You are on page 1of 12

Јове Димитрија Талевски1

Педагошки факултет UDK: 371.95


Битола ISBN 978-86-7372-148-4, 17 (2012), p.890-901
Стручни рад

УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ НА


МОРАЛНОТО ВОСПИТАНИЕ НА
НАДАРЕНИТЕ УЧЕНИЦИ

Постојаните промени ги зафаќаат сите сфери од


општествениот живот, а особено длабоко го засегаат воспитно-
образовниот систем кој е круцијален сегмент на секое
општество. Овие промени, неминовно, доведуваат до промена
и на традиционалните парадигми за вредносните системи во
едно општество, меѓу кои, секако, системот на моралните
вредности има многу големо значење.
Моралните вредности2, во последните години,
стануваат неодминлива тема за која многу се дискутира не
само во образованието туку и во пошироката јавност. Сведоци
сме на зголемување на насилството меѓу учениците, на многу
често антисоцијално однесување, на постојани извештаи за
прекршување на човековите права, сведоци сме на една
своевидна деградација на моралните вредности3, на една
своевидна дехуманизација и сл. Сето ова ја рефлектира
состојбата во однос на моралните вредности во општеството.
Оттука неминовно се наметнуваат прашањата: Дали моралното
воспитание доживува своевидна криза? Дали училиштата
постепено почнуваат да ја губат својата улога на релевантни
фактори за унапредување на моралното воспитание на
учениците? Овие прашања, од своја страна, имплицираат на
претпоставката дека се соочуваме со морален пад и како
индивидуи и како општество, како и на еден генерален став

1
jovetalevski@yahoo.com
2
Не се навлегува во различните определби на поимот морал во различни
педагошки теории. Секое општество се одликува со сопствен систем на
морални вредности.
3
Сите девијации во однесувањето на учениците, секако, дека немаат исто
потекло, но, сепак, на одреден начин сите се поврзуваат со неопходноста од
поучување за моралните вредности и со улогата што училиштата ја имаат во
наставниот процес
Ј.Д.Талевски: УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ...
____________________________________________________________________

дека на моралното воспитание треба да му се посвети


поголемо внимание.
Во последно време, сè повеќе стануваат актуелни и
прашањата сврзани со потребите и развојните карактеристики
на надарените4 ученици. Односот меѓу надареноста и
моралното образование е многу комплексен. Не е нужно некој
да биде надарен за да се одликува со морални вредности како
што и секој кој поседува одредени морални вредности не мора
нужно да биде надарен. Сепак, испитувањата5 покажуваат дека
надарените ученици поставуваат повеќе прашања со морална
конотација отколку оние со просечни способности6 и дека
имаат повеќе потенцијал да се развијат во морално
чувствителни личности во иднина. Исто така, се истакнува
дека надарените се морално супериорни и покажуваат
ентузијазам, лесно комуницираат, поседуваат вештини за
решавање на проблеми, се одликуваат со хумор, со
самоконтрола и свесност, како и со висок интелектуален
капацитет. Дури и се истакнува дека на надарените ученици
повеќе им е потребно моралното воспитание отколку на оние
со просечни способности за да можат и понатаму да ги
развиваат нивните капацитети за размислување, заклучување,
анализирање и сл7. Во оваа смисла, развојот на моралните
вредности не ги одминува ни овие ученици на кои, секако
дека, им е потребен дополнителен импулс и поттик за
унапредување на системот на морални вредности, иако е
прашање колку наставникот има компетенции за работа со
надарените ученици.
Иако е јасно дека во моралното воспитание на
учениците учествуваат сите инволвирани во нивниот развој,
како на пример, родителите кои од најраните години
обезбедуваат модели за усвојување на моралните вредности и

4
Во стручната литература поимите надареност и талентираност не се сфаќаат
како синоними. Во трудот не се навлегува во нивно дефинирање и
диференцирање. За надарените, в. Љ. Кеверески. 2000. Како да ги препознаеме
надарените и талентираните ученици, стр. 12. Скопје: НИРО „Просветен
работник“
5
в. http://www.education.com/reference/article/moral-development1/, Често се
истакнува дека надарените ученици немаат потреба од поучување за
моралните вредности, но во трудот се акцентира размислувањето дека и на
надарените ученици им се потребни дополнителни импулси во насока на
развивање на нивната морална зрелост
6
Овој поим се употребува за учениците за кои се претпоставува дека не се
одликуваат со надареност
7
Не се навлегува во дискусија за оправданоста на овие размислувања

891
Ј.Д.Талевски: УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ...
____________________________________________________________________

кои се всушност, првите поучувачи за моралот, училиштата,


медиумите, религиозните институции и општеството во
целост, во трудот акцентот е ставен на улогата на училиштата
како на релевантен фактор во поттикнувањето, развојот и
унапредувањето на моралното воспитание на учениците, а
особено се истакнува улогата на училиштата во моралното
воспитание на надарените ученици.
Моралот е една од компонентите на воспитанието
која го разгледува човекот како општествено суштество кое се
изградува себеси под влијание на другите луѓе и низ
интеракцијата со нив8. Поимот морал се сфаќа како систем од
норми и правила кои ги регулираат сите интеракции меѓу
луѓето во една заедница, систем од норми кои го
диференцираат правилното од неправилното однесување9,
систем кој се базира на концептите доверба, право, правда,
љубезност, чесност, стрпливост, сила, одговорност, почит за
себе и за другите, искреност, доследност и сл. Развојот на овие
морални вредности е основен домен на моралното воспитание.
Преку воспитната функција10 на моралот се формираат
морални убедувања, се усвојуваат морални вредности,
погледи, чувства, односно се врши влијание врз моралното
обликување на една личност и на нејзиното поведение.
Моралното воспитание е долготраен и сложен процес кој скоро
никогаш и не завршува.
Токму училиштата низ својата воспитна работа треба
да го помагаат и да го унапредуваат моралното воспитание
чија крајна цел е формирање на морално зрела личност со
морално однесување кое е рефлексија на однесувањето што е
општествено прифатливо. Тие треба да го акцентираат
моралното воспитание и да тежнеат кон исполнување на
задачите на моралното воспитание: да се усвои систем од
знаења кои се однесуваат на моралот, да се формираат

8
в. Ф. Мухиќ, З. Жоглев. 2002. Мислење во акција. Битола: Универзитет „Св.
Климент Охридски“, Педагошки факултет
9
Јасно е дека термините правилно и неправилно се одликуваат со својата
релативност зашто се релативни и критериумите со кои се проценува што е тоа
правилно, а што неправилно однесување. Во оваа смисла, моралните
вредности се тесно испреплетени со општествените конвенции, но во трудот
не се навлегува подлабоко во разјаснување на оваа дистинкција
10
Покрај воспитната функција на моралот постојат уште и регулативна
функција (регулирање на односите меѓу индивидуата и општеството) и
сознајна (развој на морални постапки, чувства и погледи кои се јавуваат во
интеракцијата), в. Т. Атанасоска, E. П. Ѓорѓева. 2006. Општа педагогија, стр.
202. Битола: Педагошки факултет

892
Ј.Д.Талевски: УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ...
____________________________________________________________________

морални ставови и уверенија, да се формираат позитивни црти


на личноста, морални квалитети и чувства, како и да се
создаваат услови за унапредување на моралното воспитание11.
Моралното воспитание им помага на учениците да ги
стекнат и унапредуваат моралните вредности кои ќе им
помогнат да живеат добар живот како индивидуи, а на тој
начин тие стануваат продуктивни и одговорни членови на
своите заедници кои ќе придонесуваат за нивниот развој.
Формирањето на морално зрела личност, личност со морална
култура има важна улога за социјалната кохезија на
заедницата.

Наставникот како фактор за унапредување на развојот на


моралното воспитание на надарените ученици

Иако навидум изгледа дека поучувањето за моралното


воспитание е лесна и едноставна активност која не бара голем
напор, сепак, треба да се истакне дека наставникот е ставен
пред една мошне сериозна и тешка задача. Поучувањето за
моралните вредности наметнува цела низа прашања и дилеми.
За илустрација нека послужат следниве прашања: Дали
учениците кои се етикетираат како послушни, како ученици
што ги исполнуваат своите обврски, како ученици кои се
одговорни и кои даваат солидни одговори се навистина добри
ученици и во смисла на нивното морално воспитание? Дали во
наставниот процес дадениот точен одговор треба да е или е
поважен од чесноста, крадењето или лажењето? Дали на
крајот, почитувањето на себеси, на другиот, борбата за
сопствените права, критичкото размислување и изнесувањето
на сопствен став и сл. стануваат помалку важни во споредба со
постигањата на учениците? Сето ова покажува дека
поучувањето за моралните вредности, не само за надарените
ученици туку и за оние со просечни способности, претставува
комплексно прашање на кое треба да му се посвети сериозно
внимание од сите релевантни фактори во општеството.
Наставникот може да поучува за доброто, за лошото и
сл., наставникот може да им кажува на учениците што е
потребно за тие да имаат солиден живот, но сепак, повеќе од
јасно е дека тоа не е доволно за да можат учениците во иднина
да донесуваат етички одлуки и да решаваат морални дилеми со

11
в. Т. Атанасоска, Е. П. Ѓорѓева, стр. 207

893
Ј.Д.Талевски: УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ...
____________________________________________________________________

кои подоцна сигурно ќе се соочат во животот. Воспитниот


процес својата вистинска улога ја постигнал само тогаш кога
барањата, во морална смисла, поставени пред личноста од
општествената заедница личноста ги прифаќа како сопствен
начин на однесување.
Моралното воспитание има голема улога за развојот
на самодовербата на учениците. Моралното воспитание треба
да се поучува во училницата, а во овој процес, секако дека
наставникот има клучна улога.
Наставниот процес, во оваа смисла, денес, може да се
каже дека е во мала мера автоматизиран – поголем дел од
наставниците сметаат дека нивна задача е да морализираат, да
кажуваат што е правилно, а што не и учениците на некој начин
стануваат безгласни – тие ги прикриваат своите вистински
чувства, мисли и убедувања, плашејќи се да не згрешат,
прифаќајќи го само навидум она што наставникот го зборува,
без вистинска посветеност на моралното. За многу наставници
важно е кај учениците да се потиснат сите чувства, желби,
размислувања и однесувања кои не се општествено
прифатливи.
Наставникот, првенствено, треба да поучува низ
непосредни ситуации, низ ситуации на конфликти и низ
ситуации во кои се разрешуваат одредени морални дилеми.
Наставникот е пожелно да поддржува, сугерира, помага, но не
и да нуди одредени решенија како единствено правилни од
општествена гледна точка, зашто во спротивност, на тој начин
наставникот наместо да го унапредува, всушност го спречува
ученикот во развојот на неговото морално воспитување.
Додека низ различни активности поучува за коцептите право,
правда, љубезност и сл., тој треба да биде многу умешен зашто
не смее своите ставови да ги проектира како нешто единствено
и сосема правилно. Учениците, низ процесот на настава, треба
самостојно да стекнат морална зрелост.
Секогаш кога наставникот креира активности преку
кои бара од учениците да се почитуваат меѓусебно, критички
да размислуваат, да донесуваат решенија за одредени
проблемски ситуации преку кооперативното учење, да
преземаат одговорности за своите активности, тогаш тој
настојува морално да ги поучува. Наставниот процес, во оваа
смисла, е од особено големо значење, бидејќи за општеството
да има здрави морални основи секако дека е важно учениците
кои се идните лидери, научници и сл. да се изградуваат во

894
Ј.Д.Талевски: УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ...
____________________________________________________________________

граѓани чија морална свест постојано ќе се унапредува и кои


во иднина ќе придонесуваат за својот и моралниот развој на
општеството.

Активности кои наставникот може да ги преземе за да


поучува за моралниот развој на надарените ученици

Дискусии. Дискусиите за прашања поврзани со


морални дилеми имаат особено големо значење за развојот и
унапредувањето на моралните вредности. Дискусиите можат
да бидат структурирани и неструктурирани и можат да се
реализираат околу различни сценарија. Дискусиите за
прашања поврзани со морални дилеми ги обединуваат
учениците во дискусијата, ги унапредуваат нивните вештини
за критичко размислување и го стимулираат моралниот развој.
Илустрација за можно сценарио околу кое ќе се движи
диксусијата: Да претпоставиме дека Марко е поканет на
роденден кај својот другар Трајче. Претпладнето, непосредно
пред роденденската забава, Марко решава да не оди на
роденден, тој е уморен и сака цел ден да го помине дома.
Покрај тоа, Марко дознава дека на роденден е поканет и Јован
со кого Марко не е во пријателски односи. Марко ја моли мајка
си да се јави кај Трајче и да каже дека Марко не доаѓа.
Прашања кои ќе го насочуваат текот на дискусијата би
можеле да бидат: Ако си ти мајката, што би сакал/а да
направиш? Зошто? Што мислиш за откажување на твоето
присуство на роденденската забава непосредено пред забавата?
Како ќе се чувствуваш, ако ти беше Трајче? Дали тоа што не си
во пријателски односи со Јован е доволна причина за да не се
биде присутен на роденденот? Дали некогаш си поканил/а
некого некаде, а се случило тој да не дојде? Ако одговорот е
да, како се чувствуваше? Што би било добро да направиш во
овој случај? и сл.
Улогата на наставникот во овие дискусии не е
нималку лесна и едноставна. Тој треба да слуша внимателно и
да го сфати и разбере размислувањето на учениците. Тој треба
да има изградено голема умешност за да го остави ученикот да
донесе одлука, а сепак да биде вешт и да укаже на
ограничувања во нивното размислување, доколку, се разбира,
тие постојат.
Дискусиите можат да се поттикнат и на тој начин што
наставникот може да побара да се прочитаат извадоци за

895
Ј.Д.Талевски: УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ...
____________________________________________________________________

животот на некоја личност која особено се истакнува во


морална смисла. Таа личност може да послужи како модел со
кој учениците се поврзуваат во морална смисла.
Наставникот, на крајот од активноста, може да извлече
одредени поенти од дискусијата насочена на овој начин,
заедно со учениците: Важно е да се биде одговорен;
Кажувањето лаги има последици; Важно е да ги одржуваш
ветувањата; Важно е да се води сметка за чувствата на другите
луѓе; Не е мудро секогаш да се биде во центарот на
вниманието;
Диксусиите за моралот се плодотворни доколку
учениците треба да дискутираат за нешто кое се однесува на
вистинскиот живот и кога нивните одлуки навистина имаат
влијание. Дискусиите структурирани на овој начин ги
доближуваат учениците до сознанието кои се тие и какви
личности се тие, во суштина.
Активности во мали групи. Наставникот може да го
унапредува моралното образование преку активности во
парови или во мали групи. Наставникот подготвува можни
ситуации за кои членовите на групата треба да направат избор
во морална смисла. Сите членови во групата треба да се
согласат со она што се презентира од лидерот на групата и да
одлучат како ситуацијата најдобро ќе ја претстават преку
играње на улоги пред целиот клас. На крај, сите групи треба да
кажат кои информации биле за нив најкорисни при
донесувањето на одлуката која се однесува на одредениот
морален избор. Можни ситуации за групите во класот би биле:
а) Една ваша добра пријателка го изгуби таткото поради
проблеми со срцето. Таа ве избегнува сите вас и почнува да
покажува незадоволителен успех. Што ќе направите? Што ќе ù
кажете?; б) Со пријатели одите во продавница и гледате дека
една ваша другарка става нешто во торбата. Што ќе направите?
Што ќе ù речете?; в) Во последно време забележувате дека
некои соученици го нарекуваат Јован со погрдни имиња и
постојано го удираат. Вие сакате да се дружите со Јован, но се
чувствувате непријатно поради тоа што вашите соученици му
го прават на Јован. Што ќе преземете во однос на тоа?; г) Со
вашата мајка одите во продавница за да го купите она што ви е
потребно. По плаќањето на сметката, забележувате дека
продавачката ви вратила повеќе пари? Како ќе изреагирате?
Во секоја група членовите на групата треба да се
договорат на кој начин ќе ги изиграат улогите од опишаните

896
Ј.Д.Талевски: УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ...
____________________________________________________________________

ситуации, како и да ги опишат чекорите кои ги употребиле за


да дојдат до изборот. Активноста може да заврши со барање
учениците да напишат рефлексивен дневник, како и преку
дискусија со сите ученици за тоа колку направениот избор е
вистинскиот морален избор.
Играњето улоги, во рамките на активностите во мали
групи, е моќна техника која му помага на наставникот да го
гради моралниот развој на учениците. Играњето улоги нуди
ефективни модели на улоги, на пример, контрола на лутина,
развивање на социјални вештини, вештини за решавање на
конфликтни ситуации, справување со непријателски
расположени луѓе, перцепција на ситуации и сл.
Може да се случи наставникот да побара од учениците
самостојно да ги поделат улогите и да изиграат три различни
сценарија во однос на сценариото претставено кај дискусиите:
Да се повика Трајче и да му се каже дека Марко нема да оди на
роденден; Разговор со мајката за неодење на роденден;
Разговор за можни решенија со цел да се надмине непријатната
ситуација.
Во рамките на малите групи наставникот може да
развие активност преку која учениците се стимулираат да
размислуваат како тие себеси се гледаат во тој момент, како се
гледаат во иднина и што сакаат да постигнат. На овој начин се
подигнува чувството за морал кај учениците и тоа се интегрира
во нивниот идентитет – ученикот треба да ја сфати активноста
како можност на површина да излезе неговата внатрешна
мотивација и да научи нешто за себе си.
Особено се важни дискусиите во мали групи при што
учениците треба да решат одреден морален проблем на начин
кој ќе биде еднакво фер за сите нив. Сите членови на групата
треба внимателно да го слушаат она што другите членови на
групата имаат да го кажат и да увидат кои се сличностите и
разликите во однос на нивниот пристап.
Во рамките на кооперативните групи, литературата,
исто така, може во голема мера да послужи за развојот на
моралното воспитание и таа може да го охрабри прогресот на
учениците кон повисоки фази на тој начин што ќе им даде
можност да ги испитуваат моралните одлуки направени од
ликот во одредено дело. Моралните елементи на ликот во
одредено дело можат да се дискутираат, можат да бидат
одиграни како улоги и сл. Надарените можат да се запознаат со

897
Ј.Д.Талевски: УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ...
____________________________________________________________________

теориите за моралниот развој, на пример со онаа на Колберг12


и на други психолози и потоа можат да одлучуваат кој модел е
посоодветен за ликот во делото. Наставникот ја избегнува
улогата на предавач и само ја насочува дискусијата и ја
обезбедува меѓусебната интеракција на учениците со цел тие
да развијат сопствени идеи поврзани со моралните дилеми.
Наставникот како модел за развој на моралните
вредности кај надарените ученици. Во оваа активност,
всушност, наставникот е модел за однесувањето кое сака да го
интернализира кај своите ученици. На пример, доколку во
училиштето не постојат посебни стручни лица кои работат со
надарените ученици и доколку наставникот после часовите
останува да работи со нив и да им помага во одредени задачи,
тој покажува дека се грижи за нив, а таа грижа се проектира и
врз учениците. Наставникот треба да моделира правилно
однесување.
Атмосферата во училница како фактор за
унапредување на моралните вредности кај надарените
ученици. Првенствено, наставникот треба да воспостави
социјална, емоционална атмосфера и култура во училницата.
Таа треба да стане место каде ученикот ќе ги искуси и ќе ги
интернализира чувствителноста и фер играта како посакувани
норми на однесување. Правилата, кои секако дека се
неопходни во училницата, можат да се донесуваат така што
учениците учествуваат во нивното донесување на начин на кој
нема да ги доживеат како авторитарни. Дел од моралното
воспитание е да им се помогне на учениците да ги разберат
правилата и да се однесуваат кон ситуации во кои се
манифестира, на пример, непослушност, лажење и сл. како кон
ситуации преку кои ги усвојуваат и учат основните правила на
општественото живеење.
Наставникот треба да креира атмосфера во која се учи
и која нуди можности за развој на моралните вредности,
атмосфера во која учениците ќе можат да ги идентификуваат
своите морални емоции, да ги изразат и да управуваат со нив.
Атмосфера во која се прави правилен избор за одредена
морална дилема и во која тој избор се препознава и наградува
помага да се развие моралната мотивација и моралниот
идентитет на учениците.

12
Колберг развива когнитивно-структурален модел за моралниот развој во 6
циклуси

898
Ј.Д.Талевски: УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ...
____________________________________________________________________

Наставните програми, надарените и развојот на


моралното воспитание. Како наставници ги препознаваме
моралните елементи презентирани низ курикулумот - особено
во литературата, во историјата во науката и сл., преку
доблестите кои ги промовираме секој ден. Јасно е дека
потребата од моралното образование не треба да се потценува.
Во Македонија, барем досега, во наставните програми
за основно и за средно образование, не постојат посебни
програми ниту за надарените ученици, ниту за моралното
воспитание13. Моралните содржини, најчесто, се обработуваат
на класните часови, а во голема мера тие се инкорпорирани во
содржините предвидени за обработка во текот на учебната
година. И кога би се изработиле посебни програми за
моралното воспитание неминовно се наметнуваат прашањата
за тоа каде тие би се вклучиле во постојните наставни
програми, дали на наставникот му е потребно посебно
професионално усовршување за поучување за моралното
образование, дали во наставните програми би имало посебни
часови за реализирање на содржини од моралното образование
и сл. Од друга страна, и надарените имаат единствени
емоционални потребни и когнитивни развојни потенцијали на
кои може да им се излезе во пресрет само со посебни
образовни програми. Останува отворено прашањето за
решавање на овој комплексен проблем.

Заклучок

Училиштето и наставникот имаат задача да го


моделираат моралното однесување на учениците. Моралното
воспитание е исклучително важен сегмент од воспитно-
образовниот процес и поради тоа треба посебно внимание да
се посвети на реализацијата на неговите цели. Токму во
наставата треба да доаѓа до израз воспитната функција на
моралното воспитание што овозможува изградување на
вредносен систем кај надарените ученици во периодот клучен
за изградување на моралната зрелост.

13
На Педагошкиот факултет во Битола во академската 2010/2011 г., во рамките
на студиите од втор циклус, за првпат започна со работа насоката - работа со
надарени и талентирани ученици. На овој начин, Педагошкиот факултет
активно се вклучува во афирмацијата на сложената проблематика за работа со
надарените и во поддршката на сите активности поврзани со неа

899
Ј.Д.Талевски: УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ...
____________________________________________________________________

Наставникот во наставата ја има главната улога во


придонесот за развојот на моралното воспитание кај
надарените ученици, како и кај останатите ученици воопшто.
Доколку сака да ја исполни оваа комплексна задача тој
постојано стручно треба да се оспособува за да одговори и на
потребите на надарените, како и на моралното воспитание во
целост. Активностите во кои се вклучени надарените, преку
вешто водените дискусии од страна на наставникот ќе ја
зголемат чувствителноста, особено свесноста за сопствените
чувства, но и нивното контролирање преку идентификување и
анализирање на чувствата.
Мошне значајна, за унапредување и развој на
моралните вредности, е позитивната атмосфера во училницата.
Пријателските соработнички односи, заемното разбирање и
мирно решавање на конфликтите, проследени со заемно
прифаќање и уважување на размислувањата и активностите на
другите кои се во рамките на прифатените и поставени
правила на однесување (ненавредување, непотценување,
неомаловажување, неисмејување и сл.) треба да доведат до
морално изградување на учениците. Училиштето треба да биде
погодна средина во која потребите на надарените ученици, и
на сите ученици воопшто, ќе бидат соодветно поддржани.
Несоодветна грижа и недоволното внимание кон системот на
морални вредности во училиштето, како и недоволното
заложување на наставникот, кој е реализатор на целите на
моралното воспитание, можат да доведат до конфликтни
ситуации, до неподдржување на моралната чувствителност и
на формирањето на моралните вредносни основи кај
учениците. Сето тоа може далекусежно да се одрази на
квалитетот на живот на учениците, или пак, многу пошироко
на квалитетот и просперитетот на заедницата.

Библиографија

• Атанасоска, Т., Ѓорѓева, П., Е. 2006. Општа педагогија. Битола:


Педагошки факултет
• Кеверески, Љ. 2000. Како да ги препознаеме надарените и
талентираните ученици. Скопје: НИРО „Просветен работник“
• Мухиќ, Ф., Жоглев, З. 2002. Мислење во акција. Битола:
Универзитет „Св. Климент Охридски“, Педагошки факултет

900
Ј.Д.Талевски: УЧИЛИШТАТА И НИВНАТА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ...
____________________________________________________________________

• Stephens, J. Moral Development, The Gale Group. Retrieve May 5,


2011, from: http://www.education.com/reference/article/moral-
development1/.
• Freeman, J. 2008. Morality and giftedness (141-148), in T. Balchin,
B. Hymer, & Mathews, D. (Eds.). The Routledge International
Companion to Gifted Education. London and New York: Routledge,
Retrieve May 5, 2011, from:
http://www.joanfreeman.com/pdf/free_moralityandgiftedness.pdf.
• Higgins, A., & Kohlberg, L. 1989. Lawrence Kohlberg's Approach to
Moral Education. New York: Columbia University Press.

Jove Dimitrija Talevski


Faculty of Education - Bitola

THE ROLE OF THE SCHOOLS IN DEVELOPING MORAL


EDUCATION OF THE GIFTED STUDENTS

An extremely important segment of the educational process is the moral


education and the moral development of the individuals. This kind of education
helps students gain and develop their moral values which will enable them to live a
good life, and moreover to become productive and responsible members of the
communities where they live and who will contribute to their development. The
moral values are formed in the early years of one’s life. Owing to this, the school
and the other factors, such as family, environment influence etc., are the key to
building a system of values which will enable the individual to become a morally
sane person.
This work stresses the significance of schools which are one of the most
relevant factors in the students’ motivation, development and upgrading their moral
values, especially emphasizing the role of schools in the moral education of the
gifted. In the schools through educational work the moral education of the students
are developed, and its final goal is to make them moral people with a behavior
which is a reflection of the behavior that is accepted by the society. The schools
have a very responsible role in order to put an emphasis on the moral education and
tend to achieve its tasks: to gain a system of knowledge which will refer to moral, to
create moral attitudes, to form positive features and moral qualities, as well as to
provide conditions for development of the moral education.
In the work, too, the teacher’s role to develop the moral education is
pointed out, especially when working with the gifted in the heterogeneous classes
and certain activities and techniques that can be taken by the teacher in order to
teach about moral development of the gifted and the other students are considered,
for example, discussions, small group activities, role play etc. At the same time, the
other factors like emotional atmosphere, positive interaction between teacher and
students and so on are pointed out which had to be taken into consideration by the
teacher during the development and the promotion of the moral sensitivity of
students, especially the gifted ones.
Key words: moral education, school, teacher, gifted students

901

You might also like