Со мои очи иднината да ја видам.

Семето што го засадивте ми помогна да цветам


Сега е време за благодарност барем јас така сметам
Затоа Ви благодарам учителе вие сте инспирација
За сите ученици голема мотивација.
Ева Мијакова VIII 5
Ментор: Мирјана Стојановска

You might also like