You are on page 1of 42

1

ПОИМ И СУШТИНА НА НАСТАВА- Наставата е сложен процес, плански организиран и воден, во кој учениците усвојуваат знаења, стекнуваат вештини и
навики, психофизички се развиваат и се воспитуваат. Со тој процес раководи наставник кој е стручно, дидактичко- методички и психолошки подготвен да ги остварува
задачите на наставата.Наставата има три основни задачи: материјална (стекнување на знаења, вештини и навики), формална (психофизички развој) и воспитна
(воспитување на личноста). Врз основа на главните карактеристики се изведува дефиницијата за наставата.Наставата е воспитно-образовен процес заснован врз
општествено одредени цели и задачи кои се остваруваат преку дидактички обликувани содржини, низ разновидни форми и со помош на различни средства. Тоа
е плански организиран воспитно-образовен процес со кој раководи наставникот чија задача е да им помага на учениците да стекнуваат знаења, вештини и навики и
да се развиваат како личности.Секој обид за сведување на наставата само на воспитната или само на образовната компонента е погрешен.Воспитувањето е
поширок поим од наставата, бидејќи врз учениците воспитно влијае не само училиштето, туку и семејството, медиумите и целокупното опкружување.И
образованието е поширок поим од наставата бидејќи учениците го стекнуваат и пред да појдат на училиште и надвор од училиштето во семејството, преку
средствата за информирање, во животната средина.Во дефиницијата за дидактиката се дадени трите фактори во наставата (дидактички триаголник): ученик, наставник и
наставни содржини.Функцијата на наставникот е да ги избира и да ги подготвува наставните содржини и да им помогне на учениците полесно да ги совладаат и усвојат.
Неговата активност се нарекува подучување, а се состои во организирање и раководење со наставниот процес со цел учениците да стекнуваат знаења, вештини и навики
(материјална задача на наставата), да се развиваат како личности (формална задача) и да се воспитуваат (воспитна задача).
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ ВИ НАСТАВА- Наставата како најорганизиран и најсистематичен облик на образование ги остварува задачите кои се темелат на
општата цел. Задачите се утврдени со наставниот план и програма и се остваруваат низ разновидни предметни содржини кои се реализираат во наставниот процес и
другите активности кои ги организира училиштето.Сите задачи се распоредуваат во три основни категории: материјални или образовни задачи, формални или
функционални задачи и воспитни задачиПод материјални задачи се подразбира обврската на училиштето низ наставата да им овозможи на учениците да
стекнуваат знаења, вештини и навики во согласност со пропишаната наставна програма. Општо речено наставата треба да придонесе учениците да го запознаат светот
околу себе, да ги сватат природните и општествените појави и човековото мислење како најголем дострел на човековиот еволутивен развој.На тој начин училиштето
им помага на учениците да формираат поглед на свет и си најдат права улога во животното опкружување. За наоѓање на сопствената позиција во општествената и
природната стварност не се доволни знаењата сами по себе.Формалните (функционалните) задачи на наставата пред училиштето поставуваат барање низ
наставниот процес главно внимание да му се посвети на психофизичкиот (мисловен, сетилен, вербален, практичен и физички) развој на учениците. Без
ваквиот развој стекнатото знаење нема многу да им помогне на учениците дури и доколку е обемно.За менување на стварноста и подобрување на
животните услови покрај одредената количина на знаења, вештини и навики неопходни се и развиени способности.Реализирањето на формалната
задача на наставата не треба да се набљудува одвоено од метеријалната задача. Со усвојувањето на знаења ученицитего развиваат и помнењето, но во тој
процес неопходно е да се развиваат и другите психички компоненти: судење, воопштување, заклучување, внимание и сл.Училиштето треба да ги оспособи
учениците за доживотно и самостојно учење.Ученикот кој има знаења, а не ги развил интелектуалните способности може да дејствува само како репродуктивец, а
не како личност која ja менува стварноста и воведува новитети.Наставните програми треба да се состојат од содржини и генерализации неопходни за животот особено
за доживотното учење, врз основа на кои учениците ќе ги развиваат своите способности. При избирањето на содржините кои ќе влезат во наставната програма
треба да се оствари хармонија помеѓу содржините неопходни за успешно вклучување во работните процеси и содржините соодветни за развој на психичките
функции. Голем дел од содржините ги задоволуваат овие два критериума, но некои повеќе одговараат на едниот, а некои на другиот па треба да се најде потребен
склад.При конкретизација на задачите за секоја наставна единица, наставникот треба да води сметка дека учениците преку наставата треба и да стекнуваат знаења и
да ги развиваат способноститеВоспитни задачи- Карактерот на воспитните задачи зависи од општествените услови во кои училиштето ja остварува својата
функција.Училиштето и наставниците треба да се борат против идеологизација на наставните содржини бидејќи често се случува идеологијата да ja замагли научната
вистина.Воспитната вредност на наставните содржини е различна. Воспитниот набој е голем во текстовите од областа на книжевноста и во темите по историја и
наставникот е должен тоа да го искористи.Целосен воспитен ефект е постигнат доколку ученикот во соодветна животна ситуација ги применува стекнатите знаења.
Наставата мора да го подготви за активна улога во животот и за критички однос кон стварноста.Долго во законските документи било истакнувано дека главна цел
2

на образованието е сестран развој на личноста. Иако оваа цел има цврста хуманистичка основа, таа е помалку нереална бидејќи само исклучително надарени
поединци можат да бидат успешни во најразлични области (математика, уметност, спорт). Многу пореално е доколку како цел се постави целосен развој на
потенцијалите на учениците.Во секоја дидактика се нагласува дека училиштето треба да ги воспитува учениците умствено, морално, телесно, естетски и работно.
Колку ќе постигне некој ученик на пример во естетскиот и телесниот развој, зависи од наследството, но и од квалитетот на работата на наставникот и залагањето
на ученикот.
КЛАСИФИКАЦИЈА И ВИДОВИ НАСТАВА-А: Класификација на наставата според институциите во кои се реализира. Врз основа на овој
критериум имаме: предучилишна, основношколска, средношколска и универзитетска настава.а) Во предучилишните установи нема настава во класична
смисла.Со програмата за реализација на активности не е предвидено "пренесување на знаења", но се влијае врз воспитувањето и развојот на детето. Со реализација на
предвидената програма, особено низ игра и со користење на богат дидактички материјал, се поттикнува развојот на психофизичките способности кај децата, пред се
говорот, мислењето.Во предучилишните установи не се предава, не се проверува и не се оценува, но тука се стекнуваат знаења, вештини и навики според можностите
на децата. Ваквата активност поприма некои важни карактеристики на наставатаб) Основношколска наставаЦелта на основното училиште е учениците да ги совладаат
основните знаења, да ги стекнат неопходните вештини и навики, да се развијат физички, умствено, работно и естетски. Знаењата стекнати во основното училиште се
основа за понатамошно професионално образование. Наставата во основното образование е поделена на одделенска и предметнав) Средношколска
наставаСредното образование во различни земји трае различно (најчесто четири години). Во некои земји постои нижа и виша средна школа.Нижата подготвува за
вклучување во работата, а вишата за понатамошно образование. Во системот на средни училишта постојат општообразовни и стручни училишта.Општообразовните
средни училишта воглавно даваат теоретски знаења кои служат како подготовка за на факултет.Наставата во стручните училишта е насочена кон стекнување на
стручни знаења, вештини и навики, односно професионално оспособува за разни видови на работа, но и учениците со завршено средно стручно образование можат
да се запишат на соодветни факултетиг) Универзитетска наставаНаставата на факултетите има високо теоретско и стручно ниво. На факултетите се практикуваат
различни видови на работа: академски предавања, семинарски вежби, работа по групи, колоквиуми, институтска научна работа, пракса во лаборатории и фирмиБ:
Кпасификација на наставата според припадноста на одредена научна област.Ако се примени поширока класификација на наставата според припадноста на одредена
област постојат следниве групи: настава по природни науки, настава по општествени науки, настава по лингвистички науки и настава по технички науки.Според
потесната класификација за секој предмет постои посебна настава: настава по мајчин јазик, настава по странски јазик, настава по математика и сл.В: Кпасификација на
наставата според обликот на комуникација. Постојат различни видови на настава во зависност од тоа на кој начин наставникот комуницира со учениците
(студентите).а) Непосредна настава.Непосредната настава е таков вид на наставен процес во кој наставникот непосредно комуницира со еден ученик, група ученици
или цело одделение. Непосредната комуникација може да биде индивидуална или колективна во зависност од тоа дали наставникот му се обраќа на еден
ученик, група или одделение.Во музичките и други видови на училишта честа е индивидуалната комуникација. Колективната комуникација најчесто се
применува при обработка на наставна содржина особено онаа која може да се обработи со нарацијаб) Посредна настава.Посредната настава е таков вид на наставен
процес во кој поединците, паровите или групите самостојно ги совладуваат наставните задачи. Нив наставникот им задава задачи и упатства, тие самостојно
работат и во завршната фаза тој утврдува какви се резултатите.Овој облик на настава не се препорачува при работа со ученици од помала возраст, бидејќи тие сеуште
не се оспособени за самостојна работа, соработка во парови или во групАв) Далечинска настава.Далечинската настава е комуникација помеѓу наставникот и
учениците со посредство на пишани материјали, радио, телевизија, аудио или видео касети.Комуникацијата може да биде двонасочна - кога учениците слушаат
предавања и толкувања, но со помош на техничките средства или на некој друг начин им се овозможува сами да поставуваат прашања и даваат одговори, и
еднонасочна - кога учениците добиваат задачи, слушаат и гледаат, но немаат можност сами да учествуваат во комуникацијата.Г: Класификација на наставата
според објектите на изведување на настава. Основа за оваа класификација е просторот во кој се реализира наставниот процес.а)Настава во училница.Настава во
училница се реализира во т.н. класична училница која е погодна за теоретска настава во која доминира зборот. Во ваквата училница преовладува вербална и
демонстративна настава.Бидејќи овие две форми не се доволни за современата настава наставниот процес постепено се "сели" во посоодветни и поопремени
простории.
3

б) Кабинетска или лабораториска настава.Кабинетска или лабораториска настава е назив за наставата која се изведува во кабинетите или во лабораториите. Наставата
во кабинетите, доколку тие се опремени согласно пропишаните норми, овозможува експириментално докажување, проверка и практична вежба што придонесува за
квалитет и трајност на знаењата.
в) Настава во природа.
Наставата во природа има многу предности над другите видови на настава кога треба да се обработат некои содржини од областа на природните науки, бидејќи
овозможува непосредно запознавање и доживување на природните појави.
Овој вид настава исто така овозможува и изострување на способноста за набљудување на учениците.г) Настава во културните и други установи.
Изведувањето на наставата во културните и други установи пружа можности за впечатливо толкување на поедини наставни содржини и тематски целини. На пр:
театарската представа може да биде основа за во училиштето успешно да се обработи некоја наставна единица.
За реализација на наставата во културни или други установи, наставникот мора добро да се подготви во спротивно, гледано од дидактички аспект тоа може да
биде изгубено време.
Д: Класификација на наставата според употребата на дидактички медиуми.
Основен критериум од кој се поаѓа при оваа класификација е доминацијата на одреден дидактички медиум во наставниот процес.а) Настава преку радио.
Предноста на овој вид на настава е тоа што во неа можат да се користат разни извори и да се ангажираат компетентни стручњаци во подготовка на
образовните радио емисии. Динамиката во рамки на образовните радио емисии се постигнува преку дијалог, прашања и одговори кои ги поттикнуваат интересите на
учениците.
Недостаток на овој вид настава е тоа што радио емисиите можат да се користат само во одредено време кое ретко се совпаѓа со распоредот на часовите. Овој
недостаток може да се надмине со снимање на емисијата и нејзино емитување на часот во кој е планирана реализацијата на соодветната содржина.б) Телевизиска
настава.Оваа настава има значајни предности и силно влијание врз учениците. Истражувањата покажале дека телевизијата влијае врз будноста на учениците
во . текот на наставата, предизвикува силни интересирања и чувства со што придонесува за поголема ефикасност на наставниот процес.
Секако постојат и одредени ограничувања, така на пример тешко е да се индивидуализира оваа настава т.е. да се прилагоди на различните можности на
поедините ученици во одделението.в) Компјутерска настава.Дидактичките можности на компјутерот се големи. Тој може да помогне да се надминат
ограничувањата на традиционалната организација на наставата. Секоја технологија благодарение на своите методи може да напредува до одредени граници. Над
тие граници напредок е можен само со примена на нова технологија.Се смета дека со појавата на новата информациска, компјутерска технологија ќе се реафирмира
индивидуалната работа и секој ученик веднаш по завршувањето на часот ќе има повратна информација за своето знаење.Ученикот, а и наставникот секогаш ќе знаат
на што се.Примената на компјутерот во наставата и медиско-технолошката модернизација на наставната работа во целина претпоставува стручно
усовршување на наставниците од сите области особено од областа на информациската технологијаг) Мултимедијална настава. .Мултимедијална настава се
организира со примена на дидактичките медиуми поврзани во целосен технолошки систем (компјутер, LCD проекгор, графоскоп, телевизија и др.) заради подобра
презентација на содржините и стекнување на оперативни знаења.Мултимедијалната настава се заснова врз позитивните обележја и вредности на секој од
дидактичките медиуми внесени во мултимедијалниот систем.Сите медиуми поврзани во систем го надминуваат збирот од своите поединечни карактеристики и
придонесуваат за зголемување на ефикасноста на наставниот процес.Ѓ: Клзсификација на наставата според функцијата.
Според функцијата наставата ja делиме на:редовна,дополнителна, која се организира за ученици коине постигнуваат
задоволувачки резултати, со цел подобро да ja следат наставата,додатна, се организира за ученици кои повеќе се интересираат за одреден
предмет,
породолжителна или подготвителна, се организира на крајот на учебната
година како подготовка за поправен испит,
курсна настава- се организира за совладување на содржини од некоја област
4

во краток рок.Е: Класификација на наставата според критериумот на дидактичко моделирање на наставата.Според овој критериум наставата се дели
на:егземпларна - се одбираат мал број на содржини од одредено тематско
подрачје кои наставникот ги обработува во соработка со учениците.
Останатите содржини од таа тема учениците ги обработуваат самостојно
според примерокот.менторска - главна одлика на менторската настава е тоа што улогата на
наставникот е сведена на повремени разговори, упатства на учениците или
студентите во врска со темите и содржините кои треба самостојно да ги
обработат.проблемска - во оваа настава се решаваат проблеми. Нејзина задача е да го
развива мислењето и творештвото. Часот започнува со поставување на некој
проблем кој треба да се реши.програмирана настава - е облик на самостојна работа на учениците на
специјално приредено наставно градиво.индивидуализирана настава - учениците самостојно според своите можности и
темпо на работа решаваат задачи прилагодени на нивното сознајно ниво.тимска настава - тоа е настава по еден или повеќе сродни предмети која ja
реализираат тим од наставници.
ИНДИВИДУАЛИЗИРАНА НАСТАВА- Под поимот индивидуализирана настава подразбираме таква организација на наставната работа која се темели на
индивидуалните разлики помеѓу поединците.При реализација на индивидуализираната настава се поаѓа од општите и специфичните способности на учениците, нивните
афинитети, различните потреби и интереси, различните индивидуални искуства, нивото на претходни знаења и информации, темпото на индивидуално напредување,
специфичностите на нивното помнење, начинот на нивно реагирање, формите и стиловите на учење. Овој вид на настава во голема мерка се темели врз самостојната
работа и учење на учениците и континуиреното следење и вреднување на нивната работа. Во овој случај ученикот е поодговорен за сопствените резултати.Етапи на
индивидуализација на наставатаИндивидуализацијата на наставата поминува низ три етапи: подготвителна, оперативна и верификациска.а) Подготвителна етапаОваа
етапа опфаќа избор на форми за индивидуализација и изработка на соодветни дидактички материјали за работа со учениците.Изборот на форми за
индивидуализација на наставата е условен и од можностите на училиштето и наставникот кој ja изведува наставата. За таа цел потребно е да се изработат задачи
за секој ученик, а за тоа се троши многу време.б) Оперативна етапа-Во оваа етапа се реализира планираната артикулација на часот т.е. се организира
самостојно решавање на задачите според можностите на ученицитев) Верификациска етап.Во оваа етапа се согледуваат остварените резултати од
работата и се внесуваат податоци во документацијата за следење и вреднување на индивидуализираната работа на учениците
Форми на индивидуализација на наставниот процесПостојат повеќе форми на индивидуализација на наставниот процес. Во овие рамки подетално ќе се
задржиме на следниве:а) Индивидуално планирана наставаИндивидуално планираната настава е форма на индивидуализација на наставниот
процес кој се заснова на изработка на програма за учење за секој ученик врз основа на неговите претходно утврдени потреби и интереси.
Постојат повеќе важни одредишта при изработката на индивидуализирана програма за работа на учениците. Тие се:-Знаењата на учениците. Со помош
на тестови, евиденциони листи и други
инструменти се утврдува нивото на знаење на учениците.
-Работните навики. Тие се согледуваат со континуирано следење, но и со
испитување со примена на чек-листи.
-Интереси и потреби. Тие се согледуваат со намерно следење и евидентирање
како и со повремено испитување со помош на скали, евиденциони листи и сл.
-Способности на учениците. Се согледуваат општите, специјалните и
нумеричките способности, брзината на реагирање и слично.б) Индивидуализација на наставата со примена на задачи на три или повеќе нивоа
на сложеностИзработката на диференцирани задачи на три нивоа на сложеност се заснова на нормалната дистрибуција на способностите и другите
5

индивидуални потреби на учениците во одделението според кој 25% се надпросечни, 25% се подпросечни и 50% од учениците постигнуваат просечни
резултати.Задачите се диференцираат врз основа на очекуваните категории на ученици: подобри, средни и слаби.в) Индивидуализација на наставата со примена на
групна форма на работа.Индивидуализацијата на наставата со примена на оваа форма на работа, се остварува со решавање на диференцирани задачи во група од 3-5
ученици. Покрај диференцирани во групната работа се применуваат и истоврсни задачи кои се еднакви за сите членови на една група.
ПРОБЛЕМСКА НАСТАВА- Двата основни поими кои се среќаваат во проблемската настава се: проблем и проблемска ситуација.
Посебно е значајно што при решавањето на проблемот постои можност секој ученик да одбере посебен начин и постапка.
Проблемска ситуација е почетната состојба на изненадување, голема заинтересираност и висока умствена и емотивна тензија на поединецот кој треба да го реши
зададениот проблем.

Етапи во решавањето на проблемотРешавањето на проблем е мисловен процес кој се состои од четири етапи:а. Запознавање со проблемот-Поединецот ги запознава
елементите на проблемот и настојува да проникне во нивните меѓусебни врски и односи.б. Реформулација на проблемот.-Врз основа на анализа на зададените
податоци и она што се бара, поединецот согледува што недостасува, во што се состои празнината која треба да ja пополни, го анализира она што е зададено, го
стеснува и конкретизира проблемот, ja локализира тешкотијата и бара начин за решавање.в.Поставување на хипотеза.-Со анализа на она што е дадено и она што се бара
поединецот поставува хипотеза за решавањето на проблемот.г.Проверување на хипотезата.При проверката на хипотезата поединецот поаѓа од тоа дека таа е точна и е
потполно во согласност со начинот на барање решение кој тој го избрал.Артикулација на часот во рамки на проблемската наставаАртикулацијата на часот кај овој тип
на настава не може да се сведе на рецепт. Артикулацијата која ќе ja презентираме во продолжение е само една од можните варијанти:1. Создавање на
проблемска ситуација.Во воведниот дел на часот наставникот поставува проблемска задача, настојувајќи на тој начин да создаде атмосфера на љубопитност кај
учениците, да ja предизвика нивната мисловна активност и целосно да ги мотивира.2. Решавање на проблем.Главниот дел на часот се однесува на решавањето на
проблемот т.е. на анализа и расчленување на проблемот со цел да се согледа неговата структура и да се утврди кој елемент недостасува за да се дојде до решение.
Хипотезите кои се можни решенија на проблемот треба да се јават како резултат на размислувањето на учениците, а не да да ги наметнува наставникот преку
сугестивни прашања3. Вежбање и утврдување.За да се оспособат учениците да стекнуваат знаења по пат на решавање на проблеми, во завршниот дел на часот треба
да им се зададе уште некој проблем од ист тип, но со нешто ново и непознато и да се бара од нив да го решат. Кога повторно ќе се сретнат со сличен проблем,
многу полесно ќе го решат и ќе умеат стекнатото знаење да го применат во нова ситуација.4. Домашна задача.Задавањето на проблеми за домашна работа не смее да биде
рутински дел од работата. Ваквите задачи мора да бидат однапред подготвени. Мора да се остави доволно време за да им се укаже на учениците на што треба да обрнат
посебно внимание при решавањето. Добрите домашни задачи и контролата како се изработени многу ќе помогнат да се утврдат знаењата и ќе ги обврзат учениците
на зголемена мисловна активност.Решавањето на проблем е многу ефикасен вид на наставна работа, но треба да се применува во оние предмети и тематски целини кои
се најпогодни за тоа. Најважно е наставникот добро да размисли за природата на наставниот материјал и да подготви вистински проблемски задачи врз основа на
претходните знаења на учениците.

ТИМСКА НАСТАВА- Тимската настава се јавува како реакција на елабостите на традиционалнатапредметна настава. Тие слабости би требало да се надминат со
тимската настава која се заснова на планирање и обработка на наставните содржини по тематски целини настанати со спојување на содржини од повеќе наставни
предмети (корелација).Во концепцијата за тимска настава се предвидува создавање на тимови од наставници по ист или сродни предмети кои би ги интегрирале
сродните содржини преку соодветно планирање и на тој начин би ja зголемиле економичноста и ефикасноста на наставниот процес.Тимската настава подразбира
тимови од наставници и ученички групи со различна големина, еластично планирање и реализација на наставните содржиниразлична големина на простор и време за
реализација на планирените содржини икористење на современи наставни средства.Со учениците се работи со големи, средни и мали групи.
6

ПРОГРАМИРАНА НАСТАВА- Најзначајна одлика на програмираната настава е такво логичко структурирање на наставните содржини кое
подразбира задржување на важните и одстранување на неважните делови, како и раздвојување на содржините на најситни делови т.е. елементи. Можноста за
повторување на претходното знаење е максимална, а изворите на грешка се сведени на минимум.
Во процесот на програмирана настава постои постојана повратна информација врз основа на која ученикот секогаш и на време дознава дали е на
вистинскиот пат, а наставникот дали процесот тече согласно поставените цели.Основни поими во програмираната наставаВо програмираната настава се среќаваат
следниве поими: програм, тема, секвенца, чекор и алгоритам.Поимот програм во програмираната настава има кибернетичка смисла и поДразбира разложување на
наставната содржина на логички поврзани мали делови лесни за совладување, кои се усвојуваат еден по друг. Усвојувањето на помалку сложените делови представува
услов за усвојување на посложените. Поради тоа содржините не можат да се прескокнуваат.
Тема е содржински логички структурирана целина од наставната програмаВидови програми за програмирана настава

Во програмираната настава можат да се користат три вида на програми: линеарен, разгранет и комбиниран.а) Линеарниот програм го осмислил и поставил
Берхус Фредерик Скинер
(1954). Чекорите во тој програм се распоредени праволиниски. Сите ученици
решаваат исти задачи со свој ритам во зависност од предзнаењата и
интелектуалните можности.
Добра страна на линеарните програми е што овозможуваат секој ученик да работи со свое темпо.
Сериозна слабост им е што не даваат можности за барање на дополнителни информации кои не се вклучени во задачата, а кои им се потребни на некои ученици за да
дојдат до решение. Учениците кои ги знаат тие факти ja решаваат задачата и одат понатака, а оние кои не ги знаат имаат сериозен застој. Тоа значи дека линеарната
програма го индивудуализира само ритамот на совладување, но не ги уважува разликите во способностите.б) Разгранетиот програм ги одстранува недостатоците
на линеарното
програмирање. Во овој програм за секоја задача обично се дадени повеќе одговори,
а ученикот го бира оној кој го смета за точен.
Предност на разгранетиот програм е тоа што му овозможува на ученикот некои чекори кои ги знае да ги прескокне, а на оној кој не знае му нуди дополнителни
информации.
Разгранетиот програм овозможува не само индивидуализација на темпото на учење туку и диференцијација на наставните содржини и постапки.
Недостаток во однос на линеарниот програм му е помалата мисловна активност на учениците кои не ги решаваат задачите туку бираат решение од
понудените.в) Комбинираниот програм е комбинација на линеарниот и разгранетиот програм.
Неговата цел е да ги спои предностите и да ги избегне недостатоците и на едниот и на другиот. Во линеарниот програм се внесуваат елементи на разгранетиот со
цел донекаде да се диференцираат содржините и постапките на учење.Барања кои треба да ги исполни програмотИма три основни барања кои треба да ги исполни
програмот наменет за програмираната настава. Тие се разбирливост, одреденост и резултативност.а) Разбирливост се постигнува со расчленување на целокупниот
наставен
материјал на логички поврзани и лесни чекори кои се совладуваат постапно, по
логички редослед.б) Одреденост се постигнува со креирање на таква алгоритамска структура
која овозможува да се реализира предвидената цел на учењето т.е. постепено да се
совладуваат се посложени мисловни операции.в) Резултативност се постигнува со точна проценка на сознајните можности
7

на секој ученик и организација на наставниот процес прилагоден на секој ученик.


Сите ученици мора да постигнат потполн успех.Можности за примена на програмираната наставаСодржините од сите наставни предмети можат да се програмираат во
рамки на програмираната настава.Програмираната настава е најпогодно да се примени во следниве случаеви:а) При обработка на содржини во кои се бара нивно
усвојување на ниво на репродукција, а учениците за да ги усвојат тие содржини мора да: расудуваат, објаснуваат, анализираат, поврзуваат.б) Усвојување на
умеења и навики. Учениците треба да ги применуваат
расположивите знаења во праксата т.е. да решаваат задачи кои бараат конкретна
примена на претходно стекнатите знаења или извесна модификација во примената
на знаењата.в) Трансформација на знаењето. Учениците треба да ги применувааат
усвоените информации за решавање на практичните задачи во нови ситуации
(трансфер на знаењето).Нерационално е програмираниот материјал да се користи за повторување или проширување на предходно усвоените знаења.
ЕГЗЕМПЛАРНА НАСТАВА- Именката егземплар (exemplar) доаѓа од латинскиот јазик и означува пример, примерок. Егземпларната настава е всушност
настава за пример, за углед.Основно гледиште на поборниците на овој вид на настава било дека огромната маса на научни факти до кои се дошло преку научно
технолошката револуција и кои се внесени во наставните програми не можат да се совладаат во рамки на наставата.Решението е најдено во издвојувањето на типичните
содржини од наставната програма по одреден предмет кои можат да бидат репрезентативни примери за соодветните тематски циклуси.Таквата обработка на
егземпларни наставни содржини им служи на учениците како пример за самостојна обработка на аналогните (сличните) содржини. Во тоа се состои суштината на
егземпларната настава.
Фази во реализацијата на егземпларната настава.Прва фаза во подготовката на егземпларна настава е селекција на содржините.На почетокот темелно се проучува
наставната програма по соодветниот предмет, се воочуваат содржините кои припаѓаат на иста тема и имаат исти карактеристики. Потоа од повеќето слични содржини
се издвојува она што е репрезентативно т.е. егземпларно.На крајот на оваа фаза наставникот пред себе треба да има два вида на содржини: егземпларни кои се помалку и
аналогни (слични) кои се повеќе.

Втора фаза во реализацијата на оваа настава е обработка на егземпларната содржина. Таа содржина мора да биде обработена од страна на наставникот на
највисоко дидактичко-методичко ниво. Наставникот секогаш треба да има на ум дека неговата обработка е модел по кој покасно ќе работат учениците. Третата фаза е
самостојната работа на учениците. Врз основа на обработката на егземпларната содржина, учениците сами треба да ги обработат, аналогните (сличните) содржини.
На учениците може да им се зададе иста задача за самостојна работа, а можно е и одделението да се подели на неколку групи и на секоја да и се зададе друга
задача.Во четвртата фаза се повторуваат и систематизираат сите содржини, егземпларните, кои ги обработил наставникот и аналогните кои според неговиот модел ги
обработиле учениците.Целта е стекнатото знаење да биде логички поврзано, учениците поедините содржини да ги сватат како дел од поширока тематска целина. Оваа
фаза и на наставникот и научениците им овозможува да го сватат квалитетот на самостојната работа, да увидат каде се појавиле слабостите и да ги поправат.
МИКРОНАСТАВА-Микро наставата е таков вид на настава која се реализира во многу кратки наставни единици кои траат од пет до десет минути, а се
работи со група од четири до осум ученици.Служи за подготовка на студентите или наставниците кои се вработени за практична работа во одделение. Се карактеризира
по тоа што:-студентите и наставниците работат во реална наставна ситуација
(реализираат редовна наставна програма),-бројот на учениците во одделението е многу мал (се работи со мала група),-акцентот се става на вежбање на посебните
наставнички вештини,-овозможува успешна контрола на вежбањето,
-постои постојана повратна информација која обезбедува увид во текот и
резултатите од работата.Студентот или наставникот ja реализира микро наставата, а наставникот-инструктор и останатите колеги ja следат работата. После
реализацијата веднаш следи критичка расправа.
8

Микро- наставата може да се снима на аудио или видео лента која покасно може да се емитува заради критички осврт.
Микро- наставата овозможува за релативно кратко време да се совлада наставничката вештина т.е. практичното водење на час.

ДОПОЛНИТЕЛНА,ДОДАТНА И ПРОДОЛЖИТЕЛНА НАСТАВА- Основна слабост на предметно-часовната организација на


работата и фронталната настава која доминира во ваквата организација е тоа што пред нееднаквите ученици се поставуваат еднакви
барања. Оваа состојба е предмет на постојани критики.Наставата е прилагодена на просечните, претешка е за
послабите, а прелесна е за поспособните, па го забавува развојот и на едните и надругите.П о р а д и т о а с е п р и с т а п у в а к о н
д и ф е р е н ц и ј а ц и ј а н а н а с т а в а т а п о д к о ј а с е iп о д р а з б и р а у с о г л а с у в а њ е на наставниот процес со психофизичките одлики
напоедините ученици. Тоа значи дека се земаат предвид индивидуалните разлики помеѓу учениците во одделението. П о с т о ј а т
р а з л и ч н и к р и т е р и у м и з а к л а с и ф и к а ц и ј а н а ф о р м и т е з а диф еренцијација на наставата, но преовладува поделбата на две групи:
надворешна и внатрешна диф еренцијација. В о н а ш и о т о б р а з о в е н с и с т е м н а д в о р е ш н а т а д и ф е р е н ц и ј а ц и ј а с е п р и м е н у в а о г р а н и ч е н о и т о а
п р и у п и с в о у ч и л и ш т а т а з а к о и с е б а р а п о с е б н а д а р б а ( м у з и ч к и , балетски, ликовни и слично) и при насочување на децата со посебни
потреби во специјални училишта.Внатрешното диференцирање е почесто и во нашата наставна пракса се јавува во разновидни форми. Тие се:
дополнителна продолжителна и додатна настава.А: Дополнителна наставаОвој вид на настава се организира за ученици кои од различни причини
(болест, отсуство од редовната настава и сл.) заостануваат во совладувањето на наставниот материјал.Логично е да се очекува дека дополнителната
настава им е потребна само на мал број на ученици кои тешко учет еден или повеќе предмети. Доколку се случи по некој предмет поголем број на
ученици (третина и повеќе) да заостанува тогаш Помеѓу причините кои можат да се јават се споменуваат следниве:а) За повеќето ученици кои
тешко го совладуваат наставниот материјал,
најчеста причина е недоволниот квалитет на наставата т.е. наставникот не го
прилагодил нивото на своето излагање на можностите на учениците.б) Во одделението има премногу ученици, па наставникот не стигнува со
секој од нив доволно често да комуницира, да ги контролира, да ги воочи пропустите
во знаењето и на време да ги корегира грешките.в) Планирањето на наставната работа, особено непосредната подготовка за
час е насочено кон одделението како целина, без диференцирани барања.
Учебниците се униформни, најчесто прилагодени за просечниот ученик и
неприкладни за учениците кои потешко учат.Организацијата на дополнителната настава зависи од многу фактори. Тие се: бројот на ученици за кои
треба да се организира оваа настава, опременоста на училиштето со наставни средства, стручната и дидактичко-методичката подготовка на
наставникот и сл.Идентификацијата представува согледување и утврдување на кои ученици
им е потребна дополнителна настава. Најзначајна улога во оваа етапа има
наставникот. Овде е неопходен истенчен педагошки такт со цел да се избегне
потценувачкиот однос на останатите ученици кон поединците идентификувани
за дополнителна настава кој може да има опасни последици. Наставникот
треба да настојува секој ученик да го афирмира во некоја област со цел тој да
има позитивна слика за себе.Дијагнозата представува продолжение на идентификацијата и се состои рд
утврдување на причините за заостанување кои кај различните ученици се
различни. Тие се: послаби способности, болест и долго изостанување од
наставата, недоволни предзнаења, тешки услови во семејството, психички
9

трауми и сл. Доколку се утврдат вистинските причини за заостанувањето,


полесно ќе се пронајдат патиштата и начините да се надополни пропуштеното
и ученикот да "фати чекор" со одделението како целина.Планирањето и програмирањето на дополнителната настава се заснова на
утврдените празнини и слабости во знаењето на ученикот и на утврдените
причини за таквата состојба. Наставникот најпрво треба да утврди кои
содржини и поими им причинуваат најголеми тешкотии на сите ученици
одредени за дополнителна настава. За таквите содржини може да се
организира заедничка работа со цела група. За оние содржини кои-
представуваат тешкотија на еден или двајца ученици неопходно е да се
планира индивидуална работа.Реализацијата на дополнителната настава бара примена на разновидни
наставни форми и постапки. Најмногу ќе се применува индивидуализираната
работа, многу помалку групната, а ретко фронталната. При тоа наставникот
мора да води сметка кои методи и постапки најмногу им одговараат на
учениците. Првенствено треба да се настојува да се одстранат причините за
неуспех.
Контролата е потребна и во редовната настава, а во дополнителната особено
се нагласува нејзиното значење. Наставникот секогаш треба да има
информација дали и во колкава мера учениците го совладале наставниот
материјал. Поради тоа вреднувањето треба да биде составен дел од секој
наставен час. Во согласност со резултатите од вреднувањето наставникот го
корегира наставниот процес, повторно го објаснува она што останало нејасно и му укажува на грешките на секој поединец.
Последователна повремена контрола не се врши во рамки на дополнителната настава, туку наставникот овие ученици повремено ги контролира во
рамки на редовната настава за да не заостанат повторно.Б: Продолжителна наставаЗа учениците кои во текот на учебната година не постигнале задоволувачки успех на
крајот од учебната година се организира продолжителна настава.
Целта на оваа настава е тие ученици да го совладаат наставниот материјал
предвиден со програмата и успешно да го завршат одделението. При тоа се поаѓа
од фактот дека тие ќе го совладаат наставниот материјал полесно со помош на
наставниците кои веднаш ќе можат да им укажат на грешките, отколку да работат
потполно самостојно.
Продолжителната настава по својата суштина е еден облик на дополнителна
настава. И во едниот и во другиот случај целта е учениците да го совладаат оној дел
;од материјалот кој не го совладале. Разликата е во тоа што продолжителната
;настава се организира на крајот од учебната година во јуни, а дополнителната во
текот на учебната година паралелно со редовната настава.
Продолжителната настава трае околу 10 дена. Учениците имаат два до
четири часа по оние предмети во кои не го постигнале задоволувачкото ниво на
iзнаење.Наставата ja реализираат оние наставници кои го предавале соодветниот
10

предмет во текот на учебната година, бидејќи најдобро ги познаваат учениците и


Iзнаат каде тие имаат проблеми со знаењето.
Бидејќи продолжителната настава се организира за време на распустот, можно е наставниците целосно да и се посветат. Учениците на кои им е неопходна
продолжителната настава се концентрираат само на оние предмети по кои имаат слабуспех.
В: Додатна наставаДодатната настава посебно се организира за надарените ученици кои посебно се заинтересирани за поедини наставни предмети и остваруваат
завиден успех.Целта на додатната настава е кај надарените ученици побрзо да се развиваат творечките способности и интереси во оние области за кои тие имаат
најмногу смисла.Во основното училиште додатната настава се реализира поаѓајќи од програмата за редовната настава. Тематската рамка не се проширува, но
материјалот значително се продлабочува и барањата се подигнуваат на повисоко ниво на сложеност.
ДИДАКТИЧКИ ПРИНЦИПИ- Дидактичките принципи се дефинираат како основни, општи и задолжителни начела според кои се раководи наставникот при
планирањето, организацијата, изведувањето и вреднувањето на наставниот процес.Тие го опфаќаат толкувањето на наставата и нејзините содржини, работата на
наставниците и организационите облици на воспитание и образование.-Нагледност и апстрактност,Систематичност и постапност,Соодветност со возраста на
учениците,Индивидуализација, диференцијација и интеграција,Свесна активност на учениците,Рационализација и економичност,Принцип на научност
1. Принцип на нагледност и апстрактностОвој принцип подразбира стекнување на знаења поаѓајќи од сетилното доживување. Со помош на сетилата за вид, слух,
допир, мирис и вкус поединецот го доживува светот кој го опкружува, ги усвојува фактите за надворешните предмети и на тој начин гради представи за нив.Нагледноста
во наставата е остварена кога им се овозможува на учениците сетилно да ги примаат предметите и појавите кои се обработуваат во наставниот процес.Врз основа на овој
принцип се смета дека учениците можат да ja осознаат објективната стварност на тој начин што прво ќе набљудуваат, потоа ќе размислуваат за сетилното искуство и на
крај тоа ќе го проверат во праксата. За нагледноста во наставата да ja исполни својата цел, неопходно е учениците да се оспособуваат плански да набљудуваат.
Набљудувањето кое има за цел да се проучи некој предмет и случајното набљудување никако не смеат да се изедначуваат. Наставникот треба да го води
набљудувањето, да го насочува вниманието на учениците кон она што е битно, да проверува дали тие го забележале тоа што е битно и како тоа го објаснуваат.
Доколку е потребно треба да им помогне на учениците и во толкувањето.Нагледноста не смее да стане цел сама за себе. Обичното покажување на предмети, слики,
модели без мисловно активирање на учениците не е нагледност во вистинска смисла. Нагледноста треба да овозможи учење преку сопствената мисловна активност и
со сопствено расудување.Неправилната или неадекватна примена на нагледноста може да имаат спротивен ефект.Дидактички одмерената примена на принципот на
нагледност придонесува за подобар квалитет на наставата. Учениците полесно ги сваќаат содржините, емоционално се поангажирани, повеќе се мотивирани и
концентрирани. Така стекнатите знаења се потрајни и подлабоки.
11

Принцип на систематичност и постапностВоспитно образовната работа во училиштето се одвива по одреден систем според кој се подразбира меѓусебна
причинско-последична поврзаност на елементите во единствена целина.Колку што дејноста е посложена толку повеќе се бара таа да се структурира и систематизира.
Наставната работа е исто така сложена дејност бидејќи знаењето е сложен систем од научни факти и генерализации кои учениците треба да ги усвојат и релативно трајно
да ги задржат во својата свест.Принципот на систематичност и постапност подразбира таква организација и реализација на наставниот процес со која се обезбедува
учениците да стекнуваат знаења поврзани во логичен систем на научни факти, поими, заклучоци и закони.Суштината на принципот на систематичност се состои во тоа од
големиот број на научни факти и генерализации да се издвојат таканаречените содржинско-логички упоришта (маркантни точки) и околу нив да се концентрираат
останатите содржини.Во современото училиште систематичноста се однесува на сите аспекти на наставниот процесОстварувањето на принципот на систематичност
започнува со изготвувањето на годишно, месечно и седмично планирање на наставната работа. Понатаму неговата примена се конкретизира и при сите етапи во
обработката на наставните содржини.3. Принцип на соодветност со возраста на ученицитеСо овој принцип се укажува дека изборот и начинот на обработка на
содржините треба да соодветствува со можностите на учениците на одредена возраст.Во прилагодувањето на наставата на возрасните можности на учениците не смее
да се оди ни под ни над нивните можности.Врз основа на овој принцип е поделен целокупниот воспитно-образовен систем на (основно, средно и високо образование)
и на одделенија и класови.Накратко кажано принципот на соодветност со возраста на учениците треба да уважува три барања.Прво. новите знаења мора да се засноваат
на знаењата кои ученикот веќе ги стекнал и усвоил и на неговото животно искуство.Второ, системот на знаења кои учениците треба да го совладаат треба да
придонесува за нивниот интелектуален развој и да доведува до нов квалитет.Трето, на учениците треба да им биде јасно дека тоа што го учет им е потребно за
живот. Тогаш на наставните содржини ќе им пристапуваат многу одговорно.4. Принцип на индивидуализација, диференцијација и интеграцијаПринципот на
индивидуализација бара наставата да се диферанцира толку за да можат да се задоволат разликите помеѓу учениците во поглед на психофизичкиот развој како и во поглед
на можностите, интересите, темпото на работа, искуството и другите особини. На тој начин би требало да им се помогне на учениците максимално да го
искористат својот потенцијал заради личниот развој.Индивидуализацијата се однесува на сите ученици, а не само на послабите, а целта и е потполно да се развијат
нивните потенцијали.Во училиштето индивидуализацијата може да се оствари низ различни форми на работа во рамки на редовната настава како што се: групната работа,
работата во парови и индивидуалната работа.Принципот на диференцијација подразбира наставата во училиштата да се подели и реализира низ разновидни форми заради
усогласување со различните психофизички особини и потреби на учениците.Со наставниот план и програма содржините се диференцирани по наставни предмети, а во
рамки на предметите по наставни теми.Самиот наставен процес е поделен на етапи: вовед, обработка на наставното градиво, вежбање, повторување,
проверување.Наставата се диференцира на редовна, дополнителна, додатна, факултативна, изборна.Одделението по потреба се дели на групи.На различни часови
се применуваат различни наставни методи.Значи наставата треба да се прилагоди не само на возраста на учениците туку и на нивните индивидуални карактеристики.
Неуважувањето на тие карактеристики е основна слабост на денешната настава.Дидактичарите ja разликуваат индивидуализацијата од диференцијацијата.Според нив под
поимот диференцијација на наставата се подразбира различен пристап кон различните ученици, а кога се работи за поимот на индивидуализација на наставата се
истакнува дека станува збор за диференцијација заснована на индивидуалните разлики.Содржините на наставата се диференцираат на наставни предмети, но сознанијата
стакнати во рамки на наставата по одредени предмети треба да се обединат, синтетизираат во целина. Затоа наставниот процес на диференцијација во чија основа е
постапката на разложување, треба да го следи и принципот на интеграција т.е. обединување на деловите во целина.5. Принцип на свесна акгивност на ученицитеЦелта
на училиштето е учениците да го сваќаат учењето не како обврска наметната од надвор туку како своја внатрешна потреба.На тој начин ќе се формираат самостојни и
критички личности, способни за работа и соработка, одговорни кон себе и другите. За таа цел во рамки на воспитно- образовниот процес треба да се применуваат такви
принципи и методи кои ќе ja поттикнуваат свесноста, активноста и самостојноста.Свесната активност кај ученикот ќе се развие доколку низ наставниот процес кај него
се развие потребата за сознавање.Во тој случај тој нема да учи затоа што мора, туку за да ja задоволи својата внатрешна потреба. Кога ќе се формира таква потреба,
исполнет е основниот услов за самообразование, односно за самостојно доживотно учење.Со примена на принципот на свесна активност постепено се преминува од
процес на образование кон самообразование и од контрола од страна на наставникот на остварените резултати кон ученичка самоконтрола.
12

6. Принцип на рационализација и економичностВо сите области на човековата работа се настојува да се постигне максимален учинок со минимална
потрошувачка на време, средства и енергија. Тоа е суштината на принципот на рационализација и економичност кој мора да се применува и во образованието.Ова
прашање не е доволно теоретски разработено, а нема ни доволно истражувања за него. Но, и без тоа искуството говори дека огромни количини на наставно време се
трошат нерационално. Методот на разговор се користи и тогаш кога за него нема дидактичко оправдување, а истиот бара доста време. Во воведниот дел од часот
честопати се троши премногу време, повторувањата се често формални, на учениците им се даваат дидактички безвредни задачи за кои што се троши драгоцено
време.Рационализацијата и економичноста во наставата можат да се остварат со добра артикулација на наставниот час, правилен избор и примена на наставни
методи, техники и средства, добро планирање, користење на доволен број на репрезентативни примери заради поткрепување на содржините кои се усвојуваат и добра
дидактичко- методичка подготовка на наставникот.Еден од условите за рационална и економична настава се и одмерените наставни програми. Преобемноста бара
повеќе време, со што се забавува развојот на ученичките психо-физички потенцијали.
7. Принцип на научностПочитувањето на принципот на научност во наставата значи целокупната наставна работа да се заснова на научно проверени содржини,
форми и методи.Примената на овој принцип и стекнувањето на научно проверени знаења води кон формирање на научен поглед на свет кој е еден од многу важните
цели на образованието.Бидејќи количината на научни информации многу брзо се зголемува, очигледно е дека во рамки на училишните програми не може да се
инсистира на целосен опфат.Наместо тоа се бираат фундаменталните знаења врз основа на кои понатаму се развива сознајниот процес. На тој начин се почитува
принципот на научност.Учениците исто така треба да знаат и дека науката сеуште не ги одгатнала сите тајни за природата и човекот и дека нејзина битна одлика е
развојноста.Накратко, принципот на научност подразбира во наставата да се совладуваат научно проверени знаења, да се согледуваат причинско- последичните
односи помеѓу содржините во рамки на наставните предмети и меѓусебно, методите и формите на работа да бидат научно заснован.

НАСТАВЕН ПЛАН- Основните документи на кои се темели наставта во училиштата, се наставниот план и наставната програма. Со нив се одредуваат
содржините и временската рамка за реализација на образовниот процес.
Со наставниот план се одредува кои предмети ќе се учат, по кој редослед (т.е во кое одделение) и со колкав број на часови по секој предмет.
Понекогаш се нагласува дека наставниот план го пропишуваат просветните власти. Тоа е условно точно, бидејќи во Европа и Америка се поизразена е
тенденцијата еден дел од наставниот план да го утврдуваат и самите училишта согласно локалните потреби (локален курикулум), а еден дел и самите ученици врз основа
на слободен избор на предметите.Значење и видови на наставни плановиВо овој контекст се наметнува прашањето врз основа на што се утврдува кои предмети и со колкав
број на часови ќе влезат во наставниот план?Одговорот е дека одлучувачка улога има системот на вредности на одредено општество. Во зависност од него како појдовна
точка се земаат некои од следниве критериуми:,потребите на општеството- сегашни и идни,потребите на личноста,барањата на традицијата,културно-уметничките
барања,научно-технолошките барања.При утврдувањето на наставниот план најчесто се комбинираат повеќе пристапи. При тоа се настојува да се постигне рамнотежа
помеѓу потребите на личноста и на општеството.
Распоред на предметите во наставниот планПостојат три основни начини за распоредување на предметите во наставниот план. Тие се: линеарен, концентричен и
комбиниран (спирален).
А. Линеарен распоред на предметитеВо линеарниот распоред наставните предмети во текот на школувањето се изучуваат еден после друг, а новиот наставен
материјал е продолжение на претходниот.Никогаш во исто одделение не се изучуваат два предмета паралелно. Прво се совладува еден предмет, па потоа се воведува
друг и така сукцесивно.Линеарните наставни планови се практикувале во училиштата до 18 век. Така на пример во средновековните училишта се учеле: седумте
слободни вештини (septem artes liberales): граматика, реторика, дијалектика (тривиум), аритметика, геометрија, астрономија и теорија на музика (квадривиум).
Предметите се учеле по наведениот редослед.Предности на линеарниот распоред на предметите:Им овозможува на учениците во еден период да се посветат само на
еден предмет. г Го отстранува непотребното повторување.Се олеснува организацијата на наставата.Линеарниот распоред на предметите има сериозни слабости:Ги
обврзува учениците да изучуваат еден предмет по обем и длабочина која често ги надминува сознајните можности на одредена возраст. Го запоставува сестраното
13

изучување на стварноста. Учењето на само еден предмет кај учениците предизвикува заситеност.

Б. Концентричен распоред на предметитеКонцентричниот распоред е карактеристичен по тоа што учениците од исто одделение, почнувајќи од најниското
истовремено совладуваат повеќе наставни предмети.Во следното одделение тие предмети повторно се учат, но содржините се пообемни и посложени
Предности на концентричниот наставен план се:-Овозможува сестран пристап кон стварноста.Содржините се прилагодени на сознајните можности на учениците од
соодветната возраст.Смената на различни предмети во текот на еден ден на учениците им е интересна.Најсериозни недостатоци на овој распоред се:Вниманието на
учениците се дели на повеќе предмети.На учениците им е тешко истовремено да совладуваат содржини од повеќе предмети.В. Комбиниран (спирален) распоред на
предметитеКомбинирањето на двата распореда овозможува искористување на нивните предности и избегување на слабостите.
Комбинацијата на линеарниот и концентричниот наставен план се нарекува спирален наставен план.На овој начин е изработен планот за нашето основно училиште.Џером
Брунер прв ги формулирал и објаснил можностите на спиралниот распоред.
Според него бројот на часови во текот на неделата зависи од нивното значење за воспитанието и образованието и од сложеноста на материјалот кој се
изучува со нив.Во денешно време се чувствува тенденција наставните планови да се прошируваат со воведување на нови предмети што доведува до преоптовареност на
учениците. Се чини дека општеството сака да го претвори училиштето во место за решавање на оние проблеми кои самото не успеало да ги реши.Во овие рамки значајно
е да се истакне дека покрај предметите кои се наведени во наставниот план се реализираат и уште три вида на активности. Тие се:A. Задолжителни воннаставни
активности во кои спаѓа одделенскиот час и
часот на одделенската заедница.Б. Изборни предмети во кои спагаат: странски јазик, мајчин јазик со елементи на националната култура (за припадниците на заедниците
кои следат настава на македонски наставен јазик), и изборни програми за VII и VIII одделение.B. Форми на воспитно-образовна работа со кои се
допринесува за
остварување на наставниот план и програма и целите на основното воспитание и
образование.Тука спагаат: спортски активности на учениците, општествено- корисна работа, ученички екскурзии, слободни акгивности на учениците, културни и
други акгивности, хор, оркестар, додатна настава, дополнителна настава, корективна педагошка работа (за учениците со лесни пречки во физичкиот и психичкиот
развој) и продолжителна настава.
НАСТАВНА ПРОГРАМА-Во педагошката литература поимот за наставна програма различно се дефинира.Едни ja дефинираат како систем на содржини
поделен на наставни предмети врз основа на наставниот план и наменет за образование во соодветен вид и тип на училиште. Други пак нагласуваат дека наставната
програма е училишен документ со кој се пропишани наставните содржини врз основа на предметите од наставниот планВо суштина овие две дефиниции се исти со
таа разлика што во првата дефиниција се нагласува системот на содржини кои се пропишани врз основа на наставниот план, а во втората се нагласува дека е тоа
училишен документИзбор на содржините во наставната програмаСите содржини по својата природа не припаѓаат на категоријата образовни содржини.Грманскиот
дидакгичар Волфганг Клафки смета дека образовните содржини мора да содржат т.н. откривање и отклучување. Тоа значи дека "посебната" содржина во себе мора
да носи нешто "општо".Според Клавки при изборот на наставните содржини треба да се даде одговор на следниве прашања:Која е општата смисла на некоја содржина
т.е. на кој закон или принцип таа
укажува?Какво значење има одредената содржина за оспособувањето на децата и
богатењето на нивното искуство?Дали таа содржина е важна за иднината на децата?Во овој контекст значајно е да се истакне дека образовните содржини се бираат за
конкретни ученници и за одредена општествено историска ситуација. Бидејќи овие услови се променливи и содржините мора да бидат променливи, што значи дека
наставната програма не може да биде трајна.Тоа значи дека основна идеја и насока при програмирање на наставните содржини треба да биде целта на воспитението и
образованието, бидејќи со неа е одредено што се сака да се постигне со воспитно- образовната работа.На пример, целта да се подготви младиот човек за работа не дава
иста рамка за програмирање како целта да се придонесе за целосен развој на личноста.Распоред на содржините во наставната програмаСо наставната програма се
14

конкретизира наставниот план. Со неа се yrepflyBaat обемот, длабочината и редоследот на наставните содржини.Обемот го означува збирот на знаења (факти, судови,
поими) кои треба да се стекнат во едно одделение и збирот на активности кои треба да се реализират. Обемот се усогласува со возрасните можности на
учениците.Длабочината е таква дидактичка категорија која означува квалитет на стекнатите знаења и способности. Тука не станува збор само за познавање на
фактите, туку и за аналитичко согпедување на причинско- последичните врски помеѓу нив. Оваа димензија не може потполно да се прецизира со наставната
програма, неа наставниците ja одредуваат преку својата пракса. Наставникот мора стручно и дидактички потполно да овладее со содржините на својот предмет (не
само на ниво кое се бара од учениците, туку и на научно ниво) за да ja одреди длабочината која треба да ja достигнат учениците.Содржините во наставната програма
треба да бидат распоредени: линеарно, концентрично и комбинирано.А. Линеарен распоред на содржинитеЛинеарниот распоред е кога содржините по еден наставен
предмет во едно одделение се нижат една по друга. Истото важи и за следните одделенија каде што претходно обработените содржини не се обработуваат. Програмата
повеќе не се враќа на обработениот материјал.Ваквиот распоред предизвикува тешкотии во основното училиште бидејќи учениците не се зрели да ja следат логичката
струкгура на науката која е дадена преку линеарниот распоред.Кога наставата се реализира според линеарниот распоред на наставните содржини, ги имаме следниве
етапи:1.на вовед во наставните содржини, од психолошка до научна едноставност, при што се поаѓа од она што на учениците им е психолошки блиско и
по надолна линија се водат до научна едноставност2Втората етапа е етапа на премин од научна едноставност до научна сложеност. Во оваа етапа од претходно
постигнатата научна едноставностсе одикон научна сложеност.Првата етапа доминира во пониските одделенија од основното училиште, а во повисоките одделенија се
преминува на втората етапа која целосно доминира во средното училиште и понатака.Лоша страна на линеарниот распоред е тоа што наставната програма не се враќа
на материјалот предвиден за едно одделение во повисоките одделенија, па постои опасност учениците да го заборават она што го научилеБ. Концентричен распоред на
содржинитеСо концентричниот распоред на содржините се избегнуваат слебостите на линеарниот распоред. Наставниот материјал се распоредува по
концентрични кригови.Во едно одделение содржината од наставната програма се обработува во предвидениот обем и длабочина, во вид на еден концентричен круг.Во
следното одделение таа иста содржина се проширува и продлабочува така што се повторува она што е учено во претходните одделенија.Со ваквиот распоред се добива
на трајност и квалитет на знаењето, но се губи доста време поради што тој е помалку економиченß. Комбиниран распоред на содржинитеСо комбинирање на линеарниот
и концентричниот распоред на програмирање на наставните содржини се спојуваат добрите, а се елиминираат лошите страни и на едниот и на другиот начин. Кај
комбинираниот распоред на содржините учениците во почетокот на учебната година се воведуваат во основниот содржински круг, кој во текот на годината
постепено се пополнува со содржини по системот на претходниот концентричен круг.Ваквата комбинација се линеарно-спирално програмирање.Ваквото
програмирање е применето во нашето основно училиштеВо наставните програми за секој наставен предмет материјалот е распореден по наставни целини, наставни теми и
наставни единици.Наставна целина е релативно заокружен дел од наставната програма по еден предмет. Наставните теми се делови помали по обем од наставните
целини. Наставната единица е содржина предвидена да се обработи на еден наставен час.
НАСТАВЕН ЧАС- За да се свати улогата и значењето на часот во наставата, неопходно е да сенаправи осврт на тоа како се учело некогаш.Имено, се до 17-от
век главна одлика на наставната работа била дидактичката комуникација на наставникот со поединец. Не постоеле одделенија туку учениците од различна возраст и
со различно ниво на знаење биле во иста група.Одделенско-предметно-часовниот систем е воведен од страна на Јан Амос Коменски.Него го карактеризираат:
временски точно одредена учебна година, одделение формирано од ученици на иста возраст и еднакво претходно образование, распоред на часови, работа
со цело одделение, предметна настава, поделба на наставниот материјал на теми и наставен час.Поим и времетраење на наставниот час Како резултат на големиот број
на размислувања во врска со прашањето што е наставен час, дојдено е до следнава констатација: "Часот е интеракгиве" однос помеѓу наставниците, учениците,
наставните содржини и дидактичко-технолошкото опкружување кое по правило се остварува во времетраење од 45 минути."Времетраењето на наставниот час
сеуште предизвикува многубројни расправи помеѓу дидактичарите.Поради тоа во рамки на современата дидактика се бараат поеластични решенија. Имено, во
пониските одделенија на основното училиште наставниот час може да трае 30, 35, 45 и 60 минути, а во повисоките одделенија посебно во средните училишта
можат да се воведат и блок -часови.Етапи на наставниот часНајчести етапи на наставниот час се: вовед (подготовка на учениците за работа), обработка на нов
наставен материјал, вежбање, повторување и проверување.Која етапа ќе биде застапена на некој час зависи од целта на часот.Ретко кога со еден наставен час се
опфаќаат сите овие елементи, а исто така ретко кога е застапен и само еден.
15

Сепак постои некоја логика во редоследот на структурните елементи на наставниот час. Воведот мора да биде пред излагањето на новиот материјал, излагањето пред
повторувањето, а вежбањето и повторувањето можат да си ги сменат местата. Не постои цврст шаблон, но сепак логиката мора де се почитува.Истото важи и за
времетраењето на поедините етапи на часот. Најмногу време ќе и се посвети на онаа етапа која врз основа на поставената цел на часот е доминантна. Така на пример на
еден час ќе доминира излагањето на новата содржина, на друг проверувањето и оценувањето.
Хрватскиот дидактичар Владимир Пољак наведува податоци за приближна процентуална потрошувачка на време на поедините етапи на часот. На пример: вовед- 4%,
обработка на нов материјал- 35%, вежбање- 45%, повторување- 10% и проверување- 6%.
На наставниците овие податоци можат да и послужат само како ориентација, а не како рецепт за реализација на наставните часови.Типологија на наставните часовиИ
покрај тоа што некои дидактичари сметаат дека типологијата на наставните часови преба да се напушти бидејќи го шаблонизира пристапот на наставникот на часот,
други сметаат дека таа е корисна бидејќи во наставниот процес внесува разновидност и представува противтежа на настојувањето да се создаде универзален рецепт
по кој би се држел секој час.
Критериумите за класификација на наставните часови се различни, така што наставните часови се класифицираат според: целта на часот, наставната содржина, наставните
методи, наставните задачи и.т.н.
Најчеста е поделбата според битните етапи на наставниот процес, според кој постојат следниве типови на часови:а. Воведен наставен час
Целта на воведните часови е учениците да се запознаат со задачите и насоките на набљудување на некој нов наставен предмет и да се воведат во содржините и
методите на работа по тој предмет

б.Час за обработка на нов материјалОвој час е предвиден за обработка на нови наставни единици
Наставникот најчесто монолошки или во разговор со учениците го изложува новиот материјал, ги презентира фактите, ги доведува во меѓусебна врска и ги
"потпира" на претходно совладаниот материјал, поаѓајќи од блиско кон далечно, од познато кон непознато, од просто кон сложено.
в. Часови за вежбање
Овие часови се практикуваат со цел да се зацврстат веќе стекнатите знаења.
За таа цел ретко се користи цел наставен час. Обично се издвојува дел од часот за вежбање.
Погрешно е мислењето дека тие часови мора да бидат заморни и досадни. Доколку се менуваат формите на вежбањето, доколку наставникот ги поттикнува
учениците знаењето да го доживеат како успех, овие часови можат да бидат и возбудливи.г. Часови за повторување и воопштување
На крајот на поголеми наставни целини се применуваат и часови за повторување и воопштување.
Целта е да се види дали ученикот обработениот наставен материјал го задржал во долготрајната меморија, дали може самостојно да го примени, умее ли да ги
поврзува знаењата во пошироки целини.
Ваквите часови обично се практикуваат после обработката на една тема (тематско повторување), на крајот на тромесечје, полугодие и учебна година.д.Часови за
проверување
Кога наставникот сака да дознае какви резултати постигнал во наставата, организира часови за проверување.
На овие часови тој треба да дознае што и колку учениците знаат.
За оваа цел попрепорачливи се писмените отколку усните проверки. Писмените работи (контролни, тестови, дикгати) наставникот треба што е можно
побрзо да ги прегледа, оцени и да им ги врати на учениците веќе следниот час додека трае исчекувањето.И часовите на враќање на писмените работи спаѓаат
во часови на проверување. Целта е учениците да се запознаат со резулататите.
Поправката на грешките се состои од прашања на наставникот, кратки одговори од страна на учениците и објаснување на поимите.
Најдобрите трудови се коментираат на крајот.
Часот мора да остави силен впечаток врз учениците и да ги поттикне и дома да размислуваат.Наставникот секогаш го планира часот, поставува цели и задачи,
16

предвидува методи, постапки и наставни средства кои ќе ги користи.


Со цел да го оствари планираното, тој мора да умее да го контролира текот на часот.
Ситуацијата понекогаш бара да се направат отстапки од предвидениот план, но тоа не значи дека наставникот ќе работи неплански.
Доколку во училницата не владее работна атмосфера, причините за тоа наставникот мора да ги побара прво кај себе. Мора да се запраша дали неговото излагање и
толкување е лошо, дали неговите монолози се предолги, дали задачите кои ги задава се претешки или прелесни, дали неговото држење е одбојно, агресивно и круто.
Наставникот мора да ги анализира своите часови, особено оние кои се помалку успешни, за да извлече поуки за идната работаАртикулација на
наставатаАртикулација е јасно раздвојување на елементите и нивно поврзување во целина.
Добро артикулиран говор е оној во кој јасно се разликува секој глас.
Да се артикулира наставниот час значи да се согледаат неговите основни елементи и од нив да се обликува целината.Бидејќи наставната работа во суштина е од
психичка природа, задача на наставникот е тој процес психички да го организира.
Кога дидактичарите зборуваат за микроартикулација на наставата, тогаш тие мислат на обликување на наставната работа во помали временски единици пред се
наставен час, а под макроартикулација подразбираат артикулиирање на наставата во текот на неделата, месецот и учебната година.
Поимот артикулација на наставата во дидактиката прв го вовел Хербарт.
Тој поаѓајќи од својата психолошка анализа наставата ja поделил на четири "формални степени": јасност, асоцијација, систем и метод. Секој од споменативе
степени понатаму може да се разложува во зависност од: конкретната содржина, претходните знаења на учениците и конкретната ситуација.
Структурата или артикулацијата на наставниот час значително е условена од наставната содржина која треба да се реализира. На пример часот по ликовно и
часот по мајчин јазик со истите ученици и покрај тоа што имаат заеднички елементи ќе бидат различно структурирани.Но, значајно е да се истакне дека и во различно
структурираните часови постојат три заеднички компоненти. Тоа се. вовед, средишен дел на часот и заклучок.
Во воведниот дел на часот важно е да се пробуди интерес кај учениците и нивното внимание да се концентрира на одбраната тема.
За таа цел наставникот мора да го провери знаењето на кое треба да се "потпре" новата наставна содржина.
Целта на часот мора да се постави кратко и јасно.
Во средишниот дел на часот постепено се презентира новата наставна содржина, која е причинско-последично поврзана со претходната. Битно е фактите да
се изложуваат по логички редослед со цел да се поттикне мисловниот процес.
Завршниот дел на часот во практиката најчесто останува недовршен. Поради лошото планирање на времето, завршниот дел на часот се обработува на брзина
или потполно изостанува.
Овој дел од часот е добра можност наставникот со кратки прашања да ja провери совладаноста на материјалот и да ги поправи пропустите доколку ги има.
Домашната задача која се задава при крајот треба да биде однапред испланирана и подготвена. Таа може да послужи како основа за следниот час. И најдобро
замислениот час неретко останува само замисла. Можат да искрснат тешкотии кои потполно го пореметуваат планираниоттек на часот.
Може да се случи учениците да не го совладале добро претходниот материјал без кој не можат да го сватат следниот. Тоа најчесто се случува во
наставата по граматика и математика. Во тој случај се препорачува замислениот
план да се напушти и наставникот да се врати и да ja објасни претходната содржина.Во продолжение следат неколку примери за артикулација на различни
типови на часовиА: Артикулација на часот за обработка на нови наставни содржини-Создавање на соодветна психолошка клима за работа.-Истакнување на целта на
часот и предизвикување на вниманието.-Работа на часот: разговор, излагање, демонстрација, самостојана работа на
учениците.-Утврдување на материјалот.-Сумирање на резултатите т.е. повратна информација.Б: Артикулација на часот за утврдување на материјалотОвие часови треба
да бидат во функција на темелно совладување на знаење стекнато на часовите за обработка на новите содржини.
Овие часови можат да ja имаат следнава внатрешна артикулација:-Организација на почетокот на часот.-Поставување на целите на часот.-Утврдување т.е. изведување
наодредени вежби и активности.-Сумирање на релултатите т.е. повратна информација.-Домашна задачаВ: Артикулација на часот за систематизација и повторување на
17

содржините-Организација на почетокот на часот.-Поставување на цел и задачи.-Систематизација на наставните содржини.-Сумирање на резултатите од часот и давање на
домашна задачаЧасовите за систематизација на наставниот материјал се користат за анализа и синтеза на претходно обработените содржини поради што се погодни за
развој нг. логичкото мислење.Г: Артикулација на часот за проверувањеОвој тип на час се користи тогаш кога се става тежиште на проверката на знаењата. Бидејќи
постојат различни форми на проверување и часот може да биде различно структуриран. Како на пример:-Објаснување на целта на проверката.-Запознавање со
содржината на контролните задачи и давање на упатства за
работа.-Самостојна работа на учениците.-Претходно сумирање на резултатите од работата. Со оглед на тоа што
наставникот не може веднаш да ги прегледа изработките на учениците во овој
дел на часот тој може да ги праша кои задачи им биле најтешки и да им објасни како требало да ги изработат.
ЕТАПИ ВО НАСТАВЕН ЧАС- Структурата на наставниот процес ja сочинуваат елементите на наставата, нивната меѓусебна поврзаност и распоред. Тие
елементи дидактичарите ги нарекуваат етапи на наставниот процес, а за самата структура се употребува и називот арикулација на часот. Часот е всушност збир од
повеќе поврзани структурни елементи, односно етапи. Тие се: подготовка на учениците за работа, обработка на нови наставни содржини, вежбање, повторување и
проверување вреднување.1. Подготовка на учениците за работа- Подготовката или воведувањето на учениците во работата е етапа која му претходи на главниот дел на
часот.Целта на оваа етапа е и наставникот и учениците да се подготват за реализација на задачите поставени со наставната единица.
Таа опфаќа: подготовка на наставни средства и материјали неопходни за часот, најава на темата, истакнување на целта на часот и создавање на поволна
работна атмосфера.о Материјапно- техничката подготовка ги обврзува наставниците и учениците да ги подготват потребните наставни средства и
материјали. Каква ќе биде оваа подготовка зависи од тоа каков тип на час е планиран.
Сознајната подготовка подразбира наставникот да ги информира учениците што ќе работат на часот.
Оваа подготовка може да се реализира на почетокот на часот непосредно пред главната етапа, а можно е тоа да се направи и предходно. Доколку учениците
се подготвуваат на почетокот на часот наставникот треба да им каже некој интересен детаљ непосредно поврзан со темата која ќе се обработува. Важно е да се
поттикне нивниот интерес. За таа цел може да се искористи и некоја пригодна фотографија, народна поговорка и анегдота.
Психолошките подготовки служат учениците психички да се мобилизираат и подготват за задачите кои им предстојат во главната етапа на наставниот час.Во оваа
ситуација наставникот е должен со одредени прашања, истакнување на пракгичното значење на содржините кои треба да се совладаат и укажување на некој соодветен
пример да ja поттикне нивната љубопитност.
Психолошката подготовка треба да им помогне на учениците да сватат дека најавената содржина е важна во секојдневниот живот и на тој начин да ги
заинтересира за работа како и да ги покрене нивните умствени сили на соодветен напор.Воведниот дел на часот треба да биде целосно во служба на главната етапа.
Времето мора да биде употребено многу продуктивно, т.е. не смее да се тапка во место. Тоа значи дека доколку наставникот со еднО прашање го пробудил
интересот за темата, не е потребно да се поставува слично прашање и истиот проблем да се проширува и продлабочува.Мора да се почитува принципот на
економичност и да се остави доволно време за главната етапа2. Обработка на нови наставни содржиниГолем број на дидактичари обработката на наставните
содржини ja сметале и сеуште ja сметаат за главна етапа во структурата на наставниоте час. При тоа тие поаѓаат од факгот дека се што и претходи на оваа етапа се
превзема со цел таа што подобро да успее. Истакнувањето на значењето на оваат етапа придонесува за тоа оваа етапа што подобро да се втемели и образложи додека
другите етапи се маргинализираат.Погрешно е некоја етапа однапред да се прогласува за главна, бидејќи не постои таква етапа која во структурата на часот секогаш ќе
биде главна. Има часови на кои повторувањето на наставниот материјал е главна етапа. Се зависи од тоа кои цели и задачи треба да се остварат на наставниот час.Извори
на знаењеСите извори на знаење дидактичарите ги делат на примарни и секундарни.Примарни извори се оние кај кои знаењето се стекнува непосредно.
Предноста на примарните извори е во тоа што учениците одредени факти ги примаат емотивно т.е. сознанието започнува од доживување, продолжува со
мисловен процес и завршува со генерализација.Но, тешко е и невозможно целиот материјал да се обработи со примарни извори. Поради тоа наставникот може да ги
упати учениците самостојно да набљудуваат одреден процес, но на крајот ќе се користат со учебникот како секундарен извор во кој се исложени систематизирани
знаењатаНекогаш учениците одредени појави подобро ќе ги разберат од секундарни извори.
18

При користењето на изворите на знаења наставникот ги уважува законитостите на сознајниот процес, во кој секогаш се поаѓа од некои конкретни факти, кои
мисловно се преработуваат додека не се дојде до генерализации. Потоа тие генерализации се проверуваат во праксата со што се затвара кругот на сознанието.
Наставникот треба да најде складен однос при користењето на примарните и секундарните извори на знаења, водејќи при тоа сметка за природата на
материјалот, како и за тоа што едните односно другите извори можат да пружат во сознајниот процес.Димензионирање на знаењето
Димензионирањето на знаењето се постигнува со утврдување на обемот и длабочината на содржината која ќе се обработува на часот со што во голема мерка се
одредува оваа етапа на часот.Наставникот го димензионира знаењето врз основа на наставната програма и достигнатото ниво на знаења на учениците т.е. составот на
одделението.Во рамки на обработката на нови наставни содржини наставникот е должен новостекнатите знаења заедно со учениците да ги структурира во систем на
знаењЕ. .е. да воспостави логички причинско-последични врски помеѓу претходно стекнатите знаења и оние кои се усвојуваат, бидејќи трајни знаења се оние кои
се систематизирани.Градуирање на знаењето
Градуирањето на знаењето е постепено проширување и продлабочување на знаењето со совладување на ниви факти.
И самата наставна програма која е конципирана линеарно-спирално тежи кон градуирање на знаењата. Во етапата на обработка на нови наставни содржини
наставникот секогаш поаѓа од тоа што учениците претходно совладале од тој тематски круг и истиот постепено се проширува и продлабочува.
Со премалите барања кон учениците се постигнува мал сознаен и развоен ефект, а преголемите барања тие не можат да ги следат па можно е да се
деморализираат. Токму поради тоа треба да се утврди правата мерка.3. ВежбањеВежбањето представува често и систематско повторување на некоја умствена или
физичка активност со цел таа трајно да се усвои, да прерасне во вештина, а доколку е можно и во навика.
Во етапата на обработка на нови наставни содржини учениците стекнале нови знаења со што е остварена само сознајната задача на наставата. Но, со тоа не е
завршена функционалната задача на наставата.
Имено, целта на наставата не е само учениците да стекнат знаења туку да се оспособат и за нивна примена. Така на пример: писменото и усното изразување се
увежбува со проширување и богатење на речениците.Фази во процесот на вежбање
Во овој дел се разликуваат три фази: почетно вежбање, основно и завршно вежбање.
Почетногпо вежбање на учениците им е најтешко, бидејќи во оваа фаза се јавуваат најголем број на грешки.
Наставникот ги следи учениците и им дава упатства како правилно да работат и да совладуваат една по една операција. Доколку забележи дека повеќе ученици грешат
на исто место, за момент ќе ja прекине работата и повторно ќе им објасни на учениците како се изведува таа критична операција.
Кога учениците ќе ja совладаат структурата на одредената активност значи дека почетното вежбање е завршено.Основното вежбање се состои во тоа што веќе
совладаната структура на одредената акгивност учениците поврзано ja повторуваат со што се постигнуваат брзина, точност и рационалност.
Тоа значи дека активноста се изведува целосно, а со големиот број на повторувања се подига квалитетот на вежбањето.
Кај практичните активности основното вежбање доведува до стекнување на вештини, а кај интелектуалните активности основното вежбање доведува до
стекнување на одреден степен на интелектуална способност за правилно и брзо изведување на интелектуалната активност.Завршното или дополнителното вежбање
е всушност секојдневно применување на стекнатите вештини во наставната или било која друга работа во која таа вештина може да се примени.
Постојаното повторување треба да доведе до автоматизација т.е. до изведување на активноста со намалено учество на свеста која во тој случај се
насочува кон други задачи.
Доколку некои ученици во почетокот формирале погрешна навика, за нив треба да се организира корективно вежбање.
Колку ќе трае оваа етапа на часот зависи од сложеноста на активноста која треба да се увежба4. ПовторувањеПовторувањето е етапа во наставниот процес
која има за задача со повеќекратно враќање кон обработените содржини да обезбеди трајност на знаењата на учениците.
Познато е дека процесот на заборавање најсилно дејствува непосредно после усвојувањето на нови знаења, па затоа е неопходно после обработката на нов
содржини тие да се повторат.
Вежбањето и повторувањето имаат многу заеднички работи, но постојат и јасни разлики поради што овие два процеса не треба да се изедначуваат.
19

Кај вежбањето активностите се повторуваат со цел да се стекнат вештини и навики. Тука акцентот се става на сензомоторното помнење.
Кај повторувањето активностите се повторуваат со цел да се запомнат, и тука акцентот е на мисловното помнење.Видови повторување
Повторувањето се класифицира според различни критериуми.
Во наставниот процес тоа може да се практикува на почетокот на часот (поврзување на претходно обработените и новите содржини), во тек на часот (при
обработката на новиата наставна содржина се врши повремено потсетување на претходно обработените содржини-логичко поврзување) и на крајот на часот при што се
повторува материјалот обработен во текот на часот.
Според критериумот на опфатеност на содржините, повторувањето може да биде фрагментарно (делумно), тематско (повторување на тематската целина) и
комплексно (целосно повторување на материјалот совладан во текот на едно полугодие или учебна година).
Гледано според квалитетот повторувањето може да биде механичко (репродуктивно) или творечко (продуктивно).
Репродуктивното повторување се состои во доследно репродуцирање на содржината која ja изложил наставникот, содржина од учебник или некој друг извор на
знаење. Со овој вид на повторување се подразбира помнење на содржината, но потполно е исклучена мисловната активност.
Продуктивното повторување е осмислено повторување на совладаните содржини со разбирање.
Најдобар начин за повторување е примена на стекнатите знаења.

5. Проверување и вреднување на знаењатаПроверувањето е етапа на наставниот час во која наставникот бара и добива повратна информација за резултатот на наставната
активност.
Доколку резултатите покажат дека наставните задачи не се остварени во доволна мерка наставникот е задолжен да го корегира процесот на учење.
Карактеристики на проверувањето
Постојат повеќе карактеристики на проверувањето за кои наставникот мора да води сметка.
За да биде добро проверувањето тоа мора да се одвива перманентно. Тоа значи дека треба да се проверува во сите етапи на наставниот час. Наставникот е
должен да ги проверува знаењата на учениците и во текот на обработката на новите содржини, а не само после изложениот материјал.
На тој начин тој може да види дали неговиот план за часот бил добар и доколку е потребно на време да се корегира.
Важен услов во проверувањето е наставникот да го контролира извршувањето на сите задачи а не само на поедини. Доколку наставникот задал
домашна задача должен е да провери како таа задача е целосно изработена.
Со систематското проверување се овозможива знаењата да бидат подлабоки и потрајни. Учениците треба да бидат на време информирани за резултатите од
проверувањето.
Видови на проверување
Според критериумот време проверувањето се класифицира на претходно (кое се врши на почетокот на учебната година, пред обработката на некоја нова наставна
целина), тековно (на почетокот, за време и на крајот на наставниот час) и завршно (на крајот на полугодието и учебната година).
Според начинот како се проверува проверувањето може да биде: усно, писмено, практично и со тест.

ФОРМИ НА НАСТАВНА РАБОТА- Под форма на наставна работа се подразбира начин на активност на наставниците и учениците која ja карактеризира
соодветен вид на социолошка организираност. Таа зависи од пристапот на наставникот, возраста и составот на учениците како и природата на наставниот материјал
(дидактички триаголник).
Современата дидактика, ja прифатила класификацијата на формите на наставна работа според социолошкиот критериум на: фронтална, групна, работа во
паровИ(тандем) и индивидуална форма на наставна работа.А: Фронтална форма на наставна работаФронталната форма на наставна работа се карактеризира со тоа
што наставникот му се обраќа на цело одделение. Тој наставниот материјал им го изложува, толкува, објаснува и демонстрира на сите ученици истовремено.
20

Прашањата ги поставува до сите во одделението, а ученикот кој што одговара тоа го прави пред цело одделение.
Учениците се концентрирани на активноста на наставникот или го слушаат одговорот на својот другар. Се е исто за сите.
Поради тоа што се работи заеднички, оваа форма уште се нарекува колективна форма на работаВо рамки на фронталната форма на наставна работа се
искристализирале два начина на работа: врзан и слободен.
Врзаниот начин на работа се карактеризира со доминантна улога на наставникот кој цврсто го контролира часот и најголемиот дел од времето го користи за
своја вербална активност.
Слободниот начин на работа се карактеризира со тоа што учениците ги поставуваат целите и задачите на часот, ja планираат и реализираат работата и
изведуваат резултати. Наставникот е тука во улога на организатор, тој ja организира работата, насочува и помага. Но, и во слободниот начин на работа, доколку цело
одделение е истовремено ангажирано на иста содржина или задача, фронталната настава ги задржува своите основни карактеристики.
Предности на фронталната форма на наставна работаФронталната форма има голема вредност и затоа толку долго се одржала во рамки на работата на училиштата.-
Таа е многу економична форма на работа. Еден наставник работи со голем
број на ученици и на тој начин со помал број на наставници се образуваат
повеќе ученици.-Со фронталната форма на работа полесно се постигнува систематичноста во
наставата, бидејќи е многу нагласена улогата на наставникот кој доследно ги
реализира однапред поставените цели и задачи.-Со заедничка работа успех постигнуваат не само просечните ученици, туку и
оние послабите кои сами не би можеле да совладаат некои содржини.-Воспитното значење на фронталната форма на работа е големо. Имено,
учениците меѓусебно се запознаваат, соработуваат, се солидаризираат и се
социјализираат. Колективот воспитува, така на пример некој плашлив ученик,
под влијание на другите може да се охрабри.-Во фронталната форма на работа владее натпреварувачки дух. Ученикот има
можност јавно да ги манифестира своите вредности што стимулативно
дејствува врз неговата работна активност. На тој начин оваа форма на
наставна работа влијае врз личниот развој на поединецот.Слабости на фронталната форма на наставна работаКритиките на оваа форма на наставна работа се
особено интензивни кон крајотна 19 век.
1. Фронталната форма на настава е насочена кон просечниот ученик.
Надпросечните и надарените ученици се запоставени бидејќи нив не им
одговара ниту нивото ниту темпото на таа настава.
Исто така лошо поминуваат и послабите ученици бидејќи за нив нивото е превисоко. Тие поради тоа се деморализираат и уште повеќе заостануваат.
Накратко, во фронталната настава нема диференцирен пристап т.е. не се уважуваат разликите помеѓу учениците.
2. Кај оваа форма на наставна работа наставникот е во улога на испорачувач
на готови знаења. Ситуациите во кои ученикот е активен се многу ретки.

3. Во фронталната форма на наставна работа многу е редок контактот на


наставникот со поединечниот ученик, поради тоа можностите за корекција на
евентуалните пропусти се мали.
4. Фронталната форма на наставна работа пружа многу малку можности за
примена на стекнатите знаења, кои поради тоа тие остануваат теоретски и
како такви лесно се забораваат.
21

5. Поради сето ова фронталната форма на наставна работа не смее да биде единствена во наставата, туку мора да се комбинира со групна, тандемска или
индивидуална форма на наставна работа.

Б: Групна форма на наставна работаГрупната форма е таква форма на наставна работа во која одделението се дели на групи кои секоја за себе ги решаваат поставените
барања, а за резултатот од својата работа го информираат одделението.
Наставникот е активен само во првата фаза на часот кога се даваат упатства, а потоа дискретно ja насочува работата и им помага на групите доколку е потребно.
Кога групите го презентираат резултатот од работата наставникот по потреба ги поправа или ги дополнува доколку тоа не можат да го направат другите ученици.
Кај групната форма на работа постои диференцирање на одделението кое само во почетокот кога се врши распределба на задолженија и на крајот кога се
презентира дејствува како целинаЕден од поважните услови за успешна групна работа е големината на групата. Оптималниот број на ученици би требало да изнесува од 5
до 7, бидејќи во поголема група би се изгубиле сите предности на групната форма на настава. Не би се постигнало ангажирање на сите ученици, би се намалила
можноста за интеракција. Додека пак во премалата група членовите би биле преоптоварени, бидејќи секој поединец би имал голем број на задолженија кои во тој случај
не би биле целосно обработениПостојат два вида на задачи за групна работа: исти и диференцирани. Исти се оние задачи кои се еднакви за сите групи. Предности на
овие задачи се тоа што поттикнуваат натпревар помеѓу групите и на наставникот му е полесно дати подготви. Најчесто се задаваат кога се повторува или се увежбува
материјалот. Нивната основна слабост е тоа што нема диференцијација, а токму таа слабост се настојуваше да се избегне со групната форма на работа.Диференцирани се
оние задачи кога секоја група добива различни задачи од иста наставна единица. Со диференцирањето на задачите по тежина многу попотполно се остварува целта
на групната форма на наставаПредности на групната форма на работа-Со групната форма се избегнува основната слабост на фронталната форма
на наставна работа, а тоа е насоченоста кон просечниот ученик.-Во фронталната форма наставникот посредува помегу наставните содржини и
учениците. Кај групната форма нема посредување, учениците сами (со
евентуална помош на наставникот) ги совладуваат сите тешкотии. На тој
начин учениците подобро се подготвуваат за самостојна работа дома.-Преку групната форма на работа учениците подобро се запознавааат помегу
себе, што значи дека групната форма на работа оди во прилог на
развивањето на другарството и социјализацијата на личноста.Слабости на групната форма на наставна работа-Секоја содржина не е соодветна за да се реализира
со групна форма на
работа.На пример писмена работа не може да се пишува групно, тоа мора да
се реализира индивидуално. Слично важи и за содржините кои се засноваат
врз емоции и доживувања, како на пример: лирска песна.-Наставниот материјал кој е многу тежок и ги надминува индивидуалните
можности на учениците исто така не е погоден за реализација преку групна
форма на работа. Обработката на тие содржини треба да ги превземе
наставникот.-Колку и да е привлечна групната форма на наставна работа сепак има
поединци кои се индивидуалци и сакаат да работат сами. Нив не им одговара
група составена од три, четири и повеќе поединци. Поради тоа некогаш може
да постои и група од двајца ученици (пар) или некои ученици да работат
самостојно.-Училиштето треба да има и организационо-технички услови за резлизација на
групна форма иа наставна работа, т.е. доволен број на простории, соодветен
мебел, подвижни клупи и столчиња.-Групната форма на наставна работа треба да ja поддржи цел наставнички
колекгив за таа да успее. Кога се работи групно тоа подразбира учениците
22

меѓусебно да се договараат, да позајмуваат материјали што значи дека не


може да има крута дисциплина и апсолутна тишина. Доколку учениците кај
еден наставник се навикнати на таква работа, а другите наставници тоа не го
дозволуваат кај учениците доаѓа до забуна и тие не можат да се снајдат.В: Работа во паровиРаботата во парови кои некои дидактичари ja нарекуваат тандемска или
партнерска работа е таква форма на наставна работа во која добиената задача ja извршуваат двајца ученици.
Работата во парови е карактеристична по динамиката на односите. Доколку помеѓу партнерите постои подготвеност за соработка, тука може да се постигне добра
двонасочна конуникација и надополнување.
Емоционалната поврзаност може да даде добри резултати, но исто така постои и опасност партнерите помеѓу себе да не се однесуваат критички што може неповолно
да влијае врз нивната работа.Истражувачите сметаат дека парот е наједноставна форма на групна работа и дека е најпогоден и најчесто се применува во фазите на вежбање,
повторување и проверување, бидејќи е економичен затоа што поради поделбата на задачите се троши помалку време, отколку кога се работи индивидуално. Работата во
парови најмногу се применува на часовите по мајчин јазик.Предности на работата во парови-Работата во парови придонесува за развој на другарските односи и
поволно
влијае врз социјализацијата. Тука се учи почитување на туѓото мислење,
толеранција и сл.-Во социјалната интеракција партнерите меѓусебно се поттикнуваат на
соработка и ги корегираат своите ставови.

3. Работата во парови им овозможува на соговорниците потполно да дојдат до израз, што е невозможно со фронталната форма на наставна работа.

Некои истражувања покажуваат дека работата во парови дава подобри резултати во споредба со групната форма на работа а особено во споредба со
фронталната.

Слабости на работата во парови

Нема форма на наставна работа која сама по себе гарантира успех.


1. Членовите на парот мора да бидат оспособени за самостојна работа. Тоа
подразбира одреден степен на знаење и извесна социјална зрелост. Поради
тоа некои автори работата во парови не ja препорачуваат за учениците од
пониските одделенија на основното училиште.
2. Едно од спорните прашања е и составувањето на паровите. Прашањето се
состои во тоа дали треба да се формираат хомогени или хетерогени парови
во однос на успехот на учениците. Некои истражувања покажуваат дека на
подобрите ученици не им одговара да бидат во пар со послаби, додека пак
послабите во тој случај го поправаат успехот.
3. Работата во парови треба да се применува во оние области во кои ќе даде
најдобри резултати, тие се мајчин јазик и математика и тоа во етапите на
23

вежбање и повторување на материјалот.

Индивидуална форма на наставна работаИндивидуалната форма на наставна работа е таква форма во која секој ученик во одделението самостојно ja работи својата
задача. При тоа задачите можат да бидат исти за сите ученици, а можат да бидат и различни.
Историски гледано образованието и наставата започнале со индивидуалната наставна работа. Дури во подоцнениот развој, кога потребите за
масовнобразование станале поизразени се преминало кон фронтална форма на наставна работа.
Постојат три вида на индивидуална работа:А) Работа на наставникот со поединец
Во овој случај наставникот му задава на ученикот задачи и упатства за работа и го упатува во изворите на знаење.
Тие задачи ученикот треба самостојно да ги реши. Доколку нешто не му е јасно од наставникот треба да бара упатства и дополнителни објаснувања.
Наставникот ja следи самостојната работа на ученикот и доколку почувствува дека на ученикот му е потребна дополнителна помош му помага. На некои ученици
им е потребна помала, а на други поголема помош. Целта е со тек на време ученикот да стане потполно самостоен.б) Сите ученици работат исти задачи
Во овој тип на индивидиална работа наставникот им дава исти задачи на сите ученици. Нема диференцирање врз основа на потребите и можностите на секој
ученик. Ова се изведува во рамки на фронталната форма на настава со цел учениците постепено да се осасмостојуваат.в) Учениците работат различни задачи
Овој тип на индивидуална настава е приспособен на потребите и можностите на поединечните ученици. Во овој случај постојат две можности.
Првата е секој ученик да добие посебни задачи, а втората е да постојат неколку групи на задачи, една за послабите, друга за средните и трета за послабите
ученици. Во првиот случај работата е до крај диференцирана, а во вториот е делумно диференцирана.Предности на индивидуалната форма на наставна работа *

1. Најголема предност на индивидуалната форма на наставна работа е тоа што


ги осамостојува учениците, што ги учи да учат. Учениците стекнуваат
самодоверба бидејќи увидуваат дека со сопствени сили можат да постигнат
успех.
2. Наставникот стекнува јасна слика за знаењето на секој поединец и
одделенито во целинА.
24

3. Со индивидуалната форма на наставна работа се штеди наставното време, бидејќи некои делови од наставниот материјал по упатство на наставникот учениците
можат да ги изработуваат и дома.Слабости на индивидуалната форма на наставна работа

1. Учениците се изолирани и не се развива другарство и соработка.


2. Потребно е многу време за подготовка на диференцираните задачи.
3. Сумирањето на резултатите од работата е многу чувствителна фаза бидејќи
во тој случај се проверува точноста на голем број различни задачи.
4. МЕТОДИ-1. Метод на усно излагањеОваа метода уште се нарекува и монолошка. Со неа се означува таков начин на наставна работа со кој што
поставените задачи се реализираат со усно излагање на наставникот при што се нагласува неговата активност и улога, а учениците се ставени во пасивна
позиција. Таа е стара колку и самото подучување и спаѓа во безвеменски методи.
Значењето на оваа метода потекнува од функцијата на усниот говор како основен облик на комуникација.
И технички најсовремените медиуми не можат да го потиснат бидејќи и тие се служат со усно излагање само што тоа е снимено и се емитува по потреба.
Во зависноста од составот и возраста на учениците, како и од содржините кои треба да ги изложи, наставникот се користи со различни облици на методот на
усно излагање.
Во наставната пракса се издвоиле следниве облици на методот на усно излагање: академско предавање, раскажување, опишување и објаснување.
а. Академско предавањеАкадемското предавање е облик на методот на усно излагање наменет за слушатели кои имаат високо развиено ниво на мисловни
способности и затоа обично се практикува на факултетите или во завршните одделенија на средните училишта.
Се карактеризира со апстрактно изложување на содржините кои се логички структурирани, поставената теза се аргументира и на крајот се изведува логичен
заклучок.б. РаскажувањеРаскажувањето како облик на усно излагање се користи тогаш кога на ученикот треба да му се овозможи да создаде представа за
некоја личност, случување или појава кои тој на друг начин не може да ги запознае
Со овој облик на излагање можат успешно да се поттикнет емоции кај учениците за одредена личност од бајка, басна, анегдота, историски случувања,
патувања или вистински доживувања.
За разлика од академското предавање кое бара високо ниво на апстрактно мислење, раскажувањето има задача да ja поттикне фантазијата на учениците поради
што наставникот треба да настојува тоа да биде сликовито.
Содржините за раскажување се бираат во зависност од возраста на учениците.Раскажувањето е добро само доколку е: природно, сликовито, изразно и јасно.
- Природно е она раскажување кое е непосредно, точно и без прекини.
- Сликовито е само она раскажување кое им овозможува на учениците во
својата глава да создадат слика за она за што е раскажувако.
За да се постигне сликовитост потребно е: да се поаѓа од искуството на учениците, да се поставуваат реторички прашања и да се внесува емотивен тон во
раскажувањето.
- Изразноста е важен квалитет при раскажувањето. За да се постигне
потребно е говорот на наставникот да ги исполни следниве услови: темпото да биде
одмерено за да можат учениците полесно да ja разберат содржината која им е
наменета, наставникот треба да има добра артикулација, јачината на зборувањето
треба да биде одмерена, и она што е особено важно треба да се истакне со начинот
на изговарање.- Јасноста во раскажувањето подразбира дека на учениците треба да им се
25

овозможи без поголем напор да ja разберат и да ja усвојат одредената содржина/


Раскажувањето ќе биде јасно доколку содржините се изложуваат по одреден логички редослед, се избегнуваат непознатите зборови и изрази и новиот материјал
се поврзува со стариот.в. ОпишувањеОпишувањето како форма на усно излагање е многу важно за развивање на набљудувачките способности и негување на усното и
писменото изразување.
За да може добро да се опише некој објект, појава, случка, растение, животно, личност и сл. неопходно е преку набљудување тие добро да се анализираат, а потоа со
опишувањето да се изврши синтеза.
Во зависност од целта која се сака да се постигне разликуваме две групи на опишување: научно и уметничко.
Кај научното опишување се бара егзакген пристап, добро познавање на фактите, логичко струкгурирање на материјалот и високо развиено апстракгно
мислење
Целта на уметничкото опишување е да се побудат емоции кај учениците и тие материјалот да го усвојат преку доживување. Описот треба да биде динамичен и
емотивен.г. ОбјаснувањеОбјаснувањето е облик на усно излагање кој се користи кога на учениците треба да им се протолкуваат непознати или недоволно познати
зборови, поими, правила, дефиниции, закони, процеси, уметнички дела и сл.
Значи најчесто се објаснуваат оние категории за чие што разбирање е потребно апстрактно мислење.
При објаснувањето наставникот треба да настојува непознатото на учениците да им го објасни со помош на она што им е познато.Предности на методот на
усно излагањеОваа метода е многу погодна за:
• рационално и систематично изложување на наставните содржини,
• изложување на материјал кој не може да се совлада со непосредно
набљудување,
• да се изложат многу информации за кратко време.Слабости на методот на усно излагањеПокрај позитивните страни методот на усно излагање има и
одредени слабости:
• Претераната употреба на методот на усно излагање доведува до вербализам
во наставата, при што како последица се јавува слаба мотивираност на
учениците.

• Со методот на усно излагање учениците од страна на наставникот добиваат


готови знаења, што доведува до нивна пасивност, нема самостбјна работа на
учениците и тие на се учат да учат.
• При усното излагање наставникот никогаш не е сигурен колку учениците го
следат и колку ja разбираат наставната содржина.
• Работата по оваа метода е прилагодена на просечниот ученик. Тука нема
индивидуализација.Како да се надминат слабостите на методот на усно излагањеНаставната теорија и пракса нашле решенија кои во значителна мерка ги
отстрануваат или барем ублажуваат слабостите на методот на усно излагање. За таа цел се предлага:
- Наставникот да користи реторички прашања со кои се поттикнува
размислувањето на учениците и му се дава динамика на разговорот.
- Повремено да го прекинува излагањето и да ги праша нешто учениците.
- Да го илустрира усното излагање со тонски и видео снимки.
26

- Да каже некоја анегдота или други интересни детаљи од животот на поединличности и сл.Со овие решенија може да се "подобри" методот на усно излагање, но
тоа никако не значи дека тој треба да се користи и во случај кога природата на наставниот материјал ни наметнува некоја посоодветен наставен метод.2.
Метод на разговорЗа овој метод се користи и називот дијалошки метод.
Основни струкгурни елементи на методот на разговор се прашање и одговор.
Во наставата овој метод најчесто се употребува во етапите на вежбање, повторување и проверување на знаењето, а може да се користи и при обработка на нови
наставни содржини доколку кај учениците постои база т.е. доколку тие располагаат со одредени знаења на кои можат да се надоградат нови.
Разговорот во наставата не смее да се сведе само на прашањата од страна на наставникот, бидејќи во тој случај разговорот ќе биде многу осиромашен.
Поради тоа повеќе вРеме треба да им се остави на прашањата од страна на учениците.Со помош на прашањата наставникот управува со наставниот процес, поради тоа
тие не треба да бидат предмет на импровизација.
Дури и кога на часот ќе искрснат некои нови и неочекувани моменти, прашањата треба да бидат систематични и добро осмислени.
Во наставата најчесто преовладуваат прашањата во кои се бара репродукција на факти.
IЗначаен дел треба да им се посвети на прашањата со кои се согледуваат
врските и односите помеѓу фактите, а исто така мора да се најде време и за т.н. проблемски прашања преку кои се бара решавање на проблеми.
Дидактичката функција на прашањата е да ja поттикне самостојноста на учениците, да ja насочи ученичката мисловна активност, да го прверува достигнатото
знаење и ученикот да го задржи на она што е битно.Врз основа на карактерот на дидактичкото водење разговорот може да биде:

а)Строго контролиран разговор - кој го води непосредно наставникот и во


прв план е неговата улога. Тој сите конци ги држи во свои раце, а учениците се во
втор план.
Наставникот поставува прашања водејќи строго сметка само за поставената цел. Тој не дозволува прашањата на учениците да го одвлечат од строго замислената
и планирана цел на часот.Овој тип на разговор најчесто се применува во воведниот дел на часот или во ситуација кога треба брзо да се проверат знаењата на
ученицитеб)Слободен разговор - во овој случај наставникот им препушта иницијатива
на учениците.
Најважна карактеристика на овој разговор е можноста на учениците не само да прашуваат, туку и да изнесат свое мислење како и да го
оспорат мислењето на другите ученици.
Ваквиот разговор може успешно да се примени после набљудување на некои појави во природата, при систематизација на знаењата после обработка на некоја
наставна целина и сл. Во овој случај учениците ги познаваат фактите и врз основа на нив и со помош на наставникот можат сами да заклучуваат. в) Расправа - i.e.
разговор во кој се спротивставуваат мислењата, при што секој учесник во наставниот процес може да комуницира со сите други учесници.
За примена на овој облик на разговор треба да постојат одредени услови: Тие се:
Темата која ќе се обработува да се најави однапред бидејќи учениците треба
да ги познаваат основните факти,
Низ наставната работа учениците треба постепено да се увежбуваат да учат
преку расправата,- Расправата може да се реализира во одделение во кое е изграден
соработнички однос помегу учениците при што на расправата не се гледа како на
ривалство туку како на можност заеднички да се совладаат предвидените содржини, Наставникот треба на учениците да гледа како на соработници.Добри страни на
методит на разговор се:Ja потгикнува активноста и самостојната работа на учениците многу повеќе
27

отколку методот на усно излагање,Знаењата стекнати со овој метод се подлабоки и потрајни,Му овозможува на наставникот подобро да ja запознае личноста на
учениците.Недостатоци на методот на разговор се:Не може да се користи при обработката на секоја наставна содржина,Преку методот на разговор содржината не
може да се изложи толку
систематично како со методот на усно излагање,Бара повеќе време отколку методот на усно излагање.
3. Метод на илустрација
Методот на илустрација е начин на наставна работа во кој што поставените задачи се реализираат со цртање. Децата прво почнуваат да цртаат, а потоа да
пишуваат. Уште на предучилишна возраст тие знаат на едноставен начин, со цртеж да ги представат предметите од својата околина.
Во основното училиште таа нивна способност понатака се развива. Едноставните стрипови без текст тие ги разбираат многу добро. Подоцна тие се во
состојба да ги разберат и цртаните симболи.
Врз овие способности се заснова употребата на методот на илустрација во наставниот процес.Во наставата најчесто се користат: знаци, таблици, графикони,
дијаграми, планови, шеми, скици и сл., и тоа во следниве наставни ситуации:а. Кога во наставата треба да се прикажат некои важни карактеристики на
одреден предмет или појава, а не на целината се користи шема или скица.б. Односите помеѓу предметите и појавите многу успешно се прикажуваат со
помош на графикони и дијаграми.в. Со помош на табели и табеларни прегледи, на рационален начин можат да
се представат граматичките поими, редоследот на историските случувања и слЗа време на цртањето на табла, наставникот им го објаснува на учениците тоа што го црта,
со цел тие што подобро да сватат што сака да се прикаже со цртежот.
Поедноставните цртежи наставникот може да ги нацрта на часот, додека пак посложените треба однапред да ги подготви и да ги донесе на час, со тоа што
посложените детаљи посебно ќе ги истакне и сам ќе ги нацрта на таблаЗа разбирање на некои посложени процеси многу успешно можат да се користат и анимирани
цртани филмови.Освен со цртеж во наставниот процес може да се илустрира и со апликации кои се истакнуваат на некоја плоча или друг материјал.
Апликациите можат многу успешно да се користат во повеќе наставни области (јазици, историја, географија и сл.) При илустрацијата со помош на апликации
може да се постигне извесна динамика бидејќи материјалот може да се поместува. Тоа е особено интересно за учениците од помала возраст.
Како материјал за илустрација можат да се користат и фотографии, особено кога станува збор за прикажување на статички објекти. При тоа наставникот треба да
ги упати учениците како да ja набљудуваат сликата. Имено, прво се гледа целината за да се видишто прикажува сликата, потоа се анализираат поединечните детаљи, за
на крај да се направи синтеза на детаљите во целина.Предности на методот на илустрација се:Овозможува поедноставно прикажување и подобро разбирање на
сложените
психички појави и процеси,Со овој метод се ангажира и сетилото за вид што овозможува содржините
подобро да се усвојат,Ги осамостојува учениците и ги навикнува предметите и појавите да г прикажуваат и графичкиСлабости на методот на илустрација се:Со
овој метод не можат да се објаснат некои апстрактни поими (на пример
психичките појави како што се: радост, тага, храброст и сл.),За разбирање на шемите и другите видови на цртежи потребно е повисоко
ниво на апстрактно мислење,Цртежот сам по себе не е доволен, покрај тоа потребно е и дополнително усно
или писмено објаснување.Добриот наставник секогаш ги има предвид и предностите и ограничувањата на секој метод и го применува само таму каде што е соодветен и
каде што дава најголеми ефекти4. Метод на демонстрацијаМетодот на демонстрација е таков начин на наставна работа во која наставникот демонстрира т.е. ги
покажува предметите, моделите и сл. а учениците ги набљудуваат и на тој начин стекнуваат знаења.Овој метод подразбира комплекс од различни дидактички
активности на наставникот. Во него се ангажирани повеќе сетила (вид, слух, допир, мирис и вкус). Демонстрациите во наставата многу се разликуваат од
случајните демонстрации кои учениците ги доживуваат во разни ситуации, бидејќи се реализираат со однапред поставена цел и мора да бидат добро
организирани и водени од страна на наставникот.
Демонстрацијата ќе биде успешна доколку наставникот го избрал вистинскиот објект, на учениците им укажал што треба да набљудуваат и ги мобилизирал да
размислуваат и сами да заклучуваат за виденото.Врз основа на природата и целта на методот на демонстрација произлегуваат и барањата за кои наставникот треба да
28

води сметка. Тие се:


а. Сите ученици да можат добро да го разгледаат прикажаниот предмет.
б. Предметот да се перципира со што е можно поголем број на сетила.
в. Со подготовката за демонстрација и со прашањата да се овозможи најголем
впечаток кај учениците да остават најважните факти.
г. Предметите и појавите да не се набљудуваат статички туку динамичкиЖ
Предности на методот на демонстрација се:Им овозможува на учениците да стекнуваат знаења на најприроден и
најефикасен начин.Се развиваат способностите за набљудување и забележување како и
мисловните и говорните способности,Може да се примени во сите етапи на наставниот процесСлабости на методот на демонстрација се:Некои објекти е
невозможно да се покажат бидејќи се наоѓаат на оддалечени
места,Одредени предмети се непогодни за покажување поради својата големина, а
други поради одредени здравствено хигиенски причини,Поимите, судовите, заклучоците и сите апстрактни категории не можат да се
осознаат преку демонстрација.
5. Метод на лабораториска и практична работа
- Методот на лабораториска и практична работа е таков начин на реализација на наставниот процес каде што знаењата се стекнуваат низ практична работа и
експириментирање на наставниците и учениците.
- Особено е соодветен за примена по сите предмети кои се засноваат на природните и техничките науки. Но, тоа не значи дека може да се применува само во
лабораториите и работилниците. Овој метод е погоден за примена и во училишниот двор, во училницата во културните установи и сл.
- Некои дидактичари лабораториската и практичната работа ги сметаат за две посебни методи.
- Практичната работа е начин да се стекнат знаења и вештини или стекнатите теоретски знаења практично да се проверат и утврдат. Втора важна
функција на практичната работа е формирањето на вештини што се постигнува со често повторување.
- Практичната работа логички следи после теориската обработка на некоја наставна целина и може да се применува по сите наставни предмети.
- Кога ги подготвува пракгичните задачи наставникот мора да води сметка и за нивната дидактичка вредност (да се проверат и применат некои теоретски
сознанија, да се запознае процесот на работа, да се совладаат некои работни операции). Формалистички организираната практична работа е само губење на време.
- Лабораториската работа е погодна учениците низ експеримент да учат за примената на теоретските знаења.
- Експериментот представува вештачко предизвикување на некоја појава или процес заради проучување. Неговата предност се состои во тоа што може
да се изведе многу пати во различни услови.
- Предности на методот на лабораториски и практични работи се:
- - Целосно ги задоволува сите задачи на принципот на нагледност и
овозможува планско набљудување на предметите и појавите.
- - Учениците се активираат максимално и емотивно и мануелно и мисловно,
- Ja развива самостојноста и самодовербата кај учениците и придонесува заразвојот на свесна дисциплина и одговорност кон работата.Слабости на методот на
лабораториски и практични работи се:Бара училиштето да биде добро опремено со наставни средства, апарати,
прибор, материјали и алати за наставна работа,He e погодна за примена при обработка на многу сложени процеси кои
ученицте не можат сами да ги анализираат, па во тој случај подобро е да се
користи методот на демонстрација,He e економична бидејќи бара доста време.
6. Метод на пишувањеМетодот на пишување е начин на наставна работа во која поставените задачи се реализираат со пишување.
29

Пишувањето како метод се применува во разни ситуации: кога се обработува нова наставна единица, при подготовката на наставни ливчиња и
програмиран материјал, на крајот на часот кога наставникот на табла ги испишува темите за домашна задача итнПогрешно е сваќањето дека методот
на пишување е погоден за примена само во наставата по мајчин и по странски јазик. Во овие области тој е незаменлив, но исто така може да се
применува и во другите наставни области.
Културата на усно и писмено изразување кај учениците ja формираат сите наставници, а не само оние кои предаваат јазици. Сите тие придонесуваат
за богатење на речникот, мисловно активирање и стекнување или проверување на знаењата.
Писмените работи на учениците дидактичарите ги делат на: А. Репродуктивни писмени работи во кои спаѓа препишувањето.

а. Препишувањето е наједноставна форма на методот на пишување. Најчесто се применува во наставата по мајчин или странски јазик со цел учениците да ги научат
буквите и да ja совладаат техниката на пишување.За препишување треба да се даваат кратки и најзначајни делови на текстот кои се интересни и имаат воспитно-
образовна вредност.
Текстовите кои учениците ги препишале треба да се прегледаат, најдобрите да се истакнат и да се пофалат, но да се укаже и на најчестите слабости.

Б.. Полусамостојни писмени работи во кои спаѓаат: диктати, проширување и дополнување на текстот, писмени одговори на поставените прашања и белешки од
предавања.
Полусамостојни се нарекуваат затоа што самата содржина т.е. составот на текстот не е на учениците, но граматичко-правописното обликување (интерпункција,
одвоеното или слеаното пишување на зборовите, употребата на голема буква) е нивно.

а.Текстот за диктат се бира во зависност од целта која треба да се постигне.


Самото диктирање треба да биде одмерено, со правилен ритам и добро артикулирање на речениците така што ученикот може да почувствува каде почнува, а каде
завршува реченицата.
Дикататот најчесто се користи за проверка на знаењата.

б.Проширување и дополнуавње на текстот исто така спаѓа во полусамостојни


писмени работи на учениците.
Целта е учењето да се дигне над нивото на репродукција.
Голем дел од учениците, особено од помлада возраст може да запамти и да репродуцира било кој текст, но тоа не значи дека го разбира.
За таа цел на учениците може да им се подели скратен текст во кој активноста дошла до кулминација и од нив да се бара да го завршат. Во тој случај тие мисловно се
активираат. Имено, мора да змислат логичен крај и да го искажат со свои зборови што во образовна и развојна смисла е многу покорисно од репродукцијата.в.
Писмени одговори на поставените прашања.Ова е ефикасен начин да се добие валидна повратна информација за резултатите од наставата.
Прашањата мора да бидат јасни, логични и нивната тежина да биде добро одмерена. А одговорите треба да се кратки, прецизни и да ja погодат суштината на она
што се бара со прашањето.
г. Белешките од предавања се чест облик на примена на методот на пишување.г
Тие подразбираат запишување на битните ставови и главните мисли од излагањето на наставникот, за прочитаната литература, набљудуваната појава и слично.
30

Со каков квалитет ќе бидат тие белешки зависи од културата на писмено изразувење која треба да се изградува уште од основното училиште.
Учениците треба на време да се научат на две работи: концизно да го искаат своето мислење и да го разликуваат главното од споредното. В Самостојни
писмениработи се оние кои учениците самостојно ги изработуваат на зададена или слободно избрана тема.
При тоа тие водат сметка за содржината, композицијата, јазикот и стилот. Тука спаѓаат: извештај и реферат.а. Извештајот представува посебен облик на
богатење на ученичката јазична
култура и поттикнување на нивната мисловна активност.
Темата за пишување на извештај може да биде различна: завршен спортски натпревар, одржан состанок на ученичката заедница и сл.
Извештајот треба да содржи податоци за активноста која е извршена, времето во кое е одржана, кој учествувал во неа, кои задачи требало да се реализираат и
дали се реализирани, тешкотии во реализацијата и карактеристики на таа активност.
После читањето на извештајот од учениците треба да се бара да го подобрат, да го исфрлат она што е вишок, да додадат некои битни факти, да ги поткрепат
дадените оценки и јазички да го појаснат.б. Рефератот спаѓа во самиот врв на писмени работи според сложеноста и
барањата кои му се поставуваат.
Реферат се пишува за проучена тема, прочитана литература, спроведено истражување и сл.
Во рефератот секое тврдење треба да биде поткрепено со факти. На учениците треба да им се укаже дака тие не мора само да ги изложуваат или
систематизираат ставовите од прочитаната литература, туку согласно возраста кон изворите треба да имаат и критички однос. На тој начин се поттикнува нивното
творештво.
Предности на методот на пишување се:- Го збогатува фондот на зборови и ja развива смислата на учениците за
писмено изразување и логично распоредување на материјалот,Ja развива способноста за разликување на главното од споредното,Ги оспособува учениците за писмена
комуникацијаНедостатоци на методот на пишување се:Рачното запишување не може да ja следи брзината на усниот говор,Постои можност за погрешно запишување на
она што е усно искажано,Методот на пишување е неекономичен бидејќи бара повеќе време отколку
усниот говор.7. Метод на читање и работа со текстМетодот на читање и работа со текст (текст метода) е таков начин на наставна работа во кој што поставените задачи се
остваруваат со читање на текстови.Овој метод може да се применува во скоро сите предмети, во различни фази на наставната работа и за остварување на различни цели и
задачи.Наставникот го применува овој метод користејќи различни извори за читање (учебници, прирачници, читанки, збирки, разни печатени материјали и
сл.).Учениците мора да бидат соодветно подготвени самостојно и ефикасно да се служат со книгата.
За таа цел најзначајни се два елементи: точно читање со разбирање и развивање на вештина за бележење на прочитаното.
Според целта која треба да се реализира дидактичарите разликуваат повеќе видови на читање:а. Читање заради стекнување на вештина за читање.
Ова читање најмногу се практикува во почетните одделенија на основното училиште. Во овој период наставникот треба да води сметка учениците да не читаат
механички туку со разбирање.
Подоцна акцент се става на изразното и естетското читање.
б. Читање заради запознавање со нови содржини.
Овој начин на читање може да се практикува и на наставниот час, било да чита еден ученик, а останатите да слушаат или секој да чита за себе.
При тоа наставникот треба да ги упати учениците т.е. да им каже која е целта на читењето и нивното внимание да го насочи на најважните делови.в.
Читање заради помнење на материјалот.
Овој вид на читање има за цел учениците да усвојат одредена содржина, а тоа значи дека наставникот треба да ги поттикнува прочитаниот текст да го раскажат
со свои зборови, а не целосно да го репродуцираат.
Тоа бара соодветно мисловно активирање на учениците.г. Читање заради граматичка, стилска и естетска анализа на текстот.
За таа цел се користи соодветен претходно обработен текст.
31

Во овој случај на учениците им се обрнува внимание на стилските особености, користењето на стилски фигури, описи и карактеристики на ликовите.Предности
на методот на читање и работа се текст се:Овој метод им овозмоува на учениците да стекнуваат систематизирани
знаења,Печатениот текст ученикот може да го има при рака и постојано да му се
враќа што не е случај со останатите наставни методи (метод на усно излагање,
метод на разговор),Со читањето се развива самостојноста на учениците, нивните интереси и се
збогатува јазичкиот изразНедостатоци на методот на читање и работа со текст:Тешко е да се усогласи овој метод со индивидуалните потреби на учениците.
Текстот од учебникот е ист за сите, и на некои ученици може да им биде тежок, а на
други релативно лесен.Во текстовите во учебниците новиот наставен материјал не се поврзува со
претходно обреботениот, се подразбира дека тоа ученикот го знае,Учениците полесно го совладуваат материјалот со помош на говор отколку со читање. Да не е така
после наученото читење и .чишување редовното школување не би било потребноИ покрај овие слабости методот на читање и работа со текст е незаменлив во наставата
особено по мајчин и странски јазик и книжевност.
32
33
34
35
36

.
37
38
39
40
41
42

You might also like