You are on page 1of 9

Семинарска работа по предметот “Основи на Педагогија со Дидактика”

“Темелни дидактички поими”

Изработи: Ментор:
Викторија Јандриевска доц. Д-р Ѓоргина Кимова

Битола,2015
Содржина

Вовед..........................................................................................................................................................3
Учење.........................................................................................................................................................4
Видови учење.........................................................................................................................................4
Поучување..................................................................................................................................................5
Образование...............................................................................................................................................6
Воспитание.................................................................................................................................................7
Настава.......................................................................................................................................................7
Заклучок.....................................................................................................................................................9

2
Вовед

Во воспитно-образовната струка и дидактиката како и воспоставениот однос на


образовната практика користи се поголем број на термини. Нивното значење се менувало
под влијателни социјални настани.

Основните дидактички поими во рамките на теоретските и практичните дидактички


размислувања и дејствувања играат клучна улога па затоа им се да посветува посебно
внимание. Меѓу нив се:

- Учење
- Поучување
- Образование
- Воспитание
- Настава

3
Учење

Учењето е важна карактеристика на секој човек. Тоа може да се дефинира како релативно
трајна промена во однесувањето или знаењето, предизвикана од специфична интеракција
или збир на интеракции. Ученикот првенствено се користи со сопствени активности со
кои усвојува информации и создава лично искуство коe се манифестира со промена на
однесувањето. Со личното искуство, ученикот ги  користи и искуствата на другите
(читање книги..). Затоа, секое учење може да се смета како поединчно, но и како
општествен процес. Порано во дидактиката  учењето се толкувало првенствено како
складирање и задржување готови  информации. Во центарот било" знаењето "и
авторитетот на наставникот а ученикот бил објектот на поучувањето  на наставниците, а
наставникот обликувач на наставата. Современите теории на дидактиката го ставаат
студентот и неговиот развој во центарот на учење и настава, а основната улога на
наставникот е обезбедува професионален развој за да им помогне на младите луѓе, исто
така креативните аспекти на учење се:. учењето како постојано создавање на нови
поефикасни врски со природата и луѓето околу себе. Таквото учење е активено, затоа што
ученикот го доживува светот околу себе преку сопствените активности. Овде учењето
поприма карактеристики на служење, а не на манипулирање.

Промени до кои се доаѓа во процесот на учење:

- На когнитивно подрачје:- поединецот научува нешто што предходно не знаел, доаѓа до


сознанија кои претходно не ги поседувал, доаѓа до промени во нивоата на знаењето и
неговата примена(анализа, синтеза и евалуација).

- На конативно подрачје-промени во ставови, уверувања, мотиви...

- На психомоторно подрачје-поединецот може да обавува различни психомоторни


активности кои пред учењето не можел да ги прави.

4
Видови учење
Постојат неколку типови на учење:

1. Механичко учење е учење напамет бидејќи материјалот предава буквално, без


уредување, разбирање и создавање на значајна врска меѓу постојните и други материјали.
Во пракса, тоа често се користи терминот буквално учење, или во жаргон "бубање".

2. Опсервационо учење започнува со набљудување на став кој гласи: за да ученикот или


студентот биде успешен, мора да биде внимателен, да има пристап и да ги задржи
информациите, тој мора да биде мотивиран, да поседува желба за учење и да биде во
состојба точно да ги репродуцира саканите вештини.

3. Учење со откривање е метод кој се базира на еден пристап кој учениците или
студентите треба да го воспостават и да комуницираат со околината и така тие откриваат и
манипулираат со објектите, доаѓајки до прашања и контроверзии, преку експеримент.
Главната карактеристика на учењето преку откривање е дека она што треба да се научи, не
е дадено, туку ученикот мора самостојно да дојде до тоа, и да го открие.

4. Конвергентно учење уште се нарекува и логично учење, бидејќи тоа е врз основа на
правилата на логично размислување, и логично распоредени траги од интелектуална
работа која води кон точно решение. Овој метод на учење е својсвен за научните области
во училиштето, како што се математика, физика, хемија, биологија, историја, географија,
итн, односно. областите во кои од ученикот е повеќе се бара логично размислување.

5. Активно учење е учење преку работење, извршување на задачите и лична акција. Се


постигнува со директно вклучување на студентите во процесот на учење.

6. Дидактичко учење е традиционален процес на учење во кој  во центарот на процесот на


учење е учителот и се карактеризира со предавања, демонстрации, тестирања на
учениците и директно учење.

7. Програмирано учење е модерен начин на учење, каде што поголемиот материјал се


разложува во низа на меѓусебно поврзани делови кои студентот потоа ѓи учи сукцесивно,
дел по дел. После секој совладан дел, ученикот го проверува знаењето и напредува
индивидуално во однос на неговите претходни знаења.

5
Поучување

Поучувањето претставува планирано водење и поттикнување, насочување, помагање,


следење во процесот на учење со цел да се оспособи ученикот сам да го регулира
сопственото учење.- односно претставува помош во процесот на учење.

Со поучувањето се пренесуваат знаења, систем на вредности во кондензирана форма со


примена на различни методи, техники, технологии.

Поучувањето е составен дел на процесот на образование, но процесот на образование не


може да остане само на формата на поучување.

Образование

Образование претставува процес на пренесување, усвојување и стекнување ,,заработка,,


на систем на знаења, вештини и навики. Образованието исто така претставува процес на
развој на способностите , формирање на ставови и систем на вредности, процес на развој
на волево-емоционалните карактеристики, насочено на побудување на мотивација,
интереси и особини на личноста. Низ процесот на образование се менуваат и тенденциите
во однесувањето на поединецот, со образовнаито се доаѓа и до промени на когнитивно,
конативно, афективно и психомоторно подрачје. Образованието вклучува и воспитни,
покрај образовните содржини. Најзначајна образовна институција од образовно-воспитен
карактер е училиштето.

Образованието има важна функција во секое општество. Поради важноста на


образованието секоја влада сака да ја дефинира својата концепција и содржина, за секој
поединец да ги прифати вредноста и нормите на системот. Поради тоа државата
обезбедува финансирање на образованието. Покрај тоа, во однос на содржината, се обиде
да утврди социјалните норми и вредности и да се изгради свест за припадност кон својата
заедница, општествена група, религија.

6
Преку едукација и исто така се развиваат чувства за сопствената култура, почитување на
принципите и солидарноста. Преку школување се обликува свеста и гледиштето на
поединецот, кога станува збор за процеси во општеството. Сите образовни системи се
базираат на познавање на историјата на општеството. Институционализацијата на
образованието и покрај тоа што врз основа на усвојување на збир од правила и социјални
вредности, се огледува и во знаења и вештини кои поединецот ги совладува во процесот
на обуката. Преку силен образовен систем се менува структурата на општеството, на
семејството и професијата.

Воспитание

Воспитанието претставува процес на модифицирање на однесувањето односно


формирање и самоформирање на личноста во одредени услови и под влијание на одредени
фактори кои произлегуваат од психоструктурата на личноста, карактеристиките,
потенцијалот и социо-културните услови.

-процесот на формирање претставува вид на манипулација

-воспитанието не е можно без активности на воспитаникот

-воспитанието е процес на влијание односно дејствување на поединецот, но е процес на


повратна врска на влијание на поединецот и на оние кои воспитуваат.

Воспитанието се врши во сите манифестации на животот, во семејството, училиштето,


надвор од него, детски, младински, општествени организации.

На воспитанието делуваат:

- начинот на живот,
- општествените сфаќања и односи,
- средставата за информирање,
- културните институции

7
- Општествената ангажираност на самите воспитаници, неговите лични ставови,
активности и контакти во слободното време.

Настава
Настава е развојно-образовен процес кој се одвива плански и организирано под водство на
воспитувач (наставник, професор) и во присуство на воспитаник (ученик или студент). Наставната
работа најчесто се изведува во педагошки институции (училиште, факултет и сл.) и е насочена кон
севкупниот развиток на воспитаниците.

Компоненти на наставата

Наставата е предмет на проучување на дидактиката. Целта на воспитанието во наставата е


да се создаде критична, независна, автономна, креативна, човечна, образована,
мултикултурна личност која е отворена за сите сегашни и идни промени во општеството
во кое се наоѓа. Компонентите на овој систем се:

 Ученик ( учење, стекнување соодветно искуство кое ги воспитува и покренува);


 Наставник (предавање, односно неговите активности се фокусираат на
оптимизација на учењето);
 Наставни содржини (претставува основа која овозможува учење);
 Објективни услови (простор и опрема за настава, начин на учење — директно и
индиректно);
 Односи меѓу учесниците во наставата.

Задачи на наставата

Наставата има три основни задачи:

 материјална задача - усвојување на знаења;


 функционална задача - создавање и развој на способности (психофизички развој);
 воспитна задача - усвојување на морални правила, норми на однесува

8
Заклучок

Основните концепти на дидактика, како што се образованието, знаењето, учењето и


наставата се термини за кои во било која област би можело да се дискутира.Затоа што тие
се концепти кои имаат широчината на своето значење.  Тука накратко е претставено она
што е најважно. На крај, сите концепти споменати настава, учење, образование
воспитание, се тесно поврзани и неразделни.

You might also like