Professional Documents
Culture Documents
Филолошки факултет
Германски јазик и книжевност
Ментор: Изработила:
Проф. д – р Емилија Радмила Станчева
Петрова Ѓорѓиева Број на индекс: 161745
Содржина
1. Вовед
2. Фактори кои влијаат на развојот на учениците
Биолошки фактори за развојот на личноста
Социјални фактори за развој на личноста
3. Периоди во развојот на личноста
Пренатален период (0 - 280 дена)
Новороденче (0-1 година)
Рано детство (1-3 година)
Предучилишен период (3-7 години)
Основношколски период (7-15 година)
Пубертет
Адолесценција
4. Растење, созревање и развивање
5. Ментална возраст
6. Заклучок
7. Користена литература
2
1. Вовед
Учениците од раѓањето па понатаму низ својот живот имаат
трансформации на својата личност и карактер, која се состои од повеќе фази.
Секоја фаза си има свои карактеристики, како физички, така умствени и
емоционални. По кој тек ќе се одвиваат промените зависи од повеќе влијанија,
биолошки и надворешни. Со растењето се менуваат нивните физички
карактеристики – од новороденчиња, па се до млади луѓе кои се способни да се
снаоѓаат во животот. Низ целиот овој период се формира една индивидуа која од
другите се разликува според своите биолошки, социјални и психички својства.
Конкретниот човек - индивидуата - во текот на својот развој, постепено се
усовршува и се формира во личност. Во тој развој детето сè повеќе oсознава, ги
усвојува општествените искуства и ја развива својата активност. Според
сознанието, знаењата, способностите, искуствата и воопшто активноста, личноста
на малото дете се разликува многу од личноста на возрасниот човек. Личноста
значи е севкупноста на сите психички појави кај човекот, психички процеси,
состојби и особини, кои кај секој поединец се организирани на специфичен начин.
За правилен развој на учениците се задолжени нивните семејства, но исто така и
воспитно - образовните установи. Наставниците и професорите се соочуваат со
сите промени и дејствуваат на нивниот развој, насочувајќи ги во правилна насока
и на тој начин создавајќи ученици ( воспитаници ).
3
го усвојуваат прифатливиот вредносен систем и врз негова основа ќе
изградат погледи и уверување за општествениот живот и работа;
се оспособуваат критички да го преиспитуваат општеството, другите
луѓе, вредносниот систем и да имаат уверливи аргументи за своите
ставови;
да стекнат систем на критериуми со помош на кои реално ќе се
проценуваат себеси, своите способности, успеси и неуспеси.
4
2. Фактори кои влијаат на развојот на учениците
Бидејќи човекот е најсовременото живо суштество на земјава, затоа и
неговиот развој е сложен. Врз развојот и формирањето на личноста дејствуваат
повеќе фактори што можат да се групираат на следниов начин:
5
голем број на испитувања покажале дека и социјалните фактори играат важна
улога во развојот на интелегенцијата и дека при поволни услови интелегенцијата
расте и се развива до одредена граница. Истото се случува и со способностите.
Едноставните сензори и едноставните сензорно-моторни способности зависат
превенстевено од наследството, а за формирањето на сложените способности
игра улога активното вежбање и поволните услови.
Помеѓу факторите кои што ја сочинуваат средината, а особено оние кои што
влијаат на развојот на личноста, најважни се социјалните фактори. Под нивно
влијание доаѓа до развој и менување на личноста. Затоа често се нагласува дека
личноста е бисоцијална појава и дека влијанието на социјалните фактори е
биолошка основа, при што социјалните фактори се одлучни за формирањето на
личноста.
6
3. Периоди во развојот на личноста
Во развојот на човекот постојат неколку периоди. Секој развоен период има
свои карактеристики, обележан е со долна и горна возрасна граница и го опишува
нормално-просечниот психофизички развој на единката. Ако единката не ги
постигнала физичките и психичките карактеристики на одделниот период кој и
одговара според календарската возраст, велиме дека има забавен развој, а ако
побрзо ги постигнала развојните промени, велиме дека има забрзан развој, дека е
напредна.
7
Пренатален период ( 0 - 280 дена )
Новороденче ( 0 - 1 година )
8
година детето е социјално суштество, наспроти силната егоцентричност, сепак му
се потребни контакти со луѓе како извори на богатење со искуства, сознанија и
осамостојување. Од вресок, преку движење, гукање на самогласки и соединување
на слогови се развива детскиот почетен говор, речник, а паралено и мислењето,
помнењето, забележувањето, вниманието, емоционалниот развиток, првите
контури на личноста на детето. Играта претставува централна активност кај
малите деца, се јавуваат почетоци на цртање, музикално изразување и елементи
на работа. Пред крајот на овој период детето веќе станува способно за
определено самосовладување и ги стекнува првите реагирања при донесувањето
одлуки.
9
во тој период му носта на детето нова животна ситуација, емотивна и
интелектуална зрелост. На детето треба да му се докаже дека сега може без дом
на неколку часа, дека може да се вклучи во училишните задачи, да покажува
интерес за своите врсници и да соработува со нив, да може да ја замени играта со
работа, да може да решава задачи кои бараат оперативно мислење итн.
Пубертет
Настанувањето на пубертетот е
условено од многу фактори: тоа зависи
пред се од исправноста и
функционирањето на жлездите со
внатрешно лачење, на прво место од
гонадите, од правилниот развој на
хипофизичкиот систем, од конституцијата,
од некои наследни фактори, од средината,
поднебјето, културата, обичаите и
воспитувањето. Многу фактори,
специфичности на векот во којшто живееме, темпото, културниот развој,
средствата за информации, односите во друштвото, го фаворизираат
10
настанувањето на пубертетот, па не е ни чудно што почетната граница е малку
поместена од периодот на детството. Така денес единаесеттата година се зема
како излез од периодот на детството, којшто зависно од полот трае до
петнаесеттата - шеснаесеттата година.
11
Адолесценција
12
дванаесеттата година. Крајот на адолесценцијата е особено дискутабилен, но
едно е сигурно, дека во развојот на општеството, односно во развојот на
техниката, овој период трае се повеќе. Продолжувањето се должи на
продолжувањето на образовниот процес и оформување, потешкото вработување
и економската зависност на младите од родителите, како и од изборот на
партнерот и формирањето на сопствено семејство.
13
едната и другата етапа во развитокот на индивидуата се од квантитативна
природа – развивањето не е процес на постојано менување, туку процес на
механичко зголемување, односно растење. Според оваа концепција, детето е мал
човек, со растењето тоа станува потполн човек. Наследството е единствен
одлучувачки фактор за развиток на индивидуата.
14
5. Ментална возраст
Освен останатите новини кои ги донела
со севе, Бине - Симоновата скала го вовела и
новиот принцип на мерење на
интелигенцијата. Бине вовел поинаков принцип
на проценување на интелигенцијата: со помош
на развојни степени. Интелигенцијата на
поединците се одредува на тој начин што се
утврдува до која развојна скала стигнал тој
поединец во својот развој. Таквите скали, баш
како нормите при одредувањето на
релативната положба на поединецот, се
востановуваат емпириски, т.е. во текот на
постигнување на репрезентативниот примерок
на деца од сите испитани возрасти. И таквото
просечно постигнување, карактеристично за одделните календарски возрасти, се
појавува како единица мерка според Бинеовиот принцип. Тоа е, всушност, она што
го нарекуваме ментална возраст, со чија помош се искажува степенот на развој на
детската интелигенција.
15
6. Заклучок
Врз основа на повеќе психолошки и педагошки истражувања утврдено е дека
развојот на личноста поминува низ поголем број развојни фази – возрасти. За
педагогијата е значајно дека за секоја возраст се утврдени психички и физички
( телесни, физиолошки ) карактеристики, врз основа на проучувањата, се
претвораат во развојни норми ( стандарди ) за секоја возраст. Утврдувањето на
индивидуалните развојни карактеристики може да се однесува на личноста во
целина или, пак, на поеднинечни компоненти од нејзиниот психички и физички
развој. Воспитаникот, минувајќи ги сите развојни фази, постојано ја менува
позицијата кон воспитните влијанија. Така, колку што е помлад, со помалку
искуство, толку повеќе и недоволно критички ги прима воспитните влијанија, а
колку што е повозрасен, со поголемо искуство, покажува и значителни поголема
критичност и многу поголема избирливост, различна сензитивност кон
многубројните воспитни влијанија.
16
7. Користена литература
www.wikipedia.org
www.childrenswebmag.com
www.communitycare.co.uk
www.socialpedagogy.co.uk
Педагогија за IV година гимназиско образование
17